Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

partizanska

Се одложи асфалтирањето на „Партизанска“

Град Скопје ги информира граѓаните дека поради временските услови се одложува предвиденото асфалтирање на дел од булеварот „Партизански одреди“, на дел од мостот „Обединети Нации“ до ул. „Московска“, во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар.Предвиденото нанесување на финалниот асфалтен слој ќе се изврши веднаш штом се создадат соодветни временски услови за непречена работа.Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Скопје | пред 6 години

saobracajka-bmw-porse-1

Српски репрезентативец во кома по тешка сообраќајка

Српскиот репрезентативец, кошаркарот Огњен Кузмиќ, доживеа тешка сообраќајна несреќа по судир со друго возило на патот Приједор-Бања Лука , по што неколкупати се превртел.Според неофицијални информации, тој се враќал од свадба кога на патот кон Бања Лука се судрил со БМВ, а потоа се превртел со неговото возило.Кузмиќ е во кома , а неговиот автомобил марка Порше е целосно уништен.Кузмиќ има скршеници на двете вилици и нагмечување на градниот кош. 

Свет | пред 6 години

IMG_7781-670x503

Во живо од Галичка свадба

Со китење на бајракот, вчера почна 46. традиционална манифестација – Галичка свадба на која во духот и традицијата на мијачките обичаи својата љубов ќе ја крунисаат Марина Петровска и Огнен Караѓозоски.https://www.facebook.com/mzgalichnik/videos/232432367640283/

Македонија | пред 6 години

Kejt-Brns-670x496

Новата амбасадорка на САД проба гостиварска баклава

Новата амбасадорка на САД, Кејт Мери Брнс, првите денови од нејзиниот мандат во земјава ги помина во Охрид каде се сретна со премиерот, Зоран Заев. На пат назад за Скопје, Брнс се пофали на социјалните мрежи дека ја пробала гостиварската баклава. Таа ги прашува граѓаните што предлагаат друго да проба додека патува низ земјава.„На пат назад за Скопје, амбасадорката Брнс ја проба познатата Рекорд баклава во Гостивар и смета дека е апсолутно превкусна. Што предлагате амбасадорката Брнс да проба додека патува во Скопје и низ земјата?“, стои на официјалниот фејсбук профил на американската амбасада.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still161

Шилегов 100% има славено во дивоградбата на Усеини, затоа е толку пијан, се вели на „Твитер“

Не стивнуваат коментарите на социјалните мрежи откако градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов се појави на отварањето на „Охридско Лето“. Шилегов беше малку „дезориентиран“ и „видно расположен“ но и „чудно возбуден“. Ова се дел од реакциите на Твитер.https://twitter.com/SithLord79/status/1150333612660838400https://twitter.com/PravednaTavita/status/1149942795513323523https://twitter.com/neznajko1/status/1150064512638312448https://twitter.com/Ljube_A/status/1150138277556576256https://twitter.com/T_m___n/status/1150007693236670464https://twitter.com/LOshGZE/status/1150012646189613058https://twitter.com/toni_dimitroff/status/1150092393284349953https://twitter.com/TVrapce/status/1150106124093415424https://twitter.com/stenthor2/status/1150305047647047680https://twitter.com/Codein0/status/1150130994571292675

Коментари | пред 6 години

Dubrovnik-1

Намален бројот на туристи во Хрватска

Во првата недела од јули во Хрватска има 90.000 гости и 400.000 ноќевања помалку отколку во истиот период минатата година. Падот на гости е забележан во сите делови на земјата, а најпогодени се приватните сместувачки капацитети.Според податоците на порталот Индекс, се забележуваат 12 отсто помалку гости и 20 отсто помалку ноќевања од Германија, кои се едни од најбројните туристи во земјата. Во првата недела од јули 2018 година, во Хрватска пристигнале 1.094.199 гости, а оваа година 1.004.139.

Свет | пред 6 години

halep-2-696x402

Македонка го освои Вимбилдон

Тенисерката Симона Халеп, која вчера триумфираше на Вимблдон и ја освои својата прва титула на овој турнир, има потекло од т.н. цинцар Власи во Македонија. Дека 27-годишната романка е всушност Влаинка со потекло од Македонија пишуваат денеска романските медиуми.Според дел од написите нејзините предци емигрирале од битолското село Маловишта. Поради силните врски со своето потекло, нејзини пријатели велат дека таа ќе ја следи семејната традиција и дека планира да се омажи за Влав.Халем, инаку, ја победи Серена Вилијамс во финалето на Вимблдон со 2:0 во сетови и тоа 6:2 и 6:2 за само 53 минути игра.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бугарски новинар: Претпочитам Македонија да ја нарекувам „Југозападна Бугарија“

Бугарскиот новинар, Љубомир Огњанов, даде скандалозна изјава во својата емисија на бугарската телевизија Канал 3, кога среде интервју со заменик министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, рече дека претпочита да ја нарекува Македонија – „Југозападна Бугарија“.Оваа изјава на новинарот следеше откако прво го нарече премиерот, Зоран Заев, „северномакедонскиот премиер“. Георгиев на тоа рече дека може да добие критики поради употребата на придавката „северномакедонски“.-Ќе бидете предмет на критика поради тоа – рече Георгиев.-Не ме интересира како ќе звучи, јас претпочитам да ја наречам земјата „Југозападна Бугарија“ – возврати новинарот кој голем дел од 17-минутното интервју го посвети на прашања за Македонија.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сообраќајка на патот Маврово - Галичник

Вчера околу 14,30 часот на регионалниот пат с.Маврово-с.Галичник се случила сообраќајна незгода помеѓу патнично моторно возило „Опел корса“ со скопски регистарски ознаки  управувано од С.Б (38) од Скопје,  и патничко моторно возило,, Дачија логан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ф (57) од Скопје.В.Ф се здобил со тешки телесни повреди и бил  пренесен е во болницата во Гостивар.Увид  извршила увидна екипа на ПС-Гостивар.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Скопјанец обвинет за разбојништво и тешка кражба

Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривична пријава против лицето Е.Б.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил едно кривично дело „разбојништо“ и едно кривично дело „тешка кражба“, при што се стекнал со противправна имотна корист од 37.800 денари.На 10.03.2018 година пријавениот со товарно возило извршил „тешка кражба“ во живинарска фарма во населба Илинден, а на 17.11.2018 пријавениот, заедно со уште две лица, физички нападнале такси возач и со закана му одзеле пари.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Незаконски работеле на градежен објект и го злоупотребиле туристичкиот престој

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север и СВР Скопје приведоа  20 странски државјани кои што го злоупотребиле туристичкиот престој и во Скопје незаконски и непријавено извршувале работи на градежни објекти.Имено, во централното градско подрачје, на градежен објект лоциран меѓу ул. “Ј.Мијалков“ и ул. “М.Х.Јасмин“, каде изведувачи на градежни работи биле неколку правни лица биле откриени: 11  државјани на Косово, по четворица државјани на Албанија и на Турција, како и еден државјанин на Иран, кои што нелегално работеле на објектите.Лицата – странски државјани се приведени во ПС Центар и во ПС К.Вода за натамошна постапка. Во консултација со Јавен обвинител, дополнително се преземаат активности за утврдување на одговорност на правните субјекти

Скопје | пред 6 години

milcin

Милчин за Адеми: Министерот ги извртува фактите, како не му е срам?

Откако пред два дена се отвори пицеријата кај Чинарот во Охрид, објект дивоградба, случајот на неколку пати го искоментира професорот Владимир Милчин.Денеска тој ја искоментира и изјавата дадена за Радио Слободна Европа на министерот без ресор Едмонд Адеми.„Ние сме хистеризирале? Не министерот ги извртува фактите! Се обидува да го одбрани неодбранливото. Пицеријата кај Чинарот се скали? Хотелот во Лагадин е гаража? Како не ти е срам?, напиша Милчин на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 6 години

granica-makedonija

За излез од Македонија се чека и до 1 час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица, за излез од државата се чека 30 – 60 минути. На граничниот премин Табановце, за влез во државата се чека 15 – 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 6 години

heroin-111

Кривична против кумановец кај кого бил пронајден хероин

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Л.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 13.04.2019 година во село Черкези, кумановско, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „Фолксваген Пасат Вариант“, при што пронашле и одзеле хероин.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Зборот за СДСМ не важи, туку лажи

Целата  јавност слуша како лица од врвот на СДСМ блиски до Зоран Заев вршат рекет врз компании и бизнисмени низ Македонија уценувајќи ги за огромни суми на пари, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.„Дополнително на тоа СДСМ ги покачи даноците и акцизата на нафтата со што сериозно удрија врз грбот на компаниите и ги зголемија нивните трошоци, а тоа пак резултираше со покачување на цените и осиромашување на граѓаните.Единствени компании кои имаат корист од оваа криминална власт се фирмите на семејството на Заев и врхушката околу него во власта.   Откако е СДСМ на власт Заеви  ги шират бизнисите со марихуана, камионите им возат за РЕК, а ги имаат и „Герас Цунев“ и „Цареви кули“, додека пак тендерите и грантовите ги добиваат фирмите на вицепремиерот Анѓушев и останатите функционери блиски до Заев.За тоа колку СДСМ се грижи за компаниите говори и фактот што бројот на бројот на работници во индустријата во месец мај 2019 е за 2,5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец во 2018 година, а власта во изминативе две години има најниско ниво на реализација на капитални инвестиции што значи помалку работа за компаниите.Неспособноста на власта ја потврдија и над 200 германски инвеститори кои дадоа нула оценка на работата на владата предводена од СДСМ во полето на економијата.Зборот за СДСМ не важи, туку лажи. Оваа криминална власт предводена од аболицираниот Зоран Заев работи само за лична корист врз грбот на стопанството и граѓаните. СДСМ мора да си заминат за стопанството и економијата да одат напред“, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 6 години

31901170_962297913945818_3334168813938671616_n

Адеми: На прсти се бројат големите дивоградби во заштитениот појас во Охрид

На прстите од двете раце може да се избројат дивоградбите од типот на куќи, угостителски објекти или хотели во заштитениот појас во Охрид. Според градоначалникот, најголем дел од тие дивоградби се гаражи, огради или некои дополнителни скали, вели министерот без ресор Едмонд Адеми во неделното интервју на Радио Слободна Европа.„Од мај 2019 Охрид има нов градоначалник и тој во рок од еден месец, согласно документацијата што ја има во општината, направи регистер на дивоградби - во  заштитениот појас се 409. Градоначалникот рече дека од тие 409 градби не се сите цврста градба, во смисла куќи, хотели, туку дел се гаражи, огради, дел се дополнителни скали. Како што кажа, ако може да го цитирам, на прстите од двете раце може да се избројат градби од типот на куќи и угостителски објекти или хотели коишто се изградени во тој појас. Јас целосно му верувам на градоначалникот дека тие бројки што ги презентираше, бидејќи тој регистар не го правеше владата, не го правев јас, туку го правеше општината и градоначалникот“ рече Адеми.Адеми  смета дека најголема вина за сегашниот статус на Охрид има претходната влада, затоа што „наместо да ги спроведе препораките од УНЕСКО уште во 2009 таа донесе закон за легализција на дивоградбите“.Според извештајот за имплементација на законот за легализација на дивоградби од страна на Народниот правобранител од 2015 во општина Охрид биле дадени барања за легализација на над 11 илјади дивоградби.„Законот за легализација е донесен во времето на ВМРО-ДПМНЕ, и сега ниту градоначалникот, ниту општината, ниту која било друга институција, доколку субјектот си ги исполнувал условите да си ја легализира куќата или што и да е, не можел градоначалникот тоа да му го оспори, бидејќи и да му го оспори градоначалникот, ќе му го одобри судот врз основ на закон за легализација“ рече Адеми.Во однос на проблемот со колекторскиот систем во Охрид, Адеми кажа дека се неточни тезите дека УНЕСКО ќе даде пари за колектор.„Ги слушам тезите дека ќе сме добиеле и пари за колекторот. Еден колектор чини меѓу 20 и 30 милиони евра, изградбата на нов колектор во Охрид. Тие пари УНЕСКО ги нема да ви ги даде, затоа владата, знаете со нова одлука, формира ново претпријатие, кое колекторскиот систем го презема под своја капа, што до вчера беше под капата на општините, и во рамките на Буџетот оваа година планираме околу 4,5 милиони евра да вбризгаме во репарација и реновирање на пумпите, нови пумпи за колекторот, а од догодина целосно, заедно со Европската банка за развој, со Европската унија и со други институции, да можеме да ја финансираме целосно изградбата на новиот колекторски систем“. 

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Казнети 80 возачи кои возеле брзо

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 13.07..2019 година (сабота) во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната во населено место на подрачјето на град Скопје.Од страна на полициски службеници констатирано е дека 80 возачи ја  пречекориле брзината во населено место. Откриени се и 52 останати прекршоци.На 13.07. 2019 година во периодот од 19.00 до 24.00 часот беше спроведена и  акциска контрола за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли. Од страна на полициските службеници констатирани се осум прекршоци  сторени од возачи на моторцикли. 

Скопје | пред 6 години

antonijo-milosovski

Милошоски ја прозива и ТВ Телма

Пратеникот, Антонио Милошоски, откако доби одговор од Канал 5 за неговите прозивки поврзани со „бомбата“ од 12 минути која ја објави Ел Чека, од целосниот разговор меѓу Никола Груевски и Гордана Јанкуловска, сега ја прозива ТВ Телма.Милошоски прашува дали телевизијата ќе продолжи да истражува за случајот како и во 2015 година кога известувала за објавената „бомба“ на СДСМ.„Во 2015, во име на вистината Телевизија Телма редовно известуваше за убиството на Мартин Нешковски, врз основа на објавената бомба од Зоран Заев, во траење од 3 минути. Сега гледаме дека таа бомба траела 12 минути. Дали ТВ Телма сега ќе истражува повторно во име на вистината“, прашува Милошоски.

Македонија | пред 6 години

297684-0.basic-summerland

„Културно уметнички работници“ вечерва на Summerland

Во рамки на фестивалот „Summerland” во Градски парк и денеска ќе се одржат неколку настани и музички перформанси.Во текот на денот е предвидена детска програма каде децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ „Карпош” и интерактивната боенка „ЗОО Азбука”, да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов.Од 21:00 часот на главната сцена на Школка ќе настапи рокенрол бендот „Културно уметнички работници”.Во Chill & Fun Зона посетителите ќе може да се забавуваат со board игри, флипери, фудбалче, табла и Playstation.

Скопје | пред 6 години

trnjetdzerdzer-225245

Силен земјотрес во Австралија

Земјотрес со јачина од 6,6 степени ја погоди плажата во местото Брум во Австралија, соопшти денеска американскиот Геолошки завод.Засега нема извештаи за евентуалните жртви или штети.Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 33 километри.

Свет | пред 6 години

matka1111

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Шилегов ќе сече лента на отворањето на дивоизградената платформа на Матка?

Дали Петре Шилегов ќе го видиме како сече лента на отворањето на дивоизградената платформа на Матка? Во загубена Република Македонија предводена од Зоран Заев нема да не чуди и тоа да се случи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Зоран Заев, централната и локалната власт со месеци најавуваа дека ќе се борат  против дивоградбите и дека ќе ги отстрануваат. Но, сведоци бевме како градоначалник од владејачкото мнозинство свечено ја отвори дивоградбата во центарот на Охрид кај чинарот, во сопственост на советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини.Во ваква апсурдна ситуација единствен заклучок е дека СДСМ  јавно го одобрува никнувањето на дивоградби низ државата, затоа што позади нив се кријат политички и бизнис интереси  на власта.Оваа неодговорна, неспособна и криминална власт е одговорна за тоа што Охрид наскоро може да го изгуби статусот во УНЕСКО. Нивното самоволие оди дотаму што на скандалозен начин во Собранието сакаат да протуркаат закон што не е ист со оној што беше презентиран на Сесијата на Комитетот за културно наследство во Баку.Самобендисаноста и ароганцијата на СДСМ оди до таму што не ја презентираа вистинската и реална ситуација во Охрид, а тоа е бидејќи не беа способни да ги спроведат препораките на УНЕСКО.Ова не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, ова го тврдат и медиумите, експертската јавност  и невладините организации кои сериозно и будно го следат проблемот со охридскиот регион и неговиот статус во УНЕСКО.Нејасно е и зошто со предложениот закон се предвидува во советот за охридскиот регион да биде именуван член од Министерството за политички системи и тоа тело одлуките да ги носи според Бадентерово мнозинство. Класично политизирање со културното и природно наследство на Република Македонија.Ова е уште еден показател дека Заев е подготвен на политички пазар за се во државата па дури и за природното и културно богатство на Република Македонија. СДСМ и Заев мора што побрзо да си заминат за може што побрзо да се поправи штетата која секојдневно ја нанесуваат на државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

pari-1

(ВИДЕО) Низ автопат во Атланта се разлетаа пари од блиндирано возило

Пари од блиндирано возило се разлетале низ автопатот во Атланта. Голем број од возачите ,застанале и почнале да ги собираат парите, па успеале да соберат вкупно 175 000 долари.Сопственикот ги побарал парите назад. Дел од луѓето ги вратиле парите, но дел си ги задржале за себе. Погледнете во видеото како сето ова се одвиваше.

Свет | пред 6 години

Ruski-komichari-kniga-480x306

„Кому му ѕвони телефонот“, книга на комичарите кои го измамија Заев

Руските комичари, со уметнички имиња Вован и Лексус, имаат издадено и книга во која се опишани сите измани што им ги направиле на светските политичари изминативе години. Книгата во оригинал се вика „По ком звонит телефон“, односно „Кому му ѕвони телефонот“.Книгата чини 35 долари и може да се нарача на интернет. Покрај интересните приказни има и аудио разговори со измамените лидери.Досега на нивните шеги наседнаа Зоран Заев, Рамуш Харадинај, Федерика Могерини, Хуан Гваидо, Жан Клод Јункер, Ердоган, Мило Ѓукановиќ, Макрон… и многу други политичари.

Македонија | пред 6 години

banki-2

СДСМ: Со повратот на ДДВ повеќе од 196 милиони евра се вратени кај фирмите

Над 196 милиони евра се вратени кај фирмите од страна на државата со редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите во првата половина на оваа година, велат од СДСМ.„Она што е дополнително важно е податокот дека повратот на парите од ДДВ назад кон фирмите е поголем за 20 отсто во однос на истиот период лани. Тоа се 2 милијарди денари повеќе пари за фимите.Во споредба со 2016 година, односно за времето на ВМРО-ДПМНЕ, разликата е огромна, дури 70% повеќе.Криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ само грабаше од граѓаните, од фирмите. СДСМ враќа пари назад кон граѓаните, кон фирмите.Редовниот и неселективен поврат на ДДВ ја подобрува ликвидноста на фирмите.Позитивните тенденции во стопанството, во економијата се гледаат и преку засилената активност на фирмите.Зборот важи“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

shiran3453

Сопругата на Ед Ширан е негова другарка од детството

Британскиот ко-автор, Ед Ширан откри дека од неодамна е во брак со својата другарка од детството Чери Сиборн. Во интервју за „iHeartRadio“ говореше за текстот во неговата нова песна која ја снимал со Еминем и 50 Цент – „Remember My Name“, во која Чери ја нарекува своја сопруга.Всушност јас ја напишав пред јас и Чери да се венчаме, но знаев дека ќе стапиме во брак уште пред песната да биде објавена – вели популарниот пеач, а пренсува CNN. Некој ќе ја слушне песната и ќе рече: Ох, па тие се венчале! Не знаев како ќе го протолкуваат тоа, но очигледно веќе се знае – додаде тој.Ед Ширан и Чери Сиборн се знаат уште од деца, но започнале да се забавуваат дури во 2015. година, кога заедно биле на забава која ја организирала Тејлор Свифт по повод 4. јули, денот на американската независност.

Магазин | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања