Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

vucic-111

Вучиќ: Оставката на Харадинај е политички трик за популарност

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се обрати по повод оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и евентуалните импликации од таквиот потег.– Ја разбираме радоста, не сакам да кажам еден вид задоволство поради тоа што Харадинај е повикан во Хаг. Сметам дека нема причина за еуфорија бидејќи ги согледуваме сите факти и последици по тој чин, а посебно како ќе се однесуваат и Албанците и меѓународната заедница кон Србија и нејзиниот народ, истакна Вучиќ.Според него, „оставката на Харадинај е политички трик, за да добие популарност”, и предвидува дека Харадинај ќе биде пуштен за 48 часа и ќе се врати како голем албански херој.

Свет | пред 6 години

staic

Бизнисменот Стајиќ јавно обелодени дека и тој бил рекетиран

Бизнисменот Владимир Стајиќ, сопственик на компанијата “Супертрејд”, јавно, на Фејсбук, обелодени дека  и тој бил рекетиран од еден од двајцата осомничени во случајот “Рекет”,  пренесе ПлусИнфо.Стајиќ вели дека неговата компанија постои од 1991 година како успешен семеен бизнис и е во негова стопроцентна сопственост. Тој ги отфрла сите шпекулации за било каква бизнис поврзаност, за што се шпекулирало, како што вели, во нарачани текстови.Стаиќ очекува надлежните органи да постапат според законот и против сопствениците на некои портали и против некои новинари, кои се однесуваат на ист начин како и осомничените во аферата “Рекет”.Фото: ФБ профил на Владимир Стајиќ 

Македонија | пред 6 години

policija

Над 200 возачи санкционирани за брзо возење и алкохол

На 19/20.07.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциски контроли за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, за контрола на брзина на движење на моторни возила, за санкционирање на возачи кои вршат неправилно престигнување.Во периодот од 23.00 часот на 19.07.2019 до 05.00 часот на 20.07.2019, при контролата за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, кај 17 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека тројца возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Сите 20 возачи се исклучени од сообраќај и се одземени возачките дозволи.  Откриени се и 35 останати прекршоци за кои се издадени 15 мандатни платни налози и 20 прекршочни платни налози.Во периодот од 06.00 до 24.00 часот, при контролата за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 27 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 27 мерки против нив, а откриени се и 50 останати прекршоци, за кои се издадени 32 прекршочни платни налози  и 18 мандатни платни налози.На 19.07.2019 откриени се и осум возачи кои вршат престигнување на недозволено место. На сите им се издадени прекршочни платни налози, а откриени се и 32 останати прекршоци за кои се издадени пет прекршочни платни налози и 27 мандатни платни налози.Во периодот од 10.00 до 14.00 часот на 19.07.2019 откриени се 61 прекршоци кои се соодветно санкционирани. 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Дали приходите на 1ТВ се доволни за да функционира телевизијата?

Во 2018 година вкупните приходи на 1ТВ изнесувале 39,232 милиони денари (околу 637 илјади евра), а приходите од рекламирање 33,944 милиони денари (околу 550 илјади евра), се вели во одговорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на прашањето на MKD.мк за приходите на одделни телевизии.Во Македонија приходите на националните телевизии се движат од 100 до 600 милиони денари. Споредбата со приходите на 1ТВ покажува дека лани оваа телевизија легално инкасирала три пати помалку од, во приходи, најслабата телевизија.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 6 години

policija-traka

Бомбата во Прилеп немала експлозивно полнење

На 19.07.2019 околу 23.10 часот во угостителски објект  во Прилеп била пронајдена школска бомба која нема експлозивно полнење. Веднаш биле преземени соодветни  мерки и таа била подигната од местото.Нема повредени лица и материјална штета. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

paridenari1

Ресенчанец наместо да ги уплати на сметка на Здружението, парите си ги задржал за себе

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Б.(62) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.Во текот на 2017 и 2018,  пријавениот во својство на секретар и вработен во Здружението на ловци „Преспа“ од Ресен, во повеќе наврати за себе прибавил противправна имотна корист, на начин што собраните парични средства не ги уплатил на сметка на Здружението, со што нанел материјална штета во износ од 129.900 денари.

Македонија | пред 6 години

puska

Фатен Албанец кој ловел на Галичица

На 19.07.2019 година во 00.10 часот во Полициската станица Охрид бил приведен и задржан Н.Х.Л. од Република Албанија.Тој бил фатен при незаконит лов на 18.07.2019 на планината Галичица, на место викано „Војтино“, на територијата на РМ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Се преврте возило со 34 мигранти, четири лица со тешки повреди

На 19.07.2019 година околу 17.00 часот на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано „Прждевски споменик“, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое имало 34 мигранти од Авганистан.Возилото не застанало и продолжило со движење, по што изгубило контрола и се превртело. Во незгодата со тешки  телесни повреди се здобил возачот  Д.И.(24) од с.Сопот, велешко и тројца мигранти, додека останатите мигранти се здобиле со телесни повреди.На сите повредени им била укажана помош во околните болници. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино.

пред 6 години

bomba

Бомбата фрлена за време на Пивофест во локален кафич ќе се вештачи

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид во кафе бар "Кафе Ин" каде вчера вечерта околу 23.30 часот во саксија за цвеќе беше пронајден предмет, налик на бомба.Во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита, првично е утврдено дека предметот е бомба која е по наредба на јавен обвинител е подигната, обезбедена и испратена на вештачење.Истовремено, издадени се насоки и наредби за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 години

PrtScr-capture_4

Заев: До крајот на мандатот на оваа Влада, просечната плата ќе биде 30.000 денари

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави статус во кој напиша дека до крајот на мандатот на оваа влада просечната плата ќе се искачи на 30.000 денари.„Просечната плата од месец во месец продолжува да расте!Економската година ги дава резултатите, а граѓаните ги чувствуваат ефектите. Продолжуваме и не застануваме, до крајот на мандатот на оваа Влада, просечната плата да биде 30.000 денари“, напиша Заев.

Македонија | пред 6 години

SJO

Објавен новиот предлог-закон: СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во: „Јавно обвинителство за гонење криминал и висока корупција“, објави.Од министерството појаснуваат дека надлежностите од двете постојни јавни обвинителства преминуваат во новоформираното Јавно обвинителство, кое продолжува да ги води започнатите постапки во фазата во која се преземени. Воедно, како што се додава, се обезбедува континуитет во функционирањето: Обвинителите и истражителите кои работеле досега, ќе продолжат да ја вршат својата работа во ова обвинителство.Јавното обвинителство за гонење криминал и висока корупција ќе биде надлежно за најсложените форми на организиран криминал и висока корупција, позната како корупција на белите јаки. Така се дефинирани и неговите надлежности како здружување од надлежностите на двете постојни јавни обвинителства.Клучната гаранција, додава Министерството за правда, е финансиската независност која претставува основниот столб и предуслов за независност на секоја институција, па и на Јавното обвинителство.Висината на средствата за работа на ова Јавно обвинителство се утврдува врз основа на предлог Буџет и финансиски план на Шефот на ова Јавно обвинителство, кој го доставува до Јавниот обвинител и Министерството за финансии. Овој предлог, Шефот на обвинителството го изготвува земајќи го во предвид буџетот за претходната година во консултација со Јавниот обвинител на РСМ.Понатаму, според предлог-законот, Владата и Собранието не можат да го менуваат предложениот финансиски план и се должни да ја обезбедат финансиски средства за непречена работа. Исто така, ова обвинителство може да поднесе и дополнителни барања за финансирање за зголемени активности на работа.Платата на шефот на ова Јавно обвинителство, како што се предлага во законот, се утврдува на износ од 5проценти помала плата од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, а платата на Јавните обвинители во ова обвинителство е во висина на плата на Шеф на раководител на вишо јавно обвинителство.Од министерството предлагаат и додатоци на Јавните обвинители за посебните услови за работа за постоење на висок ризик и за доверливост, како и за додатоци на плата за истражители, како едно од најзначајните алки за успешно спроведување на кривичните постапки.Со законот е зајакната и личната независност на јавните обвинители и предвидена е гаранција согласно која јавните обвинители од ова јавно обвинителство не може да бидат времено упатувани да вршат јавнообвинителска функција во други јавни обвинителства. Значајна гаранција е дека Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, без согласност од Јавниот обвинител на Јавното обвинителство за гонење на криминал и висока корупција, не може да преземе кривично гонење или вршење одредени работи за кои е надлежно ова обвинителство, ниту пак да овласти друго Јавно обвинителство да води постапки за предмети за кои е надлежно ова Јавно обвинителство. Од ова правило, постои само еден исклучок, а тоа е доколку при надзорот се утврди дека јавнообвинителската функција не се врши согласно роковите утврдени со Законот за кривичната постапка.Значајна гаранција во постапувањето на ова Јавно обвинителство е одредбата согласно која Jавниот обвинител самостојно ќе бара меѓународна правна помош и соработка за прашања што се од негова надлежност, а не постапката да се води преку повисокото обвинителство.Во однос на функционирањето на ова обвинителство, значајна е одредбата дека Јавниот обвинител на ова обвинителство дава предлог за бројот на јавните обвинители во ова обвинителство, и тоа во зависност од потребите, сложеноста и обемот на работа. Крајната одлука за ова ја донесува Советот на Јавните обвинители.Имајќи ја предвид сложеноста на работите коишто ги врши ова обвинителство, предвидени се гаранции за раководителот на обвинителството, по завршувањето на неговиот мандат.Министерството вели дека гаранции во законот се предвидени и во однос на постапката за разрешување на Јавниот обвинител на ова Јавно обвинителство за да се избегнат сите можни влијанија во неговата работа.„Вградивме одредба согласно која, првиот човек на ова Јавно обвинителство може да се разреши единствено со двотретинско мнозинство од вкупниот број членови на Советот на Јавните обвинители. Со преодните одредби, предвидуваме законот да отпочне да се применува на 15 септември“, велат од Министерството за правда.Преодните одредби во овој закон ги решаваат и прашањата за постојните избрани јавни обвинители. Шефот и јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење криминал и корупција продолжуваат да ја вршат својата функција во новоформираното Јавно обвинителство, до завршување на маднатот.Исто така и јавните обвинители во постојното СЈО продолжуваат да ја вршат својата функција како јавни обвинители во новоформираното јавно обвинителство.Постојните вработени и истражители во постојните обвинителства преминуваат во новоформираното обвинителство, како и архивата, материјалните средства и опремата.Министерството за правда го испраќа овој закон во владина процедура и се очекува истиот влезе во собраниска процедура следната недела.

Македонија | пред 6 години

Meta-në-Kuvend-jpg-701x421

Мета: Горд сум на Харадинај и убеден во неговата невиност

По неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај реагираше и албанскиот претседател Илир Мета.Преку објава на Фејсбук Мета изрази убеденост во невиноста на Харадинај и нагласи дека „не постои притисок кој може да го скрши државникот и национален херој”.– Горд сум на Рамуш Харадинај и убеден во неговата невиност. Не постои притисок кој може да го скрши државникот и народен херој. Од денеска сите треба да спиеме помалку, да се загрижиме повеќе и посилно да се обединиме Косово и нашиот регион да не бидат под закана на мирот, безбедноста и европската иднина, напиша Мета.

Свет | пред 6 години

bomba

Во центарот на Прилеп синоќа, пред настапот на Цеца подметната бомба

Бомба подметната доцна синоќа во центарот на Прилеп. Ова се случило пред самиот настап на Цеца, на стотина метри од бината, објави Канал 5.Бомбата била поставена пред полноќ а немало никаков прекин на програмата на Пивофест бидејќи организаторите се обидувале да го подзаскријат целиов настан од останатите посетители за да не се добие впечаток на страв и несигурност.Текстот во целост на: Канал 5

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Министерство за правда го објави текстот на Предлог законот за Јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во:„Јавно обвинителство за гонење криминал и висока корупција“.Надлежностите од двете постојни јавни обвинителства преминуваат во новоформираното Јавно обвинителство, кое продолжува да ги води започнатите постапки во фазата во која се преземени. Воедно, се обезбедува континуитет во функционирањето: Обвинителите и истражителите кои работеле досега, ќе продолжат да ја вршат својата работа во ова обвинителство.Јавното обвинителство за гонење криминал и висока корупција ќе биде надлежно за најсложените форми на организиран криминал и висока корупција, позната како корупција на белите јаки. Така се дефинирани и неговите надлежности како здружување од надлежностите на двете постојни јавни обвинителства.Клучната гаранција е финансиската независност која претставува основниот столб и предуслов за независност на секоја институција, па и на Јавното обвинителство.•Висината на средствата за работа на ова Јавно обвинителство се утврдува врз основа на предлог Буџет и финансиски план на Шефот на ова Јавно обвинителство, кој го доставува до Јавниот обвинител на РСМ и Министерството за финансии. Овој предлог, Шефот на обвинителството го изготвува земајќи го во предвид буџетот за претходната година во консултација со Јавниот обвинител на РСМ.•Владата на РСМ и Собранието не можат да го менуваат предложениот финансиски план и се должни да ја обезбедат финансиски средства за непречена работа. Исто така, ова обвинителство може да поднесе и дополнителни барања за финансирање за зголемени активности на работа.•Платата на шефот на ова Јавно обвинителство се утврдува на износ од 5% помала плата од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, а платата на Јавните обвинители во ова обвинителство е во висина на плата на Шеф на раководител на вишо јавно обвинителство.•Предлагаме и додатоци на Јавните обвинители за посебните услови за работа за постоење на висок ризик и за доверливост, како и за додатоци на плата за истражители, како едно од најзначајните алки за успешно спроведување на кривичните постапки.Со законот е зајакната и личната независност на јавните обвинители и  предвидена е гаранција согласно која јавните обвинители од ова јавно обвинителство не може да бидат времено упатувани да вршат јавнообвинителска функција во други јавни обвинителства.Значајна гаранција е дека Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, без согласност од Јавниот обвинител на Јавното обвинителство за гонење на криминал и висока корупција, не може да преземе кривично гонење или вршење одредени работи за кои е надлежно ова обвинителство, ниту пак да овласти друго Јавно обвинителство да води постапки за предмети за кои е надлежно ова Јавно обвинителство.Од ова правило, постои само еден исклучок, а тоа е доколку при надзорот се утврди дека јавнообвинителската функција не се врши согласно роковите утврдени со Законот за кривичната постапка.Значајна гаранција во постапувањето на ова Јавно обвинителство е одредбата согласно која Jавниот обвинител самостојно ќе бара меѓународна правна помош и соработка за прашања што се од негова надлежност, а не постапката да се води преку повисокото обвинителство.Во однос на функционирањето на ова обвинителство, значајна е одредбата дека Јавниот обвинител на ова обвинителство дава предлог за бројот на јавните обвинители во ова обвинителство, и тоа во зависност од потребите, сложеноста и обемот на работа. Секако, крајната одлука за ова ја донесува Советот на Јавните обвинители.Имајќи ја предвид сложеноста на работите коишто ги врши ова обвинителство, предвидени се гаранции за раководителот на обвинителството, по завршувањето на неговиот мандат.Гаранции во законот се предвидени и во однос на постапката за разрешување на Јавниот обвинител на ова Јавно обвинителство за да се избегнат сите можни влијанија во неговата работа. Вградивме одредба согласно која, првиот човек на ова Јавно обвинителство може да се разреши единствено со двотретинско мнозинство од вкупниот број членови на Советот на Јавните обвинители.Со преодните одредби, предвидуваме законот да отпочне да се применува на 15 септември.Постојното СЈО и Основно јавно обвинителство за гонење криминал и корупција се здружуваат во новото Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Со тоа, надлежностите од двете постојни јавни обвинителства преминуваат во новоформираното Јавно обвинителство, кое продолжува да ги води започнатите постапки во фазата во која се преземени.Во овој закон, се обезбедува континуитет во функционирањето: Обвинителите и истражителите кои работеле досега, ќе продолжат да ја вршат својата работа.Преодните одредби во овој закон ги решаваат и прашањата за постојните избрани јавни обвинители. Шефот и јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење криминал и корупција продолжуваат да ја вршат својата функција во новоформираното Јавно обвинителство, до завршување на маднатот.Исто така и јавните обвинители во постојното СЈО продолжуваат да ја вршат својата функција како јавни обвинители во новоформираното јавно обвинителство.Постојните вработени и истражители во постојните обвинителства преминуваат во новоформираното обвинителство, како и архивата, материјалните средства и опремата.

пред 6 години

izrael

Во Израел забележана е највисоката температура во историјата на земјата

Израелскиот метеоролошки завод соопшти дека температурите во Израел во средата достигнале рекордно ниво и што е досега највисоката измерена температура било кога во земјата. Беа измерени неверојатни 49,9 Целзиусови степени, пренесуваат израелските медиуми. Највисоката температура забележана на територијата на денешен Израел изнесувала 54 Целзиусови степени во 1942-ра година на северот на Долината Јордан.https://twitter.com/DJFleming1945/status/1151814322835902464?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1151814322835902464&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F313688%2Ftoplotniot-bran-go-dostigna-vrvot-zabelezana-e-najvisokata-temperatura-vo-istorijata-na-izraelНо и Вашингтон деновиве Топлотен бран. Се очекува температурата  да достигне 43,3 степени целзиусовиТемпературите на Североистокот и Средниот Запад се веќе високи и се очекува да се искачат до рекордни бројки за време на викендот. Луѓето се предупредени да останат хидрирани.Повеќе од 87 милиони Американци живеат во области каде се најавуваат рекордни температури.Температурата во Вашингтон, главниот град на државата, се очекува да достигне 43,3 степени целзиусови.Метеоролозите велат дека за кратко време во Вашингтон ќе биде исто толку жешко како во Долината на смртта во Калифорнија.

Свет | пред 6 години

ruskoska

Еве каков имот пријавила Русковска

За Шефицата Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, Вилма Русковска на веб страната на Државната комисија за корупција може да се најдат два анкетни листа, кога станала јавен обвинител и основен јавен обвинител во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, пишува ЕмагазинСпоред анкетниот лист кога станала јавен обвинител на свое име пријавено куќа за одмор во Скопје, од 50 метри квадратни, проценета на 410 илјади денари и стан, исто во Скопје од 79,9 метри квадратни, проценет на 1,9 милиони денари.Целиот текст прочитајте го тука

Македонија | пред 6 години

katitsa-janeva

ВМРО-ДПМНЕ: Кики и Фрики се уште се на слобода, а Јанева веќе 5 дена ја нема никаде

Се што допре Зоран Заев го претвори во пепел. Неговиот криминоген карактер за три години ја уништи, државата, институциите и сите проекти до кои се докопа заедно со своите крими соработници. Наместо неселективен и ефикасен орган на прогон, СЈО го претворија во партиска испостава која служи за заплашување на противниците на Заев и собирање на рекет за лично богатење, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Зоран Заев, главата на политичко-медиумско-судско-криминален октопод нема веќе морално право да говори за закони и да предлага решенија.Случајот ,,Рекет’’ од ден во ден добива нова криминална димензија, а се погласни се гласините дека во него се вмешани и други високи функционери од власта.Кики и Фрики од рекетарската приказна објавена во медиумите се уште се на слобода, а Заев ги крие велејќи дека не постоеле.Никој во Македонија не верува дека ваков криминален октопод може да постои без знаење на Заев. Уште помалку граѓаните веруваат дека човекот кој три пати е амнестиран за криминал, Зоран Заев не е вмешан во оваа рекетарска афера.Катица Јанева веќе 5 ден по ред ја нема никаде, а само ден откако се обелодени овој рекетарски политичко-судско-медиумски октопод таа замина на боледување. Никој во Македонија повеќе не и верува на Јанева. Надлежните мора да истражат и да испитаат дали таа го фалсификува и злоупотребува своето боледување. Дали таа зема плата за да седи дома?Вистината за случајот Рекет мора да се обелодени. Јавноста мора да знае какоКатица Јанева е вмешана во овој криминално рекетарски случај.СДСМ ја погреба правната држава, СЈО, Рускоска обвинителството и Кацарска судството ја урнисаа надежта дека во Република Македонија може да има правда со Заев на власт.Право и правда мора да има, и ќе има. Судот и обвинителството мора да се ослободат од стегите на власта. Доколку тоа не се случи, правда ќе има кога Зоран Заев ќе си замине, а тогаш ќе одговараат сите оние кои сториле криминал, како и сите оние кои се ставиле во функција на заштита на истиот“, се вели во соопштението.

пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мицкоски побегна од лидерска но од правда нема бегање

Мицкоски не успеа.Побегна од лидерска средба но нема бегање од правдата.СДСМ докажа дека за нас криминалот не познава партиски и бескомпромисно сме за борба против криминалот и корупцијата, се вели во соопштението од СДСМ.Затоа, како што најави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, идната недела до Собранието на Република Северна Македонија Владата ќе предложи нов текст на Законот за Јавно Обвинителство.Специјалното Јавно Обвинителство се интегрира со досегашното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и добива нов назив.Сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжи и ќе ги застапува пред надлежните судови новото ЈО.Тоа е во интерес на граѓаните и државата.Нема одбрана на криминалот на Никола Груевски и режимот.Секој што го прекршил законот, без разлика на партиска или било каква друга припадност, ќе се соочи со правдата, се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

mileski

Милески: Како може бе премиер да кажува кој ќе води обвинителство?! Ало, ‘рѓо една муртинска!

Бизнисменот и активист Роберт Милески преку својот Фејсбук профил прашува како е можно премиерот да кажува кој ќе го води обвинителството?-Како може бе премиер да кажува кој ќе води обвинителство! Ало, ‘рѓо една муртинска! Несреќо една македонска! Ослободете го правосудството од вашите партиско-извршни канџи! Шеф на обвинителство треба да се избира на интерен конкурс на обвинителството, а за шефот може да гласаат сите обвинители низ Македонија, па кој е најдобар нека победи! Кој си ти бе несреќо една да кажуваш кој е најкомпетентен да води обвинителство! Срамото една! Со самото тоа што некое име на обвинител е изговорено од твојата погано-предавничка уста, тој/таа без разлика колку е компетентен, можеби најдобар, веднаш е компромитиран! Јас никогаш не би прифатил шеф на Влада да ме именува на таква позиција, не дај боже па ти лично! Цело време ќе ме обвинуваат за подаништво, а единствен начин да се ослободам од таков товар би било да издадам наредба за твое апсење за доведување на државата во потчинетост спрема друга држава, како и рекет врз пратеници и обид за поткуп за време на референдумот!п.с.. Ништо чудно лажовов муртински намерно да ја спомнува Русковска за да ја компромитира, бидејќи им отвори истрага за Катица и компанија и им го одмота клопчето. Ај ти, паметен е тој за вакви интриги, стои во неговиот пост на Фејсбук.https://www.facebook.com/mileski/posts/10220206295527007

Македонија | пред 6 години

faten2e

Како била откриена марихуаната кај Рача – Охридско ?

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка за две лица поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Осомничените на 18 јули 2019 година неовластено заради продажба пренесувале 47.745,00 грама наркотична дрога марихуана спакувана во 48 пакувања и 49,68 грама наркотична дрога кокаин. Дрогата ја ставиле во возило „Форд Ц  Макс“  кое било управувано од  53 годишниот осомничен стружанец. Пред него, на растојание од 200 метри, во возило „Фиат Пунто“ се движел второосомничениот 31-годишен негов сограѓанин. Тие движејќи се  од Свети Наум кон Охрид, биле во постојана телефонска комуникација, со цел  осомничениот во првото возило да го извести соизвршителот  доколку има полиција на патот. Ваква дојава била направена кога возачот на Фиат Пунтото бил сопрен од полицијата. По веста за полициската патрола осомничениот во второто возило се дал во бегство во пределот на месноста Рача, но бил сопрен и приведен од полициските службеници.Со цел обезбедување на  натамошно непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.​ 

пред 6 години

Branko-Geroski-zoran-zaev

Во понеделник ќе ви кажам кои се Фрики и Кики, вели Героски

Новинарот Бранко Героски, кој прв во јавноста излезе со приказната за рекетот, кој се покажа како вистинита, најави дека во понеделник ќе открие кои се Кики и Фрики?Денеска премиерот Зоран Заев изјави дека за него Кики и Фрики не постојат.Тој дури и ги повика новинарите да ги објавеле имињата на Кики и Фрики, за истите да можат да тужат.-Кога ќе ги соопштите со име и со презиме, јавно, за да можат да ве тужат, вас новинарите или слично, тогаш ќе разговараме за име и за презиме. Кики и Фрики за мене не постојат. Треба да ги соопштите заради тоа што кога е истражувачко новинарство, тоа е креативно, треба да носи со себе и храброст. Изволте, секој да го истакнете ако има сомневање. Мотивирам, апелирам за истражувачко новинарство, рече Заев.На ова вечерва Героски одговори:-Ај в понеделник ќе ви кажам кои се Фрики и Кики.

Македонија | пред 6 години

2950075

Иран заплени танкер на Велика Британија

Иранската револуционерна гарда заплени танкер во Голфскиот Залив, кој според наводите на иранските медиуми, пловел под знаме на Велика Британија.Сопствениците на бродот, кој се движел кон Саудиска Арабија, рекле дека не можеле да контактираат со никој од танкерот, но дека тоа се движело северно кон Ирак.Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека ги испитува наводите.

Свет | пред 6 години

Screenshot_2-19

(ФОТО) Од Стојаково до Кина со Рено 4: Поминаа 11.000 километри и го развеаа македонското знаме на кинескиот ѕид

Maкедонците Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев направија еден навистина интересен спортски подвиг – со рено 4 минаа 11.000 километри!Двајцата авантуристи се упатија од гевгелиското Стојаково и стигнаа до Кина, а стигнаа и до кинескиот ѕид каде што го развеаа македонското знаме.Тие имале мала непријатност и морале да остават реното на аеродромот во Уланбатор, Монголија. Според кинеските закони од таму морале да ангажираат туристичка агенција и шофер ако сакаат да продолжат со својот автомобил во Кина, до Пенкинг продолжиле со авион.Сега објавија дека се враќаат назад со реното за кое се надеваат дека ги чека во Уланбатор.„Дојде и тој ден, по 20 дена и изминати 11000 километри со рено 4 и 800 километри со Боинг 737 успеавме! Го развиоривме Македонското знаме на Кинескиот зид и што би рекол Ѓорѓи Николов: “Стојаково и Македонија на нозе, Кина на колена! Битката на Кинеската граница ја загубивме ама војната ја добивме!!!” Голема благодарност до сите! Почнувајќи од нашиот тим во импровизираното студио во Cafe Bar Iks во Стојаково, кој деноноќно беше со нас и ни даваше точни информации по патот, потоа голема благодарност до сите спонзори без кои оваа мисија немаше да биде возможна, посебно до градоначалникот на општина Богданци Блаже Шапов и општинскиот совет како најголеми донатори, благодарност до министерот Димитров, тимот професионалци од МНР како и вршителот надолжноста Амбасадор на Македонија во Кина, нејзината екселенција, г-ѓа Зорица Ташковска без кои влезот во Кина нема да беше возможен. На крај, најголемо фала и до сите наши знајни и незнајни пријатели и поддржувачи кои не охрабруваа да стигнеме до Пекинг по секоја цена! Тука завршуваат 51% од нашата мисија. Се надеваме нашето Рено е сеуште на аеродромот во Улаанбаатор. Утре сабајле се враќаме назад во Монголија и го започнуваме патот назад. Уште 11000 километри полни неизвесност, друмски патишта и дружба со нашето Рено. На последната слика сме сликани пред зборовите кажани од Мао Це Тунг: “Не си херој ако не си го видел Кинескиот зид” – Ние успеавме да го видиме, и тоа на херојски начин! Подготовките за пречекот се веќе во полна пареа во центарот на центарот на Македонија, се надеваме ќе ве има во уште поголем број оваа година“, стои во објавата на Фејсбук страницата посветена на овој подвиг“.

Магазин | пред 6 години

20190719212243

(ВИДЕО) Повреден турист, трудница префрлена во болница, срушени фасади по земјотресот во Атина

Земјотрес од 5,1 степени според Рихтер ја погоди Атина во попладневните часови.Епицентарот бил североисточно од Атина на длабочина од 13 километри, а земјотресот траел 15 секунди.Една трудница е пренесена во болница, а имало повеќе рушења на фасади од згради во Атина. Еден турист е полесно повреден кога на него паднал гипс од музеј.Искривен е крстот на црква во грчката престолнина. Во делови на Атина имало прекин на струја и телефонските линии.

Свет | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Јанева ме уценуваше

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски вечерва од Битола рече дека Катица Јанева го уценувала за да го одмрзне имотот на неговата партија.-Јас јавно го повикав јавниот обвинител да ме повика да посведочам бидејќи бев предмет на уцена од страна на Катица Јанева кога таа бараше од мене да го поддржам Законот за јавно обвинителство, а сѐ со цел да го одмрзне имотот на партијата, кој што како нелегален тужител го замрзна, а судот под притисок на СДСМ и Обвинителството го потврди тоа барање, рече Мицкоски пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Битола каде се одбележаа 29 години од формирањето на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања