Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

taci

(ВИДЕО) Тачи: Пpaнкстерите се обидоа и нас да не измaмат, но тука работат вистински професионалци

Новинарот Фуркан Салиу на својот Фејсбук објави видео од изјава на косовскиот претседател, Хашим Тачи кој одговара на новинарски прашања. Имено по скaндалот во Македонија со руските пранкстери Вова и Лексус, еден од новинарите го запраша Тачи дали можеби тој разговарал со Порошенко во наводници. На ова Тачи накусо одговори дека пранкстерите се обиделе и него да го изmaмат, но како што вели тој во неговиот кабинет работат вистински професионалци па тоа воопшто не се случило. Косовскиот претседател додаде и дека тој секогаш ги почитyвa протоколите за тоа како се разговара со еден странски државник. Тачи не можеше да се воздржи и да не се насме кога новинарот му го постави ова прашање.https://www.facebook.com/furkan.saliu.3/videos/913466042332615/-Руските комичари пробале да го добијат и Хашим Тачи, ама не им успеало… Претседателскиот кабинет на Косово, ФУНКЦИОНИРА , напиша Салиу во описот на видеото.

Свет | пред 6 години

nefi-useini-otvoranje

ФОТО: Рамиз Мерко сечеше лента на отворањето на пицеријата, сопственост на Нефи Усеини

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, заедно со советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, ја пресече црвената лента, со што го свечено ја отворија пицеријата кај Чинарот.  Објектот започна да се гради во март годинава, се наоѓа на државно земјиште и е дивоградба. Градоначалникот Константин Георгиевски во повеќе наврати најави уривање на објектот.  На отворањето присуствувале повеќе јавни личности од политичкиот живот во државата. Откако беше пресечена лентата, следеше громогласен огномет кој траеше 10 минути.

Македонија | пред 6 години

66282476_1251481541687874_3933668526732083200_n

Груевски на забавата бил со порно глумец

На официјалната страна на Фејсбук, Budapest Business Party (Бизнис забава Будимпешта) беше објавена фотографија од експремиерот Никола Груевски. На фотографијата може да се забележи дека тој присуствувал на забава организирана од „ИТЛ Груп“ и е во присуство на девојка и уште две други лица.Исто така на истата забава била и познатата светска порно ѕвезда, Италијанецот Роко Сифреди во женска придружба.Инаку, станува збор за бизнис забава која се одржува еднаш во годината,  На оваа забава присуствуваат претставници од голем број унгарски компании и познати ликови од светската естрада, а се одржува покрај Дунав.

Македонија | пред 6 години

11072019_Minister-Popovski_Megjunarodna-konferencija-za-sloboda-na-mediumi_London_5

Поповски: Македонија целосно ја почитува слободата на говорот и на медиумите

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на вториот ден од Меѓународната конференција за слободата на медиумите, којашто се одржува во Лондон учествуваше на тркалезната маса „Кампања за слобода на медиумите: кон 2020 - одржување на влијанието“.На оваа сесија претставници на Обединето Кралство и на Канада заедно со претставници на интернационалните организации дискутираа за иницијативите од Конференцијата и генерираа идеи за мултиралетарална соработка. Исто така, тема на дискусија беше идејата за формирање на коалиција којашто ќе ги следи случувањата во секоја земја на полето на безбедност на новинарите.Исто така, министерот Поповски денеска имаше и свое обраќање во рамките на Националните изјави.Во продолжение интегрално Ви го пренесуваме текстот од обраќањето на министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.„Меѓународната конференција за слобода на медиумите во Лондон покажа дека демократиите беа сведоци на растечките закани коишто произлегоа од ширењето на дезинформации и онлајн пропагандистички кампањи, вклучувајќи и координирани напори од голем размер за потиснување на внатрешните демократски процеси.Република Македонија во последниве години го доживеа овој феномен како една од целите на сензационализмот, недостојни медиумски содржини и лажни вести.Професионалното, квалитетно новинарство останува главна цел на Република Македонија. Новинарство кое се спротивставува на влијанијата на центрите на моќ.Македонија целосно ја почитува слободата на говорот и на медиумите, гарантирани со повелбите за човекови права.Донесовме законска регулатива за транспарентна постапка за избор на Совет на јавни радиодифузни служби и Советот на Агенцијата за медиуми, којашто гарантира реформа, независност од која било партија и ослободена од какво било влијание.Формиран е професионален владин сектор за комуникација, како комплетен, 24-часовен сервис за новинарите и граѓаните.Без предрасуди и комплекси, како и нашите програмски политики, ние се отворивме за јавноста. Тоа не остана незабележано:Владата на Република Македонија е прогласена за најотворена меѓу владите во регионот во 2017-та година, за разлика од последното место во 2016-та година. Наскоро ги очекуваме резултатите за 2018-та година.Го ослободивме медиумскиот простор и гарантиравме целосна слобода на медиумите без никаков притисок.Се определивме за нулта толеранција за напади и насилство врз новинарите и медиумските работници.Даваме целосна поддршка за само регулација и почитување на професионалните и етичките стандарди и борбата против говорот на омраза во медиумите.Медиумското образование е исклучително важно, имајќи предвид дека медиумите и информативната писменост се клучен фактор кој им овозможува на поединците да ги следат медиумите на сопствен начин.Владата на Република Македонија целосно ги поддржува и се обврзува дека ќе ги имплементира препораките вклучени во Глобалната заложба за слободата на медиумите прифатени од учесниците на Конференцијата за слобода на медиумите.Во име на Владата на Република Македонија, силно го поздравувам Фондот за одбрана на слободата, инициран од ОН, посебно посветен на Слободата на медиумите.Тој ќе се користи за поддршка за широк спектар на проекти за слобода на медиумите низ целиот свет.Го поздравуваме Планот за акција на ОН за безбедност на новинарите и прашањето на неказнување. Сметаме дека тој поставува сеопфатен сет на препораки за акција за промовирање на слободна и безбедна средина за новинарите и медиумските работници, подеднакво во конфликтни и во не-конфликтни ситуации“. 

Македонија | пред 6 години

muskat-malta

Премиерот на Малта му порача на Рашковски да оди на островот Гозо за да види вистински измамници

Премиерот на Малта, Џозеф Мускат, денеска изјави дека ги отфрла обвинувањата дека Малтежаните се измамници, изнесени во аудио снимката објавена за генералниот секреретар Драги Рашковски, кој, според медиумите што ја објавија, договара тендер за систем за управување со воздушниот сообраќај и патем коментира дека Малта искористила законски дупки за да заштеди пари.Како што објавија тамошните медиуми, Мускат иронично прокоментирал дека ако Рашковски смета дека Малтежаните се измамници, тогаш, како што рече, очигледно никогаш не се сретнал со жителите на островот Гозо.Имено, тој рече дека Малтежаните во споредба со жителите на островот Гозо се невини јагниња и му порача на владиниот генсек да изнајми куќа на Гозо и да користи такси од фериботскиот терминал за да види вистински измамници.

Македонија | пред 6 години

lightning-strike-over-lake

УЖАСНО ВИДЕО: Гром удира во зграда во Грција

Солун, исто така, беше погоден во Грција од ужасна бура што во средата вечерта однесе седум животи на Халкидики.Видеото снимено од телефон го прикажува ужасниот момент на удар на гром во зграда во центарот на градот.Најмалку седум лица, вклучувајќи и шест туристи, беа убиени во силната бура ја погоди северна Грција.

Свет | пред 6 години

DSC_0002.01_01_33_10.Still010

ФОТО: Усеини ќе сече лента, за свечено да ја отвори пицеријата кај Чинарот

Советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, ги пречекува првите гости во новоотворениот објект кај Чинарот. Пред објектот има неколку маси и столици, а внатре, ентериерот е уреден со дрвен плафон, невообичаено осветлување, високи и ниски маси. Пред вратата е поставена и црвена лента, која Усеини ќе ја пресече, кога официјално ќе започне забавата.Засега нема гласна музика, но се очекува подоцна, на отворањето да дојдат познати лица од јавниот живот во Охрид.Објектот започна да се гради во март годинава, се наоѓа на земјиште на Република Македонија и е дивоградба.Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески во повеќе наврати јавно кажа дека тоа е диворадба и дека објектот ќе се урива.На церемонијата на свеченото отоврање не се поканети медиумите, а нема информации кој од политичарите и коалиционите партнери на Усеини се поканети на свечениот чин.

Македонија | пред 6 години

66208945_1251473815021980_132012691790233600_n

ФОТО: Груевски на бизнис забава со непозната жена

Експремиерот и бегалец, Никола Груевски, присуствувал на забава организирана од „ИТЛ Груп“. Станува збор за бизнис забава, а тој бил во друштво со уште двајца мажи и една девојка.Грувски на забавата ги носел и скапите наочари за кои се споменуваше дека ги добил подарок при набавката на луксузниот „мерцедес“ за кои е осуден на две години затворска казна.Груевски избега лани во ноември кога наместо да отиде во Шутка да издржува две годишна затворска казна, преку Албанија, Црна Гора и Србија избега со дипломатски унгарски транспорт.

Македонија | пред 6 години

sudar-pak-2

(ФОТО) Судар кај Мешеишта

Уште една сообраќајна несреќа се случи попладнево кај селото Мешеишта на патниот правец Кичево Охрид. Ова е втора сообраќајка на оваа делница денес, а среќна околност е што во оваа незгода нема човечки жртви.

Македонија | пред 6 години

cigari-4

(ФОТО) Царината запленила над 16 тони цигари и 13 тони тутун

Царинската управа на Република Северна Македонија во рамките на своите редовни активности на граничните премини Табановце со соседна Србија и Богородица со соседна Грција спречи обиди за нелегален внес на цигари и тутун во лист наменети за нелегална продажба на македонскиот пазар. На граничниот премин Табановце на влез од Република Србија се запленети 16,5 тони цигари, а на граничниот премин Богородица, на влез од Грција - 13 тони тутун во лист.На граничниот премин Табановце, на ден 28.05.2019 година, во контрола на товарно моторно возило е утврдено дека истото содржи 1.000 пакети со нелегални цигари, со вкупна тежина од 15.000 килограми. Во секој пакет има спакувано по 50 штеки или вкупно 10 милиони парчиња цигари.На истиот граничен премин, на 24.05.2019 година е откриено и комбе со 102 пакети со цигари, со тежина од околу 1.500 килограми или вкупно 1 милион парчиња цигари.Станува збор за цигари со кинеска марка на цигари, ASHIMA LUXORY SIZE и MARBLE DE LUXE.Царинските служби на Република Северна Македонија на влез на граничниот премин Богородица, на 16.06.2019, околу 18:00 часот, запленија товарно моторно возило во кое се откриени 130 пакети со 13.000 кг нето тежина, а бруто тежината е 14.300 со тутун во лист. Истото имало пријавено дека пренесува хартија за виткање тутун, но при направената проверка било утврдено дека возилото е натоварени со тутун во лист. Запленетиот тутун бил наменет за нелегална продажба како режан тутун на домашниот пазар.Против сторителите се поднесени соодветни кривични пријави.Доколку цигарите, односно тутунот се најдеа на домашниот пазар, со оглед дека станува збор за акцизни добра, државниот буџет ќе беше оштетен за околу 1 милион евра.Тоа се пари кои државата ќе може да ги инвестира во изградба на училишта, градинки, спортски игралишта и друго, со цел подобрување на стандардот на граѓаните и обезбедување подобри услови за живот.Цигарите и режаниот тутун се акцизни производи, за кои се плаќа акциза, а кога ќе се најдат во малопродажба, истите мора да бидат обележани со контролни марки. Контролните марки се потврда дека за тие производи се платени акцизата и останатите давачките на државата, но и дека е извршена контрола на квалитетот. Акцизите учествуваат со околу 22% во вкупните даноци кои ги прибира државата, а во буџетските приходи акцизите учествуваат со 13%, од кои над 5% се од цигари и тутунски производи. Ако се знае висината на буџетот (~ 3,4 милијарди евра), станува збор за значаен извор на приходи.Токму поради огромните штети од нелегалната продажба на овие царински добра, Царинската управа на Република Северна Македонија во координација со други надлежни државни институции спроведува постојани акции за сузбивање нелегална продажба на тутун и тутунски производи, а секако, така ќе продолжи и во иднина.

Македонија | пред 6 години

soo-pak

(ОБНОВЕНО) Едно лице загина во сообраќајната несреќа кај селото Климештани

„Едно лице загина и едно е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случи предмалку кај Климештани, Општина Дебрца. Во несреќата учествуваа комбе и автомобил кои директно се судриле“, истакна за Скопје 1 портапаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.Поради несреќата сообраќајот одреден период беше целосно блокиран во двата правци, поради што се создаде голема колона на автомобили.Во моментов се врши увид. 

Македонија | пред 6 години

66320980_2857081114306465_3398803480423432192_n

Во пресрет,,Пивофест“, директорот на БЈБ Тасевски во посета на Прилеп

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска оствари работни средби со раководството на Полициската станица Прилеп и со градоначалникот на општина Прилеп Илија Јованоски во пресрет на одржувањето на фестивалот ,,Пивофест“, кој ќе се одржи од 18 до 22 јули.На средбите беше потенцирано дека безбедносната состојба во општината е стабилна и полициските службеници се подготвени за обезбедување на јавниот ред и мир, особено во текот на фестивалот, за тој да помине во најдобар ред, без оглед на големата бројка на гости што се очекува во Прилеп.Директорот Тасевски и градоначалникот Јовановски разговараа и за вчерашниот случај кога во кафуле во Прилеп беше пронајдена експлозивна направа. Директорот на БЈБ потенцираше дека станува збор за изолиран случај за кој веќе постојат одредени сознанија и се преземаат сите потребни истражни дејствија за што поскоро решавање на случајот.

Македонија | пред 6 години

dsc3

ВМРО ДПМНЕ: Насадите со јаболко во Преспа се 100 процентно уништени

Членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ,  Орце Ѓорѓиевски и Цветан Трипуновски денеска го посетија ресенскиот регион каде остварија средба со граѓаните. Трипуновски и Ѓорѓиевски ги посетија населените места Трбово, Калоец, Љубојно, Долно Дупени, Крани и Стење, места кои се најпогодени од невремето кое го зафати овој регион, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Невремето причини огромна материјна штета на домовите, уништена е и електричната мрежа. Насадите со јаболко се 100 процентно уништени.Власта е глува за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, нема решение за нивните проблеми, никој не зборува за нивно обештетување. Земјоделците досега имаа огромен проблем со откупот на јаболката, а сега нивниот род е целосно уништен, она за кое макотрпно работеле преку цела година сега е целосно уништено.И новиот министер за земјоделие од редовите на СДСМ, Трајан Димковски како и неговиот претходник Љупчо Николовски е глув за проблемите на земјоделците. Скапите коктели и облека се негова главна преокупација додека земјоделците се оставени на милост и немилост.Граѓаните имаат горко чувство дека живеат во загубена држава, држава во која царува криминалот и корупцијата, а сите оние кои чесно работат се осудени да преживуваат како знаат и умеат. Ова мора час поскоро да заврши, аболицираниот Зоран Заев и неговата криминална банда мора што побрзо да си заминат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still151

(ФОТО)Се подготвува отворањето на објектот кај Чинарот, сопственост на советникот Усеини

Попладнево сво центарот на Охрид до стариот Чинар започна свечена церемонија за отворање на пицеријата „Луна“ која е во сопственост на советникот од ДУИ Нефи Усеини. Објектот е декориран со шарени балони и поставена е црвена лента и панделка која секој момент ќе биде пресечена од инвеститорот.Објектот започна да се гради во март годинава, се наоѓа на земјиште на Република Македонија и е дивоградба.Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески во повеќе наврати јавно кажа дека тоа е диворадба и дека објектот ќе се урива.На церемонијата на свеченото отоврање не се поканети медиумите, а нема информации кој од политичарите и коалиционите партнери на Усеини се поканети на свечениот чин.

Македонија | пред 6 години

pistol-vperen

Во кафетерија испукале неколку куршуми

На 10.07.2019 година во 22.35 часот во СВР Скопје, Ф.Б. од Скопје пријавил дека пред кафетерија на ул.„Македонско Косовска Бригада“ во Скопје неколку лица испукале неколку куршуми. Повредени лица нема, а нема ни материјална штета. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

KIR_0837

Разбојништво на наплатната каса од паркинг

На 10.07.2019 година околу 23,37 часот во СВР Скопје било пријавено дека две лица извршиле разбојништво на наплатната каса од паркингот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

policija-123

Избегал малолетник, штитеник од домот згрижување на деца со воспитно - социјални проблеми и нарушено поведение

На 10.07.2019 година во 08.45 часот во Полициската станица Карпош, вработена во Јавната установа за згрижување на деца со воспитно - социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје пријавила дека од установата самоволно се оддалечил штитеникот М.Е.(17), кој претходно неколку пати се оддалечувал и бил враќан од полицијата.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во Геријатрија Ѓорче Петров починал затвореник

На 10.07.2019 година во 12,54 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во Геријатрија Ѓорче Петров починал Г.А.(55) од с.Врапчиште, гостиварско, осудено лице од Казнено-поправната установа Идризово, кое било на лекување. Според пријвеното, Г.А. боледувал од карцином. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Македонија | пред 6 години

11072019_Zaev_ambasadorRusija_sredba

Заев - Бездникин: Измамата на руските граѓани нема никакво влијание на односите меѓу двете земји

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска го прими амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја Сергеј Александрович Бeздникин.Средбата е остварена непосредно по свеченоста по повод пуштањето на новиот објект на компанијата Лукоил, што ги потврдува развојните планови на оваа руска компанија и укажува на можностите за унапредување на натамошната економска соработка меѓу двете земји.На средбата е констатирано дека еден од инструментите за засилена динамика на трговската и економската соработка е интензивирањето на работата на Меѓувладината комисија за економска соработка.Во врска со измамата со телефонски разговори од страна на двајцата руски граѓани, взаемно беше изразено жалење за случајот и потврда дека тоа нема да влијае врз билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација, се вели во соопштението од Владата.

Македонија | пред 6 години

pistoli

Поднесено обвинение за скопјанец во чиј дом беа пронајдени дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот Основен кривичен суд – Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за  сторено  кривично  дело  – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.При вршење на претрес во домот на осомничениот на улица „Христофор Жефаровиќ“  во Скопје  на 11 јуни, полициски службеници пронајдоа  наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 11,45 грама, спакувана во 27 полиетиленски пакувања. Биле пронајдени и 0,62 грама психотропна супстанца 3,4 – метилен – диоксиметамфетамин. Осомничениот  неовластено кај себе држел и полуавтоматско кусо огнено оружје – пиштол марка CZ100 со калибар од 9мм, десет куршуми муниција за тоа оружје, како и 14 куршуми муниција за автоматско огнено оружје кое им е забрането на граѓаните.Ценејќи дека  се исполнети законските основи, односно дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до  Основниот кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на определената  мерка притвор. . 

пред 6 години

soob-botun-5

(ФОТО) Сообраќајна несреќа помеѓу Ботун и Мешеишта

Сообраќајна несреќа се случи попладнево помеѓу селата Ботун и Мешеишта, Општина Дебрца. Во несреќата учествуваа комбе и автомобил.Има повредени, кои со брза помош беа пренесени во една од  болниците во Охрид.Поради несреќата сообраќајот одреден период беше целосно блокиран во двата правци, поради штос е создаде голема колона на автомобили.

Македонија | пред 6 години

stoilov-i-karadzic

(ВИДЕО) Најдобра асистенција во ЛШ сезонава моментот кога Карачиќ му додава на Стоилов

Асистенцијата на Игор Карачиќ до Стојанче Стоилов во финалето од Лигата на шампионите против Веспрем е прогласена за најдобра на сезоната.Ракометарите на Вардар остварија победа во овој натпревар и ја освоија европската шампионска титула.https://twitter.com/ehfcl/status/1149256767764746242?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1149256767764746242&ref_url=https%3A%2F%2Ffokus.mk%2Fvideo-asistentsijata-na-karachik-do-stoilov-najdobra-vo-lsh-sezonava%2F

Спорт | пред 6 години

11072019_Spasovski_Dimkovski_Prespa-1

Министрите Спасовски и Димковски во посета на погодени населени места од невремето во Преспа

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски, денеска ги посетија населените места во Преспанскиот регион  што беа погодени од невремето. Министрите посочија дека владините и локалните служби од вчера вечерта работат на расчистување на теренот.Министерот Спасовски изјави дека веднаш се преземени мерки пред се за да се заштитат животите на луѓето, и активирани се сите владини и локални служби со цел побрзо да се санира состојбата.„Владата на РСМ ќе ги ангажира сите можни капацитети, од една страна да се проценат штетите дали се тоа на земјоделски производи или објекти, да видиме колкава е штетата, и од друга страна што побрзо да се санираат штетите. Веќе стапивме во контакт со ЕВН за да можат да се оспособи и мрежата,  за електрична енергија да добијат местата каде што поради невремето нема струја, а со тоа и голем дел од населените места да имаат чиста вода за пиење. Ќе се работи интензивно, треба време за да ги санираме состојбите, но државата е целосно на располагање заедно со локалната самоуправа, и граѓаните од преспанскиот регион  треба да бидат спокојни, ќе направиме се за да ја санираме состојбата и дa се проценат материјалните  штетите од невремето“, изјави министерот Спасовски.Министерот Димковски потенцираше дека невремето предизвика големи штети врз земјоделските површини во преспанскиот регион, конкретно кај овошните насади, додавајќи дека МЗШВ веќе работи на мерки преку Програмата за рурален развој за заштита од временски непогоди, како што е авионското засејување на облаците.„Не само што плодот е уништен, од силното невреме и самите дрвја на овошките се уништени. Ние сме постојна координација со градоначалникот, екипите ќе извршат проценка на штетите. Освен што ќе се прави проценка на принос, односно колкава е штетат на овошките, јаболката, ќе се прави и проценка на основни средства односно колкави се штетите на самите дрвја, и се тоа ќе влезе во елаборатите кои ќе се достават до владина комисија и потоа ќе се види колкава е проценката.Според информациите од Центарот за управување со кризи, од невремето проследено со многу силен ветер и дожд кое вчера вечер го зафати реонот на Долна Преспа, општина Ресен, најпогодени се селата Крани, Долно Дупени, Љубојно, Наколец, Стење, Претор и Штрбово. Оштетени се покриви, автомобили, од паднати дрвја во авто-кампот „Крани“ оштетени се камп- приколки, паднатите дрвја ги препречиле некои од локалните патни правци, а има и штети на овоштарници и други култури. Невремето предизвика оштетување и на електричната мрежа. 

Македонија | пред 6 години

poraki-zaev-1

(ФОТО) Објавени пораките кои Заев им ги праќал на русите

На социјалната мрежа фејсбук се појавија пораките кои премиерот Зоран Заев му ги испраќал преку мобилна апликација на рускиот комичар Алексеј Столјаров кога јавноста го познава повеќе како лажниот „Петро Порошенко“.Од пораките се гледа дека Заев мислел дека навистина го информира украинскиот претседател Порошенко за разговори со претставници на украинската Влада, и продолжува да бара негова помош за контакт со патријархот Вартоломеј, на кого Заев се согласи да му исплати 100.000 евра мито.Во една од пораките до лажниот „Порошенко“, Заев испраќа фотографија во која седи во својата канцеларија во друштво со Силберстин, кој по се изгледа го посетил Скопје пред да отпатува за Киев. Фотографијата е проследена со пораката „здраво пријателу, ти го праќам овој човек утре рано изутрина“.Руските комичари првично биле збунети од оваа порака од Заев, но потоа одговараат „а, Тал Силберстин, не го видов во сликата. Тој ми помага со кампањата“. Заев одговара: „знам, ти посакувам успех. Тал е одличен тип. Супер е“.Еве ги пораките на Заев до комичарите преку ВацАп.https://www.facebook.com/renoituloveR/photos/pcb.722293571538093/722293078204809/?type=3&theater  

Македонија | пред 6 години

merkel-sedi

(ВИДЕО) Поради здравјето на Меркел прекршен протокол – таа седеше на интонирање на химни

Германската канцеларка Ангела Меркел и данската премиерка Мете Фредериксен денес седеа за време на интонирањето на химните во Берлин, еден ден после најновиот случај во кој беше забележано како ѝ се тресе телото на Меркел. Денеска настанот помина во најдобар ред.За последен пат канцеларката Меркел видливо се тресеше вчера за време на приемот и свечената церемонија за премиерот на Финска, по што јавноста во Германија повторно праша – што се случува со здравјето на Ангела Меркел?Официјалниот одговор е дека Меркел е во добро здравје, а се тресе затоа што таа веќе има 65 години. Некои тресењето го поврзуваат со ментален замор, и оти физички таа нема проблеми.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања