Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

masvidal

(ВИДЕО) Масвидал го постигна најбрзиот нокаут во историјата УФЦ

Синоќа американецот Хорхе Масвидал го постигна најбрзиот нокаут во историјата на мешани боречки вештини. Тој за само пет секунди ја доби синоќешната пресметка со Бен Аскрен во УФЦ 239.https://twitter.com/Fightbrk/status/1147708224705105923?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1147708224705105923&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Fkikboks%2Fdzverski-nokaut-za-samo-pet-sekundi-najbrz-vo-istorijata-na-ufc-video 

Спорт | пред 6 години

cipras

Предвремени избори во Грција

Во Грција денеска се одржуваат предвремените парламентарни избори. Премиерот, Алексис Ципрас ги распиша изборите три месеци порано од предвиденото, бидејќи неговата левичарска партија „Сириза“ на мајските избори за Европскиот Парламент претрпе пораз од конзервативната Нова Демократија на Киријакос Мицотакис.Лидерот на „Нова Демократија“, Кирјакос Мицотакис, останува фаворит и во овој изборен процес. Се смета дека опозицијата ќе добие повеќе од половина од местата во парламентот со 300 места.

Свет | пред 6 години

vozac-partizanska

(ФОТО) И ова го има во Скопје!

Снаодливоста преминува во безобразност. На ѕидот на сообраќајниот срам на социјалната мрежа Фејсбук, се појави фотографија на која се гледа како возач со својот автомобил ја сече Партизанска кај Универзална сала, на најневозможно место.Дали се овој возач се „снајде“ или премина во она другото, пресудете сами! 

Скопје | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Станува реалност проектот брана на река Отиња во Штип, вреден 7.5 милиони евра

Зборот важи! Проектот брана на река Отиња, кој граѓаните на Штип го чекаа 35 години конечно станува реалност. Како што најави премиерот Зоран Заев, Владата предводена од СДСМ ќе помогне во реализирање на овој капителн проект, вреден 7.5 милиони евра, се вели во соопштението од СДСМ.Станува збор за изградбата на брана со вештачко езеро, со корисен волумен од 3 милиони метри кубни вода.За граѓаните на Штип ова значи реализација на уште еден важен проект, кој отвора нови можности за развој на градот и околината, особено во делот на туризмот, угостителството, спортот и рекреацијата а дополнително ќе штити од поплави.Ова е нов проект кој централната и локалната власт предводени од СДСМ заедно го реализираат на територијата на општина Штип.Меѓу проектите коишто заеднички се спроведуваат во интерес на граѓаните во изминатите 2 години се и: новата детска градинка во населбата Сењак, обновата на училиштето „Тошо Арсов“, изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш, Штип-Кочани, на локалниот пат кон Кошево и Почивало, автопатот Миладиновци – Штип и многу други проекти, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

vmro-dpmne-bela-zgrada

ВМРО ДПМНЕ: Заев се фали со проектите на ВМРО- ДПМНЕ

Заев откако стана премиер единствено се фали со проекти на ВМРО- ДПМНЕ. Капиталните инвестиции се на најниско ниво во историјата на Република Македонија. Неспособноста на Заев оди до таму што не може да ги заврши проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги започна, а тешко му оди и пуштањето во употреба на готовите проекти кои им ги остави владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ па одолговлекува, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Заев заборави на ветените 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.100 километри локални патишта кои јасно ги ветуваше пред изборите од пред две години.Автопатот Демир Капија-Смоквица, е проект кој што беше реализиран во време на ВМРО-ДПМНЕ, а неговото пуштање во употреба се одложуваше повеќе од 10 месеци поради неспособноста на владата на СДСМ.Заев ја запираше и изградбата на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Неосновано се пролонгираше рокот на нивно завршување и пуштање во употреба.Но сите овие проекти со кои Зоран Заев и неговите министри се фалат се на ВМРО-ДПМНЕ. Овој факт не може да се оспори и граѓаните добро знаат кој ги изгради овие автопатишта, залудни се трубачите на Заев.Граѓаните имаат добра меморија и знаат кој што има изградено. Граѓаните видоа дека за две години власт на Заев, освен крадење ништо друго не стори. СДСМ и Зоран Заев докажаа дека не можат да реализираат апсолутно ништо.Граѓаните на Република Македонија ќе го казнат СДСМ за нивните лаги и злодела, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Македонецот Џеповски, со песна го повика Путин да не „спаси“

Македонецот Александар Џеповски, создаде песна преку која го повикува Путин, да ја „спаси“ Македонија од ЕУ, НАТО и САД. Оваа песна центар на внимание во Русија. Стотина наслови се објавени по руските медиуми за Македонецот што го повикува Путин на помош.За песната се пишува и во Бугарија, но тие се бунат, затоа песната за Путин е препев на песната „Заплакало Мариово за Ѓорги Сугаре“. за војводата Ѓорги Сугаре, а според бугарските медиуми станува збор за бугарска песна.Во продолжение песната за Путин.

Магазин | пред 6 години

ivanden

Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 јуни. Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден. На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја. Тој, заедно со пресветата Дева која ни го роди Бога е врската на стариот и новиот свет, врската на Стариот и Новиот завет. Инаку, денес се празнува почетокот на благовеста за Христос, со што се определува и посебната врска меѓу Синот Божји и последниот пророк на Стариот завет. За тоа зборуваат стиховите од тропарот, кои гласат: се разреши немоста на татковците, т.е. почна непосредната проповед за Христовото доаѓање.Раѓање на Свети Јован Крстител (Иванден) Пророк кој оди пред СпасителотМеѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учеење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел свети Јован додека го покрстувал народот.Свети Јован е една од ретките личности во христијанската вера (покрај Исус Христос и Пресвета Богородица) кому Светата црква му посветила повеќе празници: Раѓање на св. Јован Крстител, (Иванден), Отсекување главата на свети Јован Крстител, Собор на свети Јован Крстител итн. Оттука може да види и значењето на овој лик во христијанската вера и воопшто во верувањата на нашиот човек. Во народниот живот и во народното верување свети Јован е значаен и по тоа што тој го има кумството и побратимството, зашто како што се раскажува во преданијата и како што се пее во песните кога светците ги делеле функциите на св. Јован му паднале кумството и побратимството.Свети Петар ‒ кључи од рајови,Свет Илија ‒ сиљни секавици,Свети Јован ‒ кумство, побратимство,Неделица, празник да празнуватИванден е еден од најважните празници кај целиот словенски свет во кој се преплетуваат голем број обичаи и верувања од старата словенска митологија, со празнувањето на денот на раѓањето на св. Јован Крстител. Во народната традиција овој празник е поврзан со летната солстиција, односно со периодот на долгодневницата. Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на Божик, денот поврзан со зимската солстиција, односно со периодот на краткодневицата. Овие два празника ги поврзуваат и повеќе обичаи и верувања поврзани пред сè со Сонцето. Во таа насока се и обичаите и верувањата поврзани со огновите. Ритуалите со билките, исто така претставуваат еден од најважните елементи поврзани со Иванден, а тие пак, исто така, се остаток од старите словенски верувања.Според светото предание св. Јован и Исус Христос биле блиски роднини зашто мајката на Јована, Елисавета ѝ била братучеда (според други сестра) на Ана, мајката на Марија, односно тетка на Марија, мајката на Исуса. Во времето кога според предвидувањето на старите пророци требало да се роди Спасителот Евреите биле под ропство на Римјаните. Во тоа време живеел еден чесен и побожен свештеник Захариј со својата жена Елисавета. Тие веќе беа остареле , а немале деца што во тоа време се сметало за голема несреќа и за божја казна за некој голем грев. И двајцата постојано и искрено го молеле Господа да им даде рожба, а Бог ја слушнал нивната молитва. Еднаш кога Захариј во храмот се молел на Бога го слушнал гласот на ангелот Гаврил кој му рекол дека ќе добие син кој ќе се вика Јован. Бидејќи не поверувал, за казна веднаш онемел. Кога му се родил синот според обичајот требало да го носи името на таткото, но кога Захариј го запрашале за името тој бидејќи го изгубил говорот зел штица и на неа напишал: „Нека се вика Јован“. Кога го напишал тоа говорот пак му се вратил и тој раскажал дека детето ќе биде пророк што ќе оди пред Спасителот и ќе му го подготвува патот.Во младоста Јован го сакал животот во пустината. Живеел во некоја пустина во долниот тек на реката Јордан, се облекувал со ткаенини од влакна од камила, а се хранел со скакулци и мед од диви пчели и со корења од билки. Кога наполнил 30 години по Божја волја ја напуштил пустината и се вратил меѓу еврејскиот народ, каде што ги учел луѓето да се покајат и да се подготвуваат за доаѓањето на Спасителот.Јован отворено зборувал против сите неправди, мани и негативности кај луѓето. Грешниците ги повикувал да се покајат и поправат за да им стане достапно царството небесно. Многумина помислиле дека тој е ветениот Спасител на што Јован одговарал: „Јас не сум Христос. Тој е посилен од мене, јас не сум достоен ниту врвците на обувките да му ги одврзам. Јас ве крштевам со вода, а тој ќе ве крсти со Светиот Дух. Мене Господ ме испрати да одам пред него и да му го подготвувам патот“.Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ. Верувањето пак дека тој ден играло Сонцето или дека се превртувало три пати е поврзано со тоа што Иванден се паѓа во најтоплиот период од годината.Од обичаите што се изведуваат на овој ден повпечатливи се оние поврзани со растението папрат. Имено вечерта спроти празникот се бери папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи.Вечерта спроти празникот жените берат цвеќе што се вика Иванден, коешто го ставаат на ковчезите со алиштата за да ги чува од молци. Е. Спространов запишал дека во Охрид на Иванден ги ваделе „рутишчата“, ги распостилале по прозорците за да ги види сонцето и ги оставале да ветрејат. И во зборникот на браќата Миладиновци среќаваме податок дека тој ден во Воден, треви лековити „висеет на дуќаните за да имает повеќе покупници“. За вакво вадење од ковчезите на најубавите облеки пишува и Кузман Шапкарев кој напоменува дека надвор ги чуваат до заоѓањето на сонцето за да не ги јадат молци. 

Македонија | пред 6 години

Mitko-Cavkov

Чавков поради безбедносни причини преместен од „Идризово“ во затворот „Штип“

Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков од затворот „Идризово“ е преместен во затворот „Штип“. Според затворските власти преместувањето било направено по негово барање поради безбедносни причини.Чавков е во притвор по пресудата за упадот во Собранието на 27 април што се случи пред две години. Судот му одреди затвор од 18 години, по што одбраната на Чавков поднесе жалба во Апелација.

пред 6 години

06072019_Avtopat-Miladinovci-Shtip_1

Автопатот Миладиновци – Штип официјално пуштен во употреба

Во организација на Владата на Република Северна Македонија и Јавното претпријатие за државни патишта се одржа церемонија по повод официјалното пуштање во употреба на автопатот Миладиновци – Свети Никола – Штип.Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев имаше свое обраќање, а се обратија и амбасадорката на НР Кина во Република Северна Македонија, Јин Лисјен, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на ЈПДП, Зоран Китанов и претставник на компанијата изведувач „Синохидро“, во присуство на членови на Владата, претставници од Собранието, градоначалници и директори на Јавни претпријатија.„Треба да бидеме горди бидејќи завршивме со изградба на еден импозантен капитален проект, а тоа е автопатот Миладиновци - Штип. Со тоа граѓаните добија безбеден автопат со што ќе го скратат патувањето за триесетина минути, а воедно создадовме услови за поефикасен и побрз транспорт на стоки и услуги што е важен предуслов за инвеститорите да ја мапираат нашата земја како стабилна бизнис дестинација“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на церемонијата по повод пуштање во употреба на новоизградениот автопат Миладиновци – Свети Николе - Штип.Тој во своето обраќање потенцираше дека ова автопатско решение е од огромно значење, посебно за источниот регион на земјата со што се овозможува побрз превоз на стоки и патници, а од друга страна заради рамномерниот регионален развој, отворање на нови фабрики и нови вработувања.„Ова модерно автопатско решение е лицето на новата модерна Северна Македонија која продолжува да се гради, поврзува и интегрира. Нашата цел е да ги овозможиме сите потребни услови, меѓу кои квалитетна инфраструктура и владеење на правото за домашните и странските инвеститори да почувствуваат сигурност и да се одлучат за нови инвестиции и да отвораат нови фабрики во кои ќе се вработат многу наши граѓани. Поврзувањето на нашата земја внатрешно помеѓу градовите, селата и населените места со квалитетна патна инфраструктура, и надворешно кон соседните земји останува да биде наш високо рангиран приоритет. Дозволете ми да изразам голема благодарност до НР Кина и до амбасадорката, Јин Лисјен за големата поддршка и за посветеноста при соработката на овој важен проект. Како што најави амбасадорката Лисјен кинеската страна го одобрува кредитот за продолжување на изградбата на автопатот Кичево - Охрид и од овде порачувам дека продолжуваме интензивно да работиме на комплетирање на неговата изградба.Република Северна Македонија останува силно посветена на унапредување на економската соработка со НР Кина”, изјави Зоран Заев, претседател на Владата на Република Северна Македонија.Премиерот потенцираше дека во следниот период, преку ЈП за државни патишта ќе бидат засадени 600 илјади садници долж автопатот.„Овој автопат останува во посед на идните генерации. Патот ќе се плаќа од граѓаните на Северна Македонија. 10% како учество на Јавното претпријатие за државни патишта, а 90% од сите даночни плаќачи, со што ќе го враќаме кредитот којшто е поволен за вакви инфраструктурни проекти“, рече премиерот Заев.Амбасадорката на НР Кина во Република Северна Македонија, Јин Лисјен, истакна дека успешното завршување на проектот се смета за пример на добрата соработка помеѓу Кина и Северна Македонија во насока на остварување на инфраструктурната соработка меѓу двете земји и помеѓу Кина и другите централно-источни земји.„Денес, го одбележуваме успешното пуштање во употреба на автопатот Миладиновци – Штип и верувам дека со заедничките напори на двете земји, ќе продолжи да се реализира и проектот за изградбата на автопатот Кичево - Охрид. Со цел да ја помогне реализацијата на овој проект, кинеската страна одлучи да го продолжи кредитирањето и одобри кредит со ниска каматна стапка, со што ќе помогне и овој автопат да може побрзо да се користи”, изјави амбасадорката на НР Кина во РСМ, Јин Лисјен.  

Македонија | пред 6 години

vodostopanstvo

Трипуновски: Заев и СДСМ имаат пари да се луксузираат, а немаат пари за плати на вработените во АД Водостопанство

Додека довчерашниот Министер за земјоделство, Љупчо Николовски и Зоран Заев организираат скапи коктели 500 вработени во АД Водостопанство веќе два месеци немаат земено плата и се без здравствено и пензиско осигурување, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Заев и СДСМ имаат пари да се луксузираат, а немаат пари за плати на вработените во АД Водостопанство. 500 фамилии се оставени без основни средства за егзистенција веќе 2 месеци. Веќе 2 месеци 500 луѓе не можат да отидат на лекар и да ги користат услугите на здравствениот систем.Вработените кои имаат кредити или други ануитетни давачки 2 месеци едвај врзуваат крај со крај и мислат како да го дочекаат наредниот месец.Воедно прашуваме зошто синдикатот на АД Водостопанство молчи за ваквата ситуација наместо да се бори за работничките права и за вработените на АД Водостопанство.Ова е крајно нехумано кога знаеме дека од една страна се трошат пари за луксуз и се организираат скапи коктели, а од друга страна вработените од АД Водостопанство немаат плати и придонеси.На сликата позади мене може да го видите довчерашниот министер Николовски и неговиот наследник Димковски како насмеани уживаат во луксузен коктел во Министерството.Поради неспособниот менаџерски тим во АД Водостопанство не страдаат само вработените во претпријатието, туку и земјоделците, на кои не им се пружа адекватна услуга за која што плаќаат према претпријатието.АД Водостопанство, иако има обврска да ги чисти и одржува каналите за наводнување тоа го нема направено во поголем број на региони во Република Македонија. Па така земјоделците наместо да наводнуваат се соочуваат со суви ниви што директно ќе се одрази врз приносот односно егзистенцијата на земјоделците.Време е оваа ненародна власт, која ужива во раскош и луксуз додека земјоделците солзи ронат да си замине. Потребни се нови и применливи политики за унапредување на македонското земјоделство, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

ivanka-za-raskovski

Василевска: „Обвинителството треба дотолку повеќе да се позанимава со Рашковски“

Според објавата Драги Рашковски повторно е фатен во огромен скандал. Рашковски, иако знае дека не смее да разговара со Леонардо пред да биде доделена понудата наложува да се разговара со фирмата спротивно на законот, што може да се види и да се слушне од објавените аудио материјали, истакна Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Единствено ќе разговараш за цената, а нема да разговараш за концептот“ - му наредува Рашковски на Климент Чепуњовски, стои во новата аудио снимка објавена во медиумите за набавка на 7 милионскиот АТМ систем за потребите на М-НАВ.Што е тоа што во концептот е фиксирано, за кој не смее да се преговара?Дали нешто е однапред договорено од страна на Рашковски?Според објавеното во медиумите Драги Рашковски усно му наредува на Чепуњовски да одлучи во врска со случајот.Според слушнатото од аудио разговорот се наметнува уште едно прашање, што е предмет на истрага, а го прават лицата кои се предмет на аудио снимката? Признава ли Рашковски директно дека набавката е криминална и може да биде предмет на истрага?Сметаме дека е крајно време е Јавното обвинителство да се заинтересира за овој случај со 7 милионската аванта која Драги Рашковски по насока од страна на Зоран Заев ја договара со фирмата Леонардо.Јавното обвинителство треба да превземе итни и неодложни мерки за обезбедување присуство, како што е определување на мерката - притвор, со што ќе се спречи можноста Рашковски да се впушти во бегство, да го повтори делото или да влијае на сведоци, бидејќи за делото кое може да му се стави на товар е предвидена казна затвор од најмалку 5 години.Обвинителството треба дотолку повеќе да се позанимава со Рашковски, бидејќи во медиумите излегоа и обвинувања од страна на Ваљон Бела, поранешен директор на Клиничкиот центар - Скопје дека токму Рашковски зема мито за сите тендери на Клинички.Почитуван, господин Љубомир Јовевски, Ве молиме надминете го стравот и постапете согласно закон, а не по налогот на Зоран Заев.Исто така го повикуваме Зоран Заев конечно да собере храброст и да го разреши својот миленик Драги Рашковски од функцијата Генерален секретар на Владата за тој да биде во можност да одговара пред институциите и пред правдата.Време е за одговорност. Правото мора да се почитува. Право и правда за сите македонски граѓани, правда за македонскиот народ, истакна Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

plazi-ezero

Албанскиот дел од Охридско Езеро дел од УНЕСКО

По повеќегодишни напори на албанските власти, УНЕСКО го прошири регионот од Охридското езеро кој се смета за светско наследство и на територијата на западниот сосед. Одлуката е донесена како „проширување“ на основната одлука од 1979 година, кога градот Охрид и македонската страна на езерото влегле под заштита на светската организација.„Со ова проширување, локалитетот сега го опфаќа и северо-западниот албански дел од Охридското езеро, малиот полуостров Лин и копнениот појас покрај брегот кој го поврзува полуостровот со македонската граница. На полуостровот има остатоци од ранохристијанска црква градена во средината на 6 век. Во плитките делови од водата близу брегот на езерото, три локации се сведоштво за присуството на предисториски престојувалишта… Езерото претставува засолниште за бројни ендемични видови на слатководна фауна и флора која датира од терцијарниот период“, се вели во дел од соопштението на УНЕСКО, пренесе 360СТЕПЕНИ.МК.

Македонија | пред 6 години

4E4A7C30-3E33-47AE-A7F9-D08F1315DBFF

ВИДЕО: Охрид целосно блокиран!

Главниот туристички центар, Охрид, е целосно парализиран. Туристите кои сакаат да посетат дел од плажите кои се наоѓаат во делот на св. Стефан, се блокирани кај бензиската пумпа на излез од Охрид.Неофицијално, моментално се изведува вежба поради спортскиот настан “Триатлон”. Родители со деца, локални жители се заглсвени и не можат да стигнат до саканата дестинација. Блокирањето се одвива стед сообраќаен шпиц. [embed]https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/619388615239965?sfns=mo[/embed] 

Македонија | пред 6 години

novak

(ВИДЕО) Ѓоковиќ пред илјадници фанови ја пееше „Македонско девојче“

Како Новак Ѓоковиќ се дружи со фановите?Ноле на својот Инстаграм пееше разни песни, а во еден момент ја запеа и „Македонско девојче“. Погледнете како звучи славната македонска песна од тенисерот број 1. на АТП листата.„Ех, да сум сега крај Охридско езеро“, си посака Ѓоковиќ потенцирајќи ги сите убавини на Охрид и барајќи да му се прати некоја фотографија од овој град.Популарниот Ноле се прикажа во нешто поинакво светло од она што се навикнати да гледаат неговите фанови. Тој покрај тоа што ја запеа македонско девојче , играше стомачен танц, пееше на арапски.видео: Redakcija Ekipa 

Магазин | пред 6 години

avion-1

(ФОТО) Патниците биле во заблуда, авионот не се обидувал да слета туку кружел над Прилеп

Авионот кој се обраќаше на релација Истанбул-Скопје, синоќа според последните информации вртел над Прилеп и не стигнал до Скопскиот аеродром. Патниците не биле информирани што се случува и имале впечаток дека неколкупати се обидудува да слета, но сето тоа било поради силните турбуленции.Инаку како што објави Скопје1.мк авионот кружел над македонското небо, но не успеал да слета поради невреме. Кај патниците имало огромна вознемиреност и вриштење. Станува збор за авион на превозникот „Туриш ерлајнс“, а во него, беше дел македонската делегација која учествуваше на конференцијата од УНЕСКО во Баку. Во авионот беше и  градоначалникот на Охрид. Драмата во небо траела еден час.„Пиштење, молитви, плач! Тоа се слушаше во авионот. Се тресеше целиот авион, деца плачеа, а потоа почнаа да плачат и возрасните. Траорно и ужасно беше, а патниците гласно викаа и прашуваа зошто се случува сето ова и зошто не слета авионот во Охрид“, вели патник во авионот за „Скопје1.мк“.Доколку невремето било главен проблем да авионот не слета во Скопје, се поставува прашањето, зошто не бил пренасочен да слета на охридскиот аеродром? Јавноста легитимно бара одговор, дали е безбедно македонското небо? Зошто се дозволило авионот да врти наоколу и да ја загрозува безбедноста на патниците, кога праксата од изминатите години покажува дека кога не може во Скопје, авионите слетуваат во Охрид?Јавноста во Македонија е шокирана со аферите за набавката на радари и „бомбите“ кои се објавија, како и аферата за избегнат судар на македонското небо, и затоа повторно се отвора прашањето каква е безбеднста на авио сообраќајот? 

Македонија | пред 6 години

ohrid-12

Охриѓани треба да рушат дневно по 8 дивоградби за да го исполнат условот на UNESCO, се вели на Твитер

Охрид и охридскиот регион за сега се спасија за да не завршат на листата на загрозени подрачја на УНЕСКО, и имаат рок до февруари 2020 година да ги спроведат препораките за заштита на природните богатства.Информацијата предизвика реакции на социјалните мрежи:https://twitter.com/jasisamojas1/status/1147275103652241423https://twitter.com/RedRadish5/status/1147218276520513537?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1147218276520513537&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fohri-ani-treba-da-rushat-dnevno-po-8-divogradbi-za-da-go-ispolnat-uslovot-na-unesko-ako-pochnat-denes-tviter-reakcii%2Fhttps://twitter.com/toopersonal_1/status/1147254132295831552?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1147254132295831552&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fohri-ani-treba-da-rushat-dnevno-po-8-divogradbi-za-da-go-ispolnat-uslovot-na-unesko-ako-pochnat-denes-tviter-reakcii%2Fhttps://twitter.com/okRlloow9ABxZ1u/status/1147209951028416512https://twitter.com/Nenaspana_Mucka/status/1147157820049166337https://twitter.com/Copkar/status/1147191311788892161https://twitter.com/i999y/status/1147153555280863233?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1147153555280863233&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fohri-ani-treba-da-rushat-dnevno-po-8-divogradbi-za-da-go-ispolnat-uslovot-na-unesko-ako-pochnat-denes-tviter-reakcii%2Fhttps://twitter.com/TheFitzzz/status/1147270089428877312?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1147270089428877312&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fohri-ani-treba-da-rushat-dnevno-po-8-divogradbi-za-da-go-ispolnat-uslovot-na-unesko-ako-pochnat-denes-tviter-reakcii%2F

Магазин | пред 6 години

Slika-Kiracovski-25-01

Кирацовски за Тамара: Ако политичкиот контекст беше поинаков, никој немаше да забележи

Пратеникот Александар Кирацовски се стави во одбрана на пејачката Тамара Тодевска, откако ги откажа концертите по бурните реакции на јавноста за пропуштените стихови при изведувањето на македонската химна на прославата по повод Денот на независноста на САД во американската амбасада во Скопје.„Големите луѓе не стануваат големи, затоа што читаат биографии за животните подеми и падови на други големи луѓе, туку затоа што лично ги доживуваат, на своја кожа.Ненамерниот пропуст при изведбата на химната немаше да биде воопшто важен, ако политичкиот контекст беше поинаков и ако одредени политички „хиени“ веднаш не го ставеа во погон.Иако сум гледал многу истакнати општественици и политичари, мои колеги, како на различни државни настани и церемонии ненамерно го грешат основниот текст на химната, па тоа симпатично го преминуваат, сепак на Тамара мораше „душата да и се извади“.- Тамара, гази напред и уште долго прави не горди како што тоа пред извесно време на Евровизија, маестрално, го стори! Ти си голем изведувач-пејач, и секако голем човек!А ние, ние белким научивме нешто од канонадата врз тебе!“, напиша доскорешниот генерален секретар на СДСМ на својот профил на Фејјсбук.

Македонија | пред 6 години

zemjotres-kalifornija

(ВИДЕО) Калифорнија ја погоди земјотрес од 7,1 степени

Земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди јужна Калифорнија, оштетувајќи згради и патишта, а има и повредени, објавија локалните власти. Според прелиминарните податоци, епицентарот бил на длабочина од околу 9 километри, во пустината Мохаве, а потресот бил почувствуван во сите поголеми градови во непосредна близина – Лос Анџелес, Сан Франциско и Сакраменто.Како што известува Си-Ен-Ен, во градот имало  материјална штета, а неколку лица биле повредени. Поради земјотресот во Лос Анџелес, во некои делови од градот имаше прекин на електричната енергија. Голем дел од патиштата во овој регион од Калифорнија се распукале од силината на потресот.Си-Ен-Ен известува дека оваа област има била погодена од  повеќе од 1400 потреси во последните два дена.Луси Џонс, Калифорниски сеизмолог (CalTech), изјави дека земјотресот е најсилен во регионот од 1999 година.https://twitter.com/DarshaPhilips/status/1146935781681856513?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1146935781681856513&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alsat-m.tv%2Fmk%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25b7%25d0%25b5%25d0%25bc%25d1%2598%25d0%25be%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25ba%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b8%25d1%2584%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2598%2F 

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Драма над македонското небо: Авионот пет пати се обидел безуспешно да слета, патниците вриштеле од страв

Вкупно пет неуспешни обиди имал авионот кој се обраќал на релација Истанбул-Скопје, да слета на скопскиот аеродром. Тој кружел над македонското небо, но не успеал да слета поради невремено, дознава „Скопје1.мк“. Патниците биле вознемирени, во авионот настанала паника и вриштење. Авионот бил на превозникот „Туриш ерлајнс“, а во него, дел македонската делегација која учествуваше на конференцијата од УНЕСКО во Баку, меѓу кои, градоначалникот на Охрид. Еден час траела драмата со слетувањето, а искуството било ужасно, сведочи еден од патниците за „Скопје1.мк“.„Пиштење, молитви, плач! Тоа се слушаше во авионот кој точно пет пати направи обид да слета на аеродромот во Скопје, но не успеа. Се тресеше целиот авион, деца плачеа, а потоа почнаа да плачат и возрасните. Траорно и ужасно беше, а патниците гласно викаа и прашуваа зошто се случува сето ова и зошто не слета авионот во Охрид“, вели патник во авионот за „Скопје1.мк“.Доколку невремето било главен проблем да авионот не слета во Скопје, се поставува прашањето, зошто не бил пренасочен да слета на охридскиот аеродром? Јавноста легитимно бара одговор, дали е безбедно македонското небо? Зошто се дозволило авионот да врти наоколу и да ја загрозува безбедноста на патниците, кога праксата од изминатите години покажува дека кога не може во Скопје, авионите слетуваат во Охрид?Јавноста во Македонија е шокирана со аферите за набавката на радари и „бомбите“ кои се објавија, како и аферата за избегнат судар на македонското небо, и затоа повторно се отвора прашањето каква е безбеднста на авио сообраќајот?

Македонија | пред 6 години

miladinovci-stip-960x471

Заев свечено ќе го отвора автопатот по кој се вози повеќе од еден месец

Автопатот Миладиновци - Штип денеска ќе биде свечено отворен, иако истиот е пуштен во употреба за возачите пред повеќе од еден месец.Владата ги покани медиумите, а одбележувањето на настанот ќе биде во Свети Николе.со почеток од 11 часот. Предвидено е да се обратат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов и амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Лисјен.Вчера поранешниот премиер Никола Груевски го присвои за свое дело преку коментар на Фејсбук „автопатот да биде сочуван до неговото враќање во Македонија како бегалец во Будимпешта“, на што СДСМ му одговори дека не го изградил ниту 50 отсто и дека главен мотив му биле провизиите.Миладиновци-Штип го скратува патувањето од Скопје до Штип за околу половина час во должина од 47 километри, а за негова изградба беа вложени 177 милиони евра.

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

ВМРО-ДПМНЕ: Мора да се отворат истраги за незаконското работење на Катица Јанева

Во Македонија мора да се врати правдата, мора да се врати владеењето на правото и правната држава. На аболицираниот Заев и неговата криминална банда и требаа шест месеци да се согласи дека Катица Јанева работела лошо и дека нема капацитет да биде на чело на СЈО. Дури после шест месеци Дескоска призна дека инсистирањето на Заев, Катица Јанева да го води обвинителството било без основа и само губење на време. Тоа што Катица Јанева нема да биде на чело на СЈО не е доволно. Мора да се отворат сериозни истраги и за сите сомненија за нејзино незаконско работење, секој кој се огрешил пред законот мора да одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ.“Власта загуби драгоцено време за закон за кој се договорени речиси 60 проценти од членовите. Тоа значи дека власта загуби драгоцени 6 месеци за Република Македонија, време во кое можеа да се реализираат реформи во полза на граѓаните.Очекуваме власта посериозно да ги сфати и останатите забелешки на ВМРО-ДПМНЕ, да престане да го губи времето и да ги прифати сугестиите кои се согласно европските закони и согласно одредбите за човекови права.За жал досега криминалната власт само ги прифаќаа принципите како основа за законот, но не ги испочитуваа. Сега изработуваме наша верзија на закон, според тие принципи врз меѓународни документи и стандарди кои значат и ќе значат вистински квалитет. Тие стандарди не значат амнестија за никого.Единствено СДСМ бара амнестија, криминалната власт бара амнестија за Катица Јанева со тоа бидејќи таа постапува без овластување. Во делот на бомбите Дескоска вели дека за нив може да се склучи договор, а притоа заборава на препораките на Совет на Европа кои што се задолжителни за Република Македонија. Ако добро пребара одговорот во тие препораки е во делот за незаконски стекнати докази.Со Зоран Заев на чело на Владата и со Катица Јанева на чело на СЈО, правда не може да има во Македонија. Овие двајца се пречка за македонските граѓани да живеат во правна држава. Кога тие ќе си заминат, само тогаш ќе има правда во Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев во посета на Штип

Премиерот Зоран Заев денеска во Штип ќе одржи работна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев придружуван од министерот Димковски, од градоначалникот Бочварски и од директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска ќе оствари средба и со граѓаните на Штип и ќе ги посети локалните дуќани во централното градско подрачје.

Македонија | пред 6 години

1-20

МВР: Трпковска го нарушуваше јавниот ред и мир

МВР го потврди апсењето на Маја Трпковска, мајката на убиениот Пинета Секондо. Од Министерството велат дека Трпковска го нарушувала јавниот ред и мир за време на НАТО вежбата „Одлучен удар“. Според МВР, Трпковска предизвикала инциденти каде ги попречувала полициските службеници во вршење на својата работа.„Во 17.45 додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата „Одлучен удар“ , лицата Н.О. , М.Т. и Д.Д. го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево со температура до 37 степени

Во Македонија времето ќе биде сончево и топло. Ќе има мала до умерена облачност.Минималните температури ќе се движат од 11 до 19 Целзиусови степени, додека максималните ќе бидат во интервалот од 28 до 37 Целзиусови степени.УВ индексот ќе изнесува 9.

Македонија | пред 6 години

aljaska

На Алјаска измерени рекордни 32 степени

Температурата на меѓународниот аеродром во најголемиот град на Алјаска, Енкориџ, достигна рекордни 32,22 степени.Највисоката температура во овој град претходно е измерена на 14 јуни 1969 година и изнесувала 29,44 степени, информира Боб Клеј од Националната метеоролошка служба.Тој додаде дека просечната температура за јули во Енкориџ е 23,89 степени

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања