Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

bali-zemjotres

Силен земјотрес на островот Бали

Земјотрес со 6,1 степени по Рихтеровата скала утрово бил забележан јужно од индонезискиот остров Бали.Епицентарот на земјотресот бил 102 километри југозападно од главниот град во островот Бали и бил на длабочина од 100 километри.Се уште нема првични информации за евентуални материјални штети или жртви од земјотресот, ниту пак предупредувања за цунами.Американскиот геолошки завод забележал земјотрес со прелиминарна магнитуда од 5,7 степени.

Свет | пред 6 години

vreme

Облачно со врнежи од дожд

Според управата за хидрометеоролошки работи денеска не очекува претежно облачно време со повремен дожд и посвежо, особено на југозападот каде што ќе има пообилни врнежи од дожд проследени со повремени грмежи.Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, кој на западот краткотрајно ќе засилува.УВ индексот ќе биде помал и ќе изнесува 5.Дневните температури на воздухот ќе бидат значително пониски и ќе се движат во интервал од 15 до 25 степени.Во среда и четврток ќе се задржи стабилно и суво, а температурите брзо ќе се покачат. Кон крајот на неделава во попладневните часови повторно ќе има појава на локални врнежи и грмежи.

Македонија | пред 6 години

obvinitelstvo-2

Русковска: Имаме аудио и видео снимки, обележани пари нема

Јавната обвинителка Вилма Русковска по завршување на распитот за осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милески, изјави дека ОЈО поседува аудио и видео снимки за случајот, а дека нема обележани пари.Таа рече дека е одземен мобилен телефон на еден јавен обвинител, но дека не е вршен претрес во незјиниот дом. Извршен бил претрес во домот на Боки 13 и во неговата канцеларија од која е одземен комјутерот.Засега немало потреба обвинителката да биде изведена пред судија.„Телефонот е одземен за да ја видиме комуникација на јавен обвинител и првоосомничениот. Претрес не е направен кај ниту еден јавен обвинител и сега за сега нема причина зошто да бидат изведени пред судија“, рече Рускоска.

Македонија | пред 6 години

20190716011906

(ВИДЕО) Боки 13 до Русковска: Зборувате лаги

Бојан Јовановски доби 30 дневен притвор, а обвинителката Вилма Русковска веднаш по одредувањето даваше изјава со некои детали од истрагата.Додека зборуваше Боки 13 беше изведен од судот и требаше да помине токму покрај Русковска.„Се извинувам додека зборувате лаги што ве прекинувам“, рече тојhttps://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/2171290136313852/

пред 6 години

20190715204907

(ВИДЕО) Макрон се обрати на српски јазик

Францускиот претседател, Емануел Макрон се обрати на српски јазик на Калемегдан при посетата на Србија.„Господине претседателе, драги Белграѓани кои дојдовте во голем број ви благодарам на извонредниот дочек! Време е да кажам во име на својата земја Франција ве сака, како што ја сакавте вие нејзе. Франција никогаш нема да го заборави жртвувањето на српскиот народ, крвта која заедно ја пролеавме, солзите на мајките, прогонот, непресушната болка. Франција знае дека судбината на Европа е испишана на ова тво, заедно се боревме на солунскиот фронт. Мораме да изградиме мир, длабоко верувам дека Србија е во Европа и дека Европа не може без Србија во нејзе“, изјави Макрон.Макрон го повтори ставот дека Европската Унија треба да се реформира за да ја прими Србија. Вели дека ЕУ треба да се реформира за да биде подготвена да ја прими Србија.Тој е во дводневна посета на Србија.

Свет | пред 6 години

boki-13

Боки 13 ќе помине 30 дена во “Шутка” одлучи судот

Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13 предмалку со лисици на рацете излезе од Кривичниот суд во Скопје. Тој доби 30 дневен притвор.Попладнево Јовановски беше уапсен на граничниот премин „Богородица“ по налог на Јавното обвинителство Скопје.Боки 13 заедно со Зоран Милевски се осомничени за кривично делo „Примање награда за протизаконито влијание“, а Јовановски се сомничи и за перење пари бидејќи примените парични средства ги пуштил во оптек како легално стекнати.

Македонија | пред 6 години

boki-13

Боки 13 за малку ќе избегал од државава

Бојан Јовановски познат како Боки 13 кој денеска беше приведен за „Примање награда за протизаконито влијание“, и за перење пари за малку ќе избегал од државава.Боки 13 бил сопрен кај Гевгелија. Тој со џип во друштво на уште тројца пријатели, возел кон граница.Во џипот биле познати ТВ водителка и Тв водител и двајцата од националната телевизија чиј сопственик е осомничениот Боки 13.Во торбата на Боки 13 биле пронајдени 5000 евра во кеш. 

пред 6 години

koceec

(ВИДЕО) 30 дневен притвор за Кичеец

Бизнисменот Зоран Милески Кичеец со полициска придружба беше изнесен од Кривичниот суд и ставен во полициско комбе. Тој доби 30 дневен притворЗоки Кичеец е второосмничен во случајот во кој Бојан Јовановски познат како Боки 13 се товари за рекет од 1.5 милиони евра изнудени од познат скопски бизнисмен. Кичеец попладнево беше уапсен во еден скопски ресторан.Во Кривичниот суд се уште трае распитот врз првоосомничениот Бојан Јовановски.

Македонија | пред 6 години

velosipdska-pateka-2

Над 4.140 граѓани аплицираа за субвенции за велосипед во Град Скопје

Град Скопје соопшти дека денеска го затвориле вториот јавен повик за субвенционирање на купувањето велосипеди за 2019 година бидејќи се исцрпени предвидените финансиски средства.Над 4.140 граѓани се пријавиле за субвенционирање на купување на велосипед. Во првиот јавен повик биле пристигнати 3.472 барања, додека со вториот пристигнале над 670 барања.Од Град Скопје информираат и дека од утре (16.07), барања за субвенционирање на купени велосипеди нема да се примаат во архивата.Според јавниот повик Градот Скопје ќе го субвенционира купениот велосипед во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Скопје | пред 6 години

5-3

Која е вистинската причина за повлекувањето на Јанева, прашува Ванковска

Професорката Билјана Ванковска, објави статус на својот Фејсбук профил во кој вели дека не е доволно Јанева само да замине, туку и дека треба да се направи резиме на тоа колку пари фрливме во СЈО и какви резултати истото остави зад себе.„Станав таков скептик и циник што дури и на апсењето на Коки и оставката на Кејти гледам со сомнеж (особено, второво). Ако е некаква сатисфакција, тогаш барем еден новинар покажа дека и како поединец можеш да извршиш јавен притисок врз институциите. Сепак, проблемите што ги имаме не се кадровски, туку системски - а тоа потешко се менува. Без секого се може и секогаш ќе се најде замена на штрафот во машинеријата...Многу сакам да грешам.Заминувањето на Јанева можеби ќе отвори простор за објективна проценка што се' НЕ направи оваа од почеток видливо неспособна жена. Не е доволно само да замине, туку и да се направи резиме: колку пари фрливме во СЈО, зошто од неук правник направија икона, какви резултати остави зад себе и како понатаму?П.С. После деталите од денешните апсења, се отвораат уште посериозни дилеми околу вистинската причина за повлекувањето на Јанева. Истрагата е во тек“, напиша Ванковска на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

МВР врши претрес во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва по налог на Основното Јавно Обвинителство врши претрес во домот на Катица Јанева која денеска поднесе оставка, пишува Канал 5.Засега од ОЈО не откриваат повеќе информации дали претресот во куќата е поврзан со денешното приведување на Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец.

Македонија | пред 6 години

382730

Полиција влезе во домот на Катица Јанева, се очекува приведување, тврди Неделковски

Новинарот Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека во моментов полицијата врши претрес во станот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.„Најнови вести. Ексклузива:1. Во овие моменти полиција е влезена во станот на Катица Јанева во Скопје. Се очекува привефување и 30 дневен притвор.2. Сопатник на Боки 13 на граничниит премин Богородица била Лила Филиповска. По апсењето на Боки 13, таа останува во Фламинго плачејки и со лекарства за смирување.3. Најдоцна до утре се очекува приведување на уште два обвинитела од СЈО (едно машко и едно женско лице, македонец и албанка) за рекет над Томче НОЕЛ од 600.000 евра.4. Има уште еден случај кој е жежок, а се работи за судија во Основен 1, поранешен портпарол на судот. Се работи за рекет од 250.000 евра“, стои во објавата на Фејсбук

Македонија | пред 6 години

Boki-13-Bojan-Jovanovski

Се врши претрес во домот на Боки 13

Полицијата врши претрес во домот на родителите на Бојан Јовановски познат како Боки 13, во скопската населба Тафталиџе.Пред семејната куќа на Јовановски има полициско возило.Попладнево тој беше уапсен на граничниот премин по налог на Јавното обвинителство Скопје.Боки 13 заедно со Зоран Милевски се осомничени за кривично делo „Примање награда за протизаконито влијание“, а Јовановски се сомничи и за перење пари бидејќи примените парични средства ги пуштил во оптек како легално стекнати.За двајцата до судија за претходна постапка е поднесено барање за определување мерка притвор.

Македонија | пред 6 години

boki-13

ВИДЕО: Боки 13 со лисици спроведен во кривичен

Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13 предмалку со лисици на рацете беше донесен во Кривичниот суд во Скопје.Попладнево тој беше уапсен на граничниот премин по налог на Јавното обвинителство Скопје.Боки 13 заедно со Зоран Милевски се осомничени за кривично делo „Примање награда за протизаконито влијание“, а Јовановски се сомничи и за перење пари бидејќи примените парични средства ги пуштил во оптек како легално стекнати.За двајцата до судија за претходна постапка е поднесено барање за определување мерка притвор.

Македонија | пред 6 години

obvinitelstvo-4

Јовески: Поддржувам процес на ветинг во судството, треба да останат тие што се борат за правдата

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на новинарско прашање рече дека тој поддржува ветинг во судството.„Поддржувам таков процес, во кој во рамките на обвинителството и судството ќе останат чесните, ќе останат тие што се борат за правдата, тие што имаат неселективна примена на законот, јавни обвинители и судии со свој интегритет, нагласи Јовески. 

пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев на средба со ССМ: Потребно е унапредување на работничките права

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со делегација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) претставници на синдикатите, членки на ССМ, предводена од претседателот Дарко Димовски.Владината прес-служба соопшти дека учесниците на состанокот го поздравија напредокот на социјалниот дијалог меѓу синдикатите, работодавачите и Владата како движечка сила за зголемување на економскиот просперитет и заклучија дека е потребно понатамошно унапредување.-Премиерот Заев истакна дека Владата на Македонија останува цврсто на определбите да биде партнер во социјалниот дијалог, давајќи значаен придонес за унапредување на правата на работниците во соработка и партнерски однос со синдикатите и работодавачите. Во рамките на состанокот се отвори дебата за состојбите со кои се соочуваат синдикатите и беше истакната поддршката на државата за Општите колективни договори за стопанството. Се разговараше за потребата од исплата на регрес за годишен одмор и за јавната администрација, како и за покачување на платите на работниците, се наведува во соопштението.Заев истакна дека  улогата на синдикатите е да бидат будно око за правата на работниците и подвлече дека Владата работи на мерките за обезбедување поголема сигурност и подобрување на животниот стандард на работниците, како партнер во социјалниот дијалог заедно со Синдикатот и работодавачите.-Позитивно беше оценет напорот на ССМ да се вклучи во процесот, со свои сугестии за прашањата од сферата на трудот и од нивна страна беше поздравено претходното зголемување на платите на вработените во здравството и културата, информира владината прес-служба.

Македонија | пред 6 години

boki-13

(ФОТО) Боки 13 со лисици донесен во суд

Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13 предмалку со лисици на рацете беше донесен во Кривичниот суд во Скопје.Попладнево тој беше уапсен на граничниот премин по налог на Јавното обвинителство Скопје.Боки 13 заедно со Зоран Милевски се осомничени за кривично делo „Примање награда за протизаконито влијание“, а Јовановски се сомничи и за перење пари бидејќи примените парични средства ги пуштил во оптек како легално стекнати.

пред 6 години

Нема фотографија

Полицијата врши претрес во 1ТВ

Полицијата моментално врши претрес во зградата на 1ТВ, чиј сопственик е Боки 13 кој попладнево беше уапсен на граничниот премин по налог на Јавното обвинителство Скопје.Боки 13 заедно со Зоран Милевски се осомничени за кривично делo „Примање награда за протизаконито влијание“, а Јовановски се сомничи и за перење пари бидејќи примените парични средства ги пуштил во оптек како легално стекнати.

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva

Геровски вечерва со ексклузивни детали за Боки 13 и Катица Јанева: Дали популарниот обвинителот е мозокот на операцијата?

Новинарот Бранко Геровски најави дека вечерва на „Плусинфо“ ќе објави ексклузивни детаљи за тоа како се поврзани Катица Јанева, Боки 13 и Зоки Кичеец. „Дали популарниот обвинителот е мозокот на операцијата? Дали станува збор за еден или за двајца обвинители? Дали станува збор само за рекет, или и за злосторничко здружение? Што уште треба да покаже и докаже обвинителката Вилма Русковска?“, пишува Геровски, најавувајќи дека одговори ќе даде во нова колумна. Инаку, Геровски изминатите месеци пишуваше за ректерска банда, каде преку севдоними објаснуваше како моќници рекетирале бизнисмени. Во интервју на 1ТВ, Бојан Јовановски познат како Боки 13 призна дека тој е „Коки“ за кој пишува Геровски, но негираше дека рекетирал.

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478-1

Геровски пишува: Сведокот две години бескрупулозно рекетиран, но храбро одлучил рекетарите да ги „врзе“ во крпче!

Жртвата на милионскиот рекет и на монтировките на обвинителот ментор на двајцата рекетари, решава да стави крај на агонијата. Со посредство на една пријателска земја, за извршениот рекет се обезбедени многу цврсти, практично несоборливи докази. Нема веќе бегање! „Ова нема врска со владата, ова е работа на поединци“, категорично вели жртвата. Но, дали станува збор само за еден или за двајца обвинители? Кој е мозокот на операцијата? Дали има само рекет и иануда, или и злосторничко здружување?Без намера да ѝ наштетам на истрагата што денеска ја објавија обвинителите Љубомир Јовески и Вилма Русковска, по апсењето на две лица што ја возбуди јавноста, преземајќи обврска да ја испочитувам презумпцијата на невиноста на осомничените, но и со јасна намера да не го соопштам идентитетот на сведокот-жртва, ќе ви раскажам детаљи за милионскиот рекет за кој денеска стана збор. Тие информации ми се познати веќе извесно време, но се воздржував јавно да ги соопштам, токму со цел да не ѝ наштетам на истрагата, објави plusinfo.mk.Во продолжение на својата колумна новинарот Бранко Геровски пишува:Жал ми е што пак ќе раскажувам без конкретни имиња – овој пат и без псевдоними – но мислам дека читателите лесно ќе разберат за кого станува збор. За идентитетот на двете приведени лица веќе јавно се говори. Можеби и официјално ќе биде потврден уште вечерва. Сведокот е македонски бизнисмен, кој во случајот е жртва на нивните рекетарски притисоци. Според обвинителката Русковска, тој на рекетарите веќе им исплатил околу 1,5 милиони евра. Рекетарите се пријатели со еден познат, популарен и јавно воспеван јавен обвинител, од кого се очекуваше да ја донесе правдата во Македонија. Моите информации се дека тој, всушност, е мозокот на операцијата, но тоа допрва треба да се докаже.Имам и други информации, за кои истрагата веројатно води есап. Освен обвинителот, за кој по втор пат тврдам дека е мозокот на операцијата, во случајот е заплеткан уште еден друг обвинител, но од истото обвинителство. На двајцата рекетари им помагаат и видни политички личности (кој ме читал, знае кои се), но и личности од јавниот живот. Некои со знаење што всушност се случува, некои можеби наивно. Да не ги заборавиме и нив. Моите информации се дека обвинителката Русковска лесно, по дифилот всушност, ќе докаже дека во случајов освен рекет и изнуда, имаме и злосторничко здружување. Едно многу опасно злосторничко здружение е тоа, почитувани читатели, против кое борбата мора да продолжи со засилено темпо, објави plusinfo.mk . Текстот во целост на: plusinfo.mk

Македонија | пред 6 години

siluvanje

Тетовец извршил обљуба врз 15-годишно девојче

Петнаесетгодишно девојче доцна синоќа, 15 минути по полноќ, заедно со нејзините родители, пријавило во Секторот за внатрешни работи Тетово дека врз неа била извршена обљуба.Како што соопштија денеска од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово, во пријавата се наведува дека 22-годишен тетовец, со кого била во љубовна врска ја извршил обљуба врз неа на 11 јули, годинава околу 21 часот, во нивниот дом.Пријавениот бил повикан во Полициската станица Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

nefi-useini-otvoranje

Советникот Усеини се пријавил да урива дивоградби во Охрид

Две фирми се пријавиле на тендерот за уривање на дивоградби што го распиша Општина Охрид. Отворањето на понудите се изврши денеска по електронски пат, а имињата на фирмите не се соопштуваат, за да не се наруши постапката, информираат од општината. Од локалната додаваат дека тендерот е успешен затоа што е исполнет еден од условите, а тоа е да има пријавени заинтересирани фирми. Согласно критериумите на тендерот, надлежната општинска комисија наредните денови ќе врши евалуација на пристигнатите понуди, по што ќе следи јавно наддавање, односно е-аукција. Тендерот ќе го добие фирмата која ќе понуди најниска цена.Но, и покрај тоа што општината не ги открива имињата на фирмите пријавени на тендерот за уривање на дивоградби, дознаваме дека една од двете компании кои доставија понуди е и фирмата на советникот Нефи Усеини, сопственик на дивоградбата пред чинарот која деновиве крева многу врева во јавноста.Само за потсетување Усеини пред неколку дена приреди свеченост со огномет за отворањето на пицеријата дивоградба.Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски е неколку наврати кажа дека сите дивоградби во Охрид ќе бидат урнати. Тој потенцираше дека и дивоградбата на Усеини ќе биде отстранета веднаш штом се создадат услови. Како една од причините за досегапшното непостапување беше наведнео и тоа дека се уште не е избрана фирма за уривање.И архитектите и планерите апелираат дека дивоградбите од ваков карактер директно се косат со препораките на Унеско. Ако се случи фирмата на Усеини да победи на тендерот, што ќе биде познато многу брзо, тоа ќе значи дека тој сам ќе треба да си ја урива својата дивоградба за што општината Охрид ќе плати пари на неговата компанија.Компанијата Нефи ИК е основана во јануари 2010 година. Минатата година имала нето добивка од 305 илјади евра, а во 2017 година истата компанија имала добивка од 18,8 илјади евра. Тоа значи дека Усеини за една година имал зголемување на добивката за 1,520 проценти. Компанијата на советникот Усеини – изминатите години активно соработувала со охридските и струшките јавни претпријатија, за што има инкасирано неколку стотици илјади евра.

Македонија | пред 6 години

zemjotres

Слаб земјотрес почувствуван во Пехчево

Земјотрес ја стресе Источна Македонија.На 8 км од Пехчево денеска е регистриран земјотрес со јачина од 2.9 степени.Земјотресот бил на длабочина од 10 км.

Македонија | пред 6 години

sela

Села ја прифати поканата на Заев за лидерска средба

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села ја прифати поканата на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев да учествува на лидерска средба во петок.„Добро е што премиерот почнал да ја чувствува вистинската сила на Алијансата за Албанците. Отсекогаш сме мислеле дека вакви лидерски средби треба почесто да се свикуваат кога станува збор за чувствителни државни прашања. Ќе ја прифатиме поканата и сигурно ќе учествуваме во неа со наши предлози и идеи за прашањата за кои ќе се дискутира“, стои во информацијата испратена од Кабинетот на Села.

Македонија | пред 6 години

akademik-10

Ката ќе се врне уф Гевгелија, а дава оставка истиот ден кога Боки го апсат за рекет, вели адвокатот Митровски

Адвокатот Јанаки Митровски, по оставката на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и апсењето на Боки 13 се огласи на својот Фејсбук профил.„Иако претходно тврдеше дека нема, Катица дава оставка БАШ во истиот ден кога го апсат Боки под сомнение за рекет. А дел од медиумите пишуваа, а и логиката налага дека само човек од внатре може да им ги продуцира бомбите на рекетариве. Ни на сон не би сакал да верувам дека тоа е причината за оставката, но ајде да видиме. Како и да е, Ката ќе се врне уф Гевгелија. Пак да ми ја тргаш емисијата од тв“, напиша Јанаки на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања