Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

download-6-696x392

Властите на Њу Орлеанс апелираат до жителите да соберат храна, вода и лекови за најмалку три дена

Градот Њу Орлеанс на Твитер објави предупредување до жителите на овој град, во кое се содржат правила за однесување пред ураган, кој допрва се очекува.– Жителите би требало да се подготват и да ги извршат следните активности: да соберат храна, вода и лекови за најмалку три дена и да ги обезбедат своите имоти за силни дождови и ветер, да ги исчистат олуците и да ги испуштат базените – се наведува во предупредувањето.Американскиот Национален центар за урагани соопшти дека тропската бура „Бери“ се засилува додека се доближува до брегот на Луизијана, а се очекува да премине во ураган кога утре ќе стигне на копно.Трамп прогласи вонредна состојба во Луизијана, а долж целиот нејзин брег на сила е предупредувањето за ураган.https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1149467665209028610?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1149467665209028610&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.novamakedonija.com.mk%2Fsvet%2F%25d0%25b2%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%259a%25d1%2583-%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25bb%25d0%25b5%25d0%25b0%25d0%25bd%25d1%2581-%25d0%25b4%25d0%25be-%25d0%25b6%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25bb%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25be%25d0%25b1%25d0%25b5%2F

Свет | пред 6 години

moj-ddv

До сега скенирани се околу 2 милиони фискални сметки и остварен е промет од 17 милиони евра

Oд први јули, кога почна да се реализира мерката поврат на 15 отсто до платениот ДДВ, до сега апликацијата ја симнале 120.000 граѓани.Скенирани се близу 2 милиони фискални сметки со кои остварен е промет од близу 17 милиони евра. На оваа сума пресметан поврат на ДДВ од над 260 илјади евра, пари кои на сметките на граѓаните ќе легнат дури во декември.Граѓаните инсистираат да им бидат издадени фискални сметки за производите коишто ги купуваат и за услугите коишто ги користат, а се почесто во Управата за јавни приходи се пријавуваат и нерегуларностите при издавањето, односно неиздавањето на фискални сметки, велат од УЈП.

Македонија | пред 6 години

pendarovski-borisov

(ВИДЕО) Пендаровски му се пожали на Борисов: Само за мене нема вода, а?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на фејсбук објави кратко видео од почетокот на средбата што ја оддржа со македонскиот претседател Стево Пендаровски во Сараево.-Само за мене нема вода, а – вели на шега Пендаровски, по што Борисов одговара: „Има, как да нема“.Потоа, двајца претседатели продолжуваат да разговараат за Косово.https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/2478922432335812/

Македонија | пред 6 години

20190713021118

Денес е Павловден

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 јуни. Денеска е Собор на 12- те апостоли – Павловден. Вториот ден од завршувањето на постот е празник на сите 12 Апостоли. Така и се вика празникот: Собор на 12 Апостоли, и тоа е нивен главен заеднички празник, слично како што има соборни денови и за свети Јован Крстител, за архангел Михаил итн. Апостолите се слават како темели на црквата, што навистина се, со оглед на тоа што тие се првите луѓе кои во потполност ја примија благата вест за единствениот можен Спасител на луѓето и на светот. Уште повеќе затоа што истата вест ја проширија по сите краишта на вселената.ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАРДенеска е Св. Хенрик.Бил роден во 973 година во Абако во близина на Регенсбург. Царот Хенрик бил побожен човек. Се залагал за обновување на црквата и за испраќање на свештениците-мисионери во областите каде не било раширено христијанството. Свети Хенрик основал многу бискупии и манастири. Умрел во 1024 година.

Македонија | пред 6 години

BeFunky-collage-2

(ВИДЕО) Целиот државен, јавен и бизнис врв на отворање на Охридско Лето

Со присуство на претседателот, премиерот, лидерот на опозицијата, целиот дипломатски кор, највидните бизнисмени, менаџери, доктори, потоа министри и градоначалници од повеќе градови, како и актери, уметници и други јавни личности вечерва на преполниот „Антички театар“ во Охрид беше отворено овогодинешното „Охридско Лето“.Концертот на светската ѕвезда го следеа стотици граѓани кои стоеа на околните ѕидови, а некои стоеја простум и во самиот „Антички театар“ во кој немаше ни едно празно место.Погледнете во видеото и фото галеријата како беше и кој се беше вечерва во Охрид:ФОТО ГАЛЕРИЈАПретседателот и Премиерот со сопругите Елизабета и Зорица.Градоначалникот на Охрид со сопругата Елена.Лидерот на опозицијата Кристијан Мицкоски со сопругата, претставници на партијата од Охрид и познатиот кардиолог Сашо Кедев.Новата амбасадорка на САД, Н.Е. Кејт Мари Брнс.Еден од најпознатите и најуспешните менаџери во Македонија, Ламбро Патче.Филип Стефаноски - сопственик и директор на најголемиот охридски туроператор ДМЦ Балканс со сопругата.Златко Муцунски - славен бизнисмен и догогодишен мецена на „Охридско Лето“ кој е познат и како најредовен посетител кој ги следи буквално сите настани на фестивалот од почеток до крај.Нина Кепеска, славна поранешна новинарка , сега ПР менаџер. Директорот на  М НАВ Томислав Тунтев. Директорот на „Царина“ Ѓоко Танасоски. Сопственикот на „Лаки Хотел“, Лазе Танески со сопругата.  

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still162

(ВИДЕО) Мицкоски без протоколи, со Кедев, Ганка и Донев

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Кристијан Мицкоски вечерва на Антички театар дојде без протокол и надвор од официјалните гости поканети од фестивалот.Мицкоски купил карти на заеднички ред и седишта со првиот човек на Комитетот во Охрид Сашо Донев и познатиот и реномиран кардиолог Сашко Кедев, а друштво им правеше и легендарната министерка за култура Ганка Самоилова, како и охридскиот кардиолог Дејан Манчески кој со сопругата седеше веднаш до нив.ВИДЕО:

Македонија | пред 6 години

625C930E-1276-4494-9C88-7E0184D78D3E_cx71_cy21_cw29_w1023_r1_s

Премиерот Мускат му одговори на Рашковски за изјавата: ”Малтежаните се измамници”

Премиерот на Малта Џозеф Мускат му одговори на генералниот секретар на македонската влада Драги Рашковски кој во “бомбата” за МНАВ вели дека Малтежаните се измамници, пишува порталот „Експрес.мк“.“Ги отфрлам во најсилна можна смисла обвинувањата (Од Рашковски) дека Малтежаните се измамници”, изјави утринава премиерот на Малта, Џозеф Мускат.Во одговорот до Рашковски Мускат со доза на иронија вклучува и локални теми. Тој вели дека Малтежаните можеби навистина се измамници но ако се споредат со жителите на островот Гоцо тогаш се невини како јагниња.

Свет | пред 6 години

39390617_1966844386670554_4180278097100144640_n

Трамп му спуштил на ексминистер во Британија, оти мислел дека зборува со Русите кои се шегуваа со Заев

Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон му спуштил на американскиот претседател Доналд Трамп, мислејќи дека станува збор за измама, откако веќе еднаш наседна и разговараше со руските комичари Вован и Лексус, кои вчера објавија разговори со македонскиот премиер Зоран Заев.Минатиот месец, Џонсон примил повик од кабинетот на британската премиерка Тереза Меј и му било кажано дека ќе го поврзат со Трамп, но тој не поверувал, рекол дека овојпат нема да наседне и спуштил. Потоа, се јавил во кабинетот на Меј за да се осигура, но оттаму му рекле дека на линијата навистина бил американскиот претседател. Двајцата потоа се слушнале.„Размислив набрзина, како што правам секогаш и реков: ’До сите слушатели на Радио Килкени, не поверував ниту за момент“, изјави Џонсон на 9 јуни за „Политико“.

Свет | пред 6 години

66399256_499084727328330_9092117119029477376_n

ФОТО: Публиката на Антички воодушевен од британската ѕвезда Ванеса Меј

Британската музичка ѕвезда Ванеса Меј, вечерва го отвори 59. издание на фестивалот „Охридско лето“. На Античкиот театар во Охрид, се бараше место плус, а публиката беше воодушевена од гала концертот на Меј.Таа е сместена во хотелот „Јуник“ во Охрид, кој важи за еден од најдобрите и најелитните. Меј го добила најголемиот апартман од 80 квадарати, со две засебни спални соби, работна соба и огромна тераса, а со оглед дека е веган, главниот кувар во хотелот и подготви специјално мени.Меѓу присутните на концертот се политичарите, а на почетокот, се обрати претседателот Стево Пендаровски.„Мора да направиме сè што е во нашата моќ да го зачуваме статусот на Охрид како град на УНЕСКО. Да правиме простор за другите во самите нас и да се стремиме кон вистинско граѓанско помирување преку правда и простување. Градејќи едно општество за сите, да се сетиме дека ние си припаѓаме едни на други и заедно му припаѓаме на поширокиот европски културен и цивилизациски простор“, рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

66208945_1251473815021980_132012691790233600_n

Грујо се сликаше „со цицки“ за да го има, пишува новинарката Јоци

Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци реагира на објавената фотографија на екс-премиерот Никола Груевски кој има азилантски статус во Унгарија, но не штеди време да се појавува на VIP-забави.„Шоте од бифе Бифе Тафталиџе пред некој ден баш раскажуваше случка. На времето не можел да разработи кафич и Џаро му рекол : ,,напрај караоке, али обавезно викни да води програма некоја со големи цицки”. Така и биднало. Во 23 часот, касата полна.До толку било добро, да на полноќ и` рекол – ,,Ај, ма па ти, соблечи ги малку, па шо”.Па, така и Грујово – ,,Викни некоја со цицки да ме сликаат и да ме има по портали”.Него, оние гревоине гревски од СЈО уште не лоцираа во кој рај му спие кешот кој го изнесе ?- пишува Јоци на фејсбук.

Коментари | пред 6 години

d0b2d0bed0b7d0bdd0b5d0bcd0b8d180d183d0b2d0b0d187d0bad0be-d0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0b1d0bcd0b2-d0b1d0b5d0b7-d0bad0bed187d0b5_5d28949550fc5

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) „БМВ“ без кочење удри во „Шкода“во која биле родители со дете

На социјалните мрежи е објавена снимка од вчерашната страшна несреќа на наплатната рампа „Света Хелена“ недалеку од Загреб, во која тешко повредени се три лица.На објавената снимка се гледа како „БМВ“ удира во „Шкода“ без кочење, во која биле двајца родители и дете. 

Свет | пред 6 години

nefi-useini-otvoranje

Усеини за ТВ24: Расправајте се со други дивоградби, оставете ме на мира за да не бидам безобразен

„Ве молам оставете ме на мира, да не бидам безобразен. Расправајте се со други дивоградби“.Ова е коментарот на советникот од Општина Охрид, Нефи Усеини на прашањето на ТВ 24 зошто со свечена церемонија синоќа ја отвори пицеријата, која е дивоградба лоцирана кај Чинарот во Охрид, за која има и решение за рушење? И зошто како советник не ги почитува ниту решенијата на инспекторите, ниту законите?Црвената лента на церемонијата ја пресече неговиот партиски другар од ДУИ градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Мерко денес ни спушти слушалка и не одговори зошто како градоначалник сечел лента на објект дивоградба. На отварање присуствуваа и повеќе јавни личности од политичкиот живот во земјава. По сечењето на лентата од Мерко, забавата продолжи со десетминутен громогласен огномет.Денес молк и од градоначалникот на Охрид, Георгиевски. Тој не одговори ниту на нашите повици, ниту на пораките зошто дозволи да се отвори објектот на неговиот советник, за кој во повеќе наврати најави дека ќе се руши. Георгиевски само пред неколку дена во емисијата на ТВ 24 Тренд Анализа беше категоричен дека објектот ќе се третира како и сите дивоградби, односно ќе се отстрани.„Последен контролен записник имаме мислам од 26-ти ан состојбата. И покрај донесените акти од страна на инспекторот, инвеститорот таму продолжил со градба. Тоа е негова да речеме одговорност. Тука станува збор за дива градба која ќе биде третирана исто како и сите други.

Македонија | пред 6 години

drzavna-komisija-za-sprecivanje-korupcija

ДКСК: Укажувањето до Врховниот суд е да превенира потенцијален судир на интереси кај судии

Во врска со поднесните Иницијативи до Врховниот суд на РСМ од страна на двајца адвокати, за носење на начелен став, односно начелно правно мислење по прашањето за тоа, кој Закон за судовите, како материјален закон, ќе се применува од страна на Судскиот совет на РСМ на веќе започнатите постапки за престанок, разрешување и основи за одговорност на судија,  како и тоа дека против 9 судии од Врховниот суд на РСМ се отворени постапки во Судскиот совет на РСМ за разрешување од функциите,  Државната комисија за спречување на корупцијата, го објави следново:Државната комисија за спречување на корупцијата смета за потребно да нагласи дека, укажувањето што беше доставено до Врховниот суд на РСМ од 10.07.2019 година, е во насока да превенира потенцијален судир на интереси што ќе настане доколку судиите од Врховниот суд на РСМ, против кои се отворени постапки во Судскиот совет на РСМ за разрешување од функциите, ќе го прикријаат постоењето на приватниот интерес со што ќе постапат спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.Имено, одредбите со кои е предвидено и потенцирано дека:„Службено лице кога учествува во расправа на орган или тело во кое се одлучува за работи зa кои тоа или нему блиско лице има приватен интерес, истото е должно да го пријави постоењето на приватниот интерес и да се изземе пред расправата и одлучувањето, а најдоцна пред почетокот на одлучувањето“, не се однесуваат само на конретни предмети по кои постапуваат судиите од Врховниот суд на РСМ, туку и на расправата за носење на општо начелно правно мислење.Согласно член 8 став 2 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси точно е утврдено значењето на изразот „службено лице“ и тоа:„Под поимот „службено лице“ се подразбираат сите избрани или именувани лица и вработените во јавниот сектор“, што значи и судиите на Врховниот суд на РСМ.Согласно доставеното укажување, Државната комисија не ја загрозува независноста на судиите од Врховниот суд на РСМ, бидејќи не навлегува во постапувањето  по конкретни предмети согласно процесните закони, затоа што, истото се однесува на конкретна ситуација, за која важат одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Односно, во одредбите точно е пропишано  како треба да се однесува службено лице (пр. судија на Врховен суд на РСМ) во случај на постоење судир на интереси и начинот за изземање кога истите службени лица ќе дознаат за околностите што укажуваат на постоење на судир на интереси или на потенцијален судир на интереси.Прикривањето на постоење приватен интерес од страна на службените лица претставува повреда на должноста и основа за покренување постапка за утврдување на одговорност и изрекување на мерки согласно со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, се вели во соопштението од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Разбојништво во казино – одземени пари

На 11.07.2019 година во 20.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на улица „Народен Фронт“ во Скопје непознато лице извршило разбојништво и одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

nefi-useini-otvoranje

(ВИДЕО)Со огномет се отвора дивоградба, како поинаку? - Фијаското на државата конечно прославено

Огнометот кој синоќа беше приреден над градот Охрид од страна на советникот на ДУИ Нефи Усеини ( кој на државно земјиште изгради угостителски објект кој е дивоградба ) претставува прослава и своевидно официјализирање на смртта на сите институции во Охрид од Полиција, до Обвинителство, па преку Локаланта и Владата.Во градот Охрид денес се коментира дека Нефи е Цар и господар кој владее со Судот, Полицијата, Обвинителството , Градоначалникот и со Премиерот. Но сепак Нефи не е тој кој сам гради дивоградби иако во јавноста се добива таков впечаток бидејќи тој е најприсутен во медиумите. Дибоградби се градат најмалку 20 години пред името на Нефи Усеини да стане медиумски експлоатирано, па така дивоградби се речиси сите тераси и доградби на Кеј Македонија од хотелот „Ривиера“ до хотелот „Гарден“, како и сите охрдски плажи кои исто така се целосно нелегално поставени, а за што во повеќе наврати јавно зборуваше и самиот Градоначалник Константин Георгиевски.Точно од сето ова е дека во Охрид нема функционални институции, тие се ставени во служба на оние кои имаат пари да им платат за да не функционираат, додека интересот на граѓаните и државата ( која ги плаќа водствата на овие институции ) е непозната категорија.Истакнати имиња од политиката како од сегашната локална власт така и од минатата синоќа присуствувале на свеченоста на отворањето, но вешто избегнувале да ги фатат објективите на фото апаратите.   

Македонија | пред 6 години

lisici

Приведен 32 годишен скопјанец кој физички нападнал полициски службеник

На 11.07.2019 година околу 09.30 часот на улица „54“ во Скопје бил лишен од слобода и приведен М.Р. (32) од Скопје, поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Се судрија товарно возило и автомобил, има повредени

На 11.07.2019 година во 08.40 часот на крстосница од бул.„Србија“ и бул.„3-та Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Фолксваген Транспортер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(26) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „Ауди А6“ со тетовски реистарски ознаки, управувано од С.З.(35) од Тетово, со привремено живеалиште во Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.А.(26) од Скопје, сопатник во товарното возило и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Додека возачот на товарното возило и уште тројца сопатници се здобиле со телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

lisici

Приведен велешанец кој присилувал малолетни лица да продаваат по улица

На 11 јули во 10.30 часот на улица „Широк сокак” во Битола полициски службеници ги лишиле од слобода И.Р.(37) од Велес и В.Д.(32) од Прилеп поради тоа што биле добиени оперативни сознанија дека присилуваат малолетни лица да вршат продажба на разни предмети во центарот на Битола. По целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 6 години

brava

Кај Прилепчанец пронајдени алатки за брави, кутија со алати за отворање брави, десет клучеви за брави

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава  против Д.С.(34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“.На 05.10.2018 година во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 18 метални алатки за брави, кутија со алати за отворање брави, десет клучеви за брави – т.н. „чешли“, повеќе видови на клучеви и повеќе видови на алуминиумски фолии.  

Македонија | пред 6 години

pcenica

Контроли кај компаниите што откупуваат пченица, откупната цена е од 9 до 10,5 денари

Државниот инспекторат за земјоделство спроведе контроли на компаниите коишто вршат откуп  и преработка на пченица од реколтата 2019-та. Инспекторите од ДИЗ извршија контроли во шест откупни компании во Велес, Свети Николе, Кочани, Кривогаштани и Битола. При контролите е утврдено дека компаниите имаат објавено откупна цена и истата се движи од 9 до 10,5 денари за килограм во зависност од класите дали е прва, втора или трета класа.Инспекциските контроли од страна на државните инспектори за земјоделство ќе продолжат со контроли континуирано и во следниот период, и доколку се констатираат неправилности ќе бидат преземени казнени мерки согласно Законските прописи по кои постапува Државниот инспекторат за земјоделство.Според податоците од Агенцијата за поттикнување и анализите спроведени од Одделението за сметководствени податоци при МЗШВ, во различни региони производната цена на пченицата, базирана врз основа на производните трошоци е различна. Во битолскиот регион производните просечни трошоци за килограм пченица изнесуваат 9,33 денари, во штипскиот регион производната цена е 6,92 денари за килограм а во кумановскиот 8,03 денари за килограм.Според првичните податоци од подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство жетвата на житните култури е во полн ек. Јачменот во 2019 година е засеан на околу 60.000 хектари. До денеска, се околу 90 % од површините при што е остварен просечен принос од околу 3,5 тони/ха. Пченицата беше засеана на околу 70.500 хектари и до денеска се ожнеани се околу 40% од засеаните површини со остварен просечен принос од околу 3,6 тони/ха во зависност од регионот.Оваа година се очекува производство од пченица да се  движи од 240.000 до 250.000 тони или за околу 4% поголемо производство од 2017 година.Пред почетокот на жетвата во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, беа одржни состаноци на Потсекторската работна група за жита во којашто членуваат претставници од стопанските комори, земјоделски здруженија и од секторите од МЗШВ. Агенцијата за стокови резерви минатата недела го објави јавниот оглас за набавка на 7.165 тони меркантилна пченица за обнова на потребите на стоковите резерви, што во овој период ќе влијае позитивно на пазарот на пченица во делот на зголемување на откупната цена. 

Македонија | пред 6 години

ilievski

Дисциплинска постапка за инспекторот кој откри неправилности на Tетовскиот Универзитет

Покрената е дисциплинска постапка против инспекторот Ѓорѓи Илиевски, кој јавно откри дека тројца високи функционери иако биле на функција незаконски се стекнале со повисоки стручни звања на Tетовскиот државен универзитет. Илиевски  откри во јавноста дека владините функционери Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули се стекнале непрописно со повисоки стручни звања на Tетовскиот државен универзитет додека биле на должност.Илиевски на 19 јули треба да се појави пред дисциплинска комисија во Државниот просветен инспекторат (ДПИ). За медиумите изјави дека ќе инсистира сослушувањето да биде јавно, бидејќи, како што вели, повикан е на „дисциплинска“ бидејќи открил незаконитост. Случајот вели е пријавен кај Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Државната комисија за спречување корупција и Инспекцискиот совет.

Македонија | пред 6 години

kostadinov

Костадинов: Новата снимка потврди дека Груевски и Јанкуловска го криеле убиството на Нешковски

Портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов одговарајќи на  новинарско прашање вели дека Новата снимка потврди дека Груевски и Јанкуловска го криеле убиството на Нешковски.„Најпрво сите знаеме, цела македонска јавност знае дека Никола Груевски не треба да пишува статуси на фејсбук од Будимпешта и да се слика со старлети, туку треба да се врати во државата и да си ја одлежи казната затвор согласно правосилната судска пресуда.Во однос на тоа што го констатира, а тоа е објавената снимка по повод смртта на Мартин Нешкоски, би сакал да ви кажам дека, и од оваа снимка која што ја објави Ел Чека, јасно може да се види дека тогашниот премиер Никола Груевски и тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска свесно се обидуваат да прикријат дека во моментот на убиството полицаецот Спасов не бил таму како член на обезбедувањето на Никола Груевски, туку бил приватно.Понатаму во снимката можеме јасно да видиме дека Никола Груевски и наредува на тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска да каже во јавноста дека Спасов никогаш и не бил член на неговото обезбедување.Свесни сме, имавме можност сите да го слушнеме, дека впрочем, Спасов бил ангажиран како дел од обезбедувањето на Никола Груевски, со усна наредба на шефот на обезбедувањето на Никола Груевски.Исто така, понатаму во снимката можеме да видиме дека Гордана Јанкуловска и Никола Груевски се договараат за да имаат медиумска покриеност и да го искористат апсењето на Спасов, исто како што го искористиле и апсењето на Љубе Бошковски.Се поставува прашањето и зошто, доколку во разговорот јасно се кажува дека треба да се оградат од шефот на обезбедувањето на Никола Груевски, а знаеме дека во 2011 година тоа не се случи.Зошто Гордана Јанкуловска и Никола Груевски се обидуваат да го заштитат шефот на обезбедувањето?Нормално, затоа што тројцата се соучесници во обидот за прикривање на убиството на Мартин Нешкоски“, истакна Костадин Костадинов.  

Македонија | пред 6 години

zaev-ohrid

Заев се правда - вели не знаел дека објавениот разговор од „бомбата“ за Нешковски не е целосен

Премиерот Зоран Заев вели дека не знаел оти објавениот разговор меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и екс премиерот Никола Груевски  за убиството на Мартин Нешковски не е целосен.Сето тоа што сум го знаел, и сум го објавил на еден транспарентен начин, секојпат кажувајќи за сите детали, рече премиерот Зоран, одговарајќи на новинарско прашање за објавениот аудио разговор во врска со убиството на Мартин Нешковски.– Ние поседуваме само една третина од тие разговори. Имајќи ја предвид динамиката по датумите кога тие се одвивале од целиот овој период 2008 до 2014 година верувам дека многу разговори постојат кои опозицијата некојпат ги поседувала, така да автентичноста се знае кој може да ја покрие, да ја потврди и треба да се каже дали е тоа тоа, рече Заев 

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still072

Груевски го обвини Заев дека манипулирал со јавноста кога ја објавил „бомбата“ за Нешковски

Поранешниот премиер, Никола Груевски,  доцна синоќа повторно се огласи преку својот Фејсбук профил, обвинувајќи дека актуелниот премиер Зоран Заев манипулирал со јавноста кога ја објавил „бомбата“ за Мартин Нешковски во 2015-та година.Во статусот Груевски се повикува на последната пуштена аудио снимка на Ел Чека, за наводниот разговор меѓу него и тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, којашто се однесува на убиството на Мартин Нешковски.Еве што напиша Груевски на ФБ:Свесно манипулираше со народот... Со семејствата на Мартин Нешковски, Никола Младенов, убиените деца кај Смилковското езеро, со искрените луѓе кои верува на се што слушаа и што им беше сервирано, но и со целата домашна и меѓународна јавност, домашни и странски медиуми и политичари.Монтираниот аудио матерјал за убиството на Мартин Нешковски имаше цел да биде најемотивната “бомба” чија “ експлозија” требаше да ги извади луѓето на улица, во шатори пред владата и да предизвика насилни протести со многу повредени полицајци, со цел колкуминација на политичката криза која ја создаде.Во таа криза ја гледаше својата шанса за доаѓање на власт, бидејќи поинаку беше инфериорен и беше и остана неконкурентен политичар надвор од локалното ниво, по речиси сите критериуми.Ова не е прв ваков случај каде се гледа како манипулирал со снимките и со народот за да не прикаже во најлошо светло. Пред некоја недела се појави целовита снимка на веќе објавена снимка во скратена “Заева” верзија во која изоставил еден дел каде се гледа како наши високи функционери одбиле поткуп, кој Заев ни во сон не би го одбил.Народот го измами со купишта вакви фабрикувани матерјали и измами.Остана доследен само на ветувањето дека ќе ги прифати сите барања на соседите во однос на македонското национално прашање, а за возврат да добие поддршка да владее на ист начин како во што видовме како претходно владеел во Струмица. Но тоа ветување не беше кон народот чие мнозинство не можеше да поверува дека такво нешто е подготвен да направи исто како што многумина неверуваа дека е можно да монтирал снимени разговори за да добие ефект кој го посакува.Прво монтирани снимки кои создаваат “експлозија од емоции” кај народот, а потоа по доаѓањето на власт нова измама преку притисок и наредба на судиите да ги прифатат овие монтирани снимки како клучни докази и шокантно и без објаснување како никаде во светот, да не прифатат нивно судско вештачење на нивната целовитост и автентичност.Целта повторно монструозна и нечовечка: своите политички конкуренти да ги заглави по судови, притвори, затвори и да бидат уништени во секоја смисла. За да владее по неговиот испробан терк “едно евро за вицето” што подолго.Баш фашистички монструозно.Каков нечовек треба да е некој за вака да ги остварува своите цели, напиша Груевски на ФБ.

Македонија | пред 6 години

zaran-krstevski

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Исцелување на душата

Пишува Зоран Крстевски за vecer.press (авторот е доцент доктор по филозофски науки и универзитетски професор)Времето изминува, просторот се менува, само душата продолжува да учи од секој нов миг и да го бара патот кон својот вечен мир.Исцелувањето на душата ќе ни овозможи ослободување од емоционалните товари, подмладување на духот и телото, зајакнување на личноста и препознавање на позитивните импулси на сопственото постоење. За да ги постигнеме овие вредности, неопходно е да завршиме со лицата и ситуациите кои го блокирале нашето напредување и негативно влијаеле врз хармонијата на нашата личност. Нема човек кој не претрпел одредени удари од судбината, не се разочарал во некого и нешто и не доживеал манипулации, неправди и лоши постапки однекои индивидуи кои му предизвикале кризи, болки и тешкотии во животот.Овој свет е полн со неморал, неизвесност, неправди и егзистенцијални опасности, така што е илузорно да се надеваме дека секогаш ќе наидуваме на лица и ситуации кои дејствуваат според начелата на етиката, доблеста и позитивната енергија. Сите ние живееме во време на девалвирани вредности, каде моралот падна на најниско ниво, а изопачувањата на духот и телото станаа нормална појава со која многумина ја истакнуваат својата умислена посебност. Нештата многу тешко може да се подобрат ако не придонесуваме за општото добро, не вложуваме во личниот развој, не ги практикуваме постулатите на етиката и не почнеме да ја исцелуваме својата душа. На каков индивидуален и колективен напредок може да се надеваме, ако прифатиме дека ниските страсти, лагите, алчноста, егоизмот, површноста и недостигот на срам и одговорностсе наметнуваат како нужно зло од кое не можеме да побегнеме?Сé додека мнозинството е подготвено да му ја „продаде душата на нечестивиот”, сé дотогаш ќе владеат колективната мизерија, ниските вредности и распадот на системот.Човекот како единка не може да направи ништо за да се подобрат состојбите во одредено општество. Тоа би било само капка во морето. Нештата ќе тргнат кон позитивната патека ако голем број од луѓето почнат духовно да се осознаваат, етички да се воздигнуваат и хумано да постапуваат.За жал, некои поединци сметаат дека се центар на универзумот и дека сé треба да се врти околу нив и да биде како што тие очекуваат, бараат и посакуваат, без притоа да покажат минимум чувство за туѓите права и потреби. Таквите лица не сфаќаат дека и блиските имаат свои желби, емоции, права и потреби, така што наместо да покажат емпатија, тие размислуваат дека другиот е виновен за сé, а дека тие самите се најдобрите, најубавите, најпаметните, најсовршените итн.Првата лекција која треба да ја научиме во контактот со таквите личности е да не им се докажуваме и да го бараме виновникот, да немаме превисоки очекувања и да зависиме од нивното расположение, туку да си го побараме својот мир и да го следиме својот пат. Треба да имаме на ум дека тоа што е наше ќе си дојде, а тоа што мора да биде – нека биде, така како што е пропишано од Бога, кармата или судбината. Кога суштински расчистуваме со неубавото и нечесното и се ориентираме кон мирот во себе, љубовта и позитивното, нужно го добиваме тоа што го заслужуваме, осознавајќи дека сé било за добро и дека божјата промисла никогаш не ги остава лицата кои посветено веруваат, доблесно дејствуваат и позитивно промислуваат.Кога со грижа, немир и несигурност гледаме кон иднината, тогаш престануваме да уживаме во мигот на сегашноста, оживувајќи го стравот дека ништо нема да постигнеме. Треба да знаеме дека не постои ништо повредно од мигот на сегашноста, кој треба да го оплодиме со вредност, визија и храброст за нештата да тргнат кон хармоничната патека на иднината.Писателот Даниел Дефо има кажано дека „највисок степен на човечката мудрост е способноста за приспособување кон ситуацијата и за зачувување на мирот, и покрај опасностите однадвор”. Тоа подразбира да станеме свесни за околностите во кои се наоѓаме, да иницираме волја за излез од кризата и без оглед на ограничувањата,да го сочуваме мирот и присебноста на личноста. Мудро ќе постапиме ако сфатиме дека она што го уништува внатрешниот мир се нашето его и тврдото срце, посебно ако закоравено се водиме од егоизмот и од желбата да поседуваме и придобиеме сé што сакаме.Секој е одговорен за самиот себе и индивидуално одлучува кон какви начела ќе се насочи. Некој вложува во личниот развој, доблеста и себеспознанието, друг смета дека може да помине неказнето со пропагирање на неморалот, лагите и негативноста. Но, еден ден сите ние ќе мора да се соочиме со последиците од своите постапки и да научиме тешки животни лекции, со надеж дека ќе ја сфатиме суштината и ќе тргнеме кон правилната патека на постоењето.Иако кризата носи ризик од тотално душевно распаѓање и трпење на последиците од неразумното и неморално живеење, сепак таа е и шанса за духовно воздигнување и за подлабоко продирање во самите себе. Кога стануваме свесни кои сме, што сме, какви вредности поседуваме и што сé можеме да постигнеме, тогаш од кризата извлекуваме поука, акумулираме духовен капитал и почнуваме да се движиме кон позитивната патека на животот.Препознај ја вредноста и биди љубов за да станеш вредност и почувствуваш љубов – од добрите луѓе, од Бога или од судбината.Чудата се случуваат за тие кои веруваат, љубат и се надеваат дека добрината, чесноста, духовноста и мудроста секогаш ќе ги надвладеат лошотилакот, неморалот, површноста и неразумноста. Внатрешниот мир, прифаќањето дека сé е за добро, позитивната енергија што протекува низ нашето битие и сјајот на нашата аура се најдобар показател дека се движиме по вистинскиот пат и дека сме ја научиле лекцијата. Исцелувањето на душата, хармонијата и самосвеста се најголемите вредности кои нé повикуваат и мотивираат да продолжиме да вложуваме во личниот развој, да му се радуваме на секој миг од животот и да нé стравуваме од ударите на негативците, бидејќи без страдание нема спасение, ниту духовно откоровение.Благодарноста кон божјата промисла се искажува низ позитивните дела и придонесот за општото добро. Тоа е и целта на оваа колумна – да ги мотивира добрите луѓе да нé потклекнуваат пред ударите на негативните и неморални лица и да нé дозволат да бидат турнати кон дното, туку духовно да се подигнат, да ја исцелат својата душа и да продолжат да се движат кон вистинските вредности на животот.Кога создаваме и твориме (пишуваме) со умот го откриваме и пренесуваме тоа што го знаеме, но кога споделуваме и зборуваме со срцето, тогаш допираме до вистината за самите себе и до бесценетото богатство кое опстојува скриено во длабочината на нашата душа. Сé што треба да направиме е да тргнеме по патот на свесноста, мирот, љубовта и себехармонизацијата. Овие благородни вредности ќе го стоплат нашето срце, ќе ги поттикнат мудрите размисли на умот, ќе го овозможат исцелувањето на душата и ќе нé однесат кон позитивните импулси на постоењето. 

Коментари | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања