Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

joci-111

По „Рекет“ СДСМ е во хаос, а ВМРО-ДПМНЕ веќе дели функции за техничката Влада, пишува Јоци

Кога е празник, луѓето читаат политика. А, и кога не е.Она што не читаат, се долги писанија.Ќе се обидам што пократко да ви објаснам, она кое ќе следува во наредниот период.По аферата ,,Рекет", СДСМ, се во целосен хаос, фокусирани се само на себе, им се ближат избори следна година, а ВМРО-ДПМНЕ се дотолку еуфорични, да веќе си делат функции и формирале техничка Влада (три месеци пред избори), а и постизборна. До таму стасале.И двете партии се однесуваат како гласовите да ги носат в џеб.Проблемот е што им фалат по 100.000 гласови, како што стана јасно по претседателските, а тоа е = 200.000 гласови вкупно. Дали оваа дупка ќе се продлабочува или ќе остане истата, поради исклучителна разочараност на гласачите од двете најголеми македонски партии - ќе видиме. Сметам дека ќе остане истата, и СДСМ и ВМРО, ќе бидат ,,пата-пата", а гласачкото тело ќе апстинира идентично како на претседателски.По слободна проценка, на вмровците околу 70.000 гласови од 370.000 им обезбеди Гордана Силјановска, имено - професор со социјалистички бекграунд. ( ги ангажираше неопределените и разочараните левичарски)Прашање е дали повторно ќе ги ангажира истите гласови и на парламентарни ако биде носител на некоја листа, бидејќи изборот ќе биде меѓу партии, а не ликови.И двете партии имаат ,,бетон" по 300.000 гласови, минус 200.000 во однос на парламентарни, а нема соодветна временска дистанца, со здраво политичко ткиво, решени афери, процеси и граѓански проблеми, за да се вратат толку брзо на контата, макар и станувало збор за парламентарни.Гласачите, по ,,Рекет", се идентично разочарани од двете партии. И уште повеќе од претходно.СДСМ, гласовите, ги изгуби поради недоверба и неработа, а ВМРО поради внатрепартиски превирања, кои, таму уште траат и се интензивираат. Вмровците си имаат сериозен проблем со група викана ,,бојкотирам", но и т.н. ,,грујовисти", кои, работат на враќање на стариот лидер. Тие долго работеа на раздорот и тој сега е многу реален. Претходно, овие луѓе беа одделени, секој за себе и ,,куд кои мили мои", а сега откако намирисаа моќ, се фузирани, осоколени, агресивни и заблудени. Но, неединствени во политиките кон десничарско членство и јавност, што до лани ја збунуваа со ,,партијата направи дил со Заев за името", и така некако ги оставија по дома за избори, а и годинава се повторува истото.Единствени се само во омразување на Заев, заборавајќи дека 300.000 ,,десничарски" се ,,бетон гласови", одамна убедени околу СДСМ. Не им требаат дополнителни објаснувања.Проблем им е дупката од 100.000, производ на раздорот меѓу новото и старото раководство, но исто и ко СДСМ, така и ВМРО, ќе оди на ,,ура".Во овој момент, ВМРО, е целосно незаинтересирано да придобие неопределени и разочарани. Како да не им требаат.Истото се случува и со СДСМ, абер немаат на оние кои ги гласаа, а ги изгубија, да им докажат дека заслужуваат плус гласови од претседателски.Туку, ,,бојкотирачката" групировка, живее во надеж и работи на тајно да го вратат Груевски на голема врата, работејќи зад грб на одреден дел од новото раководство, особено на Мицкоски.Претходно тоа беше мала групичка, но сега е поголема.Имаат и двојни играчи, кои, од официјални профили го фалат Мицкоски, а од лажни на ,,Бојкотирам" го глорифицираат Никола Груевски и го исмеваат Мицкоски и го ронат од стотици профили на социјални мрежи. Но, затоа линковите кои ги шеруваат, а и постови, се секогаш истите - од ликови и сајтови кои уште ги контролира Груевски.Она кое во моментов е ново, е формирањето на неколку нови партии, со цел да приберат дел од левите и десни гласови, од оние 200.000, кои лебдат во празен простор. И кои, секако, потоа ќе се фузираат со ,,матицата".Нека си постои ова вака, до избори.ЈОРДАНКА ИВАНОВСКА-ЈОЦИ - ФЕЈСБУК СТАТУС

Македонија | пред 6 години

206-5-YouTube-Google-Chrome

ВИДЕО: Возач од ЈСП и 22-годишен патник се степаа во автобус

На 27.08.2019 во 21.50 часот во СВР Скопје бил приведен М.С.(32) од Скопје, кој бил во алкохолизирана состојба, поради нарушување јавниот ред и мир со кршење на предмети во автобус со број 5 на ЈСП Скопје, додека сообраќал во близина на спортски центар во населбата Аеродром, по што и физички го нападнал возачот на автобусот Б.Ш.(57) од Скопје. По излегување од автобусот на автобуската постојка, М.С. бил физички нападнат од едно лице.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

gruevski

Не копајте гроб на друг, оти самите ќе паднете во него, пишува Груевски од Унгарија

Екс-премиерот во бегство, Никола Груевски, преку социјалните мрежи упати честитка по повод денешниот празник Успение на Пресвета Богородица.Тој порача, овој празник да донесе здравје и среќа за сите, додавајќи да правиме добро, со добро да ни се врати.„Денес е голем празник-Успение на Пресвета Богородица.Денес се слави, не смртта, туку заспивањето и вознесувањето, заминувањето на небото, воскреснувањето како со душата, така и со телото на мајката на Исус Христос – Марија. Земена во Христовите прегратки и вознесена на небото, Таа станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.И, како што рекол нашиот народ, не копајте гроб на друг, оти самите ќе паднете во него“, вели Груевски во честитката.

Македонија | пред 6 години

janeva

Русковска треба да биде новата Катица, ВМРО-ДПМНЕ сака свој човек

Компромис меѓу политичките партии за да се овозможи двотретинско мнозинство треба да има, но не по секоја цена, смета Заев.„Јас се надевам дека никој не го прави ова за да го забошоти и да го заштити криминалот.  Тоа нема да го дозволиме – компромис треба, но да не ги поминеме црвените линиии. СЈО мора да има иднина, предметите на СЈО, истрагите и предистрагите мораат да имаат иднина. Иднината треба да ја одлучи правосудниот систем, обвинителите и судиите, а не ние политичарите, “, изјави Зоран Заев – претседател на Влада.Откако вчера министерката за правда Рената Дескоска рече дека постои можност за продолжување на постапките на СЈО преку измени во друг закон кој се носи со просто мнозинство, пратениците од опозицијата го окарактеризираа како невладеење на правото. Денес лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски обвини за пресметка со политичките опоненти.Дваесетина амандмани ќе поднесе ВМРО-ДПМНЕ на предлог-законот за обвинителство, кој денеска е на дневен ред во собраниската Комисија за европски прашања. Од опозициската партија велат дека не им е целта да го блокираат законот со стотина амандмани, а и не сакаат да ѝ дадат повод на власта да прифати процентуално голем број, но не и суштински важните, па затоа ќе се сконцентрираат на клучните забелешки.Предметите што досега ги покрена СЈО се во еден од нив. ВМРО-ДПМНЕ бара сите тие што беа покренати да бидат префрлени во новоформираното Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција, а освен тоа, новиот шеф да може да отвори истрагата и по допрен глас, да обезбедува докази и да ја води процедурата во случаи што досега не беа отворени. Втората крупна разлика во поимањето на законот за обвинителство меѓу власта и опозицијата се статусот на останатите обвинители во СЈО, со исклучок на притворената Катица Јанева, чиј мандат и онака ќе завршеше на 15 септември. ВМРО-ДПМНЕ бара тие да се вратат во матичните обвинителства од каде што дојдоа во СЈО, а потоа да конкурираат за место во новоформираното обвинителство. 

Македонија | пред 6 години

206-Capljina-Bacao-namještaj-s-cetvrtog-kata-zgrade-YouTube-Google-Chrome

(ВИДЕО) Фрлал мебел од четврти кат: Се леташе по улицата и се распаѓаше на парчиња

Снимката на жител на Чаплиња во Босна и Херцеговина кој фрла мебел преку балконот од четвртиот кат во зградата во која живее, ги „запали“ друштвените мрежи од целиот регион.Ова е неверојатно. Снимам и не можам да верувам. Човекот од четвртиот кат на зградата фрла делови од кујна. Ова само кај нас може да се случи – напиша читател кој го пренесе „Čapljinski portal“.Во видео снимката може да се види како машко лице фрла делови од мебел преку балконот во дворот на заградата, кои потоа се распаѓаат на повеќе делови и летаат наоколу во дворот.За среќа, во тој момент никој не поминувал покрај зградата, затоа што тоа би било опасно по живот. Исто така, на тоа место често си играат децата од околните згради.

Свет | пред 6 години

ademi-323289

Пратеникот Џеват Адеми: Куршум го погоди син ми во грб, јас не пукав

Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, негира дека бил дел од инцидентот со огнено оружје што се случи на свадба во Мала Речица пред околу еден месец каде неговиот син и уште едно друго лице беа ранети. Адеми не сакаше да зборува пред камерата на Алсат. Телефонски ни рече дека бил на прославата, но ги отфрли тврдењата дека пукал со оружје. Неговата реакцијата доаѓа еден месец од инцидентот кој отвори разни полемики во јавноста, па и тврдења дека бил главен виновник за трагичниот настан.„Точно е дека моето семејство и јас бевме дел од оваа семејна забава каде десетици луѓе на недоличен начин пукаа со огнено оружје, но не е воопшто вистина дека сум пукал и јас. Јас и моето семејство седевме на маса, а син ми седеше пред мене. Куршумот го погоди во грб. Ова покажува дека дури и јас да сум пукал, не е можно тој да биде ранет бидејќи мојот син седеше спроти мене.“Адеми исто така признава дека полицијата го сослушала и бара брзо решавање на случајот за, како што вели, да се расчистат сомневањата во јавноста.„Јас бев повикан во полиција и дадов изјава. Ми зедоа парафинска ракавица. Затоа ја охрабрувам, како полицијата, така и обвинителството да ја завршат својата работа и случајот да го истераат до крај. Никогаш не сум користел оружје на оваа семејна забава, па дури и остро ја осудувам употребата на оружје на вакви забави каде што честопати жртви се невини лица.“, рекол Адеми за Алсат.

Македонија | пред 6 години

56262401_2356022894617117_8973953343126765568_n

Херојот Марко: Не се откажувам и следната година пак ќе се обидам!

Марко Пејчиновски не успеа да ја преплива посакуваната делница од 64 километри низ Охридското езеро, но 13-годишното момче останува херој на охриѓани и на целокупната македонска јавност. Хуманата цел за која реши да ја плива долгата делница Марко ја оствари, а денеска се појави на охридското пристаниште за дружење на лицата со ретки болести.Малиот Марко не крие дека е разочаран што беше принуден по речиси шест часа во вода се прекине, но и порача дека наскоро повторно ќе се обиде да го оствари големиот подвиг.„Не ми е сеедно, но се чувствувам убаво, нема откажување. Следната година здравје.  Благодарност до сите што ме поддржуваат, преубаво беше кога ги читав сите коментари, тоа ми даваше уште поголема мотивација за да издржам. Но, големата болка си го направи своето. Имаше големи бранови и силна струја што беше најтешкиот дел. Околу еден час речиси пливав во место“, изјави Марко од центарот на Охрид.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Откако кралицата го суспендираше британскиот парламент, доби поддршка само од 27% од Британците

Кралицата Елизабета Втора се согласи британскиот парламент да биде суспендиран во септември, само неколку недели пред крајниот рок за Брегзит.Премиерот Борис Џонсон, како што пренесе ББС, изјави дека кралицата Елизабета Втора ќе го одржи својот традиционален говор по суспензијата, на 14 октомври, за да нагласи „многу возбудлива агенда“.Со ваквата одлука се скратува времето на  пратениците  да донесат закони кои би го спречиле излегувањето на Велика Британија од Европска Унија на 31 октомври без договор.Претседателот на преставничкиот дом Џон Беркоу рече дека „целта е пратениците да не дебатираат и да не ја исполнат својата должност во обликувањето на иднината на земјата“Само 27 отсто Британци го поддржуваат едномесечниот прекин на работа на Парламентот прогласен од британскиот премиер Борис Џонсон. Четириесет и седум отсто Британци се против тоа Парламентот да ја прекине работата. Тоа се наведува во анкета на ЈуГов направена за Тајмс.Во анкетата се додава дека 51 отсто од поддржувачите на напуштање на ЕУ го одобруваат потегот на Џонсон, додека само девет отсто тој потег има поддршка кај оние кои се против излегување од ЕУ.

Свет | пред 6 години

katica-janeva

Денеска ќе се знае дали Јанева ќе „лета“ од СЈО, Советот на јавни обвинители пред одлука

Советот на јавни обвинители денеска ќе ја донесе одлуката за тоа дали ќе ја почне постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради нестручно и несовесно работење. Јанева во моментов е во притвор за предметот „Рекет” на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штериев по седницата, која завчера траеше речиси осум часа, изјави дека тој и останатите членови на Советот успеале единствено да ги разгледаат списите, огромен број материјали кои до нив биле доставени во однос на истрагата за случајот „Рекет”. Најави дека со работа ќе продолжат денеска претпладне, и очекува да биде донесена одлука дали ќе ја почнат постапката за разрешување на Јанева.Советот на јавни обвинители, како што рече Штериев, првпат се соочува со една ваква ситуација во која на шеф на Јавно обвинителство му е определена мерка притвор. Не сакаше да открие дали по однос на ова прашање има спротивставени ставови и мислења меѓу членовите на Советот.Претседателот Стево Пендаровски вчера од Македонска Каменица, одговарајќи на новинарско прашање за неговата позиција во однос на „Рекет”, изјави дека нема политичко мешање во истрагата за овој случај.– Моја работа како претседател не е да ја коментирам секоја фаза од случајот „Рекет”, се додека законската процедура со постапката за овој случај не покаже некои видливи моменти за кои потоа ќе можеме да дадеме оценка како политичари, рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

steve-jobs

„Стив Џобс се крие во Египет откако ја лажирал сопствената смрт“

Една интересна и навидум обична фотографија објавена на Reddit ги разбранува духовите на обожавателите на теории на заговор. Фотографијата на која седи маж кој неодоливо потсетува на починатиот технолошки гигант, Стив Џобс, ги активираше заговорничките умови да тврдат дека тој беше доволно моќен, богат и луд за да стори такво нешто како лажирање на својата смрт и да го излаже целиот свет.На интернет се појави фотографија направена во Египет на која се гледа човек кој многу наликува на починатиот основач на „Епл“ Стив Џобс. Фотографијата ги предизвика теоретичарите на завери да излезат со тврдења дека милијардерот ја лажирал својата смрт и сега си крие во оваа африканска земја.Илјадници корисници на социјалните мрежи откако ја виделе сликата сега тврдат дека Стив Џобс кој во 2011 година почина од рак е жив.Инаку, на фотографијата направена во Египет се гледа човек кој многу наликува на Џобс како замислено седи на бело пластично столче облечен во традиционална египетска одора. Човекот е сликан од профил , носи очила и навистина многу личи на починатиот милијардер.Теоретичарите на завери сега веруваат дека починатиот ИТ стручњак ја лажирал својата смрт и сега живее во оваа африканска земја.„Стив Џобс беше толку богат и луд што би можел да ја лажира својата смрт и да се сокрие во Египет, е коментар на еден теоретичар на завери.Сликата прв ја пренел познатиот сајт „Редит“ под наслов „Стив Џобс се крие во Египет откако ја лажирал сопствената смрт“.Овој наслов предизвика хистерија на интернет со неколку илјади прегледи и коментари.Многу од фановите на Џобс сега веруваат дека тој е жив.Извор: Таратур.мк

Магазин | пред 6 години

sjo

Груби во Собрание со „европската“ комисија ќе го разгледува законот за опстанокот на СЈО

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија Артан Груби за денеска закажа седница на Комисијата.На неа ќе се разговара за двата клучни закони, Предлогот на закон за јавното обвинителство и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија,кои што треба да бидат разгледани на Комисијата за европски прашања.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Уписите на факултетите почнуваат од денес, колку кандидати можат да се запишат?

На повеќето државни универзитети во земјава денеска почнуваат уписите. Кандидатите претходно се најавуваат во електронскиот систем, па носат документиДенеска и утре се уписите на повеќето државни универзитети во земјава. Кандидатите што сакаат да се запишат на некој од факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ може да ги поднесат документите денеска (29) и утре (30) август. Според Конкурсот за упис, во прва година на прв циклус студии во учебната 2019/2020 година може да се запишат вкупно 10.665 студенти.Прелиминарната листа со примени кандидати ќе се објави на 3, а конечната на 6 септември. На 11 истиот месец ќе може и да се запишат.Прв уписен рок на 29 и 30 август ќе има и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“– Битола. Според Конкурсот, во академската 2019/2020 година има 2.935 слободни места, 1.575 во државната квота, 820 со кофинансирање и 540 за вонредни студенти. Најмногу места има на Техничкиот факултет - 505, нови 400 бруцоши може да се запишат на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, исто толку, 400 места има и на Факултетот за безбедност во Скопје, 330 студенти може да студираат на Економскиот факултет во Прилеп, 300 на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Нови 280 бруцоши може да се запишат на Високата медицинска школа, 220 на Правниот факултет во Кичево, 215 на Педагошкиот факултет, 165 на Факултетот за биотехнички науки, на Технолошко-техничкиот факултет во Велес 75 и 45 нови студенти на Ветеринарниот факултет.

Македонија | пред 6 години

ohrid-sonce-vreme-vremenska

Сонце, облаци, грмежи - временска прогноза

Во поголемиот дел од земјава утре времето ќе се задржи сончево и топло, со мала до умерена облачност. Само во западните делови попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=7Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата од 17 до 35 степени.Од четврток следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност, слаб до умерен североисточен ветер и благ пад на температурите.

Македонија | пред 6 години

mogerini

Димитров ќе се сретне со Могерини - ќе се зборува ли за „Рекет“ и СЈО?

На покана на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хаависто (во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ), министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, денеска и утре во Хелсинки, ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ.Дискусиите на состанокот ќе се фокусираат на прашања за придвижување на регионалната соработка во областите од заемен интерес, додека пак на министерскиот работен ручек што ќе уследи после GYMNICH состанокот, ќе бидат разменети мислења околу и за поддршката на бранители за човекови права.На маргините на состанокот, се очекува министерот Димитров да оствари и повеќе билатерални средби со свои колеги, а со кипарскиот Министер за надворешни работи, предвидена е и церемонија за потпишување на документ за воспоставување на дипломатски односи со Република Кипар.

Македонија | пред 6 години

jovo-vangelovski

Никој ништо не ти може Јово, до есен

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, сепак, ќе почека до есен за да дознае дали ќе биде разрешен од функцијата. Иако прашањето за утврдување негова одговорност требаше да се отвори на вторничката седница на Судскиот совет, оттаму стигна информација оти таа точка воопшто не била планирана на дневниот ред. На состанокот, продолжила расправата за одговорноста на тројца судии од Апелацискиот суд и еден од Основниот суд во Куманово, но и таму е запрена постапката откако барателот ја повлекол иницијативата.Всушност, меѓу правната фела проструија шпекулации дека постапката е запрена и за Вангеловски, но и за поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, по жалбата на одлуката од последната седница за негово суспендирање.Барањето за разрешување на Вангеловски е „замрзнато“ уште на седницата од 17 јули годинава. Тогаш точката беше одложена затоа што новоизбраниот член на Судскиот совет, Миљазим Мустафа, кој беше избран по предлог на шефот на државата, Стево Пендаровски, изјавил дека доцна ги примил материјалите од извештајот на тричлената комисија од Судскиот совет, која предложи разрешување на првиот човек на Врховниот суд.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

pratenici-1

Планот „Б“ за СЈО може да донесе нов „земјотрес, што планира власта без опозицијата?

Правото во Македонија може повторно да потклекне под политиката, особено доколку власта реши без компромис да издејствува промени во СЈО и да назначи в.д. специјален јавен обвинител без двотретинско мнозинство и наоѓање на целосно решение. Министерството за правда засега не открива повеќе детали за таканаречениот план Б за СЈО, со измени на закони кои се носат со просто мнозинство, доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство за измени на Законот за јавното обвинителство. Одговор, на кој друг начин може да се продолжи животот на СЈО или пак на предметите, од владиниот ресор најавија за денес.На намерата на власта, со измени на законот за советот за јавни обвинители да се обезбеди избор на в.д. шеф на СЈО или пак да се префрлат предметите во редовното обвинителство, реагираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. Во интервју за „Фактор“ тој вели дека не може со измени на закони кои се носат со просто мнозинство, да се дерогираат системски закони, како што е тој за СЈО.„Тоа би било лош преседан кој би се повторувал на секое менување на власта што ќе има далекусежни политички последици со копирање на преседанот, но и Македонија ќе биде забележана како држава во која доминира правната несигурност“-изјави Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.Универзитетската професорка Беса Арифи го дели ставот дека потенцијалните измени во закони кои се носат со просто мнозинство, не смеат да ги дерогираат системските закони. Но, таа сепак препознава простор барем предметите од СЈО да се префрлат во редовното обвинителство, кое нема ограничувања во својата надлежност. Сепак, вели, тоа ќе предизвика други проблеми.

Македонија | пред 6 години

seizmograf-zemljotres-620x350

Земјотрес од 4,9 степени меѓу грчките острови Родос и Карпатос!

Земјотрес од 4,9 степени според Рихеровата скала е регистриран денеска помеѓу грчките острови Родос и Карпатос.  Како што јави дописничката на МИА од Атина, засега, нема информации за штети или какви било проблеми од земјотресот.Според Геодинамичкиот институт на грчката национална опсерваторија во Атина, епицентарот бил 46 километри североисточно од островот Карпатос.Островот Родос се наоѓа североисточно од Крит, југоисточно од Атина, и веднаш зад анадолискиот брег на Турција. Островот е познат и како „Витешки остров“ според Витезите Болничари, кој некогаш владееле со островот.

Свет | пред 6 години

Pozar-01

Пожар во Општина Чашка, гори багремова шума

Шумски пожар избувна денеска околу 13 часот во близина на селото Ораовец, во Општина Чашка. Како што изјави за МИА командирот на Територијалната противпожарна единица од Велес Љупчо Лепидовски, од огнената стихија зафатена е површина од над 60 хектари. Гори багремова шума, нискостеблести растенија и трева. Пожарот оди високо по крошните на дрвјата.– Во гаснењето на пожарот учествуваат 40 луѓе од противпожарните бригади на Велес и Чашка, вработени во ШС Бабуна и ЈКП Дервен од Велес и Чашка со две цистерни и луѓе. Претходно во гасењето на пожарот беа вклучени и хеликоптери од Армијата, но поради слабата видливост во текот на ноќта, тие се повлекоа, изјави за МИА Лепидовски.Во гаснењето на пожарот се вклучени месното население и доброволци од Велес.

Македонија | пред 6 години

turcija

(ВИДЕО) Се урна мост во Турција, загинаа две лица, пропадна автомобил

Се урна мост во Турција надзорните камери го снимија моментот на уривањето и отворањето на големата јама во која пропаднаа две лица и загинаа.Безбедносните камери го снимале моментот кога мостот се урнал. На снимките се гледа како двајца луѓе кои преминуваат на мостот во тие мигови паѓаат во реката од огромната јама што се отвора.Сепак, тие не се здобиле со потешки повреди. Јамата „голта“ и автомобил за неколку секунди.

Свет | пред 6 години

BigMike

(ФОТО) Кралот на марихуаната Биг Мајк во Скопје, се сретна со Заев, вели: Земјата ќе ја направам европска суперсила на канабисот

Американскиот бизнисмен Мајк Штрауметис, или попознат како  Биг Мајк, кој е еден од поголемите производители на канабис на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографии и кратко видео од средбите со премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ. Тој во краткото видео на официјалниот Инстаграм профил вели дека Македонија има голем потенцијал.„Возбуден сум да ви најавам дека земјата ќе ја направам европска суперсила на канабисот“, пишува Мајк на својот Инстаграм профил.Биг Мајк денеска со приватен авион слета на скопскиот аеродром. Тој од аеродромот до Скопје стигна со полициската придружба, а ниту една служба за информирање не сподели никаква инфромација за неговата посета.  .

Македонија | пред 6 години

policija-1

Штитеничка од дом избегала од установата, полицијата ја бара

На 27.08.2019 во 11.00 часот во Полициска станица Карпош, вработен во Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение - Скопје пријавил дека нивната штитеничка М.С.(15) се оддалечила од установата. М.С. претходно повеќе пати се оддалечувала од установата и била враќана од полицијата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. .

Скопје | пред 6 години

tepacka1

Малолетници се истепале на игралиште

На 27.08.2019 во 23.30 часот во СВР Скопје, Т.А.(57) од Скопје пријавила дека на игралиште на бул.,,Јане Сандански“’ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, со кого и претходно имале расправии. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

tepacka-222

Тепачка поради нерасчистени должничко-доверителски односи

На 27.08.2019 во 20.50 часот во СВР Скопје, Љ.С.(43) од Скопје пријавил дека околу  18.00 часот на улицата ,,1737’’ пред хотел бил физички нападнат од З.И., вработен во хотелот. Причина за физичкиот напад биле нерасчистени должничко-доверителски односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

pretepan

Се расправале околу седење во автобус,по што ја нападнал девојче

На 27.08.2019 во 12.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП-Скопје Б.М.(32) од Скопје по расправија околу седењето во автобусот, физички ја нападнал ќерката на А.М. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од ЗППЈРМ.

Македонија | пред 6 години

pijan

Пијан скопјанец кршел предмети во автобус на ЈСП - физички го нападнал и возачот

На 27.08.2019 во 21.50 часот во СВР Скопје бил приведен М.С.(32) од Скопје, кој бил во алкохолизирана состојба, поради нарушување јавниот ред и мир со кршење на предмети во автобус со број 5 на ЈСП Скопје, додека сообраќал во близина на спортски центар во населбата Аеродром, по што и физички го нападнал возачот на автобусот Б.Ш.(57) од Скопје. По излегување од автобусот на автобуската постојка, М.С. бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања