Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

50180588_303

Дојче Веле: Истрагата за „Рекет“ ќе се прошири

Непосредно по заминувањето со пленот од еден милион евра, еден од осомничените само за неколку дена во странство потрошил околу 180.000 евра. Се стега обрачот и околу други осомничени.Можно е наскоро и други лица да бидат опфатени во истрагата што се води за случајот „Рекет“ дознава ДВ. Наводно станува збор за соработници на еден од осомничените, а чии имиња биле посочени во некои од досегашните сведочења за случајот. Засега нема одговор дали ова е можеби поврзано со исказот што пред една недела го дала пензионерката Лилјана Тодоровска, чија авторска идеја за изградба на Европски комплекс за возрасни лица била пласирана преку невладината организација „Меѓународен сојуз" на Бојан Јовановски. Врз основа на договор со организацијата, на Тодоровска на банкарска сметка ѝ биле префрлени 720.000 евра, кои по подигањето веднаш ѝ биле одземени од лица соработници на Јовановски. Откако случајот „Рекет“ ја извади на виделина и оваа епизода, Тодоровска за медиумите изјавуваше дека е ограбена.Повеќе:(Аудио) Комплетните снимки од разговорите меѓу Камчев и ЈовановскиБрзо потрошени 180.000 евраИ од исказите на сведоците зависи во колкав обем ќе се шири истрагата за случајот. Обвинителката Вилма Рускоска (по вчерашниот состанок во Советот за јавни обвинители кој расправаше, но за в четвроток ја одложи одлуката дали ќе утврди причина за разрешување на Јанева од функцијата), рече дека сѐ уште се работи на финансиската истрага и дека за дел од парите знаат каде се, а за дел работат на тоа.Како што дознаваме,вештачењето на компјутерите и на телефоните одземени од осомничените сѐ уште не е завршено, а се очекува од нив и од други докази обезбедени во рамките на истрагата точно да се утврди каде завршиле парите што во два наврата биле изнудени од оштетениот.Според досегашните сознанија, првата сума од 500.000 евра била исплатена во два наврата, за разлика од втората од еден милион евра која осомничените ја земале веднаш спакувана во луксузна торба, како што беше прикажано и на снимка објавена од онлајн изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“.До овој момент имало докази дека еден од осомничените два-три дена по земањето на милионот од домот на оштетениот, заминал во странство каде што за неколку дена време на луксузирање потрошил околу 180.000 евра.Советот на Јавни обвинители за в четвроток ја одложи одлуката дали ќе утврди причина за разрешување на Јанева од функцијатаЕдни говорат, други молчатВо Обвинителството за гонење организиран криминал за овој случај досега исказ дале неколку бизнисмени, чии имиња не се откриваат. Покрај оштетениот Камчев, кој завчера дополнително сведочеше за случајот, вчера дополнителен исказ дал и Жарко Луковски, поранешен главен извршен директор во „Т-мобиле“. Наводно, тој сам побарал да го дополни исказот кој претходно го дал во случајот „Рекет“. Неговото име  се споменува од страна на Јовановски во еден од разговорите со Камчев што ги објави „Ла Верита“, како човек кој „завршил работа".Според Рускоска, Камчев во исказот не спомнал имиња на политичари, освен премиерот Заев, како човек на кој најпрво му го пријавил случајот.Повеќе: Кој го намести Јордан КамчевИмињата на други бизнисмени кои сведочеле за случајот засега не се знаат, но се претпоставува дека како сведоци биле повикани лица осомничени во предметите на СЈО - „Империја" и „Поштенска банка", двата случаја кои се поврзуваат со мотивацијата за „Рекет". Дел од нив, наводно негирале дека им биле барани пари.Обвинителката Лиле Стефанова, која го води предметот „Империја“, уште пред да даде исказ во Обвинителството, во соопштение објасни дека Јанева наложила најдоцна до 16-ти мај 2019 година да ѝ бидат доставени писмени извештаи за штетата во тие два предмета која осомничените траба да ѝ ја платат на државата, по што предметите „да бидат тука затворени“ и осомничените „да не одат во затвор“. Записници и натаму течатПо минатонеделното протекување на записник од исказот на оштетениот Камчев во еден портал, синоќа на истиот повторно се објавени наводни искази на сведоци со назнака за датуми на нивно сведочење и страници во записникот, поставени во прашална форма - „дали е точно дека на третата страница од дополнувањето на исказот на кривичната пријава, даден на 20.05.2019, пишува...?"До денес Обвинителството не утврди како и од каде протекле записници во фаза на истрагата.DW.COM

Македонија | пред 6 години

17351299_10206717520696921_1160079425_n

Погледнете го местото каде живеела Пресвета Богородица по смртта на Исус

Малечка камена куќичка опкружена со дрвореди во подножјето на Булбул планина близу Ефес, Турција е местото каде секогаш има врвулица посетители. Тоа е куќата на Пресвета Богородица, каде се верува дека живеела после смртта на Исус. Иако секогаш има многу луѓе, на ова место секогаш е тивко, а статуата на Богородица со раширени раце ги пречекува сите.Куќата на Пресвета Богородица во Ефес, ТурцијаСтатуата на БогородицаСпоред Библијата, Исус додека беше распнат на крстот го замолил Свети Јован да се грижи за неговата мајка Марија. Во тој момент, Исус рекол дека Свети Јован е нејзин син, а таа негова мајка.Јован ја повел Богородица со себе во Ефес, веројатно некаде помеѓу 37 и 48 година, каде продолжил да го шири христијанството. Според верувањата, последните години од животот ги помина во скромна камена куќарка во Ефес, денешна Анадолија, Турција.Пронајдената куќа е на планината Булбул, 9 км одалечена од Ефес. Археолозите открија дека откриените експонати и самата куќа датираат од периодот помеѓу 6 и 7 век од нашата ера, додека темелите на куќата се од првиот век на нашата ера. Куќата е цела изградена од камен, Оргиналната двокатна градба се состоела од предворје, спална и соба за молитва, како и соба со камин.  За туристите е отворен централен дел како и собата десно од олтарот. Внатрешноста на куќата е во форма на буквата Т, а тука е и олтарот со ликот на Богородица.Кај христијаните оваа куќа добила на значење кога германската монахиња Катерина Емерих (1774-1820) која никогаш не патувала надвор од непосредната околина имала визија на патувањето на Свети Јован и Марија од Ерусалим во Ефес, при што ја опишала куќата во која живеела Марија, до најситни детали. Записот од таа визија е зачуван од писателот Брентан.Монахињата рекла дека Марија живеела во таа куќа се до својата 64-та година, кога умрела и дека е погребана во близина. После некое време ковчегот бил отворен, но тело и покров немало. Од тогаш куќата е претворена во капела. Но, за местото каде се наоѓа гробот на Богородица денеска сеуште се води спор помеѓу христијанските цркви. Едни тврдат дека е во Ефес, а според други, гробот на Марија денеска се наоѓа во Ерусалим.Кон крајот на 19 век, двајца свештеници од лазаријанскиот ред, Јанг и Полен, изненадени со прецизноста на деталите кои ги навела калуѓерката Катрине Емерих, во близината на денешниот археолошки локалитет Ефес почнале со археолошки ископувања. Како резултат на ископувањето било пронаоѓањето на остатоци од куќа, која изгледала доста старо (темелите се датирани во 1 век). Таа се поклопува со визијата на калуѓерката дека куќата на Марија која била од камен, била изградена од самиот Јован, имала правоаголна основа со заден кружен ѕид, како и апсида и огниште. Откритието на оваа примитивна куќа само го потврдиле фактот дека Марија престојувала во Ефес.После 1892 година ова место е признато од католичката црква. Куќата на Богородица во Ефес ја посетуваат во голем број и православни христијани, а не е мал бројот и на муслимани кои го посетуваат ова место.Покрај останатото, фактот дека Марија живеела во Ефес бил потврден и со некои други елементи. Во ѕидините на самиот Ефес постои една Базилика која е посветена на Марија, која била изградена во периодот кога законот кој одговарал на црквените прописи дозволувал една црква да се посвети на некој светец само ако тој истиот живеел и умрел на тоа место. Потоа тука се и околностите дека Вториот вселенски собор, која ја одредил догмата за божественото бестелесно зачнување на Марија, се случил во Ефес. Како кулминација на сето ова, во блискиот град Селџук археолозите во средината на 20 век го пронашле гробот на апостол Јован, во внатрешноста на една огромна базилика подгната за време на владеењето на византискиот император Јустинијан I.Во близина на местото може да земете свеќи, како што пишува најмногу до две, за да има доволно за сите верници кои го посетуваат ова место.На ова место се наоѓаат и четири извори. Спред верувањата, првата е за здравје, втората за љубов, третата за работа, а четвртата за неверници. Малку потаму се наоѓа и ѕидот со пораки. Верниците од цел свет оставаат пораки, најчесто на шамивчиња.Ѕидот со поракитеЦелиот крај го чува војска и полиција. На патот кон куќата на Богордица се наоѓа голема статуа на Богородица, која е донација од побожен Американец.Извор: setaliste.com.mk

Магазин | пред 6 години

Skolo

Штрајк на просветните работници на стартот на учебната година

Првиот училишен ден годинава почнува со предупредувачки штрајк на просветните работници.Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, под притисок на своето членство донесе одлука на 2 септември (првиот учебен ден) да стапи во предупредувачки штрајк. Одлуката доаѓа по долги преговори со Министерството за образование и наука и Владата, а синдикатот не го прифаќа зголемувањето на платите од 5 проценти и бара покачување од 25 отсто.И покрај обидите од страна на Министерот за образование и наука Арбер Адеми да го убеди членството на СОНК дека во иднина ќе има зголемување на платите, СОНК одлучи да стапи во предупредувачки штрајк. Тие бараат што е можно поскоро да се се подобри лошиот социо – еконмскиот статус на просветните работници во кој тие се наоѓаат.

Македонија | пред 6 години

69676329_1306167339558722_6261903077360533504_o.jpg1_

(ФОТО) Мицкоски ороводец со знамето од Вергина

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа во селото Радовишка Ораовица го зиагра орото притоа веејќи го знамето со сонцето од Вергина кое според „Преспанскиот договор“ не смее да се истакнува јавно на територијата на нашата држава, а минатите денови тоа тече процес на отстранување на сонцето од шахтите низ земјава.Мицкоски фотографиите сам ги објави на Фејсбук и напиша:„Бев во Радовиш и Радовишка Ораовица, во преубавиот манастир Свети Горѓи. Сликата за тоа како живее Македонецот е тажна и жална, целосно спортивна од говорите на премиерот и неговата свита. Народот е огорчен од кастата на власт, за кои најважни се парите, криминалот и нивниот личен бенефит. Секој ден, секој час, Македонецот губи нешто. Ја губи слободата, стабилноста, интегритетот, идентитетот со кој тргуваат, ја губи европската иднина, зошто такви луѓе ни ја водат земјата. Наместо борба против криминалот имаме власт која води борба да го заштити криминалот, наместо борба за правда имаме промоција на неправда. Народот веќе не им верува, а не им верува зошто удрија по се што е свето и важно за нашите граѓани. На народот му одземаа три години, време на стагнација, време на најцрниот криминал некогаш сторен досега. Станавме држава каде премиерот е главата, а министрите главни пипци на криминалниот откопод кој хара по Македонија. Затоа наша обврска е да го вратиме сето она што е разрушено и украдено, да се бориме за секоја педа Македонска земја која ја опустошија и искрадоа. Да обезбедиме иднина и обнова на Македонија и сигурност на секој еден граѓанин. И Заев и неговата каста знаат дека само месеци се во прашање кога народот ќе ги порази а Македонија ќе победи!“ 

Македонија | пред 6 години

marihuana

Двајца браќа под истрага за недозволена трговија со наркотични дроги

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, осомничени дека сториле по едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 26 август, во домот во кој живееле заедно, кај првиот осомничен на возраст од 42 години, биле пронајдени 62 полиетиленски пакувања наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 89,02 грама. Кај вториот осомничен, на возраст од 51 година, биле пронајдени 12 пакувања марихуана со вкупна нето маса од 18,47 грама и една дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходната постапка достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен, додека за вториот осомничен поради здравствени причини предложи да биде определена мерка куќен притвор.

Македонија | пред 6 години

56300128_2356025714616835_1259236483647143936_n

Поради силни болки во ногата Марко приморан да го прекина маратонот, но сепак тој е херојот за охриѓани

Болките во ногата посилни од желбата и упорноста на малиот охридски херој. Марко Пејчиновски по изминати 4 часа и 49 минути во водите на Охридското Езеро и минати 11 километри и 840 метри беше приморан да го прекине соло маратонот во должина од 64 километри кој го посвети на лицата со ретки болести.Желбата на Марко беше да плива од Охрид до Свети Наум, потоа до Струга па назад во Охрид.Инаку Марко во секој случај е победник и миленик не само на Охриѓани, туку и многу пошироко. Тој со некроза на ногата, минатата година го преплива Охридското Езеро на патеката Свети Наум-Охрид во должина од 25 километри. Тогаш, јавноста, охриѓани, како и медиумите го прогласија за херој од дете. Пејчиновски препорака за привање добил од лекарите пред три години, кои му кажале дека тоа е најдобра терапија за неговата болест. Некрозата е болест која го попречува нормалниот крвоток на ногата, поради што се јавуваат проблеми со моториката.Марко ги послушал лекарите, по што тренирал секојдневно.  Тој по големиот успех мината година кажа дека никој не го тера да плива, а почнал со овој спорт бидејќи сака да биде здрав кога ќе порасне.„Јас во текот на пливањето главно ги користам рацете. Нозете ги користам  во интервали од околу петанесет минути за да ги раздвижам, да не добијам грч на мускулите. Имам по околу 60 завеслаи со рака во минута”, вели Марко.

Македонија | пред 6 години

56300128_2356025714616835_1259236483647143936_n

Езерото со бранови, Марко и натаму плива - досега помина над 6 километри

Охриѓанецот Марко Пејчиновски кој на 13 години го препливува Охридското Езеро, по два часа исплива 6 километри и 600 метри. Тој и натаму продолжува да плива, а езерото е немирно со бранови.„Изминаа 2 часа и 6 мин од почетокот на маратонот! До сега испливани 6km и 600m. Езерото е немирно. Дува југоисточен ветар од 10km/h. Во моментов се наоѓаме над Метропол!“, пишува на неговата страна на социјалните мрежи.

Македонија | пред 6 години

56262401_2356022894617117_8973953343126765568_n

Кој е охриѓанецот Марко Пејчиновски, што вели за себе?: На 13-години со некроза плива 64 километри

Со некроза на ногата, 12-годишниот Марко Пејчиновски минатата година го преплива Охридското Езеро на патеката Свети Наум-Охрид во должина од 25 километри. Тогаш, јавноста, охриѓани, како и медиумите го прогласија за херој од дете. Пејчиновски препорака за привање добил од лекарите пред три години, кои му кажале дека тоа е најдобра терапија за неговата болест. Некрозата е болест која го попречува нормалниот крвоток на ногата, поради што се јавуваат проблеми со моториката.Марко ги послушал лекарите, по што тренирал секојдневно. Тој за СДК.мк минатата година изјави дека никој не го тера да плива, а почнал со овој спорт бидејќи сака да биде здрав кога ќе порасне.„Јас во текот на пливањето главно ги користам рацете. Нозете ги користам  во интервали од околу петанесет минути за да ги раздвижам, да не добијам грч на мускулите. Имам по околу 60 завеслаи со рака во минута”, вели Марко.Тринаесетгодишниот Марко Пејчиновски вечерва од градското пристаниште во Охрид, го започна 64 километри долгиот маратон. Марко ќе плива од Охрид до Свети Наум, потоа до Струга па назад во Охрид. Марко овој подвиг го посвети на децата со ретки болести.Марко Пејчиновски веке неколку часа ја плива одредената рута на маратонот кој вети дека ќе се обиде да го заврши во има на децата со ретки болести.На неговата фејсбук страница е објавено видео со наслов: На 3,5км од почетокот на маратонот. Дестинацијата е вкупно 64км Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид! Среќно и со лесно.

Македонија | пред 6 години

pozar-3

Огромен пожар на грчкиот остров Крф, силен ветер и натаму го шири

Огромен пожар избувна попладнево на грчкиот остров Крф поради што две села, во јужниот дел на островот, се евакуирани. Евакуирани се селата Неохори и Палеохори.На пожарникарите во гаснењето на огнот им помагаат и противпожарни летала, група планинари и волонтери. Силен локален ветер дополнително им ја отежнува работата на пожарникарите.Причините за пожарот сè уште не се познати.

Свет | пред 6 години

skolo

Поради штрајк, неизвесен почетокот на учебната година

Неизвесен е почетокот на новата учебна година откако Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) најави предупредувачки протест со барање за зголемување на платите.  СОНК најави штрајк на 2 септември кој ќе трае сè додека Владата не го прифати барањето за зголемување на платите. Денеска претставници на синдикалците имаа средба за да се организира штрајк. Министерот за образование штрајкот го смета како непотребен.„Штрајк се организира тогаш кога нема решение. Ние нудиме решенија, 5% во 2018 година, 5% во 2019 година и ќе има уште едно зголемување на платите во образованието. Но, колку долго ќе трае и кога, не можам да кажам сега затоа што не ги разгледавме сите параметри, сè уште немаме јасна слика. Од обврските што ги преземавме како држава, за следната година кога податоците ќе бидат појасни, тогаш ќе излеземе пред јавноста и ќе кажеме колку ќе биде зголемувањето на платите“-изјави  Арбр Адеми, министер за образование и наука.Разговорите меѓу синдикатот и министерството немаат конкретни резултати. 

Македонија | пред 6 години

Sudenje-Divo-Naselje

Харадинај ќе бара „кумановската група“ осудена за Диво Насеље да ја вратат во Косово

Поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека ако победи на изборите нема да се откаже од таксите сè додека Србија не го признае Косово.Харадинај за КТВ рекол дека нема смисла да ѝ го даде косовскиот пазар на Србија и дека до признавање на независноста нема да се откаже од таксите од 100 отсто за стоката од Србија.Тој оценил дека идејата на Демократскиот сојуз на Косово и Самоопределување за реципроцитет со Србија е почеток на укинување на таксите.„Поминавме низ тешкотии, но не го менуваме правецот за Косово. Косово мора да ја заклучи својата државност, даноци до независност. Нема смисла да го дадеме пазарот на Србија. Ако го отвориме пазарот, односот е 99 спрема 1. Зад идејата за реципроцитет се крие укинување на таксите. Ако воспоставиме реципроцитет, Србија може да го освои нашиот пазар“, рекол тој.Харадинај ќе побара од С. Македонија да им дозволи на припадниците на т.н. „кумановска група“ преостаниот дел од казната да го отслужат во косовските затвори. Харадинај рече дека Косово не треба и не смее да биде рамнодушно за судбината на своите граѓани и на нивните семејства. Tој гарантира дека нема да го изигра евентуалниот договор со македонските власти .

Свет | пред 6 години

50442145_275959669736159_3959850110497587200_n

Само 57 пратеници сметаат дека треба да се донесе законот кој е одлучувачки за постоењето на СЈО

Пратениците на СДСМ без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ ја изгласаа потребата за донесување на Законот за јавно обвинителство по скратена псотапка. По скоро цел ден заседавање, заврши првата парламентарна процедура, преку која треба да се реши дали СЈО и натаму ќе постои како ново обвинителство.Само 57 пратеници застанаа зад потребата од новиот закон, со кој се регулира статусот на ова обвинителство.Министерката за правда, Рената Десковска образолужувајќи го предлог-текстот на законот рече дека со него се решаваат предизвиците и се доаѓа до ефикасна правда.

Македонија | пред 6 години

Katica

Осум часа не беа доволни за разрешување на Катица Јанева - Штерјев и колегите ќе одморат па продолжат

По осум часа зад затворени врати, претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев соопшти дека нема одлука дали ќе се поведе постапка за разрешување на шефицата на СЈО, Катица Јанева. Седницата продолжува во четврток.Според Штерјев предметот е обемен, има премногу списи доставени во Вилма Русковска, а меѓу нив, докази и транскрипти од аудио и видео материјал кој ќе го разгледува советот.„Досега ги разгледувавме списите и решивме да застанеме, за денеска е доволно“; рече првиот човек на Советот на јавни обвинители.„Ние до овој момент дојдовме до состојба во која ги разгледавме и проучивме сите списи и оценивме дека за денеска е доволно“, рече Штерјев.

Македонија | пред 6 години

jovo-vangelovski

(ВИДЕО) Кој е Јово Вангеловски: Кумски врски со Трајко Вељаноски, судија со најголем имот, дел од „бомбите“ на Заев

Јово Вангеловски два мандати по ред е претседател на Врховниот суд. Првпат беше избран во 2008 година, само неколку месеци откако дојде на функцијата врховен судија. Втор пат во 2017 година. Претходно работеше како како адвокат, без ниту еден ден судски стаж.При изборот за претседател на Врховниот суд тогаш, во контекст на неговото понатамошно одлучување, акцент беше ставен врз неговите кумски врски со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.„Ако боде очи кумството, јас ќе ја исправам таа слика“, рече тој.Вангеловски во 2015 година беше споменуван и во бомбите на кои можеше да се слушне негов разговор од 2011 година со министерот за транспорт Миле Јанакиески, за случајот „Глобал“.Вангеловски важи за еден од судиите со најголем имот. Денеска беше оневозможенапроверката на анкетните листови за имотната состојба на функционерите на страницата на Антикорупциската комисија, но според имотниот лист од 2014 година, Вангеловски со сопругата поседувал 4 станови, 4 возила, деловен простор и градежно земјиште, дивиденда и хартии од вредност.

Македонија | пред 6 години

vangelovski

Јово Ванлегов остана неразрешен, компромитираниот судија од бомбите недопрлив за советот

Членовите на судскиот совет на денешната 316 седница на дневен ред ја имаа за разгледување на одговорност во работењето на председателот на Врховниот суд судијата Јово Вангелов.Во соопштението на судскиот совет не се наведува името на председателот ни судот но се наведува дека судскиот совет расправаше по извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и одлучи: – по две барања е донесена одлука со која е запрена постапката.Вангеловски јавноста го слушна во бомбите како договара судски предмет со ексминистерот Миле Јанакиески, потоа во разговор на функционер од тогашната власт со соговорник каде изнесуваат компромитирачки моменти за него. Во посебен извештај го посочи и специјалната обвинителка Катица Јанева како судија, претседател на највисокиот суд, кој спроведува партиски влијанија и директиви, но до денеска, тој не си поднесе оставка.Пред 15 месеци Судскиот совет отвори постапка за разрешувањето на Вангеловски и на двајцата негови колеги.

Македонија | пред 6 години

IMG_20190821_093436

(ВИДЕО) Марко започна да го плива маратонот

Тринаесетгодишниот Марко Пејчиновски пред малку од градското пристаниште во Охрид, го започна 64 километри долгиот маратон. Марко ќе плива од Охрид до Свети Наум, потоа до Струга па назад во Охрид. Марко овој подвиг го посвети на децата со ретки болести.https://www.facebook.com/MarkoPejchinovskiOfficial/videos/739286759858511/

Македонија | пред 6 години

69318079_961424987385314_5325844444442787840_n

Невремето во Мадрид носеше автомобили

Патиштата во Мадрид и метро сообраќајот се блокирани поради масовните поплави што ги претворија улиците во реки. Невремето предизвика доцнење на летовите и ги поплави тунелите и паркинзите.Корисниците на социјалните мрежи споделија видео снимки од денот, на кои се гледаат автомобили и контејнери како пловат по улиците. Некои делови од градот беа погодени од град со големина на пинг понг топчиња.Во невремето нема повредени а интервенциите се релативно мали за невреме од овие размери: отстранување гранки од улиците, поплави во гаражите, рече портпарол на шпанската служба за итни случаи.Mario Picazo@picazomarioLa tormenta se ve en el eco del radar que mostrado antes de este tweet ... la fuerte tromba caída en el sureste de #Madrid nos deja las primeras imágenes captadas en las calles de #Arganda @PadelKass donde el cielo se ha desplomado en pocos minutos ... wow! #lluvia #TormentaEmbedded video4577:41 PM - Aug 26, 2019Twitter Ads info and privacy465 people are talking about thisШпанската метеоролошка агенција (АЕМЕТ) изјави дека регистрирала повеќе од 9000 молњи за шест часа.

Свет | пред 6 години

ne-dopren

Шумата изгоре, а Манастирот остана недопрен

Во последнов време сведоци сме на стравични пожари ширум светов кои изгореа илјадници дрвја.Но, во соседна Грција во местото Евија се случи чудо.Ова е сцена од дел од изгорената шума во Евија.  Дрвјата околу храмот изгореле но храмот останал недопрен.„Голем е Бог. Ете ни уште едно чудо“, велат жителите.

Свет | пред 6 години

telefon

(ВИДЕО) Украден е мобилен телефон Samsung Galaxy S8, на социјалните мрежи се шири фотографијата од крадецот

На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа како дечко од фризерски салон пред две девојки кради мобилен телефон. На снимката од сигурносните камери се гледа како дечкото кој е со црна маица и капче носи некои документи според кои очигледно бара помош,. При тоа многу вешто ги остава документите на пултоп над телефонот, по што при подигнивањето на листовите го зема и тефонот. Под видеото пишува:„Украден е мобилен телефон Samsung Galaxy S8. За било каква информација, Ве молам котактирајте ме на ФБ или на 072 675 325 . Ви благодарам однапред...“https://www.facebook.com/veljanovski.aleksandar/videos/pcb.1666969413434482/2526441770734774/?type=3&theater&ifg=1   

Македонија | пред 6 години

nefi-tepacka

Нефи се извлече, нема да биде гонет за нападот врз професорот Илјаз Илјази

Советникот Нефи Усеини нема да биде гонет од обвинителството за нападот врз професорот Илјаз Илјази што се случи пред еден месец, објави А1 ОН. Од Министерството за внатрешни работи велат дека по консултација со Јавен обвинител поднеле прекршочна пријава, што значи дека нема да се бара кривична одговорност од Усеини. Оттаму не објаснуваат за кое дело се товари Усеини, а неофицијално, пријавата против него е за нарушување јавен ред и мир, овјави а1 он.Текстот во целост на: а1 он

Македонија | пред 6 години

basa

Баша: Преодна влада со локални и парламенетарни избори за излез од кризата

Нема друг начин да се реши повеќемесечната криза во земјата, освен заминување на Еди Рама, формирање преодна влада и спроведување локални и парламентарни избори во ист ден.Ова е ставот на обединетата албанска опозиција, што денеска го изнесе Љуљзим Баша, лидер на Демократската партија (ПД), по средбата со потпретседателката на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ за Европа,Катја Леикерт.-Решавањето на оваа криза минува низ слободни и фер избори, што значи преодна влада без Еди Рама и предвремени парламентарни избори, на денот на локалните уставни избори, рече Баша по средбата што беше одржана во седиштето на партијата во Тирана. На прашањето дали Германија ќе ја преземе улогата на преговарач во решавањето на кризата, Баша не даде конкретен одговор, но истакна дека ПД е во секојдневна комуникација со меѓународниот фактор.-Демократската партија и опозицијата се во постојана комуникација со меѓународниот фактор, дел од оваа комуникација беше и денешната средба со Катја Леикерт. Комуникација која продолжува интензивно скоро секој ден и ќе продолжи и во наредните денови е во служба на интересите на албанските граѓани. Ние сме подготвени заедно со граѓаните и чесните социјалисти, да покажеме капацитет и решеност за да ставиме крај на проблемите што ја блокираа европската перспектива на Албанија, рече Баша.Баша претходно имаше средба и со германскиот амбасадор во Тирана,Јохан Сатлер.

Свет | пред 6 години

Kosta

Костадинов: Да не се опструира новиот закон за Јавно обвинителство

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се труди да наметне перцепција во јавноста дека скандалот “рекет” е сличен со 11 годишниот пустош на режимот на Груевски и Мицкоски.Не е’ и никогаш не може да стане!Ние не сме и никогаш нема да бидеме исти!Сега секој кој се огрешил пред законите одговара и ќе одговара. Никој не бега од правдата!Разликата е огромна! Правосудните органи ја вршат работата во рамки на своите надлежности ослободени од каков било притисок од извршната власт, што не беше случај со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, истакна  Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.Тешко лицемерие е Милошоски да обвинува кој било друг за криминал кога 11 години беше најблизок соработник на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и нивен вистински партиски шеф.За потсетување, токму Милошоски е дел од предметот Моќник каде постојат основани сомненија за сторена злоупотреба на службената положба и овластување.Додека бегалецот од правдата во Будимпешта си ужива во нелегално стекнатото богатство, оние кои од него се злоупотребени лежат во затвор.Наместо да бараат оставки и да се занимаваат со опструкции, Мицкоски и Милошоски нека соопштат јавно кои им се вистинските намери и до кога планираат да ја мачат Северна Македонија и нејзинитe граѓани?До кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загрозува евроатланските интеграции за да ги спасува инкриминираните сегашни и поранешни сопартијци?Ја користам оваа прилика уште еднаш јавно да ги повикам опозициските пратеници да не го опструираат новиот закон за Јавно обвинителство.Граѓаните и сигурната иднина на Северна Македонија не можат и понатаму да бидат заложници на неодговорни политичари на кои личните интереси им се поважни од државните.Реформите кои се во интерес на граѓаните, правдата и државата, продолжуваат,  истакна  Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Македонија | пред 6 години

Arsovski-27-08-2019-mediumi

Арсовски: Да ја убедуваш јавноста дека нема инволвирани политичари и дека Боки 13 ја немал поддршката од власта е потценување на интелигенцијата на граѓаните

Со секој изминат ден довербата во истрагата за случајот „Рекет“ и довербата во Вилма Русковска се се помали. Истрагата е целосно компромитирана.После денешната изјава на Вилма Русковска јасно е дека таа нема намера да ги изведе пред лицето на правдата главните актери во случајот „Рекет“, сите ги знаат кои се. После денешната изјава е јасно дека Вилма Русковска застана во одбрана и на Зоран Заев, и на Кики, и Фрики, и на Шеки и на сите функционери на СДСМ инволвирани во политичко – медиумско - обвинителскиот рекет, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Да ја убедуваш јавноста дека нема инволвирани политичари и дека Боки 13 ја немал поддршката од власта при рекетирањето е дрскост и потценување на интелигенцијата на граѓаните.Да ја убедуваш јавноста дека сите фотографии, средби, меморандуми, сите состаноци и вечери на Боки 13 со функционерите на власта не постоеле или биле чиста случајност е срамно и недостојно за некој што треба да биде репрезент на правдата и да ја репрезентира правдата во Република Македонија.Срамно и просто неверојатно за никого.Едно е јасно.Обрачот се стега околу главата на криминалниот октопод и кога тогаш ќе мора да падне.Јавноста веќе нема верба во ова обвинителство на Русковска и Јовевски. Диктатот на Заев под кој работат намерно ја развлекува истрагата за да се спасат сите инволвирани политичари вклучително и он.Почитувани,Џабе им е, готови се, паѓаат.Поткопаната доверба во Заев – Русковска - Јовевски обвинителството на граѓаните и сомнежот кој го имаат граѓаните се тотално и целосно опарвдано.Развлекувањето на истрагата повеќе од 4 месеци значи само едно, а тоа е забошотување на целиот случај во корист на СДСМ и рекетарите.Почитувани граѓани,Одговорност мора да има и одговорност ќе има, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Stojanoski-27-08-2019-mediumi

ВМРО ДПМНЕ: Што всушност се крие зад параванот на последната тендерска постапка на министерството за здравство?

Додека во континуитет во јавноста се пласира тезата дека во сите сегменти на здравствениот сектор „транспарентно" се работи и се бележат т.н. замислени „грандиозни" успеси, реалната слика, за жал, се чини дека е сосема поинаква. Фактите укажуваат на нешто друго. А, кога веќе зборуваме со факти, тука не постои ниту најмала шанса или можност да дозволиме да се изманипулура јавноста за едно вака круцијално важно и осетливо прашање, истакна Синиша Стојаноски, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.Имено, поставуваме прашање до министерството за здравство дали единственото нешто што реално се случува во здравствениот сектор е обид за уште еден вид на нетранспарентна и во најмала рака сомнителна и некредибилна приватизација на носечки сегменти од јавното здравство?Дали се планира и дали де факто веќе се случува приватизација налик на онаа од транзициониот период на деведесеттите, што беше карактеристична за владеењето на СДСМ?Јавноста има право да добие одговор на ова навидум едноставно, но истовремено многу важно прашање.Што всушност се крие зад параванот на последната тендерска постапка на министерството за здравство и реализацијата на приватизација на сегментот  на стерилизацијата во јавните здравствени институции?Почитувани, замислете, тоа го нарекуваат, „Интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции”.Но, за што всушност станува збор. Што реално се крие зад оваа мелозвучна горенаведена формулација?Дали станува збор за вовед во приватизација на сегментот од стерилизацијата на хируршките сали, опремата и инструментите во сите здравствени институции во Република Македонија? Повторно премногу поставени дали, а премалку добиени искрени и транспарентни одговори.Министре Филипче, јавно Ве прашуваме дали деновиве сте го доделиле процесот на стерилизација на опремата и хируршките инструменти на компанија за која постојат судски процеси во една од соседните земји?!Да Ве потсетиме, ВМРО-ДПМНЕ реагираше и ви укажуваше на истата тема и во месец јуни кога тендерот сеуште беше во тек, тогаш дури и беше посочено која компанија ќе биде фаворизирана. Истите прашања се за жал и денес актуелни, но ни тогаш, а ниту сега кога веќе ја донесовте одлуката, широката јавност не ги добива потребните одговори.Како прво, дали истата фирма за која сте одлучиле да ја добие контролата врз стерилизацијата во Република Македонија, во соседна Република Албанија ја води хемодијализата? Дали тамошните медиуми жестоко јавуваа и информираа за најблаго кажано сомнителен процес што го следат истражни постапки пред надлежните институции, а поврзани со работата на истата фирма? Дали во истите тие судски процеси е инволвиран дури и тамошниот министер? Како, второ, како и на кој начин е добиен тендерот, односно дали ќе ни објасните кои се критриумите и што поточно се оценувало кај фирмата за да истата го добие тендерот?Министре, дали свесно ја продавате стерилизацијата, односно сржта на медицината? Дали треба да ве потсетиме на принципите на асепса и антисепса? Вие тоа би требало добро да го знаете.Како и дали е возможно приватна фирма да набавува хируршки инструменти, облека за лицата кои влегуваат во операциона сала, да врши дезинсфекција на операциони сали и да води грижа за медицинскиот отпад.Прашуваме јавно со кои референци? Со кое искуство? Со кој бонитет?Се работи за клучот во успешноста на хирургијата и медицината. Дали овој клуч, од јавното здравство така лесно го давате во раце на приватна компанија? Што беше проблемот со стерилизацијата до сега? Дали имате факти кои говорат против сегашното функционирање на стерилизацијата? Повелете кажете ни ги јавно.Уште едно актуелно прашање. Ако приватник се грижи за стерилизацијата, дали приватната компанија или некој друг ќе биде одговорен, доколку се појави инфекција?! Кој тогаш ќе ја сноси тогаш одговорноста за појавата на интрахоспиталните инфекции?Одговори мора да има. Дали зад Вас веќе имавте неуспешен обид за приватизација на биохемиските лаборатории во целата држава? Одговорете.Дали на големо го најавувавте јавно приватно партнерство во детската кардиохирургија? Па видовме што се сличи во оваа област.Премногу премногу нејаснотии Ве следат.А, да не почнеме со анализата на тоа колку така наречени физибилити студии кои и нарачавте и најавивте чинеа! Колку ги чинеше сето тоа граѓаните? Имате ли финансиска анализа?И не заборавајте, на власт сте повеќе од две години, а велите цитирам: Ќе стартуваме со проектот па ќе видиме како ќе оди понатаму“. Кога понатаму?! Нема време за експерименти. Се работи за здравјето на граѓаните.Дали од ден на ден, се покажува само едно нешто? Дали владата на СДСМ и министерството за здравство имаат планови само за богатење на поединци под закрила на терминологијата јавно приватно партнерство?Време е да се стави крај на ваквото однесување и ваквото владеење, истакна Синиша Стојаноски, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

bebe

Се породила сама дома и го фрлила бебето во контејнер, на мајката и се заканува затвор од 10 до 40 години

Бебе најдено во пластична кеса и фрлено во контејнер, вчера го пронашол пензионер во една белградска населба Жарково. 33- годишна жена, за која се верува дека е мајка на штотуку роденото бебе кое било фрлено во контејнер е сослушана денес, а се терети за тешко кривичо дело обид за убиство на дете за кое може да заработи казна затвор од 10 до 40 години. Одреден и е притворр од 48 часа.Според МУП, мајката се породила во стан без надзор на лекар, го ставила бебето во кеса и го фрлила во контејнер во близина на својот стан.Бебето фрлено во контејнер го пронашол пензионерот Слободан Цветковиќ додека го шетал своето куче.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања