Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

visa-exit

Грк почина на фестивалот Егзит во Нови Сад

Управата на светски познатиот музички фестивал Егзит кој се одржува на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, упати жалење поради трагичната смрт на еден посетител од Грција.Откако му се слошило, Гркот бил однесен со Брза помош, но по кусо време починал во болница.Пријателите што биле со него изјавиле дека тој цел ден конзумирал разни наркотични средства и дека боледувал и од хронична болест.Од фестивалот Егзит нагласуваат дека секогаш се залагаат за некористење било какви наркотични средства и дека постојано водат кампањи за превенција и за штетноста од дрогата.

Свет | пред 6 години

najnova-vest-skopje-1

Авионот во кој е градоначалникот на Охрид не можел да слета во Скопје, па се вратил во Истанбул

Авионот од Истанбул кој вечерва требаше да слета на аеродромот во Скопје се вратил назад во Турција заради немање услови да слета на скопскиуот аеродром, дознава Скопје1.мк.Авионот направил неколку обиди да слета но од безбедностни причини било оценато дека слетувањето неможе да се изведе. Не е јасно зошто авионот не слетал на аеродромот во Охрид. Во авионот била и дел од делегацијата од Македонија која учествуваше на самиотот на УНЕСКО во Баку, заедно со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски и други членови на делегацијата.Дополнување: Еден од членовите на делегацијата Андреј Жерновски пред два дена се вратил во Македонија.

Македонија | пред 6 години

policajka

(ВИДЕО) Полицајка скокнала во Вардар, за да фати крадец

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како се апси лице, за кое авторот на видеото тврди дека е крадец кого го бркала полицијата во центарот на Скопје.Како што стои во описот на видеото крадецот бил фатен од инспекторка која скокнала во Вардар бркајќи го крадецот, при што го фатила и уапсила во водата.„Овие двајца момци во белите кошули, го бркале од Соборен храм, таму тој на некоја жена и ја украл ташната, и тој ден украл и др.работи, ланчиња и др.нешто.Момциве го бркале од таму до Вардар, а девојкава случајно минувала инспектор во цивил, а момциве викаа лопов , фатете го лоповот, и кога девојкава гледа дека нешто се случува потрчува по него, тој бега и се втурнува во Вардар а таа пливаше по него“, пишува авторката на видеото.https://www.facebook.com/vedranamakedonska/videos/vb.100019827583589/346970822640501/?type=2&video_source=user_video_tab 

Скопје | пред 6 години

benziska-skopje

(ФОТО) Замина од бензиска заедно со цревото од пумпата, еве како се возеше низ Скопје!

На социјалните мрежи, на фејсбук-групата „Ѕид на сообраќјаниот срам“ се појави фотографија на која едно возило, марка „Пунто“ се движи по булеварот „АСНОМ“ заедно со цревото од бензинска пумпа.Каде ли толку брзал возачот, никој не знае, но еве го резултатот од брзањето ...

Скопје | пред 6 години

07052019_PVRSM-Zaev_Merkel_Moravjecki_Borisov-_Pres-konferencija_4

43 милиони евра за проекти за земјава како придонес од Берлинскиот процес и регионалната соработка и добрососедство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, со канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел и со премиерот на Република Бугарија, Борис Борисов, се обрати на заедничката, завршна прес конференција на Самитот на Западен Балкан во Познањ, Република Полска, во својство на копретседавач на Берлинскиот процес во наредните 12 месеци, која како премиер на Северна Македонија ќе ја сподели со премиерот Борисов.Во своето обраќање пред европската, регионалната и националната медиумска јавност, премиерот Заев им се заблагодари на полските домаќини за одличната организација на овој Самит, како и за бројните настани и активности кои му претходеа, и на иницијаторката на Берлинскиот процес, Канцеларката Меркел, која, како што рече премиерот Заев, несомнено даде силен импулс за европската перспектива на Регионот и регионалната соработка.„Сметам дека сите треба да бидеме горди на постигнатите резултати. Регионалната соработка доби нова димензија. Реализирани се мноштво на проекти и започнати се мноштво иницијативи кои треба да допринесат кон економски развој, зголемена трговска размена и меѓусебно подобро разбирање и помирување. Берлинскиот процес несомнено се покажа дека помага во остварувањето на стратешката цел на Регионот - неговата интеграција во ЕУ, но тој не треба да го супституира пристапниот процес, туку и натаму да биде со него комплементарен“, рече премиерот Заев и додаде дека во Познањ имаше можност да се направи пресек на постигнатото, и да се отвори дискусија за иднината на процесот.„Несомнено Регионот се повеќе станува сопственик на процесот. Еден од доказите за тоа е што во наредната година одлучено е Бугарија заедно со Република Северна Македонија да бидат ко-претседавачи на процесот ко- домаќини на Самитот. Тоа е извонредна вест за сите и е доказ за градењето на добрососедските односи, продлабочениот политички дијалог меѓу земјите и зрелост за повисоко ниво на соработка. Искрено се радувам, што со мојот пријател и колега, премиерот Борисов заеднички ќе ги пречекаме сите премиери од Берлинскиот процес и ќе воведеме нова практика на заедничко претседавање на една држава членка на ЕУ и една држава кандидатка за членство во ЕУ од Западен Балкан. Оваа заедничко претседавање само ќе го зацврсти нашето пријателство и ќе биде позитивен пример за идните години на Берлинскиот процес“, рече Претседателот на Владата на РСМ Заев, и додаде дека е голема чест што за прв пат од стартот на Берлинскиот процес една земја членка од Западен Балкан, кандидат за членство во ЕУ, како што е Северна Македонија, да копретседава со Берлинскиот процес и заедно со Бугарија да ги организира и координира проектите за поддршка на политиките на евроинтеграции на регионот.Заев истакна дека оваа чест, истовремено е и одговорност и обврска да ги одржиме перформансите на иницијативата.„Во наредните години нашата визија е целиот Регион да се најде во повисока фаза на интеграција во ЕУ. Напредокот во пристапниот процес отвора уште поголем потенцијал за соработка и економски развој на Регионот. Уверен сум дека овие цели ќе бидат постигнати“, потенцираше премиерот Заев на заедничката прес конференција со полскиот премиер Моравјецки, со канцеларката Меркел и со бугарскиот премиер Борисов.Во продолжение премиерот Заев изрази благодарност во име на Владата на РСМ и во име на народот на земјата за новиот пакет за поврзаност, со кој Европската комисија им оддаде признание на политиките на Северна Македонија со фонд од 42,7 милиони евра за три проекти од огромна важност за земјата.„Околу 13,2 милиони евра ни се доделени за Интерконекторот меѓу Република Грција и Република Северна Македонија за снабдување со природен гас, како еден од најзначајните енергетски проекти во овој дел на Европа, чија реализација ќе значи можност, иднина, конкурентност, безбедност и сигурност при снабдувањето со природен гас. Нашата држава, нашата Влада и јас лично ќе се заложиме овој проект да продолжи и кон нашите први соседи Косово и Србија и така да добие уште поголема регионална вредност. Тоа ќе ја зголеми енергетската независност на државите од Западен Балкан, и ќе ја зголеми меѓусебната поврзаност на овие држави и нивните економии во регионот“, рече премиерот Заев.Тој објасни дека околу 2,8 милиони евра од овој фонд ѝ се доделени на земјата за Изградба на заедничкиот железнички граничен премин и патен пристап на Табановце на границата меѓу Република Србија и Република Северна Македонија, за да се олесни и подобри движењето на стоки и лица долж Коридорот 10, и дека 27,8 милиони евра ќе бидат насочени за изградба на Автопатот А4, Блаце - Скопје, како придонес кон подобра поврзаност во Коридорот 8 и како продолжение на завршениот автопат Приштина - Блаце до нашата граница.„Сите овие проекти имаат вредност и корист за целиот регион и ќе имаат позитивен ефект врз раздвижувањето на економијата и олеснувањето на патувањето на луѓето. Таквите проекти ја изразуваат вистинската вредност на Берлинскиот процес и регионалната соработка, а граѓаните и компаниите можат да го почувствуваат тоа во секојдневниот живот и работа“, рече премиерот Заев на заедничката завршна прес конференција со премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, со канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел и со премиерот на Република Бугарија, Борис Борисов.  

Македонија | пред 6 години

123-1

Приведена мајката на Пино Секондо

Маја Трпковска, мајката на убиениот Пино Секондо, заедно со уште две лица попладнево е приведена во полициската станица Беко .Од МВР велат дека лицата се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, додека на плоштадот во Скопје се изведувала НАТО вежбата „Одлучен удар”„Во 17.45 додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата „Одлучен удар“ три лица Н.О. , М.Т. и Д.Д. го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се вели во официјалното соопштение на МВР.

Македонија | пред 6 години

Tamara-todevska

Тамара ги откажа концертите во Прилеп и Охрид

Откако на приемот во американската амбасада поп пеачката Tамара Tодевска ја згреши македонската химна, таа денес објави дека ги откажува настапите во Охрид и Прилеп.„Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство. Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид. Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна. Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор“, напиша Тамара на Фејсбук.

Магазин | пред 6 години

64599868_614493992403734_3439892440406818816_n-1

Колев: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ можат да се договорат скоро за СЀ!

Извинето нека е!СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ можат да се договорат скоро за СЀ!Можат да се договорат да си поделат 4.5 милиони евра за партиските каси, да најдат соодветен модел на 2/3 мнозинство за да го сменат Уставот, да си ги зачуваат патните трошоци, да ги „решат“ јавните набавки и сѐ друго за кое ќе се сетите, но никако да се договорат за промените во правосудството и владеењето на правото и за промената на изборниот модел, се вели во соопштението од Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.Ако почитувани сограѓани сте задоволни од сето ова, тогаш најискрено ве замолувам на следните парламентарни избори да излезете и по создадената традицијата за овие 28 години масовно да гласате за нив. Тоа е демократијата.Но доколу не сте задоволни, како што не сум задоволен и јас од оваа ситуација, тогаш пред нас имаме две можности: или секој поединечно да се спасува, иселувајќи се од земјава, тој, па за кратко и неговото семејство, или масовно да излеземе на гласање и да гласаме за некој друг. Да не се разбереме погрешно, гласајте за кого сакате, не мора тоа да е ГДУ, само немојте за оваа „триглава“ ламја, повторно.Ги замолувам при иселувањето, особено граѓаните од источна Македонија, внимателно да возат по новиот автопат кон аеродромот во Скопје, бидејќи ни се јави „спасителот“ од Будимпешта да не му го уништиме, небаре е од на дедо му наследството а не од „жутите“ на кредит за кој со Милета маки мачеа со процентите.Почитувани сограѓани, не излегувањето на избори не е решение, нивните партиски машинерии елегантно здомени на државна служба ќе си ги изгласаат пак. Но за наша огромна среќа тие се 2/3 од гласачкото тело. Останува да слушнеме што мислат оние 1/3 кои не сакаат да прават компромис со себеси и иднината на нашата држава, за тоа да бидат вработени од партијата како чиновници или друга многу „патриотска" или „државотворна“ позиција во администрација.За крај да потенцирам дека тој се извини, но и ти се извини, значи ние се извинивме. Додека процесот на помирување „цвета“ преку институтот „македонска прочка“, објавен од премиерот Заев од говорницата во Собрание, станува се појасно дека скоро нема да имаме македонски Велигден, се вели во соопштението од Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ. 

Македонија | пред 6 години

Foto-3-3

Формирана комисијата за помилување на Претседателот, еве кои се членовите..

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска се одржа конститутивна седница на Комисијата за помилување, работно тело на Претседателот на Република Северна Македонија, на која присуствуваше претседателот Стево Пендаровски.Членови на комисијата се:- Сабит Кранли, поранешен судија во Врховниот суд – претседател на Комисијата,- Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија,- Фехми Стафа, државен правобранител на Република Северна Македонија,- Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатска комора на Република Северна Македонија,- Темелко Ристевски, универзитетски професор,- Сафет Алиу, поранешен судија во Врховниот суд,- Божин Аврамовски, судија во пензија,- Ерол Рушид, лекар,- Зора Митиќ, лекар,- Уранија Пировска, Хелсиншки комитет за човекови права, и- Билјана Петковска, Македонски институт за медиуми.Претседателот Пендаровски, посакувајќи успешна работа на комисијата, рече дека при изборот на членовите на комисијата се водел од нивните исклучителни биографии и нивното богато професионално искуство. 

Македонија | пред 6 години

jana

Девојка со редок карцином одбиена за помош од државата, вели: Македонијо, те сакам бескрајно, но ако даде Бог ќе те напуштам

Триесет и тригодишната Јана Арсовска од Охрид боледува од адултен неуробластом, опасен малиген тумор, од кој заболува само едно во десет милиони луѓе. Се работи за агресивен канцер, кој после година дена повторно ѝ се врати. Јана Арсовска на нејзиниот фејсбук-профил сподели низ што се поминала последните неколку години поради заболувањето и при тоа информираше дека била одбиена за финансиски средства за нега.Еве што Јана објави на социјлната мрежа фејсбук.-ахаха многу интересна вест ме разбуди утрово, за неверување... имав поднесено документи за нега да земам од државава на следна основа, а и ми следува:2015- дијагностицирана со адултен неуробластом на 29 год. детска дијагноза, опасен малиген тумор за кого нема протокол официјален за возрасни. Примени 7 опасни хемотерапии + 10 дена строга изолација за MIBG терапија што во МК не постои + трансплантација на матични клетки (исклучително тежок период, месец дена изолација).Потоа следуваат контроли, но се работи за агресивен канцер и после година дена болеста ми се врати. Следува: 4 циклуси нови хемо + радиотерапија (и денес имам нус појави, ужасен дерматит / изгореници на десната нога, лимфен едем и со месеци одам со штаки) + втора трансплантација на матични клетки.Следен чекор се предлага имунотерапија, еден циклус чини околу 80 000 евра... + месеци во Германија, далеку од дома, од најблиските + панични напади + страв + пропуштам втора сезона да не ја работам поради нус појави кои не се воопшто наивни! И така, јас како човек со две трансплантации во година дена, неспособна за работа сеуште, што чекам резултати од биопсија во страв да не биде коскената срцевина уништена од ударно зрачење, МЕ ОДБИВААТ ЗА НЕГА! Мене, што 4 години од животов ги поминувам во болници. Не се жалам за тоа, таков пат ми одредил Бог и тој ќе ми даде сила за напред. Ќе водам јас уште многу тури, но сега, во овој момент за прв пат ВИСТИНСКИ чувствувам потреба да си заминам од тука. Македонијо,моја земјо прекрасна, те сакам бескрајно, но ако даде Бог ќе те напуштам. Амбициозна сум, зборам неколку странски јазици, вредна... само да оздравам и би сакала да заминам во некоја друга земја, можеби поправедна! Барем се надевам!!!Ве сакам другарчиња, нека Бог ве чува сите, па и мене <3

Македонија | пред 6 години

ehfcl-18-19-rakomet-vardar-kielce-01122018-4738

Македонија е трета ракометна сила во Европа

 Национален спорт на Македонија. Доказ за тоа што стигна и од ЕХФ откако нашиот ракомет е како трета сила во Европа.Сето ова доаѓа од Вардар кој по вторпат е европски шампион  во само три години, а три пати настапи на ф4 турнирот во Келн Високиот ранк е поради Металург кој беше учесник во ЛШ.

Спорт | пред 6 години

skolo-demir-hisar-3232787328

Директорка вработила наставник со кривично дело

Според информациите на МВР, СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(51) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, злоупотреба на службената положба и овластување.Во текот на јануари 2019 година пријавената, како директор на СОУ „Крсте П. Мисирков“ во Демир Хисар, на оглас за вработување на наставник за стручни предмети од шумарско и дрвопреработувачката струка избрала кандидат кој немал соодветно образование. 

пред 6 години

05072019_Sednica_Komitet_svetsko_nasledstvo

(ВИДЕО) Охрид се спаси, но само на неколку месеци

На 43-тата седница Комитетот за светско наследство одлучи природното и културното наследство во Охридскиот регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност. Комитетот за светско наследство ги прифати аргументите на Владата на Република Северна Македонија и го препозна и поздрави прогресот кој е направен изминативе две години.За време на дебатата за Охридскиот регион, земјите членки на Комитетот изразија широка поддршка за напорите на Владата за зачувување на интегритетот и автенчиноста на светското наследсво во Охридскиот регион.Како позитивни реформи, Комитетот посебно ги истакна активностите на Владата како укинување на плановите за ски центар и експресен пат во Галичица, проектите за колекторскиот систем и пренасочувањето на Реката Сатеска, како и носењето на новиот Закон за управување. Комитетот ја нотира и поздрави одлуката на Владата од 11 јуни за спроведување на останатите препораки на УНЕСКО.Согласно одлуката, Република Северна Македонија до 1 февруари 2020 треба да достави извештај за напредокот во остварувањето на останатите препораки на УНЕСКО. Врз основа на тој извештај се очекува УНЕСКО повторно да го разгледува случајот со Охридскиот регион на следната седница на Комитетот во јуни 2020.Дополнително, на седницата на Комитетот се донесе одлука да се прошири границата на заштитеното добро, со што се вклучува и делот од Охридското Езеро во Република Албанија. Северна Македонија ја поддржа и поздрави оваа одлука, и блиску ќе соработува со Албанија во заедедничкото управување и одржување на светското наследство.

Македонија | пред 6 години

zaev-borisov

(ВИДЕО) Заев му одговори на Борисов: „Иако сме Северна Македонија, пак е 40 степени“

Премиерот Зоран Заев, во рамки на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Познањ, се сретна со бугарскиот колега Бојко Борисов. На прашањето од Борисов, Како е во Скопје? министерот за надворешни работи, Никола Димитров му одговорил Многу топло, а Заев:„Иако сме Северна Македонија, пак е 40 степени“.Заев, на Самитот ЕУ-Западен Балкане придружуван од вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/2476026829292039/

Македонија | пред 6 години

orce-kamcev

Камчев: Зборувањето криминал по телефон не е забрането

   Денес во судот Јордан Камчев сведочеше за предметот ,,Тортура" каде што првообвинет е Сашо Мијалков. Предметот се однесува за  апсењето на Љубе Бошковски.Камчев вели дека разговарал по телефон и воопшто не е забрането да се збори за криминал преку телефон, бидејќи сите зборувале за тоа и предметот му бил интересен, му одговорил на обвинителот Љубомир Лапе .Тој сведочел на 06.07.2011 кога било апсењето на Љубе Бошковски . Познато ми е дека апсењето сите го видоа на ТВ, дека одредено лице примило мито, преговарал за името и треба да биде уапсен вели Камчев кој на прашање дали дента зборувал на телефон со Оливера Трајковска не се сеќавал .Тој се сомнева во автентичноста на ,,бомбите" предадени во СЈО може да се монтирани, лепени ...Оливера Трајковска вели дека се слушнала со Камчев и дека соопштил дека нешто ќе се случува за еден час .

Македонија | пред 6 години

policija-1

Мртов маж пронајден во стан во центарот на Скопје

 Во СВР  на 04.04.2019 година во 11.50 било пријавено дека на ул. 11-ти Октомври во Скопје бил пронајден починат С.С.(73) од Скопје  без траги од насилство на телото. Екипа на СВР извршила увид на местото. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено за обдукција .

Скопје | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е главен виновник за состојбите во Охридскиот регион

ВМРО-ДПМНЕ е директен виновник за состојбата во Охридскиот регион. Цели 11 години приоритетно се остваруваа бизнис и личните интереси на раководството на ВМРО-ДПМНЕ поради што Охридскиот регион беше злоупотребуван и уништуван, се вели во соопштението од СДСМ. Јавноста и граѓаните многу добро се сеќаваат на неконтролираното градење на Плаошник и Галичица, на осудениот криминалец Субрата Рој кој Груевски го презентираше како инвеститор, на „парапетчето“ и на сите други криминали.Од една страна ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше Охридскиот регион поради криминали и провизии, од друга страна Владата предводена од СДСМ ги санира штетите.Денес, Владата предводена од СДСМ, Општина Охрид, стручната јавност и невладиниот сектор интензивно работат на исполнување на препораките на УНЕСКО. Ќе направиме се, препораките да се имплементираат, Охридското езеро да не биде загрозено, се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

naum-stoilkovski

Стоилковски: Срамно е дипломати, амбасадори, службеници во администрацијата на МНР да немаат здравствено осигурување

Наместо одговори и одговорност МНР на Димитров Никола тоне и се заплеткува се подлабоко во секојдневни скандали. Наместо одговор за тоа како е можно да ја остави сета дипломатска служба и администрација без здравствено осигурување, од МНР го поставуваат истото прашање, како е можно да исплаќаат плата од државниот буџет, а вработените да немаат здравствено осигурување?  Одговорот од соопштението на МНР дека редовно исплаќале плата е заобиколување на вистината, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Е па почитувани, МНР треба да запре со, што би рекол господинот Зоран Заев, да кружи како „Киша око Крагујевца“ и да одговори Зошто дипломатската мрежа и администрацијата во МНР со месеци немаат беа здравствено осигурани?Срамно е дипломати, амбасадори, службеници во администрацијата на македонската дипломатија при посета на лекар да се соочуваат со тоа дека немаат здравствено осигурување. Но, тоа е СДСМ, тоа е заобиколување на законите, тоа е односот кон македонската дипломатија.Ајде да одиме со факти! Ако се било редовно, зошто тогаш сандачето за електронска пошта во МНР повеќе месеци е преполно со прашања и поплаки од вработени за немање здравствено осигурување? Ова се дел од фотографиите на документи од здравствени установи каде јасно се гледа дека вработени во МНР од 30.04.2019 и таа состојба трае се до вчера.Еве што пишуваат во меиловите: Денеска при преглед на Клиника утврдено е дека мојата работна организација нема платено здравствено осигурување заклучно 30.04.2019 Ве замолувам да проверите што се случува со моето осигурување, па доставуваат документи каде што се гледа дека нема осигурување а тоа е веќе од крајот на мај оваа година.Потоа друго писмо: Најитно молам да се провери зошто моето здравствено осигурување е заклучно 30.04 оваа година. А, Системот не дава, зашто наводно не се платени придонесите. Молам да се провери и реши, за да не се случат поголеми проблеми во иднина.Ако било се во ред со здравственото осигурување онака како што велат од МНР, од каде овие писма? Ако се било во ред зошто одговорните за организациони работи, за човечки ресурси, поединечно и групно одговара и се извинува на поставените прашања дека сепак велат, проблем постои со здравственото осигурување на вработените и на дипломатите, и пишува за проблем?МНР е редно да одговори, дали имало проблем со кој што од 30 април до вчера, вработените беа оставени без здравствено осигурување, а македонските дипломати при посета на лекар морале да црвенеат бидејќи не им било соопштено дека не им било платено здравственот осигурување?И тука повторно се поставува главното прашање каде е и што прави Синдикатот на МНР? Вработените немаат здравствено повеќе од два месеци, а Синдикатот не стори „преседан, како велеше самиот, и повторно не организираа Протест, но овој пат за вистинско синдикално прашање, за состојба во која повеќе месеци се доведени македонските дипломати без осигурување? Синдикот го нема ниту за овој ниту за друг скандал кој што го тресе МНР и која што ја погазува македонската дипломатија. Дипломатија под Димитров Никола.Македонската дипломатија тоне, Никола Димитров го претвори МНР во приватно партиско гранапче. Оној кој знаеше „среде ноќ“ да среди комисија за неговата ќерка да добие стипендија, ги остави вработените со месеци без здравствено  осигурување. Ова е срамно, жално и ништо помалку од намерно девастирање на оваа репрезентативна институцијата, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

4916507-indigomumbaiaccidnet_6

Швеѓанка уапсена поради тероризам

 Во Лондон на аеродромот Гетвик, Швеѓанка (40) била уапсена под сомневање дека подготвувала терористички напад, вели полицијатаТаа била уапсена во четвртокот кога летот веќе од Италија пристигнал во Велика Британија, изјави АП. Моментално е во притвор, а обвинувањето сеуште не е покренато Велика Британија го засили обезбедувањето  и предупредува за терористички напади на сериозно ниво . 

Свет | пред 6 години

Capture-6

Арсовски: Целата држава знае дека дивоградбите на Советникот Усеини, ги дозволува и ги штити директно Заев преку градоначалникот

Според изработениот регистар на дивоградби во општина Охрид има 1076 дивоградби, од кои над 400 се во заштитените зони од УНЕСКО . Од 19 препораки на УНЕСКО во моментов ниту една не е спроведена за 43 седница на УНЕСКО во Баку каде што се разгледува прашањето за одземањето на титулата на Охрид, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Факт е дека дивоградбите и башибозукот на СДСМ и нивните луѓе си го плаќаат данокот на општеството. Дивоградбите и непостапувањето по нив е најголемото зло што може да му се случи на Охрид и Охридското Езеро.Целата држава знае дека дивоградбите на Советникот Нефи Усеини, кој што е во коалиција со СДСМ и е многу близок соработник на Зоран Заев и актуелниот градоначалник ги дозволува и ги штити директно Зоран Заев преку градоначалникот од СДСМ Константин Георгиевски.Дивоградбите на Нефи Усеини, бетонската база на Нефи Усеини на крајбрежјето на Охридското езерото, на само неколку метри од езерото, огромната тераса кај Чинарот во центарот на Охрид која што исто така е на Нефи Усеини и сите останати дивоградби кои што се повеќе од 400 во заштитената зона и над 1000 во целиот Охрид се под директна заштита од Зоран Заев и Константин Георгиевски и тоа единствена причина е заради предизборните коалиции со истиот советник кој што гради каде што ќе стигне Нефи Усеини и никој не го санкционира тоа.Зоран Заев вчера рече дека дивоградбите ќе се рушат, ако не ги сруши општината, тоа ќе го направи државата. Каков е тој премиер што не може да му каже на својот градоначалник да го спроведува законот уште веднаш?Дали Зоран Заев тука подразбира рушење на терасата на Нефи Усеини, рушење на бетонската база на Нефи Усеини, рушење на минарето во центарот на градот кое е незаконски е изградено? Дали мисли на рушење на овие проекти или можеби на некои други?Само да потенцираме дека општината Охрид има тендер од 20.000 евра односно 1.200.000 денари за рушење на сите дивоградби. Ова е смешно и просто се прашуваме како е возможно со 20.000 евра да се срушат над 1000 дивоградби?Со овие 20.000 евра не е возможно да се срушат ниту дивоградбите на Нефи Усеини кои што се огромни и ќе треба месеци да се срушат. Едно е јасно, ниту ќе се срушат дивоградбите во Охрид, ниту пак ќе се воведе ред со СДСМ во Охрид.СДСМ го руиниса Охрид. Треба да одговараат сите оние кои што му се спротивставиле на законот, таму а во Охрид такви ги има многу. Еве еден пример од каде што почнува се, тоа е Нефи Усеини, Зоран Заев и Константин Георгиевски.Затоа, што побрзо падне оваа криминална власт на СДСМ и Заев, толку побрзо ќе се вратат работите во нормала, а сите што се огрешиле пред законот ќе одговараат, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

zelen-karton

На „Деве Баир“, сакал да помине со фалсификуван зелен картон

На 05.07.2019 година во 02.50 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, при контрола на лицето И.Б.Т.(48) од Република Бугарија и товарно возило „Ман“ со бугарски национални ознаки, кое тој го управувал, било констатирано дека меѓународната зелена карта за осигурување е фалсификувана. Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка. 

Македонија | пред 6 години

apsi

На Блаце уапсено лице барано од Интерпол

На 04.07.2019 година во 14.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, при пасошка контрола било констатирано дека лицето J.M.(32) од Република Србија се наоѓал на листата со мерка „Апси“ по барање на Интерпол – Швајцарија. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

пред 6 години

tepacka-222

Охриѓанка нападната од сограѓанец

На 04.07.2019 година, 65 годишна жителка на Охрид, пријави дека на 01.07.2019 година била физички нападната од 42 годишен жител од Охрид. Истиот е повикан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

4

Џафери се сретна со директорот на Комисијата за социјални развојни работи на Сeкинескиот народен конгрес, г. Хе Јитинг

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, придружуван од генералниот секретар г-ѓа Цветанка Иванова, оствари средба со директорот на Комисијата за социјални развојни работи на Сeкинескиот народен конгрес, г. Хе Јитинг, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.На средбата беа поздравени пријателските односи кои се развиваат во духот на меѓусебното разбирање и взаемното почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и рамноправноста на двете земји.Директорот Хе информираше за работата на Комисијата за социјални развојни работи, како една од десетте комисии на Сeкинескиот народен конгрес, која се занимава со прашања на вработувањето, социјалната заштита, безбедноста при работа, заштитата на правата на жените и децата, и тоа преку својата законодавна и преку надзорната функција за спроведување на донесената регулатива. Претседателот Џафери се осврна на новиот закон за социјална заштита донесен од Собранието, со кој се зголемуваат обврските на институциите за одредени категории на граѓани и изрази спремност за споделување на искуства во решавањето на одредени прашања од социјалната сфера.Двете страни се согласија дека директните средби и размената на мислења и искуства значително придонесуваат за унапредување на пријателските врски меѓу двете држави и за создавање на поволен амбиент за соработка во различни области од заеднички интерес.

Македонија | пред 6 години

Foto-2

Средба на претседателот Пендаровски со швајцарската амбасадорка Тејада

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими амбасадорката на Швајцарската конфедерација, Сибиле Сутер Тејада.На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Швајцарската конфедерација, при што беше изразено задоволство од развојот на соработката на билатерален и на мултилатерален план. Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво.Претседателот Пендаровски се заблагодари за севкупната помош и поддршка од Швајцарија за Северна Македонија, преку реализација на бројни проекти за подобро функционирање на институциите и за подигнување на квалитетот на живот на граѓаните и изрази очекување таа да продолжи и во иднина.Амбасадорката Тејада упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања