Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

boki-13-1

БОКИ 13 планирал во новото реално шоу - пред ТВ камери да го менува полот!

„Бојан Јовановски во новото реално шоу ќе го оперира половиот орган! Во текот на 50. дена ќе биде прикажано се’, од подготовите за операција до неговото опоравување“, пишува белградски курир на 01.09.2012. година, објави ekran.mk.КонечноМакедонскиот шоумен Бојан Јовановски го менува полот! И тоа пред камерите! Као што дознава Курир, Боки 13 наскоро, во новото реално шоу кое веројатно ќе се прикажува на ТВ Пинк, конечно ќе стане женско. Замислено е 50. дена да ги снимаат неговите подготовки за операција и самата операција, а потоа и опоравувањето и почетокот на сосема нов живот.„Боки подготвува најскапо реално шоу на Балканот. Такво нешто уште немаме видено. Камерите ќе го следат во чекор, а ќе бидат и во салата за операции кога ќе го менува полот. Мислам дека тој е единствен кој има ‘муда’ да направи такво нешто јавно“, открил за Курир близок пријател на 26. годишниот Јовановски.Изворот уште кажал дека зад проектот стојат луѓе на кои Бојан апсолутно им верува, пишува ekran.mk. Текстот во целост на: ekran.mk 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево и топло со умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. УВ=8  Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 22 до 33 степени.За утре метеоролозите најавуваа сончево време со мала до умерена облачност, попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. УВ=8

Македонија | пред 6 години

zoki-kicheec-boki-13-960x564

Уште шест лица биле вмешани во рекетот?

Неговите приказни, кои ги објавуваше на порталот Плус инфо за „Коки и Кики“, станаа појасни откако се приведени Бојан Јовановски и Зоран Милевски. Двајцата се теретат за рекет, а токму за тоа во текстовите пишуваше новинарот Бранко Героски. Тој за ТВ21 вели дека во целата афера има уште вклучени лица. Според неговите проценки барем уште пет или шест луѓе учествувале во целиот скандал. Како што вели тој, истрагата на Обвинителството треба да ги да ги докаже овие сомнежи. Сепак, вели дека во рекетарската група има и две лица кои се дел од СДСМ.„Има работи кои допрва ќе се разоткријат. Треба да се разоткријат врските двајцата осомничени со уште барем пет – шест лица според мојата проценка. Мислам дека тие врски ќе доведат до нови основани сомненија за вмешаност на други луѓе во овој бомбашки рекет, во овој милионски рекет. Мислам дека обвинителството ќе дојде до фаза дека станува звбор за злосторничко здружение. И не е само во прашање рекет и во прашање е и сериозно перење на пари во кои се замешени многу други лица“, изјави Героски.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 6 години

20190717165028

Груевски е среќен оти Катица поднесе оставка

Екс премиерот Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија, во интервју за словенечката телевизија „Нова 24“, изјави дека го израдувала веста дека поради корупција шефицата на СЈО Катица Јанева, поднела оставка.„Интервју со Никола Груевски, некогашен македонски премиер, против кого социјалдемократите водат политички прогон. Го посетивме во Будимпешта, каде што тој со радост ја прими веста дека поради наводна корупција специјалната обвинителка Катица Јанева, која го гони, си дала оставка“, пишува новинарот Лука Светина, кој разговарал со Груевски во Будимпешта.https://twitter.com/LukaSvetina/status/1151193122422042624

Македонија | пред 6 години

zoki-kiceec

Боки 13 и Кичеец остануваат во притвор

Бојан Јовановски и Зоран Милевски -Кичеец остануваат во притвор, бидејќи Кривичниот совет во Кривичниот суд им ги одби поднесените жалби.-Постапувајќи по жалби изјавени против решенија на судија на претходна постапка од 15.07.2019 година, Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје денеска одржа седница на која по ценење на наводите во жалбите како и фактите и аргументите во предметот донесе одлука со која жалбите ги одби како неосновани, а решенијата на судија на претходна постапка ги потврди во целост.На 15.07.2019 год. постапувајќи по предлог на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против две лица кои беа спроведени во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од Кривичен суд.Јовановски и Милевски беа уапсени во понеделникот, по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, како осомничени во истрагата „Рекет“.

Македонија | пред 6 години

D1NxA42WoAQPKmb-1

Владата до 12 август треба да го отстрани Сонцето од Вeргина од објектите и јавниот простор

Четиринаесет дена е рокот кој им е даден на институциите да приложат листа од објекти, но и јавен простор каде се истакнати симболи поврзани со античката еленска историја, во кои спаѓа сонцето од Вергина. Од Генералниот секретаријат на владата за Телма информираат дека е испратено барање до институциите во рок од 14 дена да направат попис на ваквите објектите, по одлуката на Владата за тоа донесена на почетокот на месецов, пишува Телма.Инаку владата согласно Договорот од Преспа до 12 август треба да го отстрани Сонцето од Вeргина од споменици, јавни згради, инфраструктура.„Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на Спогодба, Втората страна ќе го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и доколку истите на кој било начин упатуваат на античката еленска историја и цивилизација, ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство“, член 8 од Договорот за надинување на спорот за името.

Македонија | пред 6 години

17072019_PVRM_Zaev_pres-konferencija_1

Заев: Секој е менлив

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заевденеска на прес-конференција ги соопшти имињата на носителите на раководни функции, како и членови на Управни и Надзорни одбори на коишто им се заблагодари за досегашниот придонес. Премиерот Заев образложи дека согласно законските прописи од денеска започнува постапката за нивно разрешување во Владата, во ресорните министерствата или во надзорните одбори.„Треба да знаат сите дека секој е менлив и променлив, затоашто оваа држава е на граѓаните, постои заради граѓаните и граѓаните гласно зборуваат за своите очекувања, како што зборуваат да пофалат некој кога е добар, тие знаат да го искритикуваат, дури и прецизно да кажат каде е проблемот, така да верувам дека мудро слушаме и потоа постапуваме“, рече Премиерот Заев и додаде дека причините за предложените промени на носителите на јавни функции се различни.„Секако и тоа што беше присутно во јавноста, но многу често се и практични, не реализација на капитални инвестиции, блокирање на процеси, замерки од меѓународните институции за водењето на одредени процеси, некогаш недоволната транспарентност, некогаш недоволното почитување на заклучоците и упатства на Владата, како владини институции за нивно спроведување, некогаш послабиот менаџмент за одредени институции за финансиско стабилизирање на самите институции и нивно зајакнување“, образложи  Заев.На денешната прес-конференција, којашто претходеше на владината седница на оваа тема, Премиерот Заев рече дека на дел од лицата коишто ќе бидат разрешени ќе им биде понудена друга јавна функција, за која, како што истакна Премиерот Заев смета дека ќе можат успешно да ја извршуваат.„Овие слабости коишто се покажани, очекувам најмалку новите да не ги повторат, но и да испратат порака кај тие што остануваат дека секако тоа ќе биде нешто што секако го следи Премиерот, Владата, јавноста, така да бидеме подобар сервис на граѓаните, да бидеме по отчетни, да ја тргнеме таа ароганцијата којашто постои, оти ако ни е тешко, кога носиме вака високи функции можеме да заминеме, ќе дојде друг“, заклучи Заев.

Македонија | пред 6 години

tatko

Шокантно: Го искасапил својот татко поради кафе

Крвавото злосторство во Србија поради расправија за кафе. 35 годишниот   Дејан Шатри, кој имал психички проблеми, го искасапил својот татко 64- годишниот Агим Шатри по караница.На инспектроите им раскажал дека излегол надвор, ја зел косата и го удрил татка си.Делото го извршил поради кавга со татко си околу кафе.-Дејан има психички проблеми. Во понеделникот наутро рекол дека му се пие кафе и побарал одтатко му да му свари. Тој не м дозволил бидејќи пие многу кафиња во текот на денот и сметал дека уште едно ќе му биде премногу. Поради тоа се скарале , па Дејан излегол во бавчата ја зел косата, па пет пати го идрил татко му- вели извор за „Курир.рс“.Мртвиот Агим го пронашла сопругата, мајката на Дејан, која вели дека кобниот ден била во градот по социјално. Таа додава дека Дејан молчел и кога полицијата го прашала што се случило. 

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Повреден работник во рудник

На 16.07.2019 во 17.55 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив на лекарски преглед се јавил Б.А.(61) од с.Трипатанци, кој при работа во рудник се здобил со повреда  во пределот на градниот кош. Се работи на расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Вработен во Подружница на шумско стопанство Стогово, ја злоупотребил службата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Н.С.(50) од село Мал Папрадник, општина Центар Жупа, вработен во Јавното претпријатие „Национални шуми“-Скопје, Подружница на шумско стопанство Стогово, Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата”. На 03.02.2019 во село Долно Косоврасти, при контрола на товарно возило натоварено со огревни букови дрва, управувано од Н.Н. од Дебар, било констатирано дека Н.Н. не поседувал соодветни документи, по што на местото на настанот пристигнал пријавениот, кој доставил испратница за дрвата. Со наведените дејствија, пријавениот постапил спротивно на  законските прописи и со пропуштање на дејствијата за вршење на должен надзор, нанел штета на Јавното претпријатие „Национални шуми“,Скопје, односно Буџетот на Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

policija-123

Полицијата повторно затекна неисправи возила кои вршат јавен превоз

На 16.07.2019 во периодот од 08.00 до 13.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа, контролирани се 93 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, од кои 74 се упатени во станица за технички преглед. При контролите констатирани се девет неправилности, односно кај две е утврдена неисправност на уред за запирање, кај едно неисправен уред за управување, четири имале неисправни светлосни уреди и две непродолжена регистрација.. Санкционирани се и 18 останати прекршоци. На 16.07.2019 полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле контрола на техничката исправност на 43 автобуси и возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, во Велес била утврдена неисправност на три возила од контролираните 21, во Кавадарци од контролираните 10 возила сите биле исправни и во Неготино контролирани биле 12 возила и ситe биле исправни. На возачите на неисправните возила им се изречени соодветни казни. На 16.07.2019 во периодот од 08.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Струмица е спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Во акцијата се контролирани 84 возила, од кои 45 се упатени на вонреден технички преглед, при што кај шест од нив се констатирани неправилности, поради кои возилата се исклучени од сообракај и се издадени шест прекршочни платни налози. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Албански државјани затекнати при нелегална сеча на огревно дрво

На 17.07.2019 во периодот од 02.00 до 08.00 часот на подрачјето на с.Франгово, с. Мали Влај и с. Вишни, струшко, Регионалниот центар за гранични работи Запад спроведе акциска контрола за откривање на сторители при нелегална сеча на огревно дрво. Притоа, полициски службеници откриле и фатиле девет државјани на Република Албанија, од кои дел оствариле илегален влез, а дел легално влегле, но престојувале во Р.С.Македонија спротивно на целта на туристичкиот престој. Од лицата биле одземени моторни пили. По документирање на настанот против лицата ќе бидат преземени соодветни мерки.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Во автомобил во кој имало и едно малолетно лице пронајдени марихуана, дробилка и ризла

На 16.07.2019 околу 21.20 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници запреле патничко возило „Ауди А5“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Тетово, во кое се наоѓале и 18-годишниот С.Д. и 16-годишно лице, исто така, од Тетово. При преглед на возилото биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и ризла.Тројцата биле лишени од слобода и по целосно расчистување на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 6 години

pistol-vperen

Приведен 53 годишен маж – пукал со огнено оружје на свадба

На 16.07.2019 полициски службеници го лишиле од слобода и привеле во Полициската станица Гостивар лицето Б.Б.(53) од село Градец, гостиварско, поради тоа што истиот ден околу 14.15 часот го нарушил јавниот ред и мир со пукање од огнено оружје на свадбена свеченост во тетовското село Камењане.

Македонија | пред 6 години

2-1

Реновирана полициската станица во Кочани

„Денеска имавме работна средба со раководството на ПС Кочани и со локалната самоуправа, а имам чест да ве информирам и дека завршивме со реновирањето на полициската станица. Можам да ве информирам дека безбедносната состојба на подрачјето на ПС Кочани и СВР Штип е стабилна, а полицијата бележи добри резултати во своето работење. Значителен пораст на откривачката дејност од 44%  е регистриран во областа на недозволената трговија со дрога на подрачјето на СВР Штип“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на Кочани, каде заврши реконструкцијата и санацијата на објектот на полициската станица, кој се реновира после четири децении.„МВР продолжува со активностите за подобрување на условите за работа на полициските службеници и , како што може да видите, завршена е реконструкција и санација на објектот на Полициската станица од општа надлежност  Кочани извршена   во рамки на стратешкиот план на МВР за драстично унпаредување на материјално-инфраструктурните и технички услови за работа на сите наши полициски службеници. Така што сега полициската станица во Кочани веќе има сосема видоизменет обновен и функционален објект за користење, за чија што реконструкција и санација беа издвоени околу 7,5 милиони денари, средства одвоени од буџетот на Министерството за внатрешни работи“, рече Спасовски.За раководството на МВР од исклучително значење се стандардите, условите за работа на полициските службеници, кои што објективно го претставуваат ликот на самото Министерство, односно ја даваат онаа прва и најважна слика и претстава за тоа како работиме, до кај сме стигнале, што треба уште да направиме како институција - сервис на граѓаните, но и еден од главните столбови на општеството во спроведувањето на законите и заштитата на сигурноста и безбедноста на сите наши граѓани на нивните материјални добра, на јавниот ред и мир.„Тој мотив останува и натаму наша примарна цел, од која нема отстапување, така што ние и во текот на оваа година ќе продолжиме со интензивното подобрување на состојбата во која што се наоѓаат и работат полициските служби“, рече Спасовски.Министерот Спасовски имаше средба и со градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев, како и со членовите на општинскиот совет и претставници на локалниот совет за превенција каде што се разговараше за сите прашања кои што се од взаемен интерес со цел да се зголеми соработката меѓу  граѓаните и полицијата.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот Партизански одреди

Град Скопје ги информира граѓаните дека поради изведување на градежни работи на дел од булеварот Партизански одреди, од денеска  ќе се воведе привремен сообраќаен режим.Поради нанесување завршен асфалтен слој на дел од трасата на булеварот Партизански одреди, од мостот Обединети Нации  до ул. Московска, целосно за сообраќај ќе биде затворен делот од булеварот од кружниот тек кај Порта Влае до крстосницата со улица Московска  (кај ТЦ Сити мол), во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар. По трасата во спротивниот правец сообраќајот ќе се одвива непречено.За време на привремениот режим, автобусите на ЈСП кои сообраќаа по овој дел од бул. Партизански одреди, ќе се пренасочат преку ул. Адолф Циборовски и бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, а ќе се вратат на нормалната траса преку ул. Московска.Асфалтирањето се врши во рамките на проектот за реконструкцијата на коловозот на дел од булеварот Партизански одреди, на потегот од крстосницата со булеварот 8.Септември до мостот Обединети нации, на должина од два километра.Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.  

Скопје | пред 6 години

pozar

Пожар пеплоса семејна куќа во тетовски Челопек

Нема повредени во пожарот во кој изгоре семејна куќа во тетовското село Челопек, општина Брвеница. Пожарникарите добиле повик  дека гори куќа околу 11:20мин.Според тетовската противпожарна служба за пожарот го локализирале за околу 2 часа. Интервенирале со три противпожарни возила и седум пожарникари.

Македонија | пред 6 години

parlament-grcija

Грчкиот Парламент положи заклетва

Во највисокиот Законодавен дом во Атина по изборите влегоа шест партии. Парламентот официјално ќе почне со работа утре, откако ќе се избере неговиот нов председател.Конзервативната Влада на Мицотакис има за цел забрзување на економскиот раст, што планира да го обезбеди, меѓудругото, преку намалување на даноците и приватизациски договори.

Свет | пред 6 години

Shirete-Elezi

Елези: Буџетот има добра реализација, ребаланс во септември или октомври

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези изјави денеска дека наплатата на даноците и општите приходи во првата половина од годинава е зголемена за 6,6 отсто, односно дека се реализирани 96,2 милијарди денари од планираните 210 милијарди.– Ребалансот на буџетот е редовна пракса и се прави секоја година и веќе службите се во подготовка на анализа на реализацијата на сите проекти без разлика дали се тековни или капитални во делот на податоците што ги црпат од Трезорот. Се планира да се реализира во септември или октомври и за тоа јавноста ќе биде благовремено информирана, изјави Елези.Прашана дали за ребалансот ќе биде надлежна таа или, пак, премиерот Зоран Заев, заменик-министерката рече дека Министерството за финансии е меѓу најсилните институции во државата и оти ги следи политиките што ги зацртува Владата.

Македонија | пред 6 години

el-ceka-696x454

Ел Чека му одговори на Заев: Сум ги прекршил законите, тогаш “да ти ги *бам законите” на држава што ги ослободува криминалците

Ел Чека експресно му одговори на премиерот Заев. Тој постирајќи видео На на фејсбук од  прес конференцијата во Влада, напиша:„Најдобар брате мој, ја превртуваме државата“.Ел Чека објави и неколку статуси на фејсбук со порака до премиерот Заев, но дел од нив веднаш беа избришани. Во една од пораките пишуваше:„Зоран Заев знам кој ти е проблемот. Неуспехот на организираниот криминал што го имаше со СЈО. Пропадна планот за рекетирање и уценување! Сум ги прекршил законите, тогаш “да ти ги *бам законите” на таа држава што ги ослободува криминалците, а секој ден ги држи Албанците во затворите. Не заборавај земи го Али со Николче и дојдете навака. Мртви тела од денот кога дојдовте!“, напиша Ел Чека на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

5-Vonredna-sednica-na-Sovetot-na-Grad-Skopje-3

„Дрисла“ се враќа на Град Скопје

Советот на Град Скопје денеска ја одржа петтата вонредна седница на која донесе одлуки со кои се поништија претходните договори и постапки за давање на депонијата „Дрисла“ под концесија и истата повторно станува јавно претпријатие кое е во надлежност на Градот Скопје.Пред Советот одлуките ги образложи градоначалникот Шилегов, велејќи дека со нив се дава можност да се затворат сите аномалии и голготата низ која се ставени граѓаните на Скопје изминативе 8 години.- За Скопје ќе правам компромиси со секого, но со Скопје нема да правам компромиси со никого и кога ме прашавте кој ќе биде гарант за доследно спроведување на одлуката, ви одговорив дека јас ќе бидам гарант за спроведувањето. Минатата одлука се темелеше врз основа на одлуката на Вишиот управен суд, со кои предметот беше вратен на повторно постапување. Ние тогаш постапивме согласно со насоките на судот, и повторно постапивме избирајќи нов концесионер. Согласно со правилата на тендерската документација, новиот концесионер имаше рок од 30 дена да основа правно лице на територија на РСМ, правно лице кое ќе беше субјектот со кој Градот би постигнал договор за управување со Дрисла. Сите инволвирани во постапката беа известени на 13.06.2019 година, согласно со одлуката којашто ја донесовте минатиот месец, вклучувајќи ги и фирмите од конзорциумот предводен од компанијата „Шолц“, кои согласно она што го имаме добиено повратно од ДХЛ пошта, известувањето го имаат добиено на 14.06.2019 година. Тендерските правила се ригорозни, 30 дена изминаа кога требаше да основаат фирма. Ние чекавме до 15.06.2019 година, бидејќи тоа е законскиот рок и до 15-ти Градот ниту доби известување, ниту доби уверување дека такво правно лице е основано, а со тоа ние немаме правен субјект со коишто Градот може да постигне договор - кажа Шилегов.Градоначалникот Шилегов додаде дека веднаш по изминувањето на рокот, на негово барање е свикана вонредна седница со цел да се донесат новите одлуки со кои ќе се поништи целосната постапка и депонијата „Дрисла“ се враќа во владение на Градот.- Тендерските постапки се уште поексплицитни и велат дека ако прворангираниот понудувач не го склучи договорот, а ние немаме можност да случиме договор бидејќи немаме со кого, Комисијата за спроведување на постапката ќе го покани наредниот рангиран понудувач да го склучи договорот или дава предлог за поништување на постапката. Ова е можност која нашиот град не смее да ја пропушти. Имаме можност да ја вратиме концесијата на италијанскиот конзорциум, со кои имаме лошо искуство, но немаме обврска - дополни Шилегов.Тој додаде дека оваа состојба е резултат на трпение и добро проучување на тендерската документација и претставува ретка можност Градот да излезе од правниот хаос кој е настанат поради несоодветното водење на претходната постапка, како и дека со овие одлуки Градот дополнително ги анулира можностите за потенцијални тужби за надомест на штета. 

Скопје | пред 6 години

peter-vanhojter

Ванхојте: Дали Катица Јанева допре до некои луѓе кои веруваа дека се недопирливи и се над законот?

Белгискиот експерт Питер Ванхојте, кој беше ангажиран во процесот на преговори за Договорот од Пржино, на својот фејсбук профил го кажа својот став за случајот на Јавното обвинителство „Рекет“.Ванхојте повикува дека доколку се утврди дека имало злоупотреба на моќта, луѓето што биле вмешани во тоа, треба да се осудат, но најпрвин да се запрат шпекулациите. Ванхојте напиша:„Анализирајќи го она што се случува, моето прво прашање е: зошто ова наеднаш излегува на површината? Кој стои зад тоа? Дали Катица Јанева допре до некои луѓе кои веруваа дека се недопирливи и се над законот? Како одговор на ова „во чиј интерес е ова да се случува“, можев да обезбедам долга листа имиња, но тоа нема да и помогне на земјата да тргне напред, напиша Ванхојте на Фејсбук.„ Тоа докажува дека има уште многу пат да се изоди. Можам само да се надевам дека граѓанското општество повторно ќе се разбуди и ќе бара да бидат почитувани демократските вредности, дури и од страна на политичарите. И најпосле, што и да се случи, истрагите со прислушуваните разговори мора да продолжат. Тоа е товар од минатото, но никој не треба да заборави што се случи, и оние кои беа вклучени во тоа, вклучувајќи го и Груевски, се соодветно судени и на крајот и осудени.  И ЕУ и Орбан треба да бидат свесни дека никој не може да даде азил на ваква личност, и во исто време да бара од Северна Македонија да го почитува владеењето на правото. Затоа и ова треба да се исправи“, напиша Ванхојте на Фејсбук.https://www.facebook.com/peter.vanhoutte.814722458631977/posts/10156448717702469

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

Лидерска средба ќе има и без Мицкоски

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата рече дека ќе направи уште еден обид да го убеди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да дојде на лидерската средба закажана за в петок.„Лидерската средба останува, се надевам ќе биде присутен Христијан Мицкоски. Очекувам да се појави, бидејќи тоа е негова одговорност. Ние може да седнеме да разговараме, не мора да се договориме. Но, што треба да направиме, да го одложиме пописот уште десет години? Пописот ѝтреба на државата како леб, за секакви политики“, рече Заев.Во врска со инсистирањето на Мицкоски за предвремени парламентарни избори, Заев вели дека треба прво да се разговара за Изборниот законик.„Вели предвремени избори, човеку дај за Изборен законик да се договориме прво. Не го сфаќам, не гледал причина. Еве бара предвремени избори, дојди за Изборен законик да разговараме. Немам намера да исполнувам желба за предвремени избори иако знам дека ќе победам. Но, не сакам да наштетам на економските перспективи на државата“, изјави Заев.Заев додаде дека мора лидерите да седнат да разговараат за пописот, бидејќи истиот не може да се одложи за уште десет години.– Треба да седнеме и да ги заокружиме сите евентуални резерви што некои ги има за да го гарантираме успешниот процес на попис. Пописот и треба на државата како леб. И треба за економските параметри, за следна фаза на децентрализација, за рамномерната распределба по регионите, за секаков вид здравствени и образовни политики, не случајно на десет години цел свет прави попис. И не знам кој е аргументот да избегнете вакво прашање, рече Заев.

Македонија | пред 6 години

IMG_3186-17-07-19-12-44

Стоилковски: Дали кога бројат на прсти ја бројат и дивоградбата кај чинарот во сопственост на советникот Нефи Усеини?

Централната и локалната власт во Охрид ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните. Тие при очи го прават слеп народот, па го убедуваат дека едвај на прсти се броеле дивограбите во Охрид, поради кои е загрозен статусот во УНЕСКО.Дали кога бројат на прсти ја бројат и дивоградбата кај чинарот во сопственост на советникот Нефи Усеини?Нормите за градење се јасни кога станува збор за вакви дивоградби каква што е дивоградбата на Усеини која власта ја толерира, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ..Законот во член член 244-а велидека Тој што гради или изведува градба или врши надзор  над градба без одобрение за градење  или спротивно од одобрение за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со затвор од 3 до 8 години. Доколку надлежниот орган издаде одобрение за градење спротивно на закон или не издаде одобрение за градење, односно не го одбие барањето за градење во соодветен рок пропишан во член 59 од законот одговорното односно службеното лице подлежи на кривична одговорност согласност Кривичниот закон.Градоначалникот на Охрид и локалната власт, наместо да постапуваат според законот за градење и да ја урнат дивоградбата, си играат мајтап со јавноста и ги оставаат бизис - партиските интереси пред интересите на граѓаните. Тоа веќе е очигледно бидејќи речиси половина година не се постапува, ниту кога дивоградбата беше во зачеток, ниту денес кога дивоградбата се претвори во дел од угостителски објект од која некој дебело заработува.Затоа јавно прашуваме: Дали градоначалникот Константин Георгиески освен политичкиот има и материјален интерес од оваа дивоградба?Дали локалната власт и градоначалникот кривично ќе го гонат советникот Нефи Усеини за оваа дивоградба?Дали градоначалникот Георгиески е свесен дека заради непостапувањето и тој лично станува соучесник во ова прекршување на законот и самиот може да биде кривично гонет?Јавноста и во случајот со дивоградбата во Охрид јасно гледа дека оваа криминална власт нема абер од почитување на законот. За нив власта е само гола политичка алатка за личен бенефит и ништо повеќе од тоа.Прекршувањето на закон едноставно кажано е криминал и за тоа мора да има кривична одговорност. Ако сега се чуствуваат комотни и заштитени, треба да знаат дека ќе дојде време кога обвинителството ќе биде ослободени од канџите на Заев и сите ќе одговараат. Тоа време брзо ќе дојде, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

drisla

ВМРО ДПМНЕ: Шилегов се посипува со пепел и го раскинува договорот со германската компанија Шолц која градот сам ја одбра

Петре Шилегов се посипува со пепел и го раскинува договорот со германската компанија Шолц која градот сам ја одбра да раководи со депонијата Дрисла.Скопјани не знаат кога да му веруваат на неработникот Шилегов, кога ја убедуваше јавноста дека Шолц се вистинскиот избор за стопанисување со Дрисла или сега кога го раскинува договорот со нив. Се работи за дистанца од само еден месец каде градот има дијаметрално спротивни ставови, и затоа  неработникот Петре Шилегов треба да одговори дали зад ваквото раскинување стои неуспех за договарање на некаква провизија, познавајќи каков криминален октопод управува со државата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Петре Шилегов пред еден месец не ги слушаше апелите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека потребно е враќање на Дрисла на градот Скопје, и распишување на нов избор за концесионер, тогаш арогантно тој одбиваше да ги прифати таквите позиции. Сега ќе понесе ли одговорност неработникот Шилегов за тоа што Дрисла продолжува без решение и е загубено драгоцено време. Шилегов не е способен да истера ниту една одлука ниту еден проект кој е од корист за граѓаните, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања