Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

received_2373406439595030

Вечерва „Златно славејче“, ЏП и Стефонатор на „Summerland“

Вечерва, на фестивалот „Самерленд“, кој секојдневно се одржува во Градскиот парк, од 19 часот ќе настапи „Златно славејче“, а по нив и омилените детски јутјубери ЏП и Стефонатор.Во 21 часот, во летното кино, посетителите ќе може да го гледаат македонскиот филм „Џган“.Утре, од 22 часот, на Школка ќе настапи најдобриот европски трибјут на Red Hot Chilli Peppers, а в недела македонските рапери 2 Бона и ДЈ Че.Фестивалот трае до 28 јули, а ќе го затвори етногрупата „Љубојна“.

Скопје | пред 6 години

ivor-mickovski

Мицковски: Додека чекаме да ги откриете Кики и Фрики, до кај се некои „поситни“ случаи?

Аналитичарот Ивор Мицковски коментира дека вниманието на јавноста се врти кон нови афери и скандали, а се забораваат старите.„Додека инспекторов го малтретирате, а криминалциве од ДУИ плачат што гомната за криминалите им излагаат, и додека чекаме сами да ги откриете Кики и Фрики, до кај се некои „поситни“ случаи? На пример:Курто ДудушКултурњаков што прегази човек на дуплаРашковски не ви го заборавамеИстрагата за бегството на ГруевскиОхрид не сте мрднале и Жбогар стана хистериченПлатформата на МаткаДупката во ПИОМ која испадна поголемаСомнителните тендери во Здравство…и не знам, секој нека си додаде…“стои во објавата на Фејсбук.

Коментари | пред 6 години

DSC_4354

Министерката Апостолска ја промовираше мерката „Мој ДДВ“ во Прилеп

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, во Прилеп се вклучи во промотивната кампања која Управата за јавни приходи (УЈП) ја реализираше за мерката „Мој ДДВ“, преку која граѓаните од 1 јули годинава добија можност да остварат поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.Како што информираат од владината прес-служба, министерката разговарала со повеќе граѓани за примената на оваа мерка и за бенефициите кои истата ги носи за нив.„Мерката поврат на 15 отсто од ДДВ е значајна и за државата и за граѓаните. Ова е за прв пат државата да враќа пари директно назад кај граѓаните и дава можност за плата плус за секое семејство на крајот од годината“, рече Апостолска.Зборувајќи за позитивините ефекти кои преку спроведувањето на оваа мерка се очекува да се остварат во напорите за сузбивање на сивата економија, министерката оцени дека тоа е од суштинско значење за обезбедување на стабилен и предвидлив деловен амбиент, исполнет со лојална конкуренција, што пак има значајно влијание и врз мотивацијата на странските инвеститори да реализираат инвестициски проекти.

Македонија | пред 6 години

gordan-kalajdziev-520x297

Калајџиев: Не може Заев да одлучува кој ќе го води Јавното обвинителство

Во однос на новиот Закон за јавно обвинителство и СЈО професорот на правниот факултет Гордан Калајџиев на гостување во „Стадион“ на Канал 77 истакна дека не може владата да одлучува кој ќе го води ЈО и која ќе биде неговата судбина.-Не може премиерот да одлучи кој ќе ја води таа институција, која ќе биде нејзината судбина, за тоа треба поширок консензус и најмалку треба од власта да зависи,вели професорот Калајџиев.Тој вели дека на ообвинителите во СЈО не им беше гарантиран доживотен мандат, но со преодното решение прво се сакало да Катица Јанева да и се продолжи мандатот без реизбор по пат на закон, што ќе беше чудно решение, сега пак обратно целото ообвинителство да премине кај Вилма Русковска со одлука на политички фактор.Професорот даде мислење дека целата идеја на СЈО се засноваше на автономија на една институција да се бp[и со политичкиот врв, но ако може политичкиот врв преку ноќ да ја зaкoпа СЈО, тоа значи дека таа институција не е на добри темели изградена. Целта на таа институција е власта да ја aпcи, а не обpaтно.Тој вели пpoблематично е зошто владата искача сега со вакви решенија, а до вчера не убедуваа дека нема инволвираност на Катица Јанева, а сега решение за СЈО каде што се зaкoпува само заради Катица Јанева, која што вели професорот треба да одговара доколку е замешана во кpиминал.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Реновирани диското и задниот дел од дворот во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“

Диското и задниот дел од дворот во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ се реновирани во студенстка акција на членови на Младинскиот образовен форум што се спроведе од 1-ви до 18-ти месецов во рамки на проектот „Студентски домови без корупција“.Во студенстката акција се работеше на уредување на просторот на постоечкото диско каде што студентите ќе можат да одржуваат забави, како и дворот во студентскиот дом во кој студентите ќе можат да го поминуваат своето слободно време. Претходно таква акција се одржа во студентскиот дом „Стив Наумов“ каде беа реновирани читалната и дворот, а за месецов се планираат активности и во студентскиот дом „Гоце Делчев“ .Целта на акциите е да поттикнат студентски активизам и самоорганизирање за адресирање на проблемите кои ги засегаат студентите-станари и волонтерски ангажман за нивно решавање.Проектот „Студентски домови без корупција“ се спроведува од август 2018 до јули 2019, со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество- Македонија. Примарната цел на проектот е поттикнување на институциите на потранспарентно и поодговорно управување со студентските домови, како и вклучување на други институции, организации и правни лица за подобрување на условите во домовите.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Утре без вода неколку улици во Ѓорче Петров

Поради реконструкција на водоводна цевка од фи 150 мм на ул. Кузман Шапкарев, утре без водоснабдување ќе бидат потрошувачите од истата улица како и улиците Беас Куле, Гостиварска и Анастас Коцарев, сите во Општина Ѓорче Петров.Како што соопшти РЦУК Скопје, по известување добиено од ЈП Водовод и Канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 9 часот изутрина до заваршување на работите.

Скопје | пред 6 години

NPS_3489-1024x681

Драмата „Каде е пиштолот“ вечерва на „Охридско лето“

Програмата на годинешното 59-то издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашната изведба на театарската претстава „Каде е пиштолот“ во изведба на Народниот театар од Охрид.„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.Зборот „пиштол“ предложен уште во насловот не е ништо друго туку театарски знак, систем на апстракции, симбол на моќта на насилство – кого ликовите го користат за да ги тероризираат останатите. Местото на дејство е затворен простор, во кој гледаме четворица луѓе што седат и петтиот како вперува пиштол во нив. Четворица од нив секогаш сакаат да излезат надвор од собата, а петтиот секогаш ќе се чувствува добро внатре. Тоа е оној кој е со пиштолот. Изворот на сите проблеми е токму тој – пиштолот. Пиштолот би можел да има и понаква намена, но не во овој случај. Tажно e, но овде не е можно да живеете без пиштол!Режисерската поставка на претставата е на Дејана Николовска, втората Македонка која има завршено театарска режија во Москва на ГИТИС, Руската академија за театрска уметност (после Иван Поповски). Освен театарот како основна професија и позив, се занимава и со филм. Најзначаен филмски проект е снимањето на серијалот „Именденот на Татијана“ (220 епизоди) за Првиот канал на Руската Националана Телевизија. Исто така има големо искуство во шоу бизнис индустријата како режисер во RosArt Group production company во Москва.Улогите во претставата ги толкуваат актерите Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски.Претставата ќе се игра на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот.

Магазин | пред 6 години

Avion

Авион се урна во Германија, загинаа 3 лица

Три лица загинаа кога еден мал авион се урна во германскиот град Брухзал.Според германските медиуми, авионот се урнал во фасадата на продавница, а притоа починале три лица.Засега не е познато како се случила несреќата.

Свет | пред 6 години

ekstazi

3-годишно девојче од Русија случајно голтнало екстази

Состојбата на тригодишно девојче од Русија е стабилизирана откако детето случајно голтнало таблета екстази на Ибица, соопшти лекарската служба од шпанскиот остров.Девојчето и натаму е во болница, јави агенцијата „Тасс“, но според лекарите таа веќе не е во критична состојба.Руската амбасада во Шпанија издаде соопштение дека ситуацијата е под контрола.Локалната полиција соопшти дека девојчето веројатно ја нашло таблетата падната на земја, на едно од локалните игралишта.Полицијата започна истрага во врска со случајот.

Свет | пред 6 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

На Богородица за излез се чека од 30 минути до 1 час

На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека од 30 до 60 минути. На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.Претходно од МВР информираа дека граѓаните на грчка граница чекаат и до 4 часа, а поради гужвата полицајци делеа вода на граничниот премин.Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини.

Македонија | пред 6 години

2950075

(ВИДЕО) Иран објави снимка од запленувањето на Британскиот танкер

Иранската државна агенција „Тасмин“ објави видео снимка од британскиот танкер “Стена империја”, каде бродот се гледа закотвен на отворено море.https://twitter.com/Tasnimnews_Fa/status/1152547141136670720?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1152547141136670720&ref_url=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2Fworld%2Fvideo-objavena-e-video-snimka-od-zaplenuvanjeto-na-britanskiot-tanker%2FИранската револуционерна гарда вчера го заплени танкер во Голфскиот Залив, кој пловел под знаме на Велика Британија.откако наводно ги прекршил меѓународните правила. Обединетото Кралство го осуди овој потег, нарекувајќи го “неприфатлив”.Агенцијата Фарс претходно соопшти дека сите 23 членови на екипажот на притворениот танкер сега се наоѓаат во пристаништето на Бандар Абас и ќе останат на бродот до крајот на истрагата.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Акробатка падна од 11 метри висина

Дваесет и осум годишна девојка, која работи во циркус како акробат, беше сериозно повредена по падот од висина од 11 метри додека ја извршуваше точката.Публиката најпрво мислеше дека падот е дел од изведбата, а подоцна сфати дека се случила несреќа.https://twitter.com/RT_com/status/1152480761464930304?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1152480761464930304&ref_url=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2Fmagazin%2Fvideo-akrobatka-teshko-povredena-otkako-padna-od-11-metri-visina%2FДевојката, Габи Соуза итно беше префрлено во болница, а четири дена по несреќата, девојката е во стабилна состојба, но сé уште има сериозни фрактури.Циркузот „Рио“ во објава на „Фејсбук“ напиша дека Соуза “се смее во болницата”.– Со задоволство можеме да кажеме дека Габи Соуза е на добар пат да се опорави по несреќа во шоуто. Сега таа се смее и сака да им се заблагодари на сите за желбата за брзо закрепнување – се вели во соопштението.

Магазин | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Героски: Фрики и Кики во рок од 48 часа да поднесат оставка на сите функции

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој не ги познава Фрики и Кики. Го разбирам потполно. Еве, сосема накусо, ќе се обидам да појаснам некои нешта. Фрики и Кики се вистински ликови, високо позиционирани во СДСМ и во власта. Тие се блиски до ликот кого јас го именував како Коки и за чии рекетарски подвизи пишував со езоповски јазик, во неколку продолженија, пишува новинарот  Бранко Героски, во колумната „ Јавна порака до Фрики и Кики – еве што треба да сторите во следните 48 часа, објавена предмалку на plusinfo.mk.Во продолжение Героски додава: Фрики е госпоѓа, висок функционер и во невладината организација на Коки, која служела за формално покривање на милионскиот рекет. Кики беше висок функционер во СДСМ. Самиот Коки, во последното интервју на својот медиум, го нарекол „добар пријател“ или „другар“.Затоа, госпоѓо Фрики и другар Кики, да сум на вашето место, јас под итно би сторил две работи.Прво, би му се јавил на Заев и би му го кажал следново:– Шефе, свесен (свесна) сум дека со мојата блискост и со контактите со Коки, како и со тоа што го препорачував кај други луѓе, му овозможив да ги засили своите рекетарски позиции. Така се искомпромитирав себеси, но и тебе, шефе, како и нашата партија. Во духот на декларацијата што ја донесовме пред некој ден, прифаќам политичка одговорност за својата непромисленост. Поднесувам оставка на сите функции.Текстот во целост на:plusinfo.mk

Македонија | пред 6 години

lazar-janev

Синот на Јанева изјавил дека телефонот го изгубила во Белград

Во интервјуто за Сител јавниот обвинител Вилма Рускоска во врска со случајот „Рекет“ истакна дека Судот мора да ги прифати аудио и видео снимките како доказ.Русковска нагласи дека во најскоро време ќе заврши вештачењето на телефонот на Јавниот обвинител Катица Јанева кој минатата недела и беше одземен во врска со случајот „Рекет“.  Таа посочи дека синот на Катица Јанева рекол дека вториот телефон и е изгубен во Белград.Во врска нејзиниот евентуален избор за раководител на новото ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција, обвинителката Рускоска истакна дека доколку биде избрана ќе ја исполни задачата.

Македонија | пред 6 години

mkd-429029

Урсула фон дер Лајен: Македонија и Албанија ќе започнат со преговори за ЕУ кога ќе ги исполнат критериумите

Урсула фон дер Лајен, во првото интервју како претседателка на Европската Комисија, ги потврди заложбите за европската перспектива на Македонија и Албанија.-Тие се наши соседи, вели Фон дер Лајен во интервју за германскиот магазин „Шпигел“.Претседателката на ЕК вели дека ќе се залага за почеток на преговорите за членство во ЕУ со Македонија и Албанија, веднаш откако ќе се оцени дека овие две држави ги исполниле критериумите, пренесува „Дојче веле“.Фон дер Лајен во вторникот беше избрана за прва жена во историјата на чело на Европската Комисија. Во текот на кампањата во која ги убедуваше европратениците во Европскиот Парламент да гласаат за неа, таа во неколку наврати во своите приоритети ги наведуваше и преговорите со двете западнобалкански држави, а во првото интервју тоа и го потврдува.– Треба да отвориме преговори со тие земји веднаш откако Европскиот совет ќе донесе заклучок дека се исполнети критериумите. Треба да ја оставиме испружена раката кон овие земји. Го делиме истиот континент, истата историја, ние сме соседи. Доколку на овој регион му ја затвориме вратата, си предизвикуваме штета себеси, рече Фон дер Лајен во интервјуто за „Шпигел“.Фон дер Лајен треба да ја преземе новата функција на 1 ноември годинава.Пред десетина дена, пред претставувањето пред политичките фракции во Европскиот Парламент, Фон дер Лајен ја пофали Северна Македонија како светол пример. – Западниот Балкан мора да се сфати посериозно, а Северна Македонија е светол пример за позитивни постигнувања, рече тогаш таа.

Македонија | пред 6 години

14-540-

„Орка холдинг“ демантира дека продавале возила на член на семејството на премиерот

„Орка холдинг“ ги демантира шпекулациите во дел медиумите дека возилата „бентли“ и „мерцедес“ на оваа компанија биле продадени на член семејството на премиерот Зоран Заев, пишува Фокус.– Спомнатите возила беа продадени на друг бизнисмен, а што се случувало понатаму со нив, не е предмет на интерес на „Орка холдинг“ – велат од компанијата.Шпекулациите во врска со овие две возила се појавија откако скопскиот бизнисмен Владимир Стајиќ беше обвинет од некои медиуми дека дошол до овие возила, а тој потоа изјави дека бил жртва на аферата „Рекет“ и дека е подготвен да сведочи.

Македонија | пред 6 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Личната одговорност не треба да ја врзуваме со одговорноста на целата институција

Личната одговорност не треба да ја врзуваме со одговорноста на целата институција. Случајот „Рекет“ само го збрза реализирањето на идејата да се интегрираат СЈО и Јавното обвинителство, вели министерката за правда Рената Дескоска.Во интервју за Телма таа истакнува дека оваа идеја била ставена на маса од страна на Министерството во преговорите со опозицијата за новиот закон за ЈО и вели очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати законот предложен од Владата затоа што одделението за организиран криминал покажало дека може да се справи со случите на висока корупција.-Навистина се непријатни случувањата на кои што сведочевме минатата недела. Да не речам дека се шокантни, генерално за сите коишто очекувавме, верувавме и баравме ефикасни механизми за борба против корупцијата. Но, мислам дека личната одговорност не треба да ја врзуваме со одговорноста на целата институција. Овие настани што се случија даваат верба од една страна дека навистина институцијата, што претходно, пак, не функционираше, а тоа е одделението за организиран криминал, сега одеднаш имате навистина капацитетност, волја и спремност на тие луѓе внатре да излезат и да покренат кривични постапки против лица кои што на некој начин, се претставувале дека се можни во една држава, значи да заштитат други лица кои што биле предмет или постои сомнеж дека биле предмет на рекет, што не беше случај во изминатиот период, во периодот на претходната влада, вели во интервју за Телма министерката Дескоска.

Македонија | пред 6 години

20190716011906

Катица Јанева на спикерфон додека Боки 13 барал рекет, што снимил сведокот за Телма потврди Рускоска

Извори од СЈО за КОД велат дека најмалку два пати Бојан Јовановски ја посетил Катица Јанева во нејзината канцеларија во СЈО.Снимките предадени во обвинителството за организиран криминал потврдуваат дека во разговорите меѓу рекетираниот –Камчев и изнудувачот  Јовановски има и трето лице во некои разговори, специјалната обвинителка Катица Јанева . Тоа за екслузивно за КОД го потврди обвинителката Русковска, објави telma.com.mkКОД: Дали на тие снимки се гледа како осомничените го прават тоа (изнуда) или ја повикуваат Катица Јанева?Рускоска: Па се гледа, а и се слуша.КОД: Ја повикуваат Катица Јанева, се слуша такво на снимките? Дека и се јавуваат, да потврди нешто?Рускоска: Видете, не можам да зборувам за детали од доказите со кои располагаме. Се слуша разговор со јавен обвинител.КОД: Пуштен на интерфон?Рускоска: Да.Текстот во целост на: telma.com.mkИстражувањето за случајот Рекет утре на КОД на Телма

Македонија | пред 6 години

tripunovski

Трипуновски: Младите од село Егри после 9 месеци од дадените апликации во платежната агенција и во министерството се уште немаат никаков одговор

Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во посета на битолскиот регион каде оствари оствари средба со  повеќе категории земјоделци од овој регион.„Моментално се наоѓам во село Егри битолско каде што имам средба со земјоделците од ова село и овој регион. Разговараме за актуелните теми и проблеми кои што ги тиштат земјоделците од овој регион, една од главните работи кое што го нотираат на овие средби е доцнењето на исплата на средства од јавните повици кои што ги имаше платежната агенција и  Министерството за земјоделие, тоа се повици за млад земјоделец и повиците за ИПАРД финансирањата, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Она што можам да го кажам дека овие млади луѓе и оние кои што сакаат да инвестираат во земјоделскиот сектор понудиле до Платежната агенција и до Министерството за земјоделие сериозни проекти се со цел да инвестираат во земјоделскиот сектор и да инвестираат во овој дел, да можат да ги прехранат своите семејства и да останат пред се во Република Македонија.Меѓутоа она од разговорот што можам да го пренесам е дека се длабоко разочарани бидејќи и после 9 месеци од дадените апликации во платежната агенција и во министерството се уште немаат никаков одговор, ни дали се добитни ни дали се одбиени од јавниот повик. Иако јас пред неколку дена го повикав и директорот на платежната агенција и министерот да излезат и да кажат зошто се доцни со овие апликации и зошто се уште немаат одговор. Меѓутоа од реакцијата од министерството беше бледа, без никаква суштина.Она што овде овие млади луѓе кои што сакале да инвестираат во земјоделскиот сектор ми кажуваат дека се длабоко разочарани од игнорантскиот однос и од претходниот министер Николовски и од сегашниот односно негов наследник Димковски, и од директорот на платежната агенција бидејќи иако во повикот се обврзале во рок од 3 месеци да дадат одговор на овие млади луѓе кои што скаат да инвестираат во земјоделскиот сектор и по 9 месеци се уште немаат никаков одговор.За жал морам да пренесам дека некои од нив размислуваат да ја напуштат Република Македонија, затоа што овој игнорантски однос едноставно ги доведува до раб на егзистенција нив и нивните семејства и се принудени да ја бараат својата егзистенција надвор од границите, тоа е жалосно и не треба да биде така.Ја користам оваа прилика директно од терен, директно од земјоделците да упатам до власта, до министерството, до директорот на платежната агенција да излезат помеѓу земјоделците да ги слушнат проблемите на македонскиот земјоделец, да работат на унапредување на македонскиот аграр, затоа што земат пари од народот, а уживаат во нивните климатизирани кабинети, наместо да излезат на терен и да работат за подобро земјоделство.Исто така сакам да им упатат ако толку им е тешко да не се мачат нека ги отстапат своите места на луѓе кои можат и се способни да работат бидејќи македонскиот земјоделец е доведен во една незавидна ситуација, едноставно молат за леб. Било кој земјоделски сектор, бил која гранка во земјоделието во Република Македонија изминативе две години претрпе огромни штети, а тоа е од причина што се оставени сами на себе. Дали се работи за пласман  на земјоделските производи, дали се работи за исплата на субвенциите или дали се работи за сите овие повици кои што ги објавуваа, а и ден денес немаме никаков одговор.Овие млади луѓе се оставени сами да се снаоѓаат како што умеат, затоа уште еднашка ја повикува власта веднаш и сега да излезе помеѓу народот, да работат за нив, бидејќи се дојдени од народот. Ако не се способни нека си заминат, бидејќи крајно време е да не го до упропастуваат македонското земјоделство“, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Во автомобил со кој управувал 22 годишен тетовец пронајдени марихуана, ризла и ножеви на расклопување

На 19.07.2019 околу 23.30 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово запреле патничко возило „Опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал М.А.(19) од Тетово, а во кое се наоѓал и С.Б.(22) од Тетово. При преглед во возилото била пронајдена и одземена марихуана, ризла и пет ножеви на расклопување. Двајцата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово, а по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

tepacka-4

Нападнати 30 годишна продавачка и 26 годишен кумановец

На 19.07.2019 во 10.50 часот во Полициската станица Аеродром, И.А.(30) од Неготино пријавила дека во продавница за бели печива физички била нападната од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.На 19.07.2019 во 17.00 часот во СВР Куманово, М.Р.(26) од Куманово пријавил дека бил физички нападнат од Б.С., Б.С. и С.А., сите од Куманово. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Разбојништво во обложувалница

На 19.07.2019 околу 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на ул.„Стогово“ непознато лице извршило разбојништво и одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Boki-13-Zoki-Kiceec

Какви адути има Боки ? !

Боки држи клуч од Пандорината кутијa.Во своето последно телевизиско интервју во кое со Бојан Јованоски разговараше новинарката Јадранка Костова, Боки 13 на двосмислен и помалку загадочен начин одговори дека тој има клуч од Пандорината кутија.„Нека продолжат да прават што сакаат, но нека не заборават дека еден од клучевите на Пандорината кутија е во моите раце“ - рече Боки 13.Јавноста чека да види дали во рекетирањето се вмешани и Фросина Ременски и Александар Кирацоски, кои според многумина се „Кики“ и „Фрики“ од колумните на Героски.ВИДЕО ОД ГОСТУВАЊЕТО НА БОКИhttps://www.facebook.com/skopje1mk/videos/446405562848462/Mожеби ќе сакате да прочитате:Слободан Дамјановски го излажал обвинителството дека Нефи не гради тврда градбаПолитичко-бизнис мафија го силува Охрид!

Македонија | пред 6 години

bunar

Го пронашол телото на неговиот татко во бунар во близина на семејната куќа

На 19.07.2019 околу 21.30 часот во СВР Скопје, Г.Р.(38) од с.Арачиново пријавил дека го пронашол телото на неговиот татко Н.Р.(68) во бунар во близина на својата куќа во Арачиново. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција

Македонија | пред 6 години

policija-123

Лице со нарушено психичко здравје нападнал полициски службеник

На 19.07.2019 околу 21.30 часот, при асистенција на полициски службеници за спроведување на лицето С.Н.(27) од Велес, поради нарушено психичко здравје, на Нервното одделение во болницата во Велес, С.Н. физички нападнал полициски службеник.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања