Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

skopje-ulica-soobrakaj-koli

Низ улиците на Скопје не се вози, туку се лета - казни секојдневно, но џабе

Во текот на изминатите денови (27 и 28.08.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 112 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 28 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач-почетник кој не ги почитувал сообраќајните прописи согласно ЗБСП.Исто така, исклучени од сообраќај се 15 возила бидејќи биле нерегистрирани и едно возило поради претовар.Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, тројца возачи поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, девет возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се пет пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 48 мандатни платни налози и 41 возило е подигнато со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 6 години

soobrakajka

Автомобил излета во ендек кај Богомила, возачот во тешка состојба

На 28.08.2019 во 17,10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Богомила-Стари Град пред крстосницата за с.Мартолци патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(44) од Велес излетало надвор од коловозот.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката Т.Б.(42) и биле пренесени во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 6 години

tunel-soobrakajna-nesreka

Две лица тешко повредени: Сообраќајка на патот Битола-Драгош

На 28.08.2019 во 17,25 часот било пријавено дека на патот Битола–Драгош кај с. Породин се случила сообраќајна негода помеѓу патничко моторно возило „форд ескорд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(27) од с. Крклино-битолско и патничко моторно возило “мерцедес“ со битолски регистарски ознаки ,управувано од Ш.С.(44) од с.Кишава-битолско.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.К. и сопатникот од истото возило З.П.(45), а со телесни повреди се здобиле возачот Ш.С. и сопатничка од истото возило Б.С.(44) по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 6 години

heroin-pakuvanja

Уапсен гостиварчанец, полицијата извршила претрес во неговиот дом и одзела хароин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.Ш.(49) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори“.На 22.08.2019, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на улица „Мара Угриноска“ во Гостивар, при што пронашле и одзеле хероин .

Македонија | пред 6 години

policija-grcka-ambasada

МВР со детали за децата кои беа оставени во кола во Аеродром

На 28.08.2019 околу 21,50 во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на булевар ,,Видое Смилевски Бато’’ во паркирано патничко моторно возило ,,алфа’’ со скопски регистарски ознаки се наоѓале две деца кои биле заклучени.Од страна на полициските службеници веднаш е интервенирано и децата се извадени од возилото и со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники,, Мајка Тереза’’.По преземени мерки од полициските службеници пронајдени се Т.Т.(44) и М.Н.(35), родители на децата. Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

Levica

Левица: Да се национализира имотот на Камчев

Без нималку да се релативизира тежината на скандалозниот случај „Рекет“ и без да се даде ни ронка апологија на СДСМ и СЈО, Орце Камчев како политичка и бизнис фигура не може да се апсолвира од неговите криминали, и за време на претходната власт, и за време на актуелната.Прогласен од списанието „Форбс” во 2016 година за најбогат Македонец, Камчев е превртлива политичка фигура која игра со сите партии во име на својот енормен капитал. Богатството што го има направено од приватизацијата со помош на татко му, од потта на работниците во многубројните компании што тој ги поседува и од неговите криминални активности, најмалку му припаѓа нему, се вели во соопштението од Левица.Дополнително, зарем можеме ли да започнеме да зборуваме за демократија додека 0,1% олигарси како Камчев заедно поседуваат повеќе од 99,9% од народот во Републиката, кои едвај крпат крај со крај? Ова општество е политички и економски неинклузивно и ја игнорира волјата на мнозинството, а поинакво не може ни да биде додека индивидуи како Камчев имаат толкава економска моќ, а следствено на тоа, и политичка моќ. Да се лажеме дека народот политички тежи барем приближно исто колку што тежат Камчев и компанија е да се правиме слепи при очи.И зарем на Камчев може да му се довери толкава одговорност за да управува со толкава економска моќ? Рекетираниот, пред да плати огромни суми на Тредичи, ја смени својата долгогодишна благонаклонетост кон ДПМНЕ и отворено го поддржа Преспанскиот Договор. Да е неговиот личен кредибилитет уште подискутабилен, ова не е првиот пат кога Камчев го има променето својот „дрес“, кој  во 1998 година беше кандидат за претеник токму на СДСМ!Камчев, како претставник на крупниот капитал во државата, нема морал и нема интегритет. Тој игра онака како што во моментот е најпрофитабилно. Можеме до бескрај да филозофираме за тоа дали е возможно кој било олигарх да има барем нешто свето и да гледа малку подалеку од растот на својот капитал, но очигледно е дека Камчев не е ни блиску да влезе во категоријата на еден имагинарен и фин олигарх. Напротив, тој е најеклатантен пример за тоа колку ниско може еден човек да падне!Единствениот разумен потег кој е од интерес на народот е конфискација и национализација на сиот имот на Камчев! Сѐ што тој поседува мора да се врати кај народот, а Камчев да се затвори заедно со оние кои го рекетираат! Да ние работиме за трошки, а десет олигарси да ни ја диктираат политиката во државата и меѓусебно да се рекетираат со милионски суми украдени од нашата пот е неприфатливо. Во оваа држава мораат да одговараат сите кои 28 години нѐ крадат и понижуваат, без разлика дали доаѓаат од ДПМНЕ или СДСМ, а прв на таа листа е најбогатиот Македонец, Камчев, се вели во соопштението од Левица.

Македонија | пред 6 години

2-3

Нема веќе бесплатно во Битола, ќе се наплаќаат затворените паркинзи

Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Oпштина Битола, од денеска почнува со наплата на паркинг услугите на четирите затворени паркинг простори во градот.Станува збор за локациите Јавор, Стара автобуска, Центар за култура и Спортска сала кои како што посочуваат од градски паркинзи, комплетно се опремени, а во функција се и терминалите и рампите.-Во тек е тестирање на зонското паркирање и во оној момент кога ќе се потврдат тестовите за наплата преку мобилен оператор, веднаш ќе биде воспоставен систем на наплата на зонското паркирање. Наплата на услугите ќе се врши со нов ценовник во кој е извршено намалување на цената на паркинг сесијата. На трите затворени паркиралишта Јавор, Стара автобуска и Центар за култура цената на услугата изнесува 30 денари за два часа, а за секој нареден час се доплаќаат 25 денари, додека цената на услугата на паркингот кај спортска сала „Боро Чурлевски“ изнесува 30 денари  зацел ден. Наплатата на услугите ќе се врши од 7 до 21 часот од понеделник до сабота, истакна Зоран Дојчиновски, директор на битолски паркинзи.Од тамошното јавно претпријатие чиј основач е Општина Битола нагласуваат дека со почнувањато со работа на јавното претпријатие почнува процесот на решавање на сообраќајниот режим на паркирањето во овој град.

Македонија | пред 6 години

Pozar-02

Пожарот кај Радовиш и натаму се шири

Пожарот на планината Готен, меѓу селата Покрајчево и Злеово во општина Радовиш, се уште гори и се шири кон општина Василево, информира градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.Од вчера се ангажирани и хеликоптери на Аармијата во гаснењето на пожарот, а од денеска градоначалникот Конзулов бара да се вклучат и војници, покрај екипите на Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Национални шуми“ од подружниците во Радовиш, Струмица, Штип и Кочани, како и пожарникари од ТППЕ Радовиш.– Мора да се вклучат и војници, бидејќи овој пожар почна да се шири кон територијата на Струмичкиот регион, односно кон општина Василево. Пожарот е голем, а ситуацијата е многу сложена поради непристапниот терен, рече градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.Додаде дека имаат сознанија оти пожарот постојано се потпалува од страна на неодговорни граѓани.Досега во пожарот, кој гори десетина денови, изгореа околу 200 хектари нискостеблеста шума.

Македонија | пред 6 години

aerodrom-skopje-1

Повеќе патници се превезуваат со авиони, помалку со автобуси

Воздухопловниот превоз и на патници и на стока, бележи најголем раст, споредено со останатите видови транспорт, во вториот квартал  во однос на првиот квартал годинава, како и во однос на вториот квартал лани,  а зголемувањето кај каргото достигнува до 72,8 процента, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.За 11,7 проценти е зголемен бројот на патници на домашните и меѓународните автобуски линии во вториот квартал споредено со првиот квартал годинава, но во однос на вториот квартал од минатата година  има намалување за 20,3 проценти. Во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава во градско – приградскиот превоз имало за 1,3 проценти повеќе патници,  а за 1,8 проценти помалку споредено со вториот квартал лани. Раст од 13,1 процент бележи железничкиот превоз во вториот квартал во однос на првите три месеци од годинава, а во воздухопловниот за 41,5 проценти, а споредебно со вториот квартал лани има намалување од 0,7, односно зголемување за 15,1 процент.Во второто тримесечје од 2019 година, во однос на истото тримесечје лани, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е намален за 20,3 %, во градско-приградскиот превоз е намален за 1,8 %, во железничкиот превоз е намален за 0,7 %, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 15,1 %, објави Државниот завод за статистика.Во однос на првото тримесечје од 2019 година, бројот на превезените патници во патниот патнички превоз е зголемен за 11,7 %, во градско-приградскиот превоз за 1,3 %, во железничкиот превоз за 13,1 %, додека во воздухопловниот превоз е зголемен за 41,5 %.Во второто тримесечје од 2019 година, во споредба со второто тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 17,9 %, во железничкиот превоз е зголемено за 2,9 %, а во воздухопловниот превоз за 62,4 %.Во однос на првото тримесечје од 2019 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 4,4 %, во железничкиот превоз е зголемено за 13,5 %, а во воздухопловниот превоз за 72,8 %.

Македонија | пред 6 години

098D6EE7-67D6-4D4A-905A-823CA35FC355_w650_r1_s

Тасева: Зошто сеуште не се запленува имот во случајот „Рекет“ ?

ИЗВОР: ГЛАС НА АМЕРИКАНе може ако институциите си ја работат својата работа тоа да остане незабележано, односно дека од финансиска институција се извлечени толку пари, вели претседателката на „Транспаренси интернешенл“ во разговор за случајот РекетВо овој случај во игра се многу пари во готово односно во кеш. Но тие пари дошле од некаде. Не се отпечатени таму каде што видовме дека се предаваат. Тие пари се земени од банка колку што разбравме, која е во сопственост на едно од лицата, во случајот пријавителот на аферата Рекет. И тука веќе имаме можност за вклучување на голем број на институции во проверка на овие трансакции и во следење и откривање на тоа што се случило.Ова го вели претседателката на „Транспаренси интернешенл“, Слаѓана Тасева во интервју за Гласот на Америка, а посветено на случајот Рекет.Според Тасева, институциите имале можност уште тогаш кога се извлечени парите од банката да реагираат и да се укаже на тоа.Не може ако институциите си ја работат својата работа тоа да остане незабележано однос дека од финансиска институција се извлечени толку париСлаѓана Тасева, Транспаренси интернешенл„Таков тип на трансакции требало да го алармира и Управниот одбор на таа банка и Управата за финансиско разузнавање, но и Јавното обвинителство, затоа што во тоа време во Јавното обвинителство, веќе се води истрага за лицето кое во случајот е пријавител, а знаеме и се зборуваше дека тоа лице е сопственик на банка. Не може ако институциите си ја работат својата работа тоа да остане незабележано однос дека од финансиска институција се извлечени толку пари“, истакнува Тасева.Таа додава дека зачудува што транскациите долго останале неоткриени.„Институции има, но зачудува што тоа останува неоткриено и се чекало да биде пријавено или да видиме некакви снимки. Тоа требало веднаш да биде пресретнато и откриено и веднаш да бидат воспоставени механизам и мерки што понатаму ќе се случува со тие пари. Постојат сите законски можности ова да се направи. Постојат сите институции кои ова морале да го направат. Прашањето е зошто институциите, тие кои работат во нив ова го премолчиле и не ја оствариле својата функција, онака како што е предвидено во закон“, вели Тасева.(Целото интервју можете да го погледнете во видеото во прилог)https://www.facebook.com/glasnaamerika/videos/504401990373004/

пред 6 години

aerodrom-1

ВИСТИНСКА ДРАМА: Деца заборавени во автомобил во Скопје, соседи кршеле прозори за да ги извадат

Половина час по полноќ заборавени во возило на булеварот Видео Смилевски - Бато во наслебата Аеродром биле пронајдени две деца, брат и сестра на возраст од 7 и 4 години.По пријава на соседи интервенирала полиција, ги искршиле прозорците и ги извадиле децата кои веднаш се пренесени на скопските клиники.Од МВР за Сител потврдија дека имаат регистрирано ваква пријава, но детали за случајот најавија за во текот на денот.Засега нема информација како децата останале сами во автомобилот.

Скопје | пред 6 години

zaev-katica-mickoski

Мислите дека ќе се договорат за СЈО?

„На еден од поранешното раководство на опозицијата да му се пресуди затворска казна, опозицијата ќе се распадне. Мислите дека ќе се договорат за СЈО? Немојте“, се вели на „Твитер“ по веста дека работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и натмау ќе се обидат да најдат заеднички јазик за предлог-законот за јавно обвинителство.Собранието денеска треба да почне комисиската расправа за Предлог законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на СЈО, а што треба да биде донесен по скратена постапка.Министерката за правда Рената Дескоска, пред два дена изјави дека доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство, тогаш во опција се други решенија, а едно од нив се измени во Законот за Советот на јавни обвинители, кој се носи со 61 глас.

Коментари | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Во домот на Боки 13 пронајдени документи од СЈО - служеле ли за уценување на бизнисмени?

МКД.мк дознава дека при претресот во домот на Бојан Јовановски биле пронајдени голем број докази кои ги потврдуваат сознанијата од видео и аудио материјалите објавени во врска со случајот „Рекет“. Освен тоа, кај Боки 13 дома биле најдени и документи од Специјалното јавно обвинителство поврзани со голем дел од бизнисмените од случаите „Империја“ и „поштенска банка“, пишува МКД.мк.Русковска рече дека не знае дали се подготвува барање за Јанева да излезе од притвор поради многу нарушено здравје и потврди дека сѐ уште трае истрагата за документот со исказот на Камчев кој излезе во јавност.На прашање дали Камчев го имал тој документ, Русковска појасни дека записници на сведоците и на лица за кои се бараат потребни известувања, не им се доставуваат, туку пред завршувањето на истражната постапка кога ќе се донесе известување за завршена истрага, тогаш препис се дава на одбраната и на осомничениот.

Македонија | пред 6 години

kamcev-janeva-696x392-696x392

„Орце проба да си ја купи слободата, па смени тактика и тргна да го руши СЈО“

„Орце проба да си ја купи слободата ама виде си има работа со аматери, смени тактика тргна да го руши цело СЈО и влада а ВМРО еден ден ќе му памти и врати. Но кој всушност очекуваше дека ќе седи со скрстени раце? Затоа е битен интегритетот и непоткупливоста на органите на прогон“, се вели на „Твитер“https://twitter.com/Beliotpesjak/status/1166940712484724737

Коментари | пред 6 години

69368945_1170236259851166_7913255115761385472_n

ФОТО: Сонцето од Кутлеш исцртано на школка во Градски парк

Фан страницата „Млади за Македонија“ на Фејсбук објави фотографија од Школка во Градскиот парк во Скопје на која е поставено Сонцето од Кутлеш.– Градски парк Скопје, Македонија. Ја реконструиравме и школка во градскиот парк, пирејот се шири и нема да запреме овде. Вие едно ќе уништите/избрусите, ние пет нови ќе поставиме зашто тоа знаме и симбол е во нашите гени. Никогаш северна, само Македонија!- порачаа Млади за Македонија на Фејсбук.https://www.facebook.com/MZMakedonija/photos/a.814220372119425/1170236256517833/?type=3&theaterГрадоначалникот Петре Шилегов деновиве, исто така на Фејсбук, се испофали со овој „најнов проект“, односно бојадисувањето на школката во Градскиот парк. Тоа наиде на иронични коментари и потсмев, исто така на социјалните мрежи, каде имаше коментари дека бојадисувањето на школката е втор голем потфат на Шилегов по оној со постојката за 57-ка во Градскиот трговски центар.

Скопје | пред 6 години

aV3C0DkhSD-sto-ke-se-sluci-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-vtora

Кралицата Елизабета Втора немаше друг избор, а јавноста вели „најцрн ден во историјата на Британија“

Потегот на Џонсон одобрен од кралицата Елизабета Втора ги ограничува значително можностите за акции на пратениците кои сакаат да го попречат Лондон да ја напушти ЕУ без договор.„Кралицата немаше друг избор“, наведува Монд.Пратениците се надеваа дека следниот месец ќе спречат евентуално напуштање на ЕУ без договор, но имаа само десет денови – од 21 октомври до последниот рок – 31 октомври.„Грубо непочитување на Уставот“, гласат дел од реакциите во европски весници.Некои веќе го оквалификуваа како „најцрниот ден во историјата на британската демократија“, наведува Франкфуртер алгемајне цајтунг.„Се уште претстои да видиме дали британските судови ќе го спречат Џонсон. Но едно е сигурно – Џонсон сака да го спречи Парламентот да запре напуштање на ЕУ без договор. Оваа година повеќето пратеници се залагаа против „тврд“ брегзит. Премиерот сака да ја напупшти ЕУ без разлика на цената, дури и ако тоа означува да го извади Парламентот од игра. Таков процедурален труик не е користен веќе 70 години, нагласува Велт.Според весникот, тоа е „финален судир во конфликт што трае веќе две години…Џонсон го прекинува функционирањето на Парламентот за да ја испочитува волјата на народот како што тој ја гледа“. Тоа еисронијата на ситуацијата.„Поддржувачите на брегзит искористија недостиг на демократија во Европа како аргумент за напуштање на ЕУ  и сега кога станува збор за постигнување на нивните цели тие го покажуваат сопствениот значителен недостиг на демократија“, наведува во коментар Велт.„Напуштањето на ЕУ ќе предизвика штета не само на британската економија туку и на демократската традиција“.Гардијан го оквалификува решението на премиерот како „напад врз демократијата“ нагласувајќи дека ако дејствијата се соодветни на законот, по дух се пројава на уставен вандализам.Њујорк тајмс нагласува дека со одлуката за суспендирање на работата на Парламентот Џонсон покажува бескомпромисна тактика и во моментот тој ги користи сите бенифициина извршната власт за да ја поткопа нестабилната опозиција ризикувајќи и уставна криза за да исполни тоа што ветил.Противниците на британскиот премиер велат дека неговата политика може да доведе до катастрофален брегзит  без договор што има потенцијал да ја подели Велика Британија, да наштети на британското земјоделство и некои индустриски сектори и да ја доведе економијата во рецесија, истовремено и да се појави недостиг од храна и лекови.  Сепак, поддржувачите ги отфрлаат ваквите изјави како обид за всадување страв.Со своето најдрско решение како премиер Џонсон покажува дека е толку воинствен премиер колку што не беше неговата претходничка Тереза Меј. Тој дејствува порадикално за разлика кога беше граоначалник на Лондон, нагласува Њујорк тајмс. Новиот став е далеку поорганизиран и до голем степен поагресивен, коментира Тони Траверс, професор на Лондонската школа за економија. Според анализтичари Џонсон се обидува да предизвика предвремени избори и смета дека има шанси да победи, наведува весникот.

Свет | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев: Дескоска не кажа ништо ново, најздраво е законот да го донесеме со ВМРО-ДПМНЕ

Најздравото решение за обвинителството е она донесено со консензус, порача претседателот на Владата Зоран Заев по посетата на рудникот „Бучим“ во Радовиш. Забележа дека министерката за правда Ренета Дескоска за планот Б за обвинителство не кажала ништо ново.– Никој не посакува да бараме решение така притиснати од време, сите седнати на маса, политичарите, парламентарците и сите да изнаоѓаме решение. Затоа секогаш постојат алтернативи, со кои можат да се најдат решенија. Но, најздраво решение е она коешто со консензус ќе го донесеме сите, како што пропишал уставотворецот, законодавецот со најмалку две третини, а јас верувам дека со консензус е возможно, тоа да се донесе, се со конечна цел и овој значаен сегмент од правосудството, јавната обвинителска дејност да ја гарантираме во иднина, вели Заев.

Македонија | пред 6 години

idrizovo-zatvorenici-kumanovska-grupa

Циркус во „Идризово“: Осудените од Диво Насеље бараат пари преку „Фејсбук“

Осудените за настаните од кумановското Диво насеље го дигнаа на нозе затворот „Идризово“. Дел од нив, користејќи мобилни телефони, формирале група на социјалната мрежа „Фејсбук“ и се вклучија во живо со песна, кафе и цигари, барајќи донации за нивните и семејствата на загинатите борци од сите Албанци. Најавија дека редовно ќе го прават тоа, но видеото беше избришано откако почна да се шири по социјалните мрежи.„Отворивме банкарска сметка која ќе служи за да им помогнеме на семејствата на паднатите борци кои загинаа во мај 2015 година во Диво Насеље во Куманово. Таа служи за потребите на нашите борци кои веќе пет години се наоѓаат во словенските затвори“, вели во снимката еден од затворениците.Од затворот го потврдија настанот, признавајќи дека се соочуваат со сериозен проблем со нелегално прибавени телефони во затворот. Пред неколку дена и првиот човек на затворот, Есад Рахиќ кажа дека поседувањето телефон во ќелиите е хроничен проблем во кој се инволвирани и вработени во установата.Припадниците на кумановската група се осудени за тероризам за настаните во Диво Насеље на 9 и на 10 мај 2015 година. Во вооружената престрелка загинаа осум припадници на специјалните единици, а беа повредени 37 полицајци. Осудени се вкупно 33 терористи, седум од нив на доживотен затвор.Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај побара екстрадиција на осудените, односно дел од затворската казна, наместо во Македонија, да ја одлежат во Косово. Харадинај рече дека Косово не треба и не смее да биде рамнодушно за судбината на своите граѓани и на нивните семејства. Тој гарантира дека нема да го изигра евентуалниот договор со македонските власти. 

Македонија | пред 6 години

deskoska-sekerinska

Дескоска за законот за ЈО: Има двајца од ВМРО-ДПМНЕ кои имаат потреба да си го мерат авторитетот со мене

Министерката за правда, Рената Дескоска преку својот профил на Фејсбук порача дека „постојат двајца од опозицијата, кои се залажуваат дека можат и знаат стручно да дебатираат“.„Има двајца од ВМРО-ДПМНЕ што имаат “опсесивна потреба” да “си го мерат својот авторитет” со мене. (Ниеден од нив не е Антонио Милошски или било кој друг од нивниот досегашен преговарачки тим – да нема забуна). Дали на тој начин мислат дека ќе добијат “експертски шмек” не знам, но очигледно е дека се залажуваат дека “можат и знаат стручно да дебатираат”.Бидејќи очигледно мојата вчерашна изјава за Планот Б внесе забуна во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, еве една постојна одредба од нашето позитивно право, која не е содржана во постојниот Закон за јавно обвинителство, во кој не се ни споменува именување на вршител на должност Републички јавен обвинител. А оваа одредба, која не е од 2/3-ски закон, веќе еднаш се примени во пракса и никој тоа не го оспори“, вели Дескоска.

Македонија | пред 6 години

ezerp-smrt3

Ова е езерото на смртта: Кога се стопи мразот, на виделина излегуваат слики кои ги збунуваат и научниците (ВИДЕО)

Езерото Рупкунд е сместено високо на Хималаите и на прв поглед изгледа како секое планинско езеро.Меѓутоа, ако го посетите кога ќе се стопи мразот и водата ќе се повлече, ќе ве дочека страотна глетка.Езерото и подрачјето околу него се преполни со човечки коски, поради што е наречено Езеро на скелетите или Езеро на смртта.Научниците со години се обидувале да одгатнат кои се луѓето чии остатоци се најдени и која била причината за нивната смрт. Новата ДНК анализа ги донела чекор поблиску до сознанието, но истовремено создала и нови загатки.Малечкото езеро е длабоко само два метра и главно е прекриено со мраз и со снег. Само понекогаш, кога доволно ќе се стопи, неговата смарагдна површина може накратко да се види.Кога планинскиот ренџер Мадвал поминал крај одмрзнатото езеро, се скаменил од страв бидејќи езерцето било полно со скелети. Од зелената вода ѕиркале коски од рацете и од нозете, а секаде наоколу пливале черепи.На брегот од езерото лежеле и коњски костури.Оттогаш за судбината на костурите кружеле разни теории, а повеќето експерти се согласиле дека ги убила некаква природна катастрофа.Меѓутоа, научниците неодамна дошле до поинаков заклучок.Анализирани се вкупно 38 костури, па се покажало дека некои од нив навистина имаатазиско потекло и дека умреле во периодот меѓу седмиот и десеттиот век, но се покажало и дека 14 костури им припаѓале на луѓе кои имале медитеранско потекло и кои умреле 1000 години подоцна.„Фактот дека костурите што ги пронајдовме потекнуваат од источниот дел на Медитеранот, особено од денешна Грција, покажува дека ова езеро не привлекувало само локалци, туку и луѓе од други краеви на светот. Тешко е да се поверува дека секое лице чиј костур се наоѓа во езерото умрело на ист начин“, рекол за Дејли мејл биологот Харнеј..Никој од 38-те луѓе чии костури биле анализирани не биле во сродство, а сите припаѓале на разллични периоди.

Магазин | пред 6 години

kontrola-na-letovi-960x540

Најплатени работни места во САД без факултетска диплома

За добра работа и висока плата не е доволна само факултетска диплома, некогаш таа и не е потребна.Агенцијата за вработување во САД објави статистика поврзана со просечната годишна заработувачка во државата.Резултатите, меѓутоа, покажуваат и кои професии можат да се работат со вишо образование, а некогаш се поисплатливи отколку со завршен факултет.Очекувано највисоки плати имаат докторите на наука, но и оние кои се вработени во здравствениот сектор, анестезиолози, специјалисти и хирурзи.Овие седум професии спаѓаат во добро платени занимања, кои во САД можат да се работат без факултетска диплома:1. Контрола на лет – просечна годишна заработувачка од 124.540 долари2. Радиолози – просечна годишна заработувачка од 80.570 долари3. Нуклеарни техничари – просечна годишна заработувачка од 80.370 долари4. Организатори на погреби – просечна годишна заработувачка од 78.040 долари5. Технолози по нуклеарна медицина – просечна годишна заработувачка од 75.660 долари6. Дентални хигиеничари – просечна годишна заработувачка од 74.070 долари7. Медицински оператори во дијагностика – просечна годишна заработувачка од 71.410 долари.

Магазин | пред 6 години

izjava-zaev.Still209

Боки 13 за неколку дена потрошил 180 илјади евра од парите на Камчев во странство

Непосредно по заминувањето со пленот од еден милион евра, еден од осомничените само за неколку дена во странство потрошил околу 180.000 евра. Се стега обрачот и околу други осомничени, објави Дојче Веле. Неофицијално, станува збор за Боки 13.Според информациите на Дојче Веле, можно е наскоро и други лица да бидат опфатени во истрагата што се води за случајот „Рекет“. Имено, станува збор за соработници на еден од осомничените, а чии имиња биле посочени во некои од досегашните сведочења за случајот.Засега нема одговор дали ова е можеби поврзано со исказот што пред една недела го дала пензионерката Лилјана Тодоровска, чија авторска идеја за изградба на Европски комплекс за возрасни лица била пласирана преку невладината организација „Меѓународен сојуз” на Бојан Јовановски.Врз основа на договор со организацијата, на Тодоровска на банкарска сметка ѝ биле префрлени 720.000 евра, кои по подигањето веднаш ѝ биле одземени од лица соработници на Јовановски. Откако случајот „Рекет“ ја извади на виделина и оваа епизода, Тодоровска за медиумите изјавуваше дека е ограбена.

Македонија | пред 6 години

krsto-saso

„Рекет“ е реалити шоу - а вадење пратеници од затвор и носење во Собрание да гласаат, не беше?, се вели на „Твитер“

Изјавата на Жбогар дека случајот „Рекет“ станал реалити шоу, наиде на лавина од коментари. Еден од нив се поврзува и со пратениците кои беа во затвор и враќани во Собрание да гласаат за промена на Уставот.„Евроамбасадорот Жбогар оцени дека случајот 'Рекет' е трансформиран во реалити шоу. А вадење и ставање пратеници во затвор, па во Собрание 10-тина пати по потреба за да гласаат за промена на името не беше реалити шоу, а? Ајмрш“, е еден од коментарите на „Твитер“

Коментари | пред 6 години

20190716011906

ВМРО ДПМНЕ: За Русковска важат двојни стандарди

Вилма Русковска  не го повикува Зоран Заев на распит за неговата инволвираност во рекетирањето, иако е посочен во досега собраните искази. За Вилма Русковска важат двојни стандарди. Исказ од сведок пред три месеци и беше доволен за да го обвини Митко Чавков и други лица за измислено дело тероризам, а сега Русковска кога станува збор за Зоран Заев кој треба да се најде на обвинителна клупа молчи, ја развлекува истрагата и ништо не презема, се вели во соопштението од СДСМ.Вилма Русковска наместо да ја развлекува истрагата и да ги брани политичарите од врвот на власта, треба да го повика Зоран Заев да даде исказ и да истражи зошто тој му кажал на Зоки Кичеец дека се пријавени и против нив се води истрага?Доколку Зоран Заев им помогнал на директните извршители во извршување на кривичното дело тој треба директно да одговара. Зоран Заев треба да одговори и како инстиуциите на системот повеќе од половина година не знаеле за милионскиот рекет кој се случува или можеби знаеле но по нечиј налог молчеле?Доколку во најбрз можен рок нема разрешница на случајот Рекет, што ќе значи и откривање на политичките помагатели се ќе биде само една огромна фарса.Со Зоран Заев на власт невозможно е да се очекува ефикасна и вистинса разврска на случајот Рекет. Потребни се брзи предвремени парламентарни избори. Потребна е обнова на Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

69360939_2396129630663486_9041101991408828416_n

ФОТО: Матка пред ДУИ и останатите шерифи

На социјалните мрежи е објавена фотографија од Матка пред неколку години со опис „Матка пред ДУИ и останатите шерифи“.Местото на фотографијата изгледа магично.Сега, состојбата одблизу изгледа вака:

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања