(ФОТО) Боки 13 приведен со чанта која чини 20.000 евра
Бојан Јовановски од синоќа е во 30 дневен притвор, откако беше уапсен на граничниот премин Богородица, обидувајќи се да ја напушти земјава. При апсењето од џипот биле земени сите лични работи на Боки 13, меѓу кои била и ташната „Биркин“ од брендот „Ермес“. Чантата синоќа привлече посебно внимание во моментот кога полицаецот ја носеше во судот, затоа што истата чини околу 20 000 евра.„Биркин“ е една од најскапите чанти во светот. Чантата го добила името по актерката Џејн Биркин. Сите парчиња чанти од овој бренд се произведуваат рачно.Најскапата „Биркин“ чанта е продадена на аукција во 2015 за 221.000 долари.
Македонија | пред 6 години