Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

dana

Проф.Дана Прелиќ: Се чувствувам како првокласна глyпaчa, Катица Јанева ми го изeде џигepот

Ocтавката на специјалната обвинителкa Катица Јанева предизвика огромно paзочарување пред се кај луѓето што бараа правда од СЈО и се бopea пpoтив власта на Груевски. Професорката на Природно – Математичкиот факултет, Дана Прелиќ на социјлната мрежа фејсбук напиша:„Со жaлење констатирам дека се чувствувам како првокласна глyпaчa бидејќи се надевав дека нешто ќе се смени во државава. Секој што ќе стапне на било каква функција има една единствена цел – како да укpaде големи пари! Катица Јанева ми го изeeде џигepот. Како можеше ова да ни го приреди?! На самиот почеток и’ пpoстив за ужacниот стајлинг и извонредно сиpoмашниот вокабулap. Си велев – нека тера жената пpaвда, другото не е важно. Гнoj! Тоа е“, напиша Прелиќ на Фејсбук.https://www.facebook.com/dana.prelik/posts/10218421883394393

Македонија | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Алсат: Катица Јанева го смалила желудникот за да слабее

Пред неколку недели врз Катица Јанева се спровела хируршка интервенција во една од болниците во Македонија во која ѝ било поставен прстен за намалување на желудникот за да почне процедура за слабеење, објави Алсат ТВ.Пред неколку месеци, таква операција, пишува медиумот, направил и Бојан Јовановски – Боки 13.Потсетуваме дека Јанева во понеделникот поднесе оставка која како што се наведува треба да стапи во сила откако ќе се донесе нов закон со кој ќе се регулира статусот на Специјалното јавно обвинителство и ќе се избере нејзин заменик.Според досегашниот статус на обвинителството мандатот на Јанева истекува на 15 септември.Инаку на Јанева во понеделникот и беше одземен мобилниот телефон во рамки на истрагата за случајот „Рекет“ за кој осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески – Кичеец кои се во притвор. 

Македонија | пред 6 години

opstina-struga

Инцидент во општина Струга – се заканил дека ќе го убие градоначалникот?

Граѓанин на Струга влегол во просториите на Општина Струга и се заканил дека ќе ги убие градоначалникот на Струга Рамиз Мерко и уште еден општински функционер, објави expres.mk.Очевидци за expres.mk тврдат дека атмосферата била застрашувачка, затоа што не се знаело дали лицето е вооружено и во кој правец може да се развијат заканите.Порталот уште пишува дека граѓанинот бил незадоволен од одлука на Струшката Локална Власт.Инаку СВР Охрид, во својот денешен билтен бележи настан во општинската зграда во Струга. Еве ја информацијата на СВР Охрид:На 17.07.2019 година во 20.00 часот, вработен во локалната самоуправа во Струга, во полициската станица во Струга, пријави вербални закани упатени од жител од селото Велешта кон повеќе вработени во општината. По целосно документирање на настанот, полициската станица ќе поднесе соодветна пријава, велат од СВР Охрид.За потсетување градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, денеска го информирал премиерот Зоран Заев дека со намера спроведување на законите, сите надлежности на Општината на Струга за урбанистичко планирање, градежни дозволи и издавање на концесии, како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО, му ги предава на Владата. 

Македонија | пред 6 години

deca-pitachi

СВР Охрид затекнал 30 случаи на питачења во Охрид и Струга

Со цел елиминирање на можностите за вршење кражби, СВР Охрид ги интензивира превентивните мерки со кои, граѓаните ги потсетуваме на неопходноста од поголема грижа за безбедноста на домовите и вредните предмети. Анализите на СВР Охрид покажуваат дека поголем дел од кражбите се случуваат во згодна прилика кога домовите се оставаат незаклучени додека на плажите, предмет на кражбите се оставени и необезбедени паричници, мобилни телефони лап топ компјутери и други предмети.Според аналитичките податоци на СВР Охрид, на подрачјето на Охрид, во текот на првото полугодие од 2019 година, регистрирани се 117 казнени дела „тешка кражба“ и 39 дела „кражба“. Овие бројки, претставуваат намалување во однос на истиот период од минатата, 2018 година, кога се евидентирани 170 дела „тешка кражба“ и 62 дела „кражба“.Во врска со појавата на питачење, во првото полугодие од годинава, на подрачјето на Охрид регистрирани се 15 случаи и ист број и на подрачјето на Струга. Исто толку прекршочни пријави се поднесени против лицата кои се затекнати при питачење, што е во согласност со членот 24 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Македонија | пред 6 години

ebola

СЗО :Епидемија на ебола во Конго

СЗО ја прогласи смртоносната епидемија на ебола во Конго за итна меѓународна здравствена криза кога вирусот неделава се прошири во градот Гомa сo два милиона жители, кој се наоѓа на границата со Уганда, а според тврдењата на конгоанските власти, еболата во градот ја донесел 46 годишен свештеник што користел неколку лажни имиња, пренесува „Јаху њуз“.Здравствените власти на Конго велат дека човекот се возел  автобус од 200 километри од Бутембо до Гомаминатата недела. Тој починал на патот кон медицинска установа. Гома, која се граничи со Руанда, и е главен транспортен центар.Во Конго, пријавени се 2512 случаи и 1676 лица загинаа досега. 

Свет | пред 6 години

gdu

ГДУ: Без промена на изборниот модел лидерската средба е беспредметна

Пред утрешната лидерска средба, сакаме да предупредиме дека неопходна е  промена на изборниот модел и доколку оваа точка не биде прва за која  лидерите ќе разговараат, лидерската средба би била беспредметна.  Промената на изборниот модел е предуслов за демократија. Но властите поради криминалите заборавија на ветувањата дадени пред избори во насока на демократизација и развој на парламентарната демократија, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.Собранието ни е како гласачка машина и наместо да ја контролира Владата, се случува  обратно – Владата го контролира Собранието. Без разлика дали изборите ќе бидат во септември, октомври или март неопходна е промена на изборниот модел, во спротивно ништо нема да се промени. Само ќе се заменат ликовите во фотелјите, а криминалот и непотизмот ќе продолжат да цветаат.Веќе видовме како едните само продолжуваат онаму каде што другите застанале. Видовме дека добро разработената шема „да има за нас, а за народот ако остане“ си функционира, без разлика кој е на Илинденска бб.На ова мора да му се стави крај. ГДУ жестоко ќе се бори за промена на изборниот модел. Правдата е невозможна без силен Парламент кој ќе биде контролор, а не извршител, без пратеници кои ќе гласаат по сопствени убедувања, а не како ќе нареди лидерот. До тогаш Заев, Мицкоски и Ахмети само напразно зборуваат за правна држава, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Пендаровски потпиша нови укази за разрешувања, поставувања и отповикувања во Армијата

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, потпиша укази за разрешувања, поставувања и отповикувања во Армијата на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски постапи по одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата, која утврдила дека поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов, со донесените укази за поставувања во Армијата на 25 февруари 2019 година, за време на изборниот период сторил дејствија што се забранети за време на изборниот процес и со тоа ја прекршил одредбата од членот 8-а, став 1, алинеја 2 од Изборниот законик и одредбата од членот 34 став 1 алинеја 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Согласно новите укази:1. Бригадниот генерал Јордев Драган Орце, со указ се разрешува и се поставува за заменик на командантот на Здружената оперативна команда во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија. 2. Бригадниот генерал Ѓоргоски Тито Мирче е отповикан од воен претставник на Република Северна Македонија при НАТО во Брисел, Кралство Белгија. 3. Разрешен е полковник Ковачки Ѓорѓи Драган од командант на 1. Механизирана пешадиска бригада во Здружената оперативна команда во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија. 4. Полковник Емини Сабедин Бесник е разрешен од началник на штаб во Здружената оперативна команда во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија и се поставува за командант на 1.Механизирана пешадиска бригада во Здружената оперативна команда во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.5.  Полковник Јуришиќ Мирослав Маријо со указ се отповикува и се поставува за одбранбено аташе на Република Северна Македонија во Париз, Република Франција. 6. Началникот на Генералштабот, Васко Ѓурчиновски, со указ од 25 февруари 2019 година беше унапреден од чин генерал-мајор во чин генерал-потполковник. Во Законот за одбрана нема законски основ за одземање на чин, освен доколку носителот на чинот е лично одговорен за определени противзаконски дејствија, како што се кривично дело или тешка дисциплинска повреда. 

Македонија | пред 6 години

lasvska

Ласовска: Кружат информации дека Катица Јанева заминала од Македонија

Поминаа три дена, а од Катица Јанева ниту трага, ниту глас. Три дена не доаѓа на работа. Три дена се крие и бега од одговори и одговорност. Платата тешка илјадници евра и стигнува на сметка, а нејзе ја нема. Кружат информации дека заминала од Македонија. Ова сигурно не е право и правна држава. Наместо да одговара пред законите, таа продолжува да ги влече конците, да овластува обвинители и да потпишува акти на СЈО, истакна Благица Ласовска од ВМРО ДПМНЕ .Станува се поочигледно дека Македонија ја владее криминална банда која создаде нов рекетарски - судско – политичко - медиумски октопод. Пипците на овој октопод допираат до секоја пора во државата, а главата на овој октопод е највисокиот државен врв.Зоран Заев иако се прави наивен, постојат сериозни индиции дека токму тој во неколку наврати остварувал средби осомничените од рекетарската банда.Дали е точно дека изминатиот викенд еден од сега осомничените за рекет, дел од криминалниот октопод на Заев, славел заедно со Заев во еден од локалите во Охрид до раните утрински часови?Дали е точно дека еден од обвинетите имал чести средби со член на семејството Заеви во еден ресторан на кејот на реката Вардар во центарот на Скопје каде се договарале идни „жртви на уцени“, биле давани насоки и упатства?Дали е вистина дека еден од обвинетите бил близок човек со член од семејството Заев кој е познат дека има улога на таканаречен торбар и главен за воспоставување лични релации при договарање на тендери со министерствата и државни компании? Дали и колку требал да биде колачот од сето ова за Заеви, за што торбарот, сега осомничен, посредувал?Премногу нелогичности кои досега се изнесоа во јавноста од страна на надлежните институции и ставови на Заев отвораат сомнеж дека надлежните нема да ја доведат истрагата до врвот на оваа рекетарска организација. Никој не може да ја убеди јавноста дека на своја рака и без сесрдна поддршка на високи владини функционери, Боки 13 сам го вршел и спроведувал рекетот.Надлежните се уште не даваат одговор зошто во рамките на истрагата на Катица Јанева и бил одземен само телефонот и тоа само едниот телефон кој што го поседувала? Зошто Катица Јанева после сите информации се уште е на чело на СЈО од каде може да делува и на сведоци и секако на докази?Дали Јанева не доби притвор само поради тоа што Зоран Заев лично ја штити?Дали е точно дека Јанева во домот на првообвинетиот и во присуство на висок функционер од СДСМ ги договара обвиненијата на СЈО и како натаму да се постапува по нив?Само пола од ова да е вистина тогаш имаме случај во кој истрагата освен на Катица Јанева и СЈО треба да се прошири на Зоран Заев, неговиот семеен клан и Владата. Октоподот освен пипците наречени Кики, Фрики, Баки и слично има глава.Овие прашања и теми ја интересираат јавноста, а не дали Заев ќе менува раководител на подрачна единица на јавна установа во Демир Хисар. Тоа што Заев сака да говори за незначајни теми посочува дека сака да избега од вистината, овој пат вистинската вистина за Македонија, истакна Благица Ласовска од ВМРО ДПМНЕ .

Македонија | пред 6 години

sead-kocan

Од Сеат Кочан биле одземени 23 имоти и 204 возила на „Трансмет“

До Агенцијата за управување со одземен имот минатата недела стасала правосилна пресуда во врска со одземениот имот на фирмата „Трансмет“ и Сеат Кочан. Директорот на агенцијата Фатон Асани изјави дека се изготвени 26 решенија за префрлање на одземениот имот на име на институцијата, објави slobodnaevropa.mkПорталот повикувајќи се на изјава на Асани, наведува уште дена 23 од имотите се чисти, а три дека се под залог. Покрај недвижен имот има и 204 возила, за кои сега се проверува дали се дадени под залог. slobodnaevropa.mk објавува уште дека Имотот на Кочан е во вредност од 17 до 18 милиони евра.

Македонија | пред 6 години

18072019_Pocetok-na-gradba-na-nova-fabrika-„Balkanlar-plastik“_4

(ВИДЕО) Започна изградбата на нова фабрика на турската компанија „Балканлар Пластик“

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата на ТИР зоните, Александар Младеновски, денеска со свои обраќања го означија почетокот на градба на новата фабрика на компанијата „Балканлар Пластик“, со производство во Скопје ТИРЗ 1. На настанот свое обраќање имаше и менаџерот на компанијата, Ерен Чалишир.„Денеска сме овде за убав повод, за нешто што не радува сите. Изградба на нова фабрика е радост за сите заради тоа што ќе се отворат нови работни места за младите луѓе, за нашите граѓани, ќе се зголемува БДП, а ќе учествува и во извозните компоненти на државата. Сето тоа значи зајакнување на економскиот стандард на граѓаните“, рече премиерот Заев во своето обраќање.Премиерот Заев образложи дека инвестицијата ќе биде во висина од 8 до 10 милиони евра и во прва фаза ќе има 80 нови вработувања со цел да достигнат 300 нови работни места во последната фаза.„Оваа инвестиција доаѓа од земја којашто е еден од најголемите пријатели на Република Северна Македонија, а тоа е Република Турција. Сакам да ја искористам приликата да се заблагодарам на турскиот народ за ратификацијата на Протоколот за наше членство во НАТО кое пред неколку дена се случи. До сега имаме 21 ратификација со што станува извесно дека во декември Република Северна Македонија ќе стане членка на НАТО. Тоа истовремено значи мотивација и дополнителна позитивна провокација да привлечеме уште многу нови инвестиции меѓу кои и инвестиции од Турција“, истакна премиерот Заев.Премиерот посочи дека има евидентен пораст на странските директни инвестиции. Гринфилд инвестициите пораснале за 200 проценти за периодот јуни 2018 до мај 2019 во споредба со истиот период претходно што е нотирано во Извештајот на ФДИ Маркетс, специјален сервис на Фајненшал Тајмс.Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев подвлече дека производствениот погон на „Балканлар Пластик“ е еден од триесетината инвестициски проекти кои во моментов се реализираат во Република Северна Македонија, а преку кои се реализираат плановите на Владата за силна индустријализација на земјата и се креираат услови за побрз и одржлив раст на економијата.„Република Турција е еден од најдобрите економски партнери на Република Северна Македонија, минатата година од оваа земја забалежани се директни инвестиции во вредност од 36,2 милиони евра, а само во првиот квартал на 2019 година, забележани се инвестиции од Турција во вредност од 16,3 милиони евра. Тоа значи дека инвестициите од Турција покажуваат тенденција на раст, со што очекуваме директните инвестиции од Република Турција оваа година да ги надминат ланските вредности. Инвестицијата на „Балканлар Пластик“ се очекува да биде околу 7 милиони евра, каде ќе се вработат околу 300 лица, а важно е што имаат планови да се развиваат и понатаму и да го шират производството во нашата земја. Владата ќе ги поддржува сите инвеститори, странски и домашни, да реализираат нови инвестции, затоа што само преку индустријализација на државата може да обезбедиме одржлив раст на економијата на подолг рок. Да извезуваме производи, а не луѓе од државата“, потенцираше вицепремиерот Анѓушев.Министерот за економија, Крешник Бектеши посочи дека Бунарџиќ се менува во позитвна смисла на зборот, се градат нови фабрики и има постојан влез на нови странски директни инвестиции.„Би сакал да напоменам дека создадовме сосема нова политика за привлекување на странски инвестиции сé со цел да обезбедиме нови работни места, а со тоа да придонесеме и на економскиот раст на нашата држава.Освен поддршката што ја дава Владата на Република Северна Македонија, претприемачите се запознаени дека како предуслов истовремено е и политичката стабилност, но и владеењето на правото.На овој настан доаѓам директно од Светската трговска организација, каде уште еднаш се потврди дека оваа Влада работи вредно и напорно за да создаде стабилност и владеење на правото, сé со цел привлекување на поголем број странски инвестиции, но исто така потребно е  да ја подобруваме трговската политика, не само за странските инвеститори, туку и за домашните. Оваа прилика ја користам да ги повикам домашнитеи странските компании да ја користат можноста, со оглед на тоа што се објавени Правилниците кои произлегуваат од Законот за финансиска поддршка и истовремено да аплицираат, да ги зголемат нивните капацитети, а со тоа да креираат и нови работни места“, рече министерот Бектеши.Директорот на Дирекцијата на ТИР зоните, Александар Младеновски посака успешна и навремена изградба на новата фабрика, која ќе произведува пластична амбалажа за повеќе индустрии и ќе отвори нови работни места за младите, и со тоа успешно ќе придонесува во севкупниот економски раст и развој.Менаџерот на „Балканлар Пластик“, Ерен Чалишир се заблагодари на добрата соработка со иснтитуциите и Дирекцијата на ТИР зоните во реализацијата на инвестицискиот проект на компанијата и рече дека оваа нова фабрика ќе донесе нова вредност во економскиот развој на земјата.       

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

НАЈНОВА ВЕСТ: Мерко ги предал сите овластувања на Владата

Од како претходно побарал полициска заштита Рамиз Мерко дефакто „абдицирал“ ?!Новинската Агенција Журнал ексклузивно дознава дека градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, денеска го информирал премиерот Зоран Заев дека со намера спроведување на законите, сите надлежности на Општината на Струга за урбанистичко планирање, градежни дозволи и издавање на концесии, како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО, му ги предава на Владата, пишува порталот zurnal.mkНовинската Агенција Журнал го обезбеди и писмото кое градоначалникот Мерко го има предадено на премиерот Заев.Во ова писмо меѓу другото пишува дека имајќи ги предвид последните случувања и долгорочната кампања која се води против градот Струга и градоначалникот на оваа општина, Мерко мисли дека има само една цел а тоа е покривање на дивоградбите во градот Охрид и опасноста која доаѓа со одземањето на статусот на Охридското Езеро од Унеско.За повеќе, прочитајте го писмото на градоначалникот Мерко испратено до премиерот Зоран Заев:

Македонија | пред 6 години

verizen-sudar-1

(ФОТО) Верижен судар во населбата Аеродром

Предмалку се случи верижен судар на булеварот Србија во населбата Аеродром. На социјалните мрежи се пишува дека поради увидот колони возила чекаат за да поминат.Засега нема информации за повредени и кои се причините за несреќата.

Скопје | пред 6 години

policija-traka

Со автомобил удрил во погребна поворка, десетмина повредени

Едно лице со потешки телесни повреди е пренесено во болницата во Тетово, а уште деветмина други се полесно повредени кога 61 годишен жител на Мала Речица со автомобилот удрил во 10 пешаци.Според првичните информации, возачот и повредените биле дел од погребна поворка која се движела по патот во тетовско Горно Орашје.Екипи од СВР Тетово работат на целосно расветлување на случајот.

Македонија | пред 6 години

monika-1

Активистката за легализација на канабисот Моника Ристовска, осудена на една година затвор

Активистката Моника Ристовска е осудена на една година затвор, за „Неовластено производсртво и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Согласно член 47 од Кривичниот законик на обвинетата Ристовска во изречената казна затвор и се засметува и времето поминато во притвор сметано од 11. 05. 2019 година до започнување со издржување на изречената казна затвор. Судот не и ја отповика претходната условна осуда.На 10 мај оваа година на улица во Куманово, беше приведена Моника Ристевска, по што е извршен претрес во нејзиното престојувалиште во Куманово и се пронајдени 14, 46 грама канабис. 

пред 6 години

stomak

АХВ изврши вонредни контроли во Дојран, Охрид и Струга – поништени 218 килограми небезбедна храна

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), од 5 до 11 јули, спроведоа вонредни инспекциски контроли кај операторите со храна во туристичките центри Дојран, Охрид и Струга. Целта на контролите спроведени во хотелите, рестораните, пицериите, слаткарниците, бурекчилниците, пекарниците, сендвичарниците, ќебапчилниците, кафе баровите, маркетите и други објекти, е спречување на појава на евентуални труења и инфекции од храна, кои лесно можат да се случат како последица на високите температури и зголемената фреквенција на потрошувачи во ек на туристичката сезона.Во трите туристички центри спроведени се вкупно 128 контроли при што кај 61 оператор со храна се констатирани неусогласености кои се однесуваат на недоволна хигиена во објектите, неправилно декларирање на храната, нередовно вршење на задолжителните здравствено – хигиенски прегледи на вработените, неуредно и нередовно водење на записите согласно пропишаните процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса и HACCP. Како небезбедни поништени се приближно 218 килограми храна, најголем дел месо и подготовки од месо и јајца.За отстранување на констатираните недоследности, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство донесоа 20 решенија и една забрана, изречени се и 50 инспекциски мерки едукација на операторите и 6 парични казни.Покрај засилените контроли во туристичките центри, Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува зајакнати контроли и во малопродажните објекти во сите населени места, како и во местата  каде се одржуваат манифестации на отворено и каде се подготвува и послужува храна.Од почетокот на годинава заклучно со мај, инспекциските служби на АХВ спроведоа вкупно 28.926 контроли во внатрешниот промет и 33.198 контроли на пратки од увоз. Како небезбедни, во овој временски период уништени се 137 тони храна, најголемиот дел од животинско потекло.Пред најавеното зголемување на температурите, апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките за консумирање на безбедна храна во услови на високи температури кога и ризикот од нејзино расипување е поголем. Храна да купуваат од одобрени и регистрирани објекти кои ги имаат имплементирано безбедносните системи, а како потрошувачи да внимаваат на означувањето на производите, на тоа каде и како истите се чуваат. Исклучително важно е да се внимава на хигиената и во домаќинствата при  подготовка на храната, нејзиното чување на соодветна температура, одвојувањето на сировото од зготвеното, како и користењето на исправна вода и свежи намирници за подготовка на храната.Како одговорна институција за безбедноста на храната ги охрабруваме граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната да ја пријават на бесплатната телефонска линија за потрошувачите на Агенцијата за храна и ветеринарство 0800 3 22 22, лично, или на електронската пошта info@fva.gov.mk.

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Како Камчев ја згрешил адресата и наместо во обвинителството пријавил кај Заев, случајот „Рекет“ мириса на договор

Со признанието на Зоран Заев дека Јордан Камчев отишол кај него да пријави кривично дело рекетирање, а не во обвинителството, го отвора сомнежот за договор во случајот Рекет.Одговор мора да има зошто Јордан Камчев ја згрешил адресата и наместо во обвинителството отишол кај Заев во владата да пријави кривично дело, па, Заев дополнително во обвинителството за сметка на Јордан Камчев пријавил дека бизнисменот е рекетиран, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Земајќи предвид дека Заев прв дознал за рекетирањето на Камчев и за акцијата против рекетарите, произлегува дека и оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева е порачана од Заев оти периодот на приведување на рекетарите Бојан Јовановски и Зоран Милевски се совпаѓа со оставката на Јанева.Севкупно, од сите овие активности може да се изведе аргументот дека во случајот Рекет има некаков договор за кој причините и мотивите за ова најдобро ги знаат Камчев и Заев, дотолку повеќе, Заев според неговите калкулации за добивки и загуби од овој случај, можел и да не отиде во обвинителството да го пријави рекетирањето на Камчев.Но, одговор мора да има и зошто Камчев без око да му трепне изрази спремност да жртвува 14 милиони евра гаранција во замена за пуштање од притворот и како се заработени овие пари оти од одговорот на ова прашања, јавноста ќе види како во изминатите 30 години е вршен грабежот на народниот имот од позиција на власт!Македонскиот народ и поголем дел од државјаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж оти ветуваме вистинска борба против криминалците, а не борба против криминалот по претходен договор, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

menstruacija

Менструацијата во земјава е скапа затоа 15 отсто од девојчињата користат весници наместо влошки

Петнаесет отсто од девојчињата во Македонија користат весници наместо хигиенски влошки за време на менструалниот циклус, поради високата цена на средствата за лична хигиена, покажа истражувањето на здружението Новинари за промена и Институтот за јавно здравје. Истражувањето било направено лани во април и мај, во Скопје, Велес и Куманово, со 800 испитаници, на возраст од 14-45 години, објави sdk.mk.Македонија се наоѓа високо на листата на земји кои не успеваат да управуваат со менструалната хигиена, вели Наташа Доковска од Новинари за промена.„Во Македонија нема ниту едно основно училиште или средно училиште во кое тоалетите се адаптирани за управување со менструална хигиена. Во Македонија 90 отсто од ученичките во руралните средини не одат на училиште 4 до 5 дена кога имаат месечен циклус, додека 75 отсто од ученичките во урбаните средини изостануваат 2 до 3 дена поради истите причини. Истражувањето покажа дека 19 отсто од девојчињата воопшто не купуваат никакви средства“, вели Доковска.Текстот во целост на:sdk.mk. 

Македонија | пред 6 години

znm

ЗНМ: Случајот со 1ТВ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија 1ТВ отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите  на сметка на лично богатење на поединци. Овој развој на настаните поврзани со 1ТВ претставуваат и удар врз репутацијата на професионалното новинарство, а доколку нема соодветна правна разрешница може да предизвика и намалување на довербата кон новинарите и медиумите во целост.ЗНМ изразува загриженост и за состојбата во која се наоѓаат новинарите и медиумските работници вработени во оваа телевизија кои поради овој скандал може да останат на улица. Ова дополнително може негативно да се одрази и на севкупниот пазар на трудот во медиумскиот сектор.Оваа состојба нека биде последен аларм за итно спроведување на најавените и ветени реформи во медиумската сфера, но и во вкупниот медиумски бизнис, преку неопходен мониторинг во однос на начинот на кој медиумите се финансираат и во однос на сопствеништвото.Ги повикуваме Владата и опозицијата, преку Парламентот да најдат механизам за итно деблокирање на собраниските процедури преку кои треба да продолжат реформите важни за нашата медиумска сфера. Потенцираме и потсетуваме дека се пробиени сите рокови за екипирање на програмскиот совет на МРТ и на Советот на ААВМУ .Тоа беа предуслови што треба да водат кон конечно креирање на амбиент во кој приватните медиуми, како и јавниот сервис ќе можат да функционираат независно, во интерес на јавноста.Ја повикуваме АВМУ да спроведе итен вонреден надзор со цел да се утврди дали телевизијата 1ТВ ги има прекршено одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.Бараме од Основното јавно обвинителство во Скопје како и од надлежните институции со брза и ефикасна истрага да придонесат да се оттргне сомнежот во јавноста дека институциите делуваат селективно и не работат во интерес на граѓаните. Брза правна разрешница на случајот ќе биде многу значајна и за иднината на вработените новинари и медиумски работници во 1ТВ. 

Македонија | пред 6 години

mirjana-najcevska

Најчевска смета дека ВМРО-ДПМНЕ не е симнато од власт

Професорката Мирјана Најчевска смета дека ВМРО-ДПМНЕ не е симнато од власт. Таа во нејзиниот најнов пост на социјалната мрежа фејсбук упати критики кон министерот за здравство, Венко Филипче. Еве што пишува Најчевска:Како што реков, ВМРО-ДПМНЕ не е симнато од власт.Не е деконструиран ни груевизмот.Мислам и дека не може да биде затоа што овие кои се на власт повторуваа по нас уличарите и хулиганите: груевизам, груевизам, ама изгледа појма немаа за што зборуваме.Мислам дека потајно дури и им се допаѓа Скопје 2014 (инаку нели до сега немаше камен на камен да остане).А начинот на владеење на Груевски дефинитивно си е тука заедно со непотизмот и корупцијата и самовластието и партиското наместо правното, и етничкото наместо граѓанското. И она така добро познатото: се е според закон. Или, ако има прекршување на законот веднаш пријавете. Или, да ги оставиме институциите да си ја завршат работата.За мене Филипчо е претставник на Груевски кој ја тера започнатата работа на уништување на јавното здравство, пишува Најчевска.  

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva

Катица Јанева е на боледување, колегите ги известила денеска

Специјалната обвинителка Катица Јанева во вторникот отворила боледување, но не се знае до кога.. Ваквото известување им пристигнало попладнево, откако голем дел на медиуми објавија информација дека Јанева трет ден не доаѓа на работа и при тоа не ги известила своите колеги за причините за нејзиното отсуство.Потсетуваме дека Јанева во понеделникотподнесе оставка која како што се наведува треба да стапи во сила откако ќе се донесе нов закон со кој ќе се регулира статусот на Специјалното јавно обвинителство и ќе се избере нејзин заменик.Според досегашниот статус на обвинителството мандатот на Јанева истекува на 15 септември.Инаку на Јанева во понеделникот и беше одземен мобилниот телефон во рамки на истрагата за случајот „Рекет“ за кој осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески – Кичеец кои се во притвор.

Македонија | пред 6 години

tripunovski

Трипуновски: Младите земјоделци девет месеци чекаат известување дали се избрани или не за грант од 10.000 евра

Младите земјоделци апликанти за мерката млад земјоделец која платежната агенција ја објави  уштево октомври 2018 година се уште чекаат одговор.Веќе девет месеци чекаат известување дали се избрани или не за грант од 10.000 евра.Иако власта со објавување на огласот во дневниот печат се обврзала одлуката за тоа кој е избран, а кој не, да ја донесе во рок од три месеци, сега и по цели девет месеци од објавувањето на повикот немаме никаков епилог, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Стотина можеби и илјада млади земјоделци се во неизвесност и не знаат како да ги распоредат планираните средства за инвестиција.Власта издиша. Буквално се посрамоти. Се редеа Љупчо Николовски, Стефан Богоев и кој ли уште не, да не убедуваат колку успешно ќе го терале овој проект, сега откако ништо не мрднаа од мртва точка никаде ги нема, првиот додуша се сокри и избега на Бихачка, затоа што ништо од она што го ветуваше како министер не исполни.Ништо подобар не е ни неговиот наследник Димковски.Ги прашуваме министерот Димковски и директорот на платежната Бабовски има или не средства во програмата за оваа мерка? Доколку има зошто е во застој, доколку нема, зошто нема иако е ветено и распишан повикот?Дополнително треба да одговорат Николовски, Димковски и Бабовски дали чекаат да се доиспразнат македонските села, па да нема на кого да ги исплатат средствата или пак чекаат одлука на локалните ограноци на СДСМ,за тоа да кажат кого е подобен а кој не.Почитувани,На земјоделците сте им преку глава. Земјоделецот го донесовте на питачки стап, луѓето немаат леб да јадат, а вие се луксузирате во удобните климатизирани канцеларии.Време е за оставки.СДСМ носи само стагнација на македонскиот аграр затоа немојте да се мачете , и немојте да  ги мачете ни македонските земјоделците. Заминете си додека е време, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

pilot

Падна мал авион во Србија, загина пилотот

Претседателот на Аероклубот во Зрењанин, Владимир Булат (47) загина во авионската несреќа што изутринава се случи во соседна Србија, во близина на Зрењанин.Српските медиуми објавуваат дека несреќата се случила за време на изведување акробации со спортски авион од типот „злин 526-Ф“.Како што се наведува, авионот одненадеш се втурнал кон земјата и се забил со предниот дел во тлото.Булат бил искусен пилот на акробатски летови. Завршил Воздухопловна академија во Белград, каде и живеел. Бил претседател на Аероклуб Зрењанин. 

Свет | пред 6 години

Pocetok-na-rekonstrukcija-na-Indira-Gandi-4

Почна реконструкцијата на улицата Индира Ганди во Шуто Оризари

Екипите на Град Скопје ја почнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата Индира Ганди, во општината Шуто Оризари. Оваа значајна сообраќајница ќе се обнови на должина од 1.100 метри, на потегот од раскрсницата со улицата Босна и Херцеговина и булеварот Словенија до улицата Бутелски венец.- По повеќе децении ќе се реконструираaт коловозот и дел од тротоарите на улицата Индира Ганди со цел да обезбедиме добра инфраструктура за граѓаните, особено во општината во којашто живеат најголем број социјално загрозени лица. Градежните работи овде ќе траат 30 дена, а за овој зафат Град Скопје ќе потроши околу 16 милиони денари. Екипите на Град Скопје деновиве интензивно работат на обнова и на изградба на поголем број градски улици и булевари. Скопје заслужува многу подобра инфраструктура од онаа што ја затекнав кога дојдов за градоначалник и на тоа перманентно ќе работиме. Скопјани заслужуваат многу повисоки стандарди за живеење – рече градоначалникот Шилегов, на почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата Индира Ганди.Тој упати апел граѓаните секојдневно да ги следат информациите за воведување привремен режим на сообраќај што ги објавува Град Скопје и да ја почитуваат поставената патна сигнализација. Шилегов замоли за разбирање додека траат градежните работи за обнова на улиците зашто крајната цел е Скопје да добие функционален, модерен и безбеден сообраќај кој целосно ќе ги задоволува потребите на граѓаните.На денешниот увид во градежните работи на улицата Индира Ганди присуствуваа и градоначалниците на Општините Шуто Оризари и Бутел, Курто Дудуш и Велимир Смилевски.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Општина Охрид не кажува дали градоначалникот сам бара полициско обезбедување

Од кабинетот на градоначалникот за Скопје1 велат дека присуството на полициски лица во општина Охрид претставува редовна процедура која е рутинска.Општина Охрид не е институција која може да ја проценува безбедносната состојба во градот или државата и затоа нема да ги коментират овие дејствија кои не се во надлежност и не се работа на општината.Од кабинетот не одговорија дали обезбедувањето на градоначалникот се спроведува по негово барање или по проценка на други служби.

Македонија | пред 6 години

ramiz-merko

Мерко бара обезбедување од МВР

Струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, побарал полициско обезбедување од МВР бидејќи добивал закани по живот, дознава „Скопје 1“. Непознато е од кого Мерко добивал закани, но и дали МВР ќе му додели обезбедување на струшкиот градоначалник. Инаку, денес обезбедување составено од четири полицајци доби охридскиот градоначалник, Константин Георгиевски. Од општината не кажуваат дали тој сам побарал обезбедување или МВР направило безбедносни проценки по што му е доделено.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања