Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Судар меѓу моторцикл и автомобил во Скопје, едно лице тешко повредено

Вчера на крстосница од улиците „Втора Македонска бригада“ и „Боро Менков“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Л.(34) од Скопје и патничко возило „Цитроен Ц3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(47) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Г.Л. и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.  

Скопје | пред 6 години

motor

Младо момче настрадало во сообраќајка, итно пренесено во болница

Вчеравечер на крстосница од улиците „М.Тито“ и „Т.Арсов“ во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Сеат Кордоба“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.В.(41) од Виница и мопед „Априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Ф.С.(18) од с.Истибања, виничко.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ф.С. и бил пренесен Јавнатa здравствена установа Виница. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Виница.

Македонија | пред 6 години

koli-vozila-ulica-ramstor-skopje

Ужасна статистика од викендов во Скопје: Фатени 130 возачи што возеле брзо, 51 пијано лице, 74 без возачка

Во текот на изминатите денови (05, 06 и 07.07.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 130 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 137 возачи од кои: 51 возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 74 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 16 возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така, исклучени од сообраќај се и 60 возила од кои 59 бидејќи не биле регистрирани и едно поради претовар.Санкционирани се 17 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца возачи поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила на крстосница, 65 возачи на мотоцикли, 12 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 27 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 143 мандатни платни налози и 107 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 6 години

kuce

Кучиња искасале малолетно дете на Партизанска

Вчера во Полициската станица Центар, О.Ф.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Капиштец“ бил каснат од куче скинтник во пределот на левата нога.Истиот ден во 22.50 часот во Полициската станица Карпош, Б.Б.(45) од Скопје пријавил дека на булевар „Партизански одреди“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник  во пределот на левата нога.

Скопје | пред 6 години

pozar-pariz-1

Поради расипан телвизор му се запалила куќата на маж од Пробиштип

Вчера попладнето било пријавено дека во с.Дорфулија, општина Лозово, во куќа сопственост на М.Ј.(61) од Пробиштип поради дефект на телевизор настанал пожар.Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Свети Николе. Повредени лица нема.Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Македонија | пред 6 години

zadar-nevreme

(ФОТО) Граѓаните на Задар не паметат вакво невреме – паѓале дрвја, оштетени се повеќе автомобили и кампови

Силно невреме го погоди вчера Загреб и предизвика големи штети. Според медиумите, во невремето минатата ноќ паднале повеќе дрва, оштетени се голем број коли и кампови. Пожарникарите биле повикани на десетици интервенции.Бројни дрвја се урнале од силниот ветар, а според Zadarski.hr голема штета претрпел новиот камп во Борик, каде се оштетени камп куќички и сместувачки капацитети.https://www.facebook.com/branko.dukic.zadar/posts/837067143331724

Свет | пред 6 години

inspektor-ilievski-696x445-2

Инспекторот Илиевски преку писмо до директорот на Државниот просветен инспекторат, открива „заканувачки“ писмени дописи

На 4 јули 2019 година на домашна адреса ми пристигнаа „заканувачки“ писмени дописи поднесени од директорот на Државниот просветен инспекторат, Томе Спироски, и од раководителот на секторот, Африм Саљиу. Дописот е опомена пред тужба за навреди и клевети, како што се наведува (содржината е иста) „искажани невистини изнесени во јавноста на 7 и на 11 јуни 2019 година на Факултети.мк, ТВ 21, Инфомакс.мк, Алфа ТВ, Нова Македонија, ТВ Телма, Инфомакс.мк и други медиуми, кои бараат преку истите портали во рок од 48 часа од моментот на добивањето на предметната опомена да се произнесам со ставови кои ќе значат демантирање на претходно напишаното и изреченото и јавно да се извинам...“, објави .fakulteti.mk.Само да ве потсетам вас, поднесувачите на заканите на „Опомена“, на мал историјат.На ден 9 мај 2019, вие, директоре, свикавте состанок за наредниот ден со Одделението за високо образование во 9 часот, во вашата канцеларија. Беа повикани сите инспектори од високо образование и јас како раководител на тоа одделение.На тој состанок, кој беше организиран и подготвен од вас и раководителот на секторот Африм Саљиу, целосно се разговараше за извршениот инспекциски надзор на Универзитетот во Тетово-Правен факултет, а по однос на унапредувањата во наставно-научните звања, особено за моите констатации од надзорот на јавните државни владини функционери. Вербално грубо ме нападнавте, во присуство на колегите, да се повлечат записниците и да не се праќаат решенија, оти ќе сум имал последици. Ако не ги повлечам записниците и не смеам да пуштам решенија, ќе ми се одземаат предметите, може да има дисциплинска и слично. На тоа се надоврза и раководителот на секторот, Африм Саљиу, кој целосно ве поддржа, почна да ни чита членови од Законот за високо образование на нас, инспекторите, небаре ние не го знаеме Законот.На вака организираниот состанок од вас двајца, јас како раководител во одделението за инспекциски надзор за високо образование, зедов збор и истакнав дека јас со долгогодишно работно искуство, а од јануари 2020 година одам во пензија, сакам професионално и законито да работам, и законитоста да дојде до израз, а не политиката која сакате да ја спроведувате. Ви кажав дека јас сум самостоен инспектор, стојам зад тие констатирани незаконитости, се потпишувам и одговарам. На тоа, вие, директоре, ми упативте закани дека ќе имам последици и дека може да ми ги одземете предметите (по втор пат кажавте) и дека ќе се поведе постапка против мене. На тоа ви одговорив дека може да правите што сакате, но јас сакам професионално да си ја завршам работната кариера, а за ваквите закани ќе бидат информирани домашните и странски институции, Државната комисија за спречување на корупција, како и средствата за јавно информирање. Како што и направив и пак ќе го правам со факти и аргументи кои ги имам и пред средствата за јавно информирање, нели сме правна држава. Воедно ви истакнав на состанокот (пред другите колеги) дека од страна на Универзитетот по добиените записници немам нивно произнесување. Да биде изненадувањето поголемо на самата седница, вие, директоре, во координација со раководителот на секторот (кој беше премногу загрижен бидејќи има посебен конфликт на интереси на Правниот факултет при Универзитетот во Тетово, оти таму како асистент работи неговата ќерка), на состанокот ми го покажавте произнесувањето на Универзитетот во Тетово по записниците, заведени од архивата на Државниот просветен инспекторат на 8 мај 2019 година, како и некои договори за интелектуални услуги. Произнесувањето и договорите за интелектуални услуги лично ги добил раководителот на сектор Африм Саљиу, без никаква достава до поднесувачот на записниците, а од вас, се сеќавате (сигурно), на самата седница го примив произнесувањето и добиените договори за интелектуални услуги (напишав дека е примено на 10 мај 2019 година) кои ги вршеле јавните функционери, објави .fakulteti.mk.Да биде изненадувањето уште поголемо, на самата седница од вас ги добив пликата со поштенски картончиња каде што на 8 мај 2019 година ги испратив решенијата за УТ кои ги доставив преку архивата на Државниот просветен инспекторат. Каков е овој однос, зошто прикривање кога има незаконитости. Зошто заканување? Кои се интересите? Кој треба да биде навреден, јас или вие? Јасна е играта - нападот е најдобра одбрана. За целокупната состојба цела документација е доставена до Државната комисија за корупција и до кабинетот на премиерот Заев.Информиран за состојбата лично беше и министерот за образование и наука Арбер Адеми, кој татковски ме молеше да се забошоти и прикрие целиот случај. Односот на министерот беше коректен, за разлика од заменик-министерот за внатрешни работи, кој бараше да се сокрие целиот случај, а и со укажување дека имам семејство и деца.Зошто вие не реагиравте во одбрана на вашиот вработен?Вака исто не реагиравте кога бевме нападнати јас и колегата на Меѓународниот универзитет во Струга, туку од ваша страна бевме критикувани зашто се испратени писмени дописи до сите институции и средства за јавно информирање. Вашата дадена наредба како директор е чин на прикривање, забошотување на вистината што се случува во нашата институција. Но, да знаете доколку не сте знаеле. Јас сум експерт по детски и човекови права, а не роб, како што вие очекувате да бидам. Ќе почекате. Кој треба да биде навреден, јас или вие. Нејсе.Продолжувате со допис за мене добиен на своето работно место (на ден 4 јули) од вработен во инспекторатот. Тој допис (бр.09-552/1) од 2 јули 2019 година, меѓу другото „... барате да се произнесам во писмена форма како настапувам, пред медиумите (Факултети.мк, Инфомакс.мк, во весникот Нова Македонија, ТВ Алфа, ТВ Телма и други медиуми), изнесувам информации од Државниот просветен инспекторат во врска со извршениот инспекциски надзор кој се однесува на работењето на Државниот просветен инспекторат...“Директоре (колега) Спироски, пред да ви одговорам на дописот од 2 јули, само да ве потсетам дека јас бев примен од францускиот амбасадор во нашава држава г. Кристијан Тимоние, кому му дадов мои книги во кои пишувам за „Состојбите и потребите за квалитет во високото образование“. Да ви кажам дека бев добро примен од амбасадорот, кој мошне добро ги познава состојбите во високото образование кај нас. Тој воедно е лично запознат за овие и други јавни функционери. Тоа вас ви пречи. Ќе се радувам ако и вие напишете нешто за „О“.Да ви одговорам за вашиот допис:Сакам да ве замолам, врз основа на кои ваши овластувања ги црпите ваквите ингеренции да ме задолжите да ви одговорам во писмена форма? Ве замолувам да ми доставите опис и попис на вашето работно место и конкретно овластување како би можел да постапам по вашето барање. За ова однапред ви благодарам за соработката и разбирањето.А сега за „застрашувачката опомена пред граѓанска тужба за навреди и клевети“, барам да ми одговорите:- Дали извршените редовни инспекциски надзори, конкретно во однос на наставно-научните звања се согласно Годишната програма за работа на Државниот просветен инспекторат;- Дали инспекторите, како и јас како нивен раководител, имавме патни налози за извршување редовен инспекциски надзор на Универзитетот во Тетово и потпишани од вас? Дали имаше подготвено акционен план за извршување на инспекциски надзори на јавните и приватните факултети, како и за научните институти. Ако „не се сеќавате“, сигурно ќе ве потсети инспекторот Африм Саљиу. Ако и тој не се сеќава, ве упатувам да побарате од Државната комисија за корупција, таму има целокупна документација;-Дали вие лично бевте целосно запознаени од мене и другите колеги од извршениот редовен инспекциски надзор?;-Дали сте запознаени со целокупната документација од инспекцискиот надзор?;-Дали бевме заедно на средба кај министерот за образование и наука и отворено зборувавме за неговото и другите унапредувања во наставно-научни звања и интелектуалните услуги кои ги изведувале и за кои земале парични средства? Дали татковски ме замоли да се сокрие целиот случај, бидејќи е скандал?;-Дали од ваша страна беше стопирано од архивата (на инспекторатот) да не смее да одат дописи кон Универзитетот во Тетово?;Kолега Африм, дали вашата ќерка работи на Правниот факултет како асистент, каде што вие извршивте вонреден инспекциски надзор? Ако е да, а е да, тогаш јавно да ѝ се извините, пред сѐ, на вашата ќерка, бидејќи има конфликт на интереси, односно непотизам. Колега Африм, дали сте награден од страна на министерот за образование и наука со добивање посебна канцеларија на 9. кат? Нека ви е честито!Што ќе добијат колешките Даниела Кироска и Христина Јовановска, ќе покаже времето. Се залагаме за едно општество за сите. Законите важат еднакво за сите?!Сакам да ги известам македонските граѓани, а и вас како „навредени и клеветени“. Јас не ве послушав (вас навредени...) и покрај заканите, да ги сокријам записниците и решенијата од инспекцискиот надзор, туку ги информирав домашните институции, кабинетот на премиерот Зоран Заев, странските амбасади во нашава држава, а пред сѐ, Државната комисија за корупција. Само да знаете дека е поднесено писмено барање од моја страна како раководител во одделението за инспекциски надзор за високо образование до Инспекцискиот совет за поведување дисциплинска постапка за тројцата инспектори Африм Саљиу, Даниела Кироска и Христина Јовановска за несовесно и нестручно работење (согласно член 16-а став 13 и член 19-а став 2 алинеја 1, член 19-б став 15 и член 45 став 6 од Законот за инспекциски надзор), исто така до Основното јавно обвинителство и Управата на финансиската полиција за поведување постапки за истрага за злоупотреба на користење парични средства за јавни функционери за извршување интелектуални услуги, како и со барање кривична пријава против вас директоре, Томе Спироски, кој искажувате на „АЛСАТ М“) дека од вонредниот инспекциски надзор на Универзитетот во Тетово-Правен факултет „нема незаконитости во унапредувањата на јавните државни функционери Арбер Адеми и Агим Нухиу. Ај аирлија.А за оној третиот, директорот за индустриска сопственост, ни збор што унапредувал од асистент во доцент и вонреден професор. Каде е вашиот професионален однос и на инспекторите? Зошто се кријат записниците од извршениот вонреден инспекциски надзор (06.06.2019 г)? Иако ги барав, не ми ги давате, а јас сум раководител на одделението... Со ова треба да се позанимаваат премиерот Зоран Заев и „вториот премиер“ Али Ахмети, како и институциите. Проветрувањето треба да почне и во Државниот просветен инспекторат. Дали ова е навреда и клевета. Не, само вистина и таа треба да дојде до израз.Барам од директорот Томе Спироски и инспекторот Африм Саљиу, во рок од 8 часа да ѝ се извинат на институцијата Државен просветен инспекторат, затоа што во таа институција има чесни, совесни и професионални просветни инспектори.За ова ќе бидат информирани кабинетот на премиерот Зоран Заев, „вториот премиер“ Али Ахмети и сите домашни и странски амбасади во нашата држава, како и средствата за јавно информирање, со цел едно општество за сите и законот да важи за сите еднакво. Текстот е превземен од : .fakulteti.mk 

Македонија | пред 6 години

56248128_2143886405667315_207757206014132224_n

Ќе уништи ли Мицотакис сè што изградија Заев и Ципрас?

Алексис Ципрас заминува, на сцена стапува Киријакос Мицотакис. Владиното кормило во Атина го презема лидерот на Нова Демократија. Десничарската партија се враќа на сцената со убедлива победа на предвремените парламентарни избори и, според освоените резултати, ќе може самостојно да формира влада. Ваквиот епилог по изборите во Грција не е изненадување, напротив - беше и очекуван по поразот кој Ципрас го претрпе на изборите за Европскиот парламент.Но она што е неизвесно е каква ќе биде политиката на новиот грчки премиер, посебно кон северниот сосед, со кого неговиот опонент Ципрас постигна историски договор со кој е надминат деценискиот спор за името. Односот на Мицотакис кон Договорот од Преспа е добро познат во јавноста и е доминантно критички. Оттука и дилемите, дали неговото стапување на владината сцена во Атина, значи и проблем за властите во Скопје? За дел од упатените, ваквото сценарио е малку веројатно:„Новата десничарска влада потекнува од едно традиционално политичко семејство и покрај големите заложби и разни форми на ветувања дека ќе се обидат да го смалат значењето на Договорот и евентуално поништат, во суштина сметам дека тоа нема да се случи. Пред неколку дена тој и самиот рече дека тоа е неизводливо во овој контекст, односно изводливо е доколку и другата страна реагира на сличен начин. Во политиката сѐ е можно, но засега сметам дека и новиот состав на грчкиот парламент на чело со Нова Демократија, но и нашата опозиција, која го оспорува Договорот од Преспа, ќе покажат задоволство односно еден вид скриено задоволство дека сепак проблемот е решен без жртви и без поголеми политички цени особено од страна на Атина.Сѐ нема да оди така лесно!?Подобрувањето на билатералните односи немаат алтернатива, но во наредниот период тие нема да зависат само од официјално Скопје. Дел од упатените предупредуваат дека со Мицотакис, работите нема да одат така лесно, пред сѐ во делот на евроинтеграциите:„Уверливата победа на Мицотакис потврдува дека Македонија се соочува со нова реалност на јужната граница и дека сите закани кои лично лидерот на Нова Демократија ги најавуваше, дека ќе ја попречува нашата земја во сите поглавја при евентуалните преговори со ЕУ стануваат реалност. Нема сомневање дека проблемите при почетокот на преговорите со Унијата ќе следат и од Грција и од Бугарија. Со други зборови, колку да е неизвесно дека Македонија ќе добие датум за преговори во октомври, што е речиси неверојатно да се случи, меѓутоа и да дојде до тоа, ќе биде соочена со нови предизвици, нови пречки, кои ќе водат во понатамошно разбивање на националното македонско ткиво во државата“, коментира поранешниот дипломат Ристо Никовски.ЦЕЛАТА АНАЛИЗА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА DW.com

Македонија | пред 6 години

gasenici

Отровни гасеници во Германија: Затворени базени, ресторани, паркови и автопати

Гасеници-напаѓачи со токсични влакна предизвикаа паника во некои делови на Германија, што доведе до затворање на базени, ресторани, јавни паркови и делови од автопатишта.Дабовите гасеници, кои се така наречени поради нивниот престој меѓу дабовите дрвја со кои се хранат, имаат убави, долги влакна со воспалителен токсин, што може да предизвика образување на меури, вртоглавица и астматични напади.Подолг период, гасеницата е релативно ретка појава во Германија, која се наоѓа само во изолирани шумски области. Но поради годинешната мека пролет и топло, суво лето, откриени се голем број гнезда на дабови гасеници низ целата земја. Особено се погодени градовите во Бранденбург, Саксонија-Анхалт, Баден-Виртемберг, Баварија и западниот дел на Северна Рајна-Вестфалија.Во Минстер шест лица морале итно да направат операција на очите. 

Свет | пред 6 години

mercedes-vladin-224488

F2N2: До 30 проценти поевтино набавени гумите за мерцедесот на Груевски

Педесет и три илјади евра и до 30 проценти пониска вредност за автомобилски гуми ќе плати Владата преку Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за набавка на 16 пневматици (осум зимски и осум летни), за три блиндирани возила сопственост на Владата преку СОЗР, кој има можност да се искористат и платат не во рок од една година, како што било пракса досега, туку се до моментот на потребата за замена на истите.Тоа се наведува во текстот „До 30 проценти поевтино набавени гумите за блиндираниот мерцедес“ што го објавува сајтот „Борба против лажни вести и наративи“(F2N2).Потребата за акцентирање на вредноста и дополнително објаснување за значењето на пневматиците што се набавуваат за трите блиндирани возила на Владата со кои управува СОЗР,  истакнува во анализата F2Н2, е како резултат на објавување неточни  информации и пласирање вести кои доведуваат до креирање невистинита, лажна слика за трошоците околу набавка на гуми за кои согласно договор постигнат со јавна набавка преку електронскиот систем за јавни набавки, се трошат пари од Буџетот на државата.Во анализата стои дека годинава првпат цените се драстично пониски од оние за кои се набавувани пневматици за блиндираните возила на Владата од 2014 година наваму. Ако се направи споредба на карактеристиките на гумите договорени со јавната набавка за оваа и следната година, посочуваат, договорот нуди три клучни предности.Цената е драстично пониска за 28 проценти за летните и за 30 проценти за зимските гуми, наведува F2N2, повикувајќи се на договорите за набавка на пневматици за блиндирани возила од 2014, 2015, 2017, 2018-2019 и за 2019-2020 година.  Првпат, стои во анализата, се набавуваат гуми со специјална заштита, односно кит гел за PAX систем, односно гуми со специјална рабна заштита и можност  да бидат во употреба и во услови кога пневматиците се оштетени односно гумата е пробиена.

Македонија | пред 6 години

Kir-akos-Micotakis

Ердоган прв му честиташе на Мицотакис

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган беше првиот странски лидер што му ја честиташе победата на Кирјакос Мицотакис, по денешните парламентарни избори, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, Ердоган му честитал и му посакал успех на Мицотакис во водењето на земјата, а лидерот на Нова демократија и нов премиер на Грција му се заблагодарил и рекол дека очекува одново отпочнување билатерални односи врз основа на почитување на меѓународното право и со дијалог во корист на двата народи.Ердоган прв му честиташе на Мицотакис | opserver.mk

Свет | пред 6 години

vmro-1

ВМРО ДПМНЕ: Се додека Зоран Заев седи на премиерската фотелја, Македонија ќе е загубена држава

Република Македонија под водството на криминалната банда и аболицираниот Заев е загубена држава. Држава во која граѓаните ја загубија надежта дека може да биде подобро, во која никој не верува дека може да има пристоен живот, дека економската состојба може да се подобри, држава во која нема правда, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Отсуството на правната држава, негативно се одразува на сите аспекти од животот на граѓаните. Башибозукот на криминалната банда на власт ги одвраќа странските инвеститори, го девалвира целиот државен апарат, влијае врз одлуката младите да си заминат од државата, директно им штети на граѓаните. Повеќе од очигледно е дека за шерифите на Заев не важат законите, па можат да прават буквално се што сакаат.Во рок од само две ипол години македонската јавност беше сведок на стотици скандали на власта, кои направија граѓаните да ја загубат надежта во сопствена држава.Дали во било која Европска држава човек кој како што сам вели работи спротивно на законите може да биде носител на државна функција. Само во Македонија на Зоран Заев, Драги Рашковски може се уште да е Генерален секретар на Влада, откако навреди голем број свои сограѓани како и народот на држава партнер како Италија. Само со Зоран Заев како премиер, човек за кој цела Македонија слушна како местел тендери може да биде носител на јавна функцијаДа не заборавиме на монструозноста на Курто Дудуш кој беше пријавен, дека киднапирал и измачувал човек. Овој човек се уште е градоначалник на општината Шутка од редовите на СДСМ и покрај фактот што цела Македонија слушна како тепа и измачува граѓанин на општината со која самиот раководи.Зоран Заев заборави и на својот довчерашен соборец Павле Богоевски кој на целата македонска јавност и призна дека порачувал нелегална опојна супстанца. Дали само поради фактот што тој беше пратеник од редовите на СДСМ, за него не се води кривична постапка?Кој ги прислушуваше обвинителите? Зоран Заев го заташка и мега скандалот со прислушкувањето на вработените во Основното јавно обвинителство. Се уште нема одговор кој и зошто прислушкувал, нема одговор каде завршиле снимките од обвинителите, дали можеби добро познатиот за македонската јавност воајер, Зоран Заев овие снимки ги користи за уценување на обвинителството и купување на личната слобода и слободата на бандитите на власт.Се додека Зоран Заев седи на премиерската фотелја, Македонија ќе е загубена држава. Правда нема да има се додека овој човек ја злоупотребува својата позиција да го штити својот и криминалот на своите сопартијци и пајташи. Кога тој ќе си замине, правдата во и за Македонија ќе се врати, а тогаш ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот. Одговорност ќе има и за оние кои со молк ја амнестираат бандата и не постапуваат согласно своите законски обврски, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

h_55327890-768x509

Мицотакис свесен за тешкотиите: Пресудата на Грците е јасна!

Свесен сум за историската одговорност што ми ја доделивте, рече Кириакос Мицотакис, во обраќањето до јавноста по објавувањето на првичните резултати од предвремените парламентарни избори во Грција, според кои неговата партија Нова демократија освои победа.„Суверениот грчки народ вечерва проговори, неговата пресуда е јасна. Општеството сака да тргнеме напред и да се обединиме, сака раст, работни места, безбедност. Ќе бидам премиер на сите Грци. Ќе работиме за да ги убедиме нашите сограѓани кои не нѐ поддржуваа, малку сме поделени и имаме многу да правиме заедно“, рече Мицотакис.Ја преземам власта, додаде тој, свесен за тешкотиите, но имам доверба во моите сили и ќе ја остварам мисијата што ми ја доделивте.Тој најави дека новата влада ќе работи напорно.„Јас сум посветен на помалку даноци, многу инвестиции, развој, ефикасна држава. Транспарентноста, одговорноста и меритократијата се враќаат во земјата. Нашиот национален глас се зајакнува во Европа. Почнуваме сега. Владата ќе работи цело лето. Не барам грејс период. Немаме време за губење“, порача Мицотакис.

Свет | пред 6 години

24c88c64d302c787-2827d

Тимоние вели дека бомбите за Рашковски го загрозуваат влезот на државата во ЕУ

Бомбите за Драги Рашковски го загрижуваат францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, кој смета дека скандалот го нарушува угледот на државата меѓу потенцијалните инвеститори но се загрозува и европската перспектива. Во интервју за Радио Слободна Европа, Тимоние вели дека треба да се стави крај на праксата со прислушувањето во функција на политичкиот живот.-Во однос на генералниот секретар ќе кажам дека е неопходна транспарентност во економскиот живот, особено кога станува збор за тендери. Но, сигурно дека тој начин на функционирање преку објавување на „бомби“, преку прислушувани разговори како регулатор на политичкиот систем, поставува голем број на прашања, во врска со компатибилноста со европскиот систем, и затоа јас велам дека толку едноставно да се даде датум за почеток на преговори не мислам дека може да го промени сето ова. Затоа ние тука очекуваме докази, затоа што станува збор за целокупното општество, политичкото, но и целото општество кое треба да се најде во таа динамика, изјави Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција.

Македонија | пред 6 години

66358528_2550749741622637_8839105281431437312_n-768x576

ВИДЕО: Ужасно невреме во Хрватска

Делови од Хрватска се зафатени со пoроен дожд, грмежи, силен ветер и град. Европскиот центар за предвидување бури издаде предупредување од највисок, трет, степен за копнениот дел на Хрватска, а за Далмација е издадено предупредување од втор степен, објави Индекс.хр.Невреме има во Риека, Истра, Кварнер, Горски Котар, Загреб, Славонија и на други места.https://www.facebook.com/RIMETEO/videos/1647829165351720/ „Радио Ријека“ јави дека за само десет минути, меѓу 12 и 20 и 12 и 30 часот, температурата во Риека паднала за осум степени Целзиусови. Градот бил зафатен со пороен дожд и ветер со јачина од 75 километри на час.

Свет | пред 6 години

ohrid-sonce-vreme-vremenska

Временската прогноза ќе ве изненади

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, претежно во северните и западните делови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 9.Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 32 Целзиусови степени, Маврово 25, Охрид 31, Битола 34, Кавадарци 35, Крива Паланка 28, Берово 29, Дојран 27 степени.Прогнозата за утре е сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне, претежно во северните делови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во Скопје 32, Маврово 24, Охрид 30, Битола 32, Крива Паланка 28, Кавадарци 35, Берово 28, Дојран 37.

Македонија | пред 6 години

cipras

Ципрас со крената глава: Ја прифаќаме одлуката на народот

Граѓаните ја донесоа нивната одлука, целосно ја почитуваме одлуката на народот, рече грчкиот премиер во заминување на почетокот на неговото обраќање пред новинарите, но и пред јавноста од прес центарот во салата за конференции Запио, јави дописничката на МИА од Атина.-Се боревме и постигнавме многу секогаш со крената глава и сега, повторно со крената глава ја прифаќаме одлуката на народот. Со крената глава бидејќи знаеме дека Грција што ѝ ја предаваме на новата влада нема никаква врска со тоа каква беше Грција кога ја презедовме, истакна Ципрас.Грчкиот премиер во заминување рече дека стапил во контакт со Кирјакос Мицотакис за да му честита за победата и утре ќе го прими во премиерската палата за да му ја предаде функцијата.Алексис Ципрас истакна дека тие ќе бидат одговорна и динамична опозиција, а говорејќи за изминатите четири години рече дека донеле тешки одлуки и презеле тешка политичка цена, кое и денес го плаќаат, бидејќи „изборната доминација на Нова демократија е јасна“ и додаде дека изборниот резултат не е стратешки пораз за СИРИЗА-Денеска, за нас, за мене, за СИРИЗА се затвора еден голем и тежок циклус, рече Ципрас, истакна дека ќе разгледаат се што сториле и она што било правилно но и грешките што ги направиле и ќе ја презеде одговорноста.

Свет | пред 6 години

pozar-kisela-voda-1

Нема скара на отворено за „Лето без пожари“

Неконтролираното палење скара може да предизвика штети од големи размери. 746 пожари на отворено се регистрирани од почетокот на годинава само во Скопје. Превенцијата е еден од начините како да се заштитат граѓаните но и животната средина. Високите температури се причина повеќе граѓаните да постапуваат совесно.Полицијата ги запираше граѓаните кои беа дојдени на средно Водно за да им укаже на што најмногу да внимаваат.Граѓаните сметат дека  свеста за тоа каде се  фрлаат  отпушоците се уште не е развиена во државата.Последен поголем пожар во Скопје беше на Скопска Црна Гора во мај годинава кога изгоре голема дрвна површина. Според надлежните пожарот беше подметнат. Од крај на март на сила е забраната за движење во шуми. Лицата кои ќе бидат забележани дека се движат во овие предели ќе бидат казнети од 1500 до 2000 евра. Забрането е палење стрништа, плевер и други растителни отпадоци во ловишта а казните се од 1500 до 3000 евра.

Македонија | пред 6 години

albanija-111

Албанија откажа учество на самит поради Косово: Остануваме заедно

Албанскиот министер за надворешни работи, Гент Цакај, соопшти дека Албанија го откажала учеството на Самитот за процесот за соработка во југоисточна Европа во Босна и Херцеговина (СЕЕЦП) во знак на солидарност со Косово.Тој на „Твитер“ напиша дека односот на организаторите на Самитот кон Косово е неприфатлив и дека е во спротивност со целта за создавање на атмосфера на доверба, добрососедски односи и стабилност.„Нема соработка без еднаков третман. Остануваме заедно“, порача Цакај.Претходно, претседателот на Косово, Хашим Тачи, рече дека нема да учествува на Самитот затоа што, како што наведе, повикот од претседавачот со Претседателството на БиХ, Милорад Додик, е понижувачки затоа што Косово не е третирано како останатите држави учеснички.Додик рече дека Косово е покането на Самитот во формат кој е предвиден за такви состаноци и дека не го интересираат чувствата на Тачи.Учеството на Косово на СЕЕЦП е решено во 2014 година со согласност на сите ученици кои не го признаваат Косово, а тоа се Србија, Грција, Романија, Молдавија и БиХ.Според тоа решение, Косово се откажува од својот субјективитет како независна држава и прифаќа во СЕЕЦП да влезе како недифиниран субјект Косово, со фуснота.Самитот почнува утре, а ќе се одржи во Сараево и на Јахорина.

Свет | пред 6 години

zaev-nova-vlada

Заев нема ништо против новиот автопат да се вика „Гоце Делчев“

Премиерот Зоран Заев нема ништо против името на автопатот Миладиновци-Штип да остане „Гоце Делчев“. Оваа одлука е донесена од претходната власт уште кога почна изградбата на делницата и е објавена во Службен весник. Заев вчера рече дека не е запознаен со таквата одлука но оти ќе ја почитува.„Ако е така така ќе остане. Нема потреба од промена. Ако има завршено веќе процедури околу именувањето на патот одлично“, изјави премиерот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ципрас ги загуби изборите

Според првичните неофицијални резултати од предвремените парламентарни избори во Грција, Нова демократија е победник со околу 8,5 отсто разлика во однос на СИРИЗА и доволен број пратеници за да формира еднопартиска влада.Според прелиминарните резултати, коишто ги пренесува „Катимерини“, Нова Демократија освоила 158 пратенички места, наспроти 86 на СИРИЗА. Парламентот во Грција има 300 пратенички столчиња. Следуваат резултатите од изборите според освоени пратенички мандати:

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Забрана за тешки товарни возила, нема гужва на граница

Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.Временските интервали се следни: петок: 17:00 – 22:00 часот, сабота: 09:00 – 18:00 часот и недела: 09:00 – 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.На магистрален пат А2: Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите. Временските интервали се следни: петок: 15:00 – 22:00 часот, сабота: 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и недела: 07:00 – 22:00 часот. Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Патниот превец од нас.Драчево кај пругата до с. Долно Лисиче кој беше затворен поради асфалтирање, моментално сообраќајот е нормализиран. Во иднина се планира повторно асфалтирање.Ј. П. Македонија Пат известува дека поради изведување на градежни работи на пат (асфалтирање) на регионалниот патен правец Р2344, населба Чашка – с. Голозинци, од 26.06.2019 год. (среда) сообраќајот ќе биде во прекин секој ден, освен во недела, од 10 – 16 часот во наредните два месеци.Страбаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.Од 19.06.2019 се изведуваат градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, за што има промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци.Виадукт трејд известува дека од 22.05.2019 се изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес – Штип при поставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Друштвото АСФАЛТ ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека поради изведување на градежни работи за рушење на старата наплатна станица Градско, во период од 20.05.2019 до 17.08.2019 на магистралниот пат А1, делница Велес – Градско, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрението на времен режим на сообраќај.Од 09.05.2019 на патниот правец Р1201 Маврово – Дебар кај с. Скудриње, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на;-наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 (делница Демир Капија-Гевгелија)-наплатна станица Демир Капија во период од 11.04.2019 до 18.09.2019 (делница Неготино-Гевгелија)Г. П. Илинден – Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.Г. П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.„Виадукт трејд“ од 05.03.2019 изведува градежни работни активности за времен режим на сообраќај на потег од бензинска пумпа Мак Петрол на улица ЈНА по крстосница со пат за с. Вруток, Општина Гостивар.Страбаг врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово – Попова Шапка, која ќе трае до крајот на 2019 год.

Македонија | пред 6 години

jankulovska

Јанкуловска треба да се појави на суд за прислушкувањето

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина”  на СЈО.На претходното рочиште беа сослушувани сведоци. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е СЈО.Во предметот „Таргет-Тврдина” на СЈО се обвинети поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.Рошиште денеска е закажано и за предметот „Транспортер”, во кој поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица се товарат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Македонија | пред 6 години

bug-gej

За „Мистер геј на Европа“ избран Бугаринот Александар Петров

На изборот „Мистер геј на Европа“,наградата мистер ја освои Бугаринот Александар Петров. Изборот се одржа во Келн, Германија.Петров има 31 година, а жирито го освои со тоа што бил најдобар во дисциплините: интервју, писмен тест, личен проект и фотогеничност, објави „Лупа.бг“.

Магазин | пред 6 години

cento

Јане Ченто: Збогум Шутка!

Јане Ченто на својот фејсбук профил објави пост во кој пишува:Трпението не е само способност да се чека, тоа подразбира како се однесуваме додека чекаме.Вистинската вредност на човекот не се мери во моментите на удобност и благосостојба, туку во времињата кои носат предизвици и контроверзии.Промената не е неизбежна, туку се остварува преку непрекината борба.Збогум Шутка!https://www.facebook.com/slobodazacentojane/photos/a.811296432246539/2430155580360608/?type=3&theater

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања