Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

zaev-katica-mickoski

Катица Јанева лаже и краде, а нејзин ментор е Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Кој лаже, тој и краде, а Катица Јанева и лаже и краде исто како нејзиниот ментор Зоран Заев. Пријателката на притворениот рекетар Боки 13, наводно се разболе дента кога беше обелоденета аферата за рекетарскиот политичко-судско-медиумски октопод на СДСМ. На Јанева не може да и се верува и затоа надлежните мора да испитаат дали го фалсификувала или злоупотребува боледувањето. Во Република Македонија владее рекетарска, корумпирана и криминална влада. Со СДСМ и Заев правото и правната држава го допреа дното“, пишува во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ.„Јавноста мора да знае кои се Кики и Фрики од рекетарската приказна објавена во медиумите и дали овие лица се високи претставници во СДСМ како што се зборува и само поради тоа се амнестираат од одговорност? Зошто јавното обвинителство ја штити од одговорност Катица Јанева? Дали во нејзиниот мобилен телефон се пронајдени дополнителни докази кои утврдуваат нејзина директна вмешаност и зошто за неа се уште нема мерка притвор поради можност за влијание на сведоци, повторување на делото или бегство? Мора да се спроведе детална и сериозна истрага кој се е вмешан во ова криминално и корумпирано СЈО, бидејќи само апсењето на Боки 13 и Зоран Милески Кичеец значи заштита на главата на октоподот и другите инволвирани во оваа рекетарска приказна. СЈО, СДСМ и Заев ја девалвираа правната држава и институциите. Правото и правдата мора да важат подеднакво за сите.  Секој што се огрешил пред законот мора да одговара. ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш проширување на истрагата и притворање на Катица Јанева поради можност за бегство, влијание врз сведоци од позиција на Специјален јавен обвинител и уништување на докази. Правото и правдата мора да владеат во Република Македонија, а тоа е можно само доколку криминалниот картел наречен СДСМ и Заев си заминат од власт и веднаш распишат предвремени парламентарни избори“, додаваат од опозициската партија.

Македонија | пред 6 години

zaev-micko

Мицкоски и Заев секараат за тоа кој се дружел со Боки 13 и Зоки Кичеец

Последните случувања во врска со случајот „Рекет“ не треба да имаат последици врз европерспективите на земјава, смета евроамбасадорот Самуел Жбогар. Напротив, како што вели, активностите што ги презема Јавното обвинителство претставуваат функционирање на владеењето на правото.„Сметам дека она што моментално го презема Јавното обвинителство е демонстрација на функционално владеење на правото. Самиот факт дека ЈО почнува да работи на случаи на корупција, а не само СЈО, покажува дека има напредок и тоа е добро“, изјави Жбогар.Во изминатите неколку години, како што посочи, СЈО навистина напорно работеше и заврши многу добра работа, работеше на градење судска пракса за случаите на корупција и многу добро ги проследи кривичните дела кои произлегоа од прислушуваните разговори.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и вчера потврди дека не планира да седнува на иста маса со Заев и нагласи оти СЈО е завршена работа.Со Заев можам да разговарам само за предвремени избори. Тој и неговите се заглавени до гуша во криминал. Последниот случај ‘рекет’ е класичен пример како работи спрегата меѓу СЈО и Заев, со уцени, изнуда, рекетирање. Очекувам Обвинителството да се ослободи од стегите и да ја заврши истрагата за случајот кој ќе води до врхушката на СДСМ. Додека тоа не се случи, беспредметно е воопшто да разговараме за демократски и реформски процеси“, вели Мицкоски во изјавата за „Независен“.„Мицкоски нека одговори дали имал средба со еден од притворените во позната скопска дискотека и во седиштето на партијата? Дали посегнал по парите на еден од обвинетите од случаите на СЈО?“, прашуваат на „Бихаќска“.Целиот текст прочитајте го тука.

Македонија | пред 6 години

katitsa-janeva

Катица не правела операција за слабеење, пишува порталот на Ацо Кабранов

Порталот „Либертас“ тврди дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не правела операција за слабеење со вградување на прстен за подврзување на желудникот. Во веста која ја објавија тврдат дека станува збор за шпекулации, а информацијата ја дознале од лекарски извори. Инаку, порталот е во сопственост на Ацо Кабранов, кој пак, беше главен уредник на „1ТВ“ чиј неформален сопственик Боки 13 беше уапсен и се поврзува со Катица Јанева.Јанева поднесе оставка од челната позиција на СЈО практично во истите часови кога започна апсењето на главните актери во акцијата Рекет, Јовановски и Милески.Јанева, која од моментот на избивање на скандалот се нема појавено во просториите на СЈО од каде вчера официјално потврдија дека им јавила дека од 16-ти овој месец е на боледување, без објаснување за каква болест се работи, повикувајки се дека е тоа сепак приватна работа.Иако засега за неа обвинителството за организиран криминал нема покренато предистражни дејства, неа и беше направен претрес во домот и и беше одземен едниот телефон а другиот рекла дека го изгубила.Обвинителката Рускоска која го води случајот Рекет ги истражува контактите со првообвинетиот Боки 13 со кого таа јавно ги објавуваше пријателските врски.

Македонија | пред 6 години

kejt-jan1

ФОТО: 11 верзии за местата каде може да биде Катица

На социјалната мрежа „Твитер“ е отворен хаштаг „Кај е Катица“, каде корисниците се шегуваат на сметка на обвинителката, Катица Јанева.Единствена информација која е официјална е дека Јанева отворила боледување. Новинарката Јорданка-Ивановска-Јоци вчера напиша дека специјалната обвинителка е видена во слаткарница, а тоа и го потврдиле и два извори.https://twitter.com/finodete_666/status/1151890309334392832https://twitter.com/sicario_mk/status/1151878740881879040https://twitter.com/thajoker_MK/status/1151529057235980288https://twitter.com/finodete_666/status/1151546144570433536https://twitter.com/Mrchatina/status/1151522611224031232https://twitter.com/sicario_mk/status/1151525964985327622https://twitter.com/hanichka13/status/1151799610119204869https://twitter.com/zbiramfoto/status/1151568743945912321https://twitter.com/geosinklinalno/status/1151556238427262976https://twitter.com/US_Reagan/status/1151540832404692992https://twitter.com/MartianFromMKD/status/1151538419748823041 

Коментари | пред 6 години

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Сведуваат нови жештини низ цела држава

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 31, Крива Паланка 27, Маврово 23, Кавадарци 32, Берово 25, Охрид 26, Битола 29, Дојран 33 Целзиусови степени.И утре ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне во планинските подрачја можна е појава на пороен дожд и грмежи.Дневните температури ќе бидат во Скопје 33 степени, Крива Паланка 29, Маврово 24, Кавадарци 33, Берово 26, Охрид 28, Битола 30, Дојран 35.И во наредните денови не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 28 до 37 степени.

Македонија | пред 6 години

zoran-verusevski-obvinitelna-klupa-640x331

Зоран Верушевски и Бојан Маричиќ седнаа во скутот на Заев и СДСМ

Снежана Калеска-Ванчева, пратеничката во Собранието на РСМ е избрана за нов координатор на Форумот на жени на СДСМ, а комплетиран е и раководниот кадар на партиските комисии како стручни тела, на вечерашната седница на Централниот одбор на партијата.– СДСМ покажа дека има капацитет перманентно да се менува во интерес на граѓаните на забрзување на напредокот на нашата земја. Во таа насока ЦО на СДСМ денеска ги комплетираше првите луѓе на своите партиски комисии, изјави по состанокот генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.Тој информира дека за претседател на Комисија за внатрешни работи е назначаен Зоран Верушевски, на Комисија за европски прашања Бојан Маричиќ, на Комисија за економија Кирил Колемишовски, Комисија за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, Комисијата за здравство Венко Филипче, Комисија за земјоделство Зоран Атанасов, Комисијата за труд и социјална политика Милан Живковиќ, за култура Роберт Алаѓозовски.

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva11

Вчера Јанева е видена во позната слаткарница со две другарки

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци на својот фејсбук профил објави дека вчера, обвинителката Катица Јанева е видена во слаткарницата „Палма“ со две другарки. Според Јоци, специјалната обвинителка била заедно со две другарки.„Катица Јанева, вечерва, забележана е у ,,Палма" со две другарки - плавуша и црна. Облечена во црно, со наочари на глава. Од неофицијални извори кои оттаму поминувале.,,Боледувала" со тулумба или ,,шампита", сеедно“, пишува Јоци на социјалната мрежа.Никој не знае каде е специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а ниту една институција не го следи нејзиното движење. Таа вчера отвори боледување, а во СЈО не се појавила.

Македонија | пред 6 години

zaev-merko-1

По упадот во општината Мерко бара обезбедување и ги даде ингеренциите на Заев

Поцес за легализација на објект е причината поради која лица од Велешта влегле во зградата на општина Струга и се заканувале кон административците и кон самиот Рамиз Мерко, кој според неофицијални информации стоел затворен во неговата канцеларија, додела лицата кои упаднале внатре тепале едно раководно лице од секторот за урбанизам во општината - брифираат за „Скопје1“ извори од Полиција.Инцидентите започнале во центарот на градот додека Мерко ја отворал новата пешачка зона, а лицата кои му се заканувале пристигнале на настанот и довикувале кон него. Тие биле придружувани од лица од соседна Албанија кои најверојатно биле ангажирани за таа работа.Мерко прв пат повикал полиција уште додека траела церемонијата на отворање на улицата, и од страна на полицијата биле дополнително испратени полицајци на настанот.По ова од како се вратил во канцеларија се случил упадот во општинската зграда, а околу 20 часот Рамиз Мерко сам пријавил во полиција дека добил закани по животот, по што полицијата сослушала неколку лица.ДАЛИ ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ ОДБЕГНУВА ДА ГИ ПРЕВЗЕМЕ ИНГЕРЕНЦИИТЕ ВО СТРУГА ? !Следниот ден Рамиз Мерко ги предаде сите ингеренции на власта во Скопје, која тврди дека сеуште не го добила документот испратен од Мерко и објавен во медиумите.Рамиз Мерко вчера околу 15 часот бил во просториите на Владата за дефакто да се ослободи од правата кои ги има како власт и да ги предаде на централната власт, која сеуште не сака да ги преземе.МЕРКО СЕГА ИМА ВЛАСТ ВРЗ МЕТЕЊЕТО УЛИЦИСакала или не, Владата во Скопје до крај на оваа седмица ќе мора да ги преземе ингеренциите над Струга, а по тоа Рамиз Мерко ќе има надлежност само во комуналната дејност и одржувањето на хигиената во Струга.Ова од вчера создало нервоза кај бројни луѓе кои со ДУИ и Мерко договарале проекти и други повластици во замена за гласовите кои ги добија на изборите, а со преземањето на ингеренциите од Владата мерко нема права кои би му овозможиле да реализира некои од личните предизборни ветувања на поединци.

Македонија | пред 6 години

zaev-merko

Заев не го добил писмото од Мерко со кое се отжаува од надлежностите за урбанизам

Писмото со кое струшкиот градоначалник се откажува од ингеренциите за урбанистичкопланирање, уривање дивоградби и доделување и одземање концесии не е пристигнато до премиерот Зоран Заев, вели тој за а1он. Премиерот вели дека за писмото слушнал само од медиумите.„Сѐ уште немам добиено такво писмо. Прочитав во медиумите“, рече Заев за а1он.Според пишувањата, во писмото се објаснувало дека Мерко ја донел овааодлука поради тоа што добивал закани од поединци кои барале дозволи за градба на различни локации но не можеле да бидат дадени поради постоечкиот ДУП. Исто така писмото се поврзува и со вербалните закани кон вработено лице во локалната самоуправа, а за кои денеска информираше и МВР.

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Јанева има завршено и висока обука за борба против мафијата

50-годишната Јанева е именувана по предлог на еден од олеснувачите во преговорите за имплементирање на договорот од Пржино.Катица Јанева можеби е најпребаруваното име на „Гугл“ во Македонија во последните 4-5 часа, особено што јавната обвинителката од Гевгелија е прилично непозната за македонската јавност.Информациите што стигнуваат до медиумите велат дека Јанева потекнува од семејство на познат судија, кој бил и претседател на основниот суд во Гевгелија. Има учествувано на тренинзи и обуки и во академијата и на меѓународни семинари. Таа ја врши функцијата јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Гевгелија, а претходно од 10 април 2003 била заменик на јавниот обвинител во градот.Гевгелиското јавно обвинителство има само основна надлежност и се наоѓа под јурисдикција на Јавното обвинителство Скопје. Што значи, ОЈО Гевгелија не работи случаи на организиран криминал и корупција, туку полесни кривични дела. Па, Јанева може да се сретне и во разни судски процеси, за разводи, семејно насилство, нејзиното име се појавува и во случајот „Спаска Митрова“...Но информациите што стигнуваат до медиумите велат дека Јанева има завршено и висока обука за борба против мафијата, корупцијата и организираниот криминал во Италија. Таа е долгогодишен јавен обвинител, а поминала разни меѓународни обуки и специјализации. Јанева како член на Здружението на јавни обвинители учествувала во повеќе активности, меѓу кои и за подготвување на Законот за јавно обвинителство.Исто така, нејзиното име се наоѓа и на листата предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Пишува дека предава кривично материјално и процесно право.Катица Јанева во имотниот лист во Антикорупциската комисија има пријавено (не)движен имот од над 250.000 евра. Наведено дека поседува моторно возило „рено 5 кампус“, трансакциона сметка во Тутунска банка и денарска штедна книшка во Стопанска банка. На име на нејзиниот починат сопруг, кој бил ветеринар, се водат плац во селото Конско во вредност од 1.000 евра, земјоделско земјиште од 1.930 квадрати во вредност од 20.000 евра и моторно возило ровер 45 во вредност од 20.000 евра.

Македонија | пред 6 години

Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ поддржува борба против криминалот, откако се уапсени Боки 13 и Зоки Кичеец

Централниот одбор на СДСМ со Декларација го поддржува раководството на партијта и останатите институции да продолжат со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.На вечерашната седница, информира партискиот секретар, Љупчо Николовски, едногласно била донесена декларацијата за јакнење на правниот систем во државата.-Последните случувања покажуваат дека постои нов механизам и целосна заштита на релацијата граѓани-обвинителство- МВР кој може да се справи со криминал и корупција, изјави Николовски.Тој не сакаше да коментира како ќе се обезбеди двотретинско мнозинство за законот за јавно обвинителтво на утрешната лидерска средба не се појави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.Да го почекаме утрешниот ден, да видиме дали тоа ќе се случи, рече Николовски и додаде секој поединец има политичка одговорност, а исклучително пратениците без разлика на нивната партиска припадност.

Македонија | пред 6 години

janeva-mickovski-zaev-ahmeti

Дали лидерите ја пуштија Катица Јанева низ вода?

По проспиената ноќ во која вестите за апсењето на двајцата осомничени за рекет и шпекулациите за инволвираност во скандалот и на лица од правосудството се менуваа како на лента, и политичките партии се јавија со оценки за случајот.За владејачката СДСМ, случајот против осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски е доказ за постоење на „заштитен механизам на релација граѓани, обвинителство и МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција.„Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот. СДСМ ги охрабрува и ги повикува надлежните институции да спроведат длабинска и независна истрага, да постапуваат исклучиво според законите со крајна цел владеење на правото во нашата земја“, се наведува во партиското соопштение.Нивниот коалициски партнер, ДУИ преку портпаролот и вицепремиер Бујар Османи соопшти дека „е разочаран од она што се случи“, но смета дека потребата од СЈО останува.„ДУИ е најголем непријател на селективната правда и затоа го предложи законот за ветинг и во политиката и во судството. ДУИ останува на ставот дека РСМ има потреба од институција која ќе биде насочена на борба против корупцијата на високо ниво, особено во политиката. Тоа е барање на ЕУ и на граѓаните и со таков став одиме на лидерската средба. Каква институција, во која форма и со кој кредбилитет тоа ќе се одлучи на лидерската средба“, изјави Османи.Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара да се обелодени идентитетот и на другите вмешани во скандалот, во прв ред името на јавниот обвинител.„Апсењето на Боки 13 е само дел од рекетарската приказна на власта. Тие што имаа среќа да не го почувствуваат на своја кожа рекетот на власта, читаа како функционери на СДСМ блиски до Заев заедно со медиумски сопственик се заканувале на фирми и бизнисмени дека доколку не ја платат побараната сума, утре може да ги снајде некое злодело“, обвинува ВМРО – ДПМНЕ.Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски изјави дека „главниот нарачател“ во случајот „Рекет“ е надвор од СЈО и е дел од „владејачката структура“.  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара апсење на Јанева.

Македонија | пред 6 години

Liderska-sredba-za-imeto

Откажана утрешната лидерска средба

По седницата на ЦО, извори од СДСМ, за „Дојче Веле“ велат дека е откажана за утре закажаната лидерска средба поради одбивањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да присуствува на неа.Лидерската средба на која утре требаше да се расправа за Законот за обвинителство, пописот, Изборниот законик и други актуелни теми, е откажана, дознава ДВ од извори во СДСМ. Тоа на вечерашниот состанок на Централниот одбор на партијата го потврдил и партискиот лидер Заев.Образложението било дека без присуство на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема причина да се одржува состанокот на кој требаше да присуствуваат и лидерите на ДУИ и Алијансата на Албанците, Али Ахмети и Зијадин Села.Од ВМРО-ДПМНЕ денеска потврдија дека Мицкоски не планира да се појави на средбата доколку на неа не се разговара за организирање предвремени парламентарни избори.

Македонија | пред 6 години

Katica

Катица Јанева боледува од паричен притисок, на социјалните мрежи се бара дијагнозата

Откако денес искочи веста дека Катица Јанева од 16 јули има отворено боледување, истата предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.Ова се дел од реакциите на Твитер.https://twitter.com/ABavcov/status/1151938833413545986https://twitter.com/Semir_k11/status/1151907929672626178https://twitter.com/NemitekviT_User/status/1151919410740899842https://twitter.com/Mile_Panika/status/1151803695086088194https://twitter.com/jaomipao/status/1151849313754128384https://twitter.com/neznajko1/status/1151831615305322496https://twitter.com/sicario_mk/status/1151879960765849601https://twitter.com/okRlloow9ABxZ1u/status/1151876729931206657https://twitter.com/janaeedna/status/1151907104426549248https://twitter.com/paladzudzo/status/1151934038887796736

Магазин | пред 6 години

sneg20190718_193022

(ФОТО) Вака би изгледал Охрид без езеро

На социјалните мрежи кружи интересна фотошоп фотографија од Охрид и неговиот изглед кога би бил без езеро.Фото: Порта.мк

Македонија | пред 6 години

toplo-vreme-768x556

Регистрирана е највисоката измерена температура во Израел

Температурите во Израел достигнаа рекордно ниво и регистрирана е највисока некогаш измерена температура во земјата, потврди израелскиот метеоролошки завод.Температурата во Содом, во близина на Мртвото Море, во средата изнесувала речиси 50 степени Целзиусови.Во текот на денот, на неколку локации во земјата избувнале пожари. Неколку луѓе се полесно повредени и евакуирани се околу 200 куќи.

Свет | пред 6 години

Durlovski-vo-Sobranie111-701x453

Дурловски: Како, кога и кој ќе го врати достоинството на македонскиот народ?

Оперскиот пејач, Игор Дурловски на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека е загрижен како, кога и кој ќе го врати достоинството на македонскиот народ.„Воопшто не сум загрижен кој, за што и колку ќе си лежи. Повеќе ме загрижува како, кога и кој ќе го врати достоинството на македонскиот народ“, напиша Дурловски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

nikolovski-ljupco

Николовски за Коки и Фрики: Имаше многу присутни на состанокот

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, запрашан дали на состанокот на ЦО биле присутни „Кики“ и „Фрики“, двајцата функционери за кои новинарот Бранко Геровски пишуваше дека рекетирале со Боки 13 и Зоки Кичеец, одби да одговори конкретно, велејќи дека имало многу присутни, од пратеници до градоначалници во салата.„ЦО на оваа политичка партија, е целосно растеретен од оние кои доаѓаат на преговарачка за одбрана на криминалот. Ние даваме поддршка за борба против корупцијата и криминалот“, рече Николовски. 

Македонија | пред 6 години

skandinavski-turistki-ubieni-vo-maroko-2

Смртни казни за Мароканците кои убија две скандинавски туристки

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две скандинавски туристки минатата година, пренесоа светските агенции.Луиза Јесперсен (24) од Данска и 28-годишната Норвежанка, Марен Уланд, беа убиени и обезглавени додека планинареле на планините Атлас, а ваквото свирепо злосторство мароканските и данските власти го окарактеризираа како терористички чин.Подоцна и беше потврдено дека убиството е извршено во име на терористичката организација Исламска држава.За директна вмешаност во смртта на девојките беа осомничени четворица Мароканци, од кои беше објавено и видео на кое ѝ изразуваат верност на Исламска држава.Еден од осудените е 25-годишниот радикализиран трговец, Абделсамад Еџуд, кој призна дека го организирал убиството на двете жени, заедно со своите двајца соучесници, Јунес Узијад (27) и Рашид Афати (33).

Свет | пред 6 години

Screenshot_1-1

(ВИДЕО) Јато орки нападнаа и убија сив кит и нејзиното младенче

Пет орка китови нападнаа и убија младо од сив кит во близина на брегот Монтереј, Калифорнија за време на четиричасовен напад кој бил фатен на видео снимка.Снимките покажуваат како очајната мајка со часови се бори да го спаси младото, додека Орка китовите постојано го напаѓаат во обид да го одвојат парот, што накратко го прави морето црвено.Очевидците кои од брод за надгледување на китови ја следеле акцијата, велат дека орка китовите пред да нападнат се движеле во цик-цак линија.„Тоа беше вистинска пресметка во морето. Иако може да биде тажно бидејќи сивите китови стануваат плен, но мора да се потсетиме дека китовите убијци мора да јадат за да преживеат“ велат набудувачите на настанот.

Магазин | пред 6 години

katica-janeva

Откако е на функција Јанева нема промени во имотната состојба

Речиси четири години колку што е на чело на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева нема пријавено никаква промена во имотната состојба. Гевгелиската обвинителка која во 2015 година се пресели во Скопје, а сега е дел од милионската афера „Рекет“, нема ни заштеда, ниту пак се подновила со нешто.Единствената промена во имотната состојба која ја пријавила во Антикорупциската комисија била минатиот месец. На 13 јуни Јанева доставила информација дека има промена во имотот на децата, односно купено е половно Ауди А6 Кватро, потврдија за ИРЛ од Комисијата. Јанева не доставила договор за купопродажба на автомобилот, како што е согласно законот, но додала дека возилото е произведено во 2005 година и вреди 6.000 евра. Оваа промена е евидентирана во нејзиниот имотен лист на интернет страната на ДКСК.Според имотната состојба која ја пријавила кога дојде на функција во 2015 година, Јанева е прилично задлолжена со кредити. Таа во 2014 и 2015 година подигнала три кредити во износ од 118.000 евра со период на враќање од 15 до 20 години. Јанева нема стан во Скопје. Но, има неколку сметки во банка на кои има вкупно 107.000 евра. Има куќа во Гевгелија, земјоделско земјиште во село Мрзенци, плац во село Конско и стар Ровер и Голф 4. И плата од околу 3.000 евра во СЈО.

Македонија | пред 6 години

vo-avtobuska-nesred19ca-vo-istochna-turczid198a-zaginaa-17-migranti-50-se-povredeni

Автобуска несреќа во Турција, 17 мигранти загинаа

Седумнаесет лица загинаа, а 50 се повредени откако автобус во кој се превезувале мигранти се превртел во турската источна провинција Ван, соопшти гувернерот на провинцијата, а пренесе агенцијата „Анадолија“.Минибусот со мигрантите се спуштал по рид и влетал во река во близина на населбата Ерчек, во областа Ипекиолу, на околу 60 километри од границата со Иран.Во несреќата исто така загинал турскиот возач, додека националноста на останатите патници не е позната.Градот Ван се наоѓа на рутата на мигрантите од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, на нивниот пат кон Европа, пренесуваат светските агенции.

Свет | пред 6 години

Kranj-Slovenia-1136x640-Wallpapers1

Каков е животот во Словенија по 15 години од влезот во ЕУ?

По 15 години живот во Европската Унија, Словенија има 268.039 приклучоци на канализационата мрежа, додека пред влегувањето во ЕУ имала 171.555. Тоа се речиси 100 илјади приклучоци повеќе.Можеби ова звучи иронично, но статистиката покажува дека Словенија во текот на изминатата деценија навистина станала подобро место за живеење.Просечниот животен век на мажите од 73,48 се зголемил на 78,05, додека кај жените растот е малку помал - од 81,08 се зголемил на 83,66. Бројот на деца во градинките се зголемил од 54.815 на 86.703.Речиси е дуплиран бројот на стартапи (што може да му се припише на духот на времето), а и вкупниот број на разни настани во културните институции, кој се зголемил од 12.400 на 22.025. Напоредно со тоа се зголемила и посетата на културните настани од 2.683.404 на 4.358.382.А „сировата“ економска статистика вели дека бруто-домашниот производ по глава на жител од 13.900 се зголемил на 22.182 евра, а просечната нето-заработувачка од 701,90 на 1.092,74 евра. Стапката на невработеност, пак, од 6,3 се намалила на 5,1 отсто, а увозот и извозот се повеќе од удвоени.https://twitter.com/SLOEmbassyCPH/status/1126424674647400448?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1126424674647400448&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.fakulteti.mk%2Fnews%2F15052019%2Fkako-izgleda-zhivotot-vo-slovenija-po-15-godini-od-vlezot-vo-eu

Магазин | пред 6 години

drevna-dzamija-vo-izrael

Откриена џамија од 7. век во Израел

Археолози објавија дека во Израел откриле остатоци од една од најстарите рурални џамии во светот, изградена во време кога исламот пристигал во оваа земја.Израелската агенција за антиквитети проценува дека џамијата, откриена непосредно пред новата изградба во бедуинскиот град Рахат во пустината Негев, била изградена во 7 или 8 век, објави агенцијата „Ројтерс“.„Веќе постојат големи џамии за кои се знае дека се од тој период, но тие се во Ерусалим и Мека, но од друга страна, реткост е да се пронајде толку древен исламски храм кој веројатно бил изграден од страна на локални земјоделци“, вели Гидеон Авни, експерт за антиквитети.На локалитетот се ископани остатоци од џамијата на отворено – правоаголна зграда, приближно со големина на гаража за автомобил, со молитвеник насочен кон југ, односно кон Мека.

Свет | пред 6 години

RzTUy-tigar-vo-kuka-vo-indija

Поплави во Бангладеш, во домовите на луѓето се кријат тигри

Реката Џамуна во Бангладеш, синоќа се излеа од коритото и поплави најмалку 40 села во северниот дел на земјата, поради што се раселени повеќе од 200.000 луѓе, а во соседна Индија поради монсунските дождови домовите ги напуштиле околу шест милиони луѓе.Во две индиски држави Бихар и Асам во поплавите загинале 97 лица.Се наведува дека во овие индиски држави обилните дождови и поплавите траат од минатата недела, поради што дури и дивите животни бараат засолниште во домовите на луѓето.Еден возрасен тигар денеска е пронајден како спие во куќа која се наоѓала во близина на животински резерват.Властите се плашат дека ловокрадците би можеле да се обидат да ја искористат ситуацијата и за време на поплавите да почнат да ловат заштитени животни како што е еднорогиот носорог, вид од кој има само уште 3.500 примероци во целиот свет.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања