Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

zoki-kiceec

Русковска бара притвор за Боки 13 и Зоки Кичеец, на ред е судот

Првиот човек на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, побара мерка притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски, кои попладнево беа уапсени.Русковска на прес-конференцијата рече дека во предлогот кој го доставиле до судот детално образложиле зошто бараат притворДвајцата се осомничени за кривично дела „Примање награда за протизаконито влијание“, а Јовановски се сомничи и за перење пари.

Македонија | пред 6 години

zoki-kicheec-boki-13-960x564

Боки 13 и Зоки Кичеец барале 8 милиони евра за да запрат истражна постапка против бизнисмен

Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, користејќи ја блискоста со јавен обвинител ветувал на познат бизнисмен дека ако му плати 8 милиони евра, ќе ја запре истражната постапка која се водела против него. На Јовановски му помагал бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец. Двајцата се сомничат за дело „Примање награда за протизаконито влијание“.„Од месец ноември 2018 до месец април 2019 година првоосомничениот искористувајќи го своето влијание врз јавен обвинител влијаел да се изврши дејствие со кое во истражна постапка ќе се олесни положбата на едно осомничено лице во таа постапка, а второосомничениот придонел со тоа што договарал континуирани средби и воспоставувал меѓусебен контакт меѓу првоосмничениот и осомничениот во таа постапка и лично со осомничениот. На средбите осомничените ги увериле сведоците во влијанието на првоосмничениот врз јавниот обвинител и за посредувањето во два наврати примиле еден милион и петстотини милиони евра“, соопшти Вилма Русковска.На средбите меѓу Јовановски, Кичеец и сопругата на бизнисменот, а некогаш и бизнисменот, било договорено да се исплати 5 милиони евра за „да се изнајдат олеснителни околности“ во постапката против него. Јовановски и Кичеец, од бизнисменот успеале да земат само еден милион евра.„При овие средби, од сведокот биле побарани 8 милиони евра за да се запре истражната постапка, а доколку постапката не се запре, тогаш во насока на изнаоѓање олеснителни околности, сведокот требало да исплати 5 милиони евра, со тоа што веќе дадените еден милион евра во вториот наврат влегувале во тој износ. Останатите 4 милиони евра било договорено да се исплаќаат на рати. Откако осомничените се посомневале во доверливоста на средбите и можноста за откривање на кривично правниот настан, повеќе не остварувале средби со сведокот во таа насока“Со средствата кои Јовановски ги земал, плаќал одмори, купувал облека и други предмети. Обвинителството го гони и за кривично дело „перење пари“ бидејќи примените парични средства ги пуштил во оптек како легално стекнати.

Македонија | пред 6 години

zoran_zaev_obrakanje

Судиите и обвинителите ќе се спасат од ветинг бидејќи недостасуваат овие кадри

Судиите и Обвинителите ќе се спасат од ветинг. Премиерот Заев вели дека процесот засега не може да се спроведе бидејќи недостасуваат овие кадри. Според систематизација, во државата се предвидени 750 судиски места а моментално се пополнети 520, вели Заев.„Ако процесот прочисти уште 300, на две години се продуцираат по 19 судии и обвинители. Немате начин како да ги пополните. Пример, ако кажеме дека 200 не ги исполнуваат условите, ќе остане државата со 320 судии од 750 проектирани како потреба, тогаш ќе навлеземе во други видови на проблеми.Распуштање со право на реизбор беше нашиот став за судството. Едната причина е со европските партнери кога разговаравме, побараа лична одговорност, а не колективна. Втората причина е ресурскиот капацитет. Како да се пополнат испразнетите судски и обвинителски места , ако дел од судиите заминат по ветингот“, рече Заев.

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva

Јанева се обиде да го надвладее криминалот, па се сопна и падна

На 16 септември 2015 година Катица Јанева ја даде својата свечена заклетва пред Советот на јавните обвинители. Тоа беше финалниот чин на избор на првиот македонски „специјален обвинител“ чија примарна задача е да ги истражи и да ги изведе пред лицето на правдата сите одговорни за скандалот за незаконското прислушување во земјата, но и да ги гони сите за кои има сомнеж дека сториле кривично дело од содржината на прислушуваните разговори. Зад изборот на Јанева и нејзиниот мандат застанаа четирите најголеми политички партии во тој момент, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како владејачки и СДСМ и ДПА како опозициски партии. Претходеа неколкумесечни преговори со посредништво на меѓународната заедница, објави alsat-m.tv.Но, поддршката бргу ја снема и Јанева се соочи со првите сопки.На почетокот на декември, тогашниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски и ги прати сите предмети кои ги водеше редовното обвинителство поврзани со прислушуваните разговори. На крајот на декември, опозициската СДСМ ги предаде сите прислушувани разговори. Со тоа, речиси четири месеци по стапувањето на функцијата, СЈО конечно доби „материјал“ за работа.Точно две години подоцна, на една рака се бројат предметите за кои има правосилна судска пресуда од предметите на СЈО.Мандатот на Катица Јанева истекува на 15 септември годинава, односно за два месеци. Ако до тогаш не се избере нов обвинител или не се смени законот, нема кој да ги застапува предметите на СЈО.Текстот во целост на: alsat-m.tv 

Македонија | пред 6 години

boki-13-1-800x565

1ТВ: Русковска ни кажа дека Боки 13 не е уапсен

„1 ТВ“ по апсењето на нивниот сопственик Бојан Јовановски, пишува дека шефицата на обвинителството за организиран криминал, Вилна Русковска, рекла дека Боки 13 не е уапсен, туку задржан на граница.Деталите за случајот со Јовановски треба бидат соопштени на прес-конференција која се одржи попладнево.„Од менаџментот на телевизијата се следи развојот на настаните и во согласност со официјалните информации, известувањата ќе бидат дистрибуирани до јавноста“, велат од 1ТВ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и моторцикл, возачот на мотоциклот во болница

На 14.07.2019 во 22.15 часот  на ул.„Македонија“ во Злетово, пробиштипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Х.З.(41) од Злетово и мотоцикл „Лифан“ без регистарски ознаки, управуван од Ф.К.(20) од с.Ратавица, пробиштипско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој бил пренесен во Клиничката болница Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Пробиштип.

Македонија | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Јанева ќе бараше нов мандат, а поднесе оставка - зошто?

Шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева поднесе оставка, која ќе се активира кога партиите ќе се договорат за нејзиниот наследник и ќе го донесат новото законско решение, пишува ИРЛ.МК„Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја“, пишува во соопштението од Катица Јанева.Во оставката се наведува дека и’ било чест што и’ служела на државата и била на чело на исклучително професионален обвинителски тим со кој испишале историја.Повлекувањето на Јанева е изненадување, со оглед дека таа во интервју за „Независен весник“ во април годинава најави дека планира повторно да конкурира за специјален јавен обвинител.„Јас ќе конкурирам доколку се изгласа новиот закон за јавно обвинителство, односно на конкурсот за избор на специјален јавен обвинител. На тоа имаат право сите обвинители што ги исполнуваат условите предвидени со предлог- законот. Сметам дека ги исполнувам условите и ќе поднесам документи. Нема да се откажам. Секако, јас не можам да влијаам врз изборот, тоа е работа на Советот на јавни обвинители“, изјави Јанева за „Независен весник“.

Македонија | пред 6 години

QQHy3-tocka-223816

Мицковски: 1ТВ нема екслузивни снимки од апсењата на сопственикот. Никаква професионалност да се имало значи.

По апсењето на Бојан Јовановски познат како Боки 13, новинарот Ивор Мицковски се шегува на сметка на 1ТВ каде како сопственик се претставува уапсеното лице.https://www.facebook.com/ivor.mickovski/posts/10157650964761042https://www.facebook.com/ivor.mickovski/posts/10157650959376042https://www.facebook.com/ivor.mickovski/videos/10157651004386042/ 

Коментари | пред 6 години

Нема фотографија

Приведено едно лице - превезувал огревно дрво без потребните документи

На 14.07.2019 околу 07.00 часот на локалниот пат за тетовското село Горна Лешница полициски службеници запреле возило без регистарски ознаки, управувано од 59-годишниот Ф.З. од ова село, a кој превезувал огревно дрво без потребните документи. Возилото и дрвата со потврда му се одземени, а Ф.З. бил лишен од слобода и приведен во Полициското одделение Групчин.

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Катица Јанева поднесе неотповиклива оставка во СЈО

Специјалното јавно обвинителство известува дека пред неполни 15 минути првиот човек на специјалното обвинителство Катица Јанева поднесе неотповиклива оставка.„Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за Специјален Јавен Обвинител, себеси и на граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата Специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклутелно тешки околности и целосно свесна за задачата која ми е дадена. Чест ми беше да и служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим, истражителски тим и тим на вработени кои безрезревно и посветено ги извршуваат своите работни задачи. Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја. Ја депонирам мојата оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник. Дозволете, јавно да се заблагодарам на целиот тим на Специјалното јавно обвинителство со кој испишавме историја. Треба да бидеме горди затоа што претставуваме симбол за бескомпромисна борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција. Ја користам приликата да се заблагодарам на сите граѓани и на медиумите кои со довербата во нас и поддршката која ја даваат се ветер во грб за одговорната работа која ја вршиме. Бев и ќе останам подготвена да се борам за подобро утре на сите граѓани на Република Северна Македонија.“ - стои на сајтот на СЈО.

пред 6 години

kosta-intervju

Георгиески до Ѓоковиќ: Честитки за големата победа и ве очекуваме во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески го покана Ѓоковиќ во Охрид. Георгиески на ФБ напиша:Почитуван Novak Djokovic, во мое име и во името на граѓаните на Охрид, Ви ја честитам вчерашната голема победа во финалето на Вимблдон. Ви посакуваме уште поголеми спортски достигнувања и успеси во иднина и Ве очекуваме во Охрид, напиша Градоначалникот Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.326540667951543/408268063112136/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

zoki-kiceec

Попладнево пресс конференција на која ќе се соопштат детали за апсењето на Боки 13

Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија за попладнево најави прес-конференција на која ќе соопшти детали за апсењето на сопственикот на „1 ТВ“, Бојан Јовановски, алијас Боки 13. На прес-конференицјата се очекува да биде соопштено за што е побарано апсењето.

пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Геровски по апсењето на Боки 13: Ги повикувам жртвите на рекет да отворат уста

Ова е прв одлучен и жесток упдар против „бомбашкиот рекер“, вели новинарот и уредник Бранко Героски откако излезе информацијата за приведувањето на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Зоки Кичеец.Како што веќе објавивме, според информации од истрагата, приведувањето е за случај за рекет.– Акцијата на органите на прогонот е прв одлучен и жесток удар против „бомбашкиот рекет” во Македонија. Иако се уште ги очекивам детаљите од истрагата, се сомневам дека тоа е причината и за оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева. Како што е познато, јас веќе со недели водам своевидна медиумска војна со ова зло, поради што бев изложен на многубројни навреди и атаци. Сето тоа ќе се заборави. Сега ги повикувам жртвите на случаите на рекет и изнуда храбро да сведочат и да му помогнат на Обвинителството да го документира случајот. Доста молчевте, господо бизнисмени, додека безобѕирно ве толчеа. Со или без путер на главите, време е да пеоговорите. Апелирам и моите колеги новинари да го прекинат заветот на молчење. Отворете уста, колеги, време е. Ајде нека дојде сега до израз вистинското истражувачко нивинарство. Првиот што ќе се охрабри јас лично ќе го предложам за европската награда за истражувачко новинарство – вели Героски.Тој на Плусинфо објави низа колумни во кои пишуваше за случаи на рекетарство од лица од медиумскиот бизнис и политичари од владејачките структури, по што Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага по допрен глас. Героски во неговите колумни пишувше за „Коки“ и „Кики“, измислени имиња за вистински ликови кои вршат рекет и уцени.

Македонија | пред 6 години

dimce

Арсовски: Ќе одиме на лидерска средба само ако се разговара за предвремени парламентарни избори

Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната пресс конференција одговараше на новинарски прашања. На прашањето Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифати лидерската средба? Арсовски вели:            Одговор: Во однос на лидерската средба веќе и претседателот  Мицкоски се изјасни. Ние сме децидни дека на таа лидерска средба како прво и единствено прашање мора да се разговара како прва точка за предвремени парламентарни избори. Во однос на денот и времето и локацијата, дополнително ќе биде анализирано во органите на партијата и ќе биде одлучено согласно агендите на претседателот и временските можности.            Прашање: темите кои ги предлага Заев се, Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик и Пописот. Какви се ставовите на вашата партија во однос на ова, имате ли некој конкретни предлози што би требал да биде направено?            Одговор: Видете, штотуку ви го кажав во одговорот на првото прашање за  конкретниот предлог за  лидерската средба дека најпрво на таа лидерска средба мора да се разговара за предвремени парламентарни избори, а веднаш потоа може да се разговара за се останато. Значи прва и единствена точка на разговор треба да биде предвремени парламентарни избори.Прашање: Одговор на прашање од колешка е очигледно дека нема расположение кај него за предвремени парламентарни избори?            Одговор: Кај Зоран Заев и во неговото денешно обраќање се виде дека нема расположение за избори и дека тој едноставно бега од избори со самото тоа што кажа дека може да се разговара за Изборниот модел, меѓутоа да не бидат притисок предвремените парламентарни избори. Со самото тоа тој покажува дека се плаши и бега од избори, од проста причина како што знаете целата јавност е сведок на големата корумпираност на неговото давење во скандали, на најкорумпираната влада во моментот, на наместени тендери, на лични провизии инт. Така што, единствен во моментот кој што бега од избори е Зоран Заев и тој самиот го потврди денеска уште еднаш тоа.            

Македонија | пред 6 години

zoki-kiceec

Уапсен бизнисменот Зоран Милески познат како Зоки Кичеец

Приведен е и бизнисменот Зоран Милески познат како Зоки Кичеец.Тој е близок со поранешениот директор на УБК Сашо Мијалков.  Милески е уапсен во еден скопски ресторан.Инаку на барање на обвинителството за организиран криминал, утринава е уапсен Бојан Јовановски, познат како Боки 13.

пред 6 години

dimce

Арсовски,: Во вторник самопрогласениот министер за финансии Заев, Македонија ќе ја задолжи за нови 15 милиони евра

Во вторник самопрогласениот министер за финансии Зоран Заев ќе го направи своето прво задолжување. Македонија ќе ја задолжи за нови 15 милиони евра. Но тоа што е скандалозно за ова задолжување е фактот што овој долг доспева за враќање после 30 години, цели три декади. Кога добро ќе се пресмета после триесет години ќе вратиме 15 милиони евра кредит плус 18,8 милиони евра камата, односно вкупно 33,8 милиони евра ќе не чини оваа катастрофална одлука на Зоран Заев, односно прва одлука за задолжување како самопрогласен министер за финансии, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Патем останува нејасно зошто се прави ова задолжување во услови кога Владата предводена од Зоран Заев не работи ништо, реализацијата на капиталните инвестиции е само 13,74% до моментот, нема ништо од ветените 600 километри автопат, нема нови болници, нема нови училишта, нема нови амбуланти, нема ништо ново реализирано како капитални инвестиции од ова влада на Заев.Ова е уште еден доказ дека Македонија со Заев не блеска, туку тоне се подлабоко и подлабоко со секој изминат ден.  Со изгубениот Заев, Македонија станува загубена држава. Со ваквите задолжувања Заев ќе ја покрива својата неспособност во делот на економијата. УЈП има собрано 50 милиони евра помалку од проектираното заради лошата кондиција на економијата и лошата кондиција на  стопанството. Бројот на вработени во индустријата е намален за 2,5% во споредба со ланската година. Владата доби огромна НУЛА од германските стопанственици. Стејт Депарментот посочува дека корупцијата во владините тендери ја уништува економијата и ги одбива странските инвеститори да дојдат и да инвестираат во Република Македонија како што тоа беше случај изминатите години. Транспаренси интернешнл ја сврсти државата полошо од афричките Свазиленд и Руанда по корумпираност. Ова е огромен показател дека Македонија е најкорумпирана земја со Зоран Заев, впрочем тоа го гледаме секој ден по медиумите.Сето ова покажува дека Заев не се задолжува за подобро на граѓаните и за генерирање на развој, туку економската политика му е купи ден помини. Се обидува да се задржи ден повеќе на власт за да овозможи некој нов крвав тендер или друг облик на лично богатење на некој владин функционер или на самиот себеси.Почитувани,Изборите се шанса оваа непогода наречена Заев да падне на избори и да заврши на темната страна на македонската историја и да ги ослободи граѓаните од неговата неспособност, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Galicica-Prespansko

Tрагедија: Едно лице се удави во Преспанско Езеро

Tрагедија во Преспанско Езеро. Денеска околу 11 часот, 72- годишно лице со иницијали Ѓ.Д. од Неготино, се удавило во Преспанското Езеро, дознава КУРИР. Од МВР за КУРИР ја потврдија оваа информација.Од таму велат дека се уште нема официјална потврда за името на починатото лице.Повеќе детали се очекуваат во текот на денот. 

Македонија | пред 6 години

Boki-13-Bojan-Jovanovski

Уапсен е Боки 13

Сопственикот на 1ТВ Бојан Јовановски познат како Боки 13 пред малку е уапсен на Граничниот премин по налог на Јавното обвинителство Скопје, објави Канал 5.

пред 6 години

pero-pak

(ФОТО) Тешка сообраќајна несреќа кај Тиват, загина познат црногорски пејач

Познатиот Црногорскиот пејач Перо Стефановиќ, попознат како Перо Трокадеро загина во сообраќајна неcpеќа денеска на Јадранската магистрала во населбата Селианово кај Тиват. Неофицијално несреќата се случила кога две возила  директно се судpиле. Со едно од возилата управувал Стефановиќ.Според српските медиуми во возењето на пејачот му се сл ошило и удpил во такси возило. Во сообраќајката никој од преостанатите патници не е повpеден.На лице место веднаш стигнала екипа на брза помош од Тиват, но не можеле да помогнат. Истрагата е во тек.

Свет | пред 6 години

sneg-alpi

Утрово на Алпите измерени 30 сантиметри снег

Необично многу снег на Алпите за овој период од годината. Но, италијанскиот метеоролошки портал 3Bmeteo објави прогноза со која за денеска се предвидуваа силни дождови и бури низ целата земја. Во објавата има и најава за многу ладен воздух што на високите области ќе донесе снег што е необично за ова време од годината.Имено, на Матерхорн утрово наврнале 30 сантиметри снег.https://www.facebook.com/severeweatherEU/photos/a.1423656947857402/2567344136822005/?type=3&theater

Свет | пред 6 години

stamenka-1

На младата Стаменка Трповска и треба наша помош

Младата Стаменка Трповска треба да собере 5.500 евра, за да го спаси својот лев колк.  Трповска се бори со овој проблем веќе четири години, а нејзиното семејство не е во состојба да ги подмири трошоците за оваа операција.Како што ни истакна Стаменка, од Воена болница била испратена во Државна болница, со цел да добие конзилијарно мислење за операција надвор од Македонија.Еве што напиша Трповска, на социјлната мрежа фејсбук:„Драги пријатели, некои од вас лично ме познаваат и лично знаат со каков проблем се мачам последниве неколку години. Бидејќи веќе не знам што да правам па решив вака јавно да се обратам и да побарам помош за мојот колк кој е во фаза на распаѓање т.е. поточно имам дијагноза коксартроза и синовитис која се заснова на рскавицата во колкот која е скоро целесно оштетена. Оваа агонија со константни болки и ограничување во движењето е макотрпна работа и од големите болки кои ги имам сум принудена да избегнувам било каква физичка работа. За истиот проблем да биде решен најдовме првиватно соодветна клиника во Србија која истото може по артроскопски пат да го реши за да не дојдам до менување и ставање на вештачки колк. Докторот Александар Црнобариќ е со позитивно мислење и соодветно решение на мојот проблем, воедно да не заборавам да напоменам дека е еден од најдобрите доктори на балканот за таа дијагноза. Инаку неговиот преглед беше детален и убаво објаснет за понатамошно лекување. Операцијата која ќе ја изврши лично тој чини 5500 евра во кои се состојат операцијата и постоперативен третман. Затоа драги пријатели ве молам вас за помош кој колку може да донира и конечно мојата агонија од претерано силни болки и големо ограничување во движењето да престане и да можам понатаму да живеам нормален живот.Брат ми неодамна почина, а татко ми не е финансиски способен да ми помогне, па затоа се решив вака јавно да побарам помош од вас.Телефони за донација:T - mobile 143 123За Вип наскоро ќе добијам бројчеЖиро сметка: 270700042513594со цел на дознака "донација за Стаменка"Споделувајте“https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2414097798915223&set=pcb.2414097855581884&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Горивата од ноќеска повторно поскапуваат

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите, повисоки максимални цени на горивата.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50ден/лит,  а на ЕУРОСУПЕР БС-98 72,50 денари за литар.  Лидат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 62 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51,50 денари за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемуваза 1,343 денари и килограм од тој енергенс ќе чини 36,081 денар.Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,35 проценти. 

Македонија | пред 6 години

konj-skopje-3

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Уште еден измачуван коњ почина сред Скопје

Вознемирувачки фотографии објавени на фејсбук страната на Ѕид на сообраќајниот срам. Коњ почина на сообраќајница во Скопје. И ова е едно од тие животни кои се измачивани, прегладнети и дехидрирани, едно од оние животни кои настрада поради впрегнатост во запрежна кола. И ова како и многу други за кои информираат медиумите е експлоатирано до максимум, поради што истото колабирало на улица.Инаку ова не е прв случај коњ да почини од премореност. Пред само 5 дена истото се случи на кејот од Вардар. И тогаш на социјлните мрежи се пишуваше дека починатото животно фрлено на кејот од Врдар било измачувано. https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2381717911914123&set=pcb.1631722966959127&type=3&theater

Скопје | пред 6 години

danska-policija

Во Данска уапсени 28 лица возеле електрични тротинети пијани и дрогирани

Данската полицијата уапси 28 лица во Копенхаген поради возење електричен тротинет под дејство на алкохол или наркотици.Во текот на последниот викенд 24 лица се уапсени, бидејќи возеле електричен тротинет под дејство на алкохол, додека другите четири лица се приведени бидејќи управувале под влијание на наркотици. Тие сега мора да платат казна во износ од 2.000 данскии круни, или 268 евра.Полицијата за оваа акција извести на својот официјален акаунт на Twitter, бидејќи во данската престолнина многумина се впуштаат во небезбедното користење на електричните тротинети. Овие превозни средства во Копенхаген станаа многу популарни откако сообраќајните прописи во градон им беа прилагодини. 

Свет | пред 6 години

euronews

„Euronews“ отвра регионално претставништво во Белград, договорот го носи Макрон

Српски „Блиц“, објави дека Телевизијата „Euronews“ доаѓа во Србија. Како што пишува порталот договорот веќе бил потпишан претходната недела, а извршниот директор на „Euronews“ Мајкл Питерс ќе биде во делегацијата со претседателот Емануел Макрон кој денеска пристигнува во Белград.Договорот бил потпишан пред една недела, но до вчера како што пишуваат српските медиуми не било возможно да се открие. 

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања