Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Обвинение за неовластено држење амфетамини

Јавен обвинител од Основното  јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт  против едно лице за сторено кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Кај обвинетиот полицијата на 3 јули, при вршење контрола и личен претрес  во возило „Рено Меган“ во кое биле повеќе лица, пронашла една полиетиленска паковка со супстанца амфетамин во вкупна нето маса од 41,59 грама. Откако возилото било запрено, осомничениот кој седел позади совозачкото место и се превезувал како сопатник, се обидел да ја истури супстанцата но во тоа не успеал. При преземање на натамошни истражни дејствија, извршен е претрес во станот во Скопје во кој привремено престојувал осомничениот, 20-годишен жител на Пробиштип. При тоа, пронајдени се 39 таблети метилен -диоксиметамфетамин, дигитална вага со остатоци од наркотична дрога – марихуана и прашкаста материја која претставува психотропна супстанца – амфетамин. Со тоа обвинетиот го сторил кривичното дело кое му се става на товар.Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до надлежниот Основен кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на определената мерката притвор за обвинетиот бидејќи ценеше  дека постојат оправдан страв од бегство на обвинетото лице и дека лицето ќе го повтори кривичното дело.

пред 6 години

belgrad

(ФОТО и ВИДЕО)Узбуна на аеродромот во Белград - Евакуирани 130 патници, поради дојава за бомба во авион

Драма на аеродромот во Белград. Утрово поради најава за бомба во авион се евакуирани 130 патници и пет членови на екипажот. Авионот бил на германската компанија „Луфтханза“, пренесуваат српските медиуми. Авионот требало да лета кон Франкфурт.Контрадиверзионата единица Министерството за внатрешни работи била испратена на аеродромот по дојавата.„Сите надлежни служби, вклучувајќи ги аеродромските служби, реагираа веднаш, во согласност со процедурите за обезбедување највисоко ниво безбедност на патниците и авионот како главен приоритет“, велат на аеродромот.Воздушниот сообраќај на аеродромот „Никола Тесла“ Белград цело време се одвива според предвидениот ред на летање.Видео и фото на линкот на курир.рс

Свет | пред 6 години

pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Управител на фирма со потекло од Саудиска Арабија земал огромни средства од агенција на Минситерството за земјоделство и ги злоупотребил

Обвинението следи по сеопфатна  истражната постапка водена од јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, во која се прибрани  материјални и вербални докази, по чие разгледување и анализа е утврдено дека обвинетиот искористувајќи ист траен однос со преземање на временски поврзани дејствија, во текот на временскиот период од 2015 до 2017 година ги извршил кривичните дела – Злоупотреба на службена положба и овластување  од член 353 став 4 во врска со став 3 во врска со став 1 во врска со член 45, како и кривичното дело – Измама на штета на средства на Европската заедница од член 249-а став 2 во врска со став1  од Кривичниот законик.Обвинетиот кривичното дело го извршил како одговорно лице – управител на правното лице „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ“ ДОО Свети Николе каде содружник е и правното лице „АГРОПИОНЕР“ ДОО Скопје управувано од државјанин на Саудиска Арабија. Употребувајќи средства спротивно од одобрената намена за која се добиени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, како и со искористување, пречекорување и неизвршување на своите овластувања и должности обвинетиот нанел штета на  оштетеното правно лице во кое бил управител и тоа во вкупен износ од  69.825.499,00 денари.Имено, обвинетиот со образложение за потреба и користење на средства од ИПАРД програмата склучил договор со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за користење на средствата за плаќање на 50% од вредноста на опрема,  со што добил парични средства во износ од 14.989.596,00 денари. Истовремено од  „Стопанска Банка“ АД Скопје за долгорочно финансирање мултивалутна кредитна рамка подигнал парични средства во износ од 1.600.000 евра. Но, наместо  согласно договорот паричните средства од ИПАРД програмата да ги трансферира на  сметката на правното лице „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ“ ДОО Свети Николе во Стопанска Банка АД Скопје согласно договорот за долгорочно финансирање заради наплата на дел од кредитот, обвинетиот без согласност на правното лице – содружник, ги трансферирал средствата на сметка на правното лице „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ“ ДОО Свети Николе во Комерцијална  Банка АД Скопје од каде средствата  се  уплатувани на правни лица блиски до него по различни основи  во вкупен износ од 6.406.206,00 денари. Остатокот од паричните средства во износ од 8.583.390,00 денари тој ги исплатил на други правни лица за тековни фактури по разни основи.Во периодот кој беше предмет на истрага на Основното јавно обвинителство, обвинетиот во својство на управител, без согласност на содружникот правно лице, електронски одобрил и исплатил шест трансакции во вкупен износ од 13.720.147,00 денари, по што испорачувал разни материјални добра на правното лице  кон други правни и физички  лице во вкупен износ од  15.690.491,00 денар за кои изготвил само испратници и приемници без да преземе дејствија за наплата  на побарувањата. Обвинетиот исто така склучил и 36 договори за откуп на овошје и 4 договори за деловно техничка соработка – заедничко производство на домати, притоа не вршејќи наплата на побарувањата и обврските од истите, со што нанел штета на правното лице во износ од 2.188.873,00 денари. Во истиот период , обвинетиот без согласност на содружникот, дозволил влез  и производство во просториите на  фабриката „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ“ ДОО на други правни лица од кои не ја наплатил закупнината, платата за вработените и останатите режиски трошоци со што нанел штета на правното лице во висина од 23.236.392,00 денари.Со сите преземени дејствија , обвинетиот, 32-годишен штипјанец, ги сторил кривичните дела за кои надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт до Основниот кривичен суд- Скопје. 

пред 6 години

gjorgi-trendafilov

Ние имаме искуство а вие пари, на крај, вам ви останува искуството а нам парите!

Претседателот на Владата на Републикава (сѐ уште не е во пламен) закажува некаква „Лидерска сеанса” во Клубот на Пратениците?! Иако тој не е пратеник? Згора кани и други кои не се пратеници? Навистина. г.Ахмети кротко седи во Собранието од 2002, но, нема некоја придобивка земјава од тоа, или, не повеќе колку од најпопуларниот азилант од Републикава. Муковски барем и пееше (покрај другите активности). Одете во некое партиско седиште, кафеана, пред кооперација, одете кај сакате, мајка барате таму, во Клубот на Пратениците?!Ќе си ги прераскажувате благопријатните вести од братскиот Азербејџан, ќе дискутирате за разно разните инвеститори, градители и инспектори и секакви корисници на владина поддршка, да добијат рок од една година да ги усогласат законите, проектните документации и непотребните дозволи и гордо ќе прогласат – Дивоградби немет во Охрид! Секако, што би рекле постарите, мајата нема да ја одмине ниту Матка, и таа чудесно ќе се трансформира во легална инвестиција. Сите треба да викаме -Држте ми го датумов, истакна Ѓорѓи Трендафилов, претседавач на НК на ГДУНебитно е што  ГП „Бетон“ АД Штип оди во стечај, битно е што правдата засега како што ја дал Господ, ќора, глува и нема, функционира беспрекорно, секако, доколку не и нудите искуство, тогаш на сила стапуваат сите земни и неземни закони.  Согласно Уставот и Законите, како што милуваат некои да кажат. Прашајте ги СДСМ. Тие потрошија осум години и неколку гарнитури јуноши и сениори да не убедат во тоа, за денеска чудесно да замолчат. Добро, освен најновиот јуноша кој има задача секојдневно да не забавува со изјави, прашања и разни апсолутно небитни констатации.Затоа се измислени „работните групи” за „судбината” на СЈО тие имаа важна општествена обврска (иако нашата Специјална Обвинителка е крупна појава, сепак ја изгубивме ). Треба да се задоволат искусните, но да не ги оштетат оние вторите. Никако. Сигурноста на искусните им е прва на умот на „воаерите” кои во своја сопственост имаат на располагање широк спектар на „сечени, лепени и моннтирани снимки” за сечиј вкус. Иако освен Копа Америка годинава нема Светско во фудбал, можеме да ја споредиме пасијата на „колекционерите” со снимки како на оние со сликички за албумите, па следи на ти го, дај ми го, не го давам и сл. Нацијата е во грч. Ќе има ли ново Пржино, што ќе биде со Прибе? Скарани ли се навистина Џафери и Мира? Кој е посилен, СДСМ или Заев? Што прави Жерновски?И така почитувани пријатели, уживајте во топлотниот бран, следете ги препораките на Владата, ако сте војник очекувајте нова лепенка на старата униформа, ѕиркајте до каде е работата околу Екваторот и не заборавајте да скенирате фискални. Запомнете, не сте сиромашни, вие сте искусни, истакна Ѓорѓи Трендафилов, претседавач на НК на ГДУ! p.s. Насловот е цитат позајмен од Алан Форд  

Македонија | пред 6 години

konstantin2

Четири полицајци го обезбедуваат градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски од вчера има полициско обезбедување, дознава „Скопје 1“. Според информациите, се обезбедуваат неговиот дом и неговиот кабинет. Обезбедувањето го сочинуваат четири лица од Министерството за внатрешни работи.Засега непознато е кои се причините поради кои Георгиевски добил обезбедување од МВР.„Скопје 1“ вчера објави дека 1 ТВ чиј неформален сопственик е Бојан Јованоски барала од општина Охрид три милиони денари за услуги кои сакале да ги дадат на градот Охрид во 2019 година. Ваквиот договор никогаш не се реализирал и не дошло до исплата, а најмногу кон тоа Охрид да се спаси од ова придонело тоа што во градот се одржаа предвремени избори за избор на нов градоначалник.По изборите обидите да се постигне договор со општината продолжиле, но Константин Георгиески категорично го одбил барањето на Бојан Јованоски, на кого овој пат директно му било кажано дека нема законска можност за такви милионски исплати за измислени проекти.Во 2018 година на 1ТВ од касата на општината и биле исплатени 1.200.000 денари.

Македонија | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Откако Боки 13 заврши во затвор, Катица Јанева не се појавува на работа

Шефицата во оставка на СЈО, Катица Јанева, трет ден не се појави на работа. Во правната служба на СЈО нема доставено барање за одмор, ниту отворено боледување. Јанева не се појавила во СЈО од минатата недела.Јанева во понеделникот даде оставка непосредно пред да биде уапсен Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Истиот ден, неколку часа подоцна, обвинителката Русковска изјави дека Боки 13 го користел своето влијание врз јавен обвинител за да олесни положба на едно осомничено лице во постапка што се водела против него.Вечерта Обвинителството за организиран криминал ѝ го одзеде телефонот на Катица Јанева. Истрагата за која се водела трговијата со влијание во новата истрага што денеска ја обелодни Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е „Империја“, што СЈО ја отвори на 9 ноември 2018 година.

Македонија | пред 6 години

1920179_whatsapp-image-20190718-at-10.04.57_ls

ФОТО: Падна мал авион во Србија, загина пилотот

Мал авион се урна во близина на аеродромот „Ечка“ кај Зрењанин. Во несреќата загина претседателот на аероклубот од Зрењанин, Владимир Булат.Несреќата се случила за време на акробатски лет.Авионот изненадно паднал и предниот дел се забил во земја на длабочина од околу  два метри.До несреќа дошло нешто пред 9 часот денеска, непосредно покрај аеродромот, во атарот на селото Лукиќево. Полиција и Итна помош дошле на лице место.

Свет | пред 6 години

metla1

Метлата на Дац заигра во Драмски бидејќи не му ги вработиле синовите?

По само десет месеци на функцијата директор на Драмски театар, премиерот Зоран Заев одлучи да го разреши драматургот Викторија Рангелова-Петровска. Во многубројните директорски имиња за разрешување, нејзиното име се издвојува, особено затоа што за дел од директорите во јавноста се споменуваа како невешти во својата работа, наспроти задоволните вработени во Драмски театар.По разрешувањето, следуваат низа негативни коментари за оваа одлука. Најголем дел од коментарите на социјалните мрежи укажуваат на тоа дека директорката е разрешена затоа што ги вработувала кадрите, кои Владата сакала да бидат вработени.https://twitter.com/Vujkoto_Vane/status/1151509836963729408На новинарот Ивор Мицковски не му е јасно што се огрешила директорката Викторија Рангелова-Петровска, за да биде разрешена. И други корисници на „Твитер“ го бараат истиот одговор.https://twitter.com/nezenzabar/status/1151453217533911040https://twitter.com/igorhadzievski/status/1151453159941951490Иронично се коментира дека директорката е виновна за датумот за преговори со ЕУ.https://twitter.com/US_Reagan/status/1151468211306729472Ваквата одлука на Заев, за разрешување на директорката се оценува и како фарса.https://twitter.com/jorgachewsky/status/1151550316141305856Твитерџиите се категорични дека освен МКЦ, не смее да се чепка ниту Драмски театар. Тие бараат враќање на директорката.https://twitter.com/herminnah/status/1151558383511789569 

Коментари | пред 6 години

aerodrom

ВИДЕО: Дојава за бомба на аеродромот го стресе Белград, патниците се евакуирани

Утринава од аеродромот „Никола Тесла” во Белград беа евакуирани 130 патници и пет члена на екипажот од авионот на германската компанија „Луфтханза“ поради најава дека има бомба во авионот, објави Танјуг повикувајќи се на „Вечерње новости“.Авионот беше во подготовка за лет кон Франкфурт.На аеродромот „Никола Тесла” беше испратен полициски конрадиверзиски тим.Како што објавија од аеродромот „Никола Тесла”, во утринските часови имаше „вонреден настан при подготвувањето на летот до Франкфурт”.„Сите одговорни служби, вклучувајќи ги аеродромските услуги, веднаш реагираа во согласност со процедурите за да обезбедат највисоко ниво на безбедност за патниците и авионите, како главен приоритет”, се вели во соопштението на аеродромот.Како што додаваат, „воздухопловниот сообраќај на аеродромот ‘Никола Тесла’ во Белград се одвива според предвидениот распоред за летови“.

Свет | пред 6 години

cgmcghjck-86476

Куновска до Заев: Ја разрешивте директорката на Драмски театар оти не прифаќаше ургенции за работа?

Експратеничката на СДСМ, Софија Куновска, која е жесток критичар на власта, се приклучи на критиките кои следат откако премиерот вчера соопшти дека со бранот разрешувања ќе биде опфатена и директорката на Драмски театар, Викторија Рангелова.Јавноста и фелата најмногу реагираат за оваа директорка, чие разрешување беше неочекувано бидејќи важи за еден од подобрите кадри кои добија функција.-Драмски? Затоа што она не ви ги прифаќаше ургенциите за вработувања?, напиша Куновска. 

Коментари | пред 6 години

policija-traka

Претседател на здружение на пензионери крадел пари и компјутери

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Љ.Д. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.Во текот на 2015 година, пријавениот во својство на претседател на Здружението на пензионери „Општина Бутел Нов Живот“ од Скопје, постапил спротивно на одредбите од Законот за здруженија и фондации, како и донесените одлуки на здружението, при што од сметка на здружението, во повеќе наврати противправно и неосновано биле подигани парични средства на име на материјални трошоци, исплати кон членови на здружението, како и надворешни лица за репрезентација, угостителски услуги, одржување и набавка на материјални средства, градежни материјали и превоз на патници, без при тоа да бидат донесени соодветни одлуки и решенија од органите на управување на здружението.Исто така, пријавениот набавил и компјутери кои ги евидентирал како основни средства на здружението, при што истите не биле евидентирани во пописните листи за 2016, 2017 и 2018 година  и физички не се наоѓале во здружението.Со наведените дејствија пријавениот нанел штета на буџетот на горенаведеното здружение во износ од 723.016 денари.

Скопје | пред 6 години

uapsen

Уапсен битолски дилер на дрога

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.И.(30) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.На 17.01.2019 во Битола, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.Воедно, при преземени мерки било утврдено дека на 26.10.2018 пријавениот на Х.Б. му дал наркотични средства, заради натамошна продажба на други лица.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Моторциклист тешко повреден откако изгубил контрола на возилото

На 17.07.2019 околу 18.00 часот во Парк шума Гази Баба, М.Ш.(45) од Скопје, управувајќи мотоцикл „Гилера“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола  и паднал.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот М.Ш. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

0000traktor

Тешка сообраќајка меѓу камион и трактор во Прилеп, две лица тешко повредени

На 17.07.2019 во 18.00 часот на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кај влез за с.Дебреште, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од О.М.(39) од с.Дебреште и товарно возило „Сканија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(33) од Крушево.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобила сопатничката О.С.(39) од с.Дебреште, кои биле пренесени во болницата во Прилеп.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Албанец уапсен на граница, бил баран од Интерпол

На 17.07.2019 во 18.50 часот на граничен премин „Богородица“, полициски службеници го привеле Т.Г.(37) од Република Албанија бидејќи се наоѓа на листата со мерка „Апси“, по меѓународна потрага од Интерпол.Тој бил предаден во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

koli-vozila-ulica-ramstor-skopje

За еден ден, во Скопје се казнети 130 возачи кои возеле пијани, без регистрирани возила, со голема брзина

Во текот на изминатиот ден (17.07.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 27 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај исклучени се 21 возачи од кои: седум возачи управувале возило под дејство на алкохол и 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.Исто така, исклучени од сообраќај се и 20 возила затоа што не биле регистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 17 возачи на мотоцикли затоа што не носеле заштитен шлем-кацига, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и девет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатиот ден издадени се 63 мандатни платни налози и 46 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 6 години

Ahmeti-Dzafeti-Bejli

Ахмети до американската амбасадорка: Земјава треба уште многу да работи за да влезе во ЕУ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, на првата средна со новата американска амбaсадорка Кејт Брнс, истакна дека на земјава и претстои уште многу работа на патот кон ЕУ, посебно, како што вели тој, во насока на владеењето на правото и реформите, вклучувајќи ги тука и одговорноста и отчетноста.„Нашата земја чекори кон евроатланската интеграција и задолжително треба да ги исполни бараните стандарди, додека ДУИ ќе продолжи да биде партнер во реализација на реформите за доброто на нашите граѓани. Сите достигнувања се заеднички и Соединетите Американски Држави може да сметаат дека ДУИ ќе продолжи да биде искрен партнер“, рекол Ахмети пред Брнс, соопштија од ДУИ.

Македонија | пред 6 години

NUMB-Cuba-Libre-1

NUMB – Tribute to Pink Floyd вечерва на плажа во Охрид

Вечерва по 21 часот на плажата „Cuba Libre“, ќе биде одржан концерт како дел од проектот NUMB – Tribute to Pink Floyd.Зад проектот стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга: Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владимир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (сајзери), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали.Организаторите најавуваат дека настанот ќе биде пропратен со спектакуларно видео и лајт шоу, а ќе бидат изведени некои од највредните дела на култните Pink Floyd како „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште 12 од најголемите хитови, кои го одбележаа музичкиот карактер и насока на една цела генерација.Pink Floyd е една од највлијателните и најуспешни рок-групи на сите времиња. Со својата квалитетна мелодика и извонредна хармонија си обезбеди почесно место во историјата на рокот, и е на самиот врв на светската музика. Ако за некоја музичка група може да се каже дека ги премостила психоделичниот рок од 60-тите години на 20 век и електронските рок-експерименти од 70-тите години, сигурно, тоа се секако култните Pink Floyd.Билетите се по цена од 300 денари до 18 часот и ќе се продаваат во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, Music Shop ZZ Top, тезга „Аждер“ градска чаршија и плажа Cuba Libre. Билетите на врата ќе се продаваат по цена од 400 денари.

Магазин | пред 6 години

boki-mile

„Миле собирал пари да плати трета рата кај Боки, да го пуштат во домашен притвор - ама касно е сега“, коментираат твитерџиите

Социјалните мрежи четврти ден „горат“ со коментари за неформалниот сопственик на 1ТВ, Боки 13, кој заврши во притвор по отворање на истрагата за изнудување рекет од бизнисмени. Дел од нив ви ги пренесуваме во продолжение...https://twitter.com/Ursula25388839/status/1151621463247429632https://twitter.com/ResistanceMK/status/1151527445658558464https://twitter.com/svoja_na_svoeto/status/1151642138985291776https://twitter.com/Meskov81/status/1151614119537184768https://twitter.com/AdvokatNikolco/status/1151597317922938881https://twitter.com/LazenPrankster/status/1151593391488196613https://twitter.com/crnooka_13/status/1151560258017529856https://twitter.com/SmetaloLevo/status/1151486487894138881 

Коментари | пред 6 години

katica-janeva

И Катица Јанева пробала да избега криејќи се во багажник, но не ја собирало - лавина од реакции на социјалните мрежи

Лавина реакции на социјалните мрежи поврзани со специјалната обвинителка, Катица Јанева, откако Обвинителството соопшти дека Боки 13 и Зоки Кичеец вршеле влијание врз обвинител за да се олесни нивната положба во постапката. Медиумите пишуваат дека Јанева е обвинителката, а пак, станува збор за предметот „Империја“ на СЈО.На „Твитер“ прашуваат каде е Јанева, но истовремено, се шегуваат дека таа не може да избега криејќи се во багажник.https://twitter.com/svetlin_a/status/1151751637091962885https://twitter.com/djagdisha/status/1151467837334196227https://twitter.com/rmfcmk/status/1151167815988195329https://twitter.com/Meskov81/status/1151580234069749760https://twitter.com/vladnik55/status/1151543501856923649https://twitter.com/droljichka/status/1151482264708100096https://twitter.com/PravednaTavita/status/1151421055749242880https://twitter.com/HarlequinMKD/status/1151367019239038976 

Коментари | пред 6 години

Pancevski-so-sudot-2

Полицаец како партал ме исфрли од канцеларија и судската зграда, вели Панчевски осомничен за местење предмети

Судијата Владимир Панчевски, кој е осомничен во случајот „Акмис“, односно за делење на предмети на рака на судии, во времето кога беше претседател на Кривичниот суд, се пожали дека денеска бил исфрлен од канцеларијата, откако вчера беше суспендиран.-Ете и тоа го дочекав, утрово избркан како партал од канцеларијата и судската зграда, судски полицаец дојде да ја заклучи канцеларијата, ни одлука сум примил, ни официјално сум известен, ниту сум известен за било која од постапките на прогон против мене, освен од медиуми.Така функционира овој криминален систем!Тоа е таа ”благодарност” на системот за 24 години стаж во правосудните органи од кои 11 години судиски стаж во Кривичниот суд со потврдени најдобри резултати!Слава на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, напиша Панчевски на фејсбук.

Македонија | пред 6 години

dzaferi

Џафери за Катица Јанева: Институциите да си ја завршат нивната работа!

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека е важно да се поддржи постоењето на Специјалното јавно обвинителство, но, оти надлежните органи треба да го истражат случајот со Катица Јанева, пренесува Гласот на Америка на македонски.-Јас сум еден од потписниците на постоечкиот Закон за специјалното обвинителство, и во тој контекст, како пратеник и сега како претседател на Собранието, немам дилема во однос на потребата од поддршка на такво законско решение. Веста ја добивме откако стигнавме во Вашингтон. Како парламентарец и претседател на Собранието, понатаму не би коментирал во однос на случувањата, бидејќи тоа е надлежност на соодветните институции, кои треба крајно професионално и принципелно да излезат со соодветно соопштение по сите наоди, и со тоа да ја информираат и јавноста и нас како институции. Сметам дека институциите треба да си ја вршат нивната работа онака како што налагаат прописите во државата, рече Џафери за Гласот на Америка.

Македонија | пред 6 години

20.4.kamcev

Камчев се жалел од Боки 13 и Кичеец кај Заев, па потоа пријавил во Обвинителство

Бизнисменот Орце Камчев, кој во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство е осомничен, а во најновиот случај на редовното обвинителство е сведок, заканите за рекет прво му ги пријавил на премиерот Зоран Заев.„Се обратиле бизнисмени до мене кои не се од Скопје дека биле уценувани и се знае, како што постапува секој граѓанин така постапува и премиерот – го пријавил тоа. Потенцирам, премиерот тоа го пријавил“, рече Заев вчера на прес-конференција.Тој не сакаше да прецизира дали токму бизнисменот Орце Камчев му се пожалил дека е мета на рекет, туку само рече дека доволно кажал. Од Обвинителството за гонење организиран криминал за „Независен весник“ потврдуваат дека Заев пријавил кај нив.„Премиерот усно нè извести мене и јавниот обвинител на РСМ, притоа изразувајќи подготвеност да дојде и да поднесе кривична пријава на записник. Но ние му советувавме сведокот да дојде во Обвинителство и да пријави“, вели раководителката на Обвинителството, Вилма Русковска.Ниту таа не сакаше да каже дека се работи за овој случај, но вели дека првпат премиерот им кажал за ова во втората половина на април. Со оглед на тоа дека истрагата против неформалниот сопственик на 1ТВ, Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, е отпочната на 2 мај, најверојатно Камчев му се пожалил за рекетот прво на Заев, па потоа поднел кривична пријава во Обвинителството.

Македонија | пред 6 години

pozar

Пожар во анимациско студио во Јапонија, има жртви и многу повредени

Најмалку 12 загинаа, а 37 се повредени во пожар што избувна во студиото за анимација „Кјото Анимејшн“ во западниот јапонски град Кјото. Состојбата на 10 лица е критична, а се стравува дека уште 18 луѓе се заробени во трикатната зграда.Според првичните информации, станува збор за подметнат пожар од страна на едно лице кое истурило запаллива течност. Подметнувачот е уапсен.Компанијата „Кјото Анимејшн”, произведува едни од најуспешните телевизиски анимациски серии.

Свет | пред 6 години

brana-slatino

Обновената брана Слатино ќе биде пуштена во употреба

Во Дебарца денеска ќе биде пуштена во употреба браната Слатино, реконструирана во рамки на Програмата на Европската Унија за санација на штети од поплави.Браната Слатино беше сериозно оштетена и имаше потреба од обемна реконструкција. Со 1,2 мил. евра, ЕУ помогна да се намали потенцијалниот ризик од поплави и да се зголеми отпорот кон идните поплавувања. Таа ги поддржа и услугите за наводнување што браната ги обезбедува за локалното население, објави МИА.На настанот, што е дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“, кој има за цел да ја подигне свесноста и да ја информира јавноста за помошта што Унијата ѝ ја дава на земјата, најавено е присуство на шефот на делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар, претставничката на УНДП Нарин Сахакјан, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и градоначалникот на Општина Дебарца, Зоран Ногачески.Проектот го спроведе УНДП во соработка со Секретаријатот за европски прашања и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.ЕУ им помогна на земјата и нејзините граѓани да ги надминат последиците од поплавите со тоа што обезбеди 10 милиони евра во изминатите две години. Оваа помош од ЕУ беше наменета за приоритетните потреби и помогна да се реконструира транспортната и водната инфраструктура во најпогодените области, во согласност со принципот за одржливост „Повторно изгради подобро“. (МИА)

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања