Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

dafina-z-asutka

Дафина Стојаноска: Четири жени трпат нехуман третман во истражниот затвор „Шутка“повеќе од 10 дена

Како пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, но и како граѓанин на Република Македонија, морам да изразам револт и осуда на нехуманиот третман кој што го трпат четири жени повеќе од 10 дена во истражниот затвор „Шутка“.Овие жени се дел од крајно сомнителниот случај за наводните Шпански скали, и продажба на државно земјиште кој што власта во директна корелација со обвинителство го креираше за да врши прогон на граѓани само заради наводна административна грешка, но истовремено да ја дефокусира јавноста од погрешните политики, скандалите, корупцијата и криминалот на актуелната власт, истакна Дафина Стојаноска од ВМРО ДПМНЕ.Третманот врз овие жени не може да се квалификува поинаку, освен како нехуман однос од проста причина што притворот им е определен за наводно да не влијаеле врз сведоци, а сведоци во досегашната постапка не се изведени, иако поминаа повеќе десет дена.Испаѓа дека обвинителството намерно не сослушува сведоци, само за да останат овие луѓе во притвор под изговор дека наводно можело да се влијае на сведоци.Оттука постојат сериозни индиции дека властите и обвинителството ќе бараат продолжување на притворот на подолг рок, а притоа никој не кажува која е вистинската причина зошто овие жени, како и многу други лица се неосновано лишени од слобода.И прогонот се прекршува на грбот на овие жени, некои од нив и мајки, но и врз другите вклучени во овој случај како што се Димитар Димовски, Дејан Митески, Миле Јанакиески и останатите вклучени во монтираниот случај.Оттука бараме надлежните органи да ја преиспитаат одлуката за притвор на овие жени, кои над десет дена се одвоени од своите семејства и се третираат крајно нехумано. Кога веќе обвинителство нема сведоци во постапката, нема логика зошто да се држат во истражниот затвор „Шутка“. Овој случај, како и многу други само покажуваат дека власта наместо вистинска борба со криминал, се служи само со прогон на своите неистомисленици во случаи кои се политички мотивирани со цел да се замолчи јавноста и да се заплашат сите оние кои се критички настроени кон криминалниот картел на власт, предводен од аболицираниот Зоран Заев. Ова сигурно не е правда. Ова е политички прогон во режија на Заев, , истакна Дафина Стојаноска од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

merkel

(ВИДЕО) Меркел: Добро сум, не се грижете

Германската канцеларка Ангела Меркел повторно ималше напад на тресење за време на приемот на финскиот премиер Анти Рине во Берлин.„Се чувствувам добро, не мора да се грижите за мене”, рече Меркел на прес-конференција.  Претходно, нејзината портпаролка, исто така, рече дека е добра.  Ројтерс објави дека Меркел се насмевнува и зборува без проблеми на прес-конференција со финскиот премиер во посета на земјата. Ова е трет напад што Меркел го има за помалку од еден месец.На  18 јуни германскиот канцелар видливо трепереше на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој беше во посета на Берлин. На крајот на јуни, таа доби втор ваков напад на настанот во Берлин. Тогаш портпаролот на Меркел рече дека е добра.

Свет | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев ќе реагира оти Борисов го нарекол „северномакедонски премиер“

Премиерот Зоран Заев, денеска изјави дека ќе реагира на изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој изминатиов период наместо македонскиот премиер и претседател, го користеше префиксот „северномакедонски“.„Секако реагираме и испраќаме нота за да може да се исправат грешките. Некогаш дури и дома се случуваат грешки. Ние сме Македонци кои што живееме во Северна Македонија“, изјави Заев.Борисов пред неколку дена изјави дека со „северномакедонскиот премиер“ заедно ќе се поклонат пред споменикот на Гоце Делчев, а пред бугарските медиуми по средбата со македонскиот претседател Стево Пендаровски во Сараево вчера изјави дека: „северномакедонскиот претседател е првиот северномакедонски политичар кој ги кажал нештата на најправилен начин – дека Гоце Делчев е Бугарин“.

Македонија | пред 6 години

minister-za-obrazovanie-arbr-ademi_22

Новиот Закон за образование предвидува намалување на бројот на ученици во паралелките

„Имаме два целосно нови закони суштински важни за образовниот систем, сега е Собранието на потег.  Во интерес на времето, очекувам час поскоро да почне расправата и по целосно исцрпување на дискусијата, законите да бидат усвоени и да стапат во сила со стартот на новата учебна година“, истакна Адеми.Како што објасни тој, Законот за основно образование има новини во однос на организирањето на учениците во Заедница на паралелка и Ученички парламент, исхраната на учениците, воведувањето стручни наставници за предметот спорт, елиминација на политичко влијание во училишните одбори, намалување на бројот на ученици во паралелки (од 20 до 30), кариерен развој на наставниците.Согласно со препораките на ОЕЦД и УНИЦЕФ, ќе нема намалување на бројот на часовите бидејќи  ученици имаат 900 часови помалку или една и пол година помалку образование од нивните врсници во европските земји.Меѓу најзначајните новини е инклузијата на учениците со посебни потреби во редовното образование. Законот предвидува нивно целосно вклучување од учебната 2022-2023 година кога посебните училишта повеќе нема да запишуваат ученици и тие установи ќе прераснат во основни училишта со ресурсни центри кои ќе помагаат за спроведување целосна инклузија во редовните училишта.Учениците со најтежок вид попреченост ќе може дел од наставата да ја продолжат во посебните училишта со ресурсен центар по нивна или желба на нивните родители, согласно со препораките на Меѓународната класификација на функционирање (МКФ) на Светската здравствена организација.  Адеми додаде дека треба да му се даде шанса на секое дете и дека согласно со проценката за попреченост според МКФ, за овие деца ќе се подготви индивидуален образовен план според можностите на детето. Во проценката ќе се вклучат претставници од здравство и од МТСП.

Македонија | пред 6 години

pednarovski-696x464

Пендаровски: Разочарани сме од ЕУ, се надевам дека ќе добиеме датум за преговори до октомври

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски по смената на власта во Грција, не очекува пресврт од грчка страна во однос на Преспанскиот договор, но очекува, како што вели, малку поригиден став во однос на имплементацијата на договорот, особено во делот на трговските ознаки на производите од северниот дел на Грција и од Македонија.-Не очекувам пресврт. Очекувам веројатно малку поригиден став во однос на имплементацијата на договорот. Значи да појаснам или преведам – не очекуваме опструкција од новата грчка Влада, сега во октомври, кога треба наводно да се донесе конечна одлука за отварање на преговорите, за датум на преговорите. Меѓутоа, се разбира дека очекувам поради нивниот познат политички став од претходно, дека наредниве месеци и години, во рамки на преговорите по различни поглавја, ќе бараат стриктна имплементација на некои одредби од Договорот од Преспа, особено во делот на трговските ознаки. Имаме посебна комисија формирано која треба да ги означува сите продукти кои излегуваат од северниот дел на Грција и од Северна Македонија и можеби во тој дел ќе бараат поригидна имплементација на договорот, кој е инаку јасен и во тој сегмент, вели претседателот Пендаровски во интервју за Телевизијата N1, за време на неговото учество на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, одржан во Сараево.Во врска со процесот на пристапување на земјава во ЕУ, тој вели дека е свесен оти Европската унија се бави сама со себе, но дека таа мора да знае дека ние на Балканот сме 30 години во транзиција и мораме да видиме светло на крајот од тунелот.Тој во интервјуто порачува и дека очекува Северна Македонија наесен да ги почне пристапните преговори за членство со ЕУ.-Објективно сите ние во Северна Македонија сме малку разочарани од тоа двојно говорење од страна на Европската унија како целина. Минатата година во Софија на Самитот, ние имаме чиста, кристална формулација дека Република Северна Македонија и Албанија ќе почнат преговори, односно ќе добијат датум за преговори во јуни 2019 година. Тоа не се случи. Ние сме уверувани од највисоките германски официјални лица дека тоа е само техничко одлагање на процесот и ние тоа го прифаќаме. Ќе чекаме на септемвриската одлука на германскиот Бундестаг и на октомвриската на целата Европска унија. Меѓутоа, го поставуваме прашањето – што ако во меѓувреме некој друг Парламент исто, од технички причини, го одолговлече процесот, бидејќи таму имате одлучување на принцип на консензус. Една држава е доволно да каже не и ние имаме повторно одлложување, вели претседателот ПендаровскиПретседателот го повторува неговиот став искажан на самитот во Сараево, дека внатрешната трансформација на ЕУ и пристапните преговори со земјите-кандидати треба да се одвиваат паралелно.-Јас коментирав одлуки и во говорот сега, овде во настапот, на некои европски политичари кои заговараат прво внатрешна трансформација на ЕУ, па после проширување. Меѓутоа, Европската унија од својот почеток до денес, секојпат во паралела ги водела тие два процеси. Значи може и вие да дискутирате за внатрешната структура или подобри процедури за решавање на тие проблеми кои очигледно ги имаат, Европската унија не е со 12 членки, има 28, меѓутоа во исто време да се проширува. Ние не зборуваме за полноправно членство на Северна Македонија, па дури ни на Црна Гора која преговара, ниту на Србија која преговара. Ние зборуваме за нас, за шанса да почнеме преговори. Знаете зошто? Затоа што ние, јас тоа го кажувам на многу приеми, на многу форуми, на многу мои јавни настапи и тоа не звучи добро кај некои националисти на Балканот, меѓутоа тоа е факт – ние немаме големо демократско искуство во регионот, посебно Северна Македонија. Ние сме од ‘91 година формална демократија, ние мораме да имаме некој екстерен евалуатор во ликот и делото на неколку стари членки на Европската унија за да можеме во клучните реформи, во правосудството, медиумите, во администрацијата, во политичкиот систем, да направиме такви реформи, следејќи ги најдобрите европски практики. Инаку, сами со себе нема далеку да дотуркаме. Затоа ни треба Брисел и системот на преговори. Значи ние одиме во реформи многу побрзо ако некој од надвор ни вели – ова се европски стандарди и на крајот на процесот мора да штиклира, да каже ова е завршено или ова не е, па те враќа назад. Инаку знаете, ако балканците ги оставиш сами на себе да се реформираат, тој процес ќе трае ужасно долго, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за телевизијата N1.

Македонија | пред 6 години

sejsjet-avion-nezgoda

Маж почина откако се заглави во вратите на авион

Техничар од индиската авио-компанија „Спејсџет“ почина во средата во Калкута откако случајно го заробила врата на патнички авион, објави Си-ен-ен.Рохит Пандеј ги извршувал своите должности за одржување на воздухопловот на аеродромот „Нетаџи Субхаш Чандра Бозе“, кога одеднаш се затворила хидрауличната врата на авионот и го заробила.Вработените во авиокомпанијата веднаш повикале лекари, но со сите можни напори не успеале самите да ја отворат вратата, па морале да повикаат механичар за да ја исече.За жал, техничарот не преживеал толку многу притисок врз неговото тело и бил прогласен за мртов кратко време откако бил изваден од зад втратите.Администрацијата за воздушен сообраќај, индиското регулаторно тело задолжено за воздухопловство, започна истрага за несреќата.Компанијата „Спејсцет“ во соопштение изјави дека исклучително жали за овој немил инцидент.

Свет | пред 6 години

carovska-filipce

Филипче и Царовска на одбележување на Светскиот ден на населението

Министерот за здравство Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска учествуваа на одбележувањето на Светскиот ден на населението, преку дискусија на тема „Обмислени лидерски разговори за Меѓународна конференција за население и развој (ICPD) – Што се променило во последните 25 години?“, во организација на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА.Во своето обраќање, министерот Филипче потенцираше дека за првпат во 2010 година е донесена првата Национална стратегија за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ) за период 2010-2020 година, која ги дефинираше приоритетите за сексуалното и репродуктивно здравје, односно како да ги планира, мобилизира и координира ресурсите неопходни за ефективна акција базирани на четири главни принципи: човекови права, родова еднаквост, мултисекторски пристап и вклученост на заедниците.„Со цел имплементација на Националната стратегија, во 2016 година, од Министерството за здравство со поддршка на УНФПА – Фонд за население при Обединетите нации, беше спроведена проценка на Националната стратегија за сексуално и репродуктивно здравје, и согласно извештајот од националната проценка во текот на 2017 беа спроведени серија од консултативни работилници со разни чинители во државата и за првпат се подготви Акциски план за имплементација периодот 2018 – 2020“, рече Филипче.Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, потенцираше дека родовата еднаквост е неопходна за воспоставување одржлив развој и само ако секој има еднакви права и еднакво учество во општеството можеме сите заедно да одиме напред.„Родовата еднаквост е една од развојните цели на Обединетите нации, што значи дека е светски препознаена како клучна алатка за општествен напредок. Унапредувањето на правата на жените во ниту една земја не се завршена работа, ниту во нашата. Новите закони за социјална заштита и за недискриминација се историски исчекор во унапредувањето на заштитата подеднакво на сите граѓани и граѓанки, и продолжуваме да работиме понатаму. Министерството за труд и социјална политика направи повеќе чекори со кои се подобрува положбата на жените во општеството. Ја ратификувавме Истанбулската конвенција, а во фаза сме на изработка и на нов закон за кој ги опфаќа сите форми на насилство врз жените“, изјави министерката.Во своето обраќање, таа додаде дека за да ја имплементираме конвенцијата истовремено се развиваат и услуги. Постои кризен центар во Скопје со престој 24/48 часа, но дополнително ќе се развиваат советувалишта и засолништа директно да влијаат на заштитата на жртвите и нивна ресоцијализација и реинтеграција во општеството.До крајот на годината предвидено е отворање на специјализирани сервиси во 5 плански региони на територијата на државата, а во скопскиот регион, се прошируваат леглата за згрижување/сместување на жртвите на насилство.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Димитров: Владата ќе продолжи да работи на креирање услови за слободата на медиумите

Делегацијата на Владата во чиј состав се министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на покана на Владата на Обединетото Кралство, денеска и утре престојуваат во работна посета на Лондон.На првиот ден од конференцијата за слобода на медиумите, Димитров се обрати на панелот „Слободата на медиумите во Западен Балкан и нови начини на работа“, на кој заедно со британскиот министер за Европа и Америка, Сер Алан Данкан и претставници на медиумите и на граѓанскиот сектор од регионот на Западен Балкан дискутираа за предизвиците со кои регионот се соочува во сферата на медиумите, соопшти Министерството за надворешни работи.Тој се осврна на промените и конкретните мерки кои Владата ги презеде и воведе во поглед на подобрување на слободата на медиумите, преку зголемена транспарентност и отчетност кон медиумите и кон граѓаните, креирање услови за работа на медиумите во слободна и компетитивна средина преку отворената и критичка политичка дебата и зајакнато критичко медиумско известување, што е соодветно нотирано во Извештајот на Европската комисија и во извештајот на Стејт Департментот за човекови права.Цитирајќи го американскиот државник Адлај Стивенсон: „Слободните медиуми се мајка на сите слободи и на нашиот напредок во слободата“, Димитров потенцираше дека Владата ќе продолжи одговорно да работи на креирање услови за слободата на медиумите, бидејќи ја има главната одговорност, но ја истакна и одговорноста на новинарите и на уредувачките совети да работат согласно професионалните и етичките стандарди.На вториот ден од конференцијата, министерот Димитров утре ќе биде говорник на панел-дискусијата „ Што можат да сторат Владите за да ја зголемат медиумската одржливост?“. Тој исто така ќе учествува и на пленарни сесии и работна вечера во организација на домаќинот и ко-организаторот на конференцијата, односно со министрите за надворешни работи на Обединетото Кралство и на Канада, Џереми Хант и Кристиа Фриланд.

Македонија | пред 6 години

Studenski-dom

Поднесена пријава против директор на студентски дом

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава  против Љ.Д.(61) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.Од 01.07.2018 до 30.05.2019 година пријавената, како директор на државниот студентски дом „Доне Божинов“ - Пробиштип, спротивно на Законот за јавни набавки, извршила набавка на стоки, со што нанела штета од 579.885 денари на Буџетот на институцијата.

Македонија | пред 6 години

report-cover-2019-960x678

Во Србија рекордни 5,98 милијарди, а Македонија само 184 милиони долари странски инвестиции

Регионот од Западен Балкан привлече 9,36 милијарди американски долари,  странски гринфилд инвестиции во  во 2018 година, што е највисок износ во последните десет години, пишува пишува fDi Intelligence, специјализираниот сервис на Financial Times, пренесува Pressingtv.Србија, е лидер во регионот во 2018 година со рекордни 5,98 милијарди долари инвестирани во 105 гринфилд проекти, БИХ има 4 гринфилд проекти, а Црна Гора 11 гринфилд проекти.Според најновите годишни податоци за fDi Markets од јуни 2018 до мај 2019 година, Северна Македонија привлече 184, 4 милиони американски долари, а  Албанија  привлече  809,9 милиони американски долари – гринфилд инвестиции. Македонија има раст за 200 % во однос на истиот период претходната година, а Албанија раст за 80%, се вели во Извештајот.Земјите од Западен Балкан привлекуваат значително помалку гринфилд  проекти од нивните колеги во централна, источна и западна Европа, но регионот функционира многу добро во однос на својот удел во глобалниот БДП.Позитивните неодамнешни случувања вклучуваат и промена на името во Северна Македонија под владата на Зоран Заев, која го реши 28-годишен спор со Грција, судските реформи во Албанија и структурните реформи во Србија.Но, и покрај овие напори, членството во ЕУ за земјите од Западен Балкан се чини малку веројатно во блиска иднина поради недостиг на едногласност меѓу земјите-членки на ЕУ во врска со разговорите за пристапување со земјите-кандидатки, а Босна и Херцеговина и Косово сеуште немаат статус на кандидат. Сепак, континуираните реформски напори и соработка се чини дека испраќаат добри сигнали до странските инвеститори кои бараат да профитираат од најнепокриениот инвестициски регион во Европа, се заклучува на крај во Извештајот во однос на странските инвестиции.

Македонија | пред 6 години

droga-prodazba

Малолетници продавале дрога во Берово, полицијата ги гони

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против А.К.(17) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против Т.Д.(16) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторени дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.На 29.03.2019 година во Берово пријавените му продале марихуана на Н.Р.. а потоа и конзумирале марихуана.

Македонија | пред 6 години

kamloops-lumber-2-e1549513168428-1150x647

Продавал дрва, ама не плаќал данок - радовишанец заработи пријава

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Г.П.(44) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.Во текот на 2016 година пријавениот, спротивно на Законот за шумите, исекол и продал 2544 кубни метри огревно дрво и 250 кубни метри техничко дрво, по што во даночната пријава за 2016 година не го навел целиот износ кој го стекнал со продажбата на наведената количина на дрво.Со ова, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 2.285.221 денари на штета на Буџетот на Република Северна Македонија. 

Македонија | пред 6 години

taksisti-tepacka

Тепачка на сред улица, МВР со кривична пријава

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(25) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.На 28.04.2019 година на регионалниот пат Штип-село Шашаварлија пријавениот физички го нападнал Д.А. и му нанел тешка телесна повреда.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

13 лица фатени без возачка дозвола во Битола

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 09 јули извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство.Притоа, биле контролирани 397 возачи, од кои 13 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле седум возила, брзината ја надминале 24 возачи, тројца возачи не користеле сигурносен појас и четири зборувале на мобилен телефон.

Македонија | пред 6 години

oblozuvalnica-1

Ограбена обложувалница во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во спортската обложувалница на булевар „3-та Македонска Бригада“ во Скопје непознато лице извршило разбојништво и одзело пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

pljacka-lopov-zena-butik-foto-printscreen-1456233787-850115-40304

Двајца мажи од Сарај фатени како крадат во бутик во Тетово

На 09.07.2019 година во 21.00 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Н.С.(28) и М.Н.(22), двајцата од село Глумово, општина Сарај.Тие биле фатени како вршат кривично дело „кражба“ во бутик во трговски центар во Тетово.Притоа, Н.С. агресивно се однесувал кон полициски службеник.Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

krazhba_chokoladi-1

Тетовчанец упасен поради тешки кражби, а дома се најдени украдените предмети

На 09.07.2019 година во 15.30 часот во Горна Чаршија во Тетово  полициски службеници го лишиле од слобода лицето Ј.Ц. (38) од Тетово поради сторено кривично дело „кражба“ и „тешка кражба“.При приведувањето кај него биле пронајдени и одземени украдени предмети.По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

droga-germanija-banani

Кокаин и пари пронајдени при претрес во куќа

На 09.07.2019 година во периодот од 14.00 до 19.00 часот во село Равен, гостиварско, полициски службеници извршиле претрес во дом и други помошни простории каде живее лицето М.Л.При претресот бил пронајдени и одземени кокаин и пари.Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

pozar-centar-1

Опожарен стан во Скопје, едно лице останало внатре

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Виа Игнација“, во станот на С.Л.(67), настанал пожар во кој бил зафатен дел од кујната.За време на пожарот во станот бил В.Т.(54) од Скопје на кој екипа на Итна медицинска помош му укажала помош поради вдишување на чад. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Приведен постар маж од Тетово кој се барал за издржување на затворска казна

Вчера врз основа на судска наредба, на булевар „,Илинденска“ во Тетово полициски службеници го привеле И.В. (59) од село Џепчиште, тетовско, кој се барал за издржување на затворска казна.Тој бил предаден во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.

Македонија | пред 6 години

doktor

Полицијата поднесе пријава против битолчанец кој погрешил дијагноза на пациент

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.П.(63) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно лекување болни“ и „тешки дела против здравјето на луѓето“.Во текот на 2017 година во Битола во Клиничката болница, пријавениот, како доктор, постапувајќи несовесно при микроскопски преглед на примерок од пациент, дал дијагноза, врз основа на која било предизвикано тешко нарушување на здравјето.

Македонија | пред 6 години

bomba-prilep-2

Отстранета рачната бомба која беше пронајдена крај кафе-барот во Прилеп

Отстранета е експлозивната направа – рачната бомба која беше пронајдена крај кафе-барот „Кафе ин“ во центарот на Прилеп. Како што информираат од СВР Битола експлозивната направа -рачната бомба ја пронашол околу 12,10 часот, сопственикот на кафе-барот Гоце Т. и веднаш пријавил во полицијата.Засега не е  познато кој ја поставил бомбата кашикара.   Надлежните во интерес на истрагата се воздржуваат од официјални изјави,а од очевидците никој не сака да говори.Низ Прилеп граѓаните шушкаат  дека кашикарата е само порака упатена до некого.  

Македонија | пред 6 години

heroin-111

Побаран притвор за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Осомничениот  од март до јули 2019 година во неколку наврати од засега непознато лице, неовластено заради продажба набавувал  наркотична дрога  хероин. При извршен преглед  од страна на полициски службеници   кај осомничениот била пронајдена дрогата со вкупна маса од 4,13 грама  спакувана во 12 полиетиленски пакувања, додека пак, при вршење претрес во  неговиот дом бил пронајден хероин со вкупна нето маса од 9,28 грама спакуван во две полиетиленски пакувања и една дигитална вага со остатоци од дрогата.Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи за обезбедување присуство на осомничениот за непречено водење на кривичната постапка, поради што до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. 

пред 6 години

pistol-vperen

Поведена постапка против три лица за вршење изнуда употребувајќи сила и закана со огнено оружје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривични дела – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1, Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 1  во врска со член 22 од Кривичниот законик,  а за еден од осомничените  и за сторено кривично дело – Недозволено изработување, држење, тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Осомничените во состав на група и по претходен договор, со намера да прибават за себе противправна имотна корист, во периодот од месец октомври 2018 година до 5 јули 2019 година употребиле сериозна сила и закана со  огнено оружје,  присилувајќи две лица  во повеќе наврати на штета на сопствениот имот да им даваат парични средства, како и да  потпишуваат фиктивни задолжувања од кои потоа во постапка за извршување им предадат и недвижен имот.  Еден од осомничените во станот во кој престојувал, неовластено без одобрение и дозвола од надлежен орган држел огнено оружје – пиштол.Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи  за обезбедување присуство на осомничените, заради што до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за тројцата  осомничени. 

пред 6 години

merkel

(ВИДЕО) Меркел повторно се тресеше – Трет јавен напад за кратко време

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска повторно се тресе додека се поздравува со финскиот премиер Анти Рине, што е трет напад на тремор во текот на изминатите месец дена, објави Ројтерс.Меркел се тресеше додека стоеше до Рине за време на воените почести по повод неговото доаѓање.Портпаролот на германската влада рече дека Меркел е добро.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања