Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

tripunovski

(ФОТО) Трипуновски покажа документ со кој се докажува дека над 500 семејства во „Водостопанство“ веќе трет месец немаат земено плата

Овој документ кој што е директно признание на власта дека над 500 семејства во АД Водостопанство веќе трет месец немаат земено плата.Додека има пари за скапи вина и луксузни коктели и јадења за Николовски, Димковски и нивните сопартијци од СДСМ, директорот Селими ги принудува вработените да потпишуваат Спогодба дека се согласуваат платата за мај месец да им биде исплатена во јули. Да добро слушнавте! 500 вработени во АД Водостопанство ќе ја земат мајската плата во јули! Да не беше трагично ќе беше смешно, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Вработените немаат плата и платени придонеси веќе 3 месеци, исто така претпријатието нема основни средства за работа, резервни делови, нафта кои се неопходни за непречено функционирање на истото, и ова е премногу сериозен проблем. Но, повеќе од очигледно е дека власта и понатаму е глува на оваа алармантна ситуација.Меѓу овие 500 вработени има луѓе кои имаат потреба од секојдневна медицинска помош и им е потребно здравствено осигурување, има луѓе кои имаат кредити, а веќе доцнат со исплата на рати, и луѓе кои имаат мали дечиња кои што чекат храна од своите родители.Порачуваме, до менаџерскиот тим на АД Водостопанство  и до министерот Димковски да престанат да прават притисоци и закани врз вработените кои си ги бараат заостанатите плати а кои што им се чесно и поштено заработени.Ова е срамота.Ова ли е животот што ветувавте на изборите во 2016 година , а денес си играте со човечките судбини на 500 семејства.Господине Заев на овие 500 вработени во АД Водостопанство не можат да скенираат фискални сметки затоа што немаат пари со кои што можат да купат нешто. Овие луѓе ги оставивте без леб, а сега ги принудувате да потпишаат спогодба, со која се штитите од тужби, за крваво заработените пари на работниците.Непроценлива штета трпат и илјадници земјоделци ширум Република Македонија кои чекаат на услугите на блокираното претпријатие. Целосен дебакл. Кој од кој е пооштетен.Одговорност за ова мора да има. Недомаќинското работење и расипништвото ќе го платите на наредните избори, Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Важно известување за патниците на „Виз ер“ од Меѓународниот аеродром Скопје

Меѓународниот аеродром Скопје ги известува патниците на Виз Ер дека поради оперативни причини шалтерите за регистрација се затвараат точно 60 минути пред времето на полетување.Целото известување ви го пренесуваме во целост:„Поради оперативни причини шалтерите за регистрација се затвораат точно 60 минути пред времето на полетување на Вашиот лет до/од Меѓународниот Аеродром Скопје.Поради тоа, Ве молиме планирајте да пристигнете на Аеродромот соодветно, за да имате доволно време за регистрација и/или за пријавување на багажот.По регистрацијата, веднаш продолжете кон пунктовите за безбедносна проверка.На Портите (Gates) задолжително е да сте присутни и подготвени за влегување во авион не подоцна од 30 минути пред закажаното време на полетување.Со цел поефикасна проверка, на Портите (Gates) бидете сигурни дека патната исправа Ви е подготвена за да ја приложите.Ве молиме имајте предвид дека Wizz Air има строга политика во однос на дозволениот рачен багаж. Не можеме да гарантираме дека сите парчиња рачен багаж ќе бидат сместени во патничката кабина на авионот. Кога ќе се достигне максималниот број на парчиња багаж во кабината на авионот, заради Ваша удобност и со цел авионот навреме да полета, Вашиот багаж може да биде сместен во одделот за багаж на авионот.Доколку не се појавите навреме за влегување во авионот, Вашите пријавени парчиња багаж ќе бидат истоварени, а авионот ќе полета без вас“, пишува на нивниот фејсбук профил.https://www.facebook.com/SkopjeAirport/posts/2559537827391663

Македонија | пред 6 години

zavisnici

Со дисперзираниот систем на пациенти, ќе се решава децениски проблем со зависниците

Министерството за здравство ја известува јавноста дека се во тек подготовки за дисперзија на дел од пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција од зависности во Центарот во Кисела Вода. Со ова се решава деценискиот проблем со Центарот за зависности во Кисела Вода. Пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција на зависности ќе бидат распределени согласно општината во која живеат и според локациите на кои ќе бидат пунктовите.Дисперзијата ќе следи во општинските пунктови кои се наоѓаат во поликлиниките „Јане Сандански“, во населба Ченто и Бардовци и во Градската општа болница „8 Септември“ во Карпош.Министерството за здравство смета дека во интерес на пациентите е поддршката од лекарите да ја имаат во пункт во својата општина или општината која е најблиску до локацијата на која се наоѓа пунктот.Во овие пунктови, пациентите ќе добиваат метадонска терапија,  додека проценката за промена на терапија ќе ја прави психијатарот кој е одговорен за пациентот и истиот ќе утврди колку пати неделно пациентот треба да ја зема терапијата.Со оглед на тоа дека во пунктовите ќе бидат третирани околу 120 пациенти, кои се дел од програмата за лекување и третман, веќе нема да се создава метеж околу пунктовите и ќе се зајакне контролата на целиот процес.На лекарите исто така ќе им биде олеснета работата бидејќи ќе имаат помал број на пациенти. Распределувањето на психијатрите е во рамки на внатрешната организација на јавната здравствена установа во која се вработени и во која ја извршуваат здравствената дејност во однос на лекување на зависностите, а тоа е Психијатриска болница–Скопје.Во тек се административните подготовки на пунктовите кои се веќе просторно опремени. Штом завршат овие подготовки, пунктовите веднаш ќе бидат пуштени во функција.Министерството за здравство нагласува дека ниту еден пациент не смее да биде дискриминиран по ниту еден основ, наша обврска е да се грижиме за секој пациент подеднакво.Едно од основните човекови , загарантирани права е да добие здравствена заштита.  Секој има право на достапна и квалитетна здравствена заштита и услуга.Дисперзијата е  системско решение кое Министерството за здравство успеа да го реши во полза, пред се на пациентите, потоа и на сите граѓани во земјава. Ваквите процеси треба да бидат поддржани од сите нас, само така ќе напредуваме, нема потреба од стигми и стравови. Целиот процес на лекување на овие пациенти ќе биде строго контролиран, а во него, покрај здравствените работници ќе бидат вклучени и сектори од други министерства, невладиниот сектор кој работи со оваа целна група на лица, но и семејствата на пациентите.Министерството за здравство силно верува дека овој процес на дисперзија од Кисела Вода во другите општини на овие пациенти е во интерес на заедницата, на напредок на здравствениот систем и соодветен третман на пациентите.

Скопје | пред 6 години

1111

(ВИДЕО) Руси крадат песни од Тоше и си ги претставуваат како нивни авторски хитови

Руската рок-група „Землене“ направи своја верзија на песната од Тоше Проески „Боже чувај ја од зло“, но ја претставува како своја авторска песна под името „Боже“. На плагијатот како автори се наведени имињата на Владимир Киселев и Владимир Трушин. Киселев се пишал како автор на песната, а Трушин си ја присвоил музиката.Ова претставува незаконски отуѓвање на мелодијата, коментираат фановите на Тоше.„Ова нема да ве направи големи пејачи“, „Направете си своја песна“, „Океј што сте ја украле песната, но вашето пеење е катастрофа“, се само дел од реакциите на фановите на Тоше под видеото.Некои од обожавателите на македонскиот пејач коментираат луѓето и организациите кои го чуваат ликот и делото на Тоше, и од неговата Фондација, треба да преземат нешто за да докажат дека популарната песна на Тоше не е авторска песна на руската група и да бараат отштета.Песната „Боже чувај ја од зло“ е дел од последниот албум на Тоше, „Игри без граници“, издаден 2007 година. Албумот беше издаден на македонски и српскохрватски јазик. Музиката за песната ја направи Миро Буљан, а оригиналниот текст го напиша Антонија Шола. Препевот на македонски јазик е на Владо Јаневски.

Магазин | пред 6 години

merko-215062

Мерко до Заев: Со оглед дека не можам да и излезам во пресрет на бизнис заедницата, вие издавајте дозволи за градба

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко ги отстапува надлежностите на Општината во областа на урбанизмот, во делот на издавање дозволи за градба, легализација на објекти, концесии и спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО на владините институции.Со писмо, кое беше споделено на официјалната фејсбук страна на Општина Струга тој се обраќа до вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураку, до вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, до вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, до заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и до министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.– Имајќи ја предвид мојата отвореност и транспарентност како човек кој доаѓа од бизнис заедницата за кој последните случувања и неможноста да им излезам во пресрет на бизнис заедницата и граѓаните на општина Струга и да им помогнам да го развиеме нашиот град и да опстоиме во неговиот развој и во насока на спроведување на законите на РСМ, како градоначалник на Општина Струга имајќи ги предвид и последните случувања и политичката состојба во државата одлучив да Ви ги отстапам ингеренциите во областа на урбанизмот во делот на издавање дозволи за градба, легализација на објекти, концесии како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО. Се надевам дека Вие како централна власт со вашите капацитети ќе имате подобро разбирање и визија за потребите на бизнис заедницата и општина Струга, стои во писмото.Струшкиот градоначалник смета дека против него и градот Струга се води негативна кампања, со цел, како што вели, покривање на дивоградбите во Охрид и опасноста која доаѓа со одземање на статусот заштитен град од УНЕСКО на градот Охрид и Охридското Езеро.– Струга и граѓаните веќе подолго време се изложени на континуирани и неоправдани медиумски и политички напади дека се што се работи во Струга е надвор од Законските одредби и спротивно на интересите на државата, односно интересите на УНЕСКО. Имајќи ја предвид оваа состојба и фактичката состојба во Струга, која укажува на фактот дека и пред моето доаѓање на власт, како и од доаѓањето на власѕт навака не е изградена ниту една дивоградба, а најмалку е направена узурпација на државно земјиште или нанесување на штета на еколошката состојба во градот, стои во писмото на Мерко до ресорните министри.Како градоначалник, посочува дека е притиснат од од бизнис заедницата и турситичките работници од една страна и континуираното и намерно блокирање на туристичкиот развој и зголемување на туриситчките капацитети во Струга од друга страна, каде, како што е наведено, Министерството за транспорт и врски заедно со Комисијата на УНЕСКО одбиваат да донесат било каква промена за деталните урбанистички планови на цела територија на Општина Струга и намерно го блокираат економскит развој на градот.– Истовремено ги принудуваат градежните компании да ги затворат нивните фирми, странските инвеститори да се откажат од инвестициите и хотелиерството во општината со што директно ја поттикнуваат емиграцијата на младите надвор од РСМ. Оваа ситуација ги доведува во опасност и постоечките хотелски и угостителски капацитети во Струга и е директна закана за туристичкито развој на општината, пишува во писмото.За ова одлука на градоначалникот, според напишаното, ќе бидат информирани и дипломатските претставништва со цел да се прекине оваа негативна кампања спрема Струга, Стружани и него како градоначалник, и да се обезбеди непречен развој на градот.

Македонија | пред 6 години

Grabez-pistol

Нападнати вработени во сендвичара во центарот на Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против  лицето кое изврши разбојништво во центарот на Скопје кај сендвичарата „Вили“  на 17 јули 2019 година, кога со употреба на сила и закана со пиштол нападнал  две лица – вработени во угостителскиот објект.  Осомничениот откако дошол во задниот дел на сендвичарата, се доближил до вработените и им се заканил со пиштол барајќи да му ги дадат парите од платниот промет. Една од оштетените успеала да влезе и да се заклучи во сендвичарата, по што осомничениот продолжил да се заканува на втората оштетена и ги одзел паричните средства кои во тој момент ги имала кај себе. Откако не успеал да ја отвори вратата на сендвичарата, осомничениот се оддалечил, испукал еден проектил од пиштолот и се дал во бегство.Со дејствијата кои ги презел, осомничениот го извршил кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик, за кое што надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка. Едновремено, обвинителството до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување на мерката притвор ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство,  околности кои што укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека постои страв  дека ќе го повтори кривичното дело. 

пред 6 години

17072019_PVRM_Zaev_pres-konferencija_1

Влада: Откажана e лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска дефинитивно нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на средбата е поради тоа што не е постигнат консензус и дека одбиваат да прифаќаат ултиматуми од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека ќе присуствува на средба на која ќе се разговара само за предвремени парламентарни избори.„Владата одбива да прифаќа ултиматуми од неодговорниот партиски претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој заштитата на криминалот и заложбата за блокади и изолации ги става пред државните интереси за напредок на нашата земја“, соопштија од Владата.Премиерот, Зоран Заев, во понеделникот ги повика претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на Алијансата за Албанците, Мицкоски, Али Ахмети и Зијадин Села, на лидерска средба со, како што велат од Владата, единствена цел да се обедини придонесот во заокружувањето на реформските процеси во правосудството, изборниот законик, како и за спроведување на пописот, како теми од посебно значење за граѓаните и за нашата земја во пресрет на европските интеграции и одлуката за почеток на преговорите  за членство во унијата.„За жал, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, наместо да прифати принципиелен разговор и договор за нов Изборен законик, избра да застане на спротивна страна на интересите на граѓаните, на спротивна страна на интересот на државата и побегна од разговорите. Овие клучни теми за продолжување на реформите и економскиот развој на земјата Мицкоски ги деградира со алиби барања кои произлегуваат единствено и само во интерес на теснопартиското профитирање. Тој одби да види дека лидерската средба е можност до следните избори да се обезбеди легислатива прифатливa за сите, со вградени препораки од ОДИХР и со можност да се отвори дебата и за нов изборен модел. Тоа укажува дека целта не била да се разговара за предвремени избори туку да се побегне и од оваа тема. Наместо да прифати дека е време за договор во корист на правната држава и владеењето на правото и како клучно да се обезбеди јавно обвинителскиот систем на државата со вградено СЈО за правда без селективност, која овие  денови добива силен подем, Мицкоски и натаму останува на позициите да го брани криминалот на неговите претходници и политички ментори“, велат од Владата.Од таму велат дека Мицкоски не може да ја препознае ниту суштинската важност за консензус дека пописот не треба да се политизира и дека сите политички партии треба да се обврзат дека ќе ги овозможат сите услови да се реализира успешен попис, како строго професионална статистичка операција спроведена од Државниот завод за статистика.„Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, со иницијативата за лидерската средба покажа подготвеност да се прифатат сугестиите и предлозите за овие прашања, за да бидат вградени во програмските активности на Владата во претстојниот период, но нема да прифати ултиматуми кои единствено имаат за цел да го блокираат напредокот на Република Северна Македонија“, пишува во соопштението од Владата.

Македонија | пред 6 години

oruzje-17

Обвинение за 65-годишен жител на село Марино – во домот имал многу оружје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило  кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, 65-годишен жител на село Марино, во својот дом неовластено држел полуавтоматски пиштол „Црвена застава мод.70“ со калибар од 7,65мм со два шаржери, десет куршуми со калибар 7,65мм, ловна пушка „Заводи црвена застава“ со калибар 12мм, полуавтоматски пиштол „Црвена застава м57“ со калибар 7,62Х25мм, 18 куршуми муниција за тој пиштол, 89 ловни патрони, како и пневматска пушка без ознака и број и од неутврдено потекло, наменета за истрелување на оловни проектили – дијаболи.Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје  достави предлог за продолжување на веќе определената мерка куќен притвор. 

пред 6 години

Rumen-Radev-e1517838891722

Пратеседателот на Бугарија бара црвени линии за Македонија за влез во ЕУ

Бугарскиот претседател Румен Радев побарал официјална Софија да постави јасни црвени линии кога е во прашање поддршката од Бугарија кон евроинтеграциите на земјава, пренесува „news.bg“.„Мораме да бидеме искрени и јасни и да ги поставиме нашите црвени линии“, рекол Радев, додавајќи дека должност на Бугарија е да даде поддршка за Македонија, „но не безусловна и не безрезервна“!Радев оценил дека сѐ уште има незавршена работа кај учебниците, книгите, медиумите, телевизиите и слично, во коишто имало работи што нѐ раздалечуваат, па вели дека тие точки треба да бидат расчистени.„Раните не се зараснати и лични емоции не помагаат“, порача Радев.

Свет | пред 6 години

skopje-ulica-soobrakaj-koli

Вчера 38 возачи „летале“ по скопските улици, 13 биле пијани, а 23 без возачка

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај исклучени се 38 возачи од кои: 13 возачи управувале возило под дејство на алкохол, 23 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи почетници кои не ги почитувале законските ограничувања.Исто така, исклучени од сообраќај се и 15 возила затоа што не биле регистрирани. Санкционирани се еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца возачи поради неправилно престројување, еден поради неправилно престигнување, четворица поради недавање првенство на минување на возила, 12 возачи на мотоцикли затоа што не носеле заштитен шлем-кацига, 16 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатиот ден издадени се 54 мандатни платни налози и 48 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 6 години

kucinja-kuce

Две лица каснати од кучиња скитници во центарот на Скопје

Две лица биле каснати од кучиња скитници во Скопје. Вчера во 12.00  часот во Полициската станица Центар, Е.Ј.(34) од Скопје  пријавила дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.По 40 минути во Полициската станица Центар, и Д.С.(31) од Скопје пријавила дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Скопје | пред 6 години

soobrakajna-nesreka-10

Кавадарчанец тешко повреден во сообраќајка

На 18.07.2019 околу  16.00 часот на ул.„Шишка“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел корса“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.М.(60) од Кавадарци и патничко возило „Фолксваген Голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Г.(61) од Кавадарци.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Опел корса“, З.М. кој бил пренесен во болницата во Кавадарци.Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Македонија | пред 6 години

soobr1

Прегазено 18-годишно девојче во Тетово

На 18.07.2019 во 18.30 часот на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, Ш.Х.(47) од с.Вејце, тетовско, управувајќи патничко возило „Фолкваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во Т.А.(18) од Тетово.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.А.  и била пренесена во болницата во Тетово.  Увид извршила екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 6 години

bolnica-2

Директорка на здравствен дом во Битола од 61 кандидати, вработила девет лица со лажно рангирање

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.С.(56) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.Пријавената, во својство на вршител на должност директор на Здравствен дом д-р „Хаим Абраванел“ во Битола, врз основа на објавен оглас за прием на медицински персонал-медицински сестри, лаборант, фармацевт и психолог на неопределено време, без присуство на Комисија за селекција, спровела интервју со 62 рангирани кандидати кои ги исполнувале условите од огласот.Еден ден пред објавувањето на резултатите од конкурсот, до правната служба на домот, доставила список со девет кандидати кои требало да бидат примени, при што само тројца од нив припаѓале на прворангираните девет кандидати, додека останатите шест кандидати биле примени без јасен критериум и спротивно на условите вреднувани од комисијата при составување на ранг листата.

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

Бркотница на полицијата со скопјанец: Превезувал мигранти од Пакистан и Бангладеш, полицијата успеа да го застане

На 18.07.2019 во 13.30 часот кај базата на „Македонија пат“-Гевгелија, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „Мерцедес Атего“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.В.(26) од Скопје.Возилото не застанало и во близина на село Грчиште, Ж.В. го запрел возилото и почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и лишен од слобода.При прегледот во возилото биле пронајдени 48 лица-мигранти, од кои 38 лица од Пакистан и 10 од Бангладеш. Ж.В. бил предаден во Полициската станица Гевгелија и по целосно докуменирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

kurumi

Кривична за велешанец кој дома чувал 10 куршуми

СВР Велес поднесе кривична пријава против О.П.(37) од Градско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.На 14.12.2018 година во Градско полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 10 куршуми.

Македонија | пред 6 години

oruzje

Стружанец без дозвола дома чувал возудшна и ловна пушка со 80 куршуми

На 19.07.2019 во 02.30 часот, врз основ на судска наредба, полициски службеници  извршиле претрес во домот и помошните простории на 53-годишен маж од Струга. При претресот биле пронајдени и одземени воздушна пушка „ГАМО Делта Фокс“, ловна пушка „Застава“, 50 куршуми калибар 7,65мм; 22 малокалибарски куршуми; осум патрони калибар 7,6мм; пет патрони калибар 8,5мм; еден  куршум непознат калибар, мобилни телефони и три кутии со алат за насилно обивање на врати.По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

Мицкоски бега од лидерска средба, велат од СДСМ

„Христијан Мицкоски единствено е фокусиран на одбрана на криминалот на Никола Груевски и затоа се обидува да ги блокира реформите и да и наштети на државата. Мицкоски бега од лидерска. Има забелешки за попис а не сака да разговара. Мицкоски сака земјата да остане без попис 18 години, го следи криминалното крило на ВМРО-ДПМНЕ кое не сака земјава рамномерно да се развива. Мицкоски е против правдата. Во време кога функционира правосудниот систем во државата и имаме неселективна правда, кога сите се еднакви пред законите, Мицкоски бега од разговор за законот за јавно обвинителство“, пишува во соопштението испратено од СДСМ.„Со половина уста бара предвремени избори, а не сака да зборува за подобрување на изборниот законик, затоа што знае дека ќе ги загуби. СДСМ нема да дозволи деструкциите и обидите за закочување на напредокот и реформите кои што ги прави Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да успеат. Одбраната на криминалот на Никола Груевски нема да успее. Напредокот ќе продолжи, правдата ќе биде задоволена, Република Северна Македонија ќе успее“, се додава во соопштението.

Македонија | пред 6 години

kanta-harana

Рибен ресторан во Скопје фрлал остатоци од храна, жителите се жалат на смрдеа

Двата рибни ресторани „Сидро“, кои се наоѓаат во Карпош 3 и кај „Млечен“, беа задолжени да постават посебни садови за собирање на комунален отпад и селектирање на остатоците од храна, бидејќи досега рибните ресторни ги фрлале остатоците од храна во контејнерите наменети за комунален отпад, информираат од општина Карпош.„Како резултат на непријатната миризба, неправилното одлагање на отпадот и реакциите од граѓаните, инспекциските служби на Општина Карпош заедно со Инспекторатот на Град Скопје, извршија вонреден инспекциски надзор“, се наведува во соопштението на општинските власти.Во него се додава дека по интервенција на инспекторите од локалната самоуправа и Град Скопје, ресторанот „Сидро“, склучил договор со овластена фирма за одлагање на отпад во посебни пластични канти, наменети за таков вид на прехранбени остатоци.

Скопје | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Боки, Коки, Фрики и Кики не заслужуваат затвор, туку да фрлаат асфалт на 40 степени - твитер решенија за казната поради рекетот

На социјалната мрежа твитер, корисник со прекар „Ана“, вели дека Боки, Коки, Фрики, кои беа дел од приказните на новинарот Бранко Геровски за изнудување „Рекет“, не треба да лежат затвор, туку да фрлаат асфалт на 40 степени и шијат на машина по 12 саати.„За Боки, Коки, Фрики, Кики, Мици, Пици...не ни заслужуваат да лежат во затвор. За нив правилна казна би било да фрлаат асфалт на 40 степени, да шијат на машина по 12 саати, да товарат камион со песок, и да земаат по 8000 денари“, пишува на твитот обијавен од Ана.https://twitter.com/ojdevojce/status/1151552868710801414

Коментари | пред 6 години

politiko

Плусинфо: „Канал 5“ го гони Политико за говор на омраза

Телевизијата Канал 5 поднела кривична пријава против Саше Ивановски наречен Политико, за сторено кривично дело говор на омраза.Плусинфо дознава дека кривичната пријава е поднесена пред десетина дена, преку МВР до Основното јавно обвинителство, по стандардната процедура.Телевизијата ја донела одлуката да поднесе пријава против Политико, по многубројни написи од негова страна, каде тој ги навредувал новинарите и „Канал 5 ТВ“.

Македонија | пред 6 години

image001-2

Скопско лето: Концерт на виолончело и пијано во Даут-пашиниот амам

Вечерва, со почеток во 20.30 часот, ќе се одржи концерт на Гал Фаганел – виолончело (Словенија/САД) и Маја Божиновска – пијано (Македонија).Концертот ќе се случува во Националната галерија на Северна Македонија – Даут-пашиниот амам, а влезот е слободен.Гал Фаганел е реномиран изведувач, наставник, ментор и артист. Медиумите го имаат возвишено за неговата извонредно чувствителна интерпретација, неговиот моќен и прекрасен тон и неговата брилијантна виртуозност и младешка енергија. Како изведувач Фаганел честопати учествува во рецитали, на концерти на камерна музика и како солист со оркестар низ Северна Америка и Европа. Победник е на многубројни натпревари, вклучувајќи ги интернационалниот натпревар по виолончело „Антонио Јанигаро“ во Хрватска, натпреварот на Асоцијацијата на американски наставници по гудачки инструмент во Калифорнија и Словенскиот национален натпревар како солист и во трио-пијано. Од 2006 година Фаганел има истражувано, настапувано и снимано музика за виолончело од словенски композитори. Исто така, има направено повеќе архивски снимки, а учествувал и во емисии во живо на Националното радио Словенија, Радио Холандија, Класика KUSC во Лос Анџелес, KBAQ во Финекс и во Колорадо на радиото Public. Има докторирано на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Во неговите ментори спаѓаат Елеонор Скоенфелд, Натаниел Росен, Даниел Ротмулер, Петер Марш и Добрила Берковиќ-Магдалениќ. Фаганел со задоволство подучува виолончело и предава камерна музика како професор на Универзитетот во Северен Колорадо. Пред неговото академско место тој беше дел од „Симфонијата Финекс“ како прво виолончело. Фаганел редовно води мастер-часови и подучувана летни музички програми во САД и низ Европа.Пијанистката Маја Божиновска (1993) е родена во Битола, каде што го завршува основното и средното музичко училиште. Во 2015 година таа дипломирана на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. м-р Тодор Светиев, а во 2017 магистрира под менторство на светски познатата Лилја Зилберштајн (Русија/Австрија).Во текот на своето образование редовно настапува на повеќе значајни концерти на вокално-инструменталните оддели во склоп на Факултетот за музичка уметност – Musica Viva, свечени концерти по повод одбележување на јубилеите на Фредерик Шопен (2010), Клод Дебиси, Франц Лист (2011) и Гоце Коларовски (2014). Се јавува и како уметнички соработник на класите по соло пеење и член на Симфонискиот и Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Учествува и на разни културни манифестаци и фестивали, како: Шопенова вечер (2005-2011) – Битола, Есенски музички свечености – Скопје (2011-2014), Златна лира – Скопје(2012), Битфест – Битола(2013,2014,2017), Денови на македонската музика – Скопје (2012-2014), каде што, покрај соло настапите, изведува македонска музика и во разни состави. За време на своето образование редовно одржува концерти и рецитали. Во текот на изминатиот период настапува во повеќе земји: Србија, Косово, Франција, Италија, Австрија, како и низ Македонија.Била учесник на натпревари на државно и меѓународно ниво каде што остварува високи резултати. Добитник е на повеќе награди (Охридски бисери, Montrond les Bains, Davorin Jenko и др.). Во текот на своето усовршување зема учество на семинари кај светски познати пијанисти: Елена Дикова (Бугарија), Роберт Лербаумер (Австрија), Ендре Хегедус (Унгарија), Луле Елези (Косово), Јаромир Клепач (Чешка), Алексеј Володин (Русија), Лилја Зилберштајн (Русија).Остварува соработка со голем број уметници, со коиуспешно соработува на многу манифестации и на разни фестивали низ Македонија. Значајна е да се спомне и турнејата низ Македонија, каде што концертира со пијанистката Мимоза Ќека во дуо-пијано. Концертира и со голем број соло пејачи, меѓу кои и Злата Тошевска, Марко Димовски, Никола Зацески и многу други. Од 2017 година е член и на Камерниот оркестар на Битола. Се јавува и како уметнички соработник на меѓународниот натпревар „Охридски бисери“ во Охрид.Во април 2015 година била учесник на интернационалниот натпревар на млади пијанисти Festival international de piano „Jeunes Talents во Монтронд-ле-Бен, Франција, каде што остварува значајни резултати и котира на високо место меѓу учесниците.Во јули 2015 година таа е избрана како активен студент да учествува на мастер-класите по пијано раководени од пијанистката Лилја Зилберштајн во реномираната Academia musicale Chigiana во Сиена, Италија, каде што забележува и свој настап на летниот музички фестивал Chigiana International music festival- Il ClassicoInatteso – Siena. Нивната соработка продолжува и на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена под чие менторство запишува и магистерски студии, кои ги заокружува во 2017 година.На нејзиниот репертоар се наоѓаат дела од разни епохи и композитори: Бах, Бетовен, Шопен, Брамс, Лист, Дебиси и многу други, како и дела на композитори од македонското творештво: Г. Коларовски, Ж. Глишиќ, И. Илиевски, Т. Скаловски, Т. Прокопиев. Од 2015 година работи како професор во Државното музичко училиште во Битола, каде што остварува значајни резултати со своите ученици.

Скопје | пред 6 години

ruskoska

Русковска за ДВ: Не е завршено вештачењето на телефонот од Јанева, нови бизнисмени пријавија рекет

Обвинителката Вилма Русковска за Дојче веле утрово изјави дека засега нема нови моменти во истрагата за случајот „Рекет“. Се уште не е завршено вештачењето на запленетиот телефон на обвинителката.Јавното обвинителство има сознанија и за други случаи на уцени кои се вршени од лицата осомничени во случајот „Рекет“, но засега не се открива за колку случаи се работи. Неколку бизнисмени веќе дале изјава во обвинителството.„Имам сознанија за други случаи, но не можам да ви кажам за колку лица се работи. Тие лица дадоа изјава и сега бараме докази за да ги потврдиме исказите“, изјави јавната обвинителка за организиран криминал, Вилма Русковска утрово за Дојче веле.

Македонија | пред 6 години

zaev-korea-kim

Северна Македонија и Јужна Кореја дипломатски се поврзаа

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“.Коминикето за воспоставување дипломатски односи вчера во седиштето на Обединетите нации во Њујорк го потпишале амбасадорот на Јужна Кореја, Чо Тае-јул, и претставничката на Мисијата на Северна Македонија во ОН, Сања Зографска Крстеска.„По воспоставувањето на дипломатските односи, Јужна Кореја очекува засилени билатерални врски со Северна Македонија на политички и на економски план, како и зајакнување на соработката во балканскиот регион“, соопшти Министерството.Новинската агенција наведува дека Северна Македонија е 191. земја која има воспоставено дипломатски односи со Јужна Кореја.Сирија, Косово и Куба остануваат трите членки на ОН кои допрва треба да воспостават дипломатски врски со Кореја.

Македонија | пред 6 години

Slika-Muhamed-25-02

Зекири вели дека партијата не може никого да амнестира, не прецизирајќи дали мисли за Боки 13 и Зоки Кичеец

Партиската припадност никого не амнестира, напиша пратеникот Мухамед Зекири, по вчерашниот Централен одбор на СДСМ, не прецизирајќи дали мисли на случајот „Рекет“ каде неофицијално се зборува дека се инволвирани и двајца пратеници на СДСМ.– ЦО на СДСМ, во проширен состав, во присуство на министри, заменици министри, пратеничката група, градоначалници, претседатели на ОО, СДММ, едногласно ја донесе Декларацијата за бескомпромисна борба против криминалот!Партиската припадност никого не амнестира!, напиша Зекири на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања