Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

20190714123817

Земјотрес од 7,3 степени ја погоди Индонезија

Силен земјотрес од 7,3 степени ги погоди денеска Молучките Острови во источниот дел на Индонезија, информираше Геолошкиот завод на САД.Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од десет километри под површина на земјата, 168 километри јужно и југоисточно од градот Тернатеа.Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту, пак, има предупредување за цунами.Индонезија често ја погодуваат земјотреси, при што има и голем број човечки жртви.

Свет | пред 6 години

20190714113536

(ФОТО) Снег среде јули во Бугарија

На планината Рила во Бугарија, падна снег, објави Метео Балканс на својата Фејсбук страница.„Тивко врне јулскиот снег. Мусала е облечена во бело“, напишаа Метео Балканс.Ова е невообичаено за овој период од годината.На Балканот се случувало да падне снег во април, во мај, но ова е навистина реткост.

Свет | пред 6 години

DSC_2905-696x449

Ацевски: Снимката на Ел Чека докажува дека Груевски ја терал Гордана Јанкуловска да лаже

Деновиве јавноста гледа како оние што се обидоа да прикријат убиството на Мартин Нешковски поради полициска бруталност, на дрзок и  безобразен начин, преку извртување на вистината, се обидуваат да се исперат за своите злодела. Тие ли најдоа да зборуваат за Мартин Нешковски?, изјави денеска Костадин Ацевски, пратеник на СДСМ, по повод снимката која беше објавена од Ел Чека, а која го содржи целиот разговор од 12 минути кои го воделе Никола Груевски и Гордана Јанкуловска по убиството на Мартин Нешковски.-Да не бевте вие, новинарите, убиството ќе останеше скриено до крај. Што покажува објавената подолга снимка од разговорот помеѓу Груевски и Јанкуловска? Само го потврдува она што јавноста веќе многу добро го знае. Никола Груевски ја терал Гордана Јанкуловска да лаже дека убиецот не бил дел од неговото обезбедување! Дури отакако медиумите го открија случајот, ги фаќа паника, заедно коваат план како да прикријат, јавноста да не ја дознае вистината и договараат медиумски спектакли исто како за Љубе Бошковски! – рече АцевскиСпоред него, Груевски во снимката зборува дека ќе го разрешел Урко – а тоа не се случува.-Урко е разрешен дури 3.5 години подоцна. Обезбедувањето на Никола Груевски кој беше дел од неговата партиска полиција уби млад човек. Неговата министерка го криеше убиството. Нивниот портпарол на МВР криеше убиство. Груевски ангажирал да го штитат луѓе кои убиваат. Јасно е.  Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ до денеска не научија, дека од вистината и од одговороноста бегање нема! Никола Груевски ќе се соочи со казната – порача Ацевски.

Македонија | пред 6 години

mickoski

Јас и моите соработници лобираме Македонија да добие датум од ЕУ во октомври, вели Мицковски

Европерспективите не се нивна сопственост и тие немаат никакво право да ја укинуваат иднината на граѓаните. Затоа јас и сите мои соработници се ангажиравме да лобираме Македонија да добие датум во октомври, вели лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, во интервју за српска „Политика“, коментирајќи ја работата на Владата во евроинтеграциите.-Не треба државата и народот да бидат казнети заради криминалното владеење на Заев. Доколку Македонија не добие датум во октомври, Заев и останатите околу него ќе мора да заминат во политичка пензија, а ВМРО ДПМНЕ ќе дојде со нов тим, компетентен и чесен, кој ќе ги спроведе реформите и ќе ја внесе Македонија во ЕУ. Единствена загуба ќе бидат овие три години во кои Заев си донесе живот само за неговите најблиски, а ја врати Македонија десетина години назад – вели Мицкоски.Според него, Заев треба да си поднесе оставка по објавената снимка каде наседнува на пранкот на руските комичари.-Другите политичари кои биле таргет на комичарите ја сфатиле измамата после десетина минути. Зоран Заев не ја сфатил ниту после една година. Според неговото признание, доколку не биле објавени снимките, тој се уште ќе мислел дека комуницира со вистинските Порошенко и Столтенберг. Значи не еднаш или два пати, туку којзнае колку пати Заев комуницирал со нив. Сега гледаме дека им испраќал и пораки и фотографии. Ги нарушил сите дипломатски протоколи. За жал нарушувањето на протоколите не се единствениот проблем. Од снимките се слуша дека премиерот Заев е подготвен да влета во коруптивен скандал и да дава поткуп на вселенскиот патријарх Вартоломеј. Човекот мисли дека сите функционираат како негоЈас не верувам дека има сериозен меѓународен партнер кој би споделил со Заев чувствителна информација, откако слушна како ги прераскажува состаноците и разговорите и како споделува фотографии со личности по телефон без да провери со кого комуницира – вели Мицкоски кој бара техничка влада и предвремени избори.Тој уште еднаш повтори дека е спремен да отпочне нови преговори со Грција за името, доколку Мицотакис е спремен за тоа.-Доколку и Грција покаже спремност за тоа, не гледаме причина зошто ова прашање не би го отвориле одново. Меѓународните партнери поддржуваат договор меѓу двете земји, но неговата содржината им е од второстепено значење. За нив ќе беше прифатливо што и да се договоревме – посочува Мицкоски.Според него, владинтата реконструкција била со намера Заев да дојде до поголема моќ.-Заев ја направи реконструкцијата да се дограби до парите на граѓаните, а притоа никој да не го контролира. Единствена цел на целата операција беше тој и неговото семејство да имаат 100% контрола врз буџетот. На граѓаните им е преку глава од Зоран Заев. Се што кажа излажа – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

ademi

Адеми до Милчин: Не го негирам постоењето на хотелска градба во Лагадин, или пицеријата кај Чинарот

На острата реакција на професорот Владимир Милчин на својот Фејсбук профил му одговори министерот без ресор, задолжен за дијаспората, Едмон Адеми.“Жалам што професорот Милчин ја испревртува мојата изјава. Јас никаде не го негирам постоењето на хотелска градба во Лагадин, или пицеријата кај Чинарот, ниту пак нив ги третирам како скали или гаражи.Напротив велам дека постојат хотелски објекти, куќи и ресторани кои се дивоградби, но постојат и такви дивоградби како гаражи, скали, огради, тераси…итн.Заштита на Охрид и охридскиот регион е комплексен процес. Дивоградбите се само еден сегмент од тој процес“, напиша Адеми.

Македонија | пред 6 години

Slika-S.Pendarovski

Пендаровски во работна посета на Словенија

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, на 15 и 16 јули 2019 година ќе престојува во официјална посета на Република Словенија.Претседателот Пендаровски во понеделник, 15 јули 2019 година, во Љубљана ќе биде примен со високи државни и воени почести од Претседателот на Република Словенија, Борут Пахор. Предвидено е претседателот Пендаровски и претседателот Пахор да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.Претседателот Пендаровски во вторник, 16 јули 2019 година, ќе оствари средби со Претседателот на Државното собрание на Република Словенија, Дејан Жидан и со Претседателот на Владата на Република Словенија, Марјан Шарец.Во Љубљана, претседателот Пендаровски ќе одржи предавање на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) на тема „Иднината на Македонија - Како да се забрза интеграцијата во ЕУ“.Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски ќе одржи средба со европратеничката Тања Фајон, ќе се сретне со словенечки стопанственици, како и со претставници на македонски културни друштва во Словенија.Во Љубљана, Претседателот ќе ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“.За време на официјалната посета на Република Словенија, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска.

Македонија | пред 6 години

a

Ангеловска: Шекеринска во РЕК Битола гледа само уште еден бонбона бизнис и ништо повеќе.

Лицето на транзицијата, симболот на криминалот и корупцијата, главниот соработник на аболираниот за сторен криминал политичар Зоран Заев, имаше можност да им се извини на битолчани за сите лаги, неисполнети ветувања и криминалната транзиција по која битолчани го паметат СДСМ, вели Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ - Битола.„Радмила Шекеринска главниот соработник на Зоран Заев, во РЕК Битола гледа само уште еден бонбона бизнис и ништо повеќе.Вчера во Битола, Радмила Шекеринска, продолжи со вообичаената навика да ги лаже битолчани и се обиде да ја прикрие неспособноста на раководството на РЕК Битола.Ова се извештаи од Регулаторната комисија за енергетика од  2010 до 2018 година. И не само што последната година не е рекордна во производство на електрична енергија туку е убедливо најниска.Радмила Шекеринска не знае дека податоците за производство на електрична енергија се документирани и се чуваат. Во последните 10 години во Термоелектрани Битола , највисокото производство на  електрична енергија е во 2011 година, 4.189 гигават-часови, а најниско е во 2018 година, 2.603 гигават-часови.Со тоа, лага е дека заради заштита и домаќинско работење ќе се инвестира во заштита на човековата околина. Битола руши рекорди во загадувањето веќе трета година по ред. Така наречената модернизација на  електростатските филтри поради начинот на кој ја водите постапката ќе одземе најмалку  3 уште години.Тоа е уште една голема лага и е далеку од сите ваши предизборни ветувања. Вистински и реални заштеди ќе направевте доколку се инвестираше во сопствена механизација на комбинатот , уште едно ваше големо предизборно ветување, за што воопшто не е ни започната постапката.Зарем мислите дека граѓаните на Битола го заборавија ТАТ, кога 30.000 граѓани останаа без  своите заштеди? Зарем мислите дека битолчани ви заборавиле дека ги оставивте на улица со уништувањето на индустријата, затворањето на Фринко, Битолатекст, Јавор, Социјален Борец, Прогрес, Иднина и уште многу други компании?Госпоѓо Шекеринска, Битола не ви верува повеќе. Никој во државата не верува на вашите лаги, на оваа ваша купи ден политика врз грбот на граѓаните. Доаѓа вашиот и на вашиот ментор Заев, политички крај, а со тоа и крај на агонијата во која што втурнавте Република Македонија.Заедно со граѓаните победува ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија и започнува обновата на Македонија“, изјави Ангеловска.

пред 6 години

Нема фотографија

Физички нападната малолетничка од Скопјанец

На 13.07.2019 год. во 20.15 часот Б.Ц (46) од Скопје, пријавил дека околу 13.00 часот на бул ,,АСНОМ“ во  Скопје, неговата малолетна ќерка физички била нападната од М.А. од Скопје.По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Крвава драма во Скопје: Го прободел со остар предмет, па пукал во него

Вчера околу 21,50 ч. во Скопје, на ул.„Џон Кенеди“ Е.М(32) од Скопје пријавил дека  по претходен договор се сретнал со неговите познаници А.А. (40) од Скопје и  Б.Н во нивното патничко моторно возило „БМВ“, а во врска со давање на пари. По кратко време, настанала расправија и А.А. му нанел убодна рана со остар предмет, а потоа и пукал кон него во левата подлактица. На Е.М. му е укажана помош во ГОБ„Св.Наум Охридски“. Се работи на целосно расчистување на случајот

Скопје | пред 6 години

pretepa

Физички нападнал 18-годишна девојка затоа што имале недоразбирања

На 14.07.2019 околу 04.25 часот 18-годишна девојка пријавила дека во населба  Илинден пред пекара била физички нападната од С.М. со кого се познавала од претходно и имале недоразбирања во неколку наврати.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Го нарушувал јавниот ред и мир, а нападнал и полицаец, па го привеле

На 13.07.2019 година околу 19,05 часот во Крива Паланка, на ул.„Св.Јоаким Осоговски“ бил приведен Л.Т. по пријава дека го нарушил јавниот ред и мир.Притоа нападнал и полициски службеник.Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

napadnata

Физички ја нападнал затоа што му раскинала

На 14.07.2019 околу 03,30 часот во Скопје, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека пред угостителски објект во с.Марино била физички нападната од нејзиниот дотогашен партнер  Ј. К(31) од Скопје, поради тоа што ја прекинала врската.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

policija-6

Скопјани се степале за паркинг во Дојран

На 14.07.2019 во 01,15 часот во Стар Дојран во близина на плажата Свети  Никола бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка од страна на А.К (31) од Скопје, Љ.М(42) од Скопје, од една страна и И.М(21) од Скопје и Б.А(21) од Скопје од друга страна.До нарушувањето дошло по претходна расправија околу паркирање на возило. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 6 години

granica-makedonija

На ГП „Богородица“ се чека и до 4 часа

Километраска е колоната од возила, од од првата наплатна рампа во Грција се протега до граничниот премин Евзони-Богородива, кои чекаат на влез од Грција в земјава.На граничниот премин се чека и до 4 часа, јавува 24.мк.За излез од државата односно влез во Грција на преминот Богородица се чека од пет до десет минути.

Македонија | пред 6 години

60347302_10218300928250838_6539832700302262272_n

Да ја застанеме на нозе Ирена – на 25 години животот почнува, не треба да заврши

Статус на Верче Крстевска како поддршка на Ирена: На 25 години животот треба да почне, а не да заврши! На 25 години треба да летаме! Еден миг, едно трепнување, една секунда не дели од тоа што ни на крај памет не сме го помислувале..Од живот, од полет, од радост, до бесознание, очај и неверување… Една секунда го менува животот, само една , ама кобна! 3 години да молиш, да преколнуваш, да плачеш, да бараш од народот малку милосрдие бидејки знаеш дека не можеш сам, немоќен си! Колку и да сакаш немоќен си! Да си ја проколнуваш судбината, а не си крив, не е твоја вина… Каков е ваквиот живот, кога на 25 години животот треба да зависи од добрата воља на луѓето…ЕПА ОД НАС ЗАВИСИ, ТОА Е! На 23 години некој да ти го прекине нормалниот живот, ти се кршат прешлени и остануваш закован за кревет! И три години се молиш по институции, по народ, по цела нација..Три години ти плачат децата да ги кренеш во раце и да ги гушнеш-сакаш а не можеш, три години дете од 4 години да носи на мајчичка вода да се напие, со плачење и ја носи и ја моли да стане.И мајката плаче, ахх колку би сакала да стане, да го крене во раце и да го гушне своето расплакано дете, ама не може, само лежи, го гледа и солзи и се тркалаат по лице кутрата… Вака ли заспива дете во прегратки кај мајка? Вака ли кутрото се качува на кревет само за да си ја осети мама и да си нана со неа?! Вака ли со солзи треба да заспиваат ..?Стани Ирена, ние ќе те држиме! Стани, не имаш нас-народот. Стани и гушни си ги децата! Аде Македонијо да ја испратиме. Ирена во Русија и да ја дочекаме назад на нозе!ВИП 143 500; ТЕЛЕКОМ 143 115; DEVIZNA SMETKA Irena Tanceva IBAN MK07 320540027415089SWIFT CODE: CECBMK22 CENTRAL COOPERATIVE BANK AD SKOPJEZIRO SMETKA: 320500027414994Ајде Македонијо, сите заедно да да ја застанеме на нозе Ирена! Ширете го постов, нека стигне до сите! Ирена, денес сите гласови одат за тебе и твоите деца!

Македонија | пред 6 години

Foto-7

Пендаровски на Галичка свадба: Им посакувам многу слога, љубов и разбирање на младенците

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска присуствуваше и се обрати на 46. манифестација „Галичка свадба“, којашто се одржува под негово покровителство.„Чест и задоволство ми е што сум покровител  на годинешната Галичка свадба, не само како Претседател, туку и како човек кој и самиот е по потекло од ова село и од овој крај.Во овие денови на радост ќе ја следиме поворката на свадбарите, ќе се потсетиме на автентичните обичаи, на разнобојните носии, на свадбарските песни, на мијачкиот фолклор и ќе се насладуваме во живописниот пејзаж. Пред многу години на Петровден во Галичник имало и по  четириесет венчавки во црквата „Св. Петар и Павле“, а денеска сме сведоци на заветот на Огнен и Марина. Им посакувам многу слога, љубов и разбирање во нивниот иден заеднички живот. Посакувам радоста на едниот да се придодаде на другиот, а бремињата да им бидат двојно полесни, зашто бремето на едниот ќе го носи и другиот. Им посакувам да добијат и прекрасни дечиња со кои заедно ќе се радуваат. Нека им е со среќа!Се надевам дека ова незаборавно искуство ќе инспирира и многу други млади луѓе, кои имаат потекло од живописниот Галичник, да ја продолжат оваа прекрасна традиција со која ја збогатуваме неспорно и пошироката европска култура. Сметам дека не треба да се задоволуваме со неколкудневна манифестација што ќе се одржува само на едно место, или само еднаш во годината. Да ги користиме овие манифестации како можност за оживување на руралните места низ земјата, да го развиваме алтернативниот туризам, да инвестираме во органското производство на храна, и со тоа да им нудиме несекојдневно искуство на домашните и настранските гости. Убеден сум дека потенцијалите се огромни, само треба да бидеме како галичаните – креативни, трудољубиви, храбри и убави се разбира“, изјави Пендаровски. 

Македонија | пред 6 години

trska-1-1

Министерот што не се замараше со граѓаните си доби ново министерство, трската си гори, фекалии во езеро, а ние сме хистерични?, прашува Мицковски

Додека Жерновски, Адеми и тоj мртвиот коњ од градоначалник си го шетаат газот до Баку, каде инаку презентираат лажен закон, функционер на нивниот коалиционен партнер си дига дивоградба/пицерија во центарот на Охрид, пишува на својот Фејсбук профил новинарот Ивор Мицковски.„Дивоградбата со огномет, балончиња и сечење лента, му ја отвара градоначалникот на Струга, криминалец кој додека централните власти донираат 50 мил. евра за општините, тој си купува Ауди од 70 илјади евра.Си гори трска, си присвојува имот и плажи, и никому ништо.На се тоа, нашиот сакан и храбар премиер, им ветува на сопственици на дивоградби/хотели, дека ќе се погрижел да се легализира екочудовиштето.Во Кочани, Швајцарија со донација од 21 мил. франци ни отвара пречистителна станица.Охрид затвора плажи заради премногу фекалии во езерото. И некој си гомнар од министер без ресор, преварант пар еклселанс, ќе ни кажува дека дивоградбите во Охрид се броеле на прсти, а јавноста била хистерична.Притоа ветуваа промени, наместо метла, уште една епска превара. Министерот што не се бавеше со граѓаните, и што за загадувањето ни кажуваше дека не сме ние Швајцарија, си доби ново министерство, Министерство за ДУИ, ни помалку, ни повеќе.И ние сме биле хистерични...“, додава Мицковски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија до Заев: Вразуми се и стави мораториум на договорите со Бугарија и Грција до следните избори

На Зоран Заев устата му е полна со фалби дека со договорите со Бугарија и Грција ги решил проблемите и дека нема повеќе отворени прашања со овие две соседни земји. Заев продолжува да лаже штом зине. Излезе на виделина дека договорите со Бугарија и Грција се всушност димна завеса за бришење на сешто е македонско преку работата на заедничките мешовити комисии за ревизија на македонската историја, со крајна цел, Македонија да се покаже како коминтерновска творба, велкат од Единствена Македонија.„За триото Заев, Шеќеринска и Димитров можеби проблемите со Грција и Бугарија се решени земајќи предвид дека имаат агенда за бришење на се што е македонско. Но, македонскиот народ никогаш нема да прифати искривување на општо познатите меѓународни факти со обидот Македонија да се прикаже како вештачка држава и бришење на нејзината тримилениумска историја на местото на наменски создадените вештачки држави како што е Грција создадена од западот или Бугарија создадена од царска Русија.Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да се вразуми и на очигледниот шовинистички поход на Грција и Бугарија спрема македонскиот народ да одговори со мораториум на договорите со Бугарија и Грција до следните парламентарни избори.Новата легална власт на Единствена Макеоднија која доаѓа никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина. Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, ние ќе се бориме и за Македонија“, се вели во соопштението.

пред 6 години

Ministerstvo-za-zdravstvo-tabla

МЗ демантира: Не е отворена јавна набавка за мамографи

Министерството за здравство најостро реагира за денешната прес-конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во која се изнесени бројни невистини.Во однос на обвинувањата дека во Министерството за здравство има сомнителни набавки, сакаме да ги потсетиме ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во која се вели дека нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот со јавните набавки во Министерството за здравство. Ова е и доказ дека нема сомнителни тендери, соопштија од ресорното Министерство.Согласно член 76 од Законот за јавните набавки Договорниот орган може, по донесување на одлуката за јавна набавка, а пред објавување на огласот за јавна набавка, да спроведе технички дијалог со економските оператори. Со самото тоа што Министерството за здравство објавило технички дијалог и овозможило секој економски оператор да даде свои мислења и коментари, може да се види отвореноста и транспарентноста на самата постапка, иако Законот за јавни набавки дава можност да не се спроведе техничкиот дијалог.Во овaа фаза на постапката (технички дијалог), 4 (четири) економски оператори доставија коментари и предлози во однос на тендерската документација и истите се разгледуваат од страна на стручни лица.Потенцираме, не е отворена јавна набавка за мамографи.Од причина што постапката се уште не е отпочната/објавена на ЕСЈН самите понудувачи немаат можност да поднесуваат понуди, поради што се поставува прашањето како би можело Министерството за здравство да фаворизира некој економски оператор кога постапката не е објавена, односно не е завршен техничкиот дијалог, кога немаме конечна тендерска документација, која се објавува по завршување на техничкиот дијалог во кој ќе бидат јасно наведено што се прифаќа, а што не од коментарите и барањата од економските оператори кои што учествуваа во истиот.Министерството за здравство, Ви стои на располагање и отворено е за какво било појаснување или одговор во секое време, пред да се пласираат неточни информации во јавноста, кои внесуваат забуна, паника и се на штета на пациентите.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Заев како на селска чешма го исмејува и озборува претседателот на Украина, вели Стоилковски

Срамот кој што Заев и го приреди на Македонија е меѓународен. Од позиција на премиер го урна достоинството и угледот на државата и кон соседите и кон Европа и кон Украина, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.„Тој во разговорот со лажниот Порошенко крајно недипломатски, како на селска чешма, си дозволува како стрина да го озборува и исмејува некој што е  актуелниот претседател на Украина, Владимир Зеленски. Зоран Заев си зема слобода, без да го познава, претседателот Зеленски да го нарекува несериозен “комплетен популист“.Заев констатира „Знам знам, Комплетен популист, ништо повеќе и ништо помалку од тоа. Бидејќи добива поддршка од луѓе кои што се шегуваат, се смеат и не се сериозни ... Но граѓаните не секогаш се внимателни за иднината на државата и понекогаш прават проблеми”.Вмимавајте, Заев констатира дека граѓаните се несериозни и прават проблеми! Оваа констатација кажана во разговорот со двајцата комичари мислејќи дека разговара со Порошенко Заев само продолжува со она што претходно се сложува, а тоа е предочениот сталинизам за изборите и за тоа дека не е важно кој како гласа туку кој ги брои гласовите!Пранкерите дури и му се откриваат во разговорот. „Ако биде тој Зеленски избран, кој понатаму би бил претседател, можеби руските комедијанти Вован и Лексус“?  А Заев вели Не е шеега, пресериозно е! Пранкерите Да да пресериозно е прашањето.Па почитувани, комедијантите дури во разговорот му се откриваат и Заев и тој продолжува ов негов стил! На нивната констатацијата дека Зеленски можеби не директно, туку преку неговите подржувачи добиваат пари од Русија, Заев повторно се согласува.Да, тој очигледно е против тебе, и Русија очигледно е против тебе, и преземаат такви чекори.Заев оди до таму па се согласува со соговорникот дека Зеленски според неговата логика дека е “платеник на Русија“.Замислете Заев, човекот кој цела година разговараше со измислено другарче и во континуитет разговарал со комичари, се дрзнува да го нарекува несериозен претседателот на Украина Зеленски. Ќе се согласите,  и од Заев да е, премногу е.Украина е пријателска земја на Република Македонија, а Украинците се пријателски народ на македонскиот народ. За жал се уште не слушнавме Зоран Заев да се извини и на Зеленски и на Украинскиот народ за навредите кои што ги има упатено, а се меѓународно познати. Ова е премногу сериозно за да се сфати како обична шега на која Зоран Заев наседнал. Ова е дипломатски скандал и за ова Зоран Заев мора да понесе одговорност.Неговата неодговорност и несериозност и прави штета на Република Македонија. Тој мора да си поднесе оставка и што побрзо да следат предвремени парламентарни избори, бидејќи секој поминат ден на позицијата премиер штети на државата во целост“, изјави Стоилковски.

пред 6 години

36616394_1823206931056471_7722326244448010240_n

Она што му се случува на Охрид не е поинакво од останатите еко-катастрофи во вукоје*инава, пишува Ѓоршевски

Oна што му се случува на Охрид не е ништо поинакво од сите останати еко-катастрофи во вукојебинава. За кратко време и цело езеро ќе биде забрането за капење. И да, ќе ја изгуби и заштитата од УНЕСКО и ќе се претвори во жабурник. И во Дојран течат фекалии во езерото. И Преспанското доживеа еко катастрофа исто така. Попова Шапка е една голема депонија. Шуми стари по 80 години опустошени од дрвокрадци. Водно само што не се срушило. Пред неколку месеци преку 500 активни пожари пустошеа. Дебарското езеро и Радика полни со фекалии од околните канализации. На Пелистер ниту една изворска вода не е безбедна за пиење. За воздухот треба ли да се зборува? И кој што презел?Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор. Орките на Толкин се персонификација на зло оти уништуваа шуми, природа и се што е живо и убаво, а не им пречеше само мрак и отровен воздух. Се препознавме?Пиромани, ловокрадци, дрвокрадци, дивоградители, оние кои создаваат депонии, уништувачите на национални богатства...Сите тие се продукт на популистичката доктрина во политиката која не се менува: Ги знаеме кои се ама не ги казнуваме оти се од "нашите" или ај ближат избори, па да не ја дивиме работата...Kои ваши бе загреота едни!И веќе никој не се плаши нешто да уништи. Кој завршил во затвор поради уништување на животна околина? Никој. Толку дрвја се исекоа, толку шума е украдена, толку диви депонии и дивоградби никнаа. Ниту едно име не е објавено во јавност како одговорно за тоа, а не пак казнето. Онаа дивоградба од човек Рамиз Мерко се исмејува со цела држава, отвора дивоградба сред Охрид и покрај итните препораки од Унеско директно работејќи против интересите на државата и ниту една институција не го повикува на одговорност, дури и виновни испаднаа новинарите што реагирале.Е баш поради ова никој веќе не ја препознава Меркодонија за свој дом. И цела декаденција, вандализам, сиот бојкот на државните правила, сето расфрлање на националното богаство и уништување на животната средина се последица на таа психологија.Не станува збор веќе ниту за индиферентност, туку во граѓаните владее и некоја сугестивна омраза кон државата и нејзините институции. Омраза поради лагите, манипулациите, неправичноста и корумпираноста на политичките елити што трае и трае. И патриотизмот е фејкерски, политички индоктриниран.Патриотизам не е колнење на политичари по социјални мрежи, туку е родољубие - да си ја сакаш и заштитуваш сопствената животна средина.Фејсбук статус на Филип Ѓоршевски

Коментари | пред 6 години

Нема фотографија

Андоновска: Нов скандалозен тендер за набавка на мамографи во вредност од 85 милиони денари

Двете години од раководење со здравството од страна на Венко Филипче и СДСМ може да се сумираат и да се каже дека поминуваат единствено во најблаго речено криминални тендери, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.„Скандалозен тендер за раегенси и централизирани лабораторатории, скандалозен тендер за сржта на медицината - стерилизацијата, а сега на повидок е веројатно нов скандалозен тендер за набавка на мамографи.Замислете,Во јавноста има информации за набавка на осум нови мамографи и тоа по цена од 85 милиони денари!Официјалните податоци пак говорат дека во минатото шест мамографи се набавувале во вредност од 35 милиони денари. Разликата е огромна и прашањето е каде ќе завршат парите на граѓаните.Сите се свесни за напредокот на технологијата, но во околности кога министерот се поврзува со толку многу криминални тендери, со толку многу лаги, тешко е дури и да се помисли за искрени намери.Оттука, министерот Филипче треба да даде повеќе одговори.Зошто дупло поскапи мамографи?Пак ли знае однапред, како и за реагенсите, на која фирма ќе и го даде и овој тендер?Дали тендерската документација ја подготвува по теркот на негова фирма?Дали тендерот ќе го објави кога веќе ќе биде договорен?Почитувани,Знаеме Филипче бега од одговори, бега од дебати со оние кои имаат поинакво мислење. Но, станува збор за трошење на народни пари и во овој случај одговорност мора да има.Ако мисли да продолжи на ваков начин да го урива здравствениот систем, крајно време е Филипче да си оди. Филипче мора да ја напушти функцијата и да дозволи некој кој е способен да го води здравството“, изјави Андоновска.

пред 6 години

Нема фотографија

Славева: Јавната администрација е претрупана со некомпетентни кадри, а има нов бран на вработувања

Криминалната власт на Зоран Заев во заминување спроведува брутална партизација на администрацијата. Тоа што Зоран Заев се самопостави себеси за министер за финансии отвори огромна дупка во контролата врз нови партиски вработувања кои што би имале штета врз државниот буџет, вели Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.„Моментално нема одговорен државен функционер кој би му кажал на Заев каква штета предизвикува новиот бран на вработувања врз државниот буџет. Заев како министер треба да го предупреди Заев како претседател на Владата за штетата која се предизвикува  во  јавната администрација и државниот буџет.Оваа власт знае дека ја губи моќта и решава на провиден начин колку толку да ги задоволи незадоволните партиски послушници во последниот час пред новите избори. Сведоци сме на нов бран на нови 107  вработувања во Бирото за јавни набавки, во јавното претпријатие за државни патишта, во Јавното сообраќајно претпријатие, во Академијата за судии и јавни обвинители, во МНТ, а и во Управата за финансиска полиција.Сите овие вработувања немаше да бидат спорни доколку институции ги немаа изменето своите акти за систематизација за да ги прилагодат условите согласно квалификациите на кандидатите кои се однапред познати.На пример, во Генералниот  секретаријат на Владата, под палката на Рашковски, кој слушнавме како мести тендери, а и според сведочења од тамошните вработени безмилосно се однесува кон послабите од него само затоа што му се може, минатата година безмалку десетпати се сменила систематизацијата на институцијата.Согласно нашите податоци, во 2018 година оваа себична власт во државниот и јавниот сектор вработила над 20 000 лица кои се нестручни за работните места, но се во блиска роднинска врска со луѓе од власта или се партиски послушници.Па така, за пример, 27 нови некомпетентни кадри ќе бидат вработени во Управата за финансиска полиција кои што на месечно ниво ќе ја празнат државната каса за 14 000 евра, а на годишно ниво од државната каса за партиските послушници на оваа власт ќе се одлеваат 168.000 евра или 10.332.000,00 денари.Ниеден државен инспектор не се осмелува да реагира по повод овие неправилности кои се прават во јавната администрација поради ризикот да ја изгуби својата работа под притисок на моќниците од власта.ПочитуваниЈавната администрација е претрупана со некомпетентни кадри. Секоја чест на исклучоците кои мака мачат со своите колеги кои се вработени со повластици, а не си ја работат работата. Непартиските јавни службеници се обесправени, малтретирани и омаловажени. Наместо подобрување на администрацијата како сервис на граѓаните, секој ден назадуваме во спроведувањето на европските стандарди и пракси поради неодговорноста на оваа власт.Народот гледа, цени и памти. Сведоци сме дека вакво страдание проследено со скандали и тешки измами, проневери, партиски вработувања и државни скандали Македонија не памти.Овие чекори се последната сламка на спасот на Зоран Заев и неговата екипа која секојдневно го шокира светот и ја срами државата. После ова скандалозно владеење знаат дека нема никогаш повеќе  да допрат до власт“, вели Славева.

пред 6 години

297752-0.Basic-Mickoski

Мицкоски бара гласови за да добие 80 пратеници, кои ќе вратат името на државата

Во интервју за Алсат, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека доколку на следни избори неговата партија освои 80 пратенички места, односно го има условот „Бадинтер“ ќе ги вратат уставните измени.-За да се случи чекор назад, правно, легалистички, тоа е она за што се залага ВМРО-ДПМНЕ, на нас ни се потребни 80 пратеника во Собранието и условот „Бадинтер“. Се што е надвор од тоа ќе биде една обична лага, конструкција и обид за манипулација на чувствата на нашите сограѓани, кои веќе еднаш се повредени од страна на оваа уценета и корумпирана Влада – изјви тој.На прашање што доколку ги добие потребните 80 пратеници, тој вели:-Доколку имаме 80 пратеника и доколку е исполнет условот Бадинтер, ние ќе се вратиме чекор назад и ќе ги вратиме уставните измени – изјави Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

66632445101563827115671578193654357783216128n

Американската амбасадорка воодушевена од природните убавини во Охрид, за дивоградбите не знае

Новоименуваната американска амбасадорка Кејт Бернс, првиот викенд од својот мандат во нашата земја го помина во посета на Охрид.Бернс за посетата на Охрид и гастрономските специјалитети кои ги пробала во нашата земја, објави на официјалниот твитер профил на американската амбасада.„Возбудена сум од мојата прва посета на Охрид. Воодушевена од неговата природна и културна убавина и импресионирана од мојата прва пастрмка и баклава. Сакам да видам повеќе од убавината и разноликоста на Северна Македонија и да научам повеќе за државата“, пишува на твитер профилот на американската амбасада.Во петокот Бернс присуствуваше на отворањето на 59-тото издание на „Охридско лето“ и настапот на виолинистката Ванеса Меј во Антички Театар во Охрид.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања