Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

policija-1

Со автомобил удрил во во ѕидот од оградата, по што излегол и се обидел да ги нападне

На 20.07.2019 во 00.15 часот во Полициското одделение Сарај, А.Ш.(36) од с.Љубин, скопско, пријави дека на 19.07.2019 околу 21.00 часот, додека бил во дворот од куќата на братучедот С.Ш. заедно со семејствата, неговиот чичко Е.Ш. со возило удрил во ѕидот од оградата, по што излегол и им упатил закани и се обидел да ги нападне. Е.Ш. бил приведен и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

1-3

(ФОТО + ВИДЕО) Пуштен во функција привремениот граничен премин Стрезимир-Рестелица

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменикот министер Агим Нухиу и директорот на Бирото за јавна безбедност Саше Тасевски, заедно со косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа, заменик директорот на косовската  полиција  Самедин Мехмети и министерот за инфраструктура и транспорт Паљ Лекај присуствуваа на почетокот на временото функционирање на граничниот премин Стрезимир-Рестелица, кој ќе функционира од 20 јули до 20 август 2019 година за туристички цели. Министрите остварија средба и со жителите на општината Брод во Косово и ја истакнаа одличната соработка меѓу двете земји, како и решеноста да се подoбрат условите за живот  за жителите од овие места.

Македонија | пред 6 години

vandali-ohrid

Вандали дивееле синоќа низ Охрид

Вандали ноќеска повторно дивееле на рекреативната патека од каналот Студенчишта до Горица. Искршени се повеќе светилки, оштетена е инфраструктурата, а не биле поштедени и насадите со млади дрвја. Утрово граѓаните кои рекреираат тука затекнале грда слика.По ова хулиганско однесување реакции на социјалните мрежи. Еве една од нив:https://twitter.com/slatkorechiv/status/1152521894849069061?s=21&fbclid=IwAR2TBimxpwcKxXR-GBiZ2ZCpDMbmhM8G2HTqlbLVJYt6ED_OGVscFxQBHNs

Македонија | пред 6 години

arsovski-za-katica

Арсовски: Зошто Катица Јанева и нејзиниот син Лазар Јанев се уште не се повикани на распит во ЈО?

Случајот РЕКЕТ кој е една од најголемите афери и случаеви на Владата на СДСМ каде што се вмешани директно СДСМ и нивни луѓе иако од петни жили се обидуваат да го негираат истото.Од ден во ден овој случај добива се поголеми размери целиот скандал, а Заев и СДСМ молчат и се обидуваат да се исперат од целиот криминал во кој се вмешани во овој случај наречен „Рекет“, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Заев и СДСМ да одговорат на следните прашања кои или ги избегнуваат или се обидуваат да ги замолчат новинарите на прес конференциите на Заев да не ги постават.Медиумите веќе пишуваат, а СДСМ уште веднаш да одговори – Како можно луксузни автомобили да завршиле во семејството кај Зоран Заев, односно кај неговиот братучед Трајче Заев? Потенцирам луксузни автомобили кои што биле во сопственост на рекетираните бизнисмени. Истите коли може да се видат како ги возат роднини на Зоран Заев низ Скопје или низ Струмица.Зошто најпрвин поднесе оставка Катица Јанева, за потоа после 2 дена да отвори боледување?Кој е доктор и зошто и отворил боледување на Катица Јанева, која како што знаеме два дена претходно поднесе оставка? Доколку е фиктивно и во насока да ја заштити Катица Јанева, докторот кој го отворил боледувањето треба да е свесен дека ќе одговара за таа постапка.Зошто не се расчистат сомнежите каде се крие Катица Јанева и дали е во или надвор од Република Македонија?Зошто Катица Јанева и нејзиниот син Лазар Јанев се уште не се повикани на распит во ЈО? Сомнежите кажуваат дека токму синот на Катица Јанева, Лазар Јанев одел со Боки 13 на состаноци со рекетираните бизнисмени и заедно со него уценувал.Молкот на овие прашања потврдува дека СДСМ и раководството на СДСМ стои директно позади целиот овој криминал и ја штити Катица Јанева од целиот криминал.Залудни им се сите потпишани и изгласани декларации за гонење на криминал и корупција каде што луѓето кои се вклучени во РЕКЕТОТ ги гласаат истите декларации. Тоа само покажува колку лудилото во СДСМ ја достигнало бесконечноста.Ова е октопод на кој треба да му се скине главата, а не пипците за потоа пак да му пораснат и повторно да гледаме по улиците како се рекетираат луѓе бизнисмени, политичари како се уценуваат.Што побрзо се скине главата на октоподот, односно Заев падне од власт, толку побрзо државата ќе тргне напред, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

zaev-na-telefon

По разговорот со лажниот Порошенко премиерот Заев го менува телефонскиот број

Премиерот Заев го менува својот телефонски број по скандалот со лажниот Порошенко. Во писмено соопштение од Владата информираат дека премиерскиот кабинет презема мерки за зајакнување на ефикасноста и безбедноста во како што велат „ спроведувањето на транспарентната агенда составена од состаноци, настани и комуникации“.Во тек е унапредување на протоколите и правилата за закажување состаноци и за спроведување на телефонски разговори во Кабинетот, со цел да се обезбеди високо ниво на проверки и заштити на комуникациите на претседателот на Владата.Како дел од мерките за безбедност и внимателност во дигиталните и телефонските комуникации, во рамки на кабинетот на премиерот променети се дел од техничките уреди, вклучително и мобилните телефони и броевите на мобилните телефони на премиерот и на дел од неговите соработници.Премиерот направи и анализа на професионалноста и ефикасноста на ангажманите на своите советници и соработници, врз основа на што на дел од ангажираните лица ќе им се заблагодари за досегашната соработка.Согласно најавата за одлучно спротивставување и справување со дезинформации и со напади врз демократијата во земјата, Кабинетот на премиерот подготвува План за одлучна акција против ширење дезинформации чија прва верзија наскоро ќе биде претставена на јавноста, а потоа и консултирана со засегнатите чинители и со стратешките партнери на земјата.Премиерот Заев и Кабинетот се посветени на унапредување на отворениот и транспарентен начин на работа, во согласност со безбедната употреба на новите технологии и со протоколите кои произлегуваат од современите начини на менаџмент и управување, се вели во владиното соопштение.

Македонија | пред 6 години

Boki-13-Zoki-Kiceec

„Сведок“: Ќе пропеат и ќе кажат кој колку пари добил од земените 1.5 милиони евра -Затоа, чекајте апсење и на Катица Јанева

 Новинарот Саше Димовски кој вообичаено ја следи проблематиката во судството, за порталот „Сведок“, објави коментар под наслов: Кичевски, какви цигари пушиш, да ти испратам во притвор да не ти е досадно?Димовски  вели дека Кичевски ги поминал сите црвени линии за да дојде до новинарот и да му каже да „го замоли за услуга да ја избрише веста на фејсбук профилот“.Во дел од својот коментар Димовски пишува:Пред неколку месеци, на крај на 2018 мислам, имав случајна средба со кичевскиот во кафана, која воопшто не мислев дека би била вредна за споменување, ако тој не ја злоупотребеше, па ова моево е само колорит на неговата приказна.Се исплашил човеков да не напишам нешто, а јас стварно ни на крај памет немав да се замарам со неговите швалерски способности, кога, во тој краток муабет од нога, јас одбрусив дека не го знам, а не ни сакам да гии знам кичевчаните, па излезе дека и јас и тој знаеме еден кичевчанец, за кој Милевски ми вели „па мене ми е брат“.Чудно, велам, мене ми е братучед, ама не знаев дека сте биле браќа!Но, тој не заборавил на мене, па во текот на декември лани, кога објавив дека синот на Катица Јанева, Лазар работи во телевизијата која наводно е на Боки 13, Милевски, заедно со Боки 13, се испотепале да најдат врски кај мои блиски, за јас да сум го повлечел текстот. Катица Јанева седела во кафани и гласно викала дека знае кој од СЈО ми го нарачал текстот, дека тоа била хајла против неа, а во суштина, тоа бил почетокот на реализација на нивниот рекет план како да добијат 8 милиони евраЌе го заборавев и ова нивно лудо излетување, ако не се погодевме во јануари јас и Боки 13 во исто време во иста болница, јас поради сериозни компликации од кои едвај преживеав, пишува Димовски.Тој го образложува како што вели и последниот излет на Кичевскиот кон  него.Тоа се случило во клиника во Белград...Димовски пишува:Сега е јасно, милионите им биле заедничкиот интерес, но и позицијата на сведок во СЈО што му ја додели Лиле Стефанова во тој предмет, а пред која, како што ми тврдат од СЈО, Зоки Кичевски тврдел работи и во време кога не бил роден, пропеал се, набедувајќи ги Сашо Мијалков и Орце Камчев.Сега Зоки и Боки кои рекетирале во име на Катица Јанева се во 30 дневен притвор. Знаејќи колку се мажи, убеден сум дека ќе пропеат и ќе кажат кој колку пари добил од земените 1.5 милиони евра. Затоа, чекајте апсење и на Катица Јанева, пишува новинарот Саше Димовски за поратлот „Сведок“.Текстот во целот на: „Сведок“

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Героски до Кирацовски: Си пишувам глупости, оти немам попаметна работа

По изјавата на пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ дека не знае кој пратеник стои зад псевдонимот Кики, новинарот Бранко Героски, се огласи на Фејсбук.„Кирацовски: "Геро има таму изнапишано разно-разни глупости, како да ти кажам". Хммммм... И јас така, си пишувам глупости, оти немам попаметна работа“, напиша Героски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Мицкоски го искачи Пелистер, па се пофали на Фејсбук

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го искачи Пелистер, па се пофали за својот подвиг на Фејсбук и сподели убава мотивирачка мисла од  Фридрих Ниче.„Стив, Илинден и конечно Пелистер, Битола, Република Македонија.Наместо трка на 100 метри, одбирам маратон, за стигнување до целта и финална победа.“На планините на висината никогаш не се искачувате залудно. Или ќе достигнете повисока точка денес или ќе ги тренирате вашите сили за да може да се искачите повисоко утре” Фридрих Ниче, напиша Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пронајдена марихуана кај две лица вработени во УБК

На 17.07.2019 година околу 18.20 часот на ул.„Козле“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на лицата В.П.(28) и Д.Г.(26), двајцата од Скопје, вработени во УБК, кои биле со патничко возило „Опел корса“. При преглед на лицата и возилото била пронајдена и одземена марихуана.Двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот со соодветен поднесок известено е ОЈО Скопје. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против вработените во УБК поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Македонија | пред 6 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Блокиран граничниот премин Евзони

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска на граничниот премин Богородица-Евзони има подолга колона за влез во Грција, на грчка страна.Во делот на Република Македонија нема застој и поминувањето на границата е без проблеми, но се создава застој на грчка страна.На граѓаните кои чекаат за влез во Грција им се дели вода додека се во граничниот простор.

Македонија | пред 6 години

Protest_Protiv_Kamenolom_Labunishta

Колку каменоломи може да издржи Јабланица, прашуваат од ДОМ

ДОМ го поддржува протестот на жителите од Лабуништа против големиот број каменоломи со кои е опкружено нивното место.Зелената партија бара од Државниот инспекторат за животна средина итно да излезе на терен и да го утврди степенот на загаденост на воздухот со ПМ10 и ПМ2,5 честички, како и загадувањето на водите и почвата. Дополнително, велат од ДОМ, треба да се изготви Стратешка оценка за влијанието врз животната средина на сите тие каменоломи на падините на планинскиот масив Јабланица.„Според сегашните сознанија, се работи за вкупно 6 каменоломи, од кои четири имаат издадени Б-интегрирани дозволи, а другите се во фаза на добивање. Жителите на местата Лабуништа, Боровец и Јабланица, со над 15.000 жители, бараат да запре одобрувањето на нови концесии, а старите да се преиспитаат. Според нивните искази, живеат буквално затрупани во прашина и бучава, а болестите на дишните патишта се масовна појава“, подвлече ДОМ.Од партијата укажуваат дека планинскиот масив Јабланица е еден од најубавите на Балканот и деловите што се наоѓаат во Албанија и Грција се веќе прогласени за национални паркови, додека во Македонија е отпочната иницијатива за прогласување за национален парк. Јабланица има извонредни природни вредности, меѓу кои е и богатиот биодиверзитет, со рисот како загрозен вид.Целиот предел околу Јабланица има извонредни можности за развој на екотуризмот и обезбедување одржлив економски развој за жителите, по примерот на Вевчани, кое веќе израсна во туристичка дестинации за домашни и странски туристи, додаваат од ДОМ.

пред 6 години

orce-kamcev

Камчев нема да биде гонет за давање поткуп, бидејќи го пријавил случајот, вели Русковска

Јавната обвинителка Вилма Русковска во денешното гостување на радиото Канал 77 објасни дека Орце Камчев не е осомничен за давање поткуп, бидејќи со пријавување на случајот тој се ослободува од одговорност.-Давањето поткуп или рекет е кривично дело, но, има едно големо но, доколку тој го пријавил, се ослободува од одговорност. Сведокот додека беше во куќен притвор, добив информација дека сака да се види со мене. Но, јас реков не, кога ќе излезе, ако излезе, кога сака може да дојде. Сумата оди нагоре, но за тоа немаме цврсти докази. Ние долго време ја работевме предистрагата, бидејќи имаше сомнежи дека можеби сведокот сака да им се одмазди на колегите од СЈО. Затоа вршевме и толку проверки, рече Русковска.

Македонија | пред 6 години

ruskovska-skopje1

Русковска: Вториот телефон на Јанева се уште не е најден

Јавната обвинителка Вилма Русковска во денешното гостување на радио Канал 77 рече дека вториот мобилен телефон на Катица Јанева не е пронајден.-Од страна на ОЈО не е побара посебна истражна мерка за Катица Јанева. Не ја следиме, а дали некој друг ја следи… Не сум се видела со Катица Јанева. Еден телефон е најден, вториот телефон се уште не е најден. Има наредба за вештачење на одземениот телефон, кое верувам дека до понеделник ќе биде завршено, рече Русковска.

Македонија | пред 6 години

DSC_0002.01_00_59_04.Still009

Усеини: Мојот ресторан не е проблем за УНЕСКО

Советникот во Општина Охрид од ДУИ, Нефи Усеини, кој е сопственик на дивоградбата кај Чинарот, денеска преку соопштение до медиумите се пожали дека е под постојан медиумски притисок поврзан со неговото работење и работењето на неговите компании.Тој тврди дека има уредна документација за пицеријата Луна и побара од медиумите да се почитува пресумцијата на невиност, додека општината не се произнесе за случајот, иако веќе има решение за уривање од општина Охрид.-Прво сакам да Ви кажам дека компанијата „Нефи ИК“ во чиј склоп е и ресторанот Луна е компанија која постои повеќе од 10 години и вработува повеќе од 200 вработени и која што уредно ги плаќа обврските и давачките кон  Македонија.Компанија, која е социјално одговорна и помага на многу загрозени семејства, но и компанија која го поттикнува спортот и екологијата. Затоа и ме чуди целата оваа хајка кон мене, започната од одредени медиуми, а продолжена од политичките партии, за локација за која што уредно имам поднесена и заверена документација во градот Охрид и за која што навремено ги подмирувам обврските кон градот, за закуп на летна тераса и сум закупец веќе 11 години.Реновирањето на летната тераса на ресторанот Луна беше со изработен елаборат кој што се држеше до квадратурата, за која што се плаќа закупнина и која што никако не го нарушила зеленилото или естетскиот изглед на плоштадот Крушевска Република и е во согласност со градот Охрид.Сметам дека е крајно некоректно да се користи името на мојот ресторан како дел од проблемите на градот Охрид со УНЕСКО и ја поттикнувам иницијативата на премиерот Заев, дека законот мора да важи за сите. Затоа и апелирам до медиумите да ја задржиме презумцијата на невиност се додека градот Охрид не одговори по дадениов случај. Крајно е некоректно да се спроведува ваква хајка против компанија која што долги години работи за подобрување на условите за живот во Охрид, за унапредувањето на бизнисот и на туризмот во овој крај, а јас како советник секогаш сум се залагал и сум ги застапувал интересите за подобар живот на сите мои сограѓани. Уште еднаш Ви се извинувам ако сум навредил некој медиум или не сум бил секогаш достапен, но сепак во светот на бизнисот , не секогаш го имаме луксузот на време и комоција на достапност, вели советникот во писмото испратено до медиумите.Тој ги повика новинарите да ја посетат пицеријата каде ќе им одговори на сите прашања.

Македонија | пред 6 години

joci-111

Јоци: Изгледа Кирацовски не го слушал последното интервју на Боки, каде тој рече му е пријател и ќе му биде

Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци преку свој Фејсбук статус го кажа својот коментар во врска со изјавата на Екс ген.секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во која вели дека немал дружби со Боки !? Еве што напиша Јоци на ФБ:„Екс ген.секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, во денешнава изјава вели дека немал дружби со Боки !?Изгледа не го слушал последното интервју на Боки, каде тој рече дека Кирацовски му е пријател и ќе му биде.Али, затоа ја го ислушав и точно памтам што рече Боки во интервју со Јадранка Костова.Туку, за катастрофалниот дел од изјавава, ,,Геровски има изнапишано куп глупости", Геро ќе му се обрати на екс генсеков во понеделник“.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

При претрес на дом пронајдени автоматска пушка и пиштол

На 19.07.2019 во 21 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на улица „Андреја Стојановиќ“  кај Р.Р.(63) од Тетово.При претресот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка со рамка, 29 куршуми од автоматска пушка калибар 7,62 мм, еден пиштол „Глок“ со една рамка со шест куршуми, 25 куршуми пиштолска муниција калибар 7,62 мм и седум куршуми пиштолска муниција „Магнум 357“.Р.Р. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

comovski

Чомовски: Доколку Бојан бил прислушуван, значи дека сме биле и ние прислушувани

Новинарот Александар Чомовски, кој работеше во 1ТВ во гостување на радиото Канал 77, рече не му е јасно како еден бизнисмен како Орце Камчев би можел да се исплаши од човек како Боки 13. Чомовски при тоа кажа дека не знаел дека неговиот менаџер бил под посебни истражни мерки неколку месеци.– Доколку Бојан бил под ПИ мерки и бил прислушуван, значи дека сме биле и ние прислушувани. Ние сме се слушале со него еднаш два дена во просек, да се договориме за емисиите и слично – рече Чомовски.

Македонија | пред 6 години

granica-makedonija

На Табановце се чека и до 30 минути за излез од Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце, за излез од државата се чека околу 15 - 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 6 години

Slika-Kiracovski-25-01

Ниту Кирацовски не знае кој е Кики, за кој Геровски пишуваше дека рекетирал со Боки 13

Пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ за „А1он“ вели дека не знае кој пратеник стои зад псевдонимот Кики, за кој новинарот Бранко Геровски пишуваше дека изнудувал рекет од бизнисмени заедно со Боки 13 и Зоки Кичеец. „Коки?„Па валјда Боки. Не знам кој е Кики, вие мислите дали станува збор за мене? Ќе видиме Геро на кого мисли. Апсолутно јас не се препознавам, Геро има таму има изнапишано разно-разни глупости, како да ти кажам. Не знам. Ти ми се јавуваш и прашуваш 'Кого препознаваш во Кики' и тоа мене јасно ми алудира. Дај боже нека објави Геро дека јас сум Кики па да се расчистиме до крај како што личи“, вели за „А1он“ Кирацовски. 

Македонија | пред 6 години

kosta

Охрид нема да ги врати ингеренциите, туку дивоградбите ќе ги урива заедно со Владата

Општина Охрид до сега нема испратено официјално барање до Владата на Република Северна Македонија во врска со изземање или отстапување на ингеренции во одредена сфера од работењето на локалната самоуправа, се вели во соопштението од општина Охрид. Во продолжение на истото од локалната самоуправа на Охрид додаваат:„Општина Охрид очекува дека заеднички со Владата преку плански и стартешки пристап, постепено, чекорпо чекор ќе ги решава сите препораки на УНЕСКО и дека ќе гипоправи ситегрешкиодминатото,направениодпретходнитевласти. Целта е нанареднатасесијана Комитетот за светско наследство, конечнодабидеотстранетаопасностазаставањенаОхридскиотрегионналистатаназаштитениподрачјавоопасност.Во процесот на исполнување на препораките на УНЕСКО, Општина Охрид веќе има постапено поПрепораката број 9 за Изработка на Регистар за нелегални градби, по Препораката број 19 со реализираната акција заотстранувањенапалмите кои се неавтохтони и инвазивнивидови и со започнатата акција за отстранување на рекламните билборди од централното градско подрачје. Исто така веќе имаме спроведено и активности поПрепоракатаброј 18 за РегулацијанасообраќајотвоСтариотделнаградот. Беа организирани две јавни трибини со жителите на урбаната заедница Стар град соцелдасеразменат мислењазарежимотнасообраќај и начинотнанеговорегулирање.Веќе започна да функционира системотзаелектронскоевидентирањенадвижењетонавозилата во овој дел од градот, а за таа цел се издадени посебни картички за евиденција на моторни возила.Во моментот општинските служби, вршат поединечна ревизија засекојпредметкој е дел од Регистарот на дивоградби и поеднечно ќесеносатодлукизапонатамошнопостапување.Исто така во тек е постапката во врска со Огласот за јавна набавка за Ангажирањенаградежнамеханизацијазаспроведувањенаадминистративноуправниактизарушењенадивоизградениобјекти.Сите активности кои Општина Охрид ќе ги преземе во наредниот период во однос на исполнување на препораките на УНЕСКО, ќе се одвиваат во согласност со сите законски процедури, во постојана координација и комуникација со останатите надлежни државни институции, а јавноста ќе биде навремено и детално информирана“, се вели во соопштението од Општина Охрид.

Македонија | пред 6 години

zagreb

(ВИДЕО) Експлозија во Загреб, загина едно лице

Едно лице загина при експлозија, која одекна утрово во станбена зграда во центарот на Загреб.Kако што пренесуваат медиумите од регионот, безживотното тело било пронајдено во еден од становите на зградата.Засега не е позната причината за експлозијата.

Свет | пред 6 години

Boki-13-Bojan-Jovanovski

(ВИДЕО) Боки 13: Фамозните приказни за куферчиња се невистинити

Боки 13, за кого е одреден 30 дневен притвор, три недели пред да биде уапсен, тврдеше дека се измислени приказните дека со рекет извлекувал куферчиња со пари од бизнисменот Орце Камчев.Прилог на Види-вака.https://www.facebook.com/vidivakamedia/videos/2671255519585651/

Македонија | пред 6 години

boing

Финансиски дебакл на „Боинг”- компанијата треба да плати 4,9 милијарди долари

Компанијата Boeing ќе мора да плати 4,9 милијарди долари поради приземјувањето на нејзините „737 Max“ авиони низ целиот свет. Загубата се случува по еднократниот трошок, кој компанијата го претрпела поради приземјувањето на својот авион „737 Макс“ низ светот по двете катастрофални несреќи. Се очекува дека овој трошок ќе го избрише профитот на компанијата и дека тоа ќе биде објавено во извештајот за кварталните резултати следната недела.Авионите „боинг 737 макс“ се приземјени во целиот свет откако авионите на „Етиопија ерлајнс” и „Лајон ер“ се урнаа, при што во двата инцидента загинаа 346 лица. 

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако во Македонија владееше правото до сега Јанева, Кики и Фрики ќе одговараа

СДСМ и Заев се синоним за криминал и корупција. СДСМ залудно се обидува да одбрани нешто што не може да се одбрани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Заев мора да одговори кои се високите претставници Кики и Фрики за кои што пишуваат медиумите.Зошто се плаши да ги открие кога цела јавност е сведок на рекетарската приказна која што се случи, а Зоран Заев се обидува да ги заштити криминалците.Заев се става во заштита на криминалот и рекетот само поради тоа што се плаши дека граѓаните ќе дознаат за неговата директна вмешаност и за неговиот процент од рекетот.Доколку Република Македонија беше држава во која владее правото до сега ниту Драги Рашковски ќе беше Генерален секретар на Владата бидејќи граѓаните слушнаа како мести тендер од 7 милиони евра, Курто Дудуш немаше да биде градоначалник бидејќи тепаше граѓани во неговиот кабинет, ниту пак Катица Јанева, Кики и Фрики ќе беше амнестирани од одговорност, туку ќе беа изнесени пред органите на правдата и ќе одговараа.Во Македонија ќе се врати правната држава само кога СДСМ и Зоран Заев ќе си заминеа.Колку побрзо тоа се случи толку подобри и за граѓаните и за државата“, се вели во соопштението.

пред 6 години

Нема фотографија

Струшкиот Совет бара оставка од Мерко

Префрлувањето на ингеренциите од сферата на урбанизмот на Владата нема законска основа.-„Ако не може да ги решава проблемите кој сам ги создал да си даде оставка. Не е време да се префрла топката кога во градот владее хаос, вели струшкиот советник од Алијанса на Албанците Имер Имери, откако Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко побара ингеренциите од сферата на урбанизмот да ги превземе Владата.Со сличен став и советникот  од редовите на Вмро ДПМНЕ Ален Деребан. Тој вели:„Советот се уште никој не го известил за ваквата одлука. Сметам дека  единствената законска можност за делегирање на ингеренции е  Мерко да си поднесе оставка. Мислам дека Mерко е свесен дека оваа централна власт е неспособна да ги преземе тие надлежности“,вели Деребан.Инаку потсетуваме дека под притисок на бизнис заедницата градоначалникот Мерко со писмо ја извести Владата дека ги отстапува ингеренциите на полето на урбанизмот и спорведувањето на препоркаите на Унеско.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања