Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

ВИДЕО: Сред бел ден се бркаат со ножеви во Карпош 3

Предмалку на социјлните мрежи е споделено видео на кое се гледа како неколку момчиња на сред бел се бракаат со ножени во Карпош 3.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2275926456004593/

Скопје | пред 6 години

zaev-na-telefon

Заев: Не сум се слушнал со Катица, ако некој со некого контактирал прашајте ги Јанева или дипломатите

Премиерот, Зоран Заев, на денешната пресс конференција дека го следи случајот со СЈО, додаваќи дека и тој ги има истите информации кои се изнесени во јавноста.Заев додаде дека тој не е  функционерот кој наводно се слушнал со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, пред да и биде одземен телефонот за истрагата која се води за предметот „Рекет“.„Можеме да прочитаме се и се што во медиумите, јас можам да кажам за себе, не сум се слушнал со Катица Јанева, апсолутно не. Гледам дека седењето на компјутер е правење идеја како да се има примамлив текст за читање, но граѓаните можат јасно да оценат што е што“, истакна Заев .Тој додаде:„Ако некој со некого контактирал тоа можете сами да го утврдите во постапката, да ги прашате соодветните луѓе, лично Катица Јанева или дипломатите. На крај јавното обвинителство рече дека е отидено во нејзиниот дом, земен е само телефонот, не е правен претрес, се со цел да се утврди нејзина инволивраност, дали е тоа соучесништво или е само злоупотребена во оваа работа. Кога се работи за вакви личности за кои јавноста има заинтересираност, јавното обвинителство е должно да даде информација дали се работи за злоупотреба или употреба на Јанева во овој процес “, потенцираше Заев. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Заев до Ел Чека: Ќе одговараш

На денешната пресс конференција на новинарско прашање зошто „Ел Чека“ објавува само „бомби“ за ДУИ, а не за СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ премиерот шеговито кажа: Доколу некој има негов број дајте ми и ќе го прашам.„Ако има разговори и за мене нека објави додека може, треба да знае дека има одговорност за тоа. Постои закон и кривично се одговара за тоа. Приватноста е заштитена а овој човек не води грижа за тоа. Дирекно од премиерот еве пред камери кажувам,  ќе одговара“, рече Заев.

Македонија | пред 6 години

nefi1

Заев најави одземање на на надлежностите на Општина Охрид, доколку градоначалникот не ги урене дивоградбите

Доколку градоналаникот на Охрид Константин Георгиевски не постапува според законот и не ги урне дивоградбите 1076 на број запишани во регистарот на дивоградби, а меѓу нив и оние на советникот Нефи  Усеини,премиерот Зоран Заев најави одземање на надлежностите на Општина Охрид.„Ако не постапи локалната власт, многу брзо извршната власт ќе покаже што значи владеење на правото“, рече Заев. Инаку, Нефи Усеини е советник во Општината Охрид, а истовремено и сопственик на две дивоградби во Охрид. Пицеријата кај Чинарот и бетонската база на стариот пат Охрид-Струга се изградени без никаква документација од надлежните органи. Објектот кај Чинарот освен што нема одобрение за градба, истиот е изграден на државно земјиште, истакна Премиерот Заев на денешната прес конференција.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Два дена филм на отворено во Градскиот парк во Скопје

„Господ постои, името и е Петрунија“ и „Џган“ се двата македонски филма што граѓаните ќе можат бесплатно да ги погледнат во киното на отворено,  во Градскиот парк, како дел од програмата на Самрленд 2019.Проекцијата на филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ е закажана за утре (18.07.2019 година, четврток) во 21 часот. Филмот „Џган“, пак, граѓаните ќе можат да го погледнат во петок (19.07.2019 година) во 21:30 часот. Во паркот се наместени меки фотелји, а посетителите може да си понесат и камперски столчиња, ќебиња, храна и пијалаци.Убавата приказна на концептот „Градски летен парк“ почна во јуни 2018 година со проекциите на отворено на „Исцелител“ и „Avec l`amour“, а продолжи во септември со прикажувањето на „Ирационален човек“ и на „Големата убавина“. Бесплатните филмски проекции привлекоа стотици посетители во Градскиот парк и ја збогатија летната културна понуда. Град Скопје, МКЦ и кино „Милениум“ и овој пат ветуваат забавни филмски вечери на отворено, со добри филмови. 

Скопје | пред 6 години

zaev-121

Заев ги објави имињата на разрешените директори, заменици и членови на управни одбори

Премиерот Зоран заев предмалку на прес  конференција ги објави имињата на разрешените директори, заменици и членови на управни одбори.Разрешени се директорот на Македонија Пат, Гајур Кадриу, Директорот и претседател на УО на Мепсо, Сашо Василевски, Директороката на завод и Музеј Охрид Елеонора Новакоска, директор на УБК и неговиот заменик, директорката на Центар за култура Прилеп, Директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, Директорот на Бања Банско, Директорката на Детска Клиника, Ставриќ, Директорката на Драмски театар, Викторија Рангелова, актуелниот, Агенција за Млади и спорт, заменик директорот, потоа, Менче Караџоска, Царинарница Скопје директор Златко Кофиловски, Геронтолошки завод, директорка Салија Љатиф, Директорот на ЈП ,,Железници“, Шабан Зендели и други ...  

Македонија | пред 6 години

zaev-121

(ЖИВО) Прес конференција на премиерот Зоран Заев

Во Влада се одржува прес конференција на премиерот Зоран Заевhttps://www.facebook.com/zaevzoran/videos/2139631992995271/UzpfSTE0Nzk4MTc1ODU5NDM1NzoyNDI0NTIzNzk3NjA2Nzk3/

Македонија | пред 6 години

kada

(ФОТО + ВИДЕО) Нуркачите ја извадија кадата од Езерото

Нуркачите од нуркачкиот центар „Акватек“ објавија дека ја извадиле кадата која неодамна ја најдоа фрлена во Охридското Езеро.„И ветар да вее и бура да коси и бран да фати, зборот е збор... кадата е извадена“, напишаа тие на социјлната мрежа фејсбук, место каде претходно објавија дека во Езерото пронашле када фрлена од несовесни граѓани кои се ослободиле од сметот по реновирање на тоалет.https://www.facebook.com/AkvatekOhrid/photos/pcb.2202231899875008/2202228819875316/?type=3&theaterФото, видео: Никола Паскали

Македонија | пред 6 години

el-ceka-696x454

Ел Чека со директна закана по живот на Ахмети

Ел Чека на Фејсбук излезез со директна закана по живот до лидерот на ДУИ Али Ахмети, испровоциран од вчерашниот говор на Ахмети. Лидерот на ДУИ вчера во говор од скопски Сарај порача дека прислушуваните разговори на Ел Чека му се од УДБА, објави plusinfo.mk.– Али Ахмети рече дека прислушуваните разговори ми ги дала УДБА. Која УДБА? Бидејќи колку што знам јас, ти имаше нивен пасош. Се сеќаваш ли како чичко Суљо на аеродромот во Цирих ти го најде пасошот со име Александар Антиќ, со твоја фотографија. Ти самиот си УДБАШ, шизофрен со документ. Не ја споменувај ОНА, бидејќи ги срамиш паднатите борци. Не остана Албанец кого ти не си навредил. Сину на торбешка, која едвај зборуваше албански, тие Изетите што ги праќете за да донесат пари за моја ликвидација држи ги малку поблиску до себе за да ве најдеме сите заедно, да не се измориме барајќи ве. Ја задржа власта лееќи албанска крв. Но таа крв ќе те убие Антиќу. Се гледаме наскоро, напиша Ел Чека.Текстот во целост на: plusinfo.mk

Македонија | пред 6 години

proekt-UNDP

16 асистенти им помагаа на ученици од Општина Аеродром

Општина Аеродром во соработка со УНДП успешно го реализира проектот за унапредување на воспитно-образовниот процес и секојдневната грижа на децата со посебни образовни потреби од основните училишта.Проектот, во кој учествуваа 16 асистенти, е дел од програмата „Општинско-корисна работа“ за 2018 година.Општина Аеродром денеска им додели потврди за успешно реализиран работен ангажман на 10 образовни и 6 лични асистенти, кои во текот на изминатата учебна година им даваа поддршка во образовниот процес на учениците со посебни образовни потреби од основните училишта на територијата на Општината.Покрај потврдите, асистентите добија и сертификати за успешно завршена обука за образовни и лични асистенти, кои им ги доделија УНДП и Министерството за образование и наука.Општина Аеродром и во иднина ќе продолжи со поддршка и реализација на проекти за социјална инклузија, која е од клучно значење во градењето општество без дискриминација, со еднакви права и можности.

Скопје | пред 6 години

marihuana

ОЈО поднесе обвинение за дилер на дрога

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 39-годишен скопјанец  за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 17 јуни при извршен претрес во домот на обвинетиот била пронајдена наркотична дрога марихуана во вкупна количина од 131,33 грама. Обвинетиот неовластено заради продажба ја држел дрогата спакувана во повеќе предмети во домот.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и  предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице, со оглед на тоа што ценеше дека и натаму постојат условите заради кои првично беше определен притворот. 

пред 6 години

bukovo-deponija-1

(ФОТО) Депонија кај Буково сеуште гори

Никој не превзема ништо за да се изгасни депонијата кај Буково. Скопје 1 уште на 8 јули алармираше дека депонијата гори и покрај обидите на противпожарната служба од Охрид огнот да го држи под контрола.Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Сашо Донев на социјлната мрежа фејсбук напиша:„Запалено ѓубриште на врв од планина помеѓу две езера бисери, Охридско и Преспанско.Полни усти со ЕУ...УНЕСКО...Блескаме, но никој не може да го види одблесокот од токсичниот чад и ѓубрето“, напиша Доневhttps://www.facebook.com/photo.php?fbid=10217524204714683&set=pcb.10217524205274697&type=3&theaterИнаку задолжена за одржување на депонијата е фирмата „Нефи ИК“, во сопственост на советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини. За расчистување на отпадот, фирмата на Усеини зела 48 илјади евра од ЈП „Охридски комуналец“. Во склучениот договор пишува дека фирмата треба да го затрупува отпадот. Договорот склучен меѓу јавното претпријатие и фирмата е за период од 12 месеци и важи до мај идната година.

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

ЕК: СЈО да продолжи да работи без Јанева

По оставката што пред две дена ја поднесе шефицата на СЈО, Катица Јанева, реагираше Европската комисија која препорачува да да продолжи работата на Специјалното јавно обвинителство, пишува „Независен“.„Европската Унија потсетува дека е важно да се продолжи со воспоставување отчетност за криминалите кои произлегуваат и се поврзани со илегалните прислушувања“, стои во соопштението од ЕК.

Македонија | пред 6 години

e438d720acb86db947a7

Се нуди награда од 10 илјади евра за пронаоѓање на Словенка која исчезнала на Мљет

Словенката Алма Новљан исчезнала на хрватскиот остров Мљет каде била на одмор со нејзиниот сопруг. Последен пат била видена на 26 јуни од кога и се губи секаква трага.https://www.facebook.com/TrazimoAlmo/photos/a.372091546710345/372583963327770/?type=3&theaterДента исчезнала, таа носела црна кошула со натпис ,,Биг Бен Лондон”, бели шорцеви и сандали. Таа беше пријавена за исчезнати од страна на нејзиниот сопруг со кого престојувала во кампот во Ловиште на Пелешец, каде што последен пат била забележана.Нејзиното семејство на Фејсбук објави дека нудат 10 илјади евра награда за информациите коишто би помогнале таа да се пронајде.И покрај сите напори и претраги, досега потрагата не дава резултати.

Свет | пред 6 години

moj-ddv

Досега скенирани се околу 2,9 милиони фискални сметки

Апликацијата МојДДВ досега ја презеле 140.000 граѓани, скенирани се 2,9 милиони фискални сметки, остварен е промет од 1,5 милијарди денари, додека повратот од 15% од пресметаниот ДДВ е на ниво од 25,3 милиони денари, соопшти Управата за јавни приходи.Преку оваа апликација, сите физички лица ќе може да ги скенираат своите фискални сметки и на тој начин да го остварат правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Моторциклист изгубил контрола и излетал од патот

На 16.07.2019 околу 23.45 часот на ул.„Алија Авдовиќ“  во с.Стајковци, скопско, Т.М.(33) од с.Стајковци, управувајќи мопед „Баотиан“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.М. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

пред 6 години

srpska-policija

Уапсен Србин на Табановце чиј автомобил имал фалсификуван сериски број

На 16.07.2019 во 15.10 часот на граничен премин „Табановце“, при контрола на патничко возило „AUDI Q7“ со српска национална ознака, управувано од М.Б.(30) од Република Србија, било утврдено дека серискиот(VIN) број  на возилото бил фалсификуван.Возило било одземено, а М.Б. бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

22-4

Тасева: СЈО може да го врати својот кредибилитет, ако новиот лидер е докажан професионалец

СЈО може да го врати својот кредибилитет, но само ако нема повторно импровиозации со поставувањето на неговиот иден лидер, смета Слаѓана Тасева, претседателката на Транспарентност Нулта корупција, по отворањето на случајот „Рекет“ и апсењето на Бојан Јовановски и Зоран Милевски, пренесува „Фактор“.- Потребен е докажан професионалец без законски ограничувања од каде доаѓа, а најважно од се е тој да има личен интегритет и дома и надвор. Лидерството не смее да биде одредено од политичките партии со импровизации во законот и самото назначување како пред четири години. Овој пат нема простор за експериментирање и би додала дека треба постојано на новиот специјален обвинител да му се прават тестови за интегритет, какви што постојат - вели Тасева.Таа смета дека вчерашната акција на Јавното обвинителство и последниот развој на настаните нема да го минираат понатамошното постоиење на СЈО, чиј мандат истекува на 15 септември.

Македонија | пред 6 години

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Седумчлено семејство затруено од храна

Седум лица се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Сараево под сомневање дека се затруени од храна односно од полнети пиперки и лубеници.Нивната здравствена состојба е стабилна откако самите се пријавиле во болницата, жалејќи се на стомачни проблеми, пишува весникот „Дневни аваз“.„Информирани сме дека седуммина членови на едно семејство побарале медицинска помош во Клиниката за инфективни болести со симптоми на интоксикација со храна. Во овие моменти, не можеме да зборуваме за можната причина за инфекцијата“, соопштиле од Кантонската администрација за инспекциски работи.

Свет | пред 6 години

Levica

Левица: Правдата не може да биде испорачана од партиски пазарења и лидерски средби

Скандалот со одамна делегитимираната институција СЈО е јасен показател дека правдата не може да биде испорачана од елитистички преговори и меѓупартиски пазар на затворени средби. Оваа институција која беше резултат на фамозните „Пржински договори“, по селективното објавување на „бомби“ од СДСМ, стана уште еден инструмент за инсталирање власт која ќе ја внесе Република Македонија во НАТО-пактот по секоја цена, велат од Левица.„Со потрошени над четири милиони евра на скапи пресови и без никакви ефективни судски пресуди или конфискација на криминално стекнатиот имот, врвот на оваа компромитирана и политички штетна институција е нејзината поврзаност со рекетарство врз криминалците кои истата требаше да ги гони! Одговорноста за изневерената доверба и амортизирањето на гневот на народот секако дека не може изолирано да се лоцира само во СЈО, туку во целата актуелна владејачка гарнитура и меѓународниот фактор кои довербата од граѓаните ја злоупотребија за уценување на компромитирани политичари и политички пазарења, кои финализираа со погазувањето на референдумските резултати и насилно кршење на уставниот поредок на Република Македонија, со една единствена цел: исполнување на геостратешките интереси на НАТО-пактот.Неразумно е да се очекува материјали за крупен криминал, односно „бомбите“, да бидат во привилегирано поседство на компромитиран бизнисмен со сомнително стекнат имот и истиот да ја испорача правдата против оние налик него! Таков преседан е недозволив за елитистичките партии тесно поврзани со олигархијата кои профитираат од воспоставениот режим под единствен диктат на капиталот. Последното фијаско со рекетарските уцени во кое е инволвирана и власта на СДСМ е доказ дека оваа влада ниту има политичка волја, ниту е способна да испорача било какви ветувања заради кои дојде на власт и која сѐ уште е на власт единствено заради поддршката на странскиот фактор. Потребно е целосно поништување на сите анти-државни политики кои ги донесе криминалното дуо на власт и фиктивната опозиција, ревидирање на надворешните стремежи на Република Македонија и конечно градење политики каде императив ќе бидат интересите на обичните граѓани, а не интересите на домашните и странските моќници скриени под превезот за „евроатлантски” интеграции“, се вели во соопштението.

пред 6 години

645x344-1521459760422

ЕК не сака да коментира за случајот „Рекет“

Европската комисија нема коментар за последните случувања поврзани со новиот случај кој го Отвори обвинитeлството за организиран криминал, а за кој постои сомневање и за влученост на обвинител од Специјалното јавно обвинителство.ЕУ не коментира тековни истраги – одговорија оттаму за Пресинг ТВ.Во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и бизнисменот Зоран Милески – Кичеец се осомничени за кривичното дело примање награда за противзаконито дејствие, а Јовановски се сомничи и за перење пари.Двајцата добија триеседневен притвор, а со полициска придружба беа спроведени во затворот во Шутка.

Македонија | пред 6 години

haradinaj

Харадинај: Верувам дека ЕК ќе ги интензивира напорите за продолжување на дијалогот меѓу Приштина и Белград

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, преку својата страница на Фејсбук го поздрави изборот на се уште актуелната министерка за одбрана на Германија, Урсула фон дер Лајен на позицијата претседателка на Европската комисија (ЕК)„Дијалогот меѓу Косово и Србија треба повторно да започне без услови се до постигнувањето договор за меѓусебно признавање во постоечките граници и верувам дека Европската комисија ќе ги интензивира напорите како дел од политиката на проширување. Уверени сме дека госпоѓа Урсула фон дер Лајен ќе остане доследна на ставот за единствена и силна Европа, напиша Харадинај на Фејсбук.

Свет | пред 6 години

skijatos-620x350-560x350

(ВИДЕО) Опасна туристичка атракција, авион слетува над главите на туристите

На островот Скијатос, Грција, деновиве беше забележан еден непромислен потфат од страна на група туристи кои се сликаа под авион што сетува на само неколку метри над нивните глави.Ниското полетување и слетување на овој остров е стара и веќе позната туристичка атракција, но овојпат британскиот авион леташе особено ниско, што дополнително ја зголеми опасноста тие да бидат повредени.

Магазин | пред 6 години

auto_fadil-zendeli-804x3801549094964

Зендели: Поради селективната правда СЈО ја изгуби довербата кај граѓаните

Пратеникот Фадил Зендели од Беса смета дека треба да има правна разврска на случајот „Рекет“ бидејќи, според него, тоа е еден од предусловите за евроинтеграциските процеси на земјата.Во денешната изјава Зендели рече дека СЈО од една од најдоверливите институции кај граѓаните, со текот на времето ја изгуби довербата поради селективната правда.„Причина за тоа е што се гледаше дека има селективна правда.Од една страна имаше постапки против поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но немаше постапки против сегашни и поранешни функционери на ДУИ кои и сега се дел од власта“, објаснува Зендели.

Македонија | пред 6 години

boki13

Боки 13 барал од Константин Георгиески 3.000.000 денари

Телевизијата 1 ТВ чиј сопственик е Бојан Јованоски барала од општина Охрид три милиони денари за услуги кои сакале да ги дадат на градот Охрид во 2019 година.Ваквиот договор никогаш не се реализирал и не дошло до исплата, а најмногу кон тоа Охрид да се спаси од ова придонело тоа што во градот се одржаа предвремени избори за избор на нов градоначалник.По изборите обидите да се постигне договор со општината продолжиле, но Константин Георгиески категорично го одбил барањето на Бојан Јованоски, на кого овој пат директно му било кажано дека нема законска можност за такви милионски исплати за измислени проекти.Во 2018 година на 1ТВ од касата на општината и биле исплатени 1.200.000 денари.КОЈ ВРШЕЛ ПРИТИСОК ДА СЕ ДАВААТ ПАРИ НА БОКИ 13 ?Останува отворено прашањето под чиј притисок општината исплатила пари на телевизијата на Боки 13 во 2018 година?  Неофицијално ургенциите доаѓале од страна на високо позиционирани функционери во СДСМ, кои по изборите во 2019 година прекинале да ургираат кај новиот градоначалник бидејќи најпрво беше најавена партиската „метла“, а потоа беа и поменетени од „метлата“, а во колумните на Бранко Героски лицето кое барало пари за Боки се именува како „Кики“.Со овие пари немал никаква поврзаност Зоран Милески Кичеец кој се терети за поврзаност со изнудите во случајот „Империја“ кои се во милиони евра.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања