Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

memedi

Собранието ја констатираше оставката од Весел Мемеди

Собранието ја констатираше оставката од пратеничката функција на заменик-спикерот Весел Мемеди. Според деловникот за работа на Собранието, Мемеди најпрвин се обрати пред пратениците изразувајќи разочарување од, Зоран Заев и од Али Ахмети.Мемеди ги критикуваше сега веќе поранешните коалициски партнери, лидерот на ДУИ Али Ахмети и премиерот Зоран Заев за начинот на кој биле реализирани договорите за последната реконструкција на Владата и одземањето на министерската функција во Министерството за локална самоуправа чиј тогашен министер беше Сухејл Фазлиу, како и за начинот на нивното владеење.Мемеди оставката ја поднесе на 26 јуни затоа што не бил консултиран, односно без негова согласност се сменил министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу. На местото на Фазлиу се најде Горан Милевски од ЛДП.

Македонија | пред 6 години

avioni-sudar

(ВИДЕО) Судар на два авиони на аеродромот во Амстердам

Два патнички авиона се судриле денеска на аеродромот во Амстердам. Како што пренесува порталот „Сан“, во инцидентот никој не е повреден, а истот се случил поради грешка на работник на аеродромот.Изгледа дека авионот на Изиџет се удрил во боингот на КЛМ. Боингот се подготвувал да полета за Мадрид, а авионот на Изиџет долетувал од Лондон кога се судриле на пистата.Сведоците велат дека двата авиони се оштетени, а патниците се евакуирани назад на терминалот. Еден патник твитна за тоа што се случило.„Мојот Изиџет авион на летот од Амстердам за Лондон буквално се зачука во друг авион. Нашето крило се зари во опашката на КЛМ. Заробени сме во авионот додека не заврши истрагата“.

Свет | пред 6 години

zaev-1

Заев: Немам намера да поднесам оставка, се случил пропуст и се извинувам

„Немам намера да поднесам оставка, затоа што од овој процес ќе излеземе посилни. Апсолутно не мислам дека треба да ја стигнам мојата комуникативност. Сакам да комуницирам и да разговарам. Сакам да примам информации од јавноста. За жал ваквата отвореност носи некогаш вакви горки чувства“, рече Заев. Според него, почитувани се сите протоколи кога некој бара комуникација со премиерот. „Не ми е прв пат да имам разговарано со Столтенберг, Порошенко. Разговарано е преку фиксната телефонија во Владата, каде се двата телефони, а разговарано е преку „Ватсап“.Вакви манипулатори и добро организирани структури секогаш ќе наоѓаат одредени пристапи, затоа што сајбер безбедноста секогаш треба да се надоградува. Се случил пропуст, за кои им се извинувам на граѓните“, вели Заев за објавените разговори со лажниот Порошенко и Столтенберг. Заев вели дека тој не оддал никаква тајна во текот на разговорите. „Нормално се бара од мене во моментот да дадам телефонски број, на некој што искрено верувам дека е претседателот на Украина. Во целиот овој разговор нема одавање на државни тајни. Тоа се ставови кои се повторуваат секој ден. Дури и за „Питер Македонски“, тој ја отвора темата, јас се шалам на темата и тоа е тоа. Не оддавам никаква тајна“, додава Заев.

Македонија | пред 6 години

zaev

Заев: Јас сум измамен и жртва, но сум во добро друштво со Ердоган и Макрон

„За жал и јас станав еден од оние кои во изминативе години се измамени од добро организирана структура која дискридитира поединци.Тоа се структури кои прават обиди за директна штета за наштите стратешки интереси, за нашето членство во НАТО. Тие шират влијанија на трети страни и не е тешко тоа да се процени. Во нашата земја, први ова го пренесоа портали кои шират анти-НАТО пропаганда. На ист начин, истите измамници, во април годинава успеале за изнудат и телефонски разговор со францускиот претседател, Емануел Макрон кој мислел дека разговара со новиот украински претседател. Тие разговарале и со министерот за надворешни работи на Брисел. Тие успеале да стигнат до Елтон Џон. Измамнички настап имале и кон Ергодан. Листата покажува дека сум во добро друштво“, вели Заев. „Во еден ден се извршени сериозни интервенции и ставени се во контекст кој не е автентичен. Таков е делот за МПЦ, каде има интервенција. Таму зборував единствено МПЦ да добие афтокефалност. Останатите делови од објавените разговори, само ги потврдуваат ставовите кои ги застапувам јас. Тоа ги покажува стратешките определби на нашата земја. Во разговорите се слуша мојот став против промена на границите. Разговорот ја покажува мојата верба дека Договорот со Грција ќе успее за да се реши деценискиот спор. Зборам за придобивките од Договорот со Бугарија. Зборувам дека нема докази дали Иванов е поддржан од Русија“, додава Заев.

Македонија | пред 6 години

dete

Почина четиригодишното девојче што таткото го остави во прегреан автомобил

Почина четиригодишното девојче кое работниците на градилиштето го пронајдоа во затворен автомобил во Ровињско село. Ова го потврдија од Истарската полициска управа.– Ве информираме дека полицијата денеска доби известување дека детето, кое беше пронајдено на 4 јули во бесвесна состојба, умрело вчера во болницата во Риека. Бидејќи наодите и постапката за кривични дела на штета на децата и малолетните лица се тајни, би сакале да ве упатиме дека за повеќе информации да ја контактирајте канцеларијата на надлежниот државени адвокат – порачале од полицијата.Инаку четиригодишното девојче во четвртокот било оставено во презагреан автомобил во село во близината на Ровињ. Во возилото девојчето минало повеќе од два часа на висока температура, поради што ѝ се слошило, па веднаш била пренесена во болница. Мртвото девојче било пронајдено во бесвесна состојба во вжештениот автомобил.

Свет | пред 6 години

zoran_zaev

ВО ЖИВО: Заев за разговорите со лажните Столтенберг и Порошенко

Пресс конференција на премиерот Зоран Заев за објавените разговори.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/465138120973199/?epa=SEARCH_BOX

Македонија | пред 6 години

tripunovski

Трипуновски: Жетвата на пченицата е речиси на половина, а МЗШВ се уште нема утврдено цена за откуп

Жетвата на пченицата е речиси на половина, а МЗШВ се уште нема утврдено цена за откуп. Иако законскиот рок за утврдување на цена е 10 дена пред почеток на жетва, оваа година тоа не е направено.Имено во услови кога сме на половина реализирана жетва, МЗШВ нема воспоставено систем на организиран откуп на пченицата, за што има законска обврска, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Ги повикуваме Државниот инспекторат за земјоделство, Пазарен инспекторат, Биро за метрологија да излезат веднаш на терен.МЗШВ треба да одговори дали е изготвена динамика на откуп на дневна основа и дали е познат бројот на откупувачи кои ги исполнуваат условите за откуп на пченицата?Прашуваме зошто ДИЗ дозволува да нема истакнато цена на откупните места, а со тоа директно дозволува да се манипулира со трудот на македонскиот земјоделец.Димковски, Николовски и Заев ги имаат оставено земјоделците на милост и немилост. Откупната цена ќе биде очајно ниска и под секоја производствена логика.Во услови кога државата со оптимално производство може да ги покрие сопствените потреби сме доведени во состојба од година во година да ги намалуваме површините под лебно жито.Оваа година површините со пченица во Пелагонија се намалени за 40% во споредна со минатата година. Доколку вака продолжи овој тренд се доведува во опасност производството воопшто.Почитувани,Заев не само што нема план како да го унапреди земјоделието, напротив го уназадува веќе трета година по ред.Зоран Заев е брука за Македонија и за македонскиот земјоделец. Зоран Заев со цела влада треба веднаш и сега да си замине, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Foto-2-2

Средба на претседателот Пендаровски со турскиот претседател Ердоган во Сараево

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на учеството на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во Сараево, денеска оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.На средбата беше изразено задоволство од силното партнерство меѓу двете држави, и од позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, како на политички, така и на економски план. Трговската размена меѓу двете држави е во постојан раст и во 2018 година изнесуваше 505 милиони долари, но, потенцираа двајцата претседатели, економската соработка може уште повеќе да се зголемува, во интерес на граѓаните на двете држави.Двајцата соговорници разменија мислења и информации за состојбите во двете држави и во регионот. Во контекст на аспирациите на Северна Македонија за членство во НАТО, претседателот Пендаровски изрази очекување дека Големото национално собрание на Република Турција наскоро ќе го ратификува пристапниот протокол за членство во Алијансата, откако беше одобрен од Парламентарната комисија за надворешни работи на турското собрание.Претседателот Ердоган рече дека нашата држава ја има целосната поддршка од Турција за членство во ЕУ и во НАТО, со тоа што пристапниот Протокол за членство во НАТО ќе биде наскоро ратификуван во Големото национално собрание на Република Турција.На средбата, претседателот Пендаровски упати покана за официјална посета на турскиот претседател на Република Северна Македонија, што беше прифатена од страна на претседателот Ердоган.Турскиот претседател Ердоган упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Петто прскање против комарци во четврток

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во четврток, на 11.07.2019 година, на подрачјето на градот Скопје, ќе изврши авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци.Имено, авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје ќе се одвива на 11.07.2019 година (четврток) во раните утрински часови, а во текот на денот, ќе се изврши и терестрична дезинсекција.Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.Градот Скопје досега има извршено три прскања (авионско и терестрично) против возрасни форми на комарци и едно прскање (авионско и терестрично) против ларви од комарци.Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Скопје | пред 6 години

1zaevtelefon

Заев зборува за 100 000 евра мито за Вартоломеј, автономија за Татарите, решенија за Косово

Премиерот на Македонија Зоран Заев во серија телефонски разговори во кои е измамен од комедијанти од Русија дека зборува со Јан Столтенберг и Петро Порошенко, разговара за повеќе актуелни прашња.Заев зборува за некаква „автономија на окупирана територија“ која би ја добиле Татарите на Крим, со што би биле како Албанците на Балканот. Така тие би биле лојални до крај на Америка бидејќи целта била во „глобалната војна“ да победи Америка со Германија против Русија.Во разговорот со човекот го го убедил дека е Петро Порошенко, Заев договара 100 000 евра мито за Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, бидејќи само со пари ( донации ) ќе се средело прашањето за црквата.Заев зборува и за решение на политичката криза во Србија, притоа спомнувајќи го Боќко Обрадовиќ од движењето „Двери“.Тој зборува и за Косово, каде кажува дека е против северните општини да се припојат на Србија и тоа го нарекува „темпирана бомба“ за Балканот.Владата сеуште не се има официјално огласено по овие најнови снимки, а сеуште има молк и во СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

lepa-brena

(ВИДЕО) Зошто се налути Брена на концерт, па и се развика на публиката?

Атpaктивната српска дивa Лепа Брена, на концерт и се развика на публиката. Не е познато видеото каде е снимено, но и покрај тоа што веднаш по поставувањето беше тргнато, сепак истото се рашири на социјлните мрежи. Еве за што се работи...

Магазин | пред 6 години

milososki-antonijo

Милошоски: Заев не само што ТРИ ПАТИ е насамарен од пренк-комичари, а можеби и агенти ги има нарушено дипломатските протоколи за меѓудржавна комуникација

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на својот фејесбук профил направи детална анализа за објавените разговори со премиерот Зоран Заев во кои е во заблуда дека разговара со поранешпниот претседател на Украин, Петро Порошенко, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенверг, а всушност комуницира со двајца руски комичари. Поранешниот министер за надворешни работи тврди дека доколку Заев ги запазувал процедурите ќе бил „пренкнат“ само еднаш, а не три пати. Еве што напиша Милошоски на ФБ:Заев не само што ТРИ ПАТИ е насамарен од пренк-комичари од Русија, а можеби и агенти (тел.разг август 2018, јан 2019 и април 2019), туку како премиер ги има нарушено дипломатските протоколи за меѓудржавна комуникација, а со тоа ја има нарушено тајноста на државните строго доверливи информации на Македонија, го има нарушено угледот на државата, а згора на тоа ја подрива и довербата на трети држави кон Македонија (САД, Германија, Грција, Русија) со тоа што открива доверливи разговори и нивни позиции кон чувствителни регионални и меѓународни прашања.Заев морал да знае дека разговор меѓу двајца државници се договара официјално преку амбасадорите на/во двете земји, се потврдува преку дипломатските советници во двата кабинети, а потоа се архивира/ споделува со министерот за надворешни работи. Доколку ова не го знаел Заев како премиер, тогаш пред да си даде оставка, нека ги разреши и Никола Димитров (МНР), и Дане Талески (советник за надворешни работи), кои биле должни да го запознаат со тие дипломатски правила.Првиот телефонски разговор на Заев со "лажниот Порошенко" се случил август 2018та. Иако премиерот Заев го остварил лажниот разговор на начин спротивен на дипломатскиот протокол за меѓудржавна комуникација, тој сепак после тоа морал усно или писмено да го запознае министерот за надворешни Димитров за содржината на разговорот, а советникот Талевски морал да изготви писмена белешка за темите од разговорот. Зависно од темите, писмената белешка можела да биде класифицирана како државна тајна или строго доверливо. Потоа МНР Димитров бил должен со таквата белешка да ги запознае Претседателот на државата, нашиот амбасадор/ вршители на должност во амбасадата во Киев, директорите во МНР за европски и воневропски држави, а по негова проценка и нашите највисоки дипломати во Москва, во Берлин, Атина и во Вашингтон.Доколку Заев го известел МНР Димитров за разговорот со "лажниот Порошенко" во Август 2018, и МНР ја известел нашата амбасада во Киев, македонските дипломати ќе биле обврзани да стапат во контакт со украинското МНР и кабинетот на претседателот на Украина, да направат follow up на темите на разговор, и да утврдат динамика на реализација на дел од заложбите и идеите на двајцата државници, согласно она што го разговарале телефонски. При таква една уредна дипломатска постапка лесно ќе се утврдело дека станува збор за комичарска или можеби шпиунска местенка и вториот и третиот разговор воопшто немало да се случат, а со тоа ќе се намалеле ризиците за понатамошно нарушување од страна на Заев на тајноста на државните строго доверливи информации на Македонија, дополнителното нарушување на угледот на државата, како и нанесувањето на дополнителна штета на меѓусебната доверба на Германија, Грција, САД и Русија кон Македонија заради откривање на нивни чувствителни меѓународни позиции или ругање на некои од нивните државници.Ова што се случило со Заев и "лажниот Порошенко" е сериозен дипломатски скандал во низа, со многу штетни последици за репутацијата на македонските дипломати, и со реална мерлива штета за угледот на Македонија!https://www.facebook.com/antonio.miloshoski.9/posts/2736081626421099

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Со мотор удрил пешаци кои со тешки повреди се пренесени во болница

Вчера околу 19 часот на ул.„Маршал Тито“ во Неготино,  Б.М.(24) од Неготино, управувајќи мотоцикл „Кавасаки 300“ со бугарски регистарски ознаки, удрил во А.М.(52) од Неготино и С.А.(51) од Неготино.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле А.М. и С.А. и биле пренесени во болницата во Кавадарци.Увид на местото на настанот  извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Македонија | пред 6 години

zaev-gruevski

Очекувам вечер Груевски да му се јави на Заев од скриен број и да му диши на телефон, се вели на Твитер

Огромен број реакции на социјалните мрежи има по објавените три телефонски разговор меѓу Зоран Заев и двајцата руски комичари кои му се претставиле како доскорешниот украински претседател Петро Порошенко и првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг. Ова се дел од реакциите на Твитер.https://twitter.com/cicorosen/status/1148503874443108352https://twitter.com/Tetkicai/status/1148377347453853696?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1148377347453853696%7Ctwgr%5E393039363b636f6e74726f6c&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Feufori-a-na-tviter-za-mestenkata-na-zaev-ko-znae-kolku-stoel-mirno-do-telefonot-koga-zborel-so-stoltenberg%2Fhttps://twitter.com/malistaPulikala/status/1148502255336902656https://twitter.com/prkosot/status/1148499903221522433?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1148499903221522433%7Ctwgr%5E393039363b636f6e74726f6c&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Feufori-a-na-tviter-za-mestenkata-na-zaev-ko-znae-kolku-stoel-mirno-do-telefonot-koga-zborel-so-stoltenberg%2Fhttps://twitter.com/Blackravenm/status/1148502258746834944https://twitter.com/SitKup/status/1148462745928421377https://twitter.com/Makedonija_MKD/status/1148496032260599808https://twitter.com/ei_r/status/1148495258268962816https://twitter.com/cinikot/status/1148495050197929984https://twitter.com/Goran_Man/status/1148484870454284288https://twitter.com/Pat1entHater/status/1148500647463067648https://twitter.com/LawBoy29/status/1148478763073703936https://twitter.com/bojankuk/status/1148498348959305734

Коментари | пред 6 години

Kaliforni-a-zem-otres

Прогласена вонредна состојба во Калифорнија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во американската сојузна држава Флорида, прогласи вонредна состојба откако јужните делови на државата ги погодија повеќе од 3.000 земјотресиОд четвртокот утрото имало 340 земјотреси со магнитуда поголема од 3, 54 земјотреси со магнитуда поголема од 4, 6 со магнитуда поголема од 5 и еден со магнитуда од 7,1, кој ја потресе Калифорнија во петокот.Засега нема фатални случаи и има само помали повреди, но властите забележале пожари и згради што биле многу оштетени. Со тоа се отвора можноста да се издвојат средства од државниот буџет за помош на оние кои се најпогодени од потресите. 

Свет | пред 6 години

kucinja-kuce

Млад охриѓанец каснат од куче, случајот го пријавил во полиција

Вчера, во утринските часови, во СВР Велес, Д.Н.(57) од Велес пријавил дека во „Младинскиот парк“ во Велес бил каснат од куче скитник во пределот на нозете.Во попладневните часови, пак, во Полициската станица Центар, Х.К.(24) од Охрид пријавил дека на ул.„Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. 

Македонија | пред 6 години

66490648_375093499813983_7201055495480672256_n

Тешка сообраќајка на „Партизанска“: Со автомобил удрил во моторциклист кој има тешки повреди

На 08.07.2019 година околу 14.00 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(34) од Скопје и  мопед „Баотиан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(52) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.В. и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

soobrakajna-nesreka-aerodrom

Дечевчанец излетал од патот со „БМВ“, итно пренесен во болница

Вчера, доцна вечерта, на регионалниот пат Берово-Делчево, кај база „Гранит“, М.П.(45) од Делчево, управувајќи патничко возило „БМВ“ со бугарски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.П. и бил пренесен во Медицински центар Штип.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведени двајца млади Албанци оти илегално влегле во Македонија

Вчера вечерта во близина на село Јажинце, тетовско, полициски службеници ги привеле Д.А.(23) и T.Д.(21), двајцата од Република Албанија.Приведувањето било поради илегален влез во Македонија.

Македонија | пред 6 години

koli-vozila-ulica-ramstor-skopje

Поразителна статистика за Скопје: Вчера 101 возач возеле брзо, 3 биле пијани, а 12 без возачка

Во текот на изминатиот ден (08.07.2019г.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 101 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај исклучени се 16 возачи од кои: три возачи управувале возило под дејство на алкохол, 12 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач почетник затоа што не ги почитувал законските ограничувања.Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила кои не биле регистрирани. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престројување, еден возач поради недавање првенство на минување на крстосница, девет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 84 мандатни платни налози и 75 возила се подигнати со специјално возило „пајак".Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди и три лица се здобиле со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

dojce-bank

„Дојче банк“ до 2022 година ќе укине 18.000 работни места

„Дојче банк“ објави дека до 2022 година ќе бидат укинати 18.000 работни места во рамки на опсежна реконструкција, со цел да се обнови профитабилноста и да се подобри повратот на ационерите.Банката, со седиште во Франкфурт објави план за реструктуирање кој ќе овозможи продажба и трговија со акции со цел да се обиде да ја подобри профитабилноста и да ја зголеми цената на акциите.Исто така е наведено дека банката ќе инвестира 74 милијарди евра во специјална продажна единица, ослободувајќи ги резервите капитал за плаќање на реструктуирањето.Со укинувањето на работните места, бројот на вработени ќе падне на 74 илјади, а се предвидува дека трошоците за реструктуирање ќе изнесуваат околу 6 милијарди евра.„Дојче банк“ се бори со регулаторни казни, слаб профит, високи трошоци и пад на цените на акциите. „Дојче банк“ се бори со казни од регулаторите, со слаб профит, високи трошоци и со пад на цената на акциите.

Свет | пред 6 години

66346580_1800703523409810_1468517105971232768_o

(ФОТО) Општина Ѓорче Петров започна со изградбата на шеталиште за корзо

Во населбата Ѓорче Петров ќе се врати некогашното корзо. Општината планира да изгради мала чаршија со занаетчиски дуќани и кафулиња и амфитеатрална бина во реонскиот парк во Ѓорче Петров.„Започнаа подготвките за изведба на корзото во паркот-белегот на општината, симболот на ноќниот живот и урбаното живеење во Ѓорче.Во моментов во првата фаза се расчистува теренот, ќе се отстранува калдрмата и бетонските елементи од тротоарите а истовремено ќе се постави и подземна инсталација и ќе се нивелира земјиштето по што ќе следи подготовка за втората фаза за уредување на просторот.За првата фаза од општинскиот буџет се издвоени околу 6 милиони денари.Корзото најдобро го отсликуваше духот на старо Ѓорче. Да им оставиме на идните генерации наследство за кое сега постојат само сеќавања. Да ја вратиме забавата , да го вратиме духот на заедништво“, објави градоначалникот Александар Наумоски на својот Фејсбук профил.

Скопје | пред 6 години

meta

Албанскиот претседател Илир Мета пред разрешување

Албанскиот парламент, по два и пол часовна расправа, со 101 глас „за“, ја изгласа Анкетната комисија, која ќе испитува дали претседателот Илир Мета го прекршил уставот, со уредбата за одложување на изборите.Локалните избори се одржаа на 30 јуни, но причината на Мета беше дека нивното одржување ќе би било недемократско со отсуство на опозицијата која би ги блокирала. 

Свет | пред 6 години

pratenici-1

Оставката на Мемеди денеска на собраниска седница

Потпретседателот на Собранието Весел Мемеди, кој поднесе оставка на пратеничката функција, денеска на седница ќе се обрати пред пратениците, по што треба да биде констатирана неговата оставка.Арта Точи од Алијансата за Албанците е следна на листата, која би требало да седне на местото на Мемеди ако тој не отстапи од намерата да се повлече од пратеничката функција.Весел Мемеди во Собранието доаѓа од партијата НДП, а неговата партија го имаше министерското место во локална самоуправа. Со реконструкцијата на Владата, министер за локална самоуправа стана Горан Милевски од ЛДП. Мемеди оставката ја поднесе во знак на незадоволство од одлуката на премиерот Зоран Заев за разрешување на поранешниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Македонија | пред 6 години

zaev-na-telefon

Заев е сниман додека разговарал преку фиксната линија во неговиот кабинет

Првиот телефонски разговор меѓу премиерот Зоран Заев и руските комичари кои се претставија како Порошенко и Столтенбер е правен преку фиксната линија. На самиот почеток се слуша дека повикот е на чекање, односно дека повикот се префрла на друг телефон, веројатно од кај секретарката кај премиерот. Со ова, се отвора прашањето, дали телефонскиот разговор е сниман на телефонот кој е во кабинетот на премиерот Заев? Ако е така, тогаш, на руските комичари наседнале повеќе лица, кои се дел од владиниот кабинет.Оттаму се уште молк. Нема реакција, ниту демант на објавениот разговор. Потврда за тоа дека разговорот е правен преку фиксната линија во кабинетот е и тоа што премиерот Зоран Заев бара мобилен телефонски број од Порошенко (со кого мисли дека разговара). Разговорот трае речиси еден час. Заев зборува за некаква „автономија на окупирана територија“ која би ја добиле Татарите на Крим, со што би биле како Албанците на Балканот. Така тие би биле лојални до крај на Америка бидејќи целта била во „глобалната војна“ да победи Америка со Германија против Русија.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања