Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

zaev-ohrid

Заев вели дека секој треба да одговара, а вината на Катица Јанева ќе чека да ја докаже Русковска

Заев во интервјуто за МИА вели дека со отворањето на овој случај се демонстриpa јасно и недвосмислена бopба пpoтив организираниот kpиминал и коpyпцијата и се враќа довербата во правната држава и во владеењето на пpaвото.„Законот мора подеднакво да важи за сите без разлика за кој се работи. Во случајот веќе има двајца ocoмничени, а како што слушнав од медиумите е конфискуван и телефонот на специјалната јавна обвинителka Катица Јанева за да утврдат дали постои конекција меѓу неа и првоocомничениот. Поради тоа што се работи за високо позиционирана личност тоа дава мотив за секаков вид политичкки шпекулации. Според мене, Јавното обвинителство треба да каже дали таа е злоупотребена во целиот овој процес или инволвиpaна во овој процес. Тоа е коректно да се каже, бидејќи се злoyпотребуваат секаков вид на аругменти за да некој прави политички конструкции или слично“,истакна Заев.

Македонија | пред 6 години

naum-pred-luna

Стоилковски: Најавија уривање, а на тендерот им конкурира фирма која што градела на диво

Зоран Заев и неговиот клан секојдневно продолжуваат да го понижуваат народот. Како што беше Заев осомничен за Поткуп, а Зоран судски реформатор, така советникот од ДУИ Усеини отвора Дивоградба, а Нефи  се пријавува да руши дивоградби, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ова самоволие е намерно газење врз интелигенцијата на граѓаните.Заев најавуваше дека градењето на диво е сопрено, а негови градоначалници ги отвораат објектите!Пред УНЕСКО предложија еден закон, пред пратениците испратија друг законски текст.Тука градоначалникот прво вели немамо капацитет за толку уривање, па се преброи на прсти. Толку од имплементацијата на препораките од УНЕСКО.Најавија уривање, а на тендерот им конкурира фирма која што градела на диво.Објектот на Нефи Усеини, советник од ДУИ, е изграден на државно земјиште и во заштитен УНЕСКО појас. Откако почна да ја гради во март годинава, никој воопшто не се ни обидел да ја спречи дивоградбата, само му е било испратено решение од Општина Охрид за рок од десет дена сам да ги урне конструкцијата и платформата. Ене го зад мене цел објект изграден, Рамиз Мерко, екс министер во владата на Зоран Заев му ја отвори, а сега истиот оној кој што ја изгради и што не се сруши кога му беше испратено решението сега конкурира на конкурс од Општина Охрид да рушел дивоградби. Каква дрскост каква неспособност каква навреда кон граѓаните од кланот на власт.Владата вметнува одредби во законското решение со кои што новиот Совет треба да одлучува со Бадентер што е спротивно на Уставот, а згора на тоа во Советот да членува и еден надворешен претставник на предлог на министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, што е класично политизирање на едно прашање кое што е од областа на екологијата и кое што нели треба да реагираат само експерти. Почитувани вакво зафркавање со народ и со држава немало и ќе нема! Вакво самоволие и непочитување на елементарните морални норми од власта нема никаде.Македонија се соочува со девастација, најмногу морална. Дивоградбата на власт мора да замине, избори мора да се распишат, достоинството и обновата мора да започнат што побрзо, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ОЈО: Истражната постапка е штотуку отворена и во моментов не може да стане збор за проширување на истата

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро ги осудува написите што се појавија во дел од медиумите кои, повикувајќи се на извори од обвинителството, шират шпекулации за наводно проширување на истрагата и за содржина на одземените материјални докази во предметот за примање награда за противзаконито влијание.Обвинителството ја известува јавноста дека само официјално објавените соопштенија на веб страницата на обвинителството и дадените изјави на обвинителите се веродостоен извор на информации во врска со овој предмет. Истражната постапка е штотуку отворена и во моментов не може да стане збор за проширување на истата, но не е исклучена можноста доколку при истрагата се дојде до релевантни докази истата да биде проширена.Воедно, како што веќе информиравме, при синоќешните претреси се одземени повеќе компјутери, УСБ стикови, телефони и мемориски картички. Согласно законските процедури при одземање на ваков вид на предмети истите се запечатуваат и со наредба на јавен обвинител се доставуваат на вештачење. Вештачењето е процедура што бара време и посветеност и во моментов не може да се говори за содржината на одземените материјали.Во интерес на истражната постапка и спречување на шпекулациите во јавноста, обвинителството останува отворено за споделување на веродостојни информации онолку колку што дозволува истрагата. 

пред 6 години

lui-viton

Боки 13: „Не сум сељак како Зоки пари да земам во црна ќеса, ќе ги ставиме во Луи Витон“

Детали од снимките и броење пари во случајот „Рекет“, објави Вечер.мкЖенски прсти со црвен лак бројат и ги редат во скапа торба (Луи Витон) дел од 1,5 милиони евра кои им биле исплатени на Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Зоки Кичеец) во случајот Рекет. Ова го има на дел од видео материјалот кој е доказ во случајот Рекет, дознава Вечер.мк од извори во истрагата.Не сум сељак како Зоки Кичеец да ти пратам во црна ќеса, во Луи Витон од скапите ќе бидат наредени, вели машко лице во разговор по телефон на женско лице кое се смее на оваа забелешка.Добро, рачунај дека со нас работата е завршена, а и до Апелација ќе средиме. На Врховен, таму се ваши, му вели женското лице на машкото.Чиј е овој женски глас треба да покаже истрагата на обвинителството.Потоа парите се наредени во патната торба во апоени од по 50 евра, со спецификација од банка дека се чисти и податок колку има во торбата. Торбата е Луи Витон, платена 3.500 евра. 

Македонија | пред 6 години

lile

Стефанова: „Не стравувам дека би можело да бидам инволвирана и нема зошто да бидам инволвирана“

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова денеска кажа дека не стравува дека  би можело да биде инволвирана во истрагата во чии рамки вчера ѝ беше одземен телефонот на претседателката на СЈО, Катица Јанева.Стефанова нагласи дека сите документи што излегуваат од СЈО, меѓу кои и тие за притвор, имала право да ги потпишува единствено Катица Јанева, која е овластен обвинител.Стефанова додаде дека до овој момент нема потпишано ниту една одлука што излегла од обвинителството.„Не стравувам дека би можело да бидам инволвирана и нема зошто да бидам инволвирана“, кратко рече Стефанова.

пред 6 години

boki-13

Боки 13 сместен во Хашкото одделение во Истражниот затвор во Шутка

Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, вчера беше приведен на граничниот премин Богородица. Тој е првоосомничен во истрагата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Јовановски,на кого синоќа му беше одредена мерка притвор од 30 дена е сместен во Хашкото одделение во Истражниот затвор во Шутка.Од таму велат дека Хашкото одделение не е за привилегирани, туку ова е заради безбедносни и здравствени причини. 

пред 6 години

122233-620x350

Прилепчанец со остар предмет повредил сограѓанин

На 15.07.2019 околу 15.10 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на улица „Питу Гули“, по вербална расправија, Н.Н.(36) со остaр предмет му нанел повреди на И.А.(31) од Прилеп. На И.А. му била укажана лекарска помош во болницата во Прилеп. Се преземаат мерки зa расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Едно лице се здобило со тешки повреди – паднал во автобус

На 15.07.2019 во 13.03 часот на крстосница од улиците „Христо Татарчев“ и „Народни Херои“ во Скопје,  при движење на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.К.(56) од Скопје, во автобусот паднал и со тешки телесни повреди се здобил патникот Т.К.(54) од Скопје. Тој бил пренесен во Градскатаопшта болница „Св.Наум Охридски“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Девет мигранти од Авганистан, Бангладеш и Пакистан пронајдени во Ваксинце

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Ф.А.(26) од село Ваксинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. На 11.07.2019 во село Ваксинце, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што пронашле девет лица, мигранти од Авганистан, Бангладеш и Пакистан.

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски бара притвор за Jанева, оставки од владата и предвремени парламентарни избори

Специјалното јавно обвинителство е завршена работа и првиот чекор што треба де направи треба да биде притвор за Катица Јанева, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.Мицкоски потсети дека бил уценуван од Катица Јанева во случајот со партискиот имот. Бара оставки од владата и предвремени парламентарни избори. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „пипците на криминалниот октопод оддат до врвот на власта“, многу „погоре од двајцата осомничени кои се жртвени јагниња“, во случајот „Рекет“ кој вчера го обелодени Јавното обвинителство. Мицкоски денеска изјави оти не верува дека целиот случај бил можен „без поддршка од врхушката на власта“.Вчерашната акција ја третира како „обид да се спасат вистинските нарачатели и да не се дознае каква монструозна гарнитура владее со земјата“. Јавното обвинителство, според него, не работи независно.Мицкоски  побара притвор за Катица Јанева и за сите други лица вмешани во како што истакна тој криминалниот октопод, поврзан со вчерашниот театар, со приведувањето на двајца за рекет.

Македонија | пред 6 години

mickoski-3

Мицковски не гледа гледа потребата да присуствува на лидерската средба

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска соопшти дека не ја гледа потребата да присуствува на лидерската средба која треба да се одржи во петок, а на која повика премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.– Господинот Зоран Заев повикува на лидерска средба, а јас ќе одговорам дека не ја гледам потребата од мое присуство на средба на која ќе се разговара за се, за се и тоа ќе биде алиби, а нема да се разговара за тоа што денес и потребно на Република Македонија датум кога ќе имаме предвремени праламентарни избори – рече Мицоски на прес-конференција попладнево во партиското седиште.Според Мицкоски, средбата би била непотребен театар, бидејќи Заев се плаши од дебакл на изборите. 

Македонија | пред 6 години

lence-press

Ристовска: Ја бараме довербата од граѓаните и дејствијата на поединци не ги карактеризираат дејствијата на сите нас

„Сакам да ве уверам во име на сите обвинители и во име на целиот истражителски тим дека  примарен интерес е зачувувањето на интегритетот на СЈО“, истакна на денешната пресс конференција обвинителката од СЈО, Ленче Ристовска.Ристовска уште додаде дека дека целиот тим на СЈО вклучувајќи ги и оние кои се на одмор, стои зад целата работа која ја завршиле, како и зад тоа дека сите судски постапаки кои се започнати да бидат заврши со пресуди.Таа појасни дека е тука во нејзино име и во име на СЈО и го почитува начелото на презумција на невиност.„Нема информации дека специјалната обвинителка е опфатена со таа истрага. Ја бараме довербата од граѓаните и дејствијата на поединци не ги карактеризираат дејствијата на сите нас кои работите со висок професионален интегритет. Апелираме да се расчистат сите случувања за да може и натаму професионално СЈО да продолжи да работи", додаде Ристовска.Одговарајќи на новинарски прашања, Ристовска кажа дека за оставката на Јанева слушнале истиот ден кога и беше обелодената истата во јавноста, поточно кратко време пред да биде напишана на сајтот на СЈО.   

пред 6 години

lence-press

Обвинителите се оградија од Катица, шефицата сама тоне

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство Ленче Ристоска на денешната пресс конференција порача дека постапките на поединци не смеат да го загрозат интегритетот на постапките на ова обвинителство. Ристовска додека даваше изјава зад неа стоеја колегите обвинители,со што покажаа дека се оградуваат од се што се случува во обвинителството.Ристоска се обрати во име на целиот персонал на СЈО:„Денес не стојам овде само во лично име. Стојам во име на сите обвинители, Рустеми, Донев и Фетаи кои се на годишен одмор. Стојам и во име на целиот истражителски тим на СЈО и на стручната служба. Сакам да Ве уверам сите дека наш примарен интерес е зачувување на интегритетот и дека секогаш како вработени сме постапувале согласно законските прописи и сме се труделе да бидеме на ниво на задачата. Ние стоиме зад работата која сме ја завршиле до сега, Ве уверувам дека сите постапки не се доведени до прашање од причина што нашите постапувања во нив биле во рамки на законските прописи. Сакам да Ве информирам дека ние внимателно ги следиме случувањата и се разбира дека изразуваме голема загриженост, но сепак апелираме да се почитува презумпцијата на невиност. Сакам да потенцирам дека се придружуваме на повисок на јавниот обвинител секое лице да пријави криминални активности, и ги поздравуваме ваквите активности да ги истражат“,изјави Ленче Ристоска – обвинителка во СЈО.Ристоска порача дека се отворени за соработка со колегите од Обвинителството за организиран криминал, но додаде дека дополнителни детали, не смее да соопшти со оглед на тоа што во тек е истражна постапка.За тој што се огрешил пред законот одговорност мора да има. Сите се еднакви пред Уставот и законите и не ретерираме, затоа сме тук,а да покажеме да се најде доколку постои одговорност, но мора да ги почитуваме постапките и презумпцијата на невиност и длабоко веруваме дека интегритетот на обвинителството нема да биде загрозен, рече Ристоска.

Македонија | пред 6 години

borjan

Борјан Јовановски: Не смее да се дозволи глупоста на Катица да ни ги уништи идеалите за правна држава

И новинарот Борјан Јовановски не остана рамнодушен на последните случувања во земјава и својот коментар го напиша на социјлната мрежа Фејсбук.„Не смее да се дозволи глупоста на Катица да ни ги уништи идеалите за правна и демократска држава. Главите горе..оваа држава минува низ последните мелници на транзицијата и од нив ќе излезе онаква каква ни доликува да биде“, напиша Јовановски на ФБ.https://www.facebook.com/borjan.ez/posts/10161938525600109 

Македонија | пред 6 години

bomba-prilep-2

Бомбата во Прилеп била „кашикара“ и била активирана, среќа се изгаснала пред да екслодира

Прилепското Основно јавно обвинителство кое води истражната постапка за случајот кога рачна бомба беше пронајдена пред кафе – бар во Центарот на Прилеп велид ека бомбара била „кашикара“ и била активирана, но се изгаснала и не експлодираш.Досега Обвинителството, кое веднаш даде налог да се направи крим-техничкото вештачење и да се прегледаат снимки, доби информации за типот на рачната бомба-кашикара, за нејзиното полнење,  која била активирана, но се изгаснала. Освен тоа, не се пронајдени ДНК – примероци од евентуалниот сторител, ниту папиларни траги, односно отпечатоци, освен оние од официјалните лица кога ја демотираа рачната бомба. Се прегледуваат снимките, но засега нема конкретни индиции за сторителот, информираат од прилепското Основно јавно обвинителство.Рачната бомба крај летната бавча, под една столица, на кафе барот „Кафе ин“ во центарот на Прилеп на 10 јули околу пладне ја забележал персоналот на кафе-барот, а сопственикот веднаш пријавил во полиција. Три часа се обезбедуваше теренот додека Единицата за антитероризам при МВР не ја демонтираше рачната бомба 

пред 6 години

lile

Обвинителката Лиле Стефанова за случајот „Империја" има цврсти докази, продолжуваме

Обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова која ја води постапката за случајот „Империја" стои цврсто на ставот дека ќе продолжи да го застапува овој предмет, како и да води истрага за истиот. Во изјава за МКД.мк обвинителката Стефанова вели дека не отстапува од истрагата за случајот „Империја" за која, како што нагласи има цврсти докази.По вчерашното приведување на Бојан Јовановски и Зоран Милевски во јавноста се појавија и, за сега неофицијални информации дека парите за рекет кои ги барал Боки 13 се од Орце Камчев и дека постои можност обвинителот од СЈО со кои преговарал да е токму шефицата на СЈО, Катица Јанева.За сега овие информации никој ниту ги потврдува, ниту ги демантира. 

пред 6 години

mile-janakieski

Јанакиески го прекинал штрајкот со глад, поради медицинската терапија

Миле Јананакиески го прекинал штрајкот со глад во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, по препорака на докторите, со цел да може да ја издржи терапијата.Бранителите на Јанакиески очекуваат за кратко време обвинителството да изрече поблага мерка за поранешниот министер Јанакиевски со која тој би заминал во куќен притвор. 

пред 6 години

BUJAR-OSMANI

Османи: ДУИ е против селективна правда

Бујар Османи во името на ДУИ вели дека се разочарани од тоа што се случи вчера со притворите за рекет и вели дека како партија се против селективна правда што лидерот на ДУИ Али Ахмети постојано го повторувал.- Ние сме против селективна правда. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, постојано го повторувал тоа, изјави денеска Османи, по апсењата вчера.За Специјалното јавно обвинителство Османи вели дека институциите треба да го истражат случајот, а долго најавуваниот ветинг е едно од решенијата за кое ќе зборува на лидерската која за во петок ја најави премиерот Зоран Заев на прес-конференција.

Македонија | пред 6 години

komisija

При претресите во текот на ноќта, прибран броен доказен материјал што допрва ќе се вештачи

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден до раните утрински часови работеше на прибирање на материјални докази поврзани со осомничените во случајот „Примање награда за противзаконито влијание“.Како што веќе обвинителството информираше, извршени се претреси во домот на родителите на првоосомничениот, во станот каде што престојувал, како и во просторијата што ја користел во едно правно лице, воедно извршен е претрес и во домот на второосомничениот, како и во возилата што ги управувале.При претресите прибран е броен доказен материјал што допрва треба да биде предаден на вештачење. Меѓу одземените предмети покрај два персонални компјутери и еден лап топ што ги користеле првоосомничениот и неговата асистентка, одземено е поголемо количество на брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички дела. Од второосомничениот се одземени повеќе лап топ компјутери, документација, мобилни телефони, УСБ стикови и мемориски картички , како и поголемо количество на оружје и муниција за кое дополнително ќе се утврдува дали второосомничениот го поседувал со дозвола.Со оглед на обемноста на материјалот , записниците за одземени предмети се уште се подготвуваат и во моментов обвинителството не може да соопшти детали.Воедно, обвинителството ја известува јавноста дека до овој момент надлежниот обвинител нема извршено разговори со други лица, за кои излегоа шпекулации во јавноста дека се повикани на информативен разговор во насока на расветлување на случајот.Во интерес на истражната постапка и спречување на шпекулациите во јавноста, обвинителството колку што дозволува истрагата континуирано ќе информира за преземените дејствија.  

пред 6 години

ok-vmro-dpmne

ОК ВМРО ДПМНЕ: Пред УНЕСКО предложија еден закон, пред пратениците во Собрание пратија друг

Зоран Заев и неговиот клан продолжуваат секојдневно да го понижуваат народот. Како што беше Заев осомничен за Поткуп, а Зоран судски реформатор, така советникот од ДУИ Усеини отвора Дивоградба, а „Нефи ИК“ се пријавува да руши дивоградби!Ова самоволие е намерно газење врз интелигенцијата на граѓаните.Заев најавува дека градењето на диво е сопрено, а негови градоначалници ги отвораат! (МЕРКО БЕШЕ И МИНИСТЕР НЕЛИ?Пред УНЕСКО предложија еден закон, пред пратениците во Собрание пратија друг!Тука градоначалникот прво вели немам капацитет за толку уривање, па се преброи на прсти! Толку од имплементацијата на препораките од УНЕСКО!Најавија УРИВАЊЕ , а на тендерот им конкурира ФИРМА КОЈА ГРАДЕЛА НА ДИВО!Почитувани, Објектот на Нефи Усеини, советник од ДУИ, е изграден на државно земјиште и во заштитен УНЕСКО појас. Откако почна да ја гради во март годинава, никој воопшто не се ни обидел да ја спречи дивоградбата, само му е испратено решение од Општина Охрид за рок од десет дена сам да ги урне конструкцијата и платформата. Ене го цел објект изграден, Рамиз Мерко, екс министер на Заев му го отвори, а сега конкурира тој да рушел дивоградби! Каква дрскост каква неспособност каква навреда од кланот на власт!Владата вметнува одредби со кои новиот Совет треба да одлучува со Бадентер- што е спротивно на Уставот, а згора на тоа во Советот да членува и еден надворешен претставник на предлог на министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, што е класично политизирање на тема која треба експерти да ја уредуваат.Почитувани, Вакво зафркавање со народ и со држава немало и ќе нема! Вакво самоволие и непочитување на елементарните морални норми од власта нема никаде!Македонија се соочува со девастација, најмногу морална. Дивоградбата на власт мора да замине, избори мора да се распишат, достоинството и обновата мора да започнат сега, се вели во соопштението од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Македонија | пред 6 години

tesla-kamion

(ВИДЕО) На автопат „Тесла“ камион снимен без возач

Пред извесно време на интернет се појави снимка од магистрала во Калифорнија, каде што, се чини, прототип на електрокамионот на компанијата Тесла, „семи“ се движи без возач зад воланот. Видеото сепак доби огромна популарност дури сега, а заедно со тоа корисниците обрнаа внимание и на фактот дека зад воланот на камионот нема возач.Можно е, сепак, тој впечаток да е резултат на случаен одраз во предното стакло, кој создал оптичка илузија. Всушност, возачот најверојатно си е на место.Доколку, сепак, од „Тесла“ на автопатот извадиле самоуправувачки камион без возач, тоа би значело сериозни проблеми за компанијата, во смисла на казни и можна забрана за патни тестови на самоуправувачките системи.Во продажба треба да излезат две модификации: „Standard“ со километража од 480 километри и „Long Range“ со километража од 800 километри со едно полнење. Tesla ветува дека ќе почне со производство на камиони до крајот на годината.https://twitter.com/spenceyou/status/1123635385832071168?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1123635385832071168&ref_url=https%3A%2F%2Flokalno.mk%2Fkamion-na-tesla-snimen-na-patot-bez-vozach-vo-kabina-video%2F

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Правосудството со најслаба оценка кај македонските граѓани

Правосудството со најслаба оценка кај македонските граѓани, а институцијата претседател на Македонија е со највисоко мислење кај испитаниците во анкетата на МКД.мк и агенцијата Маркет вижн.Речиси половина од анкетираните во истражувањето сметаат дека Специјалното јавно обвинителство не треба повеќе да постои. Голем дел од граѓаните сметаат дека земјата се движи во погрешна насока.Резултатите од анкетата  може да се видат на следниот линк. 

Македонија | пред 6 години

Capture-6

Арсовски: Сето она што го видовме вчера е само потврда дека во Република Македонија има огромна корупција и скандали

прашања. Во продолжение пшрашањата и одговорите...Прашање: Власта денеска излезе со став дека вчерашното апсење е потврда за тоа дека правната држава функционира и дека неселективно се пресметува со криминалот и со корупцијата. Каков  е ставот на опозицијата во врска со ова?            Одговор: Со вчерашното апсење се покажа дека во Република Македонија владее криминално политичко милје и се докажа сето она, односно се потврди сето она кое што го говореше ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период. Сето она што го видовме вчера е само потврда дека во Република Македонија има огромна корупција, има огромни скандали меѓутоа над овие луѓе треба да се бараат нарачателите. Ние имаме сериозен сомнеж дека нарачатели на сето ова се врвот на власта, односно врвот на СДСМ. Така да ова е уште една потврда дека во Република Македонија владее сериозна корупција, владее сериозно рекетарство, уцени и сето она што се случуваше во изминатиот период со СЈО се покажа дека било само инструмент за политички пазар. Било инструмент за уцени и личен интерес. И едноставно за уценување на сите оние луѓе кои што беа опфатени на оние снимки кои што беа во СЈО.            Прашање: Во петок е закажана лидерска средба, дали ќе присуствува опозицијата?            Одговор: Нашиот став во однос на лидерската средба е непроменет од однос на вчера. Ние како што рековме на лидерската средба прво и основно треба да се разговара за  предвремени парламентарни избори, а потоа за се останато, после таа точка. Ние веќе еднаш инициравме да се сретнат лидерите за ЕУ агендата, за реформите во Република Македонија меѓутоа тогаш Зоран Заев едноставно не сакаше и избега. Еве сега повторно бега од она главно прашање кое што го ставаме на маса, а тоа е како прва точка на лидерската средба да се разговара за предвремени парламентарни избори кои после сите скандали и се неопходни на Република Македонија. И она вчерашно апсење кое што се случи е само политички циркус се со цел да се покријат сите оние огромни скандали кои што изминатиот период ја нагрнаа власта односно директно го нагрнаа Зоран Заев за кој како што реков отвораме сериозен сомнеж  дека тој е можеби и врвот на целата пирамида. И тоа  треба да се истражи. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори за да Република Македонија излезе од оваа криза во која што моментов се наоѓа и која што е многу сериозна и со многу коруптивни, и секакви други скандали.            Прашање: Вчерашниот став на ВМРО-ДПМНЕ за лидерската беше дека органите на партијата ќе одлучат дали да се оди на таа лидерска средба односно ќе треба и тајмингот да се види дали Мицкоски е слободен. Сепак телефонот на Специјалната јавна обвинителка е одземен, нели е тоа доволна причина да се отиде на таа лидерска средба и да се наметне прашањето кое вие инсистирате?            Одговор: Видете, како што реков, во однос на терминот и локацијата за лидерската средба тоа органите на партијата ќе анализираат и ќе кажат согласно како што кажав агендата на претседателот. Во однос на лидерската средба на темите нашиот став останува непроменет и во однос по сите случувања кои што не само вчера, туку и претходно се случуваа ние затоа бараме прва точка на таа лидерска средба да биде разговор за  предвремени парламентарни избори, бидејќи во моментот парламентарни предвремени избори се неопходни да се стави крај на сето ова што се случува. Народот е револтиран, народот веќе еднаш му покажа црвен картон на Заев тоа беше на овие претседателски избори кои што изминаа за подоцна да прави политички пазар и така да победи но во моментов неопходни се предвремени парламентарни избори и тоа е нашето барање. На таа лидерска средба прво прашање по кое што ќе се  разговара да биде предвремени парламентарни избори.             Прашање:После вчерашните случување каде што и се одзема мобилниот телефон на Катица Јанева во јавноста каде што има сомнежи во случајот, каков е според вас кредибилитетот на СЈО?              Одговор: Видете кредибилитетот на СЈО не и во моментов и претходно беше таков каков што беше односно никаков и на најниско ниво. ВМРО ДПМНЕ и сите останати независни експерти и аналитичари оценуваа и укажуваа дека Специјалното Јавно обвинителство е само еден инструмент на СДСМ и на власта да може да се вршат уцени и да се прави политички пазари со одредени политичари или да се изнудува одредена корист од одредени бизнисмени и јавни личности. Со она што се случи вчера тоа само се потврди дека интегритетот на СЈО и на Катица Јанева која што неспорно е дека отсекогаш била блиска со СДСМ и со Зоран Заев е никаков и тоа е она што наназад со години ги следи Специјалното Јавно Обвинителство бидејќи таму не владееше односно не се спроведуваше неселективна правда туку напротив се спроведуваше селективна правда и еве како што гледаме не само што се спроведуваше селективна правда,  тоа било едно дувло каде што со сите оние снимки, со сите оние прислушкувани разговори  кои што едноставно можеа да се купат на тезги на пазари кои што беа расфрлани од Зоран Заев, се покажа дека биле користени, за рекет, за уцени, за изнуда од одредени луѓе. Сето она кое што го работеше СЈО во моментов паѓа во вода.             Прашање новинар: Премиерот Заев, вчера рече дека не размислува на предвремени избори или тие евентуални би можеле да се случат есен наредната година. До тогаш има прилично многу време, а вие секојдневно барате избори. Размислувате ли на некој нов начин да издејствувате, да извршите притисок, можеби со протести, можеби со деинституционализирање?              Одговор: Зоран Заев и во вчерашната своја изјава каде што кажа дека тој би разговарал за промена на изборен модел меѓутоа да не биде притисок да не биде предвремени избори, уште еднаш покажува дека бега од истите избори. Бега затоа што знае дека на следните предвремени парламентарни избори ќе биде поразен и тоа ќе биде поразен со огромен пораз кој што ќе му го нанесат граѓаните. Причината е јасна зошто ќе следи тој пораз. Тоа е поради неисполнетите, поради сите оние скандали во кои што беше вмешан тој самиот и во кој што беа вмешани сите негови функционери. Секој ден имаме различни и нови скандали, каде што гледаме дека се местат тендери, има двојни аршини, односно сите оние кои што се од СДСМ имаа предност во одредени функционирања на институциите. Има скандали каде како што гледаме биле вршени рекети, уцени. Така да сите тие скандали доведуваат до тоа дека Зоран Заев знае и е свесен дека неговиот рејтинг е паднат, на неговата партија рејтингот е паднат и дека на наредните предвремени парламентарни избори ќе биде поразен. Со тоа што да почекаме да видиме дали ќе има и дали ќе се разговара согласно нашиот услов за предвремени парламентарни избори, можеби ќе се предомисли Зоран Заев, ќе сфати дека ја нема довербата кај граѓаните, ќе објави парламентарни избори и мирно ќе си замине од власта за да може подоцна да се спроведе и правната држава и меѓутоа да се расчистат сите овие скандали. Но, доколку не се случи тоа во наредниот период ќе излеземе со конкретни точки од страна на органите на партијата, нормално Извршниот, а потоа и Централниот Комитет и потоа ќе ги кажеме нашите следни постапки. Сега да не избрзуваме, може ќе се вразуми после сите овие случувања да сфати дека треба оди од власта и да ја напушти власта во Република Македонија. 

Македонија | пред 6 години

tripunovski-pak

ВМРО-ДПМНЕ: Министерство за земјоделство по кој знае кој пат ги излажа земјоделците

Министерство за земјоделство по кој знае кој пат ги излажа земјоделците.Министерот Димковски најави дека до крајот на месецот земјоделците можат да подигнат картици за зелена нафта.Но, министерот заборави да каже дека со мерката само половина од земјоделците во Република Македонија можат да ја користат оваа мерка.Односно ја прашуваме власта зошто предвидува само 55.000 картички за зелена нафта, а во Македонија регистрирани се над 100.000 македонски земјоделци, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Дали со овој податок се отвора нов сомнеж како ќе се избира кој ќе земе картица и дали изборот ќе се врши во општинските организации на СДСМ.Исто така го прашуваме министерот зошто во оваа мерка не се опфатени и сточарите како категорија?Почитувани,Дополнителен проблем во врска со оваа мерка е неправична распределба  односно гледано по култури, на некои култури каде процентот на учество на нафтата е помал, а на други култури поголем во вкупните трошоци на производство односно цена на чинење им се дава иста субвенција.Како пример:За пченица потребни се 55 литри нафта/ха без жетва, или потребни средства за нафта по актулните цени 3.355 денари. Учество на нафта во цена на производство е 10% и со субвенцијата од 750 денари/ха. производната цена ќе се намали за минимални 3%.-За пченка потребни се 110 литри/ха без берба, или 6.710 денари за нафта по актуелните цени, нафтата учествува во производната цена и изнесува 19% и  со субвенцијата од 750 денари која што се дава производната цена ќе се намали за незначителен  2%.Слични и поразителни се процентите и кај луцерката, пиперот,јаболката каде намалувањето во производната цена ќе биде незначителен 1 %.Со овие пресметки се докажува дека мерката е козметичка и популистичка бидејќи се работи за минимално намалување на трошоците на производство кои се движат од 1 до 3% што преставува чиста симболична вредност и нема да има никаково влијание во конкурентноста на производството и нема да се покријат зголемените трошоци кои земјоделците ги имаат последниве две години.Почитувани,Ако навистина државата се грижеше за земјоделците како што вели, требаше да ја намали акцизата т.е. да ја врати на старо и со тоа би се постигнал вистински ефект кој би ги ставил во рамноправна основа сите граѓани на Република Македонија.А, со оваа мерка само уште еднаш се докажува дека СДСМ е лош менаџер и ќе доведе повеќе штетни отколку во корисни влијанија во земјоделскиот сектор, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

grubi

Груби: Со случајот „Рекет" се потврдува потребата за транспарентност, за ветинг посебно за обвинителите, судиите

Со случајот „Рекет" се потврдува потребата за транспарентност, за ветинг посебно за обвинителите, судиите, но и за сите тие што се зафаќаат со јавна служба вклучувајќи ги и политичарите, изјави денеска пратеникот Артан Груби од ДУИ.- Нашата држава се соочи со огромен проблем во 2015 година со објавувањето на бомбите. Јасно е дека имаше потреба од специјално обивнителство како инситутција, не како име која ќе добие надлежност за да се справи со снимките. Осговорноста што тогаш ја покаќаат 4-те најголеми партии формирарајки го СЈО се покажа дека била соодветна. Сега сме во процес на преговори за СЈО и постои потреба на институција која ќе гони висок профил на корупција, истакна Груби. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања