Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

izbori-grcija

Нова демократија победник на изборите во Грција

Со пребројани 33,45% од гласовите, според официјалните податоци од грчкото МВР, Нова демократија е победник на предвремените парламентарни избори во Грција, со 8,5% разлика во однос на СИРИЗА и доволен број пратеници за да формира еднопартиска влада, јави дописничката на МИА од Атина.Поконкретно:Нова демократија 39,87% – 159 пратенички местаСИРИЗА 31,34% – 85 пратенички местаДвижење на промена 8,25% – 23 пратенички местаКомунистичка партија на Грција 5,3% – 14 пратенички местаГрчко решение 3,77 % – 10 пратенички местаМЕРА25 3,37% – 9 пратенички местаЗлатна зора 2,99% – 0 пратенички местаСпоред досега преброените гласови, Златна зора не успева да обезбеди место во грчкиот парламент, бидејќи за 0,01% не ја достигнува границата од 3%, нешто што може подоцна да се промени.Новоформираниот Парламент ќе се отвори на 17 јули со свечена заклетва на новите пратеници, следниот ден ќе се гласа новиот претседател на Парламентот, а потоа и презентирање на владината програма и гласање доверба на новата влада.За прв пат во поновата грчка историја, граѓаните во јули гласаат на предвремени парламентарни избори, но сепак посетувањето на гласачко место на средина на лето и не е толку непознато за Грците, со оглед на тоа дека референдумот пред четири години се одржа на 5 јули.  

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Захариева: Гоце Делчев е бугарин, оваа личност треба да не обединува, а не да не разделува

Гоце Делчев е заедничка историска личност за Македонија и Бугарија која треба да не обединува како народи, вели бугарската министерка за надворешни работи во интервју за БНТ. Захариева и натаму тврди дека вистината е дека Гоце Делчев е истакнат бугарски револуцинер.,,Гоце Делчев е заеднички. Имаме заедничка историја. Точно тоа го кажува и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави. Во тој договор Бугарија сака да ја кажеме вистината. Гоце Делчев е бугарин, виден револуционер, една од најважните фигури и за нив, се борел за автономија на Македонија и Одринска Тракија. Не гледам зошто толку се караме за него. Мислам дека оваа личност треба да не обединува, а не да не разделува., вели Захариева во интервју за телевизијата БТВ. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(Видео) Невреме во Хрватска, издадено предупредување од највисок степен

Големо невреме проследено со врнежи од град попладнево ја погоди Хрватска, пишуваат хрватските медиуми. Европскиот центар за прогнозирање бури, Естофекс, издаде предупредување од трет, највисок степен за северно подрачје на Хрватска.Во некои области наврнало град околу 20 сантиметри. Поради градот, за момент биле во прекин неколку делници, а автомобилите кои се нашле на автопатиштата морале да застанат и да се кријат во тунелите и под мостовите.„Радио Ријека“ јави дека за само десет минути, меѓу 12 и 20 и 12 и 30 часот, температурата во Риека паднала за осум степени Целзиусови. Градот бил зафатен со пороен дожд и ветер со јачина од 75 километри на час.https://www.facebook.com/neverin.hr/videos/481770655968195/ https://www.facebook.com/RIMETEO/videos/409672023228700/

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Град Скопје се вклучува во кампањата „лето без пожари“

Одделението за превенција при СВР Скопје почна кампања „Лето без пожари“ со активности на паркингот на Средно Водно. Кампањата се одвива во соработка со Град Скопје, Противпожарната бригада на Град Скопје и Црвениот крст на Град Скопје, Општина Карпош и ЈП „Паркови и зеленило“ со цел превенција од пожари на отворено во летниот период.- Градот Скопје активно се вклучува во кампањата „Лето без пожари“. Апелираме за внимателност при движење во шумите, како и при движење на отворени простори заради превенција од пожари, предизвикување на општа опасност и загрозување на животот, здравјето и имотот на граѓаните, да не се фрлаат догорчиња и отпушоци на отворен простор, да не се пали оган на отворено,  со што заедно ќе придонесеме за зачувување на шумите и истите да ги оставиме во наследство на идните генерации – изјави портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.Од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје ќе се направи обука и симулација на гасење на шумски пожар на вработените од Паркови и зеленило на Град Скопје и заинтересираните граѓани и рекреативци.Полициски службеници ќе остваруваат средби со рекреативците посетители на ,,Парк шумата Водно”. По случаен избор ќе запираат патнички моторни возила и на возачите ќе им се укажува за можните ризици од појавата на пожар, штетите од евентуалната појава на пожари на отворено и укажување од можните последици од палењето на оган на отворено.Активностите ќе продолжат во летниот период преку остварување средби со граѓани и следење на состојбата на терен, превентивно делување со цел намалување на предизвикани пожари од невнимание.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Стоилковски: Наместо Рашковски да изиграва силеџија и се заканува со тужби, нека одговори на она што јавноста сака да знае

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, одговараше на новинарски прашања. Во продолжение прашањата и одговорите од Стоилковски.Прашање: Како ја коментирате вчерашната изјава на премиерот Заев за новите снимки на Рашковски кои се појавија во јавноста, Заев рече дека кога ќе ги слушне ќе побара одговорност? Генералниот секретар на Владата имаше ФБ статус во кој што вели дека работите се прилично едноставни и треба само да побараме изјава од Леонардо, дали имал некаква материјална корист.Одговор: Наместо Рашковски да изиграва силеџија и се заканува со тужби кон медиуми нека одговори она за што навистина јавноста сака да знае. Наместо Заев да вели дека не ја слушнал снимката за да ја види одговорноста, треба да одговори од каде знае дека Рашковски е невин, целосно невин како што вели. Со други зборови смешен начин да се одбегне одговорност на оваа влада, на Рашковски и на Зоран Заев.Македонската јавност заслужува одговор, дали Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски учествувал во нелегални активности? Во најновиот разговор кој беше објавен во медиумите, Рашковски говори за работи кои се предмет на истрага при склучувањето на тендерот со италијанската фирма „Леонардо“, се заслужува одговор за што станува збор и тој одговор мора да излезе. Владата е повторно фатена во еден огромен скандал, Рашковски знае дека не смее да разговара со Леонардо пред да биде доделена понуда, и спротивно на законот наложува да разговара со оваа фирма.За каков концепт не смее да се разговара, Генералниот секретар на Владата вели дека единствено може да се разговара за цената, за што станува збор одговори мора да има? Дали во овој најнов аудио разговор, Рашковски признава дека набавката е криминална или пак можеби предмет на истрага?Обвинителството мора да се ослободи од притисоците на власта, од притисоците на Зоран Заев, на владата, на Рашковски и мора да се заинтересира за овој случај со 7 милионска аванта која Драги Рашковски ја договара со фирмата „Леонардо“ по насока на Зоран Заев. Основното Јавно Обвинителство  мора да ги слушне и обвинувањата на еден друг директор, а тоа е Ваљон Бела, поранешен директор на Клиничкиот центар, кој откако почна да ја критикува власта беше сменет од позицијата, а сега го обвини токму Рашковски дека земал мито за сите тендери на Клинички центар.Обвинителството мора да го истражи овој случај, обвинителот Љубомир Јовевски мора да го надмине стравот и да постапи согласно законите, а не согласно директивите дадени од Зоран Заев. Зоран Заев мора да му врачи оставка на Генералниот секретар на Владата, Рашковски, доколку тоа не се случи Рашковски од позиција на моќ може да влијае врз сведоците и истрагата. Правдата во Македонија мора да се врати, сите граѓани мора да бидат еднакви пред законот, законите мора да важат подеднакво за сите, па така и за миленикот на Зоран Заев, Драги Рашковски.Прашање: До каде сте знам дека имавте пред два дена за СЈО, дали работите на ова и има ли шанси да се изготви вашиот предлог до крајот на месецот, имате ли некои нови барања што би ги понудиле?Одговор: Колку што знаете се работи и се изготвува нов предлог закон за Јавното обвинителство, не се работи за СЈО, се работи за закон за Јавното обвинителство. Така што ако на власта и беа потребни повеќе од шест месеци да изготви еден законски текст кој што во добри според нас и според она што го укажувавме над 60-тина, 70-тина проценти од членовите на законот се спротивно на оние принципи и меѓународни норми кои што ги посочивме, а власта прифати дека се валидни за да бидат дел од законот. Тогаш може веројатно да се остави малку време да се изготви еден квалитетен законски текст кој што ќе се предочи пред јавноста и пред Собранието по однос на тоа кој ќе биде прифатен и тоа зависи од Собранието.Прашање: Деновиве многу се растрчани во Владата имаме чувство дека се подготвуваат за предвремени избори, може ли нешто да се потегне за промена на изборниот модел? Имате ли некоја таква иницијатива?Одговор: Тоа исто беше една од работите за дефокус кои што произлегоа од второто лице на Зоран Заев, Стево Пендаровски. Апсолутно тоа што го прави СДСМ е само да ја намали штетата која што секојдневно им се нанесува со откривање на нивните криминални криминогени делувања, афери, сомнителни поделби на државниот буџет. Јас колку што се сеќавам власта спомна дека среде изборната кампања го слушна народот, не верувам дека поранешниот генерален секретар си ги собра забелешките од тоа што го слушнале од народот па сега треба новиот повторно да го слуша. Тоа е една политичка манипулација од страна на власта за купување на време.Прашање: Мислите дека воопшто нема да се реализира?Одговор: Не можам да Ви одговорам во име на власта.Прашање: За таа нова афера Лики, Фрики имате ли коментар?Одговор: Туку што реков дека власта се обидува да купи време во однос на сите афери кои што се појавуваат во јавноста, кои што се како оваа аферата со Драги Рашковски и како што е аферата со други набавки кои што ги откривавме во текот на овие изминати две години колку што СДСМ ја има власта.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ ги уништува службите и ја загрозува безбедноста на државата

Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, охрабрен од неговиот шеф Пендаровски, второто лице на Зоран Заев спроведува политичка елиминација на целокупниот оперативен кадар на Агенцијата.Според сознанија со кои располагаме, на местото за негов помошник назначил лице кое досега било ангажирано како проектен истражувач на НВО „Нексус“, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Еве едно прашање до Пендаровски, дали претседател на оваа НВО е токму сопругата на Муслиу и дали „Нексус“ се наоѓа на домашна адреса на Муслиу, а формирана е само пред две години? Оттогаш речиси непрестано води проектни активности со градоначалници на СДСМ, работи на промоција на Пендаровски и учествува во работата на Комисијата за борба против тероризмот.Оваа НВО, согласно јавно достапните податоци, во изминатиот период учествуваше во трки за проекти за превенција од радикализација и дерадикализација на терористи и верски радикали. Проектните активности на оваа НВО ги спроведуваше токму лицето Васко Шутаров, тогашен советник за тероризам, кој е сега унапреден на највисоко хиерархиско ниво како благодарност од Муслиу.Почитувани,Ова е класичен судир на интереси, проектни активности за борба против тероризам финансирани преку НВО и работно место советник за тероризам е сродна, споива и директно поврзана дејност. Ја повикуваме Антикорупциската комисија да го провери овој случај и јавно го прашуваме Стево Пендаровски:Дали познава било која сојузничка НАТО држава во која шефот на разузнавачката служба има регистрирано НВО на домашна адреса?Дали познава било кој припадник на сојузничка служба кој податоците добиени од работните активности ги преточил во проектни активности со цел за само 2 години стара НВО да сврти приходи од речиси 8 милиони денари? Дали познава директор на сојузничка разузнавачка служба кој унапредил колега кој му ја подготвувал проектната документација на семејната НВО, користејќи инсајдерски податоци? Слободно нека ги прочита анализите на оваа НВО и ќе му стане веднаш јасно, за што станува збор, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.  

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Пендаровски ќе учествува на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Сараево

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 8 и 9 јули 2019 година ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите - учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што ќе се одржи во Сараево, Босна и Херцеговина.Предвидено е претседателот Пендаровски да се обрати на пленарната сесија на самитот.Во рамки на учеството на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, претседателот Пендаровски ќе оствари повеќе билатерални средби со учесниците на самитот.Процесот за соработка во Југоисточна Европа (South East Europe Cooperation Process - SEECP) е прва автохтона регионална иницијатива воспоставена во 1996 година, со цел јакнење на политичката и безбедносната соработка, интензивирање на соработката на државите во областа на економијата, демократијата, судството, човековите права и борбата против нелегалните активности. Целта на оваа регионална иницијатива е преку јакнење на добрососедските односи и обезбедувањето на мирот во регионот, да овозможи побрзо приближување кон ЕУ и НАТО.  

Македонија | пред 6 години

tripunovski

Трипуновски: Прашуваме, како се чувствувате Заев , Николовски и неговиот министер Димковски 500 фамилии немаат за леб?

И денес молк во владата и во АД Водостопанство. И наместо некој да сноси одговорност, тие на ангро трошат државни пари за коктели во време кога претпријатието не може да подели плата веќе два месеци, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Прашуваме, како се чувствувате господине Заев? Кога заедно со Николовски и неговиот министер Димковски 500 фамилии немаат за леб, а вие пиете скапи вина и се луксузирате. Зарем не е срамота и нехумано?Прашуваме, наместо вашите 500 евра ветени плата, денес имаме 500 фамилии без плата. Дали ова е новата мерка која што ја воведува СДСМ?Прашуваме, дали е потребно некој да се разболи, и да не може да си го покрие лекувањето за да пуштите плата?Прашуваме, дали е потребно на некој да му биде запленета куќата поради неможноста да си ја плати кредитот за да вие пуштите плата?Што треба да се случи господине Заев, за 500 вработени во АД Водостопанство да си ја земат чесно и поштено заработената плата?За ова нечовечко однесување некој мора да сноси одговорност, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Марија Кондовска: Реконструкција и санација на значајните сообраќајници во општина Чаир

Општинската власт во соработка со Град Скопје постојано работи на реконструкција и санација на значајните сообраќајници во општина Чаир. Во моментов се работи на реконструкција на улицата Лазо Трповски на потегот од кружниот тек со улица Втора македонска бригада до крстосницата со улицата Петар Ичко, истакна Марија Кондовска, советничка во Советот на Општина Чаир.Предвидено е процесот да заврши за 20 дена со што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе.се олесни транспортот во овој дел од градот. Претходно Град Скопје ја заврши реконструкцијата на улицата Втора македонска бригада каде се поставени и велосипедски патеки.Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов останува целосно фокусирана на развој и унапредување на инфраструктурата во општина Чаир.Градиме по план!Преку конкретни мерки и активности, секојдневно работиме во интерес на граѓаните и ги подобруваме условите за живот, истакна Марија Кондовска, советничка во Советот на Општина Чаир.

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: За кои безбедносни служби зборува марионетата Стево Пендаровски

Единствена Македонија изразува изненаденост од денешниот хумор на Стево Пендаровски дека наводните непроверени шпекулации на ВМРО-ДПМНЕ за директорот на разузнувањето биле штетни за безбедносните служби. Секојдневните препукувања на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за се и сешто за замајување на јавноста ги оставаме настрана, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Но, за која штетност и за кои безбедносни служби зборува Стево Пендаровски кога Македонија нема такви служби во вистинска смисла на зборот. Македонија некаде до 1995 година имаше какви-такви свои самостојни служби, но, отогаш американската ЦИА го завладее разузнавачкиот простор и македонските служби се обични филијали на ЦИА.Пендаровски самиот е непосреден сведок дека новиот директор на Агенцијата за разузнување го назначи по претходно позитивно мислење од ЦИА или како што се вели „партнерска служба од земја-членка на НАТО“. Зоран Заев го назначи директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање по претходно добивање на неговото име на ливче од американската амбасада во Скопје.Најдобронамерно му укажуваме на марионетата Пендаровски да не се бламира на јавна сцена оти кога зборува за сопствени македонски безбедносни служби, луѓето почнуваат да се смеат.Постоењето на сопствени безбедносни служби во Македонија е фикција. Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа има готов концепт за етаблирање на вистински безбедносни служби кои ќе бидат во интерес на Република Македонија, а не во интерес на странците, се вели во соопштението од Единствена Македонија. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Нова цена на горивата во Македонија

Регулаторна комисија за енергетика утре напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.Минатата недела цените се зголемија од еден денар до денар ипол.Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се зголеми за 1,50 денари за литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемија за еден денар.Согласно најновата одлука на РКЕ, ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по 68,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 70,50 ден/литар. Малопродажната цена на дизелот е 61,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51 ден/литар.Малопродажната цена на мазутот се зголеми за 1,612 ден/кг во однос на претходно утврдената цена така што новата цена на мазутот е 34,849 ден/кг.

Македонија | пред 6 години

pozar-centar

Во пожар во Тетово, целосно изгорела куќа

На 06.07.2019 во 11.10 часот во Полициското одделение Групчин било пријавено дека настанал пожар во куќа во сопственост на К.К.(23) од с.Г.Лешница.Во пожарот куќата целосно изгорела. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.Извршен бил увид на местото на настанот.

Македонија | пред 6 години

pozar-kisela-voda

Заплена селска депонија

На 06.07.2019 година во 14.30 часот во Полициското одделение Кривогаштани, Љ.В.(55) од с.Бучин пријавил дека настанал пожар во селската депонија во с.Пашино Рувци.Во пожарот горело сено, а биле зафатени и две ниви засеани со жито и јачмен, сопственост на лицата А.Ј.(73) од с.Пашино Рувци и И.С.(75) од с.Пашино Рувци. Во 14.45 чаот пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Кривогаштани.Увид бил извршен од полицијата.

Македонија | пред 6 години

tepacka

Неколку лица на улица во Скопје натепале возрасен маж

На 07.07.2019 во 00.10 часот во Полициската станица Чаир, Н.М.(39) од Скопје пријавил дека на 06.07.2019 околу 23.30 часот на ул.„Пелагонија“ во Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

tepacka-4

Уште еден малолетник натепан сред Скопје

На 06.07.2019 во 20.10 часот во Полициската станица Центар, Ц.Ј.(39) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.40 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од три лица.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

seca

Кривични пријави за функционери на „Македонски шуми“ за дивосеча

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Љ.П.(37) од Радовиш, Ц.Л.(62) од село Ораовица, радовишко и Ј.В.(58) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Во текот на 2015 година првопријавениот, како директор на Шумското стопанство „Плачковица“-Радовиш, и второпријавениот, како референт за приватни шуми во наведеното правно лице, спротивно на Законот за шумите, издале одобрение за сеча на правно лице од Куманово. Исто така, третопријавениот, како референт за сеча и превоз во наведеното правно лице, спротивно на Законот за шумите, издал испратници за транспорт на дрвна маса на правното лицето од Куманово, кое не било регистрирано во регистерот за правни лица кои вршат промет со дрва и дрвни сортименти. Со ова, пријавените му овозможиле на сопственикот на правното лице од Куманово да се стекне со противправна имотна корист од 4.609.482 денари на штета на Буџетот на ЈП „Македонски шуми“. 

Македонија | пред 6 години

raskoski

Дали е безбедно македонското небо? Рашковски вели дека не е, М-НАВ смирува

Туристичките агенции кои продаваат авионски билети веќе предупредуваат дека македонски патници почнаа да купуваат билети за летови од Приштина, Ниш, Белград. Сите овие случувања околу тендерот на М-НАВ за радарската опрема и бројните информации за неколку проблематични ситуации за време на летањето на некои авиони, едноставно ги загрижи патниците во однос на нивната безбедност. Конечно, самиот генерален секретар на Владата Драги Рашковски вели дека е доведена во прашање и безбедноста на македонското небо, пишува МКД.мк.https://www.facebook.com/dragi.raskovski/posts/10156729485139633Наспроти ова, стојат двете соопштенија на М-НАВ објавени оваа недела во која се уверува јавнста дека безбедноста на летањето во македонското небо е на високо ниво. М-НАВ ги потврдува информациите за неколку инциденти над Македонија, но уверуваат дека сѐ поминало во најдобар ред, според пропишаните процедури и протоколи.Текстот во целост на: мкд.мк

Македонија | пред 6 години

velosiped

Со моторцикл удрил во велосипедист и избегал

На 06.07.2019 во 7.50 часот на крстосница од улиците „Димитрија Чуповски“ и „Даме Груев“, мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ч.(24) од с.Љубанци, скопско, удрил во велосипед управуван од О.И.(45) од Скопје. По незгодата мотоциклистот го напуштил местото. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил О.И. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје. 

Македонија | пред 6 години

budva

(ВИДЕО) Паника во Будва: Пливачите се разбегале поради риба за која верувале дека е ајкула

Паника помеѓу капачите на познатата црногорска плажа Јаз, кај Будва.Капачите кренале паника, бидејќи помислиле дека во морето здогледале ајкула, но се испоставило дека станува збор за само една голема риба.Во општата паника, во водата влегло едно локално момче, кое запливало кон „ајкулата“, и ја извадило големата риба иглун, вид на сабјарка. Како што објавуваат медиумите рибата на крајот била вратена во морето.Снимките вознемирените капачи ги објавиле на друштвените мрежи.https://www.facebook.com/zuta.minuta.5/videos/vb.1005992075/10215640309973234/?type=2&video_source=user_video_tab 

Свет | пред 6 години

marihuana2

Полицијата во домот на кумановец пронашла марихуана

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Т.(31) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 18.03.2019 година во Куманово полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

МВР „ловеше“ пијани возачи

Во периодот од 00.00 часот до 05.00 часот на 07.07.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол. Притоа, кај 38 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека тројца возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Сите 41 возачи се исклучени од сообраќај и се одземени возачките дозволи.Откриени се и 43 останати прекршоци за кои се издадени 13 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.

Скопје | пред 6 години

upevce-2

(ФОТО) Јубилеј 50 години од првата самостојна изложба на Упевче

Педесет оригинални дела на ликовниот уметник Славко Упевче изложени во Куќата на Робевци. Ликовната уметничка ретроспективна изложба на Славко Упевче насловена „50 години ликовна хроника на Охрид“,со оваа изложба Упевче ја одбележува  50 годишнината од неговата прва самостојна изложба. Станува збор за ликовна уметничка ретроспективна изложба на дела од разни фази на уметничкото творештво на Упевче. По тој повод беше промовирана и неговата монографија.Изложбата ќе биде отворена до 18-ти јули.

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Во локали во Гостивар и Тетово откриени 19 албански држајани со нелегален престој

На 06.07.2019 година во времето од 05,00 до 11,00 часот од страна на полициски службеници била извршена акциска контрола на подрачјето на Полициското одделение Чегране и во с.Чајле на три објекти биле затекнати шест лица: Ч.А.(40), Х.Д.(41), Ч.Ш.(61), А.Е.(26), А.М.(42) и З.Ч.(55) сите од Р.Албанија со непријавен престој во РСМ. Лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.И на на 06.07.2019 година во времето од 05,00 до 11,00 часот од полициски службеници спроведена била акциска контрола на подрачјето на Полициската станица Гостивар и при контрола во седум објекти биле затекнати 13 државјани од Р.Албанија со непријавен престој во РСМ, и истите биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. 

Македонија | пред 6 години

stop-policija

За неколку часа во Скопје МВР затекна многу прекршоци и напиша многу казни

Во периодот од 20.00 часот на 06.07.2019 до 01.00 часот на 07.07.2019г. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за Прекршоци од возачи на мотори. Притоа, сторени се вкупно 81 прекршок од возачи на мотори и издадени им се 78 прекршочни платни налози и три мандатни платни налози. Откриени се и 43 останати прекршоци за кои се издадени 13 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.

Скопје | пред 6 години

eksplozija-2

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Флорида, 20 тина повредени

Најмалку 20 лица се повредени во силна експлозија во трговски центар на Флорида. Локалните агенции пренесуваат дека најверојатно станува збор за експлозија на гас и дека огромни оштетувања се забележуваат и на околните објекти.Телевизијата „Еј-би-си“ наведе дека две лица се потешко повредени.Локалната полиција ги замоли граѓаните да го избегнуваат погоденото подрачје.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања