Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

1zaevtelefon

Премиерот Заев следната среда доаѓа во Охрид

Премиерот на Македонија Зоран Заев следната среда ќе дојде во посета на Охрид - дознава „Скопје1“ од извори во кабинетот на Премиерот.Како што дознаваме тој ќе посети една фабрика, а ќе има средба и со градоначалникот Константин Георгиевски.Посетата на Заев на Охрид ќе е втора за оваа година и доаѓа во период кога градот се соочува со рок од 200 дена да реши проблем со над 1000 дивоградби од кои над 400 се во строго заштитените подрачја.

Македонија | пред 6 години

kunovdks

Софија Куновска не е изненадена што Заев не се срами, се чуди како министрите дозволуваат сеуште да им биде авторитет

Екс пратеничката на СДСМ, Софија Куновска на својот фејсбук профил објави статус во кој пишува: Дека тој не се срами од себе покажа многу пати.Во продолжение Куновска додава:Но, дека ниту еден од министрите не се срами од него и дозволуваат сеуште да им биде авторитет е тажен факт и за македонската политика воопшто но и за самите нив.Верував дека има барем двајца што ќе се заблагодарат за довербата и соработката после последниот инцидент и ќе заминат со крената глава и чист образ.Не е крај на светот ако не си министер, напиша Куновска на ФБ.

Македонија | пред 6 години

FB_IMG_1562687780376

ООУ „Св. Климент Охридски“ од Кисела Вода доби награда за најубаво уреден двор на институција

ООУ „Св. Климент Охридски“ од село Драчево продолжува да освојува награди. Училиштето во надлежност на Општина Кисела Вода на јавниот конкурс на Град Скопје, за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор (индивидуално домување, колективно домување и институција), најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта, ја освои наградата за најубаво уреден двор на институција. Градот на ООУ „Св. Климент Охридски“ му додели парична награда во висина од 40.000 денари.Градот Скопје со цел да ја подигне јавната свест за значењето и потребата од чиста и здрава животна средина, во рамки на манифестацијата „Денови на пролетта - денови на екологијата“ традиционално го објавува јавниот оглас.Неодамна, на конкурсот „Предизвик за млади истражувачи 2“, ООУ„Св. Климент Охридски“ од Фондот за иновации и технолошки развој доби награда, финансирање на проект за „Квалитетот на воздухот во училницата“.

Скопје | пред 6 години

nesreka-1

(ФОТО) Татко и ќерка загинаа во сообраќајна несреќа

Татко и ќерка загинаа во судир помеѓу автомобил со товарно возило на на автопатот Ниш-Белград.Насреќата се случила утрово околу 8 часот. Неофицијално автомобилот Шкода фелиција удрил во камион кој бил паркиран на помошната лента заради работи на патот.Во несреќата повредени се и две жени и бебе кои се наоѓале на задното седиште. Фото: Новости

Свет | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Нема разлика меѓу „бомбите„ на Заев и оние од други лица, да се дозволи секој да ги објави своите бомби

Република Макеоднија повторно е преплавена со т.н. бомби од прислушкувани разговори кои ги поседуваат како државни институции така и приватни лица.Не постои никаква разлика меѓу бомбите на Заев и тие на приватни лица. Со „бомбите„ на Заев се откриваа криминални активности на поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ додека со сегашните актуелни бомби се зборува за криминалните активности на СДСМ и ДУИ, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Што е најбитно, никој не ја негира автентичноста на бомбите и актуелното пуштање на нови „бомби„ може повторно да ја втурне земјата во длабока политичка и безбедносна криза. Единствена Македонија како одговорна партија која во основа се бори за националните и државните интереси бара од надлежните органи да се донесе преодно законско решение со кое се дава можност секој кој поседува „бомби„ кои го тангираат јавниот интерес да може да ги објави и кои би биле доказ во судска постапка. Само така Македонија би избегнала повторно да биде втурната во опасна авантура на уцени и закани со прислушувани разговори кои ја загрозуваат нејзината стабилност и безбедност, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

konj-1

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Мртов коњ на кејот на Вардар, тој бил измачуван, прегладнет и дехидриран

Мртов коњ синоќа околу полноќ лежеше до патеката на кеј кај мостот од Железничка кон саем, каде има диви ромски населби.  На социјалните мрежи е објавена фотографија на која се гледа дека коњот е измачуван, прегданет и дехидриран.На групата Миленичиња улични и домашни објавен е статус од луѓе кои први се обиделе да му помогнат на кутрото животно. Еве што напишаа на социјлната мрежа фејсбук:ГНАСЕН НАРОД , МИ СЕ ГАДИ ОД ВАС !!!Точно е 5 часот наутро а јас сеуште под голем бес и неможам да се соземам и да напишам статус и тоа што сакам да го напишам а да е пристојно,културно и пред се без да отерам некој во ..........Некаде кај 00 часот видов една споделена објава од еден дечко на профитерското и политичкото здружение Анима Мунди каде дечково објавил дека случајно поминувајки со велосипед видел паднат коњ на кој му треба помош и дечкото апелираше да се мобилизираат друшствата и веднаш да излезат на терен со цел да му се помогне на коњот кој се наога на кејот на Вардар на патеката измегу Железничка станица и Саем,нормално за нив Анима Дунди е да ме блоикираат да неможам да коментирам дека секогаш им ја кажувам вистината ....сакав да се мобилизираме и да помогнеме веднаш заедно но .....ПРОФИТЕРИТЕ АНИМА ДУНДИ некој што не се согласува со нив добива блок.Кога ја видов објавата и коментарите подоле каде никаде ги немаше друшствата за заштита да пишат дека нешто ке се превземе решив да одам сам и да видам дали можам да помогнам на коњчето, заедно со мојот другар Naum Hadzi-Lega се спуштивме со автомобилот до самиот кеј и го најдовме коњот кој веќе беше починат,пробавме некако да го реанимираме со масирање онолку колку што знам но веке било доцна, врнеше премногу, ниту еден ветеринар не креваше телефон а ниту едно друшство на моите пораки за помош не најде време да одговори за да ми помогне, да дадеше било какви значи на живот или реакција ке го однесев со автомобил веднаш до Железара Ветеринарната каде мислам работат 24/7 иако на телефон не може да ги добиеш никако...... МЕТРОПОЛА СКОПЈЕ БЕЗ ДЕЖУРЕН ВЕТ..... МИ СЕ ГАДИ !!!!!Коњот бил млад но измачуван од ромите, вероватно дехидриран, беше врзан околу устата,сигурно служел на плус 40 да носи приколица со железа на пеколен асвалт, жеден , без подковици , без вода и без никаква заштита... каде живееме , до кога ќе го гледаме ова .....сеедно ли вие друшства за заштита на животни......вие сте фејсбук друшства,лесно е да кликнеш share на објава , лесно е да бидеш гласен на фб со статуси и лесно е да се политизираш со цел да лапнеш проект од Град или Амбасада ....но каде сте кога треба да се критикува оштро, каде сте кога треба да се излезе веднаш ......со чест на исклучоци од некој ликови кој ги знам ......МИ СЕ ГАДИ ОД ВАС ДРУГИТЕ .....Агенција За Храна И Ветеринарство ВАМ ви се обратив за надлежност и трајно решавање на овој проблем со измачување на коњите...се оградивте... Министерство за внатрешни работи вам ви се обративме неколку пати рековте не сте задлежни дека животните имале сопственик....ја префрлате топката од едни на други и НИКОЈ ОД ВАС не сте способни еднаш да го решите проблемот засекогаш а на избори ке ветувате сешто ....МИ СЕ ГАДИ ОД ВАС !!! НЕСПОСОБНИ СТЕ И АЛЧНИ ПО ПАРИ МОЌ И ФУНКЦИЈА ......МРШ !Пријатели, новинари, портали , политичари ....ве молам споделете го овој статус, нели сме метропола, нели ГРАДОТ УБАВ a Петре Шилегов.... ова не смее повеке да се случува....нели ЕУ а Zoran Zaev ? Вака ли ?Петре Шилегов лично пред година дена те прашав за овој проблем и те замолив да се заложиш да го решив,ме гледаше бледо и љуто небаре јас ти барав хотел мене да ме сместиш....до ден денес ништо не напраи ниту се потруди...а ВЕТИ .... наместо да изиграваш пијана смешка и собракај да регулираш што не е твоја работа те молам најди една нива,направи неколку кафези и побарај волонтери кој ке ги има ти ветувам многу кој ке се грижат за сите вакви коњи кој ги гледаме измачувани на улица.....направи нешто ако не одиси дај си оставка и пушти го патот на некој кој знае да работи ! Време е за Анимал Полис .....неспособна Влада и лугето во неа, оделата не ве прават интелектуалци и луге, делата ве прават .......ПРЕВЗЕМЕТЕ НЕШТО дека народов ќе ви пресуди многу брзо !!!И да, ве молам надлежни институции да се погрижат за останките од коњот кој сеуште е таму ......Се извинувам ако статусов е неуреден измешан и со грешки но верувајте сум сеуште потресен гневен .....https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10156505797638811&set=pcb.10156505804713811&type=3&theater

Скопје | пред 6 години

zoran_zaev

Интервју на „Клан“ со руските шегаџии: Го одбравме затоа што рече дека Русија се меша во внатрешните работи на Македонија

Новинарот Фуркан Салиу на телевизија „Клан Македонија“ направи ексклузивно видео со еден од дуото руски комичари Вова и Лексус, односно со Алексеј Стојларов. Во интервјуто Стојларов раскажува голем број интигри поврзани со мега скандалот кој ја потресе македонската политичка сцена, но и целата македонска јавност.Тој објаснува дека ги бираат политичарите во зависност од нивната популарност. Објавувањето на видеото со премиерот Зоран Заев вчера, било затоа што сметале дека немале други интересни информации кои можат да ги добијат од него.Заев го одбрале како „жртва“ откако го виделе на вести.„Ние го одбравме кога првпат слушавме дека тој вели дека Русија се меша во внатрешните работи на Македонија се обидела да ја пречи да стане членка на НАТО. Потоа слушнавме дека Русија се обидела да организира протести таму. Така ја направивме нашата одлука и му се јавивме. Видовме дека сака да разговара со нас, па го мемориравме неговиот број и го побаравме пак“, вели Алексеј....Имаме многу различни материјали со различни светски лидери, па нашата одлука беше да го објавиме денес беше случајна“, вели Алексеј Стојларов.https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/333853137548788/?v=333853137548788

Македонија | пред 6 години

mile-janakieski

Обвинителката од СЈО: Миле, сам си го уништуваш животот

Обвинителката Лиле Стефанова која го застапува обвинението за предметот Траекторија, на денешното судење на обвинетиот Миле Јанакиески му рече „си го уништува животот“. Ова, Стефанова му го кажа на Јанакиески на крајот од денешната расправа пристапувајќи до обвинителната клупа.На ова, Јанакиески кратко искоментира "Ова не е живот".Освен Јанакиески, во предметот Траекторија кој се однесува за изградбата на кинеските автопати, обвинети се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски како и тогашниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Љупчо Ѓорѓиевски.Денешното судење се одложи поради отсуство на вештак кој требаше да го образложи направеното вештачење. Следната расправа е закажана за 3 септември.

Македонија | пред 6 години

83-12-YouTube-Google-Chrome

ВИДЕО: Болна мајка на 12 деца од Скопје бара помош оти живее во беда, со мувла и од милостина

Во трошна куќа, во која влагата и мувлата ѕиркаат од сите страни, живее 15-членото семејство Китановски во скопски Припор. 50-годишната Васка е самохрана мајка, болна и невработена и вели дека децата ги гледа од милостина од луѓето и црквата. Со солзи во очите, ја раскажува нејзината приказна како секојдневно сама се бори со болестите, бедата и сиромаштијата, пишува порталот „А1он.мк“Прочитајте повеќе на А1он.мкФото и видео: А1он.мк

Македонија | пред 6 години

milososki

Милошоски обвинува дека Заев лаже: Не си се сретнал со Порошенко во Давос

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој вчера случајот со руските комичари и разговорите на македонскиот премиер со „Порошенко" и „Столтенберг" го нарече дипломатски скандал на социјалните мрежи пишува дека Заев не остварил средба со претседателот Порошенко во Давос на економскиот форум во јануари годинава бидејќи нивната средба не била спомената во официјалните владини сооопштенија.„Дека премиерот Заев немал средба со украинскиот претседател Порошенко на економскиот Форум во Давос во јануари 2019 година потврдено ми е и од релевантни извори во македонското Министерство за надворешни работи. Доколку Заев навистина се беше сретнал со Порошенко во Давос, сигурно и ќе му се пофалел за долгиот телефонски разговор на Whatsapp од пред 6 месеци, ќе дознаел дека тоа е местенка, и барем следните два компромитирачки телефонски разговори немало да се случат“ - пишува Милошоски на ФБ.Премиерот Заев, кој е најновата жртва на руското дуо, вчера кажа дека станува збор за добро организирани структури за ширење влијание на трети страни и дека провокациите доаѓаат од медиуми со антинато ставови. Рече и дека е жртва на сопствената отвореност и постојана достапност, а и самиот потсети дека тоа им се случило на многу други политичари.

Македонија | пред 6 години

Lube-Boshkoski

Партијата на Љубе Бошковски: Наместо да го осознаваме минатото, треба да ја планираме иднината

„Жешко лето за Република Северна Македонија и Република Бугарија.  Комисиите за историски прашања од двете земји дебатираат за одредениличности и дати за славење. Обединети за Македонија сугерира на конструктивност, врз основа на   Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија   и Бугарија. Целта на Договорот е да се развиваат пријателството исоработката. До каде сме со тоа?За сите револуционери постојат архиви, документи, потоа писма напишани  со нивен ракопис и изјави за странски весници.Наместо постојано да го осознаваме минатото, треба да фрлиме   самокритичен поглед на сегашноста и да ја планираме иднината.Наместо да се фокусираме на сегашните заеднички проекти и заедничката   иднина и паралелно да дебатираме, ние се фокусиравме повторно само наминатото“, се вели во соопштението од Обединети за Македонија.„Да погледнеме објективно и со студени глави на само еден „резултат“ од   досегашните политики: во 21. век, двата главни града се наоддалеченост од само 240 километри, но и на цели четири часа со   автомобил. А потребна ни е комуникација, економска соработка изаеднички просперитет. Да се фокусираме на меѓусебна комуникација и заеднички да сефокусираме на иднината на нашите млади, преку образование, економија,   инфраструктура, култура, а паралелно, нека течат и дебатите,  секако,поткрепени со факти. Тоа нека ни е приоритет. Да се осознаеме, комуницираме, дружиме изближиме. Да градиме мост.Со градењето на мостот за пријателство, сами, по природен пат ќе го  осознаеме и вистинското минато, незагадено од конструкции, пропагандаи квази-историчари“, се додава во соопштението од партијата на Љубе Бошковски.

Македонија | пред 6 години

kucinja-kuce

Кумановчанец пријавил во полиција дека го каснало куче

Кумановчанец пријавил дека на ул.„Димче Мирчев“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.Случајот го пријавил во подрачната единица на МВР. 

Македонија | пред 6 години

motor

Моторциклист тешко повреден откако изгубил контрола и паднал

На 10.07.2019 година во 02,15 часот во Неготино било пријавено дека на ул.„Индустриска“ И.П (27) од Неготино, управувајќи моторцикл „Гилера “, изгубил конторла и паднал, по што се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар -Неготино.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Неготино.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka-1

Сообраќајка во Куманово: 72-годишен маж удрил во 47-годишна жена

Вчера во Куманово на бул.„3-та Македонска ударна бригада се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило„Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И. М. (72) од Скопје  удрило во У.С (47) од Куманово, која била пренесена во болницата во Куманово.Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.

Македонија | пред 6 години

ulica-koli

Во Скопје се вози под дејство на алхохол, брзо, зборејќи на телефон: 82 казни за еден ден

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај исклучени се 10 возачи од кои: еден возач управувал возило под дејство на алкохол, седум возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи  почетници затоа што не ги почитувале законските ограничувања.Исто така, исклучени од сообраќај се и 13 возила кои не биле регистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на крстосница, девет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 29 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 15 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налози и 61 возило се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 6 години

gjorce

Бојан Стојаноски: Не запира узурпацијата на зелените површини во општина Ѓорче Петров

Александар Наумоски не запира да ги узурпира зелените површини во општината. На удар е и единствениот парк во Ѓорче. Ова се фотографии од кои може да се види дека зграда ќе се гради во сред парк, а за таа цел ќе бидат пресечени и неколку дрва, истакна Бојан Стојаноски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров.Наумоски даде дозвола за да се гради станбената зграда и деловни објекти и покрај противењето на жителите. Наумоски тврдеше дека не издал маркица за градба и дека од паркот нема да се одземе ниту милиметар, а ситуацијата е сосема друга, не милиметар, одземени се десетици метри.Покрај јавната површина која до сега беше парк, планирано е да се гради и на дел од приватен имот, каде сопствен имот има и таткото на Наумоски - Бранко.  Ова е извадокот од имотен лист, кој беше објавен во медиумите, од кој се гледа, дека Бранко Наумоски е сопственик на идеален дел од 1/2 на земјиште од 31м2.Дали зеленилото треба да бидат жртва за парите на Наумоски? Дали уништувањето на паркот и зеленилото е заради остварување материјална корист  за Наумоски и неговата фамилија? Колкав е надоместот кој ќе го земе Наумоски за неговиот имот врз кој ќе се гради?Дека на Наумоски му е поважен бизнис интересот на поединци и личната материјална корист гледаме и по детското игралиште на само неколку метри од местото каде ќе се гради зграда, кое подолг период чека на реконструкција, додека власта е насочена на уништување на паркот.Ѓорче не гласаше за урбана мафија. Ѓорче сака работа и посветеност.Со промена на власта ќе има одговорност за овие криминали и сите кои ги прекршиле закони за да прибават лична корист ќе одговараат, истакна Бојан Стојаноски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров.

Скопје | пред 6 години

migranti_kola

Ново криумчарење со мигранти со товарно возило, возачот е приведен

Вчера на клучката Марвинци, гевгелиско, полициски службеници пронашле 27 мигранти во товарно возило „VW LT 35“ со кумановски регистарски ознаки.Возачот Д.Р.(31) од Велес е приведен поради сомнение за извршено кривично дело „криумчарење на мигранти“ и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Мигрантите се предадени во Прифатниот центар Гевгелија.

Македонија | пред 6 години

132768234

Параглајдеристите паднале на непристапен терен, МВР со детали

Вчера во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Свети Наум, Б.М.(36) од Украина пријавил дека на планината Галичица паднала параглајдеристка М.П. (30) од Украина, а по неа слетал параглајдерист А.М(41)  од Украина. Лицата биле на албанска територија, на непристапен терен,  но веднаш се преземени мерки за нивно спасување.По консултација со албанските надлежни органи, на местото на настанот е упатен хеликоптер на МВР со припадници на ЕСЗ и двете лица се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде им е укажана лекарска помош.

Македонија | пред 6 години

rip-torn

Почина комичарот Рип Торн

Глумецот и комичар Рип Торн, ѕвездата од филмот „Луѓе во црно“, почина вчера на 88-годишна возраст. Тој во тие мигови бил во својот дом во Лејквил, Конектикат, САД, заедно со сопругата Ејми Рајт и своите ќерки Кејти Торн и Анџелика Пејџ, изјави неговиот гласноговорник.Торн е познат по својот рапав глас, кој и ги направи неговите улоги така препознатливи. Во неговата 65-годишна кариера, можеби најголемиот успех му беше учеството во хумористичната серија на ХБО – „Шоуто на Лери Сандерс”. За неа доби шест номинации за наградата „Еми”, која 1996 година и ја освои.Глумецот беше номиниран и за „Оскар” за најдобра споредна машка улога во филмот „Cross Creek“ од 1983 година.

Магазин | пред 6 години

vulin

Косово не му дозволи влез на српскиот министер за одбрана Вулин

На српскиот министер за одбрана Александар Вулин и делегацијата за воено здравство денеска им беше забранет влез во Косово, соопшти кабинетот на министерот Вулин.Оттаму велат дека Српските медиуми објавија дека на официјални лица од нивната земја им бил забранет влез во Косово уште минатата недела, на што косовоскиот премиер Рамуш Харадинај одговори дека станува збор за лажна вест.Во соопштението се наведува дека „уште еднаш се покажало дека Рамуш Харадинај лаже, а на министерот и делегацијата не им е дозволено да го посетат Клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица“.Неодамна медиумите објавија дека Приштина донела одлука да им се забрани влез во Косово на сите српски официјални претставници. Меѓутоа српската премиерка Ана Брнабиќ набрзо се огласи, додавајќи оти косовскиот премиер Харадинај го демантирал таквото тврдење.Во одговорот што до добиле од Приштина се наведува дека косовските власти не се во можност позитивно да одговорат за барањето за влез во земјата.   

Свет | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Фрустрираниот Мицкоски е против се, одработува за оние што сакаат да ја одалечат земјата од ЕУ и НАТО

Христијан Мицкоски е фрустриран затоа што премиерот на државата и претседател на СДСМ Зоран Заев жестоко ги брани националните и државни интереси како што се членството во ЕУ и НАТО. Заканите од хибридни напади, лажните вести и манипулациите се само затоа нашата држава веќе годинава станува 30 земја членка на НАТО. Мицкоски треба да се засрами што им слугува на туѓите интереси, на они кои не сакаат да продолжи напредокот, што стануваме членка на НАТО и напредуваме во интеграцијата во ЕУ.Покрај сите лажни вести, манипулации, покрај деструктивноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре. Напредокот во реформите и интеграцијата продолжува. Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски, се вели во соопштението од СДСМ.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Јанакиески е вратен во затвор, ќе прима терапија

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески е вратен во затворот во Шуто Оризари, откако претходно беше однесен во болницата „8 Септември“ во Скопје.Тој се жалел на болки во бубрезите, а во болницата му биле направени анализи и прегледи. Дежурниот лекар му препишал терапија.Ексминистерот веќе неколку дена штрајкува со глад во затворот, а пие само вода.

Македонија | пред 6 години

idioti-2

Македонија и Бугарија заеднички ќе ги чествуваат св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил

Владата на вчерашната седница ги прифати сугестиите за заедничко чествување Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил. Според одлуката на Владата, овие личности се дел од заедничката историја на двете држави.Од Владата информираат дека двете страни се согласуваат да го промовираат договореното и во најкус можен рок да ги усогласат датумите и заедничките одбележувања. Се прифаќаат и заедничките принципи и забелешки за содржината на учебниците за 5 одделение во Бугарија и за 6 одделение во земјава.Владата во исто време бара заедничката мултидисциплинарна експертска комисија решително да ја забрза својата активност за значајни теми како Гоце Делчев и Илинденското востание и други и да настојува да се постигнат реални резултати до крајот на 2019 година, во однос на содржината на учебниците.Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања решително да ја забрза својата активност за значајни теми од нашата заедничка историја (Гоце Делчев, Илинденското востание и други), и да настојува да се постигнат реални резултати до крајот на 2019 година, во однос на содржината на учебниците. Прифатено е во својата работа Комисијата строго да се придржува кон одредбите од чл. 8, т. 2 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, која нагласува дека е неопходен “придонес за објективно, засновано на автентични и засновани историски извори за научно толкување на историските настани – се вели во соопштението од владата. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ужасен хорор во Србија: Ја убил мајка си па се обидел да го прикрие злосторството

Педесет и четиригодишник е уапсен поради сомнение дека ја убил својата 83-годишна мајка со удар во главата, а потоа ја легнал на кревет и се обидел да го прикрие убиството.– Злосторството се случило околу два часот по полноќ. Постои сомнение дека уапсениот ја удрил својата мајка со тап предмет во главата во тоалетот, а потоа ја ставил на креветот. Потоа ги избришал траговите од крв во куќата, но и на себе и на својата мајка. Несреќната жена до утрото починала од здобиената повреда, а синот тогаш повикал да биде однесено нејзиното тело – вели извор за „Курир.рс“.На лекарите им била сомнителна повредата на главата, па според изворот, се јавиле во полиција и го пратиле телото на обдукција.Како што додава, осомничениот им кажал на полицајците дека неговата мајка паднала и тешко се повредила.– Беше во купатило и со главата удри во мијалникот, а потоа на подот. Беше жива, ја подигнав и ја однесов во кревет. По еден час, отидов да ја видам и сфатив дека не дише. Ми беше јасно дека починала, но не ја убив – наводно рекол тој.Меѓутоа, обдукцијата покажала дека жената е убиена, дека повредата на главата ја добила насилно и тоа со удар од некој предмет.– Штом стигнаа резултатите од обдукцијата, синот е уапсен и на терет му се става тешко убиство – вели изворот.Некои соседи изјавиле дека не веруваат оти синот ја убил мајка си.

Свет | пред 6 години

zaev-nova-vlada

Тврдењата на Заев не се само оправдувања, туку и точни факти

Порталот „Вистиномер.мк“, изјавата на премиерот Зоран Заев која ја даде вчера ја оценува како вистинита:… Должен сум да кажам дека и јас станав еден од оние што во изминатите неколку години се измамени од добро организирана структура. Тоа се структури што извлекуваат придобивки од нови облици, алатки и тактики за медиумска дискредитација и медиумско влијание, најчесто насочени против личности и земји со евро-атлантски аспирации. Тоа е еден од оние обиди за директна штета на нашите стратешки интереси да го завршиме процесот за нашето членство во НАТО. Тоа се добро организирани структури за ширење влијание во интерес на трети страни…[Извор: Влада/Медија центар – прес на З. Заев (од 19.мин) – датум: 09.07.2019] ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:Тврдењето на премиерот Зоран Заев дека нелегалните телефонски разговори со него се извршени од добро организирана структура, која и во минатото има користено нови тактики за медиумска дискредитација, најчесто насочени против личности и земји со евроатлантска аспирација, а во полза на трети страни, го оценуваме како вистинито.Иако Заев не даде експликација за своето тврдење, докази за ова се наоѓаат во медиумскиот простор токму во Русија, матичната земја на двајцата измамници кои разговарале со Заев, претставувајќи се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.Независниот руски весник „Москоу Тајмс“ (The Moscow Times) уште во март 2016 година објави сторија за двајцата „пранкери“, со симптоматичен наслов: Среќни да бидат оружје: Двајцата руски пранкери ги таргетираат противниците на Кремљ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања