Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

meduza

(ВИДЕО) Медуза со големина на човек снимена во британското приморје

Медуза со големина на човек е забележана и снимена во приморјето кај градот Корнвол, Велика Британија, објави „Гардијан“.Според стручните лица, ова е навистина ретка појава.Според професионалните фотографи-нуркачи, пак, суштеството било долго еден метар и половина, самото тело на медузата – половина метар.

Магазин | пред 6 години

Capture-1

Ко шо се неспособни, наместо Катица, Биба Додева ќе ја уапсат по грешка - се вели на Твитер

Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски пред два дена беше уапсен на граничниот премин Богородица, а истовремено, обвинителката Катица Јанева поднесе оставка од функцијата шефица на СЈО.Овие случувања предизвикаа лавина реакции на социјалите мрежи, а ова се дел од нив.https://twitter.com/Yoda_mk/status/1151358088718561281https://twitter.com/pickumater7/status/1151226685645185024https://twitter.com/kokan_eu/status/1151357991582609408https://twitter.com/tana_naapana/status/1151207693429985283https://twitter.com/Cyril991/status/1151171540203003904https://twitter.com/svetlin_a/status/1151193723902078976https://twitter.com/tweetoptimistka/status/1151205254987440129https://twitter.com/severgjano/status/1151209763864272897https://twitter.com/hasawatermark/status/1151266849285390336https://twitter.com/akotiudramedna/status/1150756688024223745?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1150756688024223745&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fem-samo-katica-potpishuva-em-s-o-ne-e-samo-katica-ne-ide-taka-drugari-tviter-reakcii-za-aneva-i-s-o%2F

Магазин | пред 6 години

policija

Казнети 33 возачи за брзо возење

Пет лица се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно 10 сообраќајки во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки била причинета материјална штета.Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 33 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 20 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и три технички неисправни возила, 12 нерегистрирани и едно возило за претовар.Санкционирани биле и седум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престигнување, пет возачи за не користење заштитен шлем,  11  возачи за не носење сигурносен појас и 14 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.Шест пешаци биле санкционирани за минување коловоз вон пешачки премин.Затекнати биле 27 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 58 возила.

Скопје | пред 6 години

382730

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто јавното обвинителство ја штити од одговорност Катица Јанева?

Во Република Македонија владее рекетарска, корумпирана и криминална влада. Со СДСМ и Заев секој бизнисмен или обичен граѓанин е жртва или може да стане жртва, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Јавноста мора да знае кои се Кики и Фрики од рекетарската приказна објавена во медиумите и дали овие лица се високи претставници во СДСМ како што се зборува во јавноста и само поради тоа се амнестираат од одговорност?Зошто јавното обвинителство ја штити од одговорност Катица Јанева?Дали во нејзиниот мобилен телефон се пронајдени дополнителни докази кои утврдуваат нејзина директна вмешаност и зошто за неа се уште нема мерка притвор поради можност за влијание на сведоци од позиција на специјален јавен обвинител?Зоран Заев знаеше за ова криминално дејание од страна на Јанева и само поради тоа жестоко се спротивставуваше за нејзиното разрешување.Јавното обвинителство мора да направи детална и сериозна истрага кој се е вмешан во ова криминално и корумпирано СЈО, бидејќи само апсењето на Боки 13 и Зоран Милески Кичеец е чин  на замолкнување на вистината и барање на одговорност на вистинскиот виновен во оваа рекетарска приказна.СЈО, СДСМ и Заев ја девалвираа правната држава и институциите.Овој скандал не може да помине така. Правото и правдата мора да важат подеднакво за сите.  Секој кој што се огрешил пред законот мора да одговара.ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш проширување на истрагата и притворање на Катица Јанева поради можност за бегство, влијание врз сведоци од позиција на Специјален јавен обвинител и уништување на докази.Правото и правдата мора да владеат во Република Македонија, а тоа е можно само доколку криминалниот картел наречен СДСМ и Заев си заминат од власт и веднаш распишат предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

zemjotres-1

Земјотрес почувствуван во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вчера во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово и околината, соопшти Сеизмолошка опсерваторијапри Природно-математичкиот факултет во Скопје.Епицентарот на земјотресот бил на 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.

Македонија | пред 6 години

sutka0

(ФОТО) Вака изгледа Хашкото одделение во кое е сместен Боки 13

Притворениот Бојан Јовановски алијас Боки 13, е сместен во Хашкото одделение во затворот, потврдуваат од Истражниот затвор во Шутка.Од таму додаваат дека Хашкото одделение не е за привилегирани, туку било заради безбедносни и здравствени причини.Погледнете како изгледа тоа одделение кое се разликува од другите. Притворското одделение може да се пофали со „хашките соби“ кои затворот ги изгради по барање на ЕУ за потребите на Судот од Хаг.Собите ги задоволуваат стандардите како на модерен европски затвор, но тие се само неколку. Има прегради на тоалетите во сите ќелии, па и во „хашките“, единствена разлика е тоа што во нив има веце шолја, а во обичните се „чучавци“. Исто така хашките соби имаат поголема светлина за разлика од обичните на приземјето и поубави душеци.  

Македонија | пред 6 години

dui

Ќе „летаат“ седум директори од ДУИ?

Според ТВ21, која се повикува на потврдени информации од партијата, се очекува денес да се сменат 7 директори од ДУИ.Со овие потези почнува реконструкцијата на извршната власт во вториот и третиот ешалон, откако претходно беа сменети неколку министри.

Македонија | пред 6 години

azmanov-boki

Сведоштво за рекетот кој го барал Боки 13

Бизнисменот Зоран Азманов уште еднаш јавно потврди дека Бојан Јовановски – Боки 13, го рекетирал.Азманов уште во февруари го обвини Боки 13 за рекет, а сега во изјава за Фактор истото и го потврди. Бизнисменот кажа дека во телевизијата 1ТВ се најдени снимки со наводна компромитирачка содржина од негови приваатни разговори, но најдени се и за многу други бизнисмени. Во рекетот учетсвувале функционери на СДСМ и на претставници од власта.– Рекетарството на Бојан Јовановски, викан Боки 13, кој ги злоупотребуваше врските со бившиот секретар на СДСМ, а воедно исто така беа злоупотребувани и други моќни фигури на власта како што Директорот на финансова полиција, Главната специјална обвинителка Катица Јанева, големиот директор за маркетинг – нејзиниот син кој вчера заврши факултет, а јас сето тоа го кажав пред 6 (шест) месеци и истото денес се потврди, каде што во неговата телевизија се најдени снимки со наводна компромитирачка содржина од мои приватни разговори, меѓу другото најдени се и за многу други бизнисмени со што се потврдува и моето тврдење дека институциите на државата – СЈО и Финансова полиција работеле во спрега со Боки 13 за мое рекетирање, а самата најава на Инсајдер Досие 03, каде сум претставен како Градежна мафија на квадрат, месец и половина пред да биде објавена емисијата, пред да ми се даде шанса да дадам било каков исказ и без да има било какви докази за било каква моја вмешаност на градежен бизнис со државата, ја покажува и докажува рекетарската намера на Боки 13 и неговата телевизија, кој во тоа време уживаше многу голема поддршка од луѓе во втор и трет ешалон од власта, а сега истите се разрешени. – изјави Азманов.Тој тврди дека таквиот рекет Боки 13 не можел да го прави без помош на институциите и без блиски конекции со Јанева и со директорот на Финансова полиција.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 6 години

ahmeti

Ахмети бара бомби и за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Зошто никој не објавува приватни разговори од членови на ВМРО- ДПМНЕ и од СДСМ, туку само од ДУИ, праша синоќа лидерот на партијата Али Ахмети. Тој зборуваше во Сарај, каде што се избираше претседател на огранокот на ДУИ за Сарај, пренесе ТВ 21. Ги обвини најголемите македонски партии дека го девалвирале сиот процес за доаѓање до правдата и побара веднаш да има ветинг.„Мене ми е жал за прислушкуваните разговори што се објавуваат за ДУИ. Јас не ги слушам тие разговори. Но, како не се случи да се објават приватни разговори за членови на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, туку само за членови на ДУИ? Каде се другите разговори? Зошто се објавуваат приватни разговори само од членови на ДУИ? Мислам дека нашиот народ „не јаде трева“! Што направија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? Целиот процес го девалвираа. Дури и синоќешниот настан. И, ние со време ги опоменавме дека не сакаме селективна правда.Ние сакаме ветинг, правдата да важи за сите исто“, рече Ахмети, пренесува ТВ21.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево и топло со температура до 31 степен

Денес не очекува сончево време со умерена облачност и со умерен ветер претежно од северен правец.УВ индексот ќе биде повисок од вчера и ќе изнесува 8.Дневните температури на воздухот исто така ќе бидат за неколку степени повисоки во однос на температурите од вчера. Однсоно, ќе се движат во инервал од 21 до 31 степен целзиусов. Најтопло се очекува да биде во југоисточниот дел од Македонија.Во Скопје се очекува слично време, сонце со умерена облачност и максимални 28 степени.Во следните денови ќе преовладува стабилно време со пораст на температурите. Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи ќе биде во петок и сабота во попладневните часови.

Македонија | пред 6 години

Ubiec

Ја убил девојката, па фотографиите од нејзиното измачувано тело ги објавил на „Инстаграм“

Младата интернет-ѕвезда од Њујорк беше убиена од момчето, кое на интернет ги објави страшните фотографии од нејзиното мртво тело. Ужасната сцена на социјалните мрежи стоеше повеќе од 12 часа поради што „Инстаграм“ наиде на критика.Фотографијата на телото на тинејџерката Бјанка Девинс (17) во неделата ја шерува Брендон Ендру Кларк (21) околу 6.40 часот изутрината и покрај неа напиша: „Жал ми е, Бјанка“.До неделата вечерта фотографијата сè уште беше активна и беше ставена зад замаглениот филтер за чувствителна содржина, објави „Базфид њуз“. Сепак, корисниците можеа да ја гледаат сликата со кликнување на екранот бидејќи „Инстаграм“ не сметаше дека тоа ги прекршува нивните правила.Полицијата соопшти дека момчето ѝ го пресекол грлото на девојката со нож. По објавувањето на страшната фотографија на интернет, полицијата го лоцира. Тој бил пронајден во слепа улица во градот Утика.Кога пристигнале на местото на злосторството, го нашле Кларк како се прободува со нож во вратот, пишува „Дејли стар“.Потоа легнал преку зелената церада, под која го крил нејзиното тело, а потоа го извадил телефонот и си направил селфи лежејќи преку нејзиното мртво тело“, објави полицијата во Њујорк.Наводно, младиот човек објавил фотографија додека полицијата била на местото на настанот.Тие успеале да го разоружаат и да го одведат во притвор.Кларк е обвинет за убиство од втор степен и му се закануваат 25 години затвор ако биде осуден, објави „Њујорк пост“.Бјанка Девинс имаше над 35.000 следбеници на социјалните мрежи. Таа и Кларк се запознале пред два месеца на „Инстаграм“.

Свет | пред 6 години

han

Хан: Урсула фон дер Лејен ја потврди европската перспектива на Западен Балкан

Комесарот за пристапни преговори Јоханес Хан и честита на Урсула фон дер Лејен за изборот за нова претседателка на Европската комисија, изразувајќи и задоволство поради фактот што таа ја потврди европската перспектива на Западен Балкан.Јоханес Хан оцени дека нејзината агенда за Европа е амбициозна и оти ги опфаќа сите клучни приоритети неопходни за јакнење и единство на ЕУ.– Особено сум задоволен поради нејзиното инсистирање на ЕУ како посилен глобален играч вклучувајќи ја и потврдата за европската перспектива за Западен Балкан, напиша Хан на Твитер.

Свет | пред 6 години

solza-770x444

Грчева: Шарените нека ги запалат маиците со талентката со просек 6

Претседателката на политичката партија „Глас за Македонија” и поранешна пратеничка, Солза Грчева на Фејсбук, го коментира случајот во кој е вмешана и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.„Ќе ја донесат директно од мешање слатко од смокви и почнува да краде и вработува цела фамилија. Обична, но да не се лажеме, намерно од сите избрана малоумница неписмена. Мислам на Ката. Ајде сега нека ги запалат маиците шарените што ги шетаа со талентката со просек 6. Ах колку сум горда што ја исплескав во Собрание и само јас не ја гласав. Еве им ја сега… ја чекам и другата со црвениот кармин која беше извадена како од кабаре. Доста беше“, вели таа.

Македонија | пред 6 години

hakeri

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони Бугари

Хакери упаднале во системите на даночната управа и украле лични и финансиски податоци на милиони Бугари, соопшти денеска бугарската Влада.Како што пренесе Фена, нападот на бугарската даночна управа (НРА) се случил кон крајот на јуни, а за него се дознало кога лице кое тврдело дека е руски хакер синоќа ги контактирало локалните медиуми нудејќи пристап до украдените податоци.– Споредивме 30 отсто од податоците што се јавно објавени и потврдуваме дека се работи за податоци кои ги имала НРА, рече портпаролот на НРА Росен Бачваров.Бугарскиот министер за финансии, Владислав Горанов изјави дека околу три проценти од базата на податоци е засегната, што вклучува милиони досиеја во земја во која има седум милиони жители. Според него, не само што протекле лични податоци, туку и даночни и социјални податоци.

Свет | пред 6 години

mkd-429029

(ВИДЕО) Европскиот парламент го избра новиот претседател на Европската комисија

Со 383 пратеници „за“ и 327 пратеници „против“ Европскиот парламент го избра новиот претседател на Европската комисија.Урсула Фон Дер Лајен ќе биде првата жена претседател на комисијата, таа треба да ја превземе должноста од актуелниот претседател на Европската комисијата Жан Клод Јункер за три месеци, односно на 1 ноември.Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли ги соопшти резултатите од гласањето и и честиташе на Урсула Фон Дер Лајен за нејзиниот избор.Фон Дер Лајен пред гласањето посочи дека ќе се залага за борба против климатските промени, за борба против сиромаштијата во Европа, но исто така нагласи и дека ќе ги застапува правата на жените.Додека по нејзиниот официјален избор за Претседател на Европската Комисија, таа истакна дека во следните пет години сака да ја направи Европа поеколошка, Европа која им служи на луѓето, економски силна и дигитална.

Свет | пред 6 години

ganka

Ганка Цветанова до Димитров: Видовме колку и за што Ве бива

Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова му одговори на некогашниот сопартиец Никола Димитров, кој по отворањето на случајот „Рекет“, порача дека „ќе нè биде“.„Видовме Димитров Никола колку и за што Ве бива! И тие што не можеа да видат, сега прогледаа“, напиша поранешната министерка.https://twitter.com/gankacv/status/1151078112542777345?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1151078112542777345&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.biznisvesti.mk%2Fpo-natpisot-na-dimitrov-kon-boki-se-oglasi-ganka-tsvetanova-eve-shto-mu-poracha%2F

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Каде се јавила Јанева пред да ѝ го земат телефонот?

Основното јавно обвинителство и припадници на Министерството за внатрешни работи вчера имале налог за приведување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во зградата на СЈО, неофицијално дознава МКД.мк. Што се случило после во канцелариите на СЈО?Додека се вршел претресот по домовите на обвинетите, Јанева успеала да се јави на поранешен дипломатски претставник во Македонија, учесник во пржинските преговори. Освен овој телефонски разговор, Јанва се слушнала и со висок претставник на македонските власти. Присутни на овој случај, тврдат дека Јанева се заканила дека дел од снимките се депонирани во странство.После ова налогот бил заборавен, а официјалните информации потврдуваат дека мобилниот телефон на Катица Јанева  е одземен.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Сомнителни потези на Катица Јанева

На 9 ноември лани, додека полицијата го бараше Груевски во својот дом за да ја отслужи затворската казна за „Тенк“, Специјалното јавно обвинителство објави дека отвора нова истрага под кодното име „Империја“. Вниманието на јавноста која беше фокусирана на тоа каде е Груевски, експресно се пренасочи кон новата истрага на СЈО во која обвинителството се сомневаше на криминал тежок 10 милиони евра, објави novatv.mk.Токму од ноември 2018 година почнуваат и дејствијата за  „трговија со влијание“ за случајот „Рекет“ што вчера го обелодени Обвинителството за гонење на организиран криминал – предмет во кој се осомничени две лица неофицијалниот сопственик на 1ТВ- Бојан Јовановски , познат како Боки 13 и Зоран Милевски, со прекар -Зоки Кичеец.Двајцата се под истрага зашто токму од тој месец – ноември 2019, почнале да бараат пари од осомничено лице, преку влијание на јавен обвинител, за прекин на кривичната постапка или осомничениот да добие олеснителни околности. Името на обвинителот вчера не беше објавено официјално, но шпекулациите се движеа во насока дека нема сомнеж дека станува збор за првата жена на СЈО-Катица Јанева, објави novatv.mk.Порталотистражува зоштоСЈО со спротивни ставови за притворите за Камчев и Мијалков ? Образложува за Поплавени документите за „Империја“, Потсетува за тоа како  Јанева му го врати пасошот на Камчев, но и истражува Што ги поврзува Јанева и Боки 13...Текстот во целот на: novatv.mk

Македонија | пред 6 години

obvinitelstvo-2

Снимки аудио и видео има за две лица, но не и за обвинителката Јанева

Jавната обвинителка Вилма Русковска во интервју за Телевизијата 24, вели дека обезбедените видео и аудио-материјали се само за две лица кои се двајца осомничени. Според неа понатаму во истрагата дали ќе се појават докази за обвинители, за политичари, за луѓе од јавниот живот ќе видиме, вели Русковска.Таа додава и дека инволвираноста на јавен обвинител во овој случај, сега засега не може да се докаже.„Доколку се појават цврсти докази сигурно дека истрагата ќе биде проширена, но сега навистина не можам да шпекулирам и било несериозно од мене како обвинител да кажам во која наоска може да не одведе истрагата“, вели Рускоска.

пред 6 години

helikopter-2

Со хеликоптер на МВР од Селечка Планина извлечена 15-годишна девојка

Голема драма се одиграла во пазувите на Селечка Планина над Прилеп кога денеска со хеликоптер на МВР е извлечена 15-годишна девојка и е префрлена во прилепската Градска болница. Оттаму констатирале дека нема повреди ниту на телото ниту на главата, туку измрзнатини кои со терапија ќе бидат санирани, објави fokus.mk.Петнаесетгодишната малолетничка и момче, за кое нема детали, цела ноќ поминале на планина. Наводно се упатиле синоќа накај планинарскиот дом на Селечка и ноќта ја поминале на отворено на нестабилното дождливо и ветровито време. Изутрината кога сакале да се вратат, девојката паднала и мислејќи дека се повредила, повикани се противпожарната единица и прилепската полиција, а потоа, поради непристапниот терен, повикан бил хеликоптер на МВР. Текстот во целост на: fokus.mk

Македонија | пред 6 години

svercer

(ФОТО) Колумбиец криел кокаин под перика

Maж од Колумбија e уапсен на меѓународниот аеродром во Барселона, откако во неговата голема перика која ја носел на глава, бил пронајден половина килограм кокаин, соопшти денеска шпанската полиција.Откако слетал со авионот од Богота, овој Колумбиец го привлекол вниманието на полицијата затоа што бил нервозен, а под шеширот неговата перика едноставно била преголема.  Вредноста на догата се проценува на околу 30 илјади евра.„Нема граница во инвентивноста на трговците со дрога во настојувањето да ги изиграат царинските контроли“, стои во соопштението на шпанската полиција со приложените фотографии од уапсениот Колумбиец.

Свет | пред 6 години

16072019_VRSM_144-sednica-2

Се олеснува можноста НРТ да склучува договори за права од меѓународни спортски настани

Владата на денешната седница го прифати како свое мислењето на Министерството за информатичко општество и администрација за согласност на барањето за давање на автентично толкување на член 105 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поднесено од пратеникот Драган Данев. Членот 105 од Законот за ААВМУ предвидува дека Националната радио телевизија (НРТ) може да остварува дополнителен приход од продажба на програма и услуги, како и од комерцијални комуникации и со барањето за автентично толкување се отвора можност на НРТ да ѝ биде олеснет пристапот за склучување договори за права од меѓународни спортски натпревари и настани кои претставуваат посебен јавен интерес за граѓаните на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

zagaduvanje

9 милиони денари од Планот за чист воздух за студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата на РСМ донесе одлука за одобрување средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година во висина од 9 милиони денари за замена на системот за греење на студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Со оваа одлука, согласно препораките од Планот за чист воздух и од Програмата за намалување на аерозагадувањето на Владата, ќе се замени системот за затоплување на домот за кој сега се користи мазут кој емитира повеќе од 28 килограми PM2.5 и исто толку PM10 годишно.Со оваа одлука, студентскиот дом ќе биде претплатен на системот за централно греење во Град Скопје. Трошоците за греење ќе останат слични, додека загадувањето за загревање на студентскиот дом ќе се намали за седум пати.

Скопје | пред 6 години

kostadinov

Костадинов: Се додека во постапка не се докаже одговорност на одредени индивиду, ние нема да превземеме ништо

Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ,  одговараше на новинарски прашања.П1: Ќе се оградите ли вие од Катица Јанева со оглед на тоа што таа е и ваш член? На 31 јули 2015 година уплатила верификација на членство, 400 денари преку Еуростандард Банка. Кога зборувате за криминалот, ќе се оградите ли вие од луѓе кои се користеле со рекет?Костадин Костадинов : Од она што можевме да го слушнеме од Јавното Обвинителство дека за обвинителот не е отворена постапка. Имаме отворена постапка и е одредена мерка притвор од 30 дена за две лица, кое што заради заштита на пресумпцијата на невиност и самото обвинителство, јавното обвинителство и сите политички чинители не спомнуваа ниту имиња, ниту презимиња.Во таа смисла ние ги охрабруваме надлежните институции темелно да расчистат и да го расветлат случајот и апсолутно наш принципиелен став, на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија е дека сите, без исклучок сме еднакви пред законите.Нека го расветлат случајот, доколку се утврди одговорност, од било кого за овој случај, но и за сите други случаи, одговорност мора да има. Само на тој начин, ќе ја вратиме правдата и ќе имаме правна држава.Ќе повторам, без исклучок, правдата, правната држава немаат ниту име, ниту презиме.Станува збор за систем. Токму тој систем, токму отварањето на овој случај од страна на обвинителството е доказ дека системот функционира, дека системот е неселективен.Тоа може да ни гарантира нам и секако и најважно, на граѓаните на Република Северна Македонија дека правда и правичност има и ќе има.П2: Опозицијата го нарече овој случај ‘Oктопод’ и смета дека дел од пипците зафаќаат и во редовите на ваши високи функционери и дел од медиумите веќе пишуваат, дури и именуваат двајца пратеници дека се вовлечени во овој случај. Дали вие во партијата превземате нешто, имате такви сознанија, ќе се обидете да расчистите, институционалниот начин е едниот, најважниот, но дали во партијата правите нешто?Костадин Костадинов: Се додека во постапка не се докаже одговорност на одредени индивиду, ние нема да превземеме. Во случај, да во транспарентна постапка се утврди одговорност од било кој, макар тоа било дел, член на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, секако како одговорна политичка партија, ќе се оградиме и ќе превземеме мерки, согласно Статутот на СДСМ. Од друга страна, кога зборуваме за октоподи, ред би било и Христијан Мицкоски да одговори за криминалниот октопод, за кој се отворени поприлично голем број судски постапки. Зошто тој не се огради од криминалниот октопод на ВМРО-ДПМНЕ. Дали не се оградува од причина што можеби и самиот тој е дел од тој октопод.П3: Дали има смисла да се одржи лидерска средба без Мицкоски?Костадин Костадинов :Секако, кога станува збор за реформите, за интересот на граѓаните на Република Северна Македонија, за интересот на државата, ние сме спремни и разговараме и мислиме дека треба да има лидерска средба. Од друга страна, ја гледаме опозицијата преку нивниот Христијан Мицкоски како се обидува на секој можен начин со неговото деструктивно дејствување да ги закочи процесите и реформите во Република Северна Македонија. Како што кажав и во изјавата, Република Северна Македонија ќе успее, напредокот на Република Северна Македонија ќе продолжи и прогресира, со Христијан Мицкоски или без него.П4: Кога велите блокадите на Мицкоски нема да успеат, дали тоа подразбира дека од останатите пратенички групи во Собранието имате поддршка за јавното обвинителство?Костадин Костадинов: Не би шпекулирал ништо, што е надвор од рамките на Собранието на Република Северна Македонија. Постојат работни групи од страна на партиите кои што разговараат во однос на Законот за Јавно Обвинителство. Сите одговорни политичари треба да знаат и да ја разберат потребата од донесувањето на Законот за Јавно Обвинителство. Знаеме дека тоа е во согласнот со реформите и за подобрување на правосудниот систем во државата и секако треба да се охрабриме, да излеземе над политичките интереси и нормално со консензус да го поддржиме Законот за Јавно Обвинителство. Гледаме, дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е во обид да ги амнестира криминалците кои сеуште им егзистираат во највисокото раководство на партијата. Нема напредок во однос на разговорите. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ќе се презентираат можностите за трет мобилен оператор на ITU Telecom World

Владата  на денешната 144-та редовна седница, ја разгледа и усвои Информацијата за формирање Работна група за презентација на Република Северна Македонија на ITU Telecom World 2019 и го задолжи министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски да ја состави и предводи нашата делегација на овој настан, кој претставува можност за промоција и привлекување странски инвестиции во Република Северна Македонија во сферата на телекомуникациите и ИТ секторот, како и поврзување со потенцијални партнери од областа на дигитализацијата на глобално ниво.Дополнително, присуството на овој настан отвора можност за презентирање на бизнис климата и постигнатите резултати во областа на телекомуникациите во Република Северна Македонија, како и презентација на можностите за трет мобилен оператор во земјата.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања