Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

1783741-670x377

ДУИ со услов до Заев: Бежовска во финансии, а Бесими за гувернер

Премиерот Зоран Заев за нова министерка за финансии може да ја именува само актуелната гувернерка на Народна банка, Анита Ангеловска Бежовска, а на нејзино место да биде именуван поранешениот министер за економија, Фатмир Бесими. Ова е условот што Демократската унија за интеграција му го поставил на СДСМ, по одлуката на Антикорупциска, премиерот да не може целосно да ја остварува и функцијата министер за финансии.Од ДУИ за весникот Коха велат дека очекуваат СДСМ да го почитува договорот од пред две години, за назначување на Бесими на чело на Народната банка на Македонија, бидејќи тоа било исто така и една од точките на договорот за владејачката коалиција.„Важно е дека ние не се откажавме од тоа, албански кадар, се разбра професионалец, да раководи со Народната банка на Македонија. Ова беше и една од точките кога беа поделени ресорите заедно со СДСМ, кога беше формирана владејачката коалиција”, велат за Коха од ДУИ.Весникот „Kоха“ дознава дека во СДСМ биле запрени обидите за именување на нов министер за финансии, бидејќи ДУИ го потсетил премиерот за функцијата гувернер.Сега, по одлуката на Антикорупциска дека Заев не може да биде и министер за финансии и премиер и кога потписот и печатот на Министерството е во рацете на заменик-министерката Ширете Елези, премиерот размислувал за ново име, со цел државната каса да биде во рацете на СДСМ.Анита Ангеловска Бежовска беше назначена за гувернер поддржана и од ВМРО-ДПМНЕ, по најавата на тогашниот претседател, Ѓорѓе Иванов, дека нема да ја поддржи кандидатурата на Фатмир Бесими за гувернер на НБСМ. Инаку, со формирањето на Владата, ДУИ не го криеше договорот за назначување на Бесими на чело на НБСМ, што беше потврдено и од премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Колку казни напиша МВР за брзо возење во Скопје?

Во периодот од 14.00 до 20.00 часот на 14.07.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење. Притоа, сторени се вкупно 92 прекршоци од страна на возачи на моторни возила, а откриени се и 34 останати прекршоци при што издадени се 28 прекршочни платни налози и шест мандатни платни налози. 

Скопје | пред 6 години

jove-kekenovski

Кекеновски: По се изгледа дека овој Мицковски е убеден дека овој народ ,,пие” нафта наместо вода

Професорот Јове Кекеновски жестоко го искритикува барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за 80 пратеника, бидејќи така ќе можел да го врати името. Тој вели дека Мицкоски го надминал и неговиот ментор, Никола Груевски, кој бараше 61 пратеник, за да наводно не биде уценуван од ДУИ.„Груевски бараше 61 пратеник за да не биде уценуван од ДУИ иако и откако ги доби постојано праваше непринципиелни отстапки кон нив само за да се одржи на власт.Неговиот наследник Мицковски сега бара 80 пратеника за да го врател името!? Истиот тој Мицковски кога се ,,продаваше” името немаше храброст и не сакаше да го повика народот да излезе на протести за да се стопира отпочнатата постапка во Собранието. Дополнително свесно одработи да се избере претседател на државата кој ја поддржа промената на името.Сега му текна со нова безочна и дрска манипулација да бара од граѓаните да му дадат 80 пратеници за да го врател името. Цццццццццц ваква девалвација на сопствениот народ немам видено од ниту еден политичар досега.По се изгледа дека овој Мицковски е убеден дека овој народ ,,пие” нафта наместо вода. Бетер бил од неговиот политички опонент З.З. и од неговиот ментор претходник, напиша Кекеновски. 

Македонија | пред 6 години

1-12

Вучиќ: Заев ми се извини што ме нарече „руски човек“, му одговорив „Поздрав друже“

Српскиот претседател Александар Вучиќ, говорејќи на ТВ Пинк, меѓу повеќето теми, се осврна и на последата комуникација меѓу него и македонскиот премиер Зоран Заев, околу случајот со руските пранкери.Како што наведе Вучиќ, Заев му се извинил откако медиумите го пренеле разговорот во кој македонскиот премиер кажал дека тој е руски човек.-Тој ми испрати извинување, ми испрати порака. Јас кажав поздрав друже, што друго да му кажам, дали сум руски човек или не? Горд сум што сум Србин и што се борам само за Србија и добро е познато дека јас не сум ниту американски ниту руски човек, и тоа е тежината на мојата позиција и затоа мал број луѓе ме сакаат на власт во Србија, бидејќи јас сум човек на Србија и на нашите граѓани и на нашиот народ, рече Вучиќ.Во врска со идејата за размена на територии на Косово, Вучиќ кажа дека „доколку некој му понудеше она за што Заев зборуваше, јас со двете раце тоа би го прифатил, но очигледно дека разговарал за тоа со некој кој малку знае за преговорите меѓу Белград и Приштина “.Српскиот претседател денес во Белград го пречекува францускиот претседател Емануел Макрон, кој исто така, како и премиерот Зоран Заев, беше цел на руските пранкери.

Македонија | пред 6 години

dimitrovmnrtur-696x506

Министерот за надворешни работи на Турција во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу денеска и утре ќе претстојува во официјална посета на Република Македонија.Како што соопшти турското МНР, Чавушоглу во Скопје ќе има средба со шефот на дипломатијата на Република Македонија Никола Димитров, како и со други официјални претставници.Тие ќе разговараат за билатералните односи, за можностите за зајакнување на соработката меѓу двете земји, како и за регионални прашања.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Денес нова цена на горивата во Македонија

Регулаторна комисија за енергетика утре напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата.Минатата недела бензинот поскапе за половина денар, а дизелот се намали за истиот износ.Еуросупер БС 95 во моментов е 69 денари, додека Еуросупер БС 98- 71 денари за литар, а од друга страна дизелот се продава за 61 денари по литар.Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство е 50,50 денари литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,110денари и килограм ќе чини 34,739 денари.Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,13 проценти.Останува утре да видиме дали не очекува зголемување или намалување на цените.

Македонија | пред 6 години

vucic-1-1024x683

Вучиќ: Се надевам дека Приштина нема да ја искористи посетата на Макрон за да направи инциденти и проблеми

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вели дека се надева оти властите во Приштина нема да го искористат присуството на францускиот претседател, Емануел Макрон, во Белград за да направат инциденти и проблеми, посочувајќи дека српските служби се информирани за сите потези.„Тие имаат проблем со северот на Косово, бидејќи мислат дека владеат во другите области, па затоа сакаат дефакто да го завладеат и тој простор“, рече Вучиќ во емисија на Пинк ТВ.„Кога реков дека ќе можеме да ги снабдиме нашите продавници, успеавме, и еден ден, за 10-15 години, ако не ме убијат и не ме запалат како што најавуваат, и ако моето здравје ми дозволи да дочекам пензионерски денови, ќе ви кажам како“, рече Вучиќ.Макрон денеска ќе допатува во дводневна посета на Србија.

Свет | пред 6 години

sah

Шаховски велемајстор уловен како користи телефон за време на турнир

Интернационалната шаховска федерација го суспендираше велемајсторот Игорс Раусис поради тоа што беше фатен како мами за време на турнирот одржан во Стразбур, Франција. Шахистот ги призна обвиненијата и понудил објаснување зошто го направил тоа.Летонско-чешкиот шахист Раусис (58) бил испратен пред дисциплинската комисија. Генералниот директор на шаховската федерација, Емил Сутовски, на Facebook напиша дека Раусис бил сомнителен подолго време и ова било само првиот чекор во борбата против мамење.Летонско-чешкиот шахист беше фатен како го користи неговиот смартфон за време на турнирот кој беше одржан во Стразбур. „Вчера го загубив умот. Нормално дека признав дека мамам, што друго можам да кажам? Бев изморен од утринскиот меч и го употребив смартфонот. Ова е добра лекција – можеби не за мене, бидејќи го одиграв последниот меч во кариерата, но добра за спортот“, изјави Раусис.Тој беше освојувач на велемајсторската титула во 1992 година. Станува сомнително неговото нагло искачување на ранг-листата во последните неколку години.https://twitter.com/AndreyDeviatkin/status/1107753865829593089?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1107753865829593089&ref_url=https%3A%2F%2Flokalno.mk%2Fshahovski-velemajstor-prizna-deka-mamel-na-turnir-so-pomosh-na-smartfon%2F 

Спорт | пред 6 години

sanela

Самохрана мајка од Лесковац почина од убод од стршлен, се се случило за миг

Жена од Лесковац починала по убод од стршлен, вчера во населбата Славко Злановиќ. Медиумите објавуваат дека Санела К. (36) ги собирала алиштата кои се сушеле на терасата од семејната куќа, кога била касната од стршлен, убод кој ја усмртил.Соседите раскажале дека слушнале дека вреска, по што настанал молк. Неколку минути подоцна слушнале дека починала.Бидете секогаш внимателни при казнување од стрешлен, не го игнорирајте каснувањето иако немате симптоми, затоа што може да се јават и после неколку часа и да доведат до смрт.Санела жиеела со своето малолетно дете и родителите.   

Свет | пред 6 години

tereza-mej

(Видео) Тереза Меј се изнаигра на хитовите на „АББА“

Британската премиерка, Тереза Меј, се забавуваше на музичкиот фестивал „Хенли“ во Лондон. Таа се изнаигра на песните од шведската група „АББА“. Најмногу ќеф ѝ направија „Денсинг квин“ и „Мама миа“.Меј заедно со сопругот и пријателите се појави во кралската ложа на фестивалот. Во ложата во која се наоѓала, како што пренесуваат британските медиуми, едно шише шампањ чинело 90 фунти.Меј пристигнала на фестивалот во придружба на телохранители.Како се забавува Терза Меј погледнете на овој линк. https://twitter.com/Simplenewsuk/status/1150392413917188096?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1150392413917188096&ref_url=https%3A%2F%2Fpressingtv.mk%2Fmagazin%2Ftereza-mej-densashe-so-hitovite-na-abba-a-potoa-sleduvashe-eden-rok-hit-video%2F 

Магазин | пред 6 години

droga-grcija

Во Грција уапсени Грк и Албанец, полицијата во возило им пронашла 100 килограми канабис

Во грчката област Теспротија полицијата заплени повеќе од 100 килограми канабис и уапси две лица, Грк и Албанец.Теспротија се наоѓа во близина на границата со Албанија, а полицијата ги уапси за време на рутинска контрола на возилото во кое се пронајдени 99 пакети канабис со тежина од околу 102 килограми.Како што пренесува весникот „Катимерини, уапсени се 40-годишен Грк и 36-годишен државјанин на Албанија, обвинети за трговија со дрога.Албанецот се соочува и со други обвиненија поради илегален влез во земјата бидејќи претходно му бил забранет влез во Грција.

Свет | пред 6 години

ali-ahmeti

Нова Бомба на Ел Чека, овој пат за функционери на ДУИ

Ел Чека синоќа објави нова аудиобомба, во која се зборува како се мecтaт тендери меѓу функционери на ДУИ. Фекри Ахмети (брат на Али Ахмети) и Муса Џафери во телефонски разговор зборуваат да нe ги изгyбaт тендерите во ТЕЦ Осломеј, и не само за таму, туку и за други места и разговараат како добивката ќе си ја дeлaт меѓусебно заедно со Фатмир Дехари,објави republika.mk.ФА: Како си, господине Џафери.МЏ: Добро сум. Ти?ФА: Те барам за Комисијава во ТЕЦ Осломеј, за тендерот…За Комисијата која одлучува за ТЕЦ, таму не треба да изгyбимe.Интересно е што овој разговор се споменува Сами Укшини, алијас Командант Соколи, кој е во зaтвop, објави republika.mk.Извор: republika.mk  

Македонија | пред 6 години

kupatilo-1

(ФОТО) Нуркачки центар „Akvatek“: Некој го реновирал тоалетот, па се исфрлил во Езерото

Деновиве многу е актуелно Охридското Езеро и неговата загаденост. Членовите на Нуркачки центар „Akvatek“ како големи вљубеници во Охридското Езеро, постојано апелираат да се внимава што се фрла во Езерото.Тие на социјалната мрежа Фејсбук објавија фотографии на кои се гледа како некој „паметен“ се досетил по реновирање на тоалетот се што му вишок да фрли во Езерото.– Некој си го реновирал тоалетот. Секоја чест, БРАВО, пишуваат од „Akvatek“.Додаваат дека локацијата е помеѓу „Сараиште“ и „Мостот на Желбите“, на околу 100 метри од брегот, на длабочина од 5 метри.https://www.facebook.com/AkvatekOhrid/photos/pcb.2198483896916475/2198478333583698/?type=3&theaterФотографиите се дело на Никола Паскали.

Македонија | пред 6 години

avion-tajland

(ВИДЕО) Во последен миг го пренасочи авионот за да не се урне во населено место

На социјалните мрежи се појави снимка направена од автомобил, на која се гледа како воен пилот од Тајланд во последен миг го пренасочува авионот, кој е пред уривање, за тој да не падне во населено место.Овој инцидент се случил во Тајланд, кога на авионот му откажал моторот. Пилотот на тајландското воздухопловство го насочил авионот кон густата шума, за да падне подалеку од градот и прометниот автопат, над кој прелетувал.Сепак, тој трагично починал во несреќата. Во авионот имало и помлад пилот кој се обучувал за летање, а тој успеал да преживее.

Свет | пред 6 години

struja-4

Дел од Ѓорче Петров денес без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека, заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, на ден 15.07.2019 година ( понеделник ),  без електрична енергија ќе останат:– од 10:00 до 13:00 часот,  корисниците од  ул. Ловќенска подулица бр. 2. ( Општина Ѓорче Петров ), информираат од Центарот за управување со кризи

Скопје | пред 6 години

bektesi

Бектеши во посета на Женева

Министерот за економија Крешник Бектеши од денеска до среда ја предводи делегацијата од Република Северна Македонија на Втората ревизија на трговската политика во седиштето на Светската трговска организација (СТО) во Женева во која нашата земја е членка од 2003 година.За време на посетата предвидени се билатерални средби на министерот Бектеши со Роберто Азеведо, генерален директор на Светската трговска организација (СТО), Изабел Дурант, заменик генерален секретар на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) и со амбасадорот Дагфин Сорли, постојан претставник на Норвешка во СТО и ЕФТА.

Македонија | пред 6 години

policija-1

24 сообраќајки изминатиот викенд во Скопје, едно лице загина

Едно лице загина, а три се потешко во четири од вкупно 24 сообраќајни несреќи што викендов се случиле на подрачјето на Град Скопје.Според податоците на СВР Скопје, полицијата викендот санкционирала 19 возачи кои управувале под дејство на алкохол, 55 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и пет почетници.Од сообраќај се исклучени 242 возачи поради поголема брзина од дозволената и 39 нерегистрирани возила.За непрописно паркирање се издадени 151 казна, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 97 возила.Казнети се 11 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, 14 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, седум за неправилно престројување, 10 за неправилно престигнување, девет за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторно возило и 25 за користење на мобилен телефон за време на управување на мототрно возило.

Скопје | пред 6 години

Pozar-02

Денес почнува кампањата за заштита од пожари

Дирекцијата за заштита и спасување од денеска до 15 август годинава на целата територија на државата ќе спроведува кампања за заштита од пожари. Ќе се едуцира населението за намалување на заканите од пожари со помош на едукативен прирачник и постери со чекори за заштита во случај на шумски пожари.– Кампањата ќе вклучува делење на прирачникот за намалување на заканите од пожари, како и поставување едукативни постери на централни локации во Град Скопје и на фреквенти места, на наплатните станици, на влез на националните паркови, на граничните премини, во сите градови низ државата каде ќе бидат вклучени и сите 35 подрачни единици на Дирекцијата за заштита и спасување, на излетничките места и места близу шумите, соопшти вчера на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски.Според него, целта на оваа кампања не е само да се делува превентивно, туку и едукативно, преку поттикнување на свеста на населението за сите можни ризици што ги носат пожарите како катастрофа.Кампањата е поддржана и од ЕВН АД Скопје, а секојдневно ќе се промовира на социјалните, ТВ и радио медиуми.Во рамки на кампањата, на 20 јули годинава во 18 часот на манифестацијата „Самерленд“ во Градскиот парк во Скопје Дирекцијата за заштита и спасување ќе има свој штанд со едукативни материјали.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Труење со храна на свадба во Струга, 10 лица завршиле во болница

Гости кои синоќа биле на свадба во ресторан, во струшкиот регион, побарале медицинска помош. Причината, неофицијално, била тортата што била купена од друго место, а потоа донесена на свадбата.Од болницата во Струга велат дека примиле 10 пациенти, иако според извори на Алсат оваа бројка била поголема. Според директорот на болницата, Мухамет Асани, пациентите биле примени со симптоми на дијареа и повраќање. По лекарски преглед, пациентите биле пуштени на домашно лекување.-Нема пациенти кои се хоспитализиран во нашите одделенија. Ниту еден од примените пациентите не бил хоспитализиран, бидејќи не биле во тешка состојба и по медицинската интервенција биле пуштени дома – објаснил Мухамет Асани, директор на Болницата во Струга.Од Регионалниот центар за јавно здравје во Охрид, за Алсат информираа дека како институција, ако добијат повици од Агенцијата за храна и ветеринарство, тогаш ќе земаат примероци од храната.

Македонија | пред 6 години

makron

Mакрон во дводневна посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште е значаен играч на светската политичка и безбедносна сцена, оценуваат белградските медиуми.Белград ќе го дочека Макрон по неговата неодамнешна не толку оптимистична порака дека не го поддржува проширувањето на Европската Унија додека таа не достигне внатрешна консолидација.Макрон ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а една од темите на дневен ред на средбата ќе биде проблемот со Косово, а медиумите во Белград јавуваат дека на официјален Париз не му смета размена на територии или менување на гранични линии, ако Белград и Приштина се договорат за тоа и регионот го прифати тоа решение.Се очекува да бидат потпишани 20 билатерални договори.Макрон трбаше да ја посети Србија во декември лани, но неговото доаѓање беше одложено поради протестите на жолтите елеци ширум Франција.Медиумите во Белград и Париз нагласуваат дека посетата на Макрон е прва посета на француски претседател во Србија од времето на Жак Ширак во 2001 година.

Свет | пред 6 години

Grujo3

Најчевска: Груевски крадеше од луѓето кои немаа и создаде систем кој нема да го осуди за тоа

Професорката Мирјана Најчевска прашува како екс премиерот Никола Груевски станал толку богат кога нема бизнис, а примал државна плата. Таа вели дека тој е обичен крадец, и дека создал систем кој нема да го осуди.„За сите оние кои уште не разбираат: ГРУЕВСКИ Е ОБИЧЕН КРАДЕЦ. СТАНУВА ЗБОР ЗА НАЈВУЛГАРЕН, НАЈПРОСТАЧКИ ОБЛИК НА КРИМИНАЛ. НЕМА НИШТО СУПТИЛНО, НИШТО ИНТЕЛИГЕНТНО. НЕМА НЕКОЈА ПОСЕБНА ИЗМАМА. КРАДЕШ ОД ЛУЃЕ КОИ НЕМААТ, ГИ ИЗМАМУВАШ И ГИ СОГОЛУВАШ ДО ГОЛА КОЖА. И СОЗДАВАШ СИСТЕМ КОЈ НЕМА ДА ТЕ ОСУДИ ЗА КРАЖБАТА.А тие гревови без заби и без здравје и без образование и без достоинствен живот врескаат и го бранат сопствениот крадец.Уште еднаш ќе повторам? КАКО ГРУЕВСКИ КОЈ НЕМА БИЗНИС ТУКУ ЦЕЛ ЖИВОТ ЖИВЕЕЛ НА ДРЖАВНА ПЛАТА СТАНАЛ ТОЛКУ БОГАТ?ВЕ МОЛАМ ПРОБАЈТЕ ДА РАЗМИСЛИТЕ СО ВАШИОТ СОПСТВЕН МОЗОК.Може да ме навредувате колку што сакате, може да мислите дека сум вештерка и овца и ругоба и неписмена и роспа и продадена душа и ... Ама ајде пробајте да си одговорите сами на себе: од каде му се парите на Груевски? Тој имал непречен достап само до вашите сопствени пари. До ничии други. Можел да земе само од државната каса која се полни од парите на граѓаните“, напиша Најчевска на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево со температура до 31 степен

Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 22 до 31 степен.Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи до 28 степени.

Македонија | пред 6 години

3169B869-27C3-4D25-8F61-35690402F511

(ВИДЕО) Ѓоковиќ: Ќе дојдам во Македонија, Охрид морам да го видам

По триумфот на Вимблдон тенисерот Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата ја прифати поканата на македонскиот премиер, Зоран Заев, да ја посети Македонија. Одговарајќи на прашања од новинарот на „Макфакс” дали повторно би запеал македонска песна, Ѓоковиќ рече дека му фали кумот кој ја пееше со него „Македонско девојче“.„Многу поздрави до Македонија, до Скопје! Ви благодарам многу. Не ми е тука кумот Невен, тој беше соучесник на таа забава, кога пеевме после победата против Хуркач. Ќе видиме какво ќе биде расположението, сега е веќе доцна, децата ќе спијат. Веројатно жена ми и јас ќе запееме некоја балада”.Запрашан дали ја видел јавната покана упатена од премиерот на државата Зоран Заев да ја посети Македонија, Ѓоковиќ рече:„Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не знам кога тоа ќе се случи, но сигурно ќе дојдам во Македонија бидејќи Охрид морам да го видам”, порача вимблдонскиот шампион.Делот од видеото со овие одговори е на 16.15 минути.

Спорт | пред 6 години

angusev-22

Анѓушев: Половина од новите кинески возови се неисправни

Вицепремиерот, Кочо Анѓушев, откри денеска дека се неисправни половина од шестте воза кои ги набави претходната Влада, а дека ниту еден воз не го поминал техничкиот прием. Анѓушев рече дека возовите не ги задоволувале условите, поради што се водат и постапки, додаде, во надлежните институции.-Од шест гарнитури дојдени од Кина за патничкиот сообраќај половина се веќе неисправни. Договорите се такви да треба да се одржуваат во Кина. Тука треба јавноста да знае дека тие се уште не се ниту технички примени. Убаво што се возевме, убаво што ги видовме, но не се технички примени затоа што не ги задоволуваат условите по договор, затоа има постапки што ги водат институциите – рече Анѓушев.Владата на ВМРО-ДПМНЕ инаку ги набави возовите во 2015 година, за близу 25 милиони евра, а државата парите ги обезбеди од кредитот на ЕБРД.Што се однесува до договорот за локомотите, напомена тој, четири исто така требаше да пристигнат од Кина.-Првата требаше да пристигне во јануари 2018, а тек сега пристигнува, врз основа на договори од 2016 година. Тоа јавноста треба да го знае – додаде Анѓушев.Вицепремиерот посочи дека Македонски Железници е во тешка и незавидна финансиска состојба со долг од 80 милиони евра, не сметајќи ги тука каматите.-Нови набавки во железницата не треба да има затоа што Железницата, ние мора отворено да кажеме, има над 80 мил евра долгови без камати. Железницата е во многу тешка состојба која што е наследена и предизвикана од ваквите потези, мислам дека таквите информации со јавноста треба да бидат споделени. Излезно решение во Железницата, ние го најавивме веќе, е во делот на Транспортот. МЖ Транспорт треба да оди во приватизација. Треба да се најде оператор кој што тоа соодветно ќе го прави пред се обезбедувајќи нови ликвидни средства. Ако сакаме Железницата да ги задоволи стандардите треба да се инвестираат 50 милиони евра. Инфраструктурата и пругите треба да останат во сопственост на државата – рече Анѓушев.

Македонија | пред 6 години

20160610145505-1024x502

За една година ќе биде пуштен дел од автопатот Кичево Охрид, вели Анѓушев

Недостиг на финансиски средства бил главна причина за застојот на изградбата на патот Кичево-Охрид, кој траел четири години, а сега фокусот е за период не подолг од една година половина од тој пат да биде пуштен во употреба.Ова го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за Сител напоменувајќи дека одобрението за кредиот од Ексим банка го добиле пред два дена.-За Кичево-Охрид имаше застој не поради неорганизираност или технички проблеми, туку поради недостиг на финансиски средтва. Кредитот со Ексим банка беше истечен на 19 јануари и практично немаше финансиски средства за да се продолжи со работа. Аплициравме во ноември, но одобрението од Ексим до добивме пред два дена и сега ќе се интезивираат работите на патот Кичево-Охрид, особено во делот од Врбјани до Охрид. Ќе гледаме половина од тој пат, кој е со должина од 60-тина километри, односно околу 30 километри да биде пуштен што е можно најбрзо, во период не подолг од една година, истакна Анѓушев.Тој нагласи дека автопатиштата се надвор од буџетот и се во буџетот на претпријатието за државни патишта. Нагласи дека за патот Миладиновци-Штип перцепцијата е дека нешто се успорило.-Напротив овој пат се гради четири и пол години. Во првите две беа изградени околу 55 отсто потоа за една и пол година беа изградени 45 отсто и тој е пуштен за употреба, додаде Анѓушев.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања