Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

20190711092759-696x336

Почина Шабан Зендели, генерален директор на МЖ Транспорт

Шабан Зендели, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Македонски железници Транспорт, почина денеска по кратко боледување, пренесе Фактор.За раководител на МЖ Транспорт беше назначен минататa година, а претходно извршуваше неколку функции во Царинската управа.Зендели беше кандидат за градоначалник на Липково на неодамнешните локални избори.

Македонија | пред 6 години

toni-mihajlovski

Михајловски: Имаме нови покачувања на глупостите што се случуваат на оваа влада

Актерот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски ја критикуваше Владата, поради последните случувања со местенката на Заев со руските комичари.„Веќе имаме нови покачувања на глупостите што се случуваат на нивото на неспособност на оваа влада. Ваква наивност никој вака не испорачал. Нестрплив сум до следната глупост што ќе се случи“, истакна Михајловски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Џафери на одбележувањето на 24-годишнината од геноцидот во Сребреница

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе присуствува на одбележувањето на 24-годишнината од геноцидот во Сребреница во Босна и Херцеговина.Претседателот ја предводи делегацијата од Република Македонија составена од пратениците Ферид Мухиќ и Зеќир Рамчиловиќ. На одбележувањето претседателот Џафери ќе има и пригодно обраќање.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

СВР Штип казнуваше пешаци

На 10.07.2019 година во периодот од 08.00 до 13.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на прекршоци кои ги прават пешаците. Во акцијата констатирани се 25 прекршоци за кои се издадени 16 мандатни платни налози и девет пешаци писмено се предупредени. Санкционирани се и осум останати прекршоци.

Македонија | пред 6 години

oliver-spasovski-670x367

Според Спасовски нема причина за загриженост за безбедноста во државата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска при посетата на Центарот за обука во Идризово запрашан за безбедносните проценки по најавите од Ел Чека „дека е можно да се случи ново Куманово на сред Скопје“, изјави дека безбедносната состојба е стабилна.„Безбедносната состојба е стабилна, мирна и нема никакви индиции за нарушување на целата територија на државата. МВР и сите други органи кои се надлежни за спроведување на законот си ги преземаат сите свои активности во однос на безбедносната состојба“, истакна Спасовски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пронајден и приведен скопјанец кој се барал за издржување казна затвор

На 10.07.2019 година во 21.00 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, врз основа на судска наредба, полициски службеници го лишиле од слобода и привеле во полициска станица лицето С.П.(43) од Скопје, кој се барал за издржување казна затвор.

Скопје | пред 6 години

heroin-111

Кај Скопјанец пронајден хероин и куршум од непознат калибар

СВР Скопје поднесе кривичнa пријавa против А.Б.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 08.07.2019 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на ул.„Дримкол“ во Скопје, при што пронашле и одзеле хероин и куршум од непознат калибар. Исто така, на 01.04.2019 година на ул.„Љубљанска“ во Скопје полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

Скопје | пред 6 години

halkidiki-696x465

Сведоштво од Халкидики: Не разбиравме што се случува. Трчавме, собравме колку што можевме повеќе луѓе

Превртени автомобили, искорнати дрвја,уништени домови, или пустош од библиски размери остана зад смртоносното невреме што синоќа го погоди грчкиот попуостров Халкидики, пишува „Та неа“, пренесувајќи ги шокантните сведоштва за големата трагедија.Првиот човек на агенцијата за планирање и заштита од земјотреси, Ефтимиос Лекас, посочува дека невремето траело десет минути.– Не разбиравме што се случува. Трчавме, собравме колку што можевме повеќе луѓе, не повеќе од десетмина повредени. Внатре имаше околу 100 луѓе. Не можевме да ја извлечеме жената, не можевме да ја земеме со нас – вели човек што бил во таверната, каде што загинаа Романката и нејзиниот син.Во невремето загинаа шест лица, меѓу кои се Романка и нејзиниот осумгодишен син врз кои се срушил покрив во таверна во местото Неа Плагија, двајца чешки туристи во Созополи, како и Русин и неговиот двегодишен син врз кои паднало дрво пред хотел во Неа Потидеа. Околу стотина луѓе се повредени, а уште се трага по исчезнатите.Надлежните грчки служби се на терен, помагајќи им на настраданите и проценувајќи ја нанесената штета.   

Свет | пред 6 години

Potochari-1-640x412

33 жртви на геноцидот во Сребреница ќе се погребаат во Поточари

Илјадници луѓе од раните утрински часови се собираат денеска во Сребреница во Iсточна Босна, каде во текот на денот ќе биде одбележна 24-годишнината од масакрот спроведен против Бошњаците од таа област во јули 1995 година, спроведен од страна на војската и полицијата на босанските Срби, предводени од генералот Ратко Младиќ.Како што информира хрватски „Индекс“, стотици автомобили и автобуси ги преплавиле тесните патчиња кои водат кон местото, каде што денес, според официјалните резултати од последниот попис во 2013 година, живеат нешто повеќе од 13 илјади жители, од кои околу седум илјади Бошњаци и шест илјади Срби. Пред војната, Сребреница имала дури 36 илјади жители, од кои 27 илјади се декларирале како муслимани.По падот на заштитената зона во Сребреница во 1995 година, како загинати или исчезнати биле пријавени 8.372 луѓе, а оваа бројка е врежана на мермерната плоча поставена во рамки на меморијалниот комплекс во Поточари, како постојан потсетник на размерот на извршенoто злосторство.Во текот на денот на гробиштата во Поточари ќе бидат погребани посмртните останки на 33 жртви, чии тела се пронајдени последниве години во масовни гробници, а потоа биле идентификувани преку споредување на ДНК-примероци од коскената срцевина со оние добиени од крв на преживеани роднини.Најстарата жртва која ќе биде погребана на 24-годишнината од геноцидот е старицата Шаха Цврк, која во времето кога била убиена имала 82 години, а најмладата жртва е Осман Цврк момче кое во 1995 година имало само 16 години.Од масовни и индивидуални гробници во Босна и Херцеговина, но и Србија, досега се ексхумирани телата на 7.119 жртви, а од нив 6.610 веќе се погребани во Поточари.Дел од ексхумираните тела сè уште не се погребани по барање на семејствата и се чека комплетирање на скелетот, бидејќи се пронајдени само некои делови.

Свет | пред 6 години

mnr-logo

Телефони на кои македонските граѓани можат да се јават во Конзулатот во Солун

До овој момент нема информации за настрадани државјани на Македонија во невремето што го зафати поширокиот грчки регион Халкидики, потврдија од МНР.Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции.Заради нерасчистени патишта, паднати дрвја и проблеми со снабдувањето на електрична енергија во регионот, локалните власти препорачуваат да се избегнува движење во тој дел на земјата додека трае расчистувањето и не се нормализира снабдувањето со струја.Генералниот конзулат на Македонија е во постојан контакт со надлежните служби. Македонските граѓани кои евентуално се повредени во невремето во Грција можат да го контактираат Генералниот конзулат во Солун на следниве телефони:0030231027734700302310277348Контакт од нашата амбасада во Атина:00302106749585

Македонија | пред 6 години

ljubanista-1

Димковски и Спасовски во посета на селата погодени од невремето

Министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе ги посетат автокампот Крани, село Наколец и околните села од Преспанскиот регион што беа погодени од синоќешното невреме.Од невремето оштетени се покриви, автомобили, од паднати дрвја во авто кампот „Крани“ оштетени се камп приколки, паднати дрвја ги препречиле некои од локалните патни правци, а има и штети на овоштарници и други култури. Оштетена е и елелктричната мрежа (паднати бандери, скинати ел.водови). Најголеми штети имало во селата Штрбово, Наколец, Крани, Долно Дупени и Љубојно. 

Македонија | пред 6 години

66399965_1297720243738929_6613716677643206656_o

Спасовски го посети Центарот за обука во Идризово

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети Центарот за обука во Идризово, каде е во тек селекцијата на пријавените кандидати за полициски службеници на последниот објавен оглас од минатиот месец.На огласот за прием на 600 извршители на работното место - полицаец, согласно пропишаните нормативни критериуми и направените административни проверки по однос на бараната документација, се пријавија вкупно  2.391 кандидат, од кои 1.940 мажи и 451 жени. Сите тие, практично од завчера, во рок од осум дена ќе ги минат задолжителните и стандардизирани физички проверки, по што ќе се продолжи со следните етапи, односно фази на испитување: психолошки проверки, поточно проверки на интелектуалните предиспозиции; општо-образовно тестирање; интервјуа со секој кандидат; потоа безбедносни проверки, како и задолжителни здравствени прегледи.„По завршувањето на сите овие проверки, ќе биде направено конечното рангирање после кое, согласно Законот за внатрешни работи 660 избрани кандидати, односно за 10 проценти повеќе од предвидената бројка на барани извршители ќе бидат упатени на основна обука за полицаец“, рече министерот Спасовски.Со нив, ќе бидат потпишани Договори за основна обука за полицаец во времетрање од една година. Се разбира овие договори нормативно не се договори за работен однос, туку договори со кои што на кандидатите им се овозможува преку три образовни модули од по четири месеци да се стекнат со неопходните знаења за работното место полицаец.„По завршувањето на секој од тие модули  во кои е опфатен период од тромесечна теоретска обука и еден месец практична настава, кандидатите ќе бидат оценувани за постигнатото, така што на крајот односно со истекот на целата обука ќе имаме конечна ранг листа по која што избраните 600 кандидати ќе склучат договори за вработување со министерството на работна позиција приправник-полицаец, со обврска најмалку пет години да работат во Министерството за внатрешни работи. На пријавените кандидати им посакувам успех“, рече министерот Спасовски.

Македонија | пред 6 години

prespa

ЦУК со извештај за невремето во преспанскиот регион

Од невремето оштетени се покриви, автомобили, од паднати дрвја во авто кампот „Крани“ оштетени се камп приколки, паднати дрвја ги препречиле некои од локалните патни правци, а има и штети на овоштарници и други култури. Оштетена е и елелктричната мрежа (паднати бандери, скинати ел.водови), велат од Центарот за управување со кризи.„Веднаш на терен излегоа екипи на МВР, ТППЕ Ресен и Македонија Пат кои работеа на расчистување и оспособување на патните правци за сообраќај (расчистени се и оспособени сите патни правци и пристапни патишта кон селата). Екипи на ЕВН Македонија работат на отстранување на дефектиите и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија на овој реон. Нема пријавено повредени лица.Исто така, во текот на ноќта, југоисточниот дел од општина Охрид беше зафатен од невреме последено со силен ветар. Во селата Трпејца и Лабуништа, како и во комплексот „Св.Наум“ има паднати дрвја, а направена е и материјална штета на еден угостителски објект во с.Трпејца, како и во комлексот Св.Наум каде е оштетен кров на еден од објектите во комлексот. Во невремето нема повредени лица. Дел од населените места сеуште се без напојување со електрична енергија, а екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектите.“,велат од ЦУК.

Македонија | пред 6 години

antonijo-milosovski

Милошоски: Во МНР нема записник од разговорите меѓу Заев и Лажниот Порошенко

Пратеникот Антонио Милошоски од свои извори дознава дека во МНР не постои архивиран записник од разговорите меѓу премиерот Зоран Заев и лажниот Петро Порошенко и лажниот Столтенберг.- Според релевантни извори од МНР не постои уредно архивиран записник од советниците Бојан Маричиќ и Дане Талески од првиот разговор на Заев со Лажниот Порошенко (август 2018та). Но, дали Заев ја говори вистината или ги манипулирал новинарите, наскоро ќе дознаеме, преку обврската на премиерот и министерот за надворешни да одговорат на пратеничко прашање, напиша Милошоски на Фејсбук.https://www.facebook.com/antonio.miloshoski.9/posts/2739597266069535 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Прогласена вонредна состојба на Халкидики

По апокалиптичното невреме кое го зафати грчкиот полуостров Халкидики, во кое загинаа 6 странски туристи, а материјалната штета е огромна, грчката влада прогласи вонредна состојба.Околу 80 отсто од Халкидики, а особено првиот крак и мал дел од вториот останаа без струјa. Два високонапонски столба се урнале на подрачјето на каналот Неа Потидеа, а исто така имало и дефект на високонапонската електрична линија што ја поврзува Мудања со трафостаниците на Касандра.Шест туристи, меѓу кои и две деца, загинаа вчера во невремето.

Свет | пред 6 години

soobrakajka-logo-1

(ФОТО) Сообраќајка во Аеродром, комбето е со искшена шофершајбна, a автомобилот со уништена предница

Сообраќајна несреќа се случи утрово во Аеродром во близина на комплексот „Џевахир“. Во несреќата учествувале две возила, автомобил и комбе.Според очевидци, комбето демолирано со искршена софершајвна, а уништен е и предниот дел од автомобилот кој најверјатно не е во возна состојба.За тргање на автомобилот е повикана влечна служба.Увид прави полицијата, од каде треба да ги соопштат причините за несреќата.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Гром удри во трансформатор преку кој жителите на Струга се снабдуваат со вода

Синоќешното невреме предизвика штета и со водоснабдувањето во Струга. Денеска има отежнато водоснабдување затоа што гром удрил во трансформаторот преку кој се напојуваат со електрична енергија пумпите за вода во селото Шум, од каде се снабдува со вода Струга и околината.Јавното претпријатие „Проаква“  информира дека трансформаторот претрпел големо оштетување, што го отежнува снабдувањето со вода на населението.– Како последица на ова во текот на денот ќе има слабо снабдување со вода за пиење на Струга и селата. Апелираме до корисниците да преземат потребни мерки за да имаат вода барем за основните потреби додека не се санира овој голем дефект, соопшти ЈП „Проаква“.Екипи на претпријатието заедно со ЕВН Македонија, се на местото и прават напори да го оспособат трансформаторот, за да се нормализира снабдувањето со вода за пиење во текот на денов.

Македонија | пред 6 години

ljubanista-1

(ФОТО) Невремето остави пустош во автокампот Љубаништа - Смачкани приколки, откорнати дрва, превртени маси и шатори

По големото невреме кое синоќа го зафати Охридското крајбрежје проследено со силен ветер и дожд, уништен дел од автокампот Љубаништа, кај Свети Наум.Фотографиите на еден гостин во кампот сведочат за страшното невреме и причинатите штети од силниот ветер, како искршени дрвја кои паѓале врз приколки.https://www.facebook.com/stojkovic.boban/posts/10217799779042893

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мицкоски слугува на туѓи интереси и застана против интересите на граѓаните и државата

Христијан Мицкоски слугува на туѓи интереси кои не сакаат нашата земја да стане дел од ЕУ и НАТО, кои се против напредокот и интеграцијата.Затоа Мицкоски е фрустриран и не може да се помири што премиерот на државата и претседател на СДСМ Зоран Заев жестоко ги брани националните и државни интереси како што се членството во ЕУ и НАТО, се вели во соопштението од СДСМ.Уште еднаш се потврдува дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се на спротивната страна од интересите на државата и граѓаните.Но Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека и покрај сите лажни вести, манипулации, покрај сета нивна деструктивностн, успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре.Напредокот во реформите и интеграцијата продолжува. Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски, се вели во соопштението од СДСМ.   

Македонија | пред 6 години

stevo-i-borisov

(ВИДЕО) Борисов: Како си бе, а Пендаровски: „Те поздрави Зоки“

На социјалните мрежи се споделува видео од средбата на Пендаровски и Борисов во Сараево. Македонскиот претседател му приоѓа на Борисов и се прегрнуваат. По ова на видеото се слуша како Борисов му вели: „Како си бе“  по што Пендаровски му одговара: „Те поздрави Зоки“.Потсетуваме дека премиерот Зоран Заев вчера најави дипломатска нота до бугарскиот колега Бојко Борисов кој во изјава за новинари Пендаровски го нарече „Северномакедонски“ претседател, и „северномакедонски“ политичар со нагласувајње на „северно“.„Секако реагираме и испраќаме нота за да може да се исправат грешките. Некогаш дури и дома се случуваат грешки. Ние сме Македонци кои што живееме во Северна Македонија“, изјави Заев.Но ова не е прв пат Борисов да ги нарече „северномакедонски“ политичари.Борисов пред неколку дена изјави дека со „северномакедонскиот премиер“ заедно ќе се поклонат пред споменикот на Гоце Делчев.https://twitter.com/trpef/status/1148981447048536064?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1148981447048536064&ref_url=https%3A%2F%2Fexpres.mk%2Fpendarovski-na-borisov-te-pozdravi-zoki-video%2F

Македонија | пред 6 години

goncaruk

Украински амбасадор пред две години ни кажал дека некој лажно се претставува како Порошенко

Уште во 2017 година имав состанок со претставници на македонските безбедносни служби и со членови на кабинетите на шефот на државата и на министерот за надворешни работи на кои предупредив дека некој лажно се претставува како претседателот Петро Порошенко и дека се јавува по државници, вели во изјава за МКД МК Јуриј Гончарук, поранешниот амбасадор на Украина во Македонија.-Предупредив дека секогаш треба да се биде подготвен за разни провокации. Но сега можеме само да се смееме. И Порошенко еднаш беше и настрада од вакви провокации – вели Гончарук, додавајќи дека не станува збор за комичари, туку за припадници на специјални служби.

Македонија | пред 6 години

1-8

Казнети 75 возачи за непрописно паркирање

Девет лица се здобиле со лесни телесни повреди во шест од вкупно десет сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.Според податоците на СВР Скопје, полицијата санкционирала тројца возачи кои управувале под дејство на алкохол, девет пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници.Од сообраќај се исклучени шеснаесет возачи поради поголема брзина од дозволената и девет нерегистрирани возила.За непрописно паркирање се издадени 75 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 60 возила.Казнети се тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, десет пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден за неправилно престројување, четири за неправилно престигнување, 16 за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторно возило и еден за користење на мобилен телефон за време на управување на мототрно возило.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Македонија е единствена држава во Европа која што има политички затвореници - жртва на прогон на Заев

СДСМ ги злоупотребува институциите за политички прогон врз неистомислениците. Законите не важат за Рашковски, Дудуш и послушниците на Заев. Македонија е единствена држава во Европа која што има политички затвореници кои се жртва на прогон на Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.На Заев не му е доволно да нарачува обвиненија против неистомисленици па сега се изживува врз нив.Обвинителството и судството работата под диктат на Заев и СДСМ. Тоа најдобро го покажува и последниот случај каде што 8 обвинети во предметот Шпански скали се наоѓаат во притвор во истражниот случај со образложение дека ќе влијаат врз сведоците, а сведоците во досегашната постапка се уште не се изведени иако поминаа повеќе од десет дена.Политичкиот прогон стана секојдневие.Повеќе од 10 дена четири жени се наоѓаат во истражниот затвор Шутка осудени на нечовечки и нехуман третман. Тие се жртви на прогонот на Заев, а единствена нивна вина е што ги извршувале своите работни задачи и дале мислење за предмет кој е во нивна надлежност.Димитар Димовски кој е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митовски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, се само дел од жртвите на заевизмот само поради тоа што ги обелоденија катастрофалните и криминални политики од страна на власта.Власта со злоупотреба на органите на прогонот сака да ги заплаши сите слободномислечки граѓани.Заев и неговиот криминален картел на власт се во паника поради слабиот рејтинг и знаат дека масовно ја губат поддршката од страна на граѓаните и со монтирани случаи ја дефокусираат јавноста.ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш преиспитување на одлуките за притвор на сите осомничени лица. Судството и обвинителството мора да се ослободат од спрегите на Заев и СДСМ и да носат одлуки исклучиво врз доказите и фактите, а не според желба на деспотот Заев и неговиот криминален картел.Со СДСМ и Заев на власт Македонија и граѓаните губат.СДСМ и Заев наместо подобра иднина за граѓаните донесе само неправда, криминал и нечесност на секој чекор.Правната држава во Македонија ќе се врати кога СДСМ и Заев ќе си заминат.На Македонија и се потребни промени, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

halkidiki-696x465

МНР: Досега нема информации за настрадани македонски туристи на Халкидики

До овој момент нема информации за настрадани државјани на Северна Македонија во невремето што го зафати поширокиот грчки регион Халкидики, потврдија од МНР.Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции.Прекинато е и снабдувањето со електрична енергија во најпогодените делови на Халкидики. Грчката противпожарна службадобила над 600 повици за помош, а интервенирано е во 235 случаи за спасување и за отстранување на паднати дрвја.Во невремето што го погоди Халкидики, една најпосетуваните летни дестинации на македонските туристи, живото го загубија најмалку шест лица, меѓу кои и две деца. Едно лице се води како исчезнато, десетици се повредени, причинета е голема материјална штета. 

Македонија | пред 6 години

prespa

(ВИДЕО) Силно невреме синоќа ја зафати Долна Преспа

Откорнати покриви од куќи, дрвја и бандери, ова е сликата по силното невреме кое ја зафати Преспа синоќа. Врнежите од дожд, силниот ветер, повременото паѓање на град, предизвикаа големи материјални штети. Огромна материјална штета има и на овоштарниците. Од центраот за управување со кризи велат:Силно невреме со силен дожд и ветер го зафати с.Крани и автокампот „Крани“, како и Претор и Наколец. Од невремето има паднати дрвја, бандери и во прекин е и електричната енергија. Во автокампот има паднати дрвја врз камп приколки и истите се оштетени. Луѓето кои престојувале во нив се згрижени кај соседите. Нема повредени.Од невремето зафатени се и селата Долно Дупени, Сливница и Љубојно. Во село Љубојно има паднати дрвја од кои има оштетена куќа и автомобил, а во село Наколец паднато дрво го препречило локалниот пат кон ова село. Сите овие села: Долно Дупени, Крани, Сливница, Претор, Љубојно, Наколец се без ел.енергија. На терен се испратени припадници на МВР ПС Ресен и ТППЕ – Ресен кои работат на расчистување на патот. Известени се ЕЛС – Ресен и останатите надлежни институции.-Ништо не е поубаво, но и пострашно од природата во исто време! Боже, колку многу “природа”!, напиша Бојаџи на Фејсбук.https://www.facebook.com/jani.bojadzi/videos/vb.1582150705/10217187270265479/?type=2&video_source=user_video_tab

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања