Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

zemjotres

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес од 4,7 степени го погоди западниот дел од Грција.Според првичните податоци нема повредени ниту поголеми штети.Атинскиот геодинамичен институт соопшти дека земјотресот се почувствувал во 18.08 часот, на 30 километри западно од градот Агринио, на длабочина од 28 километри.

Свет | пред 6 години

dolni-saraj-ohrid

Нухиу за Охрид: Да ти се плукнам во државата каде коалициски интереси се над законите

Новинарот Арменд Нухиу на социјалните мрежи се огласи по повод дивоградбите на ДУИ во Охрид и на Матка.„Нефи Усеини, советник на ДУИ завчера отвори пицерија дивоградба во центарот на Охрид. УНЕСКО во февруари ќе го извади Охрид од неговата листа. И никому ништо. На Матка луѓе на ДУИ држат диви платформи, никому ништо. Да ти се плукнам во државата каде коалициски интереси се над законите“, пишува Нухиу.Нухиу во еден од своите статуси напомена и дека ДУИ со години работи на ширење на некој квази национализам со кој се обидува да ја затскрие својата неспособност.

Македонија | пред 6 години

DSC_0002.01_00_59_04.Still009

Најчевска за Усеини: Време е да му кажеме на насилникот кој изградил пицерија кај најстарото дрво дека не се согласуваме

Професорката Мирјана Најчевска на социјалната мрежа „Фејсбук“, повикува на одговорност за сите оние кои ги прекршуваат законите. Таа се осврна и на дивоградбата кај Чинарот во Охрид, за која вели „Да му кажеме на насилникот кој изградил пицерија покрај најстарото дрво во државата дека не се согласуваме со тоа.„Не знам во кој момент се променија вредностите.Во кој момент стана престиж да бидеш глуп, неук, примитивен, насилен?Во кој момент знаењето го замени итроштина, а професионалноста блеф.Не знам.Само знам дека тоа не се случи ни вчера, ни завчера.Постепено пробиваше за да процвета во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.Пред тоа имаше еден-двајца примитивци и колку што се сеќавам само еден професор промовираше вулгарност и примитивизам.Денес веќе имаме генерации кои не знаат за поинаков вредносен систем.Генерации на бесни, полни со омраза, примитивни млади луѓе кои лаат и гризат и гребат и гнасат се што ќе им дојде под рака.Не бегаат младите луѓе од државичето само затоа што не можат да најдат работа или затоа што немаат материјални средства за убав живот.Бегаат и оние кои едноставно не може да ја поднесат атмосферата на омраза и непријателство и нетрпение и нервоза и насилство и непристојност.И нема да се вратат независно од економската ситуација.Оваа држава стана држава во која не е пријатно да се излезе на улица, не е пријатно да се појде во продавница, не е пријатно да се појде во училиште, не е пријатно да возиш ни да одиш пеши, не е пријатно да одиш во ресторан или на пазар, не е пријатно да се живее.Ова е држава на насилници кои уништуваат. Заштитени од власта.Мислам дека е време да им се спротиставиме.Не со демонстрации. Туку секој ден во секоја ситуација на секој можен начин.Време е да кажеме дека навредите не се културен белег и дека љубезноста не е слабост и дека насилството не не импресионира и не не плаши.Време е да и кажеме на госпоѓата која ја остава вреѓата со ѓубре покрај влезната врата дека тоа не е во ред и да им кажеме на децата од маало дека тепањето маче не е кул и да му кажеме на насилникот кој изградил пицерија покрај најстарото дрво во државата дека не се согласуваме со тоа и на функционертот кој го запира сообраќајот за да пројде дека тој е наш службеник, а не газда.Некако мислам дека е сега крајно време“, напиша Најчевска.

Македонија | пред 6 години

vanesa-mej

(ВИДЕО) Светската виолинистка Ванеса Меј со порака до Владата

Светската виолинистка Ванеса Меј која го отвори Охридско лето, во соработка со Анима Мунди упати порака до Влада на Република Македонија да преземе мерки и да сопре труењето на бездомните животни.– Навистина ме растажува кога слушам дека во земјава се случуваат масовни труења на кучиња и мачки по улиците. Ја повикувам Владата да престане со слободна продажба на отрови затоа што тоа е навистина нехумана активност. Кучињата не бараа да бидат овде и заслужуваат најголема љубов и почит. Затоа ве молам заедно со Анима Мунди промовирајте вдомување на бездомни животни бидејќи ја заслужуваат вашата љубов, наместо да промовирате одгледувачи, порачува Меј, во видео пораката споделена од здружението за заштита на животните Анима Мунди.https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/videos/336015240659254/

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still072

Груевски: Заев ги остави судиите да мислат како да постапат со снимките, а тој „се тргна настрана”

Бегалецот Никола Груевски повторно се јави од Будимпешта преку социјалната мрежа „Фејсбук. Тој повторно го обвинува премиерот Зоран Заев дека „бомбите“ кои ги објавуваше биле кратени, а судот пак дека добил само третина од материјалот.„Заев вчера јавно во изјава потврди дека не само снимката поврзана со Мартин Нешковски, туку повеќето снимки кои и ги пушташе на јавноста во 2015 – ги крател.При тоа одбегна да одговори зошто кога ја крател, ја скратил и монтирал на таков начин да создаде перцепција дека навистина јас и Јанкуловска сме сакале да прикриеме убиство.Одговорот е јасен: за да дојде на власт. Ама ќе беше многу ако и тоа го признаеше. Ако еден ден има судење за оваа измама како резултат на која во болница завршија 40 повредени полицајци, признанието и каењето ќе му биде земено како олеснителна околност.Ако во јавноста деновиве не се појавеше долгата верзија на снимката од која се слуша дека воопшто не сме сакале да прикриваме убиство или сторител, ќе останеше впечатокот од скратената снимка, но и од контекстот кој на снимката и го даде Заев пред да ја пушти во 2015 година, дека сме договарале како да го прикриеме убиството и сторителот.Како и да е, Заев на јавноста и на судиите и обвинителите денес јасно им даде до знаење дека сечел, лепел, крател и со такви работи се занимавал. Додатно кажа и дека тој поседувал и доставил до судот само една третина од снимките поврзани со случаите. Со тоа кажа дека има уште две третини од разговорите за сите случаи за кои се суди, кои ниту ги пуштил на јавноста ниту судот ги има на располагање па треба да носи пресуди на база на само една третина од разговорите, напиша Груевски.Тој се чуди и како можел судот да не побара вештачење на „бомбите“, туку со врзани очи му веруваат на Заев.-За најмала сообраќајна несреќа со скршен жмигавец и фар, судот нарачува вештачења за судијата да е сигурен дека носи исправна одлука. Ама за тоа дали се кратени и монтирани снимките од Заев со кои е планирано да осудат стотици луѓе главно негови политички противници, судиите одлучија да нема вештачење.Зошто?Па затоа што веројатно знаат и тие дека ако ангажираат надворешни експерти-вештаци за аудио матерјалите ќе се констатира нешто со кое потоа нема да можат да ги донесат планираните и нарачани пресуди.Заев си призна и јавно си кажа. Ги остави судиите сами да мислат како да постапат. Неофицијалната нарачка од него до нив за осудителни пресуди врз основа на снимките не е повлечена, а јавно тој “се тргна настрана” признавајќи дека сечел, лепел и монтирал, а им доставил на судиите само по нешто од снимките.Инаку, има уште најмалку три тешки законски прекршувања околу снимките заради кои судиите мораат да се ослободат од снимките како доказ за да не го кршат Законот.Прво, овие снимки- т.н. докази, им се само копии, кое не е споредено со оргиналот.Второ, нелегално се прибавени.Трето, СДСМ ги има доставено до СЈО надвор од рокот предвиден во Законот за приватност.Сега судиите се исправени пред дилемата: личниот кредибилитет и законско работење или нарачките на Заев спакувани со ред понуди за унапредување, вработувања на луѓе од семејството и слично и ред закани, напиша Груевски на фејсбук.

Македонија | пред 6 години

milososki-antonijo

Се скара Милошоски со Канал 5

Откако Милошоски на фејсбук ја прозва телевизијата Канал 5, каде била да известува за убиството на Нешкоски, тие го прашаа зошто владата од која бил дел, правела обиди да го заташка случајот. Исто така го предизвикаа и да одговори кој тогашен функционер од МВР вршел медиумски притисок да не се известува за случајот.-Во 2015 година, ТВ Канал5 слабо известуваше за убиството на Мартин Нешковски, а после објавата на “бомбата” од Зоран Заев, во траење од 3 минути. Една угледна новинарка, тогаш вработена во Канал5, а сега во друга телевизија, кажа дека тогаш од МВР имале забрани за истражување и известување. Денес, за среќа, се гледа дека Канал5 има многу добри релации со МВР и Владата.Овие денови сведоци сме дека таа “бомба” за Мартин Нешковски во целост траела 12 минути, а скратените 9 минути можат да значат и кратење од вистината или манипулација на мотивите.Затоа прашање е дали денес уредниците на ТВ Канал5 ќе ги искористат добрите релации со владата и ќе истражуваат во име на јавниот интерес, во име на вистината, што се случило со убиството на Мартин Нешковски, што се случило со целосната прислушкувана “бомба” и дали некој од политиката или МВР го има злоупотребено овој трагичен настан?, напиша Милошоски на фејсбук.Од телeвизијата, пак не му останаа покуси, па јавно му поставија неколку прашања:-Господине Антонио Милошоски ние го слушаме гласот на нашите гледачи, макар биле и партиски војници, па затоа го прифаќаме Вашиот предизвик.Еве во име на јавниот интерес Ве замолуваме да одговорите на овие прашања:1. Зошто владата во која бевте министер, молчеше за убиството цели 48 часа?2. Дали некогаш сте побаравте одговорност во вашата партија и во владата за очигледниот обид да се прикрие и заташка случајот?3. Дали сте се запрашале кој и зошто од МВР и владата тогаш вршеа силен притисок врз медиумите да не известуваат за убиството?Канал 5 има принципиелен став за разно-разните “бомби” – ниту порано ниту сега не ги објавува, од проста причина, да не влегуваме во валканите политички игри. Но, затоа се надеваме дека истрагата што ја води СЈО еден ден ќе даде одговори на прашањата кои Ви ги поставивме и Вам. Како што беше со случајот “Моќник” во кој сте првоосомничен, и кој се надеваме еден убав сончев ден кога Македонија ќе стане правна држава, ќе добие и судска разрешница, велат од Канал 5.

Македонија | пред 6 години

bura-696x391

(ВИДЕО) Вонредна состојба во Луизијана

Претседателот Трамп прогласи вонредна состојба во Луизијана и преку твитер порака  им порача на граѓаните во загрознеите подрачја  да бидат внимателни и да се засолнат на безбедно.Околу 10 000 луѓе се евакуирани  од крајбрежните региони на Луизијана пред  ударот на ураганот Бери. Метеоролозите предупредуваат дека вистинската опасност не е ветрот туку дождот кој може да предизвика смртоносни поплави.https://www.facebook.com/LafourcheSO/videos/636003750251242/Американскиот Национален центар за урагани издаде предупредување дека ураганот „Бери“ стигнал до максимална брзина на ветер од 120 километри на час. Повеќе од 50.000 домаќинства во моментов се без електрична енергија.„Ова ќе биде прв пат да имаме ураган кој ќе предизвика слечиште, а во исто време реката Мисисипи е пред критично ниво на излевање. И тоа не е само Мисисипи. Имаме покачени нивоа на реки низ Луизијана“, изјави гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс 

Свет | пред 6 години

napadnata

Ја нападнал поранешниот љубовник во трговски центар

На 13.07.2019 во 00.55 часот 47-годишна жена од Скопје пријавила дека на бул.Јане Сандански во трговски центар била физички нападната од поранешниот љубовник Љ.Т (55) од Скопје.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Девојче и момче паднале од мопед, па завршиле во болница

На 13.07.2019 во 01,30 часот на локален пат за с.Србјани-Кичево, 16-годишна девојка од Прилеп, управувајќи мопед „Лонгија“ изгубила контрола и паднала заедно со сопатникот- 15-годишно момче од Прилеп при што се здобиле со повреди и им била укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево.Увид  на лице место извршила увидна екипа од ПС-Кичево.

Македонија | пред 6 години

E5FEA7AB-5EA0-4839-B007-D5BAD74F84AC

Страотна судбина на мигрантите: Момче пронајдено како едвај дише со расечен врат во прегратките на својот починат татко

Десетгодишно момче e пронајдено едвај живо, со расечен врат како лежи во рацете на починатиот татко во сојузната држава Веракруз во Мексико. Ужасниот настан ја шокираше Америка, а вознемирувачките фотографии објавени на Си-ен-ен покажаа дека момчето на вратот има долга рана од 7 сантиметри. Трагедијата на најлош можен начин го илустрира очајот на многу луѓе од Централна Америка.Таткото и момчето од Гватемала биле нападнати од членови на картели додека патуваа низ Веракруз во Мексико на нивниот пат кон САД, изјави претседателот на мексиканската организација за борба против човековите права Раул Хернандез. Момчето Кристијан (10) и неговиот татко Руди (37) го напуштиле домот на 28 мај годинава во потрага по подобар живот. Со нив патувале и братот на Руди и неговиот син тинејџер. Тие му платиле на криумчар на мигранти да ги однесе во САД, но тој ги оставил во Мексико, каде што биле киднапирани од припадници на наркокартелот Лос Зетас.Пабло Оједа Карденас од Министерството за внатрешни работи во мексиканската држава Моралес изјави дека киднаперите, наводно, се јавиле на семејството на киднапираните во САД и побарале откуп од 12.000 долари. Семејството успеало да собере 8.000 долари, но киднаперите повеќе не им одговориле.Неколку дена подоцна, на 6 јули, Кристијан и неговиот татко биле пронајдени како лежат на патот, оставени да искрвават до смрт. Таткото Руди починал наскоро, додека неговиот син бил пронајден каков едвај дише. Мексиканските власти објавија дека вујкото и неговиот син успеале да избегаат и се безбедни. Кристијан бил префрлен во болницата каде што му е обезбедена целосна лекарска грижа. Тој бил опериран и, според медиумите, закрепнува. Исто така добива и психолошка помош.Мигрантите кои патуваат низ Мексико често се цел на криминалци и стануваат жртви на кражби, изнудување, силување и убиство. Во 2010 година во североисточниот дел на Мексико беше откриена масовна гробница со 72 тела на мигранти, 58 мажи и 14 жени. Мексиканските власти велат дека веруваат дека тоа главно се однесува на граѓаните на Хондурас и Ел Салвадор, но има и луѓе кои доаѓаат од Еквадор и Бразил.Покрај криминалците, на мигрантите им се закануваат и други опасности. Неодамна, светот ја виде фотографијата на Оскар Алберт Мартинез и неговата двегодишна ќерка Енџи Валери како лежат во калта во близина на градот Матамороса во Мексико. Еден ден претходно, тие се удавиле при обидат да ја преминат реката Рио Гранде и да дојдат во Тексас.Министерот за надворешни работи на Гватемала изрази сочувство до семејството на Кристијан и вети дека ќе ги плати сите трошоци за превоз на телото во земјата и на погребот. Тројцата преживеани имаат две опции – да останат во Мексико со хуманитарна виза или да се вратат во Гватемала.

Свет | пред 6 години

E0259A28-2575-47A4-A484-02FD0D841584

Охридско Езеро полно со фекалии

И покрај сите предупредувања, препораки од УНЕСКО и дадени рокови за почетокот на спроведувањето на неопходните мерки, знаци за забpaнето капење од вчера се поставени во Охрид, на плажите на потегот од Самоиловата тврдина кон Партизан, Младост, пишува 1ТВ.Станува збор за населбата Воска, која е прва населба од тврдината кон Струга. Очевидци велат отпадните води и фекалии директно се влеваат во езерото. Охрид оваа сезона е полн со туристи, а во овој дел од охридското крајбрежје летуваат и странците. Според некои информации во одморалиштето Партизан моментално летуваат околу 100 деца.Градоначалникот на Охрид Костадин Георгиевски за 1ТВ потврди дека водата е загадена и постои забрана за пливање во овој дел од езерото.„Во редовните контроли кои ги врши ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид, утврдено е загадување на водата од трета категорија на потегот околу Партизан и Младост. Периодот наназад немаше излевање на колекторскиот систем кој со крајни напори го одржуваме во функција. Инаку колекторскиот систем има преливен испуст кај игралиштето Воска, кој е активен при обилни врнежи, но во изминатите два месеци немаше прелевање и најверојатно причина за загадувањето се нелегални канализациони приклуцоци во реката Грашница . Екипите на Нискоградба и Проаква се на терен. Во вторник следуваат резултатите од анализите земени предходниве неколку дена, а во понеделник ќе се земат нови примероци од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје. Таблата ја постави секторот за комунални дејност при Општина Охрид, по задолжение од Државен здравствен и санитарен инспекторат“, вели Константин Георгиевски, градоначалник на Охрид.Сепак првиот човек на општината не даде одговор на прашањата на 1ТВ зошто властите не преземаат чекори за санација на повеќе од 30 години стариот и нефункционален колекторски систем и како општинските власти дозволиле да има нелегални канализациони приклучоци во реката Грашница.

Македонија | пред 6 години

mickoski-novo-selo

Имам комуникација со Ахмети, вели Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното интервју за телевизија Алсат истакна дека не ја исклучува можноста да организираат протести, потенцирајќи дека тие би биле мирни. На прашањето какви се односите на ВМРО-ДПМНЕ со албанските партии и дали тој како лидер се сретнал со нив, Мицкоски рече:-Имаме средби, разговараме. Загриженоста е присутна и во едниот и во другиот блог. Споделуваме иста мака, маката се вика моментална влада во Република Македонија. Се разбира дека комуницираме. И со ДУИ имаме комуникација. Во рамките на Парламентот, пратеничките групи комуницираат. Јас имам комуникација со господинот Али Ахмети, рече Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

zemjotres

Силен земјотрес на Филипините, има повредени

Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтерова скала го погоди рано изутрина регионот на Северен Минданао, кој се наоѓа во јужниот дел на Филипините, при што се повредени 25 луѓе, соопштија филипинските власти.Причинета е материјална штета врз куќи, згради и инфраструктурата. По потресот не е издадено предупредување од цунами.Eицентарот на земјотресот се наоѓал во Караскал, во областа Суригао Дел Сур.

Свет | пред 6 години

zaev-na-telefon

Стоилковски: Обвинителство мора да отпочне процеси за сите наводи од разговорите меѓу Заев и лажниот Порошенко

Комичар му се јавува на Зоран Заев и претставувајќи му се како тогашниот украински претседател Порошенко, му го цитираат Сталин! Внимавајте, украински претседател го цитира Сталин како совет,  Сталин - човек одговорен за смртта на околу пет милиони Украинци! И тоа на Заев не му е сомнително. И притоа Украинскиот претседател во моментот има акутен проблем со Москва. И повторно на Зоран Заев тоа не му е сомнително. Зоран Заев нема елементарно познавање за функцијата која што ја извршува, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Уште пострашно, сталинистичкиот совет кој што со задоволство го прима Заев. Цитирам:„Како што вели еден од нашите политичари: Не е важно како гласаат граѓаните, важно е како се бројат гласовите“.Заев: „Да, да, да, да…“„Се надевам дека овој совет ќе ви помогне?!“ вели лажниот Порошенко.Заев: „ДА, ЌЕ МИ ПOMОГНЕ, СИГУРНО!“Почитувани,Заев се согласува со сталинистички метод за броење гласови, во разговор во пред референдумскиот период! Заев се согласува со мислата на Сталин која што целосно гласи: „ДОВОЛНО Е ЛУЃЕТО ДА ЗНААТ ДЕКА ИЗБОРИТЕ СЕ ОДРЖАЛЕ. ЛУЃЕТО ШТО ГЛАСААТ НЕ ОДЛУЧУВААТ НИШТО. ЛУЃЕТО ШТО ГИ БРОЈАТ ГЛАСОВИТЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА СÈ“.Сета македонска јавност сведочи што се случуваше по пропаста на референдумот, тезите дека недостасувале гласови против или дека мнозинство биле ЗА, токму по сталинистичкиот совет, по што следеше онаа криминогена операција за менување на Уставот во Собранието на Република Македонија! Сета јавност сведочи за митото нудено за време на референдумската кампања. Сета јавност сведочи за вратоломиите и брзите прсти при гласањето за 4, 5, 7, 9 секунди по гласачи!Сега на сите им е појасно дека не биле без основа обвинувањата од кандидатот Блерим Река и од Гордана Силјановска Давкова за сталинистички методи во претседателската трка на СДСМ! Па Зоране Заев, колку ти помогнаа советите од Сталин? Колку сталинистичките методи помогнаа во пребројувањето на гласовите на референдумот, а колку на претседателските избори?Почитувани,Разговорите ја открива и криминогеноста на Заев во однос на поткупувањето, ја откриваат и заевата блискост со светски мешетари кога станува збор за лажни вести, митоманство, перење пари и финансирања на кампањи. Јавното обвинителство мора со сериозност да отпочне процеси за сите наводи од разговорите и пораките разменети меѓу Заев и лажниот Порошенко, доколку во Обвинителството останало барем малку интегритет. Или Заев ја довел работата до нов сталинизам: „Нема луѓе - Нема проблеми““, вели Стоилковски.

Македонија | пред 6 години

besa

Активист на Беса повикан во полиција за поставување навредливи знаци за ДУИ низ Тетово

Активистот на движењето Беса, Артан Етеми бил повикан во тетовската полиција на информативен разговор поради поставените знаци на неколку места во Тетово со навредлива содржина за ДУИ.Претседателот на Беса, Билал Касами во изјава за локалната телевизија Коха од Тетово, истакна дека „полицијата треба да ги брани активистите, наместо криминалците“.„Ова се случува кога политичките партии, власта оди во погрешен правец, наместо да се занимаваат со заштита на граѓаните и да им служи на граѓаните, се занимаваат со заштита на криминална група, која функционира како паралелна група во ДУИ“, рече Касами.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ѓорѓиевски: На слобода е група која со калашникови ограбува среде бел ден, а Спасовски мува не го лази

Неспособноста на министерот за внатрешни работи е веќе толку општо позната работа што не е ни чудо зошто секој ден се случуваат грабежи, убиства и насилства во Република Македонија. Криминалците се осоколени и слободни, што прават дрски кривични дела сред бел ден, и за тоа не одговара никој од нив, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Каков Премиер, таков Министер за внатрешни работи, а таква за жал е безбедност на државата.Десетина тешки грабежи, и неколку опљачкани банки и пошти откако Оливер Спасовски е на чело на МВР, а ниту еден расветлен случај.За неполни два месеци само од Тутунска банка на најбрутален начин се украдени 250 000 евра, а групата е оставена слободно да бира каде ќе удри следниот пат, бидејќи Спасовски ништо не презема против нив. Замислете, се уште е на слобода група која со калашникови ограбува среде бел ден и министерот мува не го лази.МВР нема преземено ништо. Никој не знае каде заминал џипот со ЦОЛ таблички со кој избегале разбојниците, ниту кој им помогнал. Никој не знае ни дали парите се изнесени од државата или пуштени во промет на територија на Република Македонија.За жал криминалот е присутен насекаде. Пред само неколку дена во центарот на Прилеп сведоци бевме дека беше фрлена бомба во кафуле полно со гости, а сторителите се уште не се откриени.Спасовски или е целосно неспособен да преземе акција или пак е во коалиција со криминалното подземје, трето нема. Што и да е, Спасовски мора да си оди! Оставка мора од негова страна и тоа веднаш!Криминалот буквално царува во Република Македонија, нема одговорност пред законот за сторителите на тешки кривични дела, Спасовски или не знае како или не сака да ги изведе пред лицето на правдата оние кои ги загрозуваат животите и безбедноста на нашите сограѓани.Предизборната коалиција на СДСМ со криминалното подземје полека но сигурно си го зема данокот, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните. Партизацијата на МВР е евидентна, таа е спротивна од професионализацијата и она што навистина им е потребно на граѓаните чија безбедност треба да е основен приоритет на министерството. МВР е во тотален хаос и целосно неефикасно.Што поскоро Спасовски и оваа власт си заминат, толку побрзо ќе се врати правдата во Република Македонија, a нашите граѓани ќе можат повторно да кажат дека се чувствуваат сигурно и не живеат во страв.Каков Премиер, таков Министер за внатрешни работи, а таква за жал е безбедност на државата.Десетина тешки грабежи, и неколку опљачкани банки и пошти откако Оливер Спасовски е на чело на МВР, а ниту еден расветлен случај.За неполни два месеци само од Тутунска банка на најбрутален начин се украдени 250 000 евра, а групата е оставена слободно да бира каде ќе удри следниот пат, бидејќи Спасовски ништо не презема против нив. Замислете, се уште е на слобода група која со калашникови ограбува среде бел ден и министерот мува не го лази.МВР нема преземено ништо. Никој не знае каде заминал џипот со ЦОЛ таблички со кој избегале разбојниците, ниту кој им помогнал. Никој не знае ни дали парите се изнесени од државата или пуштени во промет на територија на Република Македонија.За жал криминалот е присутен насекаде. Пред само неколку дена во центарот на Прилеп сведоци бевме дека беше фрлена бомба во кафуле полно со гости, а сторителите се уште не се откриени.Спасовски или е целосно неспособен да преземе акција или пак е во коалиција со криминалното подземје, трето нема. Што и да е, Спасовски мора да си оди! Оставка мора од негова страна и тоа веднаш!Криминалот буквално царува во Република Македонија, нема одговорност пред законот за сторителите на тешки кривични дела, Спасовски или не знае како или не сака да ги изведе пред лицето на правдата оние кои ги загрозуваат животите и безбедноста на нашите сограѓани.Предизборната коалиција на СДСМ со криминалното подземје полека но сигурно си го зема данокот, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните. Партизацијата на МВР е евидентна, таа е спротивна од професионализацијата и она што навистина им е потребно на граѓаните чија безбедност треба да е основен приоритет на министерството. МВР е во тотален хаос и целосно неефикасно.Што поскоро Спасовски и оваа власт си заминат, толку побрзо ќе се врати правдата во Република Македонија, a нашите граѓани ќе можат повторно да кажат дека се чувствуваат сигурно и не живеат во страв“, изјави Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 6 години

el-cheka

Ел Чека до Заев: Кога ќе му се јавиш на Трамп осигурај се дека ќе биде тој

Kичевецот Шеќерим Ахмети – Ел Чека преку фејсбук му испрати порака на премиерот Зоран Заев, откако тој во последното интервју рече дека ќе побара негово апсење.„Слушнав дека Зоран Заев ќе побара од САД да ме апсат, бидејќи им ги вадам на виделина нивните нивните злосторства и криминали кои ги имаат направено овие главните во државата кои се од глава до пета криминализирани. Зајче, кога ќе му се јавиш на Трамп осигурај се дека ќе биде тој, да не испадне после да ти кренат слушалка оние руските комичари“.Заев се правдаше дека неговите прислушувани разговори не се слични на оние кои ги објавува Ел Чека за раководството на ДУИ, пишува ИНА.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Дел од „Партизанска“ утре ќе биде затворен поради градежни активности

Град Скопје ги информира граѓаните дека поради изведување на градежни работи на дел од булеварот „Партизански одреди“, утре ќе се воведе привремен сообраќаен режим.Поради нанесување на завршен асфалтен слој на дел од трасата на булеварот „Партизански одреди“ од мостот „Обединети Нации“ до улицата „Московска“, целосно за сообраќај ќе биде затворен делот од булеварот од кружниот тек кај Порта Влае до крстосницата со улица „Московска“ (кај ТЦ Сити мол), во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар. По трасата во спротивниот правец сообраќајот ќе се одвива непречено.Времениот режим ќе се реализира доколку тоа го дозволат временските услови за извршување на асфалтирањето, а истото ќе биде во сила до завршување на градежните активности.За време на привремениот режим, автобусите на ЈСП кои сообраќаа по овој дел од булеварот „Партизански одреди“, ќе се пренасочат преку улицата „Адолф Циборовски“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, а ќе се вратат на нормалната траса преку улицата „Московска“.Асфалтирањето се врши во рамките на проектот за реконструкцијата на коловозот на дел од булеварот Партизански одреди, на потегот од крстосницата со булеварот 8.Септември до мостот „Обединети нации“, на должина од два километри.Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, од Град Скопје ги замолуваат сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Скопје | пред 6 години

120190420_222206

ДОМ: Природното и културно наследство ќе го сочуваме само ако ги спроведеме препораките на УНЕСКО

По објавените информации за уште една нова дивоградба, на државно земјиште, во заштитеното градско подрачје на Охрид, ДОМ бара надлежните институции веднаш да постапат согласно законските одредби и да почнат со рушење на нелегалните градби во Охридскиот регион.„Единствен начин да го сочуваме нашето единствено светско природно и културно наследство е да ги спроведеме препораките на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО. Врвен приоритет е препораката број 6 за воспоставување мораториум на какви било урбани и крајбрежни трансформации во рамките на заштитеното подрачје додека сите релевантни плански документи не се усвојат и да се обезбеди строго спроведување на законите и прописите за да се спречи понатамошно незаконско градење“, велат од ДОМ.Од зелената партија им укажуваат на надлежните институции дека се должни да постапуваат согласно законот, зашто во спротивно и самите ќе сносат одговорност за непостапување и соучесништво. Уривањето на дивоградбите, велат од ДОМ, е непопуларна, но во оваа ситуација единствено целисходна мерка која може да придонесе да го сочуваме УНЕСКО статусот.  Дополнително, со санкционирање на нелегалното градење ќе се манифестира неселективното спроведување на законските прописи и владеење на правото, што е една од основните европски вредности, нагласуваат од партијата.На сесијата на Комитетот на УНЕСКО во Баку, овој месец, ни беше одреден дополнителен рок за исполнување на клучните препораки на мониторинг мисијата на УНЕСКО, до февруари 2020 година. Доколку тоа не се реализира, Охридскиот регион ќе биде ставен на листата на светско наследство во опасност.

Македонија | пред 6 години

rezim-soobrakaj

Поради снимање на реклама, посебен сообраќаен режим во Скопје

На 14 и 15.07. 2019 година (недела и понеделник) во времето од 19.00 до 06.00 часот, поради снимање на рекламен спот од „Пигменто студио“ од Скопје, Одделението за безбедност  на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на дел од бул.„Гоце Делчев“ од крстосница со ул.„Лазар Личеноски“ до крстосница со бул.„Филип Македонски“ (00:30 – 04:00 часот), дел од ул.„Димитрија Чуповски“ од крстосница со бул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11-ти Октомври“ (23:30 – 01:00 часот), дел од бул.„Св. Кирил и Методиј“ од крстосница со бул.„Кочо Рацин“ до влез во ТЦ Рамстор (00:30 – 04:00 часот) и дел од бул.„Јане Сандански“ од крстосница со бул.„Србија“ до влез во ТЦ Капитол (02:00 – 04:00 часот) во Скопје  и за таа цел сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.Министерството за внатрешни работи апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот. 

Скопје | пред 6 години

velosiped

Удрил во девојче на велосипед, а потоа избегал

На 12.07.2019 во 14 ч. во Скопје на крстосницата од ул.„Горно Лисиче“ и ул.„Горноврановска“, се случила сообраќајна незгода во која засега непознато патничко моторно возило удрило во велосипед „Династи“, управуван од малолетничка од Скопје  и  го напуштил местото.Малолетничката била пренесена во Градска општа болница Св.Наум Охридски, каде и била констатирана  тешка телесна повреда.Се работи на расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

policija-traka

Излетал од патот и удрил во бетонски ѕид, починал на лице место

На 12.07.2019 околу 14,35 часот на локалниот пат Илинден-с.Ајватовци било пријавено дека   патничко моторно возило „Форд фокус“ со скопски регистарски ознаки управувано од В. Д. (60),  излетало од патот и удрило во бетонски ѕид.Возачот В.Д  починал на местото на настанот.Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител.

Скопје | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Автомобил излетал од патот и се превртел, едно лице со тешки повреди

На 12.07.2019 година во 18,30 часот на автопатот Мајка Тереза, во насока од Скопје кон Тетово, патничко мотроно возило “Опел астра“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Ц.С. (40) од гостиварско, излетало од коловозот и се превртело.Со тешки телесни повреди се здобил  Ц.С. и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а сопатниците Д.С. (38) и малолетник  по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.Увид на место на настанот извршила увидна екипа од Скопје.

Македонија | пред 6 години

policija-123

Раководители во кумановското Водостопанство се стекнале со противправна имотна корист од 732.799 денари

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(44) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против С.Ѓ.(62) и С.Л.(36), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.Во текот на 2016 и 2017 година второпријавената, како раководител во АД „Водостопанство“ – подружница Куманово, по претходно распишан тендер за набавка на ХТЗ опрема, во пет наврати изготвила лажни приемници за набавена ХТЗ опрема од фирма од Куманово, по што првопријавениот, како директор на наведената подружница, ги одобрил фактурите за набавената опрема доставени од наведеното правно лице.По ова, второпријавената и третопријавениот, како раководител во наведеното акционерско друштво, по укажување од првопријавениот, изготвиле лажни списоци и испратници за задолжување на набавената ХТЗ опрема на вработени во наведеното акционерско друштво.Со ова пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 732.799 денари на штета на АД „Водостопанство“ Скопје. 

Македонија | пред 6 години

el-ceka-696x454

Ел Чека ги повика Села и Касами на протест пред Влада

Објавувачот на прислушкуваните разговори, Шеќерим Ахмети, во јавноста познат како „Ел Чека“, преку својот профил на Фејсбук, ги повикаа лидерите на албанските опозициски партии Зијадин Села и Билал Касами да се приклучат на повиканиот протест кој треба да се организира на 26 јули пред Владата во Скопје, пренесува Журнал.-Јас како организациски совет на протестите заедно со сите совети кои ние ги формиравме во цела Северна Македонија ги повикуваме Зијадин Села и Билал Касами (Алијансата и Беса) дека на 26.07.2019 во 14:00, петок ќе одржиме протести во Скопје пред Владата и пред Парламентот.На секој протест кој ќе го организираме да бидат присутни заедно со нивните членови, и да не молчат. Молчењето е криминал и на секој протест што ќе го оржиме да бидат присутни заедно со нивните членови. Протестите се национални. Редот е на партиите да го поддржат народот. Оние кои не го поддржуваат не се со народот. Секој протест надвор од овој е национална поделба, напиша Ел Чека.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања