Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

mkd-392410

Следната недела Хан доаѓа во Скопје

Следната недела еврокомесарот за проширување Јоханес Хан доаѓа во Скопје.Од Европската комисија велат дека комесарот Хан во Белград ќе допатува директно од Скопје,  а во земјава ќе се сретне со претставници на властите и на опозицијата. Потоа тоа ќе отпатува во Белград на 25 и 26 јули, каде со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ ќе разговараат за реформските процеси во Србија и за регионални прашања.„Комесарот Хан во Белград ќе се состане со претседателот и премиерката на Србија, со кои ќе разговара околу реформите кои ги спроведува Србија на патот кон ЕУ, како и за регионалните прашања“ – изјави портпаролот на ЕУ за Танјуг.

Македонија | пред 6 години

venko-filipce

Мицкоски тврди дека Тодоров му е советник на Филипче, тој демантира

Министерот Венко Филипче демантира дека поранешниот министер за здравство Никола Тодоров е негов советник. Тој на фејсбук статус реагира на пренесена изјава од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој впрочем го тврди ова.„Во јавноста почна да се актуелизира и шири стара вест, која не е вистинита и е изјава на претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, објавена во април годинава како нова вест, дека наводно во Министерството за здравство како советник работи поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Веста е тогаш демантирана, но ќе повторам уште еднаш, Никола Тодоров не е советник во Министерството за здравство“, стои во објавата од актуелниот министер.Сепак во изјавата при гостувањето на ТВ21, Мицкоски вели дека Тодоров му бил неформален советник на Филипче, а не редовно вработен во кабинетот. Инаку додека министеруваше Тодоров, Филипче беше негов советник.

Македонија | пред 6 години

zaev-121

Влада: Не е пристигнато писмото на Мерко дека се откажува од ингернциите

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко се откажува од надлежностите на Општината за урбанистичко планирање, градежни дозволи, издавање концесии и за спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО и ги отстапува на Владата.Од Владата на Република Македонија информираат дека до овој момент кај нив не стигнало такво барање, пишува Фокус.– До овој момент во Владата нема стигнато такво барање, изјавија од владината прес-служба.

Македонија | пред 6 години

ohrid-12

Не гледам резултати по препораките на УНЕСКО за Охрид, вели евроамбасадорот Жбогар

Поминаа две недели од препораките на УНЕСКО во врска со Охридскиот Регион и јас не гледам резултати од тоа, кажа денес евроамбасадорот Самуел Жбогар при посетата на Општина Дебарца, пренесува СДК. Тој додаде дека треба да се вложат напори за да се дојде до очкуваниот резултат. Жбогар во Дебрца беше на пуштањето на реконструиранта брана на Слатинско Езеро, кое пред неколку години поради нејзиното пукање се исуши.Рушење на дивоградбите е една од 19-те препораки на УНЕСКО за да не биде ставен регионот на листата на загрозено светско наследство.„Со проблемите е најдобро да се соочите сами, со сопствени сили. До 1 февруари кога истекува рокот, беа дадени на располагање 30 седмици. Од 4 јули кога УНЕСКО го одреди рокот за исполнување на препораките веќе изминаа две седмици, а не гледеме некаков резултат”, кажа Жбогар.Жбогар изјави дека вчера имал средби со претставници на невладини организации за заштита на животната средина и еколошки здруженија, на која му била пренесена нивната загриженост за состојбите.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Не плаќале данок, тоа било „против Божја волја“

Брат и сестра од Австралија не плаќале данок, под изговор дека тоа е „против Божјата волја”, но судот одлучи сега да платат казна од над 2,3 милиони австралски долари бидејќи во Библијата не пишува „не плаќај данок”.Фани Алида Бирпут и нејзиниот брат Рембертус Корнелис Бирпут, инаку верски мисионери, од 2011 година го затајувале својот данок оти, како што потоа тврделе, тој чин претставувал „побуна против Бога“.Братот и сестрата, според Врховниот суд во Тасманија, не платиле данок од 930.000 долари.

Магазин | пред 6 години

ahmeti

Ахмети: Нека покажат аргумент дека некој од ДУИ ја злоупотребил власта и довербата

На првото собрание на ДУИ што се одржа во Сарај пред партискиот конгрес свое обраќање имаше лидерот на партијата, Али Ахмети, кој зборуваше за, како што рече, пропагандата која сите на див начин и како волци ја организираат против ДУИ.„Каде им се фактите, нека покажат еден аргумент од десетиците илјади прислушкувања дека некој од ДУИ ја има злоупотребено власта и довербата, дали овие луѓе мислат дека Албанците пасат трева и ќе нè казнат нас поради приватни разговори, тие може да имаат краткотраен ефект, но подоцна граѓаните ќе почнат да размислуваат“, истакна претседателот на партијата.Ахмети рече дека како лидер на ДУИ прв ќе ги поздрави издржаните докази против функционери од неговата партија.„Дали некој украл, нека ги дадат прислушкувањата, дали некој дал наредба за противзаконско дејствување, јас ќе ги поздравам прв од ДУИ ако ги даваат овие факти, но такви нема затоа што ние не сме избрани за да ја изневериме довербата на гласачите. Јас не велам дека нема и ѓаволи, ајде да ги пронајдеме, но не со празни зборови туку со одредени дејствија“, посочи тој.Во излагањето се задржа и на тоа што ДУИ го направила за Албанците во земјава.„Да застанеме и да направиме анализа кој направил најмногу за оваа земја, на сè што е направено, не само напишаното, но и документираното во сите области на дејствувањето, од националното знаме до унивезитетите, јазикот, културата, што се подигнаа на повисоко ниво“, посочи Ахмети.Воедно истакна дека ДУИ како движење има цврста историја затоа што е дел и продолжение од отпор пред освојувачите и оние кои, како што рече, сакаат да ги искоренат Албанците од оваа земја.„Останува оваа обврска, ова богатство, дека народите и граѓаните со фанатизам ги чуваат изградените вредности. Ако на Ирците им ја чепнеш Шин Фејн или ИРА, која произлегува како ДУИ од ОНА, ќе ти ги искорнат очите затоа што се повредува историјата, вредноста. Но и ние треба со фанатизам и со голема посветеност да ги зачуваме и збогатиме овие вредности, но да не ги засрамиме ни нашите предци, ниту нашите соборци, затоа што човек од лакомост може да направи и погрешни потези, но ние секогаш треба да го имаме компасот затоа што потекнуваме од една организација и механизам што има пролеано крв и безбројни жртвувања“, истакна

Македонија | пред 6 години

Capture-2

Ќерката на Пол Вокер сè попопуларна на Инстаграм

Медоу Вокер, ќерка на трагично починатиот глумец Пол Вокер, гради успешна манекенска кариера, што и го покажа со неколкуте професионални фотографии кои ги сними како модел.Медоу има 1,5 милиони следачи на Инстаграм, а голем удел во нејзината популарност има и тоа што е ќерка на холивудската ѕвезда од серијалот филмови „Брзи и бесни”. Кога Вокер 2013 година загина во сообраќајка, таа имала 14 години.https://www.instagram.com/p/BWLMSXsFiNQ/?utm_source=ig_embedИнаку, Медоу покрена и фондација во чест на својот татко, именувана по него, чијашто мисија е грижа за океаните, помош за луѓето и за животните, благородните заложби кои го красеа и Пол.

Магазин | пред 6 години

kostadinov

Костадинов: Дали Мицкоски имал средба со еден од осомничените во случајот „Рекет“?

СДСМ работи во интерес на воспоставување на правната држава и она што значи наша граѓанска обврска пред законите и уставот, а најмногу пред граѓаните - рече пратеникот Костадин Костадинов.Прв кој го пријавил  случајот „Рекет “ бил токму претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, правната дежава функџионира, додаде Костадинов.Од страна  на СДСМ беа поставени две прашања  во однос на овој случај и сметаме дека доколку не добиеме одговор, може драстично да ја променат ситуацијата,  дополнително оставаме институциите детално да го разгледаат случајот се со цел во  во интерес на правната држава и интересот  на сите граѓани.Мицкоски треба да даде одговор на прашањата: Дали имал средба со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор ?И дали посегнал по парите на еден од осомничените?Костадинов на темата  за јавниот долг, посочи дека многу е јасно кој е дирекниот виновник за задолжувањето на државата. Ако претходно опозицијата земала кредити со каматнио стапки од 10 отсто , денес оваа Влада тоа го прави со каматни стапки од 2.7 отсто.Костадинов додаде дека смешно е да се збори за инфраструктурни проекти, автопати и регионални патишта , а да се оставаат бандери сред автопат и далноводи кои освен тоа што ја нарушуваат безбедноста на автопатите , туку и излегуваме смешни пред светот, а се со цел да се прикаже поголема реализација на проекти од страна на тогашната власт.Денес , на оваа власт и останаа во наследство поправање и решавање на таквите проекти на опозицијата. Патот Штип –Радовиш 40 години не беше рехабилитиран и небезбеден за возење, а денес покрај тоа што го рехабилитиравме , правиме и експресен пат.Патот  Струмица-Берово е ревилитизиран , отвараме граничен премин Клепало со цел просгрес на тие општини. А истовремено се работи на 60 патни правци во државава.Кога се зборува за евроинтеграциите Костадинов ги повика опозицијата заеднички да се вложат за подобра иднина на државата. Со такви  нерасчистени криминали ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане опозиција-заврши Костадинов.

пред 6 години

milososki-antonijo

Милошоски: Кој лекар го има дадено боледувањето на Јанева и за која болест?

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски смета дека СЈО го крие боледувањето, кое го доби специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е вмешната во предметот „Рекет“.„Лекарското за боледувањето на обвинителката Катица Јанева е неверодостојно! СЈО го крие боледувањето! Но, јавноста има право да знае од каде е земено боледувањето, кој лекар го има дадено и за која болест? Специјалната обвинителка е државен функционер скапо платен со даночни пари од граѓаните и јавноста има право да знае за нејзината здравствена состојба (не мора ситници и дискретни прегледи, туку податоци за општата здравствена состојба). Исто би било, јавноста има право да знае, и во случај на ненадејно боледување на Претседател, премиер, министер, градоначалник и слично“, смета Милошоски.

Македонија | пред 6 години

zaev-121

На Централниот одбор на СДСМ ќе се разговара за актуелните случувања

Пред почетокот на Централниот одбор на СДСМ претседателот на партијата, Зоран Заев, изјави дека тема на партискиот состанок ќе бидат актуелите политички случувања.Тој не прецизира за што конкретно ќе се разговара, но рече дека ќе дискутираат за партиски теми, како изборот на претседатели на партиските комисии.-Доминатна е изборот на претседатели на комисиите како помошни тела. Тоа се стручните тела на СДСМ, извршниот одбор ги утврди, а сега согласно статутот на партијата мора да ги утврдиме и на Централниот одбор, потоа следува нивно доекипирање, рече Заев.Тој најави дека денеска на Централниот одбор ќе биде соопштен и изборот на новата координаторка на Форумот на жени на СДСМ, а ќе се дискутира и за актуелните политички случувања, како и за идните теренски активности како подоготвка на партијата за претстојниот период.

Македонија | пред 6 години

nefi1

Георгиевски: Ќе ја урнеме дивоизградената пицерија на Усеини

Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиевски е уверен дека до следната сесија во февруари Охридскиот регион ќе ја надмине опасноста да биде ставен на листата на загрозено светско природно и културно наследство и најавува уривање на дивоградбите, но и ревизија на регистарот со дивоградби.Во разговорот за „Слободен печат“ тој меѓудругото најавува и дека градежната инспекција ќе ја урне пицеријата „Луна“ која бесправно ја изгради советникот од ДУИ, Нефи Усеини веднаш до чинарот, но не го коментира однесувањето на локалните моќници.„Во врска со угостителскиот објект „Луна“, градежниот инспектор има направено записник и решение за уривање, бидејќи инвеститорот нема дозвола за градење. Со овој објект ќе се постапува согласно законските процедури за бесправно изградени објекти. Со ребалансот на Буџетот за 2019 година, што го донесе Советот на 10 јуни во програмата за уредување на градежно земјиште се предвидени 1,5 милион денари за ставката за рушење на нелегално изградени објекти. По ангажирањето на фирма за уривање општината ќе почне да постапува по изготвените решенија“, вели Георгиевски.Целото интервју можете да го прочитате тука

Македонија | пред 6 години

297752-0.Basic-Mickoski

Мицкоски: Заев не знае кои се Кики и Фрики, ама знае кој бил уценуван

Главата на криминалниот октопод е Зоран Заев, обвинува лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, во интервју за „Експрес“, коментирајќи ги последните случувања околу аферата „Рекет“, која ја стресе власта. Според Мицкоски се работи за организирана група која вклучува луѓе од блиското опкружување на премиерот.-Но главата на тој криминален октопод не се овие обвинети, ниту пак самото СЈО кои се спроведувачи на директиви, туку отворениот сомнеж говори дека тоа е Зоран Заев лично, а пипците на таквиот криминален октопод се луѓето околу Зоран Заев и во дворот на неговата партија – тврди Мицкоски.Според Мицкоски функционер од Владата влијае на медиуми да не известуваат за аферата.-Власта од петни жили се труди да го стави под тепих овој криминален октопод, или да ја индивидуализира одговорноста кај две до три личности. Еден министер на Заев со броени денови во Владата врти и се заканува по медиуми кои пренесуваат информации за овој скандал – вели Мицкоски.Тој прашува како може Заев да не знае кои се функционерите на СДСМ кои наводно биле исто така вмешани во скандалот.-Мислам дека не ја говори вистината и многу добро ги знае, зошто тие се витален дел од криминалниот октопод. Од друга страна сиптмоматично е како не знае кои се Кики и Фрики ама под чудни околности па знае кој бил уценуван. Мислам дека на ваквите лаги веќе не поминуваат. Што се однесува до докази, информации или некои тврдења кои ги изнесов, па на кого да ги предадам, на ова Русковска обвинителство кое Катица не ја става во притвор, а Заев неформално го амнестира? Ви се молам да говориме за посериозни работи – порачува првиот вмровец, кој додава дека не ја гледа потреба од присуство на лидерската средба затоа што, вели, Заев не е подготвен да преговара за предвремени избори.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Наместо во Кисела Вода, зависниците ќе земаат метадон таму каде што живеат

Пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција на зависности ќе можат да добиваат метадон на пет локации кои им се најблиску до местото на живеење, односно во поликлиниката во населбата Ченто, во поликлиниката „Јане Сандански“, во Психијатриска болница-Скопје, на веќе познатата локација во општина Кисела Вода и во Градската општа болница „8 Септември“,  информираат од Министерството за здравство.„Во интерес на пациентите е да бидат во пункт во својата општина или општината која е најблиску до локацијата на која се наоѓа пунктот. Распределувањето на психијатрите е во рамки на внатрешната организација на Психијатриска болница–Скопје. Во тек се техничко-административните подготовки на пунктовите кои се веќе просторно опремени. Согласно завршувањето на подготовките, пунктовите ќе бидат веднаш пуштени во функција“, велат од Министерство за здравство.Од Министерството посочуваат дека регистрирани се вкупно 520 пациенти кои се дел од програмата за лекување и третман на зависности. Се планира по околу 120 пациенти да ја земаат терапијата во наведените пунктови, освен во ГОБ „8 Септември“ каде ќе ја земаат помал број пациенти.Одлуката на здравствените власти доаѓа откако жителите на Кисела Вода со протести бараа дислокација на Центарот, а претходната идеја да се префрли во Гази Баба не беше прифатена ниту од тамошните жители.

Скопје | пред 6 години

hellenic-petroleum-696x399

Хеленик Петролеум бара отшетата од 31 милиони евра, Владата во потрага по решение

Министерот за економија по тужбата против државава која ја поднесе грчката нафтена компанија Хеленик петролеум вели дека веќе е формиран преговарачки тим од владини претставници и од експерти кој имал неколку  средби со другата страна. Детали од преговорите не се откриваат, сите можности се отворени, а главниот збор ќе го има арбитражниот суд во Париз преку кого е поднесена тужбата.„Нема да седиме со скрстени раце, секако дека ќе ги употребиме сите аргументи што ќе бидат во полза на државата се со цел да се обидеме таа арбитража да се обидеме да ја добиеме. Досега сме имале неколку состаноци, не само јас туку и неколку претставници на владата. Преговорите ги водиме јас и вицепремиерот Анѓушев, имаме вклучено и експерти во тимот, и доколку имаме договор навремено ќе ве известиме“, рече Бектеши.Грчката компанија Хеленик Петролеум веќе ја активирала тужбата за наплата на 31 милион долари плус камати зашто Македонија не го почитувала купопродажниот договор за рафинеријата ОКТА. Сега Хеленик Петролеум има намера да го наплати долгот кој се наталожувал од 2008-ма до 2011-та година поради тоа што Македонија не откупувала 500 илјади тони мазут на годишно ниво што беше дел од договорот склучен пред 20 години.Ова е втора тужба на Хеленик против земјава за истиот проблем. Македонија на грчката нафтена фирма веќе и исплати 40 милиони евра на име на оштета дека не го почитувала договорот за купопродажба на ОКТА.

Македонија | пред 6 години

19202630ls

(ФОТО) Ова е директорката на банка која утринава беше застрелана

Љубица Мичиќ, вработена во Сбербанка, ранета е утринава рано во Ѕвездара, кога непознат маж на скутер ѝ пришол, ја тргнал кацигата и потоа испукал повеќе куршуми кон неа.Се се одиграло на само дваесетина метри од зградата во која живее.Во разговор за Курир.рс соседите откриваат дека Љубица била директорка во новобелградската филијала на Сбербанка, дека е разведена и мајка на една ќерка која во моментов е на летување.Како штво тврдат соседите, улицата Бањска е мирна улица, а утринава биле изненадени кога виделе возач на скутер како влегува на улицата од спротивен правец. Кога Љубица се тргнала накај автомобилите, возачот на скутер запрел, ја тргнал кацигата и почнал да пука.Соседите велат дека Љубица со сопругот е во исклучително добри односи, бидејќи имаат дете така што се сомневаат дека ова може да има врска со семејна кавга.Прв на помош на Љубица ѝ пришол соседот кој од балкон слушнал вресок на улица, видел дека жена лежи, зграбил пешкир и истрчал да ѝ помогне.

Свет | пред 6 години

27-28-sednica-na-sovet-2019-2

Град Скопје: Камионите кај Вардариште истураат земја, а не шут и комунален смет

Град Скопје преку соопштение реагира на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ на која го обвинуваат градот за фрлање шут во населено место „Кирил Петрушевски“, кај поранешната депонија Вардариште.-Сакаме да ја информираме јавноста дека на приложените фотографии и видеа, посочените камиони истураат земја, а не шут и комунален смет како што тврдат во ВМРО-ДПМНЕ. Оваа активност се прави со дозвола на Град Скопје и општина Гази Баба и се извршува со цел порамнување на површината и користење на овој јавен простор, појаснуваат од Град Скопје во реакцијата на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.Градот Скопје, се додава, останува посветен на чистење на дивите депонии во Скопје и изминатава година во големи акции беа мапирани и расчистени депонии со над 3000 кубни метри смет.

Скопје | пред 6 години

26169719_2010841605607630_9062153176668481833_n-1

Мажот што го бркаа со сатар во „Лептокарија“ е македонскиот глумец

Откако на социјалните мрежи вчера се споделуваше видео на кое кинеска двојка со сатар брка маж во трговскиот центар „Лептокарија“, актерот Милан Тоциновски откри дека тој е лицето што беше нападнто.„Не е точно дека не сум ја платил сметката во импровизираниот кинески ресторан, јас не ни нарачав храна, бев нападнат откако дадов неколку забелешки за високата цена“, изјавил Тоциновски за „Плусинфо“.Актерот објаснува дека вработената замавнала со сатарот кон него, но за среќа тој успеал да се тргне.По драмата во трговскиот центар, откако глумецот успеал да побегне случајот го пријавил во МВР. Денеска требал да даде исказ кај надлежен обвинител.За потсетување Милан Тоциноски во 2004 година во Сараево ја освои наградата за најдобра машка улога за улогата на младиот Кокан во филмот „Како убив светец“.

Македонија | пред 6 години

joci-111

Јоци: Место да ја пронајдат Катица у која рупа е сокриена, тие за прстенот на желудникот

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на својот Фејсбук профил напиша:Место да ја пронајдат Катица у која рупа е сокриена, просто да не и' даваат време, а и она ОЈО да го убрзаат за да не го вештачат телефонот до следна зима, македонските новинари се бават со прстенот кој женава си го стаила околу желудникот за слабеење.Јебал ве желудник !https://www.facebook.com/joci.jocik/posts/10219285011976001 

Македонија | пред 6 години

trgovija-ORGANI

Во Приштина уапсени шверцери со човечки органи

Две лица се уапсени во Приштина под сомневање за нелегален шверц со човечки органи и клетки и за нелегална трансплантација на органи, објави косовската полиција, пренесе приштинска Коха.Според полициското соопштение, уапсени се жена од Албанија и државјанин на Турција.Косовската полиција наведува дека против нив ќе биде отворена редовна криминалистичка процедура.„Пријавено е дека во истрага на Криминалистичката единица се уапсени двајца осомничени, турски државјанин и Албанка, кои се товарат дека незаконски тргувале со човечки органи и изведувале илегална трансплантација. По налог на обвинител против нив е почната редовна процедура“, се наведува во соопштението на полицијата.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Приведени Кинезите кои низ „Лептокарија“ со сатар бркаа скопјанец

На 17.07.2019 во СВР Скопје М.Т, од Скопје пријавил дека околу 11.20 часот во ресторан во трговски центар бил физички нападнат од вработените во ресторанот Л.Ч.(34) и Л.Ш.(43) државјани на Народна Република Кина,а во врска со нарачка на храна. Според пријавата, еден од кинеските државјани со остар предмет се обидел да го нападне М.Т., а другото лице фрлало различни предмети. По преземени мерки, Л.Ч. и Л.Ш. биле приведени во Полициската станица Карпош и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 6 години

krazba

„Тешка кражба“ во едукациски центар во Струга

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против И.Р.(28) од Скопје Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Пријавениот, на 04.07.2019 со употреба на физичка сила отворил прозорец од едукациски центар на улица „Владо Малески“ во Струга и одзел повеќе предмети со што се стекнал со противправна имотна корист од 30.000 денари.

Македонија | пред 6 години

kumanovo

Државен правобранител за подрачје на Куманово, ја злоупотребила службената положба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Ј.(49) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во период од 04.11.2016 до 17.04.2018 година, пријавената во својство на Државен правобранител за подрачје на Куманово, ја злоупотребила службената положба во врска со постапувањето по по правосилно решение од нотар за пренесување на права во корист на Северна Македонија како законски наследник. Имено, семејството на починатиот В.М., како сопственик на уделите и паричните влогови во правно лице од Куманово во износ од 308.000 денари и како содружник во правно лице од Куманово со вложени удели и парични влогови, во спроведена оставинска постапка, предметните удели и влогови ги остапиле на Северна Македонија, заради натамошно постапување по налог за извршување на договор за заем од 700,000 денари на В.М. од страна на Р.И.. По ова, пријавената со допис не ги известила двете трговски друштва да постапат по законот за трговски друштва, односно на Собрание да донесат Одлука за отстапување на правата на починатиот на Севeрна Македонија како наследник. Притоа, пријавената го известила само Централен регистер да ја изврши промената иако знаела дека со одлука треба да го спроведат и двете трговски друштва, со што овозможила едното правно лице да биде избришано од трговскиот Регистер, додека за другото правно лице да се отвори стечајна постапка, без право Р.И. да ги пријави своите побарувања како доверител, со што нанела штета на Северна Македонија и Р.И.. 

Македонија | пред 6 години

seca

Вработен во шумско стопанство „Јабланица“ставил печат на бесправно исечени букови дрва

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Г.Б.(47) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, вработен во шумско стопанство „Јабланица“, во атар на село Лакавица, ставил печат на 136,5 кубни метри бесправно исечени букови дрва, сопственост на РСМ и овозможил да бидат транспортирани како легални. 

Македонија | пред 6 години

DSC_5686

Димковски: Со санирањето на браната Слатино ќе се намали ризикот од поплави и ќе се обезбеди вода за наводнување

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со евроамбасадоротСемјуелЖбогар, и постојаниот претставник на УНДП во Република Северна Македонија, Нарине Сахакјан, ја посетија браната Слатино, беше реконструирана во рамките на Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите во 2015. Оваа брана е од исклучително значење за општина Дебарца,за заштита од поплави и сега се изврши темелна санација на телото на браната како и на преливникот.„Со реконструкцијата се постигна структурна стабилност на браната, отпорност на надојдени води, со што се намалува ризикот од поплавите. Од друга страна, санирањето на браната ќе овозможи навремена достапност на вода за наводнување на земјоделските површини.Вкупната вредност на проектот е над 1,1 милиони евра, обезбедени од  Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите во 2015“, изјави министерот Димковски.За да се обезбеди правилно функционирање на браната и за да се зголеми контролата на поплавите, софтверот за моделирање на оптимизација е развиен и предаден на операторот на браната, проследен со соодветна обука.ЕвроамбасадоротЖбогар, истакна дека санирањето на браната Слатино е дел од кампањата “ ЕУ за вас” чија цел е да се подигне свеста и да се информира јавноста за помошта на ЕУ на земјата.„Оваа помош од ЕУ ги опфати приоритетните потреби и помогна во реконструкција на транспортната и водната инфраструктура во најзасегнатите области, во согласност со принципите на одржливост “да се изгради подобро”. Со оглед на големината на штетата направена на браната Слатино, со санирањето значително се намали потенцијалот за ризик од поплави и со тоа ќе се овозможи поддршка на системот за наводнување“, изјави евроамбасадоротЖбогар.Инаку, со Програмата на УНДП  беа опфатени две компоненти, транспортна и водостопанска. Конкретно, изградени и санирани се мостови, свлечишта и локални патишта, додека со водостопанскатакомпонента беше опфатена санација на пет брани, и тоа браните Мавровица во Свети Николе, Браната Липа, неготинско, Браната на Дренска река кај Демир Капија, Браната Слатино, општина Дебарца, и браната кај Прилеп, а беше извршена и дренажна мрежа и  реставрација на речните корита на сливот на Црна Река и Струмица, вклучувајќи отстранување на вегетацијата и отпадот на приоритетните делови и притоки.Министерот Димковски посочи дека инвестициите во водостопанската инфраструктура преку изградба и реконструкција на брани и системи за наводнување, се главен приоритет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, не само од аспект на зголемување на наводнуваните површини, туку и за заштита на животната средина и жителите од поплави.

Македонија | пред 6 години

joci-111

Хронологија на настаните околу ,,Рекет"

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на својот Фејсбук профил  сподели како што таа вели :Хронологија на настаните околу ,,Рекет".  Еве што напиша Јоци на ФБ:1. Во јавност, Боки, почнува наголемо да се експонира во 2016 година (пред парламентарни избори) со хуманитарни активности, а најзабележителен е со купувањето стан за социјално загрозено семејство и бебето Лука. (Во овој момент не знам што стана со таа прикаска)2. По формирање на новата Влада, се формира некој Меѓународен сојуз за маргинализирани групи, од кој дел се и функционери на СДСМ.Боки станува претседател на Сојузот и промовиран е на голема врата како хуманитарец од СДСМ министри и партиски функционери.3. Прекуноќ се отвора 1ТВ, од чија сопственичка структура е и таткото на Боки со извесна Јасна Мандиќ. На отворањето е присутен Зоран Заев и речиси цело раководство на СДСМ.Набрзо, во телевизијата на купче се носат новинари блиски до власта, поддржувачи на СДСМ. Во чии емисии, редовни се функционери на СДСМ, кои, не добиваа незгодни прашања кои би го компромитирале Заев и би му го нарушиле имиџот.4. Во 1ТВ, вработен е синот на Катица Јанева, во сектор - маркетинг. Баш таму. Тоа се луѓе кои одат по фирми и велат - ,,дајте ни пари за реклами".А, во телевизија, која е скапа играчка, рекламите може да чинат од стотици илјади евра до неколку милиони евра.5. Во јавноста излегуваат слики на Боки со речиси сите функционери на СДСМ, на кафе муабети по службени канцеларии, вклучително и со првата ,,специјалка, Катица Јанева, онаа која потпишувала и бришела притвори на луѓе во отворени судски процеси.6. Во јуни 2019, Геро ја отвора аферата за рекет ,,Коки, Кики, Фрики, Каки...".Во јули 2019 година, притворени за рекетирање бизнисмени се Бојан Јовановски -Боки и Зоран Милески. За рекет во висина од 8 милиони евра.Катица Јанева во ист ден дава оставка и целосно исчезнува од окото на јавноста.Нема истрага за неа, иако и' е одземен мобилниот телефон.7. Клучот од Пандорината кутија е кај Боки, информираше самиот тој неодамна.Следиме, напиша Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на својот Фејсбук профил .https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10219284842571766&set=a.10206993089605624&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања