Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

75A26C7E-6328-4F10-BC67-8665AAF1FA06

ГАЛЕРИЈА: Огнот го уништи едриличарскиот клуб во Струга, туристите го споредуваа пожарот со Чернобил

До темел изгоре едриличарскиот клуб "Снегар" кој се наоѓа на популарната “Машка плажа” во Струга. Чадот од пожарот надвисна на струшко-охридскиот регион, а туристите кои беа на плажите го споредуваа со експлозијата на реакторот во Чернобил.Според нашите извори, целосно уништени се комплетната опрема едрилици, даски за едрење и гумењаци.Неофицијално пожарот пеплоса 10 едрилици класа "Оптимист", 2 едрилици класа "Европа", и неколку едрикици класа "Ласер".Спасени се само две три едрилици и еден гумењак.

Македонија | пред 6 години

janeva-ruskovska

Катица нема да избега од државава оти тука има семејство и живот, вели Русковска

Во интервју за емисијата „Код“ обвинтелката Вилма Русковска изјави дека Јанева не била под ПИ мерки и оти таа лично не верува дека избегала од државава затоа што тука имала живот и семејство.Русковска вели дека не знае каде е шефицата на СЈО која во понеделникот поднесе оставка, а од 16 јули, официјално е на боледувањеРускоска информираше дека двајца обвинители од СЈО стапиле во контакт со неа и се информирале дали треба да дојдат во Обвинителството да дадат исказ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Не е точно дека Боки 13 имал обезбедување, велат од МВР

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите што во емисијата „Код“ на ТВ Телма ги изнесе директорот на АВМУ Зоран Трајчевски дека наводно лицето Бојан Јовановски имало службено обезбедување од МВР. Тоа апсолутно не е точно.Бојан Јовановски немал службено обезбедување од МВР. Непрофесионално и неетички е Трајчевски, кој е на чело на регулаторно тело на кое му е работа да ја штити јавноста од дезинформации и да внимава на етиката во известувањето, самиот да шири дезинформации.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

ФОТO: Тешка сообраќајка кај Требеништа, колони возила до Охрид

Тешка сообраќајна несреќа се случи во близина на Требеништа, во општина Дебарца.Едно од возилата е мотор, кој е целосно уништен. Не е познато каква е здравствената состојба на возачот.На терен е излезена полицијата, која треба да ги утврди причините за несреќата.Поради сообраќајката, на патниот правец Требеништа-Охрид има застој, а колони возила до влезот од Охрид.

Македонија | пред 6 години

Boki-13-Bojan-Jovanovski

Боки 13 користел обезбедување од МВР

Осомничениот за рекет, Бојан Јовановски од почетокот на оваа година користел обезбедување од МВР, отри директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски за „Код“.„Бојан Јовановски од почетокот на оваа година имал слижбено обезбедување од МВР, поради добиени закани по емитување на серијата 'Инсајдер'“, вели Зоран Трајчевски, директор на АВМУ.Доколку МВР му дало обезбедување на Јовановски како сопственик на медиум, 1ТВ може да остане без дозвола за работа, што практично значи згаснување на телевизијата.„Доколку Јовановски добил обезбедување од МВР како сопственик на медиум, иако на формално-правно не е сопственик, тогаш станува збор за тајно содружништво, а тоа не е дозволено и во таков случај се одзема дозволата за работа“, додава Трајчевски.

Македонија | пред 6 години

granica

За влез од Грција во Македонија се чека околу 30 минути

На Граничниот премин Табановце за влез во државата се чека околу 30 минути, соопшти Автомотосојузот на Македонија.На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Македонија | пред 6 години

IMG-1d3222f945368e18a81011451275ba1a-V

Спасовски најави дека МВР ќе запленува имот кој не се знае како е стекнат, како дел од радикалната борба против корупцијата

Ставот на МВР е дека треба да се бориме радикално против криминалот и корупцијата и дека секој нелегално и бесправно стекнат имот треба да биде запленет и да биде конфискуван, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарското прашање кој е ставот на МВР за запленетиот имот во Охрид по налог на јавното обвинителство.– Во сите години на независна Македонија имавме многу малку случаи на конфискација на имот. Тоа праќаше една порака до криминалните структури дека и покрај криминалните активности, стекнатиот имот, нема да биде конфискуван. Сега начинот на работењето концептуално е сменет и кај МВР и кај Јавното обвинителство. Паралелно со сите постапки и истраги, се води и финансиска истрага и врз основа на наредбите кои ги добиваме од Јавниот обвинител, ние постапуваме и не само конкретно за еден настан или случај, туку за сите ќе се постапува така и понатаму и секој нелегално стекнат имот, мора да биоде вратен на државата, односно на граѓаните, изјави Спасовски, кој денеска присуствуваше на конститутивната седница на Совет за превенција на Прилеп.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_1

ВИДЕО: Летечко такси во Париз

Жителите на Париз во наредните години ги очекува вистинска мала револуција во транспортот, бидејќи наскоро би можеле да патуваат со летечко такси.Во насока на поефикасен транспорт на гостите и учесниците на најголемиот светски спортски спектакл, Олимписките игри во 2024 година, се здружија - "Ербас", Аеродроми Париз, Париската градска сообраќајна компанија, Парискиот регион и Генералниот директорат за цивилно воздухопловство.Од нивната соработка, се појави проект во кој се разгледуваат разни модели на футуристички возила, како оние од научната фантастика. Во моментов се тестираат прототипови чиј изглед се чува во тајност. Од "Ербас" за "Новости" истакнуваат дека работат на различни модели, а кој ќе од нив ќе стигне до Олимписките игри допрва треба да се одлучи."Во моментот ги развиваме и тестираме нашите постоечки демонстратори на летови, кои ќе ни овозможат да го дефинираме патот за идните генерации на авиони", изјави за "Новости" Едуардо Доминез Пуерта, шеф на "Одделот за мобилност на урбаните средини во Ербас".Моделите како што се "Сити Ербас" и "Вахана" служат како основа за идниот концепт. Сепак, се претпоставува дека новиот авион ќе изгледа како нешто помеѓу хеликоптерот, автомобилот и летачкиот објект на иднината. Во овој поглед, се испитува нов систем со апликацијата "Вум" базирана на резервации за пренос на воздух што веќе се користат во Мексико или Сао Паоло. Но, ова ќе биде нешто сосема ново.Досега се планирани две линии, од аеродромот до идното олимписко село во Сен Дени и до Дизниленд. Центарот на градот во моментов е исклучен од проектот, бидејќи прелевањето на капиталот е комплексен поради безбедносните правила. Наскоро треба да биде избрано земјиштето во близина на аеродромот Париз Шарл де Гол-Роаси , а пистата би можела да функционира една и пол година. Се планира леталата да полетуваат на секои шест минути!

Магазин | пред 6 години

Tajna

Жените признаа што кријат од мажите

Секој има свои тајни, а мажените жени преку апликацијата „Виспер“ анонимно признаа што кријат од своите сопрузи. Од скандал и прељуба до признавања какви што малкумина би очекувале.„Мојот сопруг не знае дека сè уште му пишувам на поранешниот кој е во затвор."„Заљубена сум во мојата мртва најдобра пријателка. Таа почина пред една година. Мојот сопруг не знае ..."„Намерно абортирав. Не можев да се справам со уште едно бебе, физички и психички. Мојот сопруг не знае дека ми олесна."„Имам 50 000 долари за кои мојот сопруг не знае. Велам дека нема ништо лошо во тоа!"„Мојот сопруг не го знае тоа, но само едно од четирите деца кои ги имаме е всушност негово."„Мојот сопруг не знае дека користев кокаин. Тој вели дека сака да проба барем еднаш. Јас навистина не сакам да го направи тоа бидејќи кокаинот е нешто страшно и јас не сакам да го допре."„Јас би можела да бидат прикриена алкохоличарка. Мојот сопруг не знае. Кријам пијалаци дома за да не дознае дека сум пијана..."

Магазин | пред 6 години

pendarovski-1

Зошто Пендаровски го декларираше Гоце Делчев како Бугарин?

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европавели дека со тоа што кажал дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин, а се борел за независна и самостојна Македонија, ги зајакнал македонските преговарачки позиции во дијалогот со Бугарија.– Македонската јавност треба да знае дека комисијата од историчари составена од Македонија и Бугарија западна во ќopcокак. Практично дојде до ситуација, дојде до периодот 19-20 век, во кој бугарската страна инсистираше, по мое убедување од политички мотиви, сè што се случувало во тој период да биде препишано само на бугарската историја и сите тие дејци, сите peволуционери и сите настани да бидат дефинирани како исклучиво бугарски. Јас после една долга серија консултации, кои ги имав со академиците во нашата академија, со членовите на нашата комисија, со истакнати интелектуалци и професори по историја на наша страна, од нашата држава, заклучив дека е потребен извесен политички ветер во грб на нашата страна од комисијата и една политичка рамка да речам, не конечно или целосно решение, туку една политичка рамка во која идните разговори во рамки на таа комисија, евентуално можат да се одвиваат. – рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

МВР нема обврска да знае каде е Јанева, таа слободно може да оди на одмор иако е болна

МВР нема обврска да знае каде се граѓаните на државата во кој било момент, освен ако има налог од надлежен обвинител или надлежен суд, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи дали МВР знае каде е специјалната јавна пбвинителка Катица Јанева. Спасовски кажа дека ако МВР зане каде секој се наоѓа во одреден момент, тогаш тоа не е демократска држава.Истовремено, обвинителката Русковска која го води предметот за рекет врз бизнисмени, каде засега се осомничени само Боки 13 и Зоки Кичеец, вели дека нема ПИ-мерки за обвинителката Катица Јанева, а ниту забрана за напуштање на државата.Во меѓувреме, шефицата на СЈО во оставка, достави боледување во правната служба на обвинителството, а на работа се нема појавено веќе една недела. 

Македонија | пред 6 години

ohridskoezeromart

ВИДЕО: Опожарена плажа во Струга, изгореле едрилици и кајчиња

Огромен пожар попладнево настанал на „Машка плажа“ во Струга, а чадот се гледаше и од плажите во Охрид. Според информациите на „Скопје 1“, целосно изгорен едричарскиот клуб „Снегар“, со десетици едрилици.https://www.facebook.com/voxstruga.mk/videos/476964153089574/Последните инфорамции говорат дека опожарени се и кајчиња, кои биле чувани во еден од објектите.Противпожарната единица се обидува да се справи со пожарот, а причините засега се непознати.

Македонија | пред 6 години

67113877_2100868496888969_2594991572063879168_n

Повторно пожар кај Струга

Огромен „столб“ од црн и густ чад се издига над Струга. Чадот е видлив од Охрид, а фотографијата која ја објавуваме ја направија наши читатели на плажата „Метропол“.Подметнувањето пожари во трската кај Струга и крајбрежјето стана секојдневие последните неколку месеци.

Македонија | пред 6 години

rfnjeagerht

Почина новинарот Георгиевски, кој ја основа првата приватна радио станица во Охрид

Новинарот Борис Георгиевски роден 1943 година, почина денеска во Охрид.Георгиевски (1943) завршил Факултет по новинарство во Белград. Кариерата ја почнува во радио Белград, а одреден период бил директор на локалното радио Младеновац.До осамостојувањето работи во радио Белград како дописник од државава, по што во Охрид ја основа приватната радио станица МСБ.Новинарската кариера ја продолжува како новинар коментатор во новинската агенција МИА за која работеше како дописник до пензионирањето.

Македонија | пред 6 години

katica-janeva-sasho-tasevski

Познат актер ќе организира геј парада и ќе шета по црвена танга, ако Катица Јанева биде осудена за рекет

Актерот Сашо Тасевски на социјалната мрежа фејсбук, со доза на потсмев, вели дека ако Катица Јанева биде осудена за изнудување рекет, тој ќе шета по црвена танга и ќе организира геј парада во Аеродром.„Ако го осудат Катето, ќе организирам геј парада у Аеродром, кајшто е најризично и издепилиран во црвена танга ќе скандирам: Нема правда, нема мир!“, пишува Тасевски.

Коментари | пред 6 години

izjava-zaev.Still168

(ВИДЕО) Скопјани со џип влегоа во Охридско Езеро

На охридската плажа Љубаништа, туристите беа сведоци на несекојдневно случување, кое во последните години, станува нормално.Џип со скопски регистарски таблички влезе во Охридското езеро со приколка за влече, за да извади глисер. Туристите зачудено прашуваат, дали ова е нормално и законски дозволено.Непознато е дали институциите ќе реагираат на ваквото однесување од страна на поединци. 

Македонија | пред 6 години

janeva-ruskovska

За смената на Јанева и изборот на Русковска ќе се дискутира од вторник во Собрание

Дебатата за новото СЈО кое повеќе нема да биде специјално туку обвинителство за организиран криминал и виска корупција се префрла мегу пратениците. Законот за јавно обвинителство, со кој СЈО се спојува со организиран криминал во вторник влегува во Собрание, велат од министерството за правда за телма.Владата во вторник законот ќе го прати во Собрание. Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во Собрание, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани. Градењето 2/3 мнозинство ќе биде во Собранието, велат од Министерство за правда.Од правда се зачудени што опозицјата не прифаќа досегашната шефица на организиран криминал Рускоска да биде на чело на новото обвинителство.Очекуваме поддршка од сите, особено што ВМРО-ДПМНЕ кога поднесе до Министерството амандмани на претходниот текст на законот, со амандманите предложи СЈО да биде дел од ЈО за организиран криминал, а не предлагаше никакви кадровски промени во обвинителството за организиран криминал, што практично значи дека во новиот текст на законот е прифатен нивниот предлог Јавното обвинителство на чело со Рускоска да ги води случаите на СЈО. Сега зачудува измената на нивниот став по ова прашање, велат од Министерство за правда.Целата вест прочитајте ја на Телма.мк

Македонија | пред 6 години

Samoubistvo-kaj-Momir-02

Мајка пријавила исчезнување на ќерка која има психички проблеми

На 20.07.2019 во 20.10 час во Полициската станица Чаир, З,Д,(49) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка С.Д.(27), која е со психички проблеми.Таа неколку пати досега се оддалечувала од домот.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 6 години

policija-grcka-ambasada

Ограбена обложувалница во Скопје

На 20.07.2019 во 09.34 часот во СВР Скопје било пријавено дека едно лице извршило разбојништво во спортска обложувалница на ул.„Анастас Митрев“ во Скопје и одзел пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

grabez

Пронајдено лице кое извршило разбојништво во скопско казино

На 20.07.2019 после 22.00 часот полициски службеници го привеле лицето Б.И.(28) од с.Синѓелиќ, скопско, поради тоа што претходно со уште едно лице извршиле разбојништво во казино во Скопје.При приведувањето, кај него бил пронајден пиштол и пари кои биле одземени од казиното.По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Скопје | пред 6 години

policija-620x2641

Малолетник избегал од дома, откако се скарал со мајка му

Вчеравечер во Полициската станица Аеродром, Н.В.(36) од Скопје пријавила дека по семејна расправија, од домот се оддалечил нејзиниот малолетен син.Претходно, тој неколку пати се оддалечувал од домот поради семејни расправии и бил враќан од полицијата.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 6 години

policija

Млад прилепчанец навредувал полицајци

На 21.07.2019 во 05.30 часот во Полициската станица Прилеп бил приведен С.Р.(22) од Прилеп поради тоа што се однесуувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службена дејност во угостителски објект во Прилеп.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Делеле летоци на автопатот Скопје-Тетово блокирајќи го сообраќајот, па ги навредувале полицајците кои барале идентификација

Вчера во полицијата било пријавено дека 15-тина лица делат шишиња вода и пропаганден материјал на политичка партија на наплатната рампа Глумово, на автопатот Скопје-Тетово и го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.Полициски службеници излегле на местото на настанот. 11 лица се легитимирани и предупредени, а три лица се приведени во полициска станица бидејќи не сакале да се идентификуваат и ги омаловажувале полициските службеници.По утврдување на идентитетот тие се пуштени, а поднесени им се прекршочни пријави.

Македонија | пред 6 години

pruga

Пожар на пругата во скопско Драчево

На 21.07.2019 околу 02.00 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на железничката станица Драчево настанал пожар на стари железнички прагови кои биле извадени од пругата и биле оставени покрај неа.Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.Железничкиот сообраќај не бил во прекин.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Со мотор удриле во автомобил, повредени две лица

На 21.07.2019 во 01.00 часот на Регионалниот пат Кочани - Зрновци, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „БМВ“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Б.М.(20) од с.Тркање и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од К.Г.(26) од Зрновци, кои потоа удриле во паркирано патничко возило „Фиат Браво“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на Ф.М.(21) од Зрновци.Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „БМВ“ и сопатничката М.А., а со повреди се здобиле и возачот на мотоциклот и сопатничката Т.З. од Зрновци.Увид извршила екипа од Полициската станица Кочани.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања