Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

08072019_PVRSM_Zaev_sredba_Sandri_2-1

Средба Заев-Сандри: Соработката со УНХЦР ќе продолжи со цел да се најдат решенија за евидентирање на сите лица

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претставничката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во нашата земја, Моника Сандри.На средбата, соопшти владината прес-служба, позитивно е оценета досегашната соработка на УНХЦР и Македонија и во таа насока се разговараше за тековните програми на Канцеларијата на УНХЦР во земјата и во светот, како и потребата за продлабочување на солидарноста на државите во решавањето на прашањата поврзани со бегалците.Претставничката на УНХЦР го претстави Глобалниот договор за бегалци и го најави Глобалниот форум за бегалци кој ќе се одржи во декември 2019 година во Женева. Притоа, ја покани државата да даде свој придонес во областите на социјална инклузија на бегалците и искоренување на бездржавјанството.Се разговараше, стои во соопштението, и околу можното пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата на Организацијата на обединетите нации (ООН) од 1961 година за намалување на бездржавјанството, како и за бројот на лица кои би биле опфатени со оваа ратификација и други импликации и натамошна координација.Сандри посочи дека преземајќи ги овие чекори, Македонија може да стане пример за регионот и пошироко.На средбата, беше заклучено дека соработката меѓу Македонија и УНХЦР ќе продолжи со цел да се најдат најсоодветни решенија за институционално-правната рамка за евидентирање на сите лица, на кои треба да им се обезбеди основната лична документација за да се стекнат со правен статус, кој потоа ќе им ги обезбеди сите права што ги имаат и сите други граѓани на нашата земја.На средбата се разменети мислења за состојбата со бегалците и мигрантите во Регионот и пошироко.

Македонија | пред 6 години

pavle-trajanov-web

ДС: Гоце Делчев е симбол за македонец, пред сто години секој учител морал да потпише дека е Бугарин

Демократскиот сојуз смета дека дилемите околу националната припадност на Гоце Делчев и други македонски револуционери, херои и борци за слободна Македонија претставуваат обид да се сосечат корените на македонскиот народ и значат ревидирање на историските факти и случувања. Според партијата на Павле Трајанов Делчев е Македонец кој се борел и загинал за автономна и слободна Македонија.„Гоце Делчев е симбол за македонец-револуционер кој е опеан во македонските песни и со него се поистоветуваат генерации наназат и тоа ќе го прават и идните генерации.Немаме ништо против да го слави Бугарија и нивните политички водства, но да се трвди дека тој е Бугарин кој се борел за автономна Македонија и македонска држава е хипокризија и театар на апсурдот“, велат од ДС.Од партијата на Трајанов додаваат дека во 19-от век и првата половина од 20-от век не можел некој во Бугарија да биде војник, учител или службеник ако не потпише изјава дека по националност е Бугарин, како што сега Македонците попишуваат изјава дека имаат бугарски корени за да добијат бугарси пасош.

Македонија | пред 6 години

08072019_PVRSM_Zaev_sredba_Timonie_2

Заев на средба со Тимоние: Заедно со опозицијата ќе се посветиме на решението на законот за СЈО

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, имаше средба со амбасадорот на Француската Република во земјава, Кристијан Тимоние.На средбата е констатирано дека Франција е голем пријател на Македонија и дека искреното пријателство помага во демократските и интеграциските процеси на нашата држава.Премиерот Заев информираше за споделената определба со францускиот премиер Едуар Филип во Познањ, Полска, да се интензивираат и билатералните односи меѓу двете земји, со унапредувања во повеќе области, меѓу коишто и економијата.На состанокот со францускиот амбасадор е разговарано и за имплементацијата на потребните реформи и за важноста од покажување одговорност од страна на сите политички субјекти и општествени чинители, за прашањата од државен интерес.„Силно сме посветени на практична имплементација на сите донесени закони и реформски чекори. Нашата определба како Влада е, во следниот период, заедно со опозицијата, уште пофокусирано да се посветиме на решението за Законот за јавно обвинителство. Ефикасно правосудство и борба против корупцијата се двете важни области за нашата држава, којашто е европски определена и очекува исчекор во октомври во делот на евроинтеграциите“, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата Заев, разговараше со францускиот амбасадор Тимоние и за економските чекори што ќе се преземат со цел зголемување на платите и пензиите и поголем економски раст, за граѓаните да почувствуваат скорешни директни бенефити во квалитетот на живот.

Македонија | пред 6 години

ivanka-224584

Василевска: Дали новата парола на Заев е „едно евро за Вицето, едно евро за Рашко“?

Господине Заев се правите при очи слеп, a при уши глув. Бидејќи велите дека првин сакате да ги слушнете снимките, па да побарате оставка од Рашковски, во продолжение ќе го емитуваме аудио материјалот кој излезе во медиумите, а кој индицира на криминал тежок 7 милиони евра, изјави Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Да слушнеме:Господине Заев, да имавте барем, „е“ од европските вредности кои не ги вадевте од уста, ќе побаравте оставка од Рашковски и истрага за случајот и тоа веднаш.Аудио материјалот, кој беше објавен во медиумите, ќе биде проследен до сите медиуми по оваа прес конференција, за да може господинот Заев да го слушне. Доколку и по денешната прес конференција и пуштањето  на аудио материјалот, Заев не побара оставка од Рашковски се потврдува веќе кажаното од наша страна, дека Рашковски работи исклучиво по насока на Зоран Заев и дека  авантата од 7 милиони евра е договарана во име и за лична корист на Заев.Имајќи ја предвид сериозноста на случајот, како и чувствителноста на истиот сметаме дека е крајно време Јавното обвинителство да се охрабри и да побара притвор за Рашковски.Индициите се дека Рашковски извршил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 со што му се заканува казна затвор од над 5 години затвор.Дополнително повеќе треба да се реагира, ако се земат во предвид обвинувањата на Ваљон Беља, економски директор на Клиничкиот центар во Скопје, кој кажа дека Рашковски е вмешан и со земање мито од тендери во здравството.Дали Рашковски е главниот собирач на рекет и мито за Зоран Заев, дали ја имаме новата парола на Заев - „едно евро за Вицето, едно евро за Рашко“?Одговори мора да има. Одговорност уште повеќе.Република Македонија е заробена држава. Македонскиот народ бара правда. Македонскиот народ има потреба од правна држава и институционализирање на сите случаи за кои што постојат индиции за сторено прекршување во рамките на Уставот и законите“, изјави Василевска.                                                          

Македонија | пред 6 години

66605774_2222377197878574_7224951237521702912_n

(ФОТО) Тешка сообраќајка во Ѓорче Петров

Тешка сообраќајна несреќа се случи во Ѓорче Петров кај пазарот. Во сообраќајката учествуваа два автомобили и мотоцикл.Еден од автомобилите е со искршени стакла, а делови можеа да се видат низ целата улица.Непознато е дали има тешко повредени лица, но моторот беше исфрлен на патот. На местото каде што се случи несреќата увид врши полицијата.

Скопје | пред 6 години

plaza-1

Георгиески: Нов повик за издавање под концесија на плажите кои немаат концесионер

Дел од плажите на охридското крајбрежје, кои не ги презеде во свое владение државата и натаму работат без концесија, а таму се наплаќа и паркинг и лежалки.Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески вели дека со нерегулираните односи на овој начин губат и граѓаните и општината. Тој откри дека изминативе две недели се работело на документација по однос на распишување на нов повик, со оглед дека не се случи преземањето на ингеренциите врз плажите од страна на државата.– Елаборатите се веќе подготвени, па кон крајот на оваа или почетокот на следната недела ќе биде распишан нов повик за издавање на плажите каде има услови за истиот да биде објавен, вели Георгиески. 

Македонија | пред 6 години

cmiljanovic_vladimir

Цмилјановиќ стана планетарно признат научник, пронајде лек за рак - неговите изуми ги призна целиот свет

Српскиот научник Владимир Цмилјановиќ и неговата сестра Наташа пронајдоа лек за рак, пренесуваат деновиве спрските медиуми.Србија ќе биде земјата која заедно со Швајцарија прва ќе го добие лекот. Откритието на Цмилјановиќ и на неговата сестра предизвика револуција во класичното лекување на заболените од рак затоа што лекот „бимиралисиб“, кој е прозвод на српскиот научник, се покажа ефикасен во борбата со одредени видови тумори како што е најагресивниот рак на дојка и ракот на лимфните жлезди. Освен тоа, супстанцијата која се наоѓа во лекот продира во мозокот, па постои надеж за третман и на одредени ракови на мозокот, додека типичната апликација во форма на крема или гел е ефикасна во брорбата со одредени тумори на кожата.Поради ова откритие Цмилјановиќ стана планетарно признат научник, а неговите изуми ги призна целиот свет. Лекот „бимиралисаб“ ги уништува болните клетки, а ги штити здравите, додека класичната хемотерапија, која е ужасно болна, ги уништува и канцерогените и здравите клетки и со соборува инмунитетот на и онака исцепните пациенти. Моментално лекот е во втора фаза од испитувањето, а предвидени се три фази.Покрај тоа, Цмилјановиќ руши и еден стереотип врзан за лечењето луѓе болни од рак, а тоа е дека во терапијата на болните од рак се вклучува посебна диета за да се убиваат канцерогените клетки, меѓутоа Цмилјановиќ на своите пациенти им советува да јадат здрава храна – од овошје до зеленчук и месо.Според него, овој лек го користеле негови пациенти ширум светот, но и луѓе од БиХ и од Србија.Србија сигурно ќе биде првата земја заедно со Швајцарија која ќе ги добие сите наши изуми и лекови. Моментално интензивно работиме со нашата влада, претседателот, премиерката и министрите за нашите исуми понатаму да се унапредуваат во Србија и да имаат корист нашите пациенти. Државата е мотивирана и заинтересирана да ни помогне и сигурен сум дека ќе најдеме добро решение“ изјави тој во интервју за српски Телеграф.Цмилјановиќ вели дека не соработува со ниедна фармацевтска куќа, туку отворил своја компанија.Извор: samozdravje.mk 

Магазин | пред 6 години

kosta

Георгиески: Охрид беше и продолжува да биде Светско природно и културно наследство

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денеска на Прес-конференција ја информираше јавноста во врска со одлуката на 43-та сесија на Комитетот на светско наследство на УНЕСКО, што се одржува во Баку, Азербејџан, врз основа на која Охридскиот регион нема да биде впишан во Листата на Светско наследство во опасност.– Охрид беше и Охрид продолжува да биде Светско природно и културно наследство.На 43-тата сесија на Комитетот за Светско наследство на УНЕСКО, која се одржа во Баку – Азербејџан, нашата делегацијата оствари бројни билатерални среби со претставниците на земјите членки на Комитетот на кои беа презентирани актуелните состојби и чекорите кои беа превземени во изминатот период од страна на Владата и Општина Охрид, по однос на 19те препораки на последната реактивна мисија за Охридско-Струшкиот регион од 2017 година.На сите состаноци преовладуваше исклучително позитивна атмосфера  на доверба и разбирање за аргументите и фактите околу постапките на Владата и Општината по однос на препораките на реактивната мисија. Видлив беше фактот на еднострана комуникација помеѓу комитетот и државните институции поради што голем дел од информациите или не беа стигнати до членовите или не беа соодветнo артикулирани и пренесени, истакна Георгиески.Тој нагласи дека без исклучок на сите билатерални средби во Баку, биле поздравени заложбите на Владата на Република Северна Македонија и Општина Охрид, по однос на:Ревизијата на проектот на пругата кон Република Албанија, автопатот Струга-Ќафасан, кој проект е стар 20 години и воопшто не е предмет на реализација а беше наведен како еден од забалешките на реактивната мисија во 2017-та. (Препорака број 1 ,2 и 3)Напуштањето на проектот за експресниот пат А3, Охрид – Св. Наум. (Препорака број 4)Трајно напуштање на проектот за Ски Центар Галичица , препорака број 5 .Носењето на предлог закон за мораторум на градба во Охридско-Струшкиот регион. (Препорака број 6)Носењето на планот со управување со културното наследство. (Препорака број 7 и 8)Формирањето на јавното претпријатие Колекторски систем и консолидација и модернизација на колекторот. (Препорака број 13).Изработка на елаборат за оценка на влијание на животната средина на Заливот на коските , кој покажа дека нема влијание врз животната средина и истиот е прифатен од советодавните тела на УНЕСКО, ИКОМОС и ИУЦН. (Препорака 14).Компанијата ЕЛЕМ со цел подобро управување на нивото на Охридското езеро предвиде 240.000 УСД , за воиспоставување на ситем на електронска регулација на нивото на езерото. (Препорака број 15).Регулацијата на сообраќајот во Стариот дел на градот Охрид. (Препорака број 18).Изработката на регистарот на Бесправно изградени објети. (Препорака број 9).Постапувањето по препораката број 19 и отстранување на неавтохтоните и инвазивни видови (палми) и материјали од центарот на градот (билборди),Решеноста на Владата за во рок од 6 месеци се изработи Планот за управување со културно наследство на Охридски-Струшкиот регион. – Вредно е да се напомене дека, првата реактивна мисија за охридско-струшкиот регион од Унеско била во 1998 , втората во 2013, третата во 2017 година. Во сите мисии уште од 1998година се нотирани забелешки и препораки по кои од сите влади, без исклучок не е соодветно постапувано, што резултираше со предлог до Комитетот, охридско-струшкиот регион се стави на листа на Светско наследство во опасност.Сепак, едногласен беше ставот на членките на Комитетот дека презентираните чекори, политичка волја и подготвеноста да се постапува по наодите на стручните тела на УНЕСКО, се значаен исчекор во однос на сите предходни Влади, поради што се прифати амандманот на нашата делегација во февруари 2020-та да доставиме извештај за напредок по препораките, а на следната 44-та сесија, повторно да се разгледува целокупниот едногодишен напредок на властите во имплементација и отстранување на забелешките.Остануваме отворени за сите политички и општествени чинители во градот и во државата. Нудиме соработка на експертската јавност, граѓанскиот сектор и медиумите. Но, за да имаме одржливи решенија, неопходно е партнерство со граѓаните на Охрид.Во таа насока, ја најавувам следната активност уште утре, активност според препорака број 18: Во големата општинска сала ги повикуваме жителите на Стар град од 20 часот на средба на која ќе се презентира моделот за регулирање на сообраќајот во истиот. Дополнително ќе печатиме материјали и ќе користиме и други канали за комуникација со цел да ја зголемиме информираноста кај граѓаните и да ја зајакнеме свеста за мерките кои ги превземаме. го попречуваат имплементирањето на препораките од УНЕСКО, објасни Георгиески, и потенцираше дека целокупниот процес за исполнување на препораките од УНЕСКО нема да се случи преку ноќ и нама да биде едноставен-Битката за спас на Охрид допрва ќе се интензивира. На сите полиња. Посветеноста моја како градоначалник, на Општината и на Владата е целосна и недвосмислена.Сите да си го одработиме тоа за што сме одговорни, затоа што во залог не е само Охрид туку и функционалноста на политичкиот систем во државата. Одговорност за сите. Отстапки за никого,нагласи Георгиески. 

Македонија | пред 6 години

policajka

Притвор за лицето кое од вратот на оштетените кинел и одземал накитот, па се обидел да бега скокајќи во Вардар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице, 44-годишен жител на Скопје , за сторено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.Осомничениот на 25 мај и на 5 јули извршил две тешки  кражби на дрзок начин, одземајќи накит од сега оштетените, додека тие се движеле по улица. Откако  ќе ги забележал жртвите, започнувал со следење се додека не се увери дека во нивна близина  нема други лица. Во тој момент осомничениот се доближувал и од вратот на оштетените  го кинел и одземал накитот  -  златни ланчиња. Во вршењето на кривичното дело на 25 мај учествувало уште едно, засега непознато лице.По втората тешка кражба извршена  околу 17.30 часот, осомничениот бил забележан од случајни минувачи, започнал да бега по што навлегол во водите на реката Вардар, но бил престигнат и совладан од страна на полициски службеник.Основното јавно обвинителство Скопје ценеше дека се исполнети законските основи, па до надлежниот суд достави предлог на осомничениот да му се определи мерка притвор.

пред 6 години

kopanki

Планинарскиот дом Копанки во сопственост на државата

Градоначалникот на Општина Битола донесе РЕШЕНИЕ, со кое решението за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект донесено под УП1 број 27-5932 од 21.12.2015 година со правосилност од 23.12.2015 година за бесправен објект, донесено на име Здружение Планинарски Спортски клуб Пелистер, делумно се огласува за ништовно.Во делот од диспозитивот на решението за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект, донесено под горенаведениот број, во точката два во која како носител на правото на сопственост на објектот од точка еден се утврдува лицето Здружение Планинарски спортски клуб Пелистер Битола, РЕШЕНИЕТО СЕ ОГЛАСУВА ЗА НИШТОВНО.Како носител на правото на сопственост на објектот од точка еден од решението за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект донесено под УП1 број 27-5932 од 21.12.2015 година со правосилност од 23.12.2015 година за бесправен објект во Агенцијата за катастар на недвижности-Битола, да се изврши прибележување на сопственоста во јавните книги на запишување на име Република Северна Македонија.Во натамошна постапка, Општина Битола од Република Македонија ќе го побара легализираниот објект на планинарскиот дом Копанки.

Македонија | пред 6 години

dsc002

Мицкоски го информира Пломп дека власта нема капацитет и волја за спроведување на реформските процеси клучни за влез во ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска (08.07.2019) оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Волтер Пломп.На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа Република Македонија, како и стратешките и реформски процеси кои се од голема важност за државата.Мицкоски го информираше својот соговорник за недостатокот на капацитет и волја кај власта за спроведување на реформските процеси кој се клучни за влезот на Република Македонија во Европската Унија. Тој истакна дека оваа Влада спроведува политички прогон врз членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, прогон преку кој се врши преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ја посочи и корупцијата и криминалите на власта како еден од клучните проблеми со кои се соочува Македонија, посочувајќи дека постои сериозен сомнеж дека високи државни фунцкионери се вмешани во сериозни коруциски скандали.Економијата исто така беше една од темите на кои се разговараше на средбата, лошиот животен стандард придонесува за иселување на младите што претставува еден од најгорливите проблеми со кои се соочува држава, потенцираше Мицкоски.Соговорниците се согласија дека иднината на Македонија е во европското семејство, дека стратешка цел и приоритет на нашата држава е членството во Европската Унија.На средбата беше истакнато огромноѕо значење е поддршката на Кралството Холандија за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но за тоа неопходно е земјава сериозно да се зафати со реформите, каде што за жал моментално власта сериозно заостанува, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

МВР затекна пијани возачи во Струмица и Велес

На 07.07.2019 година во периодот од 00.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Струмица е спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. Во акцијата присуство на алкохол во организмот е утврден кај 27 возачи. Исклучени од сообракај се 27 возачи и одземени се возачките дозволи. На 07.07.2019 година од 00.00 до 05.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле контрола на возачи што управуваат возилa под дејство на алкохол. Притоа, биле регистрирани 20 прекршоци, од кои во Велес седум, во Кавадарци 11 прекршоци и во Неготино два прекршоци.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Автомобил и моротцикл излетаа од патот, неколку лица со тешки телесни повреди

На 07 јули околу 15.45 часот на локалниот пат помеѓу туристичка населба Претор и туристичка населба Асамати во Ресен, патничко возило „Шкода” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С(64) од с.Горно Крушје, ресенско, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.Т.(62)од Ресен, кој бил пренесен во болницата во Ресен. Додека, возачот и други двајца  сопатници - Р.С.(37) и малолетник, двајцата од  Швајцарија, се здобиле со телесни повреди. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен. На 07.07.2019 година околу 16.40 часот на  патот с.Пресека-населба Оризари,  атар на с.Пресека, кочанско, мотоцикл  „АПН-6“ без регистарски ознаки, управуван од З.А.(56) од Оризари, излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот кој бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Кочани.

Македонија | пред 6 години

pijani

Сообраќајни контроли во Битола, Тетово, Штип

 Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, биле контролирани 1214 возачи, од кои 28 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 17 возила, брзината ја надминале 73 возачи, двајца возачи не користеле сигурносен појас, четири зборувале на мобилен телефон. На 07.07.2019 во периодот од 00.00 до 05.00 часот на тетовско-гостиварското подрачје е спроведена акциска контрола за откривње на возачи кои упрaвуваат возила под дејство на алкохол. Констатирано е дека 12 возачи управувале возило под дејсво на алкохол(ТЕ-09 и ГВ-3). Тие се исклучени од сообраќај, им биле задржани возачките дозволи и им биле издадени мандатни платни налози. Во текот на контролата биле констатирани уште 14 останати прекршоци(ТЕ-11 и ГВ-3) за кои се издадени исто толку соодветни поднесоци. На 07.07.2019 година во периодот од 00.00 -05.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, кај 30 возачи е утврдено присуство на алкохол, а еден возач одбил алкотестирање. Сите(31) возачи  биле исклучени од сообраќај и им се одземени возачките дозволи и на сите(31) издадени им се мандатни платни налози. Санкционирани се и 31 останати прекршоци.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај две лица пронајдена марихуана

На 07.07.2019 година во 23.00 часот во Тетово на улица ,,Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од слобода ги лишиле А.А. (28)  и Б. А. (21) и двајцата од село Голема Речица. При преглед кај нив  била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во полициска станица Тетово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

zemjodelci

Трипуновски: Најавената дополнителна субвенција која што требаше да се исплати до 30-ти јуни се уште не е исплатена

Денеска сум во Преспа и Преспанскиот регион на која што одржав средба со јаболко производителите и земјоделците од овој регион. На дискусијата што ја имавме главниот проблем и главниот акцент се стави на неисплатените субвенции кои што ги најавуваше Зоран Заев и Николовски тоа време, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Земјоделците ме информираа дека најавената дополнителна субвенција која што требаше да се исплати до 30-ти јуни се уште не е исплатена. Земјоделците и јаболко производителите апелираат до министерството и до Зоран Заев веднаш и сега да ги исплатат ветените субвенции. Бидејќи земјоделците се наоѓаат во една незавидна ситуација. Немаат основни средства за одржување на постоечките насади, а не пак за егзистенција на своите семејства и своите најблиски.Апелираат дека оваа ситуација е крајно алармантна затоа што ветените средства не ги добија до кога што требаше. Исто така на овие средби беше упатено дека ако во наредниот период не се исплатат субвенциите кои што ги ветуваа, земјоделците ќе бидат приморани својот револт да го искажат на улиците преку протест. Затоа што веќе се манипулираат повеќе од две години. Во предизборието ветуваа откуп и сигурен пласман на јаболката, ветуваа поголеми откупни цени, ветуваа дека откупувачи ќе се тепаат во овој регион и дека Зоран Заев и Николовски имаат план и визија за Преспанскиот регион.Две години после тоа катастрофата која што се случуваше во Преспанскиот регион бевме сите сведоци. Преку 40 илјади тони јаболка останаа неоткупени, се фрлија по каналите и по езерото. На повидок е еколошка катастрофа. Затоа на оваа средба апелираат дека веднаш и сега треба да се исплатат дополнителните субвенции од три денари. Рокот беше 30-ти јуни, а денеска сме 8-ми јули, пари на своите сметки немаат.Исто така сакам да потенцираме дека Зоран Заев, Николовски и новиот министер Димковски дека земјоделците им се на дното на приоритетната листа, или ќе ги решаваат проблемите и ќе работат земјоделците или треба да ги напуштат своите позиции. Затоа што крајно време е  да престанат да го уништуваат македонското земјоделство.ВМРО-ДПМНЕ има визија, план и проекти за подобро македонско земјоделство, за достоинствен македонски земјоделец, затоа што македонските земјоделци тоа го заслужуваат, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

zoran_zaev_obrakanje

Телефонски разговор Заев - Мицотакис: Честитки за победата на демократските избори, изразена надеж за продолжување на соработката

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев имаше телефонски разговор со Киријакос Мицотакис, претседател на Нова демократија и нов премиер на Грција.Премиерот Заев ја честиташе победата на парламентарните избори на господинот Мицотакис, при што посака просперитет и благосостојба на соседот Грција и на грчкиот народ. Двајцата премиери заеднички изразија надеж за продолжување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција, во очекување на нивната прва средба како премиери. Премиерот Заев ги потврди позициите дека Грција е стратешки партнер на Северна Македонија со којшто развиваме соработка и градиме трајно пријателство и изрази благодарност за поддршката којашто нашата земја ја добива од Грција, за членството во НАТО и за почетокот на преговорите со ЕУ.Премиерот Заев во разговорот упати признание и честитки за успешните демократски избори во Грција, нагласувајќи дека со овие избори земјата уште еднаш покажува дека е водечка во регионот, како најсилна и најстабилна демократија, долгогодишна членка на ЕУ и НАТО, што придонесува кон стабилноста и развојот на регионот.Премиерот Заев упатува во оваа прилика голема благодарност до досегашниот премиер на Грција и лидер на Сириза, Ципрас, за соработката со која беа поставени темели на трајно пријателство меѓу нашите земји и за визијата со која беше поставена основа за еден нов Балкан од кој зрачи мир, како и за храброста со која заеднички се вложија да го решат спорот кој 27 години ги попречуваше билатералните односите меѓу нашите држави и народи.   

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Од утре привремен сообраќаен режим на мостот Гоце Делчев

Град Скопје ги информира граѓаните дека од утре (09.07.2019 година, вторник), поради градежни активности за реализација на проектот „Реконструкција на дилатации на мост Гоце Делчев во двата правци“, на дел од бул. Гоце Делчев, ќе биде воведен привремен сообраќаен режим, што фазно ќе го опфати потегот од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до крстосницата со улицата Филип Втори Македонски, како и булеварот ВМРО од булеварот Партизански одреди до самиот мост.Градежните работи ќе се изведуваат во две фази, истовремено во двете насоки на движење на мостот.Во првата фаза при изведба на градежните работи, сообраќајот на потегот од Мавровка кон Влада ќе се одвива во две сообраќајни ленти, а сообраќајот на потегот од стара пошта кон Судска палата ќе се одвива само во една сообраќајна лента. Во втората фаза при изведба на градежните работи сообраќајот на потегот од улица Филип Втори Македонски кон бул. Илинден ќе се одвива во само една сообраќајна лента, додека сообраќајот во спротивниот правец ќе се одвива во преостанатите две сообраќајни ленти.Фазите на времениот сообраќаен режим се со времетраење од 20 денови по фаза, вкупно 40 денови.Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Скопје | пред 6 години

sleper-700x525

(ФОТО) Шлепер излета од патот Кичево-Охрид, се трага по возачот

Камион шлепер излетал и се превртел крај патот на патниот правец Кичево-Охрид. Сѐ уште не е познато дали возачот претрпел повреди бидејќи него го немало ниту во кабината ниту крај возилото, објави АЛСАТ-М.На местото на несреќата се собрани случајни минувачи и полициски екипи.Повеќе детали се очекуваат подоцна во тек на денов.ИЗВОР: АЛСАТ-М

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бензините поскапуваат

Регулаторна Комисија за Енергетика донесе одлука за промена на цените на бензинот и дизелот. Бензинот поскапува половина денар, а дизелот се намалува за истиот износ.Еуросупер БС 95 е сега 69 денари, додека Еуросупер БС 98 71 денари за литар, а од друга страна дизелот се продава за 61 денари по литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство е 50,50 денари литар. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Стоилковски: Не запира самоволието на власта и злоупотребите на функциите и парите од граѓаните преку вршење на повеќе функции од иста личност

Не запира самоволието на власта и злоупотребите на функциите и парите од граѓаните преку кумулација на функции, односно противзаконско вршење на повеќе избрани или именувани функции од исти личности.Ташко Дојчинов е избран Претседател на Советот на Општина Гевгелија, претседава со Советот на оваа општина од октомври 2017 година, а од октомври 2018 година, една година подоцна истовремено додека е функционер во Гевгелија, од Собранието на Република Македонија е и именуван за член на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Станува збор за кумулација на две функции, едната е избрана, а втората е именувана, што е спротивно на законот, а трае подолго време, Дојчинов ги ужива бенефитите од двете функции.За жал, иако темата постоеше во јавноста, Антикорупциската комисија не реагираше. Но, не реагираше ниту Дојчинов, кој што е свесен дека согласно членот 44 од Законот за спречување на корупцијата не смеел да биде именуван на втора функција. Тоа претпоставува негова умисла за тоа што во периодот од октомври лани до мај годинава противправно се стекнал со околу 900.000 денари. Овие најмалку 900.000 денари до мај годината, се пари кои што ги добивал по основ на бруто плата, но и закупнина за стан и трошоци во Скопје. Со тоа постојат услови за кривична одговорност и можност за враќање на парите во државниот Буџет.Бидејќи ДКСК сама не постапуваше по допрен глас, сега имаат претставка од ВМРО-ДПМНЕ со која бараме да се утврди недозволена кумулација на функции и веднаш да биде повлечен членот на второстепената Комисија за одлучување во управна постапка. Но, бараме и сите парични средства што ги има примено додека противправно извршувал две функции, 900.000 денари се само до мај, а се уште е така, Ташко Дојчинов ги врати во Буџетот.Почитувани,Македонија тоне во сиромаштија, а наместо за реализација на капитални инвестиции и економски напредок, пулените на Зоран Заев се борат за што повеќе акумулирани функционери. Но ако може премиерот истовремено да се самопредложи и за министер, тогаш што да се очекува од другите избрани функционери, освен да бидат именувани по различни комисии и управни одбори. Криминогеноста и непочитувањето на законот се основи на кланот на власт и таа состојба може да се промени само со пад на власта, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

pozar-bukovo

(ВИДЕО) Гори депонијата кај Буково

Од синоќа гори депонијата кај Буково.Противпожарната единица од Општина Охрид од синоќа е на терен и го контролира огнот. Но, дознаваме дека пожарот неможе да се изгасни целосно затоа што е во внатрешноста на натрупаниот смет, поради што единствен начин е да се затрупа сметот со земја.Инаку задолжена за одржување на депонијата е фирмата „Нефи ИК“, во сопственост на советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини. За расчистување на отпадот, фирмата на Усеини зела 48 илјади евра од ЈП „Охридски комуналец“. Во склучениот договор пишува дека фирмата треба да го затрупува отпадот. Договорот склучен меѓу јавното претпријатие и фирмата е за период од 12 месеци и важи до мај идната година.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2349895448585076/

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Поранешен претседател на Основниот кривичен суд го злоупотребил Информацискиот систем за автоматско управување со судски предмети

Основното јавно обвинителство Скопје по прибирање на сите материјални и вербални докази, денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице, поранешен претседател на Основниот кривичен суд – Скопје за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Обвинителството утврди дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, обвинетиот како службено лице – претседател на Основен суд Скопје I Скопје, со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на кривичното  дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, со пречекорување на границите на своето службено овластување. Притоа, обвинетиот потешко ги повредил правата на друг, постапувајќи спротивно на член 6 став 1 алинеја 3, 4 и 15 од Законот за управување со движење на предметите во судовите и на член 7 од Законот за судовите.Иако бил должен да ја следи состојбата на управувањето со движењето на предметите во судот, а особено формирањето на предметите, предавањето на предметите во работа и состојбите со функционирањето на автоматизираниот информатички систем за управување со судските предмети, обвинетиот како претседател на судот влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување. Имено, обвинетиот со ставање на писмен „параф“ од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот. Со ваквите дејствија, обвинетото лице на странките во така распределените предмети потешко им го повредил правото на еднаков пристап пред судот во заштитата на нивните права и правно заснованите интереси.Во текот на временскиот период кој е детално истражен од страна на надлежниот обвинител, беше констатирано дека со давање на писмен „параф“, обвинетиот наредил распределба кај конкретни судии на четири предмети доставени од страна на Основното јавно обвинителство Скопје, на два предмети кои во судот биле доставени на натамошна надлежност од Основните судови Неготино и Куманово, на 41 предмет доставен од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и на две обвиненија поднесени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје кој постапува во предметот, ги презеде потребните дејствија за расчистување на предметот и утврдување на фактите во врска со злоупотребата на системот за електронско распределување на предметите – АКМИС. По приемот на Извештајот  од извршен увид во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите  од Судскиот деловник во судовите , доставен преку Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на 29 јануари 2018 година, на 5 февруари 2018 беше поднесено барање за декласификација на извештајот до Министерството за правда. Одговорот за декласификација на извештајот од Министерствтоо за правда пристигна на 22 февруари 2018 година, по што интензивно се преземаа истражни дејствија во предметот.Во рамки на предистражната постапка, обвинителството испита 19 лица во својство на сведоци и тоа вработени во Основниот кривичен суд – Скопје, Апелациониот суд Скопје, Врховниот суд на Република Северна Македонија и Министерството за правда.Поради потребите во предметот, двајца јавни обвинители во текот на три недели континуирано вршеа увид во предмети во Основниот кривичен суд – Скопје при што е прегледана обемна судска документација.Се обезбедуваа податоци од Судскиот Совет на Република Северна Македонија, Врховниот суд на Република Северна Македонија, Апелациониот суд Скопје и Основниот кривичен суд – Скопје.Беше изготвен вешт наод и мислење од доктор на технички науки во поглед на функционирањето на системот за електронско распределување на предметите, кое вештачење, побарано со наредба од Основното јавно обвинителство Скопје  на 21 декември 2018 година, беше доставено до обвинителството на 24 јуни 2019 година.Од сите обезбедени материјални и вербални докази во текот на претходната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје најде дејствија со кои од кривично правен аспект се исполнети битните елементи на наведеното кривично дело од само едно лице – сега обвинетиот поранешен претседател на Основниот суд Скопје 1 Скопје.Согласно Законот за судовите, Законот за Судскиот совет на Република Македонија и Законот за управување со движење на предметите во судовите постојат законски можности Судскиот совет на Република Северна Македонија доколку во рамките на своите надлежности најде пропусти за други претседатели на судовите или судии може да поведе постапка за нив, согласно законските одредби. 

пред 6 години

nlb

Утрово ограбена експозитурата на НЛБ Банка во општина Сарај

Утрово во експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во општина Сарај се случи грабеж од страна на вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба, велат од банката.Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета. Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со Банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите, за што јавноста ќе биде дополнително известена.Средствата на клиентите се сигурни бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства, велат од НЛБ Банка АД Скопје. 

Македонија | пред 6 години

goran-manojlovski

Вооружени полицајци го претресувале автомобилот на пратеникот Манојлоски - во знак на револт тој ја напушти седницата на Комисијата за труд и социјална политика

Заменик претседателката на собраниската Комисија за труд и социјална политика Весна Пемова денеска ја прекина седницата поради немање кворум, откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски ја напушти седницата во знак на револт, како што кажа, поради инцидент што му се случил на пат кон Собранието.Имено, Манојлоски рече дека утрово кога одел на работа кон Собранието на кружниот тек во скопската населба Ѓорче Петров бил запрен од страна на вооружени полицајци кои, како што посочи, и покрај тоа што им кажал дека е пратеник му рекле да излезе со цел да извршат претрес внатре во возилото.Тој рече дека нема да се враќа на работа во собраниските комисии додека не добие официјално известување од страна на министерот за внатрешни работи или МВР  во врска со настанот.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања