Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

stoilkovski-za-zaev

Стоилковски: ОЈО мора да отвори истрага за комуникацијата на Заев со лажниот Петро Порошенко и сите пораки и информации кои што му ги изнел

Јавното обвинителство мора да отвори истрага за комуникацијата на Зоран Заев преку неговиот личен телефон со лажниот Петро Порошенко и сите пораки и информации кои што му ги изнел бидејќи постојат сериозни индиции за повеќе кривични дела, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Пораките на Заев објавени во медиумите, покажуваат дека тој во кабинетот на Владата одржувал средби со контроверзниот лик Тал Силберстин, човек посочуван од страна на австрискиот канцелар, Себастијан Курц како главно осомничен за креирање на аферата поради која што падна австриската влада. Е токму тој бил примен од страна на Зоран Заев во кабинетот на премиерот во Владата на Република Македонија, и тоа токму во периодот кога се случувала аферата во Австрија. Па дали Заев имал или немал врска со случувањата во Австрија, која е долгогодишен, докажан пријател на Република Македонија.Почитувани,Тал Силберстин, човекот од фотографијата со Заев, која што заврши кај лажниот Порошенко, фотографијата заврши кај комедијантот кој се претставувал како Порошенко што е друга афера, е лице со дебело меѓународно досие. Против Силберстин се водат процеси во Израел, но и во Романија. Човекот има дебело досие за перење пари, попречување на правда, за нелегално организирање финансирање на политички изборни кампањи, потоа досие за поткуп, фалсификување на документи и за други дела. Неговото име се споменува дури и во Гвинеја, за каде се вели дека заедно со другите обвинети во случајот во Романија, го поткупил претседателот на државата за да се стекнат со рудник за дијаманти вреден милијарди долари!Е па почитувани, Владата мора да одговори, што бара ваков човек на средба во премиерскиот кабинет? Зошто бил примен овој човек во Владата? На чие барање, дали на покана на премиерот или пак сам се поканил? Има ли записник од оваа средба? За што се разговарало? Го проверил ли некој досието на Силберстин пред да биде договорена таа средба и пред да влезе во Владата? Има ли воопшто безбедносен или било каков протокол во Владата или се сѐ сведува на поставување знаменца кому-како прво им доаѓа на рака?СДСМ и Заев мора да кажат од кога Заев соработува со Силберстин? Дали до сега ги користел неговите услуги и колку и од каде се платени? Против овој човек се водел процес дека примил 400.000 евра за водење пропаганда со лажни вести, па дали за тоа била средбата со Заев во Владата? Но и во кој период пред, за време или по локалните, референдумот или пак претседателските избори, имале договор и соработувале?Тоа што е најстрашно, за ваква матна соработка јавноста немаше да разбере доколку Заев лично не му го препорачал Силберстин, со фотографија со порака со сѐ на лажниот Порошенко преставувајќи го како одлично момче. Очигледно многу добро се познаваат.Почитувани,Ова ги минува сите граници, ништо освен оставка на кланот со Заев на власт не е опција. Заев замини си, на Македонија и е потребна итна обнова, од корен, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ!

Македонија | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Жена избодена на автобуска станица, уапсен нејзиниот поранешен сопруг

Денеска околу пладне на автобуска станица во Панчево, жена избодена во стомакот и грбот. Курир.рс објави дека полицијата го уапсила поранешен сопруг на повредената жена. Полицијата кај осомничениот пронашла нож.Осомничениот е познат на полицијата. Тој неколку пати бил во затвор, воглавно поради грабеж.Видеото од апсењето може да го погледнете тука.

Свет | пред 6 години

wizzair-1-750x400

Пред да резервирате карта за „Визер“, прочитајте ги условите

Пред да летаат со „Визер“, патниците треба внимателно да ги прочитаат условите за превоз на веб-страницата на превозникот. Само така ќе ги знаат правата и обврските, информираат од Агенцијата за цивилно воздухопловство, објави „Независен весник“.Весникот пишува дека таму не се обратил никој од осумтемина патници кои минатата недела, и покрај тоа што имале резервирани седишта на летот со унгарската нискобуџетна компанија „Визер“ од Берлин за Скопје, биле оставени да го чекаат следниот лет. На нивните седишта имало патници кои порано извршиле резервација. Од авиокомпанијата за „Независен весник“ изјавија дека дозволуваат минимално пребукирање на најпопуларните рути, со цел да овозможи повеќе патници да патуваат, наместо некои седишта да останат празни поради патниците кои воопшто не се појавиле.Најчести проблеми со кои се соочуваат патниците во воздушниот сообраќај се: откажување, доцнење или пренасочување на летот, како и изгубен багаж. За сето ова патникот може да се бара обесштетување од договорниот превозник.Текстот во целост на: nezavisen.mk

Македонија | пред 6 години

nevreme-grcija-2

Сведоштво на Македонци во Халкидики: Целите соби беа поплавени, едвај спасивме жива глава

По страшното невреме кое го зафати грчкиот остров Халкидики се санираат штетите и се трага по исчезнатите лица. Сведоци за КУРИР раскажуваат сцени од страшното невреме кое го преживеале околу 10-тина македонски семејства сместени во Неа Потидеа.Тие раскажуваат дека се уште нема вода и струја, а според најавите, струја и вода можно е да нема и до недела.–Прашајте не нас 10-тина фамилии дали некој не контактираше од агенцијата, сите не откачија од агенции до хотелиери. Цели соби беа поплавени и сами си ги чистевме, а на крајот се вративме дома бидејќи немаше услови да останеме повеќе, раскажува сведок за КУРИР.Тој во името на сите семејства кои биле затекнати во невремето вели дека агенциите не мрднале со прст за нив и тие живи глави спасувале цели поплавени со деца и стари луѓе.

Македонија | пред 6 години

prevrten-avtomobil

Возач тешко повреден откако се превртел на кров

Триесет и осум годишник од Фалише се превретел со возило на булеварот „Илирија“ во Тетово вчера околу 22:20 часот по што добил скршеници на ребрата. Тој бил сам во возилото, а нема други повредени во инцидентот случен на фрекфретната сообраќајница во градот.– Возачот управувал патничко моторно возило „Пежо 206“ со тетовски регистертески таблици по што загубил контрола и се превртел на покрив. Од излетувањето и превртувањето добил тешки повреди на ребрата. Бил пренесен во тетовската клиничка болница каде е задржан на лекување, иформира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.Извор: Сител телевизија

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Постапката против инспекторот Илиевски е уште една потврда оти законите важат само за Македонците, а не и за Албанците

Единствена Македонија и македонскиот народ со неверување ја слушаат одлуката на Државниот просветен инспоекторат да покрене постапка за одговорност против просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски само за тоа што го обелодени скандалот дека функционери на ДУИ спротивно на законот стекнувале наставно-научни звања (доцент и вонреден професор) на Државниот универзитет во Тетово.Единствена Македонија на повеќе наврати ја информираше јавноста за случаи во кои законите во државата важат само за Македонците, а не и за Албанците. Дури, припадниците на албанското малцинство толку се охрабрени што веќе на отворена сцена не фермаат Устав и закони и продолжуваат со опасни провокации, а државните органи сето тоа само немо го посматраат.Единствена Макеоднија кажува директно и јасно - ние сме во полиитката да ги бркаме таквите кои Македонците во сопствената држава ги направија граѓани од втор ред. Македонија ќе оди напред само кога законите ќе важат за сите.

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

Двајца обвинети за разбојништво врз мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица од вкупно петмина за кои имаше донесено  Наредба за спроведување истражна постапка поради  сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1  во врска со член 22 од Кривичниот законик.Двајцата обвинети кои се опфатени со обвинението  на 28 јуни  во село Трубарево, во непосредна близина на една бензинска станица, со употреба на сила нападнале врз животот и телото на двајца мигранти од Пакистан. Тие ги забележале мигрантите и им понудиле да ги превезат до граничниот премин Табановце за 200 евра. Откако оштетените се согласиле со сумата, ги намамиле и ги однеле во затемнетиот дел на една од блиските ниви, со употреба на физичка сила ги совладале и им одзеле пари и други подвижни предмети во вкупна вредност од 75.000 денари.Заедно со поднесувањето на обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.За тројцата кои беа осомничени и опфатени со Наредбата за спроведување истражна постапка,  обвинителството по завршување на истражната постапка утврди дека нема докази дека го сториле кривичното дело, па затоа донесе Наредба за запирање на истражна постапка. 

пред 6 години

balkanski-ris

(ВИДЕО) Снимки од НП Маврово, рај за очи

Фото замка камерите поставени низ НП Маврово  ги „ловат“ преубавите животни низ Националниот Парк. Благодарение на овие снимки имаме фотографии од Балканскиот рис, волци, срни, мечки, диви свињи, зајци.Снимките се направени со со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис кој се реализира во соработка со Македонско Еколошко ДруштвоГлавната цел на Акцискиот план е да се даде значителен придонес кон заштитата на популацијата на критично загрозениот балкански рис, но освен од овој вид на животно, направени се и фотографии и видеа од други животни, меѓу кои и волк.Во Националниот парк и неговата потесна околина се среќаваат помеѓу 10 и 18 рисови, со просечна густина од 1,7 риса на 100 км2. Фактот дека популацијата е помала од 50 возрасни единки го сместува балканскиот рис во категоријата на критично загрозен (CR) според еден од критериумите на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) и како таков е ставен од 2015 година на Црвената листа на IUCN.https://www.facebook.com/mavrovo/photos/a.535925219859747/2307688116016773/?type=3&theaterhttps://www.facebook.com/mavrovo/videos/869933783381048/ https://www.facebook.com/mavrovo/videos/886407351721779/ https://www.facebook.com/mavrovo/videos/2393185164275839/https://www.facebook.com/mavrovo/videos/429560704546803/ https://www.facebook.com/mavrovo/videos/453913372090636/  

Македонија | пред 6 години

ratko-mladic

Ратко Младиќ пренесен во болница

Генералот Ратко Младиќ вчера од притворската едница во затворот Шевенинген бил префрлен во болница во Хаг, откако во текот на посета на неговите најблиски му се слошило, изјави за Танјуг, неговиот син Дарко.Тој додава дека иако се очекувало тој во четвртокoт да биде пуштен, сепак бил задржан за понатамошни прегледи.Ратко Младиќ е во притвор во Хашкиот трибунал од јуни 2011 година.На 22 ноември 2017 година беше осуден на доживотна казна затвор поради воени злосторства во Босна и Херцеговина, а неговите бранители вложија жалба на таа одлука.  

Свет | пред 6 години

Foto-5-1

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на САД, Кејт Мери Брнс

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Кејт Мери Брнс.„Дипломатските односи меѓу нашите две земји успешно се развиваат повеќе од две децении. Одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи следната година треба да даде дополнителен импулс за натамошно негување и зајакнување на стратегиското партнерство и политичкиот дијалог меѓу нашите пријателски земји, како и за продлабочување на соработката во сите останати области.Нашите земји се поврзувани и со заедничките заложби и решителност за чување на мирот, зајакнување на демократијата и почитувањето на човековите права. Стоиме заедно со САД и во борбата против тероризмот. Одлучни сме да продолжиме да дејствуваме во насока на натамошно промовирање на универзалните вредности што ги споделуваме“, истакна во дел од својот говор претседателот Стево Пендаровски.„Нашите две земји се посилни поради нашата соработка. Нашите војници служат рамо до рамо на бојното поле, исто како што нашите лидери работат заедно на унапредување на нашите цели за безбедна и просперитетна Северна Македонија и Европа. Нашите бизнис лидери работат заедно за да создадат работни места и да ги развијат нашите економии. Нашите професори и студенти соработуваат на иновативни истражувања, а нашите уметници разменуваат идеи и инспирација.Се радувам што ќе работам со вас и со властите и граѓаните на Северна Македонија, развивајќи посилни односи како сојузници. Се обврзувам дека ќе промовирам стабилност преку силни институции и дека ќе ги поддржувам напорите на вашите власти во борбата против корупцијата и зајакнувањето на владеењето на правото, дека ќе го унапредувам просперитетот преку помошта и партнерството со приватниот сектор и дека ќе работам на зацврстување на безбедноста преку нашето партнерство во одбраната“, истакна во дел од своето обраќање новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Кејт Мери Брнс. 

Македонија | пред 6 години

2018-09-12T145604Z_859524123_RC17A59305B0_RTRMADP_3_BRAZIL-ELECTION

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро си го предложи синот за амбасадор во САД

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро вчера соопшти дека својот син Едуардо го предложил за амбасадор во САД, пренесоа светските агенции.Болсонаро изјави дека неговиот син, кој во моментов е пратеник, треба да одлучи дали сака да ја преземе дипломатската должност.Бразилскиот претседател, кој кажува дека неговата претседателска кампања минатата година била инспирирана од американскиот претседател Доналд Трамп, направи неколку пријателски гестови кон својот американски колега и слично како него назначува членови од семејството за официјални советници.

Свет | пред 6 години

IMG_0317

Се’ е подготвено за спектакуларен почеток на 59-тото „Охридско лето“

Од денеска сите патишта водат кон Охрид. Со мега популарната британска виолинистка Ванеса Меј, вечерва на Античкиот театар ќе биде отворено 59-то издание на фестивалот „Охридско лето“.Од фестивалската дирекција велат дека се’ е подготвено за уште едно издание кое ќе се памети долго по квалитетот на програмата и уметниците што ќе застанат на фестивалските сцени.Концертот за свеченото отворање за кој се бара карта повеќе, ќе започне во 21 часот, а уметницата со светско реноме ќе приреди незаборавно музичко доживување за посетителитена Античкиот театар, доближувајќи ја класичната музика до пошироката публика.Ванеса Меј со својот тим пристигна во Охрид пред два дена, а одвои и време да ужива во убавините на градот.Таа е родена во Сингапур на истиот ден со виртуозот на виолина Николо Паганини. На четиригодишна возраст се сели во Лондон и започнува да учи виолина за на 8 години да замине во Пекинг. Таму ги развива талентот и виртуозноста во класата на Лин Јао Џи. Во Лондон се враќа да ги продолжи студиите по виолина на Кралскиот колеџ за набргу во 1998.година да дебитира на Фестивалот Шлезвиг-Холштајн со одличен прием кај светската музичка јавност, а на само 11 години дебитира со оркестарот „Филхармонија“ во Лондон по што веќе нема запирање за кариерата на Меј која од тој миг натаму е во постојан подем.„Охридско лето“ е еден од најстарите и најпочитуваните фестивали во семејството на Европската Асоцијација на фестивали(ЕФА).Во текот на 40-те фестивалски денови, според најавите на директорката на фестивалот Наташа Поповиќ и селекторите на музичката и драмската програма, Васо Ристов и Александар Поповски ќе се слави врвната уметност.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Поднесено обвинение против лицето кај кое беа пронајдени марихуана и амфетамини

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот 36-годишен скопјанец се товари дека неовластено во  дом во кој престојувал на улица „Охридска“ држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето тежина од 276,43 грама, како и психотропна супстанција – амфетамин со вкупна нето тежина од 486,06 грама. Освен ова, во домот биле пронајдени и полиетиленски пакувања со 29 таблети со жолта боја и втиснато лого „ТЕСЛА“ кои претставуваат психотропна супстанција 3,4 метилен-диоксиметамфетамин (МДМА), како и дигитални ваги и стаклен тас со остатоци од наркотични дроги и психотропни супстанции.Со поднесувањето на обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетото лице.

пред 6 години

trgovija-so-deca

Со намера да се ожени, ја купил 15 годишна жртва за сума од 1600 евра од нејзиниот малолетен роднина

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Трговија со дете од член 418-г став 1 во врска со став 22 од Кривичниот законик. Воедно, до Советот за деца при Основниот кривичен суд Скопје е поднесен Предлог за примена на санкција спрема деца во судир со законот над 16 години за истото кривично дело.Обвинетиот, македонски државјанин, во април годинава со намера да се ожени, ја купил петнаесетгодишната жртва за сума од 1600 евра од нејзиниот малолетен роднина, иако знаел возраста на девојчето. Малолетникот ја подвел својата петнаесетгодишна роднина на претходно договорен присилен брак, со измама ја земал и ја однел на договореното место. Осомничениот ја исплатил побараната сума и употребувајќи физичка сила, психолошко насилство и обид за обљуба го повел со себе девојчето кое пружало отпор. Жртвата искористила прилика и во погоден момент избегала и се јавила на своите родители.Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинениот.

пред 6 години

tomislav-kezaroski

Кежаровски до Јанакиески: Пријателе, со чисто срце изразувам големо жалење за се што ви се случува

Новинарот, Томислав Кежаровски, кој беше осуден на 4 и пол годишна затворска казна за наводно оддавање идентитет на заштитен сведок, на социјалната мрежа фејсбук напиша дека сочувствува со зборовите на екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој пред неколку денови рече:„Ова не е живот“.„Без оглед на тоа што овие неколку редови можеби не ќе стигнат никогаш до вас, јас, првенствено како човек, морам да Ви кажам неколку работи…“, му пишува Кежаровски на Јанакиески.„Не се слагав со Вас за многу нешта, а искрено и не Ви верував. Речиси ништо. На пример, не се слагав со “големата политика” што ја водеше Владата во која бевте министер, признавам дека баш ништо не му верував на “реформаторот” кој ни даваше превртена слика како во огледало и кој фрлаше сосем поинакво светло, а обичните луѓе ги ставаше во десети план… не верував ништо ниту за “Скопје 2014”…Не верував господине Јанакиески во тоа што го правите и како го правите зошто ги познавав тие што беа во врвот.Но, морам да истакнам дека за едно Ви верувам… И се колнам дека многу, многу Ви верувам…Ви верувам кога велите дека тоа таму каде што моментно сте не е живот.Тоа таму пријателе знам од лично искуство е под секое човечко достоинство.Мене лично, не навлегувајќи во тоа дали сте сториле нешто или не, и дали ако нешто сте сториле тоа било ваша желба или само слепо сте ги почитувале наредбите на тие што биле погоре од вас во политичката хиерархија, на кои за жал многу им верувавте, Вашето одење таму не ми значи ама баш ништо.Ниту Вашето ниту на било кого.Без оглед на сета болка што ја чувствувам сите овие годиниВие големците, сите до еден, од тоа време, молчевте на многу неправди ама јас, не јас, туку ние, обичните луге, ја осудуваме секоја неправда, го осудуваме секое насилство и зло.Пријателе, со чисто срце сакам да кажам дека изразувам големо жалење за се што Вам И на Вашето семејство Ви се случува“, пишува новинарот.

Македонија | пред 6 години

Foto-6

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Финска, Кимо Лахдевирта

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Финска во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Кимо Лахдевирта.„Поддршката од Република Финска за интеграција на земјите од регионот на Југоисточна Европа во европските структури, а во тие рамки и на Република Северна Македонија, секогаш била од голема важност. Во тој контекст, изразувам надеж дека напредокот на мојата земја, кој е отсликан во Извештајот на Европската Комисија, ќе биде вреднуван  и зацврстен со позитивна одлука за време на финското претседавање со Советот на Европската Унија“, истакна меѓу другото во своето обраќајње претседателот Пендаровски.„Финска е сега претседавач со Претседателството на Советот на Европската Унија и во таа насока Ве уверувам дека ќе бидеме искрени посредници и ќе направиме се што е во нашата моќ да постигнеме конкретни резултати за време на нашето претседателство.Финска силно верува дека кредибилна политика на проширување е инвестиција во мирот, стабилноста, безбедноста и просперитетот на Европа. Во согласност со препораките на Комисијата, Финска го поддржува отпочнувањето на преговорите за членство со Република Северна Македонија. Се надевам и верувам дека Советот на министри на ЕУ ќе донесе позитивна одлука за ова не подоцна од октомври, истакна меѓу другото во дел од своето обраќање Кимо Лахдевирта, новоименуван амбасадор на Република Финска во Република Северна Македонија, со седиште во Белград.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Како се вози низ Скопје? МВР казнува, исклучува од сообраќај ...

Во текот на изминатиот ден (11.07.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 50 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај исклучени се 20 возачи од кои: тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол, 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи почетници затоа што не ги почитувале законските ограничувања. Исто така, исклучени од сообраќај се и четири  возила, од кои три не биле регистрирании едно поради претовар.Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минувње на пешаците на обележан пешачки премин, три возачи поради неправилно престигнување,  еден возач на мотоцикл поради некористење заштитен шлем - кцига, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 41 возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 70 мандатни платни налози и 67 возила се подигнати со специјално возило „пајак".Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а две лица се здобиле со телесни повреди. 

Скопје | пред 6 години

tunel-soobrakajna-nesreka

Со автомобил удрил во паркирано возило, возачот починал

На 11.07.2019 година околу 09.30 часот во с.Челопек, тетовско, С.И.(56) од с.Челопек, управувајќи „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило. По незгодата, С.И. бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, каде била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. 

Македонија | пред 6 години

soo-pak

МВР со детали за сообраќајната незгода во која загина едно лице

На 11.07.2019 година околу 15.00 часот на магистралниот пат Охрид - Кичево, помеѓу с.Ботун и с.Климештани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Саксо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(55) од Скопје и товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Охрид. Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал возачот П.С. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во Тетово пронајдено и приведено лице кое требало да доиздржува затворската казна

На 11 јули околу 18.30 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово го привеле Б.Е.(42) од Тетово, по кого била распишана потерница од Казнено-поправната установа „Идризово“. Тој бил предаден во КПУ„Идризово“ за доиздржување на затворската казна.

пред 6 години

66208945_1251473815021980_132012691790233600_n

(ФОТО) Жената фотографирана со Груевски е модел

Поранешниот премиер Никола Груевски се појави на фотографија на фејсбук, во друштво на поранешната порно ѕвезда и продуцент на порно филмови Роко Сифреди и згодна бринета, објави унгарската 24.ху. Но која е атрактивната девојка?Станува збор за инфлуенсер, мајка, модел...Еве фотографии од нејзиниот инстаграм профил... https://www.instagram.com/p/BzZ7BsGhaWa/https://www.instagram.com/p/ByAPsXLBRsh/https://www.instagram.com/p/Byh2nF0Bvid/Инаку ова покажува дека поранешниот премиер Никола Груевски, кој побегна од Македонија и доби азил во Унгарија непосредно пред да замине на одлежување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, има активен социјален живот во Бидумпешта. 

Магазин | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Странските гринфилд инвестиции зголемени за 200 отсто, економскиот раст зема залет

 По 11 години изолација и стагнација, економијата се движи во добар правец. Напредокот во економијата е потврден и во годишната анализа за економските реформски програми на Европската комисија којшто констатира дека економскиот раст во земјава повторно зема залет и дека изгледите се позитивни, се вели во соопштението од СДСМ.Официјалните податоци на ФДИ Интеленџенс, сервис на Фајненшел тајмс, потврдуваат дека во периодот од јуни 2018 до мај 2019 во Република Северна Македонија регистрирани се 184,4 милиони долари странски гринфилд инвестиции.Тоа е раст од 200 отсто на гринфилд инвестиции во споредба со 2017 година. За само две години, вработени се околу 50.000 граѓани, а од нив дури 48.000 граѓани се вработени во реалниот сектор.Овие официјални податоци се признание за економските реформи на Владата предводена од СДСМ преку кои економијата е стабилизирана и постојано расте.За СДСМ, зборот важи!Како државотворна и одговорна партија која за единствен приоритет ги има граѓаните,остануваме целосно фокусирани на развој на економијата, отворање на нови работни места, враќање на парите кај граѓаните и обезбедување на повисок животен стандард, се вели во соопштението од СДСМ, се вели во соопштението од СДСМ.  

Македонија | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Ништо не може да го испере срамот кој го нанесува Заев, единственото негово извинување треба да е оставка

Зоран Заев бесрамно ги лаже граѓаните на Република Македонија за да го испере сопствениот срам и криминал.Република Македонија и нејзината меѓународна репутација станаа жртва на неспособноста, корупцијата и неодговорното однесување на Зоран Заев и неговиот криминален картел, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Заев ја засрами Република Македонија пред целиот свет и докажа дека толку е несериозен  што секој може од него да извлече стратешка информација за државата или телефонски број од странски државник.Тој исто така призна дека ја излажа македонската јавност кога лажно ја клеветеше Руската Федерација за заговор против Македонија, и потврди дека комичарите всушност настапиле приватно и ги искористиле неговата неодговорност и неспособност.Доколку комичарите не ги објавеа разговорите тој се уште ќе мислеше дека разговара со Порошенко и Столтенберг и ќе продолжеше да ги издава државните тајни, а воедно и да испраќа фотографии од средби со сомнителни типови инволвирани во скандали во земји кои се докажани пријатели на Македонија.Со ваквото несериозно однесување Заев ги загрози односите на Република Македонија со нашите соседи, но и со наши докажани меѓународни партнери и пријатели. Затоа одговорност мора да има.Не е доволно само извинување од Заев бидејќи нанесена е огромна и непоправлива штета на државата. Ништо не може да го испере срамот кој го нанесува Зоран Заев. Затоа единственото негово извинување треба да е оставка од премиер и распишување на предвремени  парламентарни избори.Одговорност мора да има и за последниот скандал, но и за сите секојдневни понижувања кои во континуитет Заев и СДСМ им ги нанесуваат на државата и граѓаните.Република Македонија предводена од Заев бележи порази, тоне во корупција и криминал, економијата е на дното, здравството уништено, образованието девастирано, а судството и обвинителството се заработени и работат по диктат на деспотот.Потребно е СДСМ и Зоран Заев веднаш да си заминат за да запрат штетата, криминалите и понижувањата на државата. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

dsc3

Општина Битола ќе надоместува штети од невремето, еве што треба да направите

После силните врнежи од дожд и невремето кое ја зафати Битола на 10.07.2019 година и остави големи последици врз земјоделските насади во неколку битолски села, а со цел локалната самоуправа да им помогне на земјоделците во намалување на последиците со кои се соочуваат, истите потребно е да достават соодветна документација до Општина Битола.За таа цел, се повикуваат сите земјоделци од општината, во чии што земјоделски површини е направена штета, најдоцна до 19.07.2019 до 15:30 часот, да достават:- Барање до Општина Битола за надомест на штета;- Имотен лист од површината на која се наоѓа земјоделската култура.Доставената документација ќе биде разгледана од страна на Комисијата за проценка на штети од елементарни и други непогоди.

Македонија | пред 6 години

Sv.-Petar-i-Pavle

Денес е Петровден

Денеска е Св. апостоли Петар и Павле – Петровден.Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли. Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој план меѓу нив најповеќе се истакнале светите апостоли Петар и Павле. На иконите, светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт.Именден празнуваат: Петар (Камен, Каменко), Петре, Петра, Петранка, Петруна

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања