Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

zaev-na-telefon

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со своите несериозни и расипнички постапки ја срами Република Македонија

Зоран Заев не е жртва, туку Република Македонија е жртва на неговиот криминоген карактер, неодговорноста и неспособноста. Република Македонија 3 години е држава која е загубена во корупција, нееднаквост пред законот и расипништво, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Извинувањата за злоделата на Зоран Заев не помагаат да се исчисти срамот  и конечно да се тргне напред. Заев треба да одговара за своите постапки.Заев со своите несериозни и расипнички постапки ја срами Република Македонија каде и да стигне и ризикува да ги влоши односите на земјава со меѓународните партнери.Одговорност мора да има не само поради последниот меѓународен срам со кој што ја засрами и Македонија  и нашите партнери и пријатели, туку и поради низата погрешни политики и скандали кои што тој и неговите функционери ги прават во континуитет.Заев треба да понесе одговорност затоа што земјава не доби датум за преговори со Европската Унија. Македонија не доби датум заради немањето реформи од страна на власта што го потврдија и странските дипломати во земјава. Затоа Заев наместо да бара изговори и да обвинува други, треба да ја понесе одговорноста за овој неуспех.Одговорност треба да има и за високата корупција, криминалот, местените тендери на функционерите од врхушката на власт, но и непотизмот кој како канцер го зафати нашето општество.Заев треба да одговара затоа што ја уништи македонската економија која е на дното во Европа, граѓаните стануваат посиромашни, долгот вртоглаво расте, додека бизнисите на неговата фамилија од ден во ден се повеќе се шират.Одговорност мора да има и заради шерифското однесување на државните функционери кои киднапираат и тепаат граѓани, се закануваат, купуваат нелегални супстанци и шверцаат цигари без да одговараат пред законите.Заев треба да одговара и за заробеното судство и обвинителство кои единствено служат за прогон на неговите политички неистомисленици и амнестија на своите криминали и криминалите на соработниците.Република Македонија предводена од Зоран Заев и СДСМ не е ниту демократска ниту европска држава. Државата и граѓаните можат да имаат европска иднина и просперитет единствено кога Заев и СДСМ ќе си заминат од власт и ќе се вратат правото и правдата во Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Fond_inovacii

ФИТР ќе презентира проекти од повикот „Стартапувај“

Презентацијата на проектите од јавниот повик „Стартапувај“ на Фондот за иновации и технолошки развој ќе се одржи денеска.На настанот од ФИТР е најавено присутво и на Премиерот Зоран заев, како и на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.Се очекува обраќање на презентацијата и на директорот Фондот, Јован Деспотовски, а е потврдено присуството и неколку претставници на компании корисници на ФИТР.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Димитров и Поповски на конференција за слобода на медиумите

Делегацијата на Владата предводена од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на покана на Владата на Обединетото Кралство, на 10 и 11 јули 2019 година, ќе престојува во работна посета на Лондон.Министрите Димитров и Поповски ќе учествуваат на дводневната Меѓународна конференција за слобода на медиумите, којашто за прв пат во ко-организација на Обединетото Кралство и Канада оваа година се одржува во Лондон, а следната година ќе се одржи во Канада.Шефот на делегацијата, МНР Димитров ќе биде дел од панелот „Слободата на медиумите во Западниот Балкан и нови начини на работа“. На вториот ден од Конференцијата, министерот Димитров ќе биде говорник на панел-дискусијата „ Што можат да сторат Владите за да ја зголемат медиумската одржливост?“.Министерот Димитров ќе учествува и на пленарни сесии и работна вечера во организација на домаќинот и ко-организаторот на Конференцијата, односно со министрите за надворешни работи на Обединетото Кралство и на Канада, Џереми Хант и Кристиа Фриланд.Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, пак, ќе има свое обраќање во рамките на Националните изјави, а ќе учествува и на тркалезна маса: „Кампања за слобода на медиумите: кон 2020 – одржување на влијанието“.

Македонија | пред 6 години

001

Св. Климент и Самуил ќе ги чествуваме заедно со Бугарија

Владата денеска усвои информација за првиот состанок на меѓувладината комисија за историски и образовни прашања со Бугарија, која предвидува заедничко чествување Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил.„При секое официјално чествување на овие личности потребно е историската вистина за нашата заедничка историја јасно да се одбележува. Се прифаќаат заедничките принципи и забелешки за содржината на учебниците за 5 одделение во Република Бугарија и за 6 одделение во Република Македонија (Праисторија и Античка историја). Се поддржува предлогот на Комисијата за разгледување на наставниот материјал во учебниците за 6 одделение во Република Бугарија и 7 одделение во Република Северна Македонија (Среден век) до крајот на 2019 година“, соопштија од владата.Во соопштението уште се додава дека заедничката мултидисциплинарна експертска комисија решително да ја забрза својата активност за значајни теми од нашата заедничка историја (Гоце Делчев, Илинденското востание и други), и да настојува да се постигнат реални резултати до крајот на 2019 година во однос на содржината на учебниците.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

25 илјади молњи околу хрватскиот остров Хвар за само два часа

Невремето во Хрватска продолжи и вчера кога западниот брег на земјата беше погоден со силни врнежи од дожд и силен ветер.Околу островот Хвар, за два часа имало 25 илјади молњи.На одредени места врнело 23 литри дожд по квадратен метар. Обилни врнежи имало и во областа Далмација. Невремето траело и во доцните вечерни часови, и ноќеска.Денеска и утре невремето малку ќе се смири, а од петок се најавуваат нови врнежи. 

Свет | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Собранието ќе расправа за Законот за управување со природното и културното наследство во Охрид

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 104. седница, која ја почна вчера.Пратениците денеска ќе расправаат по преостанатите точки, а меѓу нив се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата и двата по скратена постапка и во второ читање, како и Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион во прво читање, кој вчера помина на Комисијата за култура.Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион вчера не беше поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Образложението беше дека предвидениот мораториум и за градба во Охрид и слични мерки, можеле да се спроведат и со постоечкиот закон.

Македонија | пред 6 години

iseni-zaev-696x764

Разрешениот Исеини му се заблагодари на Заев за довербата

Џевад Исени, кој беше разрешен од страна на владата од функцијата неизвршен член на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор, му се заблагодари на премиерот Зоран Заев за укажаната доверба.„Секогаш бев, сум и ќе бидам сервис на граѓаните и ќе се борам за правичност, одговорност и законитост во државата. Од низа ситуации во животот човекот учи дека функцијата не може никогаш да те направи нешто што не си бил, тоа го носиш во себе, а тоа се основните клучни работи на една личност – одговорност, лојалност и правичност“, напиша Исени на фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Voostopanstvo

Владата ќе го деблокира АД Водостопанство

Владата донесе одлука да се покрене постапка која ќе обезбеди деблокирање на работата на АД Водостопанство во државна сопственост, чии вработени подолго време не зеле плата.Како што информираа од Владата, со оваа одлука сакаат да се преземат сите неопходни мерки за наплата на побарувањата, навремено сервисирање на обврските и намалување на непродуктивните трошоци, како и да се обезбеди редовното работење на друштвото со извршување на сите обврски кон вработените.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Денес облачно и нестабилно

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, град и пообилни врнежи (над 30л/м2).Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 24 до 31 степен.УВ-индексот ќе изнесува 7.Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне. Повремено процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 27 степени.Во четврток и петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а дневните температури ќе се задржат нешто пониски. Во сабота попладне ќе има повремен локален дожд.

Македонија | пред 6 години

antonijo-milosovski

Милошоски: Заев вчера јавно излажа дека остварил средба со Порошенко во Давос

Пратеникот Антонио Милошоски објави на својот фејсбук профил дека Зоран Заев ги излажал новинарите и дека со нови лаги ги покрива старите скандали и дека од информации кои го добил од македонското МНР потврдил дека премиерот Заев немал средба со украинскиот претседател Порошенко на економскиот форум во Давос во јануари 2019 година потврдено ми е и од релевантни извори во македонското министерство за надворешни работи.„На ЛАГАТА и’ се кратки нозете, на ЗАЕВ исто така!Заев во обид да го покрие срамот и нанесената штета врз угледот на Македонија, јавно излажа дека остварил средба со претседателот Порошенко во Давос, Швајцарија (економски форум 21-26ти Јануари 2019та).На вчерашната прес конференција во владата, новинарка постави прашање “дали претходно имало остварено комуникација на кабинетите за да има ваков разговор (со Лажниот Порошенко)?”Заев одговори: “Како не. Секако, на официјалните состаноци коишто ги имаме, како состанокот кој што сум го правел со претседателот Порошенко во Давос, на пример, сме разговарале затоа што и определбата на Украина е за НАТО, а нормално затоа што тој важи за еден од сопствениците на големите фабрики за чоколадо, па да го поканам да инвестира во нашата земја, тоа е странска инвестиција.”Но, во владиното соопштение со наслов “Заврши учеството на премиерот Заев и владината делегација на форумот во Давос: Остварени средби од интерес за економската иднина на земјата”, кое е објавено на 25.01.2019 во 16:04мин, наведени се средбите со Марјан Шарец (Словенија), Хашим Тачи (Косово), д-р Денис Звиздиќ (БиХ), Јенс Спан (Германија), Кристалина Георгиева (СБ), Јоханес Хан (ЕУ), Столтенберг (НАТО) и Џорџ Сорос. Никаде не е спомената средба со тогашниот претседател на Украина, Порошенко, а имајќи ја во предвид скромната листа на државници со кои Заев, Анѓушев и Бектеши се сретнале, доколку таква средба била остварена, сигурно ќе и’ било соопштено на јавноста!Истовремено, доколку внимателно се разгледаат и официјалните соопштенија на Svyatoslav Tsegolko, гласноговорникот на претседателот на Украина од тој период, ќе се види дека Порошенко на форумот во Давос се сретнал со претседателот на Бразил, Кина, Германија, Полска, Шпанија, Швајцарија, Хрватска, Белгија, Литванија и Ерменија, како и со ген.сек на ОН и претседателот на Меѓународниот црвен крст.На крајот, дека премиерот Заев немал средба со украинскиот претседател Порошенко на економскиот форум во Давос во јануари 2019 година потврдено ми е и од релевантни извори во македонското министерство за надворешни работи. Доколку Заев навистина се беше сретнал со Порошенко во Давос, сигурно и ќе му се пофалел за долгиот телефонски разговор на WhatsApp од пред 6 месеци, ќе дознаел дека тоа е местенка, и барем следните два компромитирачки телефонски разговори немало да се случат.Но, бидејќи Заев неуспешно се обидува со нови лаги да ги покрие старите скандали, а со тоа и свесно ги манипулира новинарите и граѓаните на Македонија, најдобро е да си даде оставка како премиер и со тоа да ја намали штетата по угледот на државата што и’ го нанесува со неговите дипломатски скандали“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

dzevad-iseni-696x702

Владата го разреши Џеват Исени

Владата на денешната седница го разреши Џеват Исени од функцијата неизвршен член на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор, со што автоматски му престанува и функцијата Претседател на Одборот на директори на АДСДП, информираа од Илинденска.Оваа одлука на владата следува откако медиумите објавија видео на кое се гледа како Исени игра оро на свадбена веселба со пиштол, кој, според него, бил гасен.

Македонија | пред 6 години

mile-janakieski

Миле Јанакиески итно пренесен од затвор во болница

Миле Јанакиески однесен на преглед во болницата 8 – ми Септември. Неофицијално поранешниот монистер се пожалил на болки во стомакот, гадење и лошење и затоа затворската полиција од затворот Шутка го однела на прегледи, пишува Алсат.Јанскиески е во притвор поради продажбата на државно земјиште на фирми кои потоа не ги изградиле предвидените хотели.Миле Јанакиески веќе деветти ден штрајкува со глад.

Македонија | пред 6 години

paraglajder

Спасени параглајдеристите кои паднаа на Галичица

Двајцата параглајдеристи од Украина кои изгубија контрола додека летале над Галичица и паднале во близина на Mакедонско-албанската граница се извлечени со помош на специјалци и хеликоптери на МВР.Несреќата се случила од засега непознати причини, околу 15 часот. Со GPS било утврдено дека параглајдеритите паднале 650 метри на албанска територија. И покрај неповолните временски услови, ветерот и укажувањата дека е ризично да го направат тоа, тие попладнево полетале од Галичица на македонска страна.Во несреќата тешко повредено е едно лице.

Македонија | пред 6 години

paraglajder

Параглајдеристи од Украина изгубиле контрола и паднале на Галичица

Во близина на Mакедонско-албанската граница, параглајдеристи од Украина изгубиле контрола додека летале над Галичица и паднале на падините на планината, дознава OhridNews.Несреќата се случила од засега непознати причини, околу 15 часот. Веднаш биле алармирани Националниот парк и екипата за спасување на планина и непристапни терени на Црвениот крст – Охрид, кои се упатиле на местото на настанот по параглајдеристите. Во несреќата тешко повредена е параглајдеристка од Украина.„Како што дознаваме, со GPS било утврдено дека параглајдеритите паднале 650 метри на албанска територија. Македонската гранична полиција веднаш стапила во контакт со колегите од Албанија заради координација околу спасувачката мисија која е во тек. Според првичните информации еден од параглајдеристите се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со полесни. Неофицијално дознаваме дека украинските параглајдеристи, биле туристи кои самоиницијативно, без соодветна логистика се упатиле во опасна авантура, дотолку повеќе што временските услови за летање со параглајдер не биле добри, поради неповолен и силен ветер, на што биле предупредени од искусни македонски летачи, кои од тие причини ги откажале своите летови и се симнале од Галичица. Истрагата  која ќе уследи ќе треба да утврди дали тие имале дозвола за летање и дали биле искусни летачи“, пишува порталот OhridNews.

Македонија | пред 6 години

silegov-1

Шилегов: Или ќе истрпиме 40 дена метеж или ќе падне мостот Гоце Делчев

Градежните работи кај мостот „Гоце Делчев“ ќе се одвиваат во наредните 40 дена. Станува зАбор за активност што не е извршена повеќе од 13 години и таму ќе има посебен сообраќаен режим, најави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.„Станува збор за дилатација која не е извршена повеќе од 13 години. Или ќе треба да истрпиме 40 дена да имаме сообраќаен метеж или ќе падне мостот Гоце Делчев. Лето е, има помалку гужви во сообраќајот и вистинско време е да ја извршиме таа дилатација на мостот“, рече денеска градоначалникот Шилегов.

Скопје | пред 6 години

Levica

Левица: Владата на СДСМ земјоделците ги препушта на милост и немилост на пазарот

Владата на социјал-демократите немајќи никаква визија за економијата и земјоделието како витална стопанска гранка и дејност, по обичај земјоделците ги препушта на милост и немилост на пазарот, велат од Левица.„Министерот за земјоделство Трајан Димковски сосема отворено им соопшти на земјоделците дека нивното производство Владата нема намера никако да го третира или уште помалку да го заштити, туку дека за нив и нивните производи ќе одлучувал пазарот! Како што и самиот министер во својата изјава потврди, ваквата пазарна логика без поддршка на пласманот од државата особено ќе ги погоди помалите земјоделци и нивната егзистенција која и моментално е загрозена.Апсолутно неприфатливо е земјоделците и земјоделието како дејност каде се произведува пред се, храна за луѓето и животните, но и суровини за индустриска преработка и други иманентно потребни производи за животот – преку одгледување на одредени растенија и домашни животни – да се препушти на пазарот кој, не само што самите земјоделци ги фрла на маргините од социјалната скала, туку како што бевме сведоци од скоро време, тој ги фрла по улици и ги уништува дури и нивните плодови произведени со тешки маки и многу труд.Додека трудот на земјоделците е погазен,а нивните семејства пригушени во преживувањето, Владата троши на советници и разно разни бирократи и ПР експерти кои имаат единствена задача да работат како јавни апологети на владеачката гарнитура. Кога Владата троши енормни суми на пари во воени цели за туѓи интереси и организации како НАТО пактот, кои водат војна и окупираат народи ширум светот, таа нема никакво оправдување за немањето пари и капацитет да обезбеди достоинствена откупна цена на земјоделските производи”, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Slika-Frosina-18-12

Ременски: Снимката на руските “пранкери” е доказ дека сме таргет на хибридни закани како земја

Актуелната снимка на т,н., “пранкери” со премиерот Зоран Заев е класичен пример на хибридна алатка, смета пратеничката од СДСМ Фросина Ременски.„Најголеми предизвици на сите безбедносно-разузнавачки служби е справувањето со неконвенционалните форми на загрозување на националната безбедност и стратешките интереси, преку употреба на алатки на специјална (информациска) војна, денес познати како хибридни закани.Хибридните закани (комбинација на легални и нелегални дејствија со цел) ги употребуваат поединци, групи, движења, политички партии, влади и разузнавачки служби, заради остварување на нивни цели и интереси или за попречување на интересите на земјите во кои продуктите на хибридните закани се пласираат.Актуелната снимка на т,н., "пранкери" е класичен пример на хибридна алатка. Легалноста на оваа хибридна алатка е само правото на комуникација. Нелегалноста на оваа хибридна закана е лажното претставување, употребата на агенти провокатори зад превез на "пранкери" и прикривање на нелегалноста и злоупотребата на медиумите на т.н., пранкери зад превезот на слободата на изразување и слободата на медумите како демократска вредност.Ширење на продуктот од хибридната алатка по пат на медиуми е по правило сензација и предизвикува интерес. Тоа е една од главните цели на хибридната закана - да се шири продуктот што претпоставува некаква штета. Крајната цел е нарушување на интересите на земјата или на трети земји.Современите безбедносни служби имаат легитимно право овој вид на хибридни закани да ги третира, да ги превенира и да постапува доколку се случат.Медиумите покрај обуките за борба против лажните вести имаат и право и обврска да се едуцираат многу подетално за облиците на хибридно војување. Пласирањето на лажни вести е само еден дел од информациската, специјална, хибридна војна.Хибридниот продукт во случајот со премиерот Зоран Заев е доказ дека сме таргет на хибридни закани како земја. Но, факт е дека ефектот не е очекуваниот.Од содржината се заклучува дека, премиерот и покрај наведувањето на искази и вербални провокации (техника на комуникација на агент провокатор), јасно и без двоумење ги презентира стратешките цели и интереси на нашата земја за стабилност и безбедност во регионот, важноста на дијалогот, мирното решавање на споровите и потребата од дијалог и размена на вредности и ставови помеѓу земји и лидери кои делат исти стратешки интереси.Оваа поучна хибридна лекција ќе не направи попосветени на напорите да ги зајакнеме институционалните и процедуралните капацитети за сајбер заштита, за да ги превенираме и пресретнеме ваквите дејствија.Секое барање на одговорност и вина од жртвите на вакви хибридни закани и продукти е посакувано продолжено дејствие на алките и целите на креаторите на хибридната закана, на кои вистината не им е целта“, напиша Ременски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

prestrelka

Не платила за лекови што ѝ ги набавиле, па и одзеле пари и накит и ја малтретирале

На 07.07.2019 година во ПС Карпош, В.Р.(52) од Скопје пријавила дека таа и нејзиниот партнер С.С. биле малтретирани и присилно држани од лицата А.С., Е.Н. и Е.М. кои им одзеле и пари и накит откако таа не им платила за наводни лекови кои тие и ги набавиле и кои требало да ја подобрат нејзината здравствената состојба.Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и приведени се Е.К: (39) и А.С. (39) и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 6 години

b2Vk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnprN01EQV8vZTI0N2NkNDc3ZjllYTBjZDA3NTRkM2NhY2VkYWMxYjMuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Запалиле угостителски објект, па ги одзеле парите

На 08.07.2019 година во 07.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Самоилова“ во Скопје, сопственост на Е.М.Е.(28) од Република Турција, непознати лица предизвикале пожар и одзеле пари. Повредени лица нема.Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

policija-22

Пронајдена мртва 50-годишна жена од Скопје

На 08.07.2019 година во 14.52 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот дом на ул.„8-ми Септември“ од екипа на Итна медицинска помош без видливи траги на насилство била пронајдена почината П.М.(50), која живеела сама и боледувала од повеќе болести.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.

Скопје | пред 6 години

patarina1

Со автомобилот удрил во патарина, а потоа избегал

На 09.07.2019 година во 00.31 часот на наплатната станица „Градско“ влекач „Сканиа“ со косовски регистарски ознаки со приколка, управуван од засега  непознат возач, откако ја платил патарината, тргнал и со десната страна од  возилото удрил во наплатната кабина, со што предизвикал штета на наплатната кабина.После тоа, возачот не застанал и продолжил со движење кон Велес.Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.  Се работи на расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

Изгубил контрола и удрил во бандера, па се здобил со тешки повреди

На 08.07.2019 година во 21.50 часот на регионален пат Градец-Гостивар, во село Неготино, Б.О.(18) од село Неготино, управувајќи патничко возило „Мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бандера. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.О. и бил пренесен во Медицински центар Гостивар.  Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 6 години

policija-5

Изгубил контрола и удрил во столб, па починал на лице место

На 08.07.2019  околу 19.45 часот на ул.,,Вељко Влаховиќ“ во Берово Ѓ.Р.(75) од Берово, управувајќи патничко возило ,,Југо Корал 55“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб. Од ударот Ѓ.Р. починал на местото на настанот.Увид извршила екипа од Полициската станица Берово, а по наредба на Јавен обвинител  телото на починатиот било предадено на семејството.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Кичевец почина од струен удар

На 08.07.2019 година во 12.15 часот во Полициската станица Кичево, од Здравствен дом Кичево било пријавено дека бил донесен починат Р.Т.(51) од с.Мамудовци, кичевско.Лекар констатирал смрт како последица од струен удар. Според пријавеното, Р.Т. настрадал при изведување на градежни работи.Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Македонија | пред 6 години

66256036_671539849975954_3215926891106009088_n

Жителите на Дебар Маало бараат дислоцирање на „Самрленд“ оти им пречи бучавата

Жителите на Дебар Маало бараат дислокација на летниот фестивал „Самрлед“, кој се одржува во Градскиот парк на Школка. Тие веќе се организираат и потпишуваат петиција што ќе ја достават до надлежните во Град Скопје, кои се и организатори на фестивалот.„Повеќето од луѓето што живеат тука работат помеѓу 8 и 17 часот. Значи, цел јули од работа директно на журка додека си легнеме. Ние можеби сме и помал проблем. Што е со бебињата, што е со старите и изнемоштени лица, што е со луѓето што сакаат да си прошетаат во мирна природа? Дебармаалци и жителите во парк немаат право на одмор и тишина, затоа што некој така одлучил. Со целокупната претходна ситуација, бевме навикнати. Научивме која од кафеаните или кафулињата во кој ден се погласни или, пак, во деновите кога има забавен настан во парк и сето тоа се „прегризува“ затоа што знаеме дека утре ќе заврши. Ама сега со ‘Самрленд’ осудени сме да бидеме жртви на звучно загадување секој ден. Ова е многу сериозно и дебармаалци треба секојдневно да го поднесуваат. Бараме да се врати барем малку од малку мирот во Дебар Маало и ‘Самрленд’ да биде дислоциран“, се вели во барањето на жителите.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања