Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

1-1-2

Дескоска на средба со новата амбасадорка на САД

Министерката за правда, Рената Дескоска, се сретна со новоименуваната амбасадорка на САД во Република Македонија, Кејт Мари Брнз.Министерката Дескоска ѝ посака добредојде и успешен мандат на амбасадорката Брнз и изрази благодарност за досегашната соработка и поддршка која Република Македонија ја добива од Соединетите Американски Држави.Во поглед на реформската агенда на Министерството за правда, Дескоска ја информираше амбасадорката Брнз за досегашните активности и одблизу ја запозна со донесените закони, но и со клучниот предизвик кој претстои на патот на интеграција на државата во Европската Унија.Дескоска истакна дека во моментот се наоѓаме во многу сензитивна ситуација со Законот со Јавното обвинителство, кој наредната седмица ќе биде испратен во собраниска процедура, и дека овој закон претставува клучен предизвик во работата на Министерството за правда.Амбасадорката Брнз ја пренесе поддршката на САД во процесот на градење силни и независни институции базирани на принципот на владеење на правото, заштитата на човековите права и борбата против корупцијата.

Македонија | пред 6 години

zoshto-da-go-posetite-ezeroto-komo-248059

Куќа за 1 долар во близина на езерото Комо во Италија

Монти Скијага е изолирано село во северна Италија, каде што, сепак, има пристап до водоводен систем и се наоѓа на 115 километри северно од Милано. А, пак, езерото Комо, каде холивудскиот глумец Џорџ Клуни има луксузна вила, е на околу 64 километри.Ова планинско место било скоро целосно напуштено во 1970-тите, но ја има задржано својата изворна структура со традиционални архитектонски елементи. А, властите сега ќе одлучуваат по предлогот – напуштените куќи да се продаваат за по еден долар.Сè ова претставува поволна прилика за инвеститорите. Гласањето за предлогот допрва следи, пренесува „Фокс њуз“.Недвижнините се во лоша, руинирана состојба, а од купувачите се очекува – во разумна временска рамка да ги реновираат и оспособат за живеење.Слични проекти веќе се спроведуваат и во други напуштени и зафрлени места ширум Италија.

Магазин | пред 6 години

angusev-22

Анѓушев: До крајот на следната година просечната плата ќе биде 30.000 денари

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев е оптимист дека просечната плата во земјава ќе достигне до 30.000 денари до крајот на 2020 година и оти тоа ќе биде базирано на реалниот раст на економијата, а не на проекти финасирани од државата.-Просечната нето плата во државата за мај 2019 година е 25,270 денари и  е највисока досега. Ако имаме предвид дека е зголемена за 3,1 отсто во спредба со истиот месец лани и со тенденцијата која веќе ја имаме очекувам до крајот на мандатот на Владата што исекува на крајот на 2020 година да биде постигната просечна плата од 30.000 денари како што и ветивме. Со мерките што ќе ги предложи Владата после септември очекуваме растот на платата да биде позабрзан во следната година врз база на развојот на реалната економија, а не врз проекти што само Владата ги финасира, изјави Анѓушев во одговор на прашање при денешната посета на Општина Градско.Најави дека Владата има намера да им помогне на компаниите како да ги зголемат платите на своите вработени и со тоа да го реши проблемот на заминувањето на луѓето од државата, зашто, како што рече, токму за тоа е пресудна платата.-Имаме механизм како да им помогнеме на компаниите. Се разбира тие треба да издвојат најголем дел од средствата за зголемување на платите, но ние како држава во еден дел на придонесите можеме да им помогнеме, одсобено на најранливите  категории и најниските плати како тие да се зголемат и при тоа да се обезбедат подобри услови за живот на сите граѓани во државата. Тоа треба да биде определба не само од политички причини, туку и за да обезбедиме долготраен и одржлив развој на економијата, бидејќи  економија без луѓе нема, а луѓето мора да ги направите задоволни за да останат во државата, потенцира Аѓушев.

Македонија | пред 6 години

mickoski-1

ВМРО ДПМНЕ и БЕСА, најавуваат заедничката борба против актуелната власт

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и генералниот секретар на партијата Игор Јанушев остварија средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами, и генералниот секретар Арјанит Хоџа.Од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека лидерите се договориле во иднина да продолжат со ваквите средби во насока во која ќе дадат импулс во јакнење на демократскиот амбиент и заедничката борба против актуелната власт.На средбата станало збор и за актуелната политичка состојба, за стратешките интеграции на Република Македонија, како и искористувањето на потенцијалите за соработка.„Беше констатирано дека актуелната власт ги има закочено интеграциските процеси, кои треба да се динамизираат со крупни реформи што досега не се реализирани“, велат од опозицијата изнесувајќи ги заклучоците од средбата.Во рамките на состанокот било посочено дека останува акутен проблем постоењето корупција на високо ниво, отворени сомнежи за криминал на раководни структури на власта, како и сериозни аномалии и отсуство на волја за воспоставување на владеење на правото и правната држава.

Македонија | пред 6 години

administracija

(САДУ) Пакет за административците или пакет за Владата?

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) остро реагира на изјавата на Владите за пакетите за заминување на административците кои треба да заминат во приватниот сектор.Јавно ја повикуваме Владата да се откаже од нивната идеја од причина што јавната администрација е клекната на колена со изгубен капацитет на стручните службеници.Особено во последните две години и подолг временски период се случува бел штрајк (откази, напуштање на стручниот кадар, долги боледувања, неплатени одмори) само поради притисоци и нестручност на раководните кадри.Јавната администрација во моментов нема капацитет да ги опслужи граѓаните како нивен сервис, а уште помалку за реформи за членство во ЕУ. Уште еднаш ги повикуваме на разум во спротивно ќе им порачаме дека ќе се спротивставиме со пакет за заминување на Владата.

Македонија | пред 6 години

1921997_screenshot-2_ls-225931

(ВИДЕО) Харадинај поднесе оставка

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе оставка на седницата на влада.На конференцијата за медиуми рече дека добил повик за Специјалниот суд во Хаг.„Од овој момент не сум повеќе премиер. Следната недела би требало да се појавам во Хаг“, наведе Харадинај.Тој додаде дека одлучил да поднесе оставка зошто не може да биде премиер.„Сакав да ја одвојам честа од повикот за на суд. Не оди ниту државата Косово ниту премиерот на суд туку Рамуш Харадинај“, им рече на новинарите на српски јазик.https://www.facebook.com/RamushHaradinajOfficial/videos/2387203418182020/

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Колегите ни „фаќаат сеир“

Додека јавноста е концентрирана на Бојан Јовановски и неговата улога во случајот „Рекет“, околу 100 вработени во 1ТВ стравуваат за својата иднина. Добиваат поддршка од граѓаните, но разочарани се од колегите новинари, пишува Дојче веле.Заминување од 1ТВ засега најавил само еден новинар-уредник. Во телевизијата веќе неколку недели ги нема уредниците кои работеле на проекти со хонорарни договори. Меѓу нив и, сега веќе, поранешниот главен и одговорен уредник Ацо Кабранов. Тој не е оптимист за иднината на 1ТВ по скандалот „Рекет“ во кој првоосомничен е сопственикот Бојан Јовановски.„Песимист сум дека 1ТВ може да продолжи со работа. Жал ми е за 70-на новинари, камермани и друг технички кадар кој вредно и чесно си ја вршеше работата, а сега ќе мора да се соочат со реалноста, да си бараат друга работа за егзистенција“, вели Кабранов. Тој признава дека скандалот само ја забрзал неговата одлука за повлекување.Резигнираноста на Кабранов ја споделуваат и во телевизијата, но не од скандалот на сопственикот, туку од односот на колегите новинари од другите медиуми и од некои од честите гости во програмата.„Секојдневно добиваме поддршка од граѓани, но разочарани сме од колегите кои ни „фаќаат сеир“, како и од луѓе кои беа чести гости на нашата програми и ја фалеа нашата професионалност“, вели уредничка во 1ТВ која инсистираше на анонимност.Шпекулациите за вмешаноста на сопственикот кои циркулираа во јавноста долго пред обелоденувањето на скандалот, стигнале и до ушите на новинарите во телевизијата. Некои од нив признаваат дека стравувале оти вакво нешто може да се случи но, велат, „какви се газдите во другите медиуми?“Директорката и таткото на Бојан Јовановски, според новинарите со кои разговаравме, секојдневно се во телевизијата. Од вработените се барало трпение додека да се направат билансите. Досега платите ги добивале редовно, но дали ќе ја добијат следната, засега никој од новинарите не знае, ниту добил такво ветување.Текстот во целост на: dw.com

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Викендов посебен режим на сообраќајот еве зошто ...

На 20 и 21.07.2019 (сабота и недела) во периодот од 09:00 часот до 16:00 часот ќе се одржи меѓународен ридско брзински натпревар во автомобилизам „Награда на град Скопје – Водно 2019“, организиран од страна на АКК Кастум Кар Реисинг Тим Скопје со старт од ул.„Тодор Александров“ се до Средно Водно во Скопје.Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по наведената траса, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 6 години

stevo-770x437

Пендаровски смета дека лидерската треба да се одржи кај него

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски смета дека вистинското место за лидерската средба е кај шефот на државата.-Не би сакал да ја поткопувам иницијативата на премиерот за лидерска средба за важни прашања, сепак сметам дека вистинското место за лидерската средба е кај претседателот на државата, вели Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа.-Сакам да бидам искрен. Мислам дека за неколку важни прашања, како што е на пример идната позиционираност на СЈО во нашиот правосуден систем или пописот кој за жал почна да се политизира, иако законот се уште не е донесен и неколку други слични битни работи, мислам дека вистинското место за средби е кај претседателот на државата, нагласува тој.Пендаровски додава дека се сомнева оти заради големата политичка поделба меѓу двете партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е можна продуктивна средба од тој формат кога едната или другата партија е организатор.

Македонија | пред 6 години

kosta-izjava-po-glasanje

Заев ќе руши во Охрид, градоначалникот кажал дека сака да ги врати ингеренциите

Премиерот Зоран Заев вели дека градоначалникот на Охрид сака да ги отстапи ингеренциите за урбанистичко планирање, односно рушење и градење на објекти. Тој вели дека државата ќе стави крај на сите девојантни појави во тој регион.„Ингеренциите се одземаат во согласност со законот. Слушнав дека и Охрид сака да ги отстапи ингеренциите. Државата ќе ги земе ингеренциите заради обврска. Обврската е средување на Охрид и Охридскиот Регион, односно ставање крај на девијантните појави таму. Ние ќе бараме компании што ќе ги извршат налозите, односно отстранување на дивоградбите што не може да бидат легализирани. Интеграциите може да бидат одземени само во согласност со законот“, рече премиерот Заев.

Македонија | пред 6 години

zicnica-696x463

Жичарницата на Водно викендов нема да работи

Викендов на Водно ќе се оддржи ридски натпревар во автомобилизам, поради тоа утре, сабота и в недела нема да работи жичарницата на Водно, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.Бидејќи нема да работи жичарницата, нема да сообраќаат и автобусите на ЈСП со линиите 25, 25А и 25Б за време на наредните два дена.

Скопје | пред 6 години

PrtScr-capture_4

Со новиот закон за СЈО прислушуваните материјали ќе бидат уништени

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со новиот Закој за Јавно обвинителство кој ќе биде доставен идната недела до пратениците и со кој треба дефинитивно да се уреди иднината на СЈО, рече дека прислушуваните разговори кои не се дел од актуелни судски процеси или истражни постапки, ќе бидат уништени.,,Освен оние што се веќе во суд, за сите други е јасно утврдена процедурата, тоа го пропишува и кривичниот законик, а тоа значи дека ќе бидат уништени. Таква е судбината на сите материјали прибавени со ПИМ “ -рече премиерот.

Македонија | пред 6 години

1zaevtelefon

Заев во одбрана на СЈО: Во нашиот систем немаме бесење и стрелање, најстрогата казна е затвор и тој се огрешил ќе си ја одлежи

Премиерот Зоран Заев застана во одбрана на СЈО. Тој вели СЈО има 18 отворени постапки, а одговорноста се носи согласно законите. Пораката која ја испраќа Заев, како што вели е дека на обвинителите не им требаат политичари, правда мора да има за секого. Прислушкуваните разговори ќе бидат уништени.„Ова е систем кој имаше иднина и има иднина, бидејќи е создаден со праите на граѓаните. Новото јавно обвинителство за организиран криминал и висока корупција ќе работи од денеска, нема да има разговори. Во нашиот систем немаме бесење и стрелање, најстрогата казна е затвор и тој се огрешил ќе си ја одлежи“, вели Заев.

Македонија | пред 6 години

ilievski

Илиевски: Некој друг направил криминал, а јас сега треба да одговарам

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат, да одлучи во рок 7 дена дали ќе го прифати предлогот за дисциплинска мерка за инспекторот Ѓорѓи Илиевски.По завршувањето на седницата на дисциплинската комисија, Илиевски изјави дека ова е невиден срам и криминал.-Најголемиот грев што ми го припишаа е што сум се јавувал кај медиумите и сум ја кажувал вистината во јавноста, за тоа што сум доставил допис до Антикорупциската комисија, за тоа што сум поднел кривична пријава до Јавното обвинителството, за тоа што сум оддржал средби со францускиот и холандскиот амбасадор… Ми велат дека не требало да одам во јавност без дозвола на директорот, а тој ми вика се треба да скриеш, со што би направил кривично дело. Наводно, сум го нарушил етичкиот кодекс и треба јас да одговарам за тоа што некој друг направил криминал – изјави Илиевски.

Македонија | пред 6 години

PrtScr-capture_4

Заев до новинар: Кога јавно ќе кажете кои се Кики и Фрики за да ве тужат, ќе ви кажам дали биле на ЦО во СДСМ

Заев вели дека за него нема Кики и Фрики, па побара од новинар да ги каже со име и презиме за да го тужат, за да добие одговор на прашањето „Дали Кики и Фрики биле вчера на Централниот одбор“.„Кога ќе си ги соопштите јавно за да ве тужат, тогаш ќе ви одговорам. Кога ќе ги кажете со име и со презиме, затоа што Кики и Фрики за мене нема. Апелирам за истражувачко новинарство со многу аспекти“, рече Заев. 

Македонија | пред 6 години

mkd-429268

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја стресе Грција.Земјотресот е на 23 километри од Атина на длабочина од 13 километри.Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Свет | пред 6 години

received_366120380751841

Меѓу прислушуваните се и разговорите на осомничени во „Рекет“

Оперативно-техничката агенција прислушкува во моментов 150 разговори со судско одобрение, а меѓу сниманите биле и осомничените во аферата „Рекет“, односно Бојан Јовановски и Зоран Милевски.Ова денеска го потврди директорот на ОТА, Зоран Ангеловски, при тоа напоменувајќи дека разговорите се добиваат со скриен идентитет.– Иако барањата за следење на комуникациите ОТА ги добива со скриен идентитет, веројатно има и од тие телефонски броеви, изјави Ангеловски.Димитриев нагласи дека нивната главна цел е комуникациите да бидат покриени со соодветна судска наредба.Истакна дека се во исчекување на потпишување договор за ангажирање ИТ експерт, кој е веќе селектиран. Комисијата само врши избор и тој е направен пред два месеци, се чека потписот на претседателот на Собранието.

Македонија | пред 6 години

17072019_PVRM_Zaev_pres-konferencija_1

Заев за црвените линии на Радев: Верувам дека тој укажува на тоа дека сака да се надминат отворените прашања

Зоран Заев не ја видел изјавата на претседателот на Бугарија, Радев вели „Бугарија треба да биде поддржувач на Македонија, но не безусловно туку со црвени линии кога е во прашање евроинтеграцијата на нашата држава во ЕУ“.„Можеби употрбата на зборовите е само за надминување на прашањата. Верувам дека пораката е во тој дух. Јас сметам дека Бугарија ќе биде наш силен поддржувач“, рече Заев.

Македонија | пред 6 години

janeva-ruskovska

Со новиот закон Русковска ќе биде шефица наместо Јанева во новото јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев нема да одржува нови лидерски средби со Христијан Мицкоски, а предлог-законот за јавно обвинителство ќе биде испратен до Собранието. Заев вели дека отсега, пратениците ќе дисктутираат за него. Воедно, ќе се достават и досегашните забелеш„Новото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција ќе го раководи Вилна Русковска. Останатите обвинители, ќе работат во тоа обвинителство. Нивниот мандидат е до 15 септември и ќе можат потоа да конкурираат за нов мандат или да не конкурираат“, рече Заев.Сите вработени ќе преминат во новото обвинителство, заедно со материјалите, средствата и опремата.„Ќе ги има сите гаранции за независно вршење на функцијата. Новиот предлог-закон предлага средствата да се утврдуваат од шефот на ова јавно обвинителство, а Владата ќе биде должна да ги обезбеди истите. Јавните обвинители не можат да бидат времено упатувани да вршат функции во други обвинителства. Со 2/3 може да се менува јавниот обвинител“, додаде Заев.Премиерот ги повика сите пратеници да го поддржат предлог-законот за јавно обвинителство.

Македонија | пред 6 години

received_867616916936198

„Екогерила“ бара од Заев да ги одземе ингеренциите на Општина Тетово

Тетово е град претворен во урбана пропаст, каде што преовладува сообраќаен хаос, недостиг на јавна чистота, депонии за отпад во повеќето делови од градот, недостиг на вода за пиење во многу населби, недостиг на јавен превоз, недостиг на паркинг или катни гаражи, велат од движењето „Екогерила“ во обраќањето до премиерот Зоран Заев.Од таму додаваат дека релевантните институции и инспекторати, заедно со сообраќајната полиција, доживеле тотален неуспех да воспостават ред и закон.„Екогерила“ објави и видео од, како што велат, уништувањето и узурпацијата на зелените јавни површини во центарот на градот.„Додека парковите и зелените јавни површини во сопственост на сите граѓани се бетонираат, Општината молчи и не презема ништо за да го спречи тоа. Градот Тетово во моментот се чувствува како куќа без домаќин, градоначалничката Теута Арифи и во својот втор мандат не успеа да одговори на потребите“, наведуваат од движењето во обраќањето до премиерот.Од „Екогерила“ потсетуваат дека во 2017 година од позиција на премиер Заев дал отворена поддршка за Арифи.„Сега ве молиме да ѝ ги одземете ингеренциите на Општина Тетово за кои таа не успеа целосно да управува и да се справува. Јавното обвинителство треба да ги испита сите случаи на можна злоупотреба на службената должност“, стои во соопштението.„Екогерила“ смета дека Заев како премиер треба да сноси одговорност и да интервенира со цел ситуацијата што побргу да се врати во нормала и во Тетово да се воспостави владеењето на правото.

Македонија | пред 6 години

ohrid-12

Цел Охрид остана без струја

Цел Охрид пред десетина минути остана без напојување со електрична енергија. Охриѓани се изненадени и не знаат која е причината.Сите маркети во градот затвораат.Нема ни официјално известување поради што е прекинот со електрична енергија.

Македонија | пред 6 години

manasievski

Манасиевски: Катица Јанева за неполни четири години од раководењето со СЈО има земено околу 150.000 евра од парите на граѓаните како плата

Катица Јанева за неполни четири години од раководењето со СЈО има земено околу 150.000 евра од парите на граѓаните како плата. Најголем дел од граѓаните толку пари немаат видено за целиот свој живот, но и тоа е малку за ликови како Јанева, па истите се инволвирани во рекетарски скандали со функционери и јавни личности од СДСМ, истакна Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ.Катица Јанева исчезна. Ни за 150.000 евра не чувствува одговорност пред медиумите и граѓаните. Си отворила боледување, а се пишува дека заминала од Македонија.За  нејзино што поскоро враќање и оздравување, во име на граѓаните, на Катица Јанева и оставаме чанта од марката на Луј Витон. Не е баш оригинал какви што си купува нејзиниот пријател Боки 13 но се наоѓа на пазарите во Македонија. Прочитавме дека нејзините драги лица ги обожаваат овие марки на чанти, а особено кога се наполнети со по милиони евра. Се надеваме дека таа ќе побрза да дојде да си го подигне подарокот.Патем чантата не тежи многу и во неа нема пари, туку само парчиња безвредна хартија со ликови на оние за кои се зборува дека се вмешани во рекетот.Јанева должи одговорност и одговор. Одложената оставка не е решение на скандалот. Јанева може да го повтори делото, да избега или да влијае врз сведоците. Затоа нејзината одговорност треба да биде истражена во итна постапка, а таа да ја однесе оваа чанта кај нејзиниот пријател, истакна Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Силен шамар за Заев од Румен Радев: Ќе ви поставиме црвени линии, мора да кажете дека сте измислена нација

На Зоран Заев устата му е полна со фалби дека со договорот со Бугарија за добрососедство ги решил проблемите и дека нема повеќе отворени прашања со оваа соседна земја. Но, марионетата Заев доби силен шамар од претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој се заложи за  поставување црвени лини спрема Македонија, со што дојде потврдата дека договорот со Бугарија е всушност димна завеса за бришење на македонскиот народ.Радев искрено и јасно вели дека подршката за Македонија во евроатланските процеси нема да биде безусловна и безрезервна, што значи дека Бугарија ќе опстои на нејзините барања за ревизија на македонската историја и прикажување на Македонија како измислена коминтерновска творба од 1944 година.Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да се вразуми и на очигледниот шовинистички поход на Бугарија спрема македонскиот народ да одговори со мораториум на договорот со Бугарија барем до следните парламентарни избори оти и на Заев му е јасно дека на следните избори кога и да се одржат ќе биде катастрофално поразен.Новата легална власт на Единствена Макеоднија која доаѓа никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина. Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, ние ќе се бориме и за Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

lasovska

Ласовска: Која здравствена установа и го издала боледувањето за Јанева и дали Комисија од ФЗОМ ја проверила веродостојноста на боледувањето?

Скандалот со рекетарско – политичко – судско - медиумскиот октопод секој ден добива нови и нови димензии. Затоа влегуваат од лага во лага и со тоа уште повеќе се заплеткуваат. Прво, како е возможно специјалната обвинителка Катица Јанева да се разболи во истиот ден кога излезе овој скандал па со два дена задоцнување да разбереме дека отворила боледување?Која здравствена установа и го издала ова боледување и дали Комисија од Фондот за здравство ја проверила веродостојноста на боледувањето, истакна Благица Ласовска од ВМРО ДПМНЕ.Со оглед на тоа што Катица Јанева четири дена бега од соочување со јавноста да даде одговори за сомнежите кои се врзуваат за неа, објективно е да се сомнева дека таа веќе ја напуштила државата злоупотребувајќи го оправдувањето со боледување.Тоа само потврдува како површно и тенденциозно се води постапката и истрагата за откривање на овој огромен скандал. Целокупната јавност се сомнева дека не е возможно лицата кои се осомничени за овој рекет тоа да го правеле без поддршка на структури на СЈО, па и самата Јанева, а уште помалку без знаење на власта, па и лично од самиот премиер Зоран Заев.Ако веќе постојат индиции дека Катица Јанева е вмешана во овој криминален октопод кој изнудувал, рекетирал и се заканувал на осомничени во постапка на СЈО, истрагата не смеела да се сведе само на одземање на еден од двата телефони на Јанева. Пазете само еден од двата телефони на Катица Јанева ќе биде предмет на истрагата.Дополнително ако се знае блискоста на Јанева со осомничениот Боки 13 и фактот што нејзиниот син е вработен во медиумот кој се поврзува со Боки 13, тогаш логично се поставува прашањето дали е викнат на распит Лазар Јанев и дали истото лице е дел од истрагата за рекет?Јавноста треба да знае дали во текот на истрагата во запленетите компјутери кај осомничените се пронајдени материјали и дали тие материјали се идентични или дел од материјалите кои се во посед на СЈО?Исто така надлежните треба да одговорат дали во прибавените докази има материјали кои се обезбедени од МВР од лице кое е вработено на висока позиција таму, кое патем е блиско на лицето Фрики од рекетарските приказни кои се вртеа во јавноста во изминатиот период?И на крајот, дали од истрагата на надлежните се утврдило дали осомничениот Боки 13 контактирал телефонски или остварувал средби со Зоран Заев во Владата во изминатиот период за кој се товари дека вршел изнуда или рекет. Постојат индиции дека лицето Боки 13 добивал насоки кои лица да ги уценува и кои методи да ги користи од високи функционери на власта и СЈО со цел нелегално прибавување на милионски износи.Ова е премногу сериозен скандал. Ова е октопод во кој приведените се само пипците, а главата се многу помоќни политички и правосудни структури.Во интерес на правдата неопходна е детална и длабока истрага, а не само декларативна борба со криминалот. Овој случај е вистинската вистина за Македонија, кој јасно ќе ги разобличи причините и последиците на еден процес кој се одвиваше изминатиот период, истакна Благица Ласовска од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

17072019_PVRM_Zaev_pres-konferencija_1

Нема лидерска средба, Заев ќе понудел друго решение за блокадата за законот за СЈО

По потврдата од Владата дека лидерската средба која требаше да се одржи денеска помеѓу лидерите на најголемите политички партии, се откажува, неофицијлно премиерот  ќе понудел друго решение за блокадата во која се најде законот за СЈО.Според неофицијални информации на fokus.mk, Заев ќе понуди друго решение за ќорсокакот во кој се најдоа преговорите со ВМРО-ДПМНЕ. Најверојатно законот ќе биде пуштен во собраниска процедура, а Заев ќе се обиде да го придобие мнозинството во парламентот.Од Владата информираат дека премиерот ќе одржи прес конференција во 14.00 часот на оваа тема.  

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања