Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

5

По случајот „Рекет“ каде Кичеец и Боки 13 се осомничени, сите челници повикуваат да се пријавува корупцијата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски од Прилеп порача дека полицијата ги превзема сите мерки за санкционирање криминал, а ги повика граѓаните да пријавуваат корупција.„Сакам уште еднаш да потенцирам дека ги преземаме сите неопходни мерки за санкционирање на било каков криминал, а особено на организираниот криминал и корупцијата. Ја користам и оваа прилика преку вас медиумите да ги повикам граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на корупција, заеднички да се бориме против криминалот и корупцијата. Гледате дека граѓаните се сега охрабрени затоа што гледаат дека институциите функционираат. Ние докажавме дека за нас криминалот не познава партиски и други бои и дека принципиелно и бескомпромисно сме за борба против него. Законите важат за сите, а  ние јасно покажуваме дека преземаме мерки против сите: политичари, вработени во МВР...без никаков пардон. Така и ќе продолжиме“, рече Спасовски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВИДЕО: „Нешто ќе те питам бабо“ ечеше под Пирин планина во Банско

Музичкото дуо “Некст Тајм” на социјалните мрежи споделија видео од нивниот настап во Банско, Бугарија. Тие ги испеале нивните познати композиции, а на свирката имало присутни локално население, но и туристи.https://www.facebook.com/nexttimeband/videos/327024701581873/На настапот ја испеале и нивниата последна преработка од песната „Нешто ќе те питам бабо“, која ечела во Банско. Настапот е дел од „One love tour“.

Магазин | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев за Мицотакис: Тој е искусен политичар, мисли добро на своите соседи

Премиерот Зоран Заев во интервју пред изборите во Грција, вели дека Мицотакис е искусен политичар и мисли добро на својата земји и соседите. На премиерот му се познати ставовите на Мицотакис.– Ги имам следено внимателно ставовите на господинот Мицотакис, секако неговиот коментар дека договорот не е добар ни е познат. Договорот, веројатно ако гледаме низ призмата на двете земји можеби подеднакво не е добар или подеднакво е добар. Јас верувам дека сите заедно ќе гледаме напред, нема да се враќаме назад. Господинот Мицотакис е искусен политичар и сигурно и мисли добро на својата земја и на своите соседи, па и на целиот балкански регион – вели Заев во интервјуто.Инаку интервјуто е направено пред изборите во Грција и пред Мицотакис и официјално да стане премиер на земјата. Премиерот коментира дека сега Грција за нас е нов пријател и стратешки партнер и тоа не е мала придобивка.– Јас сум човекот овде во C Македонија, кој ќе остане запаметен дека под негово лидерство е сменето името на нашата земја. Но, и како во едно семејство, некогаш во животот мора да направите одредени чекори, не толку среќни, не толку што ве исполнуваат, но заради добро на децата, за добра иднина на семејството, но и на соседството заедно ги правите ваквите чекори. Сега имаме нов пријател и стратешки партнер Грција. Зарем тоа е мала придобивка која што ја добивме? Тоа е голема работа за мене – вели Заев,а пренесе МИА.

Македонија | пред 6 години

nasilstvo-vrz-deca

Охриѓанец малтретирал старец и се заканувал на полицајци

Вчеравечер, 76-годишен жител на Охрид пријавил семејно насилство и загрозување на сигурноста извршено од 37-годишно лице, во нивниот семеен дом.„При обид за негово приведување, тој физички им се спротивставил на полициските службеници упатувајќи им навреди и закани. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид, против О.Л. ќе поднесе соодветна пријава“, информираат од СВР Охрид.

Македонија | пред 6 години

zapaleno-kuce

Познато е кој го измачувал и запалил кучето во селото Стојаково

Грозоморниот случај на кој вчера сведоци беа стојачани во кој куче прво било тепано со вила па спалено живо со бензин е пријавен во полиција, информираат од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“.Покрај пријавата оттаму велат дека полицијата е веќе на терен, а од прибраните докази постои и сомнение за можниот сторител.„Воедно согласно податоците кои ги обезбедивме знаеме кој е сторителот и бараме најстрого да одговара“, велат од здружението.По бурните реакции на јавноста се јави и градоначалникот на општина Богданци, Шапов, кој на својот Фејсбук профил го осуди настанот и побара од надлежните органи да превземат мерки за пронаоѓање на сторителот и истиот најстрого да биде казнет.Во своето излагање на Фејсбук, Шапов не изостави и да го спомне стационарот за кучиња, кој по ново наместо во Гевгелија ќе се гради во Валандово и треба да помогне во решавање на проблемот со кучињата скитници, проект најавен пред повеќе од една година, но сè уште не е реализиран.

Македонија | пред 6 години

saso-tasevski

Тасевски до Геровски: Остај ги Кики и Фрики, како е Орце, му се врати апетитот?

Новинарот Бранко Героски најави дека во понеделник ќе открие кои се Кики и Фрики, фиктивните ликови од неговите последни колумни во кои Коки беше Бојан Јовановски, а Зоки беше Зоран Милески Кичеец.По ова следуваше коментар од актерот Сашо Тесевски објавен на социјалните мрежи.„Во понеделник Геро ќе ни каже кои се Кики и Фрики. Не мора да ни каже. Светци знаеме дека не се. Геро остај ги Кики и Фрики, кажи Оркица како е? Му се врати апетитот? Мудрува за цената на слободата? Тура рака у џеб? До кај ја тура? До лакт или до рамо? Сите сте вие исти. За пари роденото дете ќе си го продадете. Нема дрес што не би го облекле, за добра цена. Бардов(Ц)и на новинарството слуги на Светото Тројство – Власт, Медиуми и Бизнис олигархија“, пишува Тасевски.

Коментари | пред 6 години

damovski-com

Дамовски до Чом: Tи не си капетанот, ти си дупката во 1ТВ бродот

Македонскиот режисер Борис Дамовски преку Фејсбук реагира на изјавата на новинарот Александар Чомовски од 1 ТВ дека ќе останел со младите новинари да ги учи и ќе се обидел да ја спаси телевизијата, чиј сопственик Бојан Јовановски алијас Боки 13 е во притвор поради рекетирање на бизнисмени.– Јас сум капетанот што последен го напушта бродот, изјави вчера Чомовски во интервју за Канал 77.Тој е познат и по тоа што остана последен и го исклучи светлото во некогашната А1 телевизија.– Не. Ти си дупката во бродот, му одговори Дамовски на Чомовски, на Фејсбук. 

Коментари | пред 6 години

katica-janeva-mickovski

Има сведоци за уцените на Јанева упатени кон Мицковски, вели Арсовски

„Рекетарите од власта се уште молчат и се обидуваат да ги заташкаат народски кажано најважните факти кои што треба да дадат одговор.Катица Јанева заедно со нејзиниот син Лазар Јанев и Боки 13 рекетирале, уценувале и вршеле притисоци врз бизнисмени и политичари. Впрочем, ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Мицкоски беа предмет на уцени и притисок од самата Катица Јанева. За тоа како што рековме има и сведок кој може да посведочи доколку биде повикан претседателот во Обвинителството.Боки 13 заедно со врвот на власта, со врвот на СДСМ преку најблиските соработници на Зоран Заев кои ја уживаат доверба на Зоран Заев и безрезервна поддршка во се како што има и самиот Заев кажувано за своите соработници во интервјуата, се стекнале со изнуден рекет во вредност од десетици милиони. Засега, СДСМ и Заев по цена на штета на сите граѓани, ги кријат и се обидуваат да ги заташкаат раководните луѓе од врвот на СДСМ што рекетирале преку СЈО или таканаречените Кики и Фрики кои што се уште им го кријат идентитетот. Дали затоа што и Зоран Заев знаел и затоа тој самиот ги штити бидејќи со негова дозвола рекетирале?Каде е Катица Јанева и дали е направен распит на нејзе и на нејзиниот син? Што се е откриено во телефонот на Катица Јанева и дали навистина другиот телефон го фрлила низ прозор при запленувањето на првиот. Доколку не е фрлен низ прозор и е изгубен или оставен во Белград како што тврди нејзиниот син и што се имало во него, под претпоставка дека може да е најден од органи на друга држава и зошто Катица Јанева не го пријавила истото во моментот кога го изгубила телефонот? Зошто Катица Јанева и син и кои се дел од рекетирањето се уште не се во притвор за да не може да влијаат врз сведоци во постапката?Зошто не се соопштува колку прислушувани и снимани разговори таканаречени бомби се најдени кај рекетарите наменети за приватни цели и дали истите тие во моментот се уште кружат и се пуштени во промет за да може и други луѓе да ги рекетираат истите луѓе кои што биле предмет на уцена?Ниедна глума на Заев не може да го испере од криминалот во кој е вмешан до гуша. Заев е главата на овој рекетарски октопод и антипод на борец против криминалот и корупцијата.“, изјави порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Македонија | пред 6 години

mickovski-ruskovska

Мицковски за Русковска: Заев сака Катица Јанева да ја замени со Катица Јанева

Зоран Заев го легитимираше она што одамна го велам, а тоа е дека Рускоска е негов избор, и сега сака една Катица Јанева да ја замени со друга Катица Јанева, овој пат со име Вилма Рускоска. Јасно е дека овој предлог не може да се разбере никако поинаку освен како мајтапење со законите и правната држава. Па не може жената која е персонификација на нестручно работење под политичка палка да се справи со криминалот и да донесе правда вели лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Република’. Тој зборува за случајот „Рекет“ и низата нејаснотии кои се отвораат – зошто нема обвинение против специјалната обвинителка Катица Јанева, зошто Заев е нем за Кики и Фрики…Премиерот Зоран Заев одлучи да поднесе предлог на закон за организирање на Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, Вие сте против таквиот закон, кои се причините? Очекувате ли доближување на ставовите?Мицкоски: Предлогот на власта не е предлог за воспоставување на обвинителство кое ќе биде независно и кое ќе гони вистински криминал, туку намерата е воспоставување на обвинителство кое ќе биде по теркот на Заев и во функција на криминалниот октопод. Откако увиде премиерот дека ова постојно СЈО е компромитирано пред сé поради политичките влијанија кои тој и неговите луѓе ги вршат врз тоа обвинителство, дополнително притиснато од коруптивниот скандал во кој учествува првиот човек Јанева, тој практично го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да не се даде нов живот на тоа СЈО, туку да се формира ново обвинителство во рамките на постојното Јавно Обвинителство кое ќе се занимава со гонење на висока корупција и криминал. Но проблемот настанува кога Зоран Заев сака на сила да протурка решение кои би било ново СЈО затоа што тоа исто обвинителство би го воделе компромитирани кадри, па дури истите од ова постојното СЈО, со задача да му помогне на Заев да остане на власт, исто како што му помогна да дојде. И што би се случило хипотетички, би се продолжил случајот Талир кој е случај против ВМРО-ДПМНЕ и кој е исклучиво политички конструиран, а позади тоа би се амнестирале вистинските криминали на власта. Едноставно Владата покажува дека не е за сериозна пресметка со корупцијата и се става во улога да штити корупција. Тие трета година ја имаат одговорноста да ја водат државата, а зад себе немаат ниту една правна разрешница на некој криминален скандал. Ние не може да си дозволиме едно урнисано СЈО да го замениме со друго, како и да се вика новото, но тоа да биде еднакво неквалитетно, непрофесионално и корумпирано како постојново.Рускоска е предлогот на Заев за нов јавен обвинител на тој нов оддел. За Вас ова не е прифатливо. Зошто?Мицкоски: Заев го легитимираше она што одамна го велам, а тоа е дека Рускоска е негов избор, и сега сака една Катица Јанева да ја замени со друга Катица Јанева, овој пат со име Вилма Рускоска. Јасно е дека овој предлог не може да се разбере никако поинаку освен како мајтапење со законите и правната држава. Па не може жената која е персонификација на нестручно работење под политичка палка да се справи со криминалот и да донесе правда. По овој терк фали уште Кацарска да стане врховен судија или претседател на Апелација, па Зоран Заев комплетно да го деградира судството за да може слободно да се додаде префиксот СДСМ во имињата на овие институции. Зоран Заев како што ја фалеше Катица Јанева сега ја фали Вилма Рускоска, и да ви кажам тоа треба да не загрижи, зашто првава е дел од афера тешка неколку милиони евра, а вторава,  како демек има улога да ја расветли, ама никако да стигне до Јанева, нејзините соработници од врхушката на власт, па дури и првиот човек на власта. Ви се молам, ова се сериозни работи, и сметам дека никако не може вака една одговорна функција да се препушти на такви кадри.Целото интервју прочитајте го на РЕПБУЛИКА.МК

Македонија | пред 6 години

janeva-ruskovska

Кој го овласти премиерот да ја избере Русковска за шеф на новото обвинителство?, прашува Каракамишева

Професорката по уставно право Тања Каракамишева, во својата објава на социјалните мрежи го запраша премиерот Заев од каде му е надлежноста да ја предложи и постави Вилма Рускоска на чело на Специјалното јавно обвинителство.Исто така го таа го запраша, од каде тоа премиерот е сигурен дека ќе има 2/3 мнозинство за изгласување на новиот закон.„Заев вчера си ја избра Русковска за шеф на новото обвинителство. Ни око да му трепне, ни веѓа да му мрдне. Кој го овласти премиерот сам да избира шеф на некое ново обвинителство?Од каде му е надлежноста? И како тоа премиерот е сигурен дека ќе има 2/3 мнозинство за изгласување на новиот закон? Пак ли ќе играат феферевка дежурните?“, пишува Каракамишева.

Коментари | пред 6 години

el-chapo

Љубовницата на Ел Чапо, инаку шпиунирала за ФБИ, клучен сведок за неговиот пад

Мексиканскиот нарко-бос Ел Чапо влезе во затворот во Коларадо во кој ќе го помине остаткот од живот. Затворот „Супермакс“, е модерен Алкатраз. Се наоѓа меѓу стрмни планини оттаму никој не побегнал.Ел Чапо во ќелијата ќе биде затворен 23 часа во денот, а тесниот прозор ќе му гледа во небото. Ќе може да гледа и телевизија, но само религиозни и едукативни програми.Инаку на судењето на кое Хоакин Гузман познат како Ел Чапо, најпознатиот нарко-бос на светот добил доживотна казна, се појавила и една жена, меѓу многуте негови познаници кои сведочеле за неговите злосторства, како и картелот Синалоа.Последна личност која се појавила во судот била жена за која обвинителите наведуваат дека била важна за неговиот пад, пишува  New York Times. 

Свет | пред 6 години

struga

Невладината „Наша Струга – Струга“, за утре најавува масовен собир, еве зошто ...

Невладина Организација Наша Струга - Струга, најавува дека во понеделник на 22 јули 2019 год во 20:30 часот пред зградата на политичките партии – комитет, ќе се одржи масовен собир.Во повикот пишуват дека на овој начин ќе се одбележи 15 годишнината од масовната како што велат ѕверска тепачка од специјалната полиција на тогашната власт на СДСМ на стружани кои се противеа на насилната територијална поделба на Македонија.

Македонија | пред 6 години

droga-zaviscni-protest-aerodrom

Аеродромци не дозволуваат зависници од дрога да се лекуваат во нивната општина, стравуваат дека децата ќе им бидат нападнати

Зависниците од дроги кои треба да се лекуваат во поликлиниката Јане Сандански, не се добредојдени за локалните жители. Тие денес на протест побараа министерот Филипче да ја поништи одлуката, бидејќи како што велат, во близина има улилишта и градинки, па стравуваат дека нивните деца можат да бидат нападнати.„Овој протест е револт по одлуката на министерот Филипче тука да се лечат зависници од дрога. Мислим дека моите деца можат да бидат нападнати од зависници, бидејќи сум видела како се лечат, а притоа, бараат пари. Нека се отворат посебни места каде ќе примаат терапија. На пример во Драчево или Лисиче. Таму нека се лечат, таму каде нема многу население. Три простории можат да се напраат за три месеци“, вели Оливера Стефановска, жителка на Аеродром.На протестот беше и ексградоначалникот Ивица Коневски кој ги поддржа протестите. Тој вели дека масовноста ќе се зголемува.„Сметаме дека одлуката е скандалозна бидејќи објективно проблемот на Кисела Вода ќе биде решен, но ќе биде префрлен на други три места. Тоа секојдневие кое го има во Кисела Вода ќе се префрли тука. Бараме одлуката да се повлече. Решението треба да го најде Филипче. Масовноста ќе се зголемува од ден на ден ако одлуката не се промени. Нема расположение ниту зависниците привремено да останат тука“, рече поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, кој беше присутен на протестот.

Скопје | пред 6 години

tramp-111

(ВИДЕО) Нов гаф на Трамп: Нобеловка му раскажува на Трамп за мртвите родители, а тој ја праша „Каде се тие сега?“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради неговите прашања за време на разговорот со добитничката на Нобеловата награда за мир, активистката Надја Мурад од Ирак.Младата жена, која стои зад Трамп на средбата, е една од 27-те преживеани од верски прогон што во средата го посетија Трамп. Таа му раскажува за своите мртви родители, а Трамп ја праша: „Каде се тие сега“?.Мурад одговори: „Ги убија. Тие се закопани во масовна гробница“.

Свет | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија до Мицкоски: Добро е што бараш притвор и за Јанева, но кажи некоја дума и за Камчев кој ја украде половина Македонија

Единствена Македонија ја поздравува заложбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за доследна примена на законот во случајот „Рекет„ вклучително и барањето за определување на мерката притвор за специјалната обвинителка Катица Јанева. Единствена Македонија очекува од Мицкоски да продолжи со залагањето за расчистување на криминалниот октопод на власта на Зоран Заев. Но, го охрабруваме Мицкоски да каже по некоја дума и за бескомромисната примена на законот и во однос на Јордан Камчев кој за време на власта на ВМРО-ДПМНЕ ја украде половина Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Сакаме да веруваме дека во овие пет дена откако избувна случјаот „Рекет“, од страна на Мицкоски е направен ненамерен превид со тоа што заборави да бара одговорност и за Камчев кој е еден од главните актери кој во спрега со Зоран Заев го актуелизира „Рекет“ во замена за негова слобода.Единствена Македонија никогаш нема да се помири со селективната и договорна борба со криминалот. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да направиме ревизија и одземање на украденото во криминалната приватизација на СДСМ во која се украдени околу 5 милијарди тогашни германски марки како и во постприватизацискиот период на ВМРО-ДПМНЕ во кој се украдени оклу 5 милијарди евра. Само така Македонија ќе биде држава која ја посакува македонскиот народ и сите државјани на Република Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

suzana-1-1

Анастасовска: Рускоска мора да даде образложение за инволвираноста на "колегите од СЈО" или во спротивно нека не ја пали јавноста

Обвинителката Вилма Русковска мора да даде официјално, институционално образложение за инволвираноста на, како што ги нарекува, „колегите од СЈО“, или во спротивно нека молчи и нека не ја пали јавноста со опасни полуизјави, напиша на својот Фејсбук профил адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска. Таа напиша:Треба јасно и гласно, за да ја разбере и првооделенче, да објасни зошто против "колегите од СЈО" не е покрената истрага и не се преземаат мерки ако се точни две информациички кои ги пласира на медиуми онака, ко холивудски тизер за трилер:1. Дека има аудио снимка од "јавен обвинител" кој е вклучен на интерфон додека трае изнудата.2. Дека предистрагата траела долго и се испитувало дали можеби "сведокот" се обидува да наштети на "колегите од СЈО" (со други зборови, пријавата од сведокот директно ги инволвира СЈО, па мора да се испитува што е точно)Што се утврдило пред отварањето на истрагата, обвинителке? Сакал ли сведокот да наштети на СЈО или имаме злосторничко здружение?Ако е утврдено дека не му е целта да наштети, бидејќи му давате статус на сведок (малтене жртва), зошто никој од "колегите од СЈО" не е уапсен при постоење на снимки? Зошто спомнувате дека се слуша при изнудата "разговор со јавен обвинител", а не кажувате што од тоа сте утврдиле. Вмешаност или не??? Како тоа "во иднина може да се прошири истрагата" ако имате снимки?? Зошто не ја отворите истрагата против сите инволвирани (постоење на основано сомнение) па врз основа на резултатите да покренете обвинение само против оние лица за кои ќе се уверите дека можете да докажете кривично дело пред непристрасен суд, како во секоја нормална држава? Зошто во официјалниот прес ставот на обвинителството е дека оставката на Катица Јанева е "само лош тајминг"?Дали "сведокот" со давањето пари обезбедил влијание кај СЈО, си обезбедил куќен притвор и пасош кога му затребал, па отпосле пријавил и ако е така, зошто не е против него покренато обвинение? Јас знам зошто, ама мора се' да се објасни, јавно и без стискање на изјави низ заби.Ма каков е овој обид за правна држава во кој живееме??? Ова е една голема трачарница, сред-село, биртија, домашна слава во која се седнати 2 милиони, мезат, пијат и се' знаат.Заслужуваме ли ние како јавност да изградиме доверба во институција која сега ни се пласира како ново-старо СЈО? Како да ја изградиме кога главната обвинителка на медиуми дава изјави од кои може јавноста да шпекулира до бесвест дека истата ги штити "колегите од СЈО" и уште еден куп други сценарија, напиша адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска. 

Македонија | пред 6 години

boris

ИН МЕМОРИАМ: Почина новинарот Борис Ѓорѓиоски

Новинарот Борис Ѓорѓиоски (1943) почина денеска во Охрид. Георгиевски (1943) завршил Факултет по новинарство во Белград. Кариерата ја почнува во радио Белград, а одреден период бил директор на локалното радио Младеновац. До осамостојувањето работи во радио Белград како дописник од државава, по што во Охрид ја основа приватната радио станица МСБ.Новинарската кариера ја продолжува како новинар коментатор во новинската агенција МИА за која работеше како дописник до пензионирањето.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still167

Запленетите возила и пловила проценети на над 1.000.000 евра

Возилата кои вчера навечер ги заплени државата како дел од истрагата за случајот „Рекет“ вредат повеќе од 1 милион евра.Во кругот на охридската „Касарна“ се наоѓа пловило кое вреди повеќе од 100.000 евра, а запленети се џипови, мотори, и скутери за забава на вода.Извори во истрагата информираат дека биле вршени претреси во повеќе објекти сопственост на Зоран Милески Кически на територија на општините Охрид и Дебрца.Неофицијално заплените ќе продолжат понатаму врз недвижен имот.

Македонија | пред 6 години

kucinja-skitnici

Две лица каснати од скитници во Центар

На 20.07.2019 во Полициската станица Центар, Б.Б.(40) од Скопје пријавил дека на Плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога. На 20.07.2019 во 21.46 часот во Полициската станица Центар, Д.С.(30) од Скопје пријавил дека на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник на десната потколеница. 

Скопје | пред 6 години

izletal-od-pat

Два автомобили излетале од патот - има повредени

На 21.07.2019 во 00.10 часот на автопатот Неготино-Демир Капија, Е.Ш.(41) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „Мерцедес 400ЦДИ“ со кавадаречки регистарски ознаки излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.М.(70) од Кавадарци и бил пренесен во болницата во Кавадарци. Е.Ш. се здобила со телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.На 21.07.2019 во 02.20 часот на бул.„Словенија“ во Скопје, Д.Н.(52) од Скопје, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Н. и сопатниците М.Д.(48) од Скопје и Н.С.(33) од Скопје, додека со телесни повреди се здобила сопатничката Љ.Д.(46) од Скопје. Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Починал додека вршел градежни работи во неговата семејна куќа

На 20.07.2019 во 12.26 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека околу 12.05 часот во с.Кучково, М.Р.(74) од  Скопје, додека вршел градежни работи во неговата семејна куќа(влечел котур со кабел), паднал и починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт како последица од струен удар.  По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.

Скопје | пред 6 години

policija-22

МВР поднесе кривична против скопјанец - увозник на автомобилски бренд

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Ј.(61) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување исправа“ и „злоупотреба на службена должност и овластување“ и против В.Ј.(39) и С.К.(48), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“.Во 2016, првопријавениот, во својство на управител на правно лице од Скопје, како увозник и сопственик на возило „Форд Ренџер“, за кое знаел дека не ги исполнува пропишаните услови и стандарди, односно не може да се регистрира и управува на територијата на РС Македонија, по извршена царинска постапка и добиена царинска декларација на име на правното лице, со непознато лице договорил изработка на странски договор за купопродажба на возилото со невистинита содржина, преку внесување на податоци за лице купувач кој е повратник од странство, како и да поднесе барање до Бирото за метрологија за отварање на постапка за идентификација на возилото, при што тој на непознатото лицето му дал примерок од странската фактура, странската сообраќајна дозвола на име државјанин на Холандија и времена странска сообраќајна дозвола на име на лице од Скопје. По ова, лицето, обезбедило потврда од управните служби во Ресен на име лице од Ресен, во кое е наведено дека е повратник од странство, по што изработил невистинита фактура во која биле внесени невистинити податоци за продавач на возилото како правно лице од Холандија, додека како купувач било лицето од Ресен.После тоа, ваквата документација лицето ја доставило во прилог до Бирото за метрологија, кое издало потврда за отварање на постапка за идентификација. По ова, првопријавениот, во име на правното лице од Скопје, ја приложил до правно лице заради спроведување на постапката за идентификација и оцена на техничката состојба на возилото, а В.Ј., во својство на вработен како технички испитувач и овластен потписник на документите за одобрување на регистрација за возила, ја спровел постапката за идентификација на возилото, без да ја утврди фактичката состојба и издал согласност за регистрација на возилото. На крај од целата постапка, пријавениот С.К., во својство на референт во Управни работи, издал регистарски таблички и возилото било пуштено во правниот промет и сообраќај на територијата на РС Македонија.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај велешанец пронајдени марихуана, кокаин и метадон

СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Х.(24) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.12.2018 година во Велес полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, кокаин и метадон.

пред 6 години

pistol

Приведени три лица откако во автомобилот им бил пронајден пиштол „GAP“ куршуми и рамка за пиштол

На 21.07.2019 околу 00.05 часот во  атар на с.Радибуш, општина Ранковце, полициски службеници запреле патничко возило „Ауди 4“со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.И., а управувано од М.К.(26) од Скопје, а како сопатници биле Е.Л.(32)  од Скопје и К.Т.(21) од Скопје.При преглед на возилото биле пронајдени и одземени пиштол „GAP“ калибар 9мм, пет куршуми и една рамка за пиштол, за кои немале никакви документи.  По наредба на Јавен обвинител,  одземено било и возилото. Лицата биле приведени во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Скопје | пред 6 години

zaev-odgovornost

Заев вели од септември раст на платите, а од јануари и пензиите

„ Откако ги решивме сите големи политички прашања останува да го зголемиме економскиот стандард и главна задача е раст на платите, пензиите и капиталните инвестиции за подиректна благосостојба за сите граѓани“, изјави премиерот Зоран Заев. Тој додаде:„ Влегуваме комплетно со сите свои перформанси. Тевдовски останува да работи околу мене, веројатно и како советник во тој дел. Следуваат храбри решенија и храбри одлуки, каде бенефит треба да имаат сите граѓани и во делот на социјалниот аспект и во делот на земјоделието и пензиите и платите. Кога веќе се решени сите големи политички прашања на нашата земја останува да го зголемиме економскиот стандард“– изјави Заев.Премиерот додаде дека наесен е можно да има ребаланс. Најави дека од септември ќе има зголемување на платите во голем дел од јавната администрација, додека од 1 јануари се очекува да се овозможи и раст на пензиите.Тој изрази уверување дека до крајот на годината ќе имаат доволно финансии и капацитети за зголемување на пензиите од 1 јануари 2020 година. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања