Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

ruskovska-skopje1-3

ВИДЕО: Боки 13, Зоки Кичеец и Јанева ќе ја забрзаат „смртта“ на СЈО и отворањето на ново обвинителство

Случајот „Рекет“ само го забрза реализирањето и на идејата да се спојат СЈО и Јавното обвинителство, вели Министерката за правда Рената Дескоска.Оваа идеја била на маса во преговорите со опозицијата за новиот закон за јавно обвинителство и таа очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати законот предложен од Владата, затоа што одделението за организиран криминал покажа дека може да се справи со случаите на висока корупција.ВМРО-ДПМНЕ се уште го разгледува предлог текстот и нема конечен став како ќе се постави. Но, имајќи ги во предвид неколкумесечните неуспешните преговори и главната точка на судир меѓу двете страни, веќе може да се препознае што, во суштина, ќе биде камен на сопнување. Името на „проблемот“ потенцијално може да се препознае во ставот 2 од членот под број 106, кој гласи:„Со денот на отпочнувањето на примената на овој закон, надлежностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите и надлежностите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција преминуваат во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, а започнатите постапки продолжува да ги води Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција во фазата во која се преземени“, пишува во член 106 став 2 од предлог- законот на Владата.Во пракса, ова значи дека новото „споено“ обвинителство ќе ги застапува сите предмети кои ги застапуваше СЈО. И оние кои веќе се во фаза на судење, но и оние кои се во фаза на предистрага, истрага или пак за нив е поднесено обвинение по 30 јуни 2017 година. Меѓу тие „нови“ предмети е на пример истрагата „Империја“. Но, меѓу таквите предмети е и „Талир“, за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и за начинот на кој е изградено новото партиско седиште во Скопје.Опозицијата засега не соопштува став за целиот закон, но директно или индиректно ги навести своите позиции. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска изјави дека Рускоска е далеку од прифатливо решение за шеф на „споеното“ обвинителство. Под превезот на наративот на опозицијата за „Рускоска обвинителство“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште синоќа посредно навести дека за него се неприфатливи и „новите“ предмети.

Македонија | пред 6 години

mila

ВИДЕО: Американски пилот спасил улично куче во Скопје и го зел со себе во САД

Пилотот Марк Вендајт го нашол кучето повредено пред американската амбасада, прво сакал кучето да биде вдомено во Македонија, но откако видел дека посвојување на улични кучиња е многу ретка практика во земјата, го однел во САД каде сега се вика Мила и живее со американско семејство.Приказната на Мила можете да ја погледнете во видеото.

Магазин | пред 6 години

ruskovska-skopje1

Русковска и Јанева се тркаат за првото место: Каде се прават добри тетоважи од Вилма, прашуваат на „Твитер“

Обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која го води случајот за изнудување рекет каде осомничени се Боки 13 и Зоки Кичеец, се најде како мета кај корисниците на социјалната мрежа „Твитер“.Тие потсетуваат кои предмети ги работела Русковска во минатото, но и се шегуваат на нејзина сметка, откако премиерот Зоран Заев обзнани дека ја предлага за шефица во новото обвинителство, наместо Катица Јанева.https://twitter.com/US_Reagan/status/1152596115495292929https://twitter.com/zbiramfoto/status/1152602932497592320https://twitter.com/Linalu123Lu/status/1152475887419441152https://twitter.com/odidninata/status/1152651395692187649https://twitter.com/mojokilington/status/1152284355458469888https://twitter.com/siljanstrkot2/status/1152630098278981634https://twitter.com/PravednaTavita/status/1152492385974329345https://twitter.com/Strastniot/status/1152273397902204933https://twitter.com/Giotto_mkd/status/1152212540652437504 

Коментари | пред 6 години

micotakis

Мицотакис: Од однесувањето на нашите соседи ќе се оцени нивниот тек кон ЕУ

Во 10 часот по локално време, денеска продолжува тридневната расправа во грчкиот Парламент за гласање доверба на новата влада, откако вчера свои обраќања имаа премиерот на Грција како и лидерите на сите грчки политички партии, јави дописничката на МИА од Атина.Од однесувањето и добрата соработка на нашите соседи ќе се оцени нивниот тек кон Европската Унија, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговиот говор на почетокот на расправата за гласање доверба на Владата, во делот посветен на нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.Мицотакис, во едночасовното обраќање, кусо се задржа на грчката надворешна политика, споменувајќи ги Договорот од Преспа и односите на Грција со Турција.-На Балканот, како што имаме кажано во неколку наврати, приоритет е да се ублажат негативните последици од спроведувањето на Договорот од Преспа. А главната точка овде е развојната програма за северна Грција, заштита на македонските производи и голема меѓународна кампања за нашата Македонија. И сакам, одново да пратам една порака во и вон Грција: од однесувањето и добрата соработка на нашите соседи ќе се оцени нивниот тек кон Европската унија, рече Мицотакис.На ова му одговори досегашниот Грчки премиер Алексис Ципрас. Тој во делот од неговото обраќање, посветен на надворешната политика се осврна на Договорот од Преспа, ги спомена јавно изразените позиции на министерот за одбрана и алтернативниот министер за надворешни работи за време на нивното учество на конференцијата на „Економист“ и го праша Мицотакис, дали сега е добар договорот.– Господине Мицотакис, една и пол година, Вие и вашите членови бевте протагонисти во протестите за македонското прашање. Ги прифативте радикалните кои беа на протестите и многу пати го даваа ритамот на овие протести. Многу од вашите членови не нарекуваа предавници. Некои од пратениците на СИРИЗА најдоа насилници пред нивните домови, со бомби молотов, министерот за надворешни работи најде десетици заканувачки пораки со куршуми, а вие бевте предводник во критиката за предавнички договор. Сега е добар Договорот од Преспа? Ова го вели новиот министер за одбрана новиот и министерот за европски прашања, рече Ципрас, нешто што беше поздравено со аплауз од пратениците на СИРИЗА.Извор: МИА   

Свет | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мицкоски не може да го одбрани криминалот на Груевски, нов Предлог-закон за Јавно обвинителство

Јасно е дека Мицкоски не успеа повторно.Мицкоски побегна од лидерска средба но од правдата нема бегање. Мицкоски нема да може да го одбрани криминалот на Никола Груевски, вистинскиот негов шеф. СДСМ докажа дека за нас криминалот не познава партиски бои, се вели во соопштението од СДСМ.Новиот предложен текст на Законот за Јавно Обвинителство е уште една потврда за тоа. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го бранат криминалот а СДСМ бескомпромисно се бори против криминалот и корупцијата. Сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжат, нивќе ги застапува новото ЈО. Одговорност за сите овие предмети ќе има.Нема одбрана на криминалот на Никола Груевски и режимот.Секој што го прекршил законот ќе се соочи со правдата, се вели во соопштението од СДСМ.  

Македонија | пред 6 години

proboden

(ВИДЕО) Партнерот на Анџелина Џоли во „Томб Рајдер, актерот Сајмон Јам прободен со нож

Сајмон Јам, познат актер и продуцент од Хонг Конг е избоден денеска со нож во стомак, а осомничениот за напад на југот од Кина е уапсен. Инцидентот се случил додека актерот бил на промоција на отворање на еден локал.„Избоден е во стомакот и се здоби со исекотини на рацете, но цело време е во свесна состојба“, изјавил неговиот менаџер Лестер Мо.Мотивот за нападот на актерот чие кинеско име е Јам Тат вах не е познат.Јам глумел во повеќе од 125 филмови и 40 телевизиски серии, а играл и во холивудскиот филм Лара Крофт.https://twitter.com/jiangsusun1/status/1152437566408286208?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1152437566408286208&ref_url=https%3A%2F%2Freporter.mk%2Fdzet-set%2Fvideo-partnerot-na-andhelina-dholi-vo-filmot-za-tomb-rajder-proboden-so-nozh%2F

Магазин | пред 6 години

gas-anmesto-kocnica-660x330

(ВИДЕО) Наместо на кочница, притисна гас, па заврши во река

Грешка при возење, која можела да ја чини живот 64. годишна жена од Њу Џерси.Наместо да притисне кочница, додека маневрирала на паркингот на една перална за автомобили на брегот на реката, ногата и завршила на папучата за гас.https://twitter.com/HackensackFDNJ/status/1151175686939447298?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1151175686939447298&ref_url=https%3A%2F%2Fekran.mk%2F2019%2F07%2F21%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be%25d1%2584%25d0%25be%25d1%2582%25d0%25be-%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25b2%25d0%25b0%25d1%2598-%25d1%2581%25d0%25b5-%25d1%2581%25d0%25bf%25d0%25b0%25d1%2581%25d0%25b8%25d0%25bb%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25bc%25d0%25b5%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25be-%25d0%25ba%2FЗа среќа, водата во тој дел од реката била плитка и возилото само делумно потонало. 

Магазин | пред 6 години

plaza-2

(ФОТО) Наместо кочница, стиснал гас и заврши в море

Невнимателен возач утрово  со својот автомобил завршил во море на јавна плажа во Драмаљ, во Хрватска, пренесува 24сата.хр.– Повозрасен господин околу 85 години сакаше да паркира на самиот раб на патот, баш до плажата, но наместо на кочници, стиснал на гаста, па прелета и заврши во морето. Притоа ја повреди една госпоѓа, која подоцна ја однесе Брзата помош. Но, не мислам дека повредата е страшна. Сите беа шокирани, мали деца и родители врескаа од страв – рекол еден од посетителите на плажата.ФОТО: 24сата.хр

Магазин | пред 6 години

apolo-11-nil-armstrong

50 години од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз Олдрин.Прв човек кој зачекорил на Месечината на 20 јули 1969 година, е Нил Армстронг кој во таа прилика ја кажал познатата реченица, што звучи моќно и после половина век: „Ова е мал чекор за еден човек, но голем скок за човештвото“.По него, на Месечината зачекорил и Баз Олдрин додека третиот член на екипажот, Мајкл Колинс, останл во командниот модул, во орбитата на Месечината.Олдрин заедно со синот на Армстронг, Рик, и американскиот потпретседател, Мајк Пенс, денеска отпатуваа во Флорида за да ја посетат лансирната рампа од каде започнала мисијата „Аполо 11“.Агенцијата АП известува дека денес, во пресрет на отворањето на вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА, се направила километарска колона од автомобили, а во родниот град на Нил Армстронг Вакапонета во Охајо, речиси 2.000 натпреварувачи учествувале на трката насловена „Трка до Месечината“.Еден од учесниците во трката, Роберт Роко, изјавил дека луѓето денеска се собираат за да го одбележат, според него, најзначајниот историски настан – слегувањето на Месечината.„Шеесеттите години беа многу турбулентни времиња, но еден момент беше величенствен“, рекол тој.Американскиот претседател Доналд Трамп во порака по повод Денот на вселенските истражувања, изјави дека мисијата „Аполо 11“ е еден од најважните моменти во историјата на Америка.Тој потврди дека во денешно време целта е да се испраќаат астронаути на Месечината во наредните пет години, а потоа следниот голем чекор е испраќање Американци на Марс.

Свет | пред 6 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Гужва на граничните премини: За излез на „Богородица“ се чека и до 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица има зголемена фреквенција на возила, времето на чекањето за излез од државата е од 45 минути до 1 час, додека на ГП Дојран од 15 до 30 минути. На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево со температура до 36 степени

денеска времето во целата земја ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од северен правец. УВ индексот ќе биде висок, 9.Дневните температури ќе достигнат до 36 Целзиусови степени - Скопје  35, Маврово 27, Охрид 31, Битола 32, Кавадарци 35, Крива Паланка 31, Берово 29, Дојран 36 Целзиусови степени.Прогнозата и за утре е сончево и топло со мала до умерена локална облачност, УВ индекс 9 и повисоки дневни температури - Скопје 36, Маврово 28, Охрид 32, Битола 33, Кавадарци 37, Крива Паланка 29, Берово 31, Дојран 38 степени.

Македонија | пред 6 години

darmanovic

Дармановиќ: СПЦ се плаши од губење на монополот во Црна Гора

Црногорскиот министер за надворешни работи Срѓан Дармановиќ изјави дека СПЦ „е пред се политички субјект во Црна Гора, па дури потоа верски“.Во интервју за Гласот на Америка тој тврди дека Српската православна црква е против донесување на новиот Закон за верски слободи бидејќи „се плаши од губење на некои монополи во некои работи“.Дармановиќ нагласи дека законот предвидува државата да одреди кои културни наследства на Црна Гора ќе бидат под државен имот, но користењето ќе остане исто и нема да има никакво беззаконие и присвојување на имот, што гарантираат одредбите од законот.Шефот на црногорската дипломатија оцени дека примената на Законот за верски слободи нема посебно да влијае врз односите меѓу Црна Гора и Србија, доколку „нема дополнителни проблеми меѓу СПЦ и црногорската држава“.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

НАЈНОВА ВЕСТ: Во Охрид запленети луксузни возила и глисери

Полицијата вечерва во Охрид извршила заплена на неколку скапи патнички возила и пловни објекти, дознава Скопје1 од свои извори во МВР.Како што дознаваме тоа е направено по предлог на Јавен обинител, по претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка.Возилата се сместени во кругот на охридската „Касарна“ и остануваат во заплена до крај на истрагата во која се опфатени.Според првите информации возилата се одземени во рамки на процесот популарно наречен „Рекет“ во кој се товарат Бојан Јованоски ( Боки 13 ) и Зоран Милески Кически за изнуда на рекет од бизнисмени.

Македонија | пред 6 години

pajak

(ФОТО) Огромен пајак ги преплаши капачите на Јадран

На социјалните мрежи се појавија фотографии од огромни пајаци кои ги има во Јадранското море.На фотографијата објавена на Фејсбук страницата Дневна доза просечен Далматинец се гледа како на заштитната ограда во морето се качил огромен пајак.https://www.facebook.com/DnevnadozaprosjecnogDalmatinca/posts/883690861986976:0

Магазин | пред 6 години

received_382519142407472

(ВИДЕО) Се разбуди Етна, евакуирано население, затворени два аеродромот

Вулканот Етна на Сицилија е во ерупција откако од еден кратер тече лава, соопшти италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија. Ерупцијата е испрекината и лавата тече на југоисточната падина од вулканот на километар ипол од кратерот.Поради ерупцијата на вулканот евакуирано е населението од тоа подрачје. Затворени се и два аеродроми.Облакот од пепел предизвикан од ерупцијата се гледа од цела источна Сицилија. Видливоста е намaлена и поради тоа се затворени два аеродроми во Катанија. Последна голема ерупција на овој вулкан се случила пред 10 години.https://twitter.com/earthquakevt/status/1152651565511204864?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1152651565511204864&ref_url=https%3A%2F%2Fpressingtv.mk%2Fsvet%2Fetna-zatvori-dva-aerodromi%2F

Свет | пред 6 години

OHL_0255

Изложба на фотографии „Кина во моите очи“ на фестивалот „Охридско лето“

Дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер понуди уште една изложба. Станува збор за фотографии на тема „Кина во моите очи“ организирана во соработка со Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија и Општина Охрид.Годинава се навршуваат 70 години од државноста на Кина и по тој повод, Амбасадата на Н. Р. Кина во Република Северна Македонија, ја организираа оваа фотографска поставка на која учествуваат сите граѓани кои ја имаат посетено Кина.Во името на Општина Охрид, се обрати претседателката на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска која упати честитки за државноста на, како што рече, нашиот пријателски народ.-Сметам дека нема подобро место од Охрид во овој период од годината каде меѓу мноштвото културни збиднувања може да се направи една ваква изложба каде можеме да уживаме во убавината на фотографиите кои ни пренесуваат само мал дел од големата магија на Кина. Дотолку повеќе што автентичноста на овие фотографии, иако не претендира, но поради својот природен, оригинален, специфичен тон, успева да достигне и уметничка вредност. Притоа да не заборавиме дека не се изработени од професионалци, туку од наши граѓани кои со различни поводи ја посетиле Кина, рече Ангелоска.Претседателот на Друштвото на македонско-кинеското пријателство Љупчо Маленко рече дека македонско-кинеското пријателство започна пред 25 години, и како што најави ќе трае уште долги години и ќе се продлабочува.-Друштвото за македонско-кинеска соработка и пријателство е формирано пред 25 години. Со городост го истакнувам моментот дека ревносно се работеше на воспоставување заедничка соработка и на добрите односи, но и на она што значи претставување на нашите културни вредности, рече Маленко.Изложбата на фотографии „Кина во моите очи“ што ќе биде отворена седум дена, а има цел да ја претстави природата, историјата, развојот и промените во Кина, како и пријателството помеѓу Кина и Република Северна Македонија, преку ретроспективата на македонските граѓани. Многу од авторите на фотографиите од изложбата студирале, работеле или ја посетиле Кина. Фотографиите се тематски распределени во четири категории: „Природата и природните богатства на Кина“, „Историски и културни знаменитости во Н. Р. Кина“, „Кинеските градови и нивните значајни обележја“, „Животот на луѓето во Кина“.

Магазин | пред 6 години

toplo-vreme-768x556

Шест лица починаа од топлото време во САД

Необично топлото време предизвика смрт на најмалку шест луѓе во различни делови на САД објавија агенциите.Четири души загинаа во Мериленд, а по еден во Аризона и Арканзас. Топлината може да засегне околу 200 милиони луѓе во Средниот запад и Источниот брег на Соединетите држави.Претходно, Федералната агенција за управување со вонредни ситуации ФЕМА предупреди дека околу половина од жителите на САД се зафатени од "топлотен удар". Беше потенцирано дека комбинацијата од топлина и влажност може да создаде опасна ситуација. Агенцијата информираше дека причината за смртните случаи е поврзана со метеоролошките услови во САД.

Свет | пред 6 години

vlada.kosova.zgrada.epa_

По падот на косовската влада опозицијата бара, но и неизбежни се предвремени избори

Лидерот на владејачката Демократска партија на Косово (ПДК) и претседател на косовското Собрание, Кадри Весели изјави дека по вчерашната оставка на премиерот Рамуш Харадинај, вонредните избори во земјата се неминовни.Дури и самиот Харадинај, кој рече дека мандатот му го враќа на народот, го повика претседателот на државата, како што е пропишано во Уставот, да ги почне консултациите со политичките партии и земјата да оди на предвремени избори. Истото го побараа и Движењето Самоопределување,  Демократскиот Сојуз на Косово, Социјалдемократската партија и Иницијатива.Претседателот Хашим Тачи на Фејсбук потврди дека ќе постапи согласно неговите уставни надлежности. Тој меѓу другото пишува дека верува во чистата борба на ОВК и големите морални вредности на војниците кои се бореа за слобода.„Од медиумите бев информиран за одлуката на премиерот на Република Косово, Рамуш Харадинај за неговата неотповиклива оставка од премиерската функција. Јас ја почитувам неговата одлука и како претседател на Република Косово ве уверувам дека ќе постапам согласно моите уставни и законски надлежности, за што косовските граѓани ќе бидат навремено информирани. Јас верувам во чистата борба на Ослободителната војска на Косово и верувам во високите вредности на борците за слобода. Ниту вредностите на нашата слобода, ниту борбата на ОВК не може да ги загрози никој“, истакна Хашим Тачи, Претседател на Косово.  

Свет | пред 6 години

bogoevski

(ВИДЕО) Богоевски за 24.mk: Разочарување е мал збор за она што се случува во СЈО

Разочарување од она што се случува со СЈО е мал збор – рече Павле Богоевски,  поранешн пратеник и предводник на Шарената револуција. Тој смета дека и со новиот предлог закон за Јавно обвнителство многу прашања поврзани со истрагите на СЈО ќе чекаат одговор, објави www.24.mk.

Македонија | пред 6 години

161753_jelena-karleusa_ff

Карлеуша: Вие сте проста малограѓанка и заради таквите како тебе, плажите во Хрватска се празни

Поранешната ТВ водителка и уредничка на ХРТ, а сега директор на Туристичкиот сојуз на Макарска, Хловерка Новак – Срзиќ крена огромна прашина кога на јавноста преку својот профил на Фејсбук ги нападна на сопствениците на еден ноќен клуб во Макарска, во кој се пушта српски турбо фолк.Пред се’ и засметала Јелена Карлеуша, која имала настап минатата среда во клубот.Карлеуша штом дозна за ова, и возврати на госпоѓата.„Прочитав дека некоја постара госпоѓа од Туристичката организација на Макарска се лути што сум имала настап, нарекувајќи ме Цајка, што е навредлив термин за жена која се занимава со музика од Србија. Белким е време „госпоѓо“да го баталите фашизмот и шовинизмот и селскиот простотилук и да се едуцирата малку која сум јас! Не бруи Макарска за мене, како што велите, бруи целиот свет. И не затоа што сум “Цајка”, туку затоа што сум мегаѕвезда која ја сакаат милиони и надвор од границите на Балканот, а вие.Вие “госпоѓо” сте обична проста малограѓанка и заради таквите како тебе, плажите во Хрватска се полупразни! Баталете ја омразата и политиката затоа што со нив му ску*чивте и на Бога и на народот! Младите луѓе ги „заболе“ за тоа, само во вашата стара глава ги делите на “Германци, Партизани, Четници, Усташи”…. И да, и благодарам на Макарска на прекрасната дружба!“ – и порача Карлеуша преку Инстаграм.

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Весели: Подготвени сме за предвремени избори

Лидерот на Демократска партија на Косово (ПДК) и претседател на косовското Собрание, Кадри Весели, изјави дека вонредните избори во земјата се неизбежни и дека неговата партија е подготвена за нив, кога и да бидат закажани, пренесе Б92.„Одлуката на поранешниот премиер да поднесе оставка е лично решение и како таква ја прифативме, без оглед на тоа што претходно немавме никаква најава, ниту пак бевме консултирани. Предвремените избори се неминовни. ПДК е подготвена за нив, кога и да бидат закажани. Сега само ни останува да разговараме за терминот на нивното одржување“, изјави Весели.Лидерот на ПДК во обраќањето рече дека граѓаните имаат целосна доверба дека државата, суверенитетот и интегритетот се недопирливи.

Свет | пред 6 години

zapaleno-kuce

ФОТО: МОНСТРУМ со бензин запалил куче во гевгелиско Стојаково

Куче попладнево било бркано и тепано со вила, а потоа, запалено со бензин. Случајот на социјалните мрежи го објавија жители на Стојково, Гевгелија. Тие велат дека чинот е монструозен, а кучето починало за кратко време.Активистите прашуваат до кога ќе се толерираат вакви случаи, а со тоа да се одобруваат вакви убиства. Тие бараат санкции за сторителот кој го извршил убиството на монструозен начин. Случајот ќе биде пријавен во полиција.Во изминатите месеци, здруженијата за заштита на животните бараа да се откријат и сакнционираат лицата кои фрлаа отров низ повеќе градови во државата, со што усмртија стотици бездомни животни.

Македонија | пред 6 години

pozar

(ВИДЕО) Пожар во центарот на Сплит

Околу 16:30 граѓани пријавиле пожар во самиот центар на Сплит, во близина на крстосницата на улиците на Татковинската војна и ХРМ, јави „Далмација Данас“.https://www.facebook.com/slobodnadalmacija/videos/359977004648262/Како што е наведено, пожарот избувнал во магацинот на весникот „Слободна Далмација“. Тоа е простор што се користи како гаража, а вработените се евакуираат од соседната зграда каде се наоѓа редакцијата.Засега само е познато дека гори голема количина хартија, а огнот се обидуваат да изгаснат 20 пожарникари од Одделот за пожар во Сплит и Доброволната противпожарна бригада (ДВД), со пет возила.Огнот е локализиран околу 19 часот.

Свет | пред 6 години

drva-vo-ezero

(ВИДЕО) Ова е наjчyдната шума во светот во која дрвата растат наопаку

Свиено во планинскиот масив Тиан Шан во Казахстан, лежи езерото Каинди. Настаноло после земјотpeс во 1911 година и со сигурност е едно од нajнеобичните езера на планетата Земја.Тој земјотpeс од пред повеќе од 100 години пpeдизвикал големо лизгање на земјиштето и со тоа направил големо вдлабнување во земјата.Со тек на време, дождовите ја исполниле оваа дупка со вода и создале природно езеро.Каинди е познато по големиот број стебла од оморикa кои се издигаат директно од водата, а станува збор за остатоци од дрвени стебла кои биле пoтoпени за време на формирањето на езерото.Стеблата кои се наоѓале на местото каде што денес е лоцирано езерото успеале да oпcтанат и покрај нивната потопенocт во водата. Делуваат миcтичнo и мoќнo, а тиркизната езерска вода заедно со нив како декорација создава уште поспектакуларна глетка.А подводните сцени се уште поимпресивни, бидејќи дрвата не се paспаднати, па создаваат прекрасна подводна шума.Изненадувачки е фактот што ова езеро го посетуваат многу мал број туристи. Но, причината за тоа веројатно лежи во фактот дека недалеку од Каинди се наоѓаат познатите Големо Алматинско Езеро (Большое Алматинское Озеро) и Колосај, кои имаат попристапен приод од градот.И покрај близината на градската средина и повеќемилионската популација, во околината на езерата има мирна атмосфера, совршена за одмор и уживање.

Магазин | пред 6 години

ahmeti

Ахмети до Харадинај: Убеден сум дека ќе ја докажеш праведната борба на овој народ за слобода

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, преку социјалните мрежи реагираше по одлуката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај да поднесе оставка од функцијата, откако доби покана да се појави пред Специјалниот суд во својство на осомничен.Ахмети преку статус на Фејсбук изразува убеденост дека Харадинај и овој пат ќе изезе како победник.– Како еднаш не ти се одделија потешкотиите, човеку? Се запознавме во потешкотии, и успеавме. Во какви било потешкотии излезе победник и сигурен сум дека ќе излезеш како победник и од оваа наредна нефер потешкотија. Убеден сум дека ти најдобро и овој пат ќе ја докажеш праведната борба на овој народ за слобода, демократија и независност – вели Ахмети во неговиот статус на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања