Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

filip-riker

По посетата на Хан, доаѓа Рикер

В.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, ќе дојде во Скопје следнат недела веднаш по посета на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.Неговите средби со државно-политичкиот врв на Северна Македонија се предвидени за 26 јули.

Македонија | пред 6 години

mickoski-3

Мицкоски: Слушнав дека Јанева има забрана за напуштање на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Битола изјави дека слушнал дека специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева имала забрана за напуштање на Македонија.-Слушнав разно-разни шпекулации дека Катица Јанева ја напуштила Македонија, дека Катица Јанева е во Македонија. Па денеска дека добив информација дека на сите гранични премини има знак С, што значи да се задржи, да не се пушти да ја напушти територијата, како да ви кажам – преседан за кој што навистина не постојат правни аргументи со кои може да се одбрани, рече тој.

Македонија | пред 6 години

mickoski-bitola-1

Мицкоски: Се потврдува дека постои директна спрега меѓу СДСМ и „Рускоска Обвинителството“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во Битола изјави дека премиерот Зоран Заев пропуштил да одржи државнички прес со државничко обраќање.Според Мицкоски, кај ВМРО ДПМНЕ се потврдуваат сомневањата дека постои директна спрега меѓу владејачката партија и како што рече „Рускоска Обвинителството“.-Ние во минатото зборувавме дека имаме исклучително корумпирано јавно обвинителство кое што е под палката на Катица Јанева и времето покажа дека нашите тврдења биле точни. Денес премиерот ги потврди нашите тврдења дека постои директна спрега меѓу владејачката партија и „Русковска обвинителството“. За жал денес премиерот пропушти да одржи државнички прес, со државничко обраќање до сите граѓани и заеднички да направиме чекор напред, изјави Мицкоски од Битола.Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на својот предлог закон за ЈО, чија основна цел ќе биде да се обезбеди правда за сите.Тој додаде дека има различни шпекулации за тоа каде се наоѓа специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, која и него како лидер на ВМРО -ДПМНЕ, го уценувала и барала поддршка на законот за јавно обвинителство во замена за одмрзнување на имотот на најголемата опозициона партија.„Денеска добив информации дека на сите гранични премини има знак „С“ што значи да се задржи, да не се пушти да ја напушти територијата, како да ви кажам преседан за кој што навистина не постојат правни аргументи со кои може да се одбрани“ рече Мицкоски.Инаку вечерва Христијан Мицкоски беше во Битола. Пред  партиското седиштето се одбележаа 29 години од формирањето на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола.

Македонија | пред 6 години

ruskovska-skopje1

Рускоска:Чест ми е да го водам новото ЈО, но за честитки е прерано

Јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Рускоска вели дека е чест што е предложена да го води новото Јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција, но смета дека е премногу рано за честитки.– Чест е во секој случај за кој било обвинител, така и за мене тоа што го предложи премиерот, но мислам дека е премногу рано и за честитки и за што било друго затоа што сепак тоа е Предлог-закон кој треба да оди во собраниска процедура. Може да има многу амандмани и не знаеме конечната верзија на тој закон како ќе излезе од Собранието. – вели Рускоска во интервју за емисијата „Код” што ќе се емитува во неделното издание, дел од кое беше пренесено вечерва во дневникот на ТВ Телма.

Македонија | пред 6 години

vasilevski

Зоран Фаци Василевски: Боки независно од се, ти имаш муда, 1тв стана мојот втор дом и таму останувам до крајот...

По скандалот кој се објави деновиве, а во кој е инволвиран сопственикот на 1ТВ Боки 13, новинарите и уредниците почнаа да го напуштаат „бродот кој тоне“.  Некои од нив гневни проговорија дека се повлекуваат, но има и такви кои одлучија да останат во телевизијата како што велат до крајот. Еден од нив е  Зоран Фаци Василевски кој на својот фејсбук профил напиша:„Чинам поминаа 9 години од затворањето на А1, мајке му како вчера да беше. Ете и душата си ја оставив таму. Магазинот Крема, забавните емисии Фаци и Ексклусиве, снимања,монтажи, печатење  насловни страни. Таа атмосфера никогаш нема да ја заборавам. По затворањето на телевизијата ми беше се празно. Тага. Јас ја сакам мојата професија и нормално тагував за мојата,а и ваша А1. Помина време,едно утро околу 10 часот добивам телефонски повик од Боки 13. Вака одприлика течесе разговорот" Можеби јас и ти не се сакаме, но никако неможам да ти ја оспорам професионалноста и познавањето на шоубизнисот. Те сакам во тимот на 1тв" ми рече Боки.  Ете ме мене веќе година и кусур во телевизијата која многу ме потсети на А1.  Истиот елан, истиот дух,  истата енергија, позитивни колеги, желни за работа. Но ова го посветувам за сите хејтери и разноразни гадости кои деновиве ги прочитав што на фб , што на порталите. Луѓе мои таму работат 60-тина луѓе кои  чесно си го вадат лебот. Имајте малку почит кон нив..П.СБоки независно од се, ти имаш муда, 1тв стана мојот втор дом и таму останувам до крајот...“, напиша Василевски.

Македонија | пред 6 години

pozar-bukovo

13 дена гори депонијата кај Буково, никој не реагира

13ти ден чади депонијата во Буково. Чадот зависно од правецот на ветерот се чувствува и во Охрид и тоа во ек на туристичката сезона. Во околните села е неиздржливо. Но, тоа се само села, нели, кому му е гајле што луѓето кои живеат таму се гушат во ужасен чад, полн со токсични супстанции? Никој не известува како се чувствуваат и што сè низ годиниве претрпеле луѓето поради депонијава Буково. Не се фактор. Но со една заедничка групна тужба ќе станат. Како и жителите на селата во близина на Дрисла, напишаа на својот фејсбук профил O2 Иницијатива.Над 700 камиони земја се истурени, периодов имаше силни врнежи, но депонијата и понатаму чади и општината не може да се справи со проблемот.Иако фирмата на советникот на ДУИ Нефи Усеини е задолжена за одржување на депонијата Буково, санирање и покривање со земја на депонијата, ангажирана е и друга помош, зошто механизацијата на Нефи ИК не била доволна.Се склучуваат договори со пари на граѓаните, со фирми кои не се способни да ја извршат работата за која се ангажирани, се формираат чуварски служби за 24ч надзор над депонијата кои не можат да вршат надзор ноќе поради страв од глутница кучиња. Ништо не функционира, ама пари се одлеваат. Пари од граѓаните.Пред две години ова време чадеше депонијата во Струга и премиерот Zoran Zaev во име на Владата ги понуди сите механизми и капацитети да ѝ помогне на општина Струга во решавање на проблемот. Понуди и финансиски да го помогнат набљудувањето на депонијата со камери, како и да финансираат 24 часовно обезбедување. Владата стоеше комплетно на располагање да помогне да се реши проблемот, додека не се најде трајно решение.Влада на Република Северна Македонија нека го направи истото со Буково сега. Општината очигледно не е во можност да се справи со запалената депонија веќе две недели. И под итно да се утврди нова локација за регионалната депонија. Време нема, препораката на УНЕСКО е Буково да се затвори до декември 2020.Скопје1.мк досег во неколку наврати информираше за пожарот во депонијата кај Буково. Но надлежните очигледно остануваат рамнодушни.Првиот пат пишувавме на 8 јули , кога всушност и започна пожарот,а вториот пат на 17 јули ...https://www.facebook.com/o2inicijativa/posts/2280091545441493

Македонија | пред 6 години

elen

На Галичица се гради Центар за репродукција на елени

Во Националниот Парк Галичица почна изградбата на репродуктивниот центар за елени. Центарот со големина од стоттина хектари ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци), а ќе биде опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници.“Проектот, вреден 340.000 евра, е дел од Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја", вредна 4,3 милиони евра, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање”,сооштија од Националниот паркНационалниот парк Галичица, во рамки на проектот спроведува и активности за подобрување на управувањето со планинските тревести екосистеми со цел нивно зачувување и запирање на процесот на сукцесија. 

Македонија | пред 6 години

toni-mihajlovski

Михајловски: Власта е врвниот криминал и корупција, рибата смрди од главата

Познатиот македонски актер Тони Михајловски кој воедно е и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил посвети статус во кој ги коментира случувањата околу случајот „Рекет“, во кој главни осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески.„Како што веќе реков, ова е само огномет кој треба да ни ги држи главите кренати нагоре и загледани во небото, за да не видиме што реално се случува долу на земјата. Таму кај што го живееме “животот за сите”.Целава лакрдија со сите главни ликови во неа треба да ги покрие трагите кои ќе докажат дека власта е врвниот криминал и корупција, и дека рибата смрди од главата’, пишува Михајловски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

faten2e

(ФОТО) Кај Рача - охридско, фатен стружанец со 50 килограми марихуана

Во координирана акција на Oддeлението за организиран криминал при МВР и СВР Охрид, на 18.7.2019 во 23:20 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на населбата Рача, сопрен е патнички автомобил, управуван од С.Л.(53 ) од Струга..Притоа, во багажниот простор, пронајдени се три патни торби со околу 50 килограми марихуана. С.Л. се обидел со автомобилот да избега, но бил приведен од полициските службеници. Во врска со овој случај, приведен е и С.И.(31) од Струга, кој управувал друг патнички автомобил. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид, против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава. 

Македонија | пред 6 години

kurti-640x427

Курти: Харадинај требаше да поднесе оставка многу порано

Лидерот на опозициското Движење „Самоопределување“ Албин Курти напиша на Фејсбук дека оставката на Рамуш Харадинај дошла со непотребно одложување и од погрешни причини.Тој констатира дека дошло време кога Харадинај морал да поднесе оставка од премиерската функција.– Харадинај требаше да поднесе оставка многу порано, на пример кога го смени својот став за разграничување со Црна Гора, кога си ја зголеми својата плата, кога именуваше управни одбори и вработуваше членови на своето семејство и на партиските колеги, кога на 13 декември 2018 година даде предлог за планот „Ахтисари плус“ за договор со Србија, кога го уништи буџетот, кога му се закануваше на Бљакај, кога се утврди дека делегацијата за разговори со Србија е неуставна, напиша Курти.

Свет | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_377935

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан во Перу, стотици евакуирани

Властите во Перу евакуираа повеќе стотици луѓе кои живеат во близина на вулканот Убинас, откако почнал да исфрла пепел.Националниот институт за цивилна заштита наредил евакуација на околу илјада луѓе во регионот Мокенгва, откако бил исфрлен пепел и до 25 километри околу вулканот поради две експлозии.Во градовите околу вулканот била откажана училишната настава, а на жителите им се поделени маски и очила како заштита од пепелот.Убинас е најактивниот вулкан во Перу.

Свет | пред 6 години

krazba

Истрага за извршена тешка кражба во Прилеп, од стан одзеле 15.200 евра и златен накит, во вредност од околу 1.300.000,00 денари

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека  заедно со засега непознато лице извршиле кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Осомничениот вечерта на 24 мај 2019 година, заедно со соизвршителот, провалил во стан во Прилеп со намера противправно да одземат предмети. Двајцата со погодно средство ја отклучиле вратата, влегле во внатрешноста и одзеле чанта во која имало 15.200 евра и златен накит, во вкупна вредност од околу 1.300.000,00 денари.По образложен предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка во Основниот суд Прилеп на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

пред 6 години

kasami-besa-88923893-696x443-1

И Касами бара предвремени избори

Претседателот на БЕСА, Билал Касами и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната средба се согласија дека и двете партии бараат предвремени парламентарни избори, како и дека заедно ќе се борат против актуелната власт.По средбата, БЕСА преку сооштение се согласи со ВМРО-ДПМНЕ дека актуелната власт не била способна да ја води државата.-Двете политички партии се усогласија дека актуелната влада нема капацитет да ги води најбитните евроинтегративни процеси, затоа неопходни се организирање на предвремени парламентарни избори. Двете страни се согласија вакви јавни средби да продолжат и во иднина, стои во соопштението од БЕСА.

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

Се врши увид на местото каде попладнево во сообраќајна несреќа се повредени 33 мигранти

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи  врши увид на местото викано Пржедски споменик, кој се наоѓа на потегот меѓу Демир Капија и Прилеп, каде попладнево се преврте комбе во кое биле превезувани мигранти.Според првичните информации, возачот, 24-годишен велешанец, ги превезувал мигрантите во комбе марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во сопственост на лице од Арачиново. Движејќи се на автопат од Гевгелија во правец кон Скопје, возачот забележал дека е следен од полициски службеници. Во обид да побегне, тој се префрлил на совозачкото седиште, ја отворил вратата и скокнал на автопатот додека возилото се движело. По инерција комбето продолжило да се движи следните 40 метри, а потоа се превртило и паднало во провалија со длабочина од 14 метри. Во несреќата со повреди се здобиле сите 33 патници мигранти, меѓу кои неколкумина се малолетници. Повредените, од кои дел со особено тешки повреди,  се пренесени со медицински екипи во најблиските здравствени установи во Неготино и Кавадарци.Возачот кој откако скокнал од возилото паднал во провалија се здобил со тешки телесни повреди и поради нивната сериозност е пренесен на скопските клиники.Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во континуитет ги презема потребните дејствија за целосно расчистување на настанот.​

пред 6 години

taci-696x413

Тачи: Јас верувам во чистата борба на Ослободителната војска на Косово

По повод оставката на Харадинај од функцијата претседател на Владата на Косово поради поканата од Специјалниот суд во Хаг, Косовскиот претседател Хашим Тачи на својот Фејсбук напиша дека, како претседател на државата, ќе дејствува согласно неговите уставни и законски надлежности. Косовскиот претседател изрази уверување дека борбата на Ослободителната војска на Косово (ОВК), чиј еден од командантите беше Харадинај, „не може да биде извалкана од никого“.– Јас ја почитувам одлуката (на Харадинај) и како претседател на Република Косово ве уверувам дека ќе дејствувам врз основа на моите уставни и законски надлежности, за што граѓаните на Косово ќе бидат запознаени на време. Јас верувам во чистата борба на ОВК и верувам во високите морални вредности на борците за слобода. Ниту на вредностите на нашата слобода, ниту на борбата на ОВК никој не може да им наштети, порача Тачи.

Свет | пред 6 години

mkd-429293

(ВИДЕО) Иран дематира дека САД собориле дрон

По тврдењата на САД дека собориле дрон на Иран, се огласи Техеран и тврди дека не изгубиле ниту едно беспилотно летало над теснецот Хормус. Иранската револуционерна гарда објави видеоснимка на која е опфатен периодот откако наводно е уништен дронот.САД можеби собориле „еден од нивните“ дронови, рече заменик-министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, тврдења на САД со кој го осудија Иран поради губење на едно беспилотно летало.„Мислам дека американскиот воен боксер уништи еден од своите беспилотни летала“, напиша ирански шеф на дипломатија на Твитер на англиски јазик, осврнувајќи се на инцидентот во кој, според американскиот претседател Доналд Трамп, еден американски брод урнал иранско беспилотни летала.„Ние не изгубивме ниту едно беспилотно летало над  Хормус, или нешто друго“, додаде заменик министерот за надворешни работи на Иран.Пентагон го потврди инцидентот. Според нив едно беспилотно летало било уништено.

Свет | пред 6 години

iran

САД тврди дека собориле иранско беспилотно летално

Американските Соединети Држави тврдат дека собориле иранско беспилотно летално. Претседателот Доналд Трамп, изјави дека американски разорувач соборил еден ирански дрон во Ормутскиот Теснец меѓу Оман и Иран, кој го спојува Персискиот со Оманскиот Залив.Американскиот претседател изјави дека се работи за уште една непријателска акција од страна на Иран и ги повика останатите земји да ги осудат, Трамп тврди дека дронот е соборен во одбранбена акција, откако беспилотното летало се доближило на помалку од еден километар до американскиот разорувач „Боксер“ и не одговарало на повиците за да се повлече.Инаку, Иран негира дека тоа се случило.

Свет | пред 6 години

Potochari-1-640x412

Холандија е делумно одговорна за убиствата во Сребреница

Холандската влада соопшти дека ја прифаќа одлуката на Врховниот суд на Кралството Холандија дека земјата е делумно одговорна за смртта на 350 муслимани во 1995 година на подрачјето на Сребреница во Босна и Херцеговина.„Владата ја прифаќа одлуката на Врховниот суд. Државата со тоа ја прифаќа штетата што ја утврди судот“, се наведува во соопштението на холандското Министерство за одбрана, пренесе „Ројтерс“.Жртвите од Сребреница, за кои е одговорна Холандија, биле протерани од холандскиот ОН-баталјон на 13 јули 1995 година по што биле ликвидирани во геноцидот. Според пресудата, Холандија мора да им исплати надоместок на семејствата на жртвите.

Свет | пред 6 години

auto_teuta-arifi_1507805030-34107451507806751

АА: Владата на Норвешка започна истрага за злоупотреба на пари од Теута Арифи

Тетовскиот огранок на Алијансата на Албанците преку прес-конференција упати обвинувања до Општина Тетово до Владата дека „правеле злоупотреба на средствата на норвешката Влада за расчитување на старата тетовска депонија“, каде денеска теренска посета извршија вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, тетовската градоначалничка Теута Арифи и првиот секретар на Амбасадата на Норвешка, Гир Јохансен, објави netpress.com.mk .Според претседателот на огранокот на Алијансата на Албанците во Тетово, Алтрим Мамути, отпадот од Фалише не се носи во Дрисла.– За жал нашите информации зборуваат дека отпадоците завршуваат во дупки кои се отвараат во полошките полиња, за да се избегне плаќањето во депонијата Дрисла. Со овој чин од една страна се злоупотребуваат средствата, а од друга страна се загадува животната околина. Нашите информации кажуваат дека Владата на Норвешка побарала од нашата Влада, по конкретно од нашиот премиер и од секретарот на Владата и од министерот за животна средина да ги инспектира работите на терен. За жал досега немаат превземено ништо до сега во оваа насока, изјави на прес-конференција Мамути.Тој додаде дека норвешката Влада започнала истрага.– Ние имаме информации дека проектот за чистење на одводните води во село Фалише, а кој проект се подржува од норвешката Влада е три милиони евра. Проектот се организира од УНОПС-Норвешка и сега освен набљудувачите од Норвешка имаме и комисија составена од пет члена кои го истражуваат овој проект. Нивната грижа се одобрените три милиона евра во горенаведената локација се за отстранување на отпадоците кои треба да завршат во депонијата Дрисла, рече Мамути.Од Општина Тетово соопштија дека сите информации околу проектот се веќе објавени на настанот на кој беше присутен и прв секретар на Амбасадата на Норвешка, Геир Јохансен.

Македонија | пред 6 години

Kruz

(ВИДЕО) Објавен трејлерот за „Топ ган: Маверик“ со Том Круз

Том Круз (57) се појави во четвртокот на Коник-кон за да го прикаже првиот трејлер од долгоочекуваното продолжение на  „Топ ган“.„Топ ган: Маверик“ треба да почне да се прикажува во јуни 2020 година, а воениот пилот на Круз повторно ќе се појави по 30 години од прикажувањето на оригиналниот филм што го претвори американскиот актер во светска ѕвезда.Во инсертот се појавува Круз облечен во гламурозната кожена јакна на Пит Мичел (Маверик) додека се трка на мотоцикл и управува со борбен авион летајќи низ тесен кањон исполнет со снег.Во продолжението учествуваат актерите Мајлс Телер како син на пилотот Гус, кој го играше Ентони Едвардс и кој беше убиен за време на вежба во првиот филм.Во филмот „Топ ган: Маверик“ глумат и Џон Хам, Ед Харис и Вал Килмер, повторно во улогата на ривалот на Маверик, Ајсмен.

Магазин | пред 6 години

grceva-glas-za-makedonija

Глас за Македонија: За ваква мега афера, најсоодветно е целата Влада да си даде оставка

Најновата мега афера со рекет во кој се вклучени медиумски тајкуни, јавни личности, пратеници од владејачкото мнозинство, а постојат индиции дека СЈО е институцијата која ги давала материјалите за остварување на сопствена корист, е дефинитивно дното кое го достигна оваа власт. Никакви одбрани од новинари блиски до власта, кои сега Заев го прават борец против корупцијата, веќе не фаќаат корен. Јавноста едноставно е свесна, дека корупцијата е длабоко навлезена во највисоките ешалони на власта, велат од Глас за Македонија.„Ваквото СЈО на чие чело до вчера беше Катица Јанева, за која постојат сомневања дека е директен учесник во рекетот на “бизнисмени“, е сосема компромитирано и како такво не смее повеќе да фрла прашина дека работи на исправање на неправдата. Тоа обвинителство се зафаќаше со неважни предмети, делеше притвори од ракав, и со леснотија  ги укинуваше на одбрани луѓе. Впрочем, тоа е истото обвинителство кое молчеше кога пред очите им се случуваше непотизам во самата институција. Се вработуваа внуци, пријатели, синови и ќерки на “наши луѓе“. Предметите и материјалите мораат да бидат веднаш предадени во редовното ЈО.Предупредуваме, сега одеднаш и преку ноќ,  уценетите “бизнисмени“ да не се прикажуваат како жртви. Да, тие биле жртви на рекет, но постапките против нивните незаконски активности мораат да продолжат. Украдените пари, ако тоа се докаже, мораат да завршат во буџетот. Глас за Македонија бара итно воспоставување на правна држава, а сите инволвирани во овој случај, неселективно  да завршат со судски пресуди. За ваква мега афера, најсоодветно е целата Влада да си даде оставка и да се распишат итно предвремени парламентарни избори. За ова што сега им се случува, не постојат олеснителни околности. Точно поради овој висок тип на корупција, ЕУ нема да ни додели датум за преговори. Од Европска Македонија, остана само Искрадена Македонија“, се вели во соопштението.

пред 6 години

znm

ЗНМ го осудува односот на дисциплинската комисија на МОН кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осуди односот на вработените во Министерството за образование и наука и членовите на дисциплинската комисија кон новинарите кои сакале да ја следат денешната седница на која комисијата требаше да расправа за инспекторот Ѓорѓи Илиевски.Против него е покрената дисциплинска постапка откако тој соопшти информации за незаконско унапредување во научни звања на сегашни владини функционери од редовите на ДУИ.– Присуството на новинарите и на јавноста на седници од овој тип е од исклучителна важност за обезбедување фер и правична постапка, особено кога се работи за предмет кој е од интерес за пошироката јавност. Омаловажување и непочитување на новинарите кои се на работна задача е недопустливо во една демократска држава, бидејќи новинарите се очите и гласот на јавноста. Според новинарот Васко Маглешов, кој се обидел да присуствува на седницата, на новинарите освен што не им било дозволено да присуствуваат на самата седница, им било наложено и да ја напуштат зградата. Притоа, претседателката на Комисијата тоа го направила на своја рака, без да наведе кој закон и го дозволува тоа, наведува ЗНМ во реакцијата.Здружението го повика министерот за образование и наука Арбер Адеми јавно да каже врз основа на кој закон, подзаконски акт или правилник е донесена одлука од страна на дисциплинската комисија за исклучување на јавноста од денешната седница.– Исто така, очекуваме од него, да поведе постапка против членовите на Комисијата доколку постапиле спротивно на правилниците за работа и излегле надвор од нивните овластувања, додава ЗНМ.

Македонија | пред 6 години

zrenjanin-nesreka

(ВИДЕО) Во Зрењанин, автомобил влета во кафуле

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во Зрењанин. Во полицијата е потврдено дека сообраќајката се случила околу 7.10 часот. Во несреќата учествувале две возила, објави порталот „ Зрењанински “. Во несреќата едното возило изгубил контрола и влетал во автомобилот во блиското кафуле.Во утринскиот судир повредени се три лица.

Свет | пред 6 години

migranti_kola

Истрага и притвор за криумчарење на 18 мигранти меѓу кои и четири деца

Поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Криумчарење мигранти од член 418-б став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, македонски државјанин.Осомничениот прифатил и превезувал 18 илегални мигранти меѓу кои четири деца во патничко моторно возило марка „CHRYSLER“. На патниот правец Велес – Скопје, во непосредна близина на мостот на реката Пчиња, осомничениот на светлосните и звучни сигнали од страна на полициски службеници, не го запрел возилото, туку продолжил да се движи кон наплатната рампа Петровец со голема брзина. Во еден момент пред рампата полукружно го свртел возилото и се упатил во правец на с.Петровец, а од таму движејќи се по регионалниот пат кон с.Катланово. Пред влезот во селото, на надвозникот удрил во патничко моторно возило што се доаѓало од спротивната насока и предизвикал сообраќајна незгода. Од страна на полициските службеници осомничениот е лишен од слобода, а во возилото биле затекнати мигрантите.Поради постоење на реална опасност доколку се брани од слобода осомничениот да се крие или да побегне за да ја избегне кривичната одговорност, како и стравот дека ќе ја попречува истрагата односно ќе биде во можност да влијае врз сведоците, а воедно имајќи го предвид фактот дека е специјален повратник и извршител на други кривични дела, надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.​

пред 6 години

h_55350522

Човекот кој го запали студиото во Јапонија е ментално болен

Осомничениот за подметнување пожар во студиото за анимации, при што загинаа 33 луѓе, во едно од најлошите масовни убиства во последните 20 години во Јапонија, претходно бил осуден за кражба и бил на лекување поради ментална болест, пренесе телевизијата НХК.Полицијата го идентификувала како 41-годишен Шињи Аоба, осуден на 3 и пол години затворска казна поради кражба во 2012 година.Откако бил пуштен од затвор, Аоба некое време поминал во установа за поранешни затвореници. Примал и лекови за ментална болест.Аобе вчера влегол во трикатната зграда извикувајќи – Умрете!, тврдејќи дека бил плагиран, по што го полил студиото со запаллива течност, најверојатно бензин и го запалил.Во пожарот загинаа 33 луѓе, а 10 се во критична состојба, објавија властите во Токио. Како што се наведува, тој го планирал нападот. Тој изгледал незадоволно, луто, викал нешто дека бил плагиран, рекла некоја жена која била присутна на местото кога полицијата го привела напаѓачот.Осомничениот немал никаква врска со студиото „Кјото анимејшн“, а на неговата возачка дозвола е впишана адреса во Саитам, северно предградие на Токио. Кога го уапсила полиција рекол: „Јас го направив тоа“, и додал дека го подметнал пожарот бидејќи студиото му го украло романот.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања