Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

velosiped

Охриѓанец со „мерива“ згазил жена на велосипед

На 27.08.2019 во 08.50 часот било пријавено дека во Охрид на улицата „АСНОМ“ се случила сообраќајна незгода  во која учествувале  патничко моторно возило „опел мерива“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Г.(69) од Охрид, и велосипед управуван од Б.С.(23) од Охрид. Б.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општата болница Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Тешко повреден работник пренесен во болница

На 27.08.2019 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека  во комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил донесен Н.Ц.(38) од с.Петровец, скопско, кој додека извршувал работни задачи во фирма каде бил вработен, се здобил со тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен гостиварец – не почитувал судско решение за мерка - куќен притвор

На 27.08.2019 околу 17.40 часот приведен е Б.Б. (33) Гостивар, поради непочитување на судско решение од Основен Суд Гостивар, за издржување на мерка - куќен притвор, кај кого при преглед е пронајдена марихуана. Се работи на целосно расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

krazbi

Приведен гостиварец поради „тешка кражба“

На 27.08.2019 во 18.50 часот во Полициска станица Гостивар е приведен К.Ф.(35) од Гостивар, поради извршена ,„тешка кражба“, а кај него се пронајдени предмети од стореното кривично дело. По документирање на случајот,  ќе следи и соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

nikoloski

Николовски за „Рекет“: Никој не сака да инвестира во Македонија бизнисмените се плашат дека некој моќник од власта ќе им побара рекет

Би сакал на сите верници од православна вероисповед да им го честитам овој голем празник Голема Богородица. На секаде низ Македонија масовно се прославува народот одржува една силна традиција. Денес сме тука во Раштак заедно со месните жители и со сето население од целата околина и околните села да го прославиме празникот. Им посакувам на сите верници добро здравје, бериќет и како што гледате во добра атмосвера ќе се подружиме со луѓето. Луѓето постојано ни ги кажуваат проблемите со кои се соочуваат економското опустошување на државата националното обезличување, навистина се загрижени за тоа и тука сме да поразговараме да им кажеме дека промените доаѓаат брзо, oбновата на Македонија доаѓа брзо и за многу кратко време заеднички ќе ги менуваме овие работи.Прашање од новинар: Дали поради сите случки кои се одвиваа претходно, а и сега во случајот Рекет влијаат на легитимитиетот, легалитетот и  правноста врз нашата држава?            Одговор на Александар Николовски: Oва е најголемиот корупциски скандал кој Македонија го видела. Јас малце испитував, нити во Македонија нити во регионот досега не сме виделе на видео или на слика торба полна со пари. Тоа првпат се случува во историјата на Македонија и на регионот што само говори за колкави размери на корупција зборуваме. Во исто време некаде пред две недели споменав дека вкупната сума на побарани и изрекетирани средства надминува 20 милиони евра. Досега никој ова не го демантираше што значи дека е рекетиран повеќе од еден бизнисмен, рекетирани се многу бизнисмени и побарани се многу пари. Тоа е операција која не може да ја завршат еден или двајца луѓе. Тоа е операција која е добро осмислена од врвот на СДСМ координирана лично од Зоран Заев и понатака управувана од целата држава затоа е потребна и кривична но и политичка одговорност. Кривична не може да остане на овие тројца сега мора да се прошири да бидат опфатени сите, а политичка значи оставка на владата час поскоро и организација на брзи предвремени избори кои што ќе ја ослободат Македонија од корупцијата, а на судството и обвинителството ќе дадат можност да работат независно за да можат транспарентно да го откријат секој што бил инволвиран во овој скандал затоа  што овој скандал ја поткопува Македонија. Никој веќе не сака да инвестира во Македонија бизнисмените се плашат затоа што им е страв дека некој моќник од власта пак ќе ги побара и ќе им побара мито односно рекет.Прашање од новинар: Од самиот почеток како почнаа да се одвиваат работите со случајот рекет се остава впечаток како да се игнорира случајот дали тоа е поради преголемата вмешаност на политичарите и дали ќе продолжи уште игнориањето?            Одговор на Александар Николовски: Апсолутно, значи оваа афера првпат индиции се пријавени во обвинителството на почеток на мај еве сме на крај на август скоро и да нема никаква разрешница што значи дека власта се обидува да ги менаџира овие работи и веројатно да не би била пријавена во обвинителството никој нема да ја изтражува и да излезеа тие снимки кои излегоа во јавноста веројатно немаше да се преземат никакви дополнителни активности за откривање на овој случај што само говори дека власта само скаше да го заташка овој случај и дека само заради јавниот притисок прават нешто но ова што го прават е далеку од она што требаше да го биде. Рекетирани се многу бизнисмени сумата надминува 20 милиони евра за тоа не може да бидат одговорни само тројца луѓе.

Македонија | пред 6 години

zaev-nova-vlada

(ВИДЕО) Заев од опожарената локација: Ќе одговараат сите што потпалуваат и горат човечки судбини, а ние ќе го обновиме шумскиот појас

Премиерот Зоран Заев денеска ја псоети опожарената локација во близина на Велес:. Тој вели: Ќе одговараат сите што потпалуваат и горат човечки судбини, а ние ќе го обновиме шумскиот појас околу езерото Младост и ќе развиеме проекти за развој на туризмот со сета неопходна инфраструктура.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Мицкоски: Не очекувам од Рената Дескоска ништо ново - таа има изразена желба за освета и омраза кон ВМРО-ДПМНЕ

Ја користам оваа прилика на сите верници  од православна христијанска вероисповед да им го честитам  овој голем христијански празник Успение на Пресвета Богородица и да им посакам многу здравје, среќа, успех, бериќет за нив за нивните семејства. Да останеме спокојни во овој неспокој, да добиеме правда во сиот овој спектар на неправда којшто нас не опкружува и практично да успееме заеднички сите да се избориме сите овие  беспаќа кои што ги генерира оваа политичка каста која што денеска ја води Република Македонија. Секоја година последниве четири години сум овдека во Берово помеѓу верниците, помеѓу граѓаните и можам да кажам дека секоја година се полошо и полошо се живее, луѓето од година во година се охрабруваат и ги презентираат сите оние проблеми кои што практично се дел од нивното секојдневие. Како оваа година што слушнав поплаки жалби  и незадоволства можам да кажам дека немало година која што тоа сум го слушал. Имаме за жал раководство, политичка каста во оваа држава која што полна им е устата со правда, а гледаме дека насекаде имаме или рекетирање или неправда. Имаме раководство коешто кажува дека блескаме дека имаме економски подеми, но за жал гледаме дека напротив граѓаните тешко живеат и дека се соочуваат со беспарица и силен економски притисок врз нивните семејни буџети и паричници. Практично сето она кое што денеска јас го говорам е практично приказ на секојдневието,  вчера бев во Радовиш денеска сум овде во Малешевијата понатаму продолжувам во текот на денот во Крива Паланка, ќе го посетам манастирот Јоаким Осоговски, и ќе поразговарам секако со паланчани за сето она кое што е нивно секојдневие.            Новинарско прашање: Вчера сте биле во Радовиш, денеска сте во Малешевијата, заминувате во Крива Паланка, на што најмногу ви се жалат, кои се оние најголемите маки со кои што се соочуваат жителите од овој регион?            Одговор на Христијан Мицкоски: Лошиот живот, иселувањето на луѓето, имајќи во предвид дека ова се земјоделски краеви, земјоделието е во катастрофална, очајна состојба, запуштено, без нималку внимание од оваа политичка каста која што е денеска во Владата на Република Македонија. Онаa неправда која што е секојдневие во нивните животи, сведоци се и на мега скандалот Рекет но тоа е само почеток на откривањето на сето она злосторство кое што е правено врз македонскиот народ, македонската држава и граѓаните на Република Македонија еве веќе трета година по ред од страна на оваа политичка каста. ВМРО-ДПМНЕ е заедно со граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ од прво лице ги слуша проблемите на граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ ќе има единствена цел пред себе да понуди решенија за овие проблеми, но вистински честито и тоа е главниот предизвик бидејќи се плашам дека Македонија ќе нема повторно можност и шанса за да опстане доколку и следната влада на Република Македонија ги изневери очекувањата на граѓаните.            Новинарско прашање: Кое е вашето очекувано, од она што го рече министерката Дескоска доколку нема двотретинско мнозинство ќе се прави промена на Законот за јавни обвинители?            Одговор на Христијан Мицкоски: Јас сум го кажал тоа во минатото, ќе го повторам дека не очекувам од Рената Дескоска ништо ново, освен она што е дел од нејзините прес конференции  и интервјуа кои што ги дава по медиумите, а тоа изразената желба за освета и омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Иако навистина не знам и се чудам на што се должи сето тоа, бидејќи како што знам нејзиното семејство долго време соработуваше со политичките елити од минатото кои што функционираа од владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Она со таа нејзина прес конференција наместо да искористи прилика да се извини на граѓаните на Република Македонија поради оние непримерни моменти прегрнувања и непосредности со познатото лице Боки тредичи да даде неотпвиклива оставка. Гледаме дека она не само што тоа не го направи туку напротив повикува и на омраза и освета кон опозицијата не водејќи сметка да направи реформи во правосудството не водејќи сметка да направи реформи во обвинителството нејзина единствена цел е како да се најде начин да се пресмета со политичките не истомисленици. За жал како универзитетски професор и како педагог вчера испушти уште една таква можност да се  претстави во вистинско светло пред граѓаните на Република Македонија односно да го стави приоритетот на реформите наместо личната омраза и освета. 

Македонија | пред 6 години

Foto-4-2-1

Претседателот Пендаровски се сретна со граѓани, производители на мед и рудари во Македонска Каменица

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска беше во посета на Македонска Каменциа, а поводот се три значајни обележја на овој град. Денот на рударите во источниот дел на државата којшто се одбележува веќе 56 години, а и денешниот голем христијански празник, Успение на Пресвета Богородица којашто е заштитничка на рударите.Денешниот празник, како што рече претседателот Пендаровски, е повод за големи народни собири. А, овој во Македонска Каменица, како што истакна Претседателот, „ е еден од најубавите“.Истовремено, како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова, 28 август од 96-та година наваму важи и за Ден на општината Македонска Каменица.Претседателот Пендаровски истакна дека „секогаш е убаво да се биде во град како Македонска Каменица, град којшто има живописна и ибава природа“.Честитајќи им го денешниот празник, претседателот Пендаровски, во центарот на градот поразговара со граѓаните, коишто за овој ден имаа подготвено посна трпеза. Во духот на празнуваето претседателот Пендаровски имаше можност да проба и домашна ракија.Во паркот на пчеларите, производителите на мед, го информираа претседателот Пендаровски ека покрај рударството, и пчеларството станува обележје на Македонска Каменица, бидејќи во последните две – три години медот од источниот дел на Северна Македонија е многу баран, како на домашниот, така и на странски пазари.Претседателот Пендаровски исто така денеска ја искористи приликата да му честита на Антониот Самарџиски, којшто како дел од вработените во рудникот „САСА“ годинава е прогласен за најдобриот рудар. При средбата со рударите, претседателот Пендаровски, им го честиташе денешниот ден и им посака и натаму да работат безбедно и потоа безбедно да им се вратат на своите најблиски.

Македонија | пред 6 години

28082019_PVRSM-Zaev_Bucim_5

Заев: Продолжуваме заедно да работиме на унапредување и развој на рударскиот секторЗ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче денеска присуствуваше на настан на којшто се одбележуваше Денот на рударите и јубилејот 40 години постоење на рудникот Бучим и 15 години Бучим како дел од меѓународната компанија Солвеј.Премиерот Заев имаше свое обраќање кое ви го пренесуваме во целост.„Нека е честит и вековит Денот на рударите!Рудар значи храброст. Храброст која не познава граници на издржливост и поместува планини и во буквална смисла на зборот.Денеска на овој убав христијански празник Успение на Пресвета Богородица оддаваме почит на трудот и макотрпната работа на нашите работници во рударскиот сектор.Рударството е еден од темелите на нашата економија и заедно со придружните дејности што го опслужуваат овој сектор вработува околу 10.000 луѓе и учествува со 8.9% во вкупното индустриско производство.Рударството претставува една од најстарите човечки дејности и потекнува уште од праисториско време. Оваа стопанско – индустриска гранка денес има клучна улога во обезбедување на основните суровини и енергенси за производство во индустријата, градежништвото, електростопанството, сообраќајот и комуникациите.Оттаму јасно колкаво големо значење има во развојот на современите општества и економии.Денеска имаме прилика да го одбележиме овој празник во рудникот Бучим и од овде да ја испратиме пораката за важноста на овој сектор во севкупниот развој на нашата земја.Овој рудник веќе 40 години со својата работа придонесува во локалниот економски развој во југоисточниот дел на земјата и сѐ уште претставува единствениот рудник за ископ на злато и бакар. Голема благодарност до менаџментот за ваучерите што денеска компанијата ги додели на 3 општини, Радовиш, Конче и Штип. Овие ваучери претставуваат доказза општествена одговорна компанија која води грижа за развојните перспективи на овој регион.Моја чест е во името на Владата и граѓаните да се заблагодарам за сите општествено одговорни активности којшто сите овие 40 години ги имаат направено во нашата земја Република Северна Македонија, сета помош за децата, во градинките, во училиштата, во спортот, во Црвениот крст, на сето она што претставува наше секојдневие ние граѓаните го почитуваме и сме ви благодарни.Бучим цели 15 години е дел од меѓународната корпорација СОЛВЕЈ и вработува околу 700 луѓе со просечна нето плата од околу 550 евра и годишно произведува од 8 до 10.000 тони бакар и од 500 до 900 кг злато.Дозволете ми да ја искористам приликата на сите вработените и на менаџментот во рудникот Бучим да ви го честитам јубилејот и да посакам уште долги години успешна работа, лесно премостување кон Боров Дол и секако задоволство ваше и на граѓаните на целиот овој регион.Јас водам лево ориентирана Влада и затоа ќе кажам силно сме посветени на унапредување на условите за работа во рударскиот сектор.После долги години претрпени неправди од страна на рударите, излеговме во пресрет на нивните барања и ја намаливме старосната граница за пензионирање. Ако досега рударите се пензионираа со навршени 58 години, по ново се пензионираат на околу 50 години. Како резултат на оваа мерка до сега заминаа во пензија 51 рудар. Тоа секако значи отворање на нови работни места за младите рудари.Тоа е фер бидејќи станува збор за една од најризичните професии по здравјето и животот на луѓето.Јас искрено се радувам што сега рударите навремено одат во пензија и можат да уживаат со своите најблиски во мирни и спокојни пензионерски денови.Рударството останува да биде стратешка гранка којашто понатаму ќе ја развиваме.Министерството за економија работи на унапредување на законската регулатива, но и на подзаконските акти од областа на геологијата и рударството, а долгорочна цел е да ги надградиме техничките нормативи и стандардите во оваа област.Во Република Северна Македонија има преку 100 активни рудници за експлоатација на неметалични и металични минерални суровини.На самиот крај дозволете ми уште еднаш на сите рудари, менаџментот и вработените во рудниците да им го честитам Денот на рударите!Продолжуваме заедно да работиме на унапредување и развој на рударскиот сектор во Република Северна Македонија како важен сегмент во напорите да изградиме силна економија којашто ќе отвора шанси за сите! 

Македонија | пред 6 години

Levica

Левица: Итно распуштање на СЈО и на Владата!

Патот до Европска Македонија не само што нè води во ендек, туку е и поплочен со криминални скандали и суми за кои работниот народ во оваа држава може само да сонува. Рашковски и Леонардо, Јанева и Тредичи се наводно само почетокот на низата бомби кои ќе ја тресат јавноста овој период.Да не се лажеме дека Боки 13 работи сам. За случајот „Рекет“, потребен е силен грб! И тоа не е, и не ни има сила да биде ниту Катица Јанева, ниту СЈО. Јасно е дека моќни функционери од Владата во најмала рака знаеле за овој случај, ако не биле и активно вмешани во истиот, а доколку се земе предвид и докажаната сервилност на социјалдемократите и наудреноста на Европската Унија во нејзината млитава апологија на СЈО, воопшто не би било зачудувачки доколу во игра се вмешани и неколку Западни амбасади, се вели во соопштението од Левица.Да не се лажеме и дека случајот со речиси др. др. Рашковски не и бил познат на Владата. Побогу, Рашковски е дел од Владата! А опортунист кој ја злоупотребува позицијата за лично богатење не е ретка појава помеѓу редовите на СДСМ, за да се смета за исклучок. Напротив, станува збор за општо правило и дефиниција на поставата на сите досегашни владеачки гарнитури во Републиката, а СДСМ, како дел од актуелната власт, само постапува онака како што веќе и се смета дека е нормално да се постапува – краде, лаже и се заканува!За крај, да не се лажеме дека и функцијата на СЈО беше или е да го расчисти криминалот на претходната власт. Напротив, СЈО ја одигра својата улога по нарачка од Западот и изврши притисок за да се прифати Преспанскиот Договор и спротивно на народната воља изразена на пропаднатиот референдум во септември, да го промени erga omnes името на Република Македонија. Една ваква институција не смее да продолжи да постои, а ако нивната малициозност во минатото некому не му е доволна причина за нејзино распуштање, ако заканата дека СЈО се користи за уредување на власта во Републиката на начин на кој му одговара на САД и нивните пријатели не го загрижува премногу, тогаш барем случајот „Рекет“ дефинитивно укажува дека митот околу СЈО е една огромна фарса!Оваа Влада на социјалдемократите и вечниот коалиционер ДУИ мора под итно да се распушти! Нивната инволвираност во многубројните скандали и криминали се само цреша на шлагот – неисполнети предизборни ветувања, непочитување на референдумски изразената воља на народот во неколку наврати, промена на името на Републиката, поставување на кариеристи и поранешни членови на УЧК на јавни функции, комплетна сервилност кон Западот. Вакви луѓе и вакви партии не можат да ја водат државата напред во име на просперитетот на работниот народ, туку единствено можат да профитираат злоупотребувајќи ја својата моќ. Нивниот интерес е апсолутно комплементарен со нашиот и помеѓу нас нема место за компромис, се вели во соопштението од Левица.

Македонија | пред 6 години

69396456_1284682335039425_4006637736168521728_n

Честитка од претседателот на ГДУ, Петар Колев, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Денеска по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, заедно со моите колеги Борче Пачемски, претседател на ГДУ-Штип и Ненад Пецов, ја посетивме прекрасната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во легендарното Ново Село. Овој храм има посебно значење за мене.Црквата се гради 14 години во периодот од 1836 до 1850 од еден од најголемите мајстори градители, Андреа Дамјанов од познатата дебарска фамилија Рензовци. Иконостасот и стенописите се изработени на прекрасен начин од големите мајстори Никола Дамјанов, Станислав Доспевски, Станилов, Вангелов, Крсте Зограф, Димитар Папрадишки, Христо од Самоков, Захариј Зограф од Велешката и Самоковската зографски школи.Гледајќи го ова ремек дело на христијанската култура се трудам да разберам, каде остана оваа наша потреба од создавање? Во оние темни времиња сме имале толку големи мајстори, кои граделе цркви речиси на територијата на целиот православен Балкан. Се наоѓале и средства за да се гради и изграденото да се сочува за идните генерации.Денеска на денот на Светата Мајка Богородица, ве повикувам да се бориме за тие вистински вредности на старите мајстори. Тие ја изградија нашата земја, од камен, кал и дрво. Ја направија убава, ја облагородија. Да ја изградиме Македонија без стиропор, да ја изградиме вистински.Нека ни е за многу години празникот Голема Богородица, ви посакувам здравје среќа и успеси. Сила ќе ни даде Пресветата Мајка Господова, се вели во честитката од ГДУ.

Македонија | пред 6 години

Foto-1-5

Претседателот Пендаровски на Денот на рударите во посета на Македонска Kаменица и на рудникот Саса

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска беше во посета на Македонска Kаменица и на рудникот Саса. Претседателот го честиташе Денот на рударите и Денот на општина Македонска Kаменица, а на православните христијани им го честиташе празникот Успение на пресвета Богородица.Денеска, изјави, сме во една од најуспешните компании, која е специфична по многу нешта, компанијата е еден од најголемите двигатели на економскиот развој во овој регион, но во исто време ги запазува и највисоките еколошки стандарди  и води исклучително сметка и за своите вработени.„Рудникот Саса е компанија која прва во својата област ги доби сите сертификати за заштита на вработените и за заштита на човековата околина. Во ова време кога сите трчаат по профит, сите треба да го следат нивниот пример. Драго ми е што во Република Северна Македонија има компанија која работи по највисоките светски стандарди и која се грижи  за заштита на човековата средина,  за вработените и за локалната заедница. Вакви примери ни требаат што повеќе. Да им оддадеме признание и апелирам да бидат пример и за другите“, изјави претседателот Стево Пендаровски при денешната посета на Македонска Kаменица и на рудникот Саса.

Македонија | пред 6 години

28082019_PVRSM-Zaev_Uspenie-na-Presveta-Bogorodica_4

Премиерот Заев со честитка до христијанските верници за празникот Успение на Пресвета Богородица

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше на црковна литургија во манастирот Св. Леонтиј во с. Водоча по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. По тој повод премиерот Заев упати честитка до христијанските верници кои денеска празнуваат.„Исполнети со радост, по Божествена литургија во чест на Мајката Божја, ја користам приликата да им честитам на сите православни Христијани и на сите Христијани воопшто, големиот празник Успение на Пресвета Богородица.Го славиме со добрина, со радост, со љубов, затоа што отсекогаш така се славел. По тоа и го знаеме Празникот и треба секој ден да продолжиме да живееме, со добрина, со радост, со љубов. Нема проблем, нема предизвик, којшто не можеме да го совладаме ако пристапиме со добрина, со љубов, со радост.Во името на тоа, да го живееме секој ден, да си помагаме, да си подаваме рака еден на друг, секогаш пристапувајќи еден со друг со добрина, со радост и со љубов. Нека е честит големиот празник Успение на Пресвета Богородица!“, се вели во честитката од премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

Скопјанец загина во сообраќајка во Автокоманда

На 28.08.2019 во 03,48 часот било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во близина на клучка „Дијамант“ патничко моторно возило „алфа 147“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (22) од Скопје излетало од коловозот и удрило во дрво. Во незгодата сопатникот Д.П.(38) од Скопје, починал на местото на настанот. Возачот Ф.Б. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.  Извршен е увид од СВР Скопје.  

Скопје | пред 6 години

kuce

Две пријави за напад од кучиња скитници

На 27.08.2019 во 20,10 часот во Полициската станица Аеродром Н.Д.(18) од Скопје, пријавила дека на булеварот „Јане Сандански“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога. На 27.08.2019 во 19,00 часот во Полициската станица Гази Баба Т.П.(44) од Скопје пријавил дека на улицата „Методија Андонов Ченто“ бил каснат од куче скитник.

Македонија | пред 6 години

pozarna

Пожар во помошна просторија на училиште во с. Ливада

На 27.08.2019 во 16,35 часот во Полициска станица Струга, А.З.(55) од с. Ливада пријавил дека настанал пожар во помошна просторија од ОУ„Аки Дика“ во с.Ливада. Од противпожарната единица од Струга пожарот е изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Струга. Констатирано е дека биле опожарени дрва за огрев, столарија и други предмети. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Жена прегазена и оставена на улица во Скопје

На 27.08.2019 во 19,30 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата „Франк Харкорт Манинг“ и улицата „Козјак“ во Скопје патничко моторно возило управувано од непознато лице удрило во пешакот П.Ј.(80) од Скопје и го напуштило местото на настанот. П.Ј. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

velosiped

Во сообраќајна незгода на „Егејска“ во Охрид, повреден велосипедист

На 27.08.2019 во 14,15 часот било пријавено дека во Охрид на улицата „Егејска“ се случила сообраќајна незгода во која учествувавле  товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(35) и велосипед управуван од М.К.(55), и двајцата од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka1-1

Почина возач откако со „Голф“ излетал од патот Македонски брод- с.Самоков

На 27.08.2019 во 18,10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод - с.Самоков, пред влезот за с.Ковче В.З.(46) од с.Растеш-Македонски Брод, управувајќи патничко моторно возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. По незгодата возачот бил пренесен во Јавната здравствена установа - Македонски Брод, а оттаму во Општата болница - Прилеп, но при транспортот починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај 22 годишен жите од Чегране пронајдена марихуана

На 28.08.2019 околу 01.50 часот, на паркинг во близина на бензинска пумпа во село Жеровјане,  полициски службеници од Полициско одделение Камењане  го привеле 22-годишниот Б.Е. од село Чегране, кај кого е пронајдена марихуана. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Македонија | пред 6 години

lisici

На Табановце приведен Кавадарчанец, еве зошто...

На 28.08.2019 во 02,35 часот во Полициската станица за граничен премин Табановце, на излез од РС Македонија, од слобода бил лишен З.Ч.(57) од Кавадарци, бидејќи при контрола во Оперативана евиденција било  констатирано дека е предмет на потрага за сторено кривично дело. З.Ч. бил предаден на полициски службеници од  СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Николовски: Вредностите на овој голем ден нека бидат водилка, да шириме добрина, радост, љубов

Како што доликува на ваков ден, заедно со грѓаните, со верниците го прославуваме еден од поголемте христијански празници, Успение на Пресвета Богородица.Од овде, од храмот Свети Димитрија во Крива Паланка на сите христијански верници им го честитам овој голем празник, Успение на Пресвета Богородица, празникот на љубовта, радоста и добрината.Овие христијански, човечки вредности нека бидат водилки во животот на секој од нас .  Да шириме добрина, радост, љубов, за меѓусебно помагање и почитување.Нека е за многу години празникот Успение на Пресвета Богородица, се вели во честитката од Љупчо Николовски од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

МВР:Граѓаните да внимаваат кому ги даваат личните податоци и да не наседнуваат на лажни наградни игри

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при БЈБ на МВР во изминатиот период евидентираше зголемен број на лажни наградни игри на интернет, каде што со користење на  социјалните мрежи, особено Facebook, се отвараат  лажни профили на правни лица (компании) од нашата земја, а со цел неовластено прибавување на лични податоци од граѓаните.Притоа, со отварањето на лажни профили именувани како некоја позната компанија од земјата, со користење на нивните логоа и брендови, се прават објави дека поради одреден повод (роденден на компанијата и сл.) се организира наградна игра, со разни подароци за среќните добитници, како на пример вредносни ваучери, мобилни телефони и сл. Наедно, во објавите се бара од граѓаните доколку сакаат да учествуваат во овие (лажни) наградни игри, да стиснат допаѓање „like“ на страната и на конкретната објава, во коментар да напишат „Учествувам“, како и да извршат нејзино споделување, со цел што повеќе да се рашири лажната наградна игра.Потоа од креаторите на овие лажни наградни игри им се испраќа порака на граѓаните дека се добитници на награда и за подигање на истата потребно е  да ги дадат своите лични податоци, да испратат слика од нивната лична карта (од двете страни), како и фотографија од имателот на личната карта.Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР апелира до граѓаните за постоењето на ризици од можни злоупотреби на личните податоци преку интернет. Имено, исклучително важно е граѓаните да бидат внимателни и одговорни околу своите лични податоци, односно да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може однапред да им се утврди идентитетот.Во оваа конкретна ситуација, апелираме граѓаните, да се осигураат за веродостојноста на наградната игра, затоа што нивните лични податоци може да бидат искористени при извршување на други видови кривични дела, и на тој начин да бидат соочени со несакани негативни последици.МВР, во рамки на свои надлежности,  презема мерки во врска со овие случаи, во соработка со полициски организации од другите држави.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Мицкоски: Нека ваквите големи празници бидат мотив да се присетиме на клучните пораки кои ги шири Христијанството

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од христијанска вероисповед да им го честитам денешниот празник Успение на Пресвета Богородица, со искрени желби за многу здравје, среќа и личен успех.Нека денешниот празник внесе спокој во Вашите домови. Нека ваквите големи празници бидат мотив да се присетиме на клучните пораки кои ги шири Христијанството, а тоа е мирот и заедништвото, праведноста и добрината. Во овие несигурни и тешки времиња за нашата земја, да бидеме истрајни во нашата заложба за градење на заедничка иднина. Да се спротивставиме на неправдите, да се избориме за подобар живот. Да бидеме истрајни против корупцијата и криминалот кои го разјадуваат секое здраво ткиво од нашето општество, и не влечат надоле. Со заедништво да одговориме на поделбите, на нападите да одговориме со смиреност, и верба.  Мракобесието надвиснато над нашата земја да го победиме со одлучност и желба за обнова. Да се помолиме  за светол пат и чиста мисла.Да живееме сакајќи ги нашите ближни. Пресвета Богородица е длабоко вкоренета во верувањата и традициите на нашиот народ, и овој празник има особена почит кај  народот и е дел од големата народна меморија. Нека е честит празникот и за многу години.Бидете живи и здрави, се вели во честитката од претседателот на ВМРО ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски. 

Македонија | пред 6 години

pozar-2

Петмина осомничени за предизвикување на пожарот во околината на Велес

Во врска со пожарот кој избувна завчера на територијата на општина Велес, Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против одговорно лице во едно правно лице и против четворица работници ангажирани за извршување работи за потребите на правното лице.По скратена постапка кривично ќе се гони и правното лице – градежната компанија која ги ангажирала осомничените. Според првичните сознанија, пожарот настанал од искри исфрлени од апарат за брусење. Од искрите се запалила околната тревна површина, а пожарот потоа неконтролирано се проширил и добил големи размери, па била опожарена и поголема шумска површина.Основното јавно обвинителство Велес иницираше постапка за кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 од Кривичниот законик во врска со член 288 (Предизвикување општа опасност).Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес достави Предлог за определување мерка притвор за одговорното лице и за работникот кој работел со апаратот за брусење во критичниот момент. За останатите двајца осомничени се предложени мерки на претпазливост.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања