Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

ОЈО отвори предмет за лице кое неовластено држел амфетамини

По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното  јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.При вршење  контрола  и личен претрес, полицијата на 3 јули, во возило „Рено Меган“ во кое биле повеќе лица, пронашла една полиетиленска паковка со супстанца амфетамин во вкупна нето маса од 41,59 грама. Откако возилото било запрено, осомничениот кој седел позади совозачкото место и се превезувал како сопатник, се обидел да ја истури супстанцата но во тоа не успеал.Во насока на расчистување на настанот, извршен е претрес во станот во Скопје во кој привремено престојувал осомничениот, 20-годишен жител на Пробиштип. При тоа, пронајдени се 39 таблети метилен -диоксиметамфетамин, дигитална вага со остатоци од наркотична дрога – марихуана и прашкаста материја која претставува психотропна супстанца – амфетамин, а кои осомничениот ги држел неовластено заради продажба.Јавниот обвинител ценеше  дека постојат околности кои го оправдуваат стравот од бегство на осомниченото лице, околности за попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоци, како и дека лицето ќе го повтори кривичното дело, па оттука до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог  на осомничениот да му се  определи  мерка притвор. 

пред 6 години

internet-terorizam

Владата ја усвои информацијата на МИОА за мапирање на јавните институции и локации за бесплатен WI-FI пристап

Министерството за информатичко општество и администрација продолжува со реализација на мерките утврдени во Националниот оперативен бродбенд план. Со таа цел, на последната владина седница беше усвоена информацијата за мапирање на јавни институции и локации за бесплатен WI-FI интернет пристап.Имајќи предвид дека во соработка со Светска Банка во октомври 2019 година, треба да започне подготовката на Студијата за изводливост за изградба на Национална оптичка транспортна мрежа, на којашто понатаму ќе треба да се поврзат јавни институции и локации во општините за бесплатен безжичен WI-FI интернет пристап за граѓаните, неопходно е јавните институции и локалните самоуправи во најкус можен рок до јавното претпријатие Национална радиодифузија, да достават информации за нивното телекомуникациско поврзување (постојно и планирано) како и за локациите за бесплатен безжичен WIFI интернет пристап .Исто така, Националната радиодифузија треба да обезбеди листа на јавни институции кои ќе се поврзат на мрежните јазли на Национална Транспортна Оптичка мрежа и листа на локации на кои ќе се обезбедува бесплатен безжичен WI-FI интернет пристап во општините, парковите... кои ќе се поврзат на мрежните јазли на оптичката мрежа.Јавни институции на кои се однесува оваа информација се образовни институции- училишта, универзитети, библиотеки, истражувачките центри..., здравствени установи, министерства, судови, финансиски установи, локални самоуправи и други државни органи и тела.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Започна дистрибуцијата на "Европската младинска картичка“

Проектот "Младинска картичка" започна со реализација, доставени се првите стотина картички до млади на возраст од 15 до 29 години.На територијата на цела држава над 300 субјекти како угостителски објекти, театри, кино сали, центри за едукација и развој, спортски центри нудат попусти за нивните услуги, се вели во соопштението од СДСМ.Проектот "Младинска картичка" обезбедува поволности и придобивки во секојдневниот живот на младите. Со овој проект ќе се намалат трошоците, но и позитивно ќе се влијае и на личниот развој, едукацијата и социјалниот живот на младите.Активните младински политики се клуч за задржување на младите дома. Како одговорна партија, остануваме посветени на обезбедување подобри услови за младите, повисок студентски стандард, помали трошоци и еднаква шанса за сите млади.Младите и квалитетните младински политики се приоритет за Владата предводена од СДСМ, се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

sead-kocan

Судот го одби барањето на Кочан да му се одложи затворската казна

Бизнисменот Сеад Кочан, не доби одложување на затворската казна, па на 17 јули тој треба да влезе во затвор да ја издржи казната од 4 години и 8 месеци во предметот „Труст“ на СЈО.Ја информираме јавноста дека молбата за одлагање на извршувањето на санкцијата е одбиена како неоснована и истата е доставена до странките во постапката – соопшти Основниот суд Скопје.Кочан треба да се појави в затвор за две недели, Според одлуката на судот, .Кочан со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор од 4 години и 8 месеци откако Апелација во март годинава му ја намали првостепената казна од 6 години на која беше осуден за злоупотреба на јавна набавка во јули 2018. 

пред 6 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Не сме оптоварени дали новиот специјален обвинител ќе биде Катица, Фатиме или Ленче

Министерката Рената Тренеска Дескоска во интервју за „Фактор“ вели дека го очекуваат предлогот за СЈО од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека нема да прифатат скриена амнестија. Таа вели и дека досега не се разговарало за тоа кој ќе биде нов специјален јавен обвинител, бидејќи за тоа решава Советот на јавните обвинители.-Сакам да потенцирам дека во досегашните разговор воопшто не била спомената Катица Јанева, не сме разговарале кој ќе биде нов специјален јавен обвинител. Не сме оптеретени дали ќе биде Катица, дали ќе биде Фатиме, дали ќе биде Ленче или ќе биде некој трет. Немаме ниту право да бираме, бидејќи според нашиот предлог специјалниот јавен обвинител го бира Советот на јавните обвинители. Ќе видиме кој ќе конкурира, и кого ќе изберат, вели министерката Дексоска.Таа појаснува и кај се сопнале во преговорите за СЈО.-Очигледно е дека ова е едено од најтешките, ако не и најтешкото прашања во моментот во ресорот правда, од аспект на законодавна агенда. Ние бевме свесни од самиот почеток дека тоа ќе биде каменот на сопнување, имајќи ги во предвид личните интереси на оние кои што треба да го поддржат овој закон. Уште на почетокот на годината ние како Влада изготвивме предлог закон кој го испративме во Собранието. Тој се уште не е дистрибуиран до пратениците, во очекување да изградиме двотретинско мнозинство. Имавме сеирија на средби со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и со останатите политички партии со цел да изградиме консензус. Она што сакаме да го испратиме како порака е дека овој закон треба да се донесе со широк консензус, имајќи во предвид дека Законот за СЈО беше гласан од четирите најголеми политички партии во Собранието. Пожелно е и сега да се изгласа со широка поддршка од опозицијата и од тие причини тргнавме во дијалог.Дел од амандманите прифативме, но има еден дел од анадманите кои не можеме да ги прифатиме, а тие претежно се однесуваат на статусот и работењето на СЈО.Ние како мистрество сме спремни дури и да разговараме по нивниот текст. Не патиме од суета дека Законот изготвен од работните групи во министерството треба да биде изгласан. Доколку ВМРО-ДПМНЕ понуди поквалитетен закон, за кој ќе можеме да обезбедиме консензус, но без спорни прашања кои се појавија во досегашната дебата, ние сме спремни да го поддржиме.Се што ќе значи квалитет ќе прифатиме, но се што ќе значи обид во некои одредби да се скријат намери да добијат амнестија за одредени кривични дела тоа нема да може да биде ставено како дел од законот. Главниот проблем кој што се јави беше дека СЈО не треба да биде посебен орган, да нема одредени гаранции за нивно самостојно постапување, а најголемиот камен кој беше на сопнување беше членот 105 кој се однесуваше на истрагите и обвиненијата кои што во моментот се водат во СЈО. Имаа барање сите истраги и обвиненија кои започнале под 18 месеци да запрат, сите докази да бидат уништени и практично тоа значи амнестија, и таков тип на решение не можеме да прифатиме, вели министерката.

Македонија | пред 6 години

hrana-1

Вишокот на храна ќе се распределува согласно закон

Владата ја усвои информацијата за изготвување закон за донирање на вишокот на храна. Според оваа информација, министерствата за труд и социјална политика и за локална самоуправа се задолжени, а на ЗЕЛС му се укажува, во рок од 15 дена да изградат заеднички став во однос на дефинирање на корисници на храната којашто ќе биде донирана, односно определување на критериуми коишто треба да ги исполнуваат корисниците на храна којашто ќе биде донирана, како и да изградат заеднички став во однос на мониторинг на распределбата на вишокот на храна до крајните корисници. Агенцијата за храна и ветеринарство има рок до петти август до Владата да го достави Нацрт законот за донирање на вишокот на храна.

Македонија | пред 6 години

grcija-11

Се отвораат два нови гранични премини со Грција

Дел од одлуките од 142-та владина седница се предлог – законите за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање нов граничен премин меѓу двете земји кој ќе ги поврзува Мајден во Република Северна Македонија и Промахoи во Република Грција.Спогодбата е склучена на 2 април 2019 година во Скопје, врз основа на Преспанскиот договор. Во спогодбата се предвидува двете држави, на сопствената територија да ја изградат, реконструираат и надградат соодветната патна мрежа, како и сета останата инфраструктура потребна за функционирањето на граничниот премин.Во иста насока е и усвоениот предлог- закон за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање на еден граничен премин во регионот на Преспанското Езеро и патиштата коишто ги поврзуваат Маркова Нога на територијата на Република Северна Македонија и Лемос на територијата на Република Грција. Граничниот премин ќе овозможи поголемо поврзување и полесна комуникација на населението од овој пограничен регион

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ѓорчев се сретна со сенаторот Роџер Викер, шеф на делегацијата на Сенатот на САД во ОБСЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев се сретна со сенаторот Роџер Викер, шеф на делегацијата на Сенатот на САД во парламентарното собрание на ОБСЕ.Пратеникот Ѓорчев како шеф на македонската делегација го информираше сенаторот Викер за актуелните состојби во Македонија.Двајцата соговорници се согласија за важноста и значењето на НАТО за мирот и безбедноста на Европа. Ѓорчев истакна дека сенаторот Роџер Викер е пријател на нашата земја, нагласувајќи дека Македонија и САД се пријателски земји кои градат силно сојузништво.Пратеникот Влатко Ѓорчев е шеф на делегацијата на Собранието на Република Македонија при парламентарното собрание на ОБСЕ.Ѓорчев учествува на годишната сесија на ПС на ОБСЕ која што се одржува во Луксембург на која ќе има свое обраќање и повеќе билатерални средби.

Македонија | пред 6 години

pino

Последното збогум со Пино, миса во Скопје во недела, а ќе биде погребан во вечниот дом во Италија!

Мајката на ѕверски убиениот Пино по кој се трагаше со месеци, сподели порака на социјалните мрежи за последното збогум со нејзиниот син.– Во недела во 18. часот во католичката Црква ќе се одржи служба за Пино. Ги поканувам сите што сакаат да се помолат за моето синче да дојдат, напиша Маја Трпковска.По мисата, мајката на Пино ќе му подготви последно ЗБОГУМ во Италија каде ќе биде испратен од своето блиско семејство и пријателите до неговиот вечен дом, пренесе Магазин.Момчето кое исчезна во почетокот на декември минатата година Пинета Секондо – Пино беше пронајдено мртво. Телото е најдено во атарот на селото Љуботен пред еден месец, а беше утврден неговиот идентитет.За потсетување, министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава за две лица, осомничени дека го убиле Пинета Секондо.

Македонија | пред 6 години

saso-tasevski

Сашо Тасевски: Вентили заслужено доби вицепремиерска фотеља

Актерот Сашо Тасевски ја коментира одлуката на Влада, министерот Садула Дураку, да биде назначен за вицепремиер на Владата на Зоран Заев.Тасевски на ФБ напиша:Командант Вентили заслужено доби вицепремиерска фотеља. Неписмен бил, ваков бил, онаков бил. Не знам каков бил, ама никој друг не ги исполнува условите за таа позиција како него.1. Да кренеш рака на оваа држава. А во раката да имаш калаш или бомба.2. Да оставиш без вода цел град со диверзантски чин. И тоа во лето. Да ги држиш луѓето жедни и смрдени3. Да испукаш барем три шаржери на полицијата и војската на таа држава чиј вицепремиер си.4. Уствари он тоа и го направи на Република Македонија, а ова е Северна, такашто човекот е невин.Што ќе му школо. Он со ова ко три факултети да завршил. Со среќа нова функција команданте. Ич да не те боли за хејтерите.https://www.facebook.com/sasho.tasevski/posts/10157312682037180

Македонија | пред 6 години

ohrid-12

УНЕСКО му даде рок на Охрид до февруари

Охрид нема да се најде на листата на загрозени подрачја. Според препораката УНЕСКО ќ му даде рок на градот до февруари следната година да ги спроведе препораките а заштита на природните богатства.Имено, делегацијта од Македонија во Баку го убедувала УНЕСКО дека дел од ивоградбите кои сеуште се градат се стопирани, а во градот се случува спротивното.Пралелно на тоа и "Фронт 24" истакнуваат дека од ноември 2017 до април 2019 се легализирале 250 дибоградби.Препораката од УНЕСКО е да се прогласи мораторим на сите видови урбани трансформации на брегот од Охридското езеро, како и сета урбанистичка трансформација на градот.Согласно тоа општина Охрид експресно го изготви Регистарот на нелегални градби, ги тргна палмите и дел од билбордите на радот кои беа на самиот кеј.

Македонија | пред 6 години

65864964_388227541803136_2963987884798902272_n

(ВИДЕО) Помала сообраќајка предизвика колапс на сообраќајот во центарот на Охрид

Автомобил на кој му експлодирала гума предизвика проблеми во одвивањето на сообраќајот во центарот на Охрид на „Булевар Туристичка“.Според првите информации во инцидентот нема настрадани и сериозно повредени.

Македонија | пред 6 години

kawhi-leonard-5-e1562180082598

(ВИДЕО)Каде ќе ја продолжи кариерата Каваи Ленард

Џален Роуз поранешниот НБА кошаркар вели дека Каваи Ленард  повторно ќе соработува со Торонто со нов две годишен договор .Каваи Ленард е еден од најкорисните кошаркари во финалето со Голден Стејт кој сега е  слободен играч, а се  споменуваше дека тој ќе заминува во Лос Анџелес каде ќе потпише за еден од нив Лејкерс или Клиперс .Роуз тврди дека разговарал со многу луѓе дека најголема е веројатноста дека повторно ќе се врати во Торонто .[embed]http://twitter.com/GetUpESPN/status/1146519168080121857[/embed]  

Спорт | пред 6 години

siljanovska-gjorce-petrov

Сиљановска: Санкција за Тамара, нема извини мора да се има одговорност

Со пропустот на изведбата  на Тамара Тодевска на химната во Американската амбасада по повод денот на независноста на САД се приклучи и проф. Гордана Сиљановска Давкова. Таа вели нема простор за извинувања и грешки пред законите,да се стави крај на пропустите, а виновните да си ги сносат последиците.Таа го цитира Законот за химната кој беше објавен во службен весник на 12 август 1992 година со која убаво се дефинирани стиховите на нашата химна .[embed]https://twitter.com/gogamkd/status/1146724356170682368[/embed]     

Македонија | пред 6 години

1

ВИДЕО: Поплавени улици, семафори без струја - хаос во Скопје

Поплавени улиците во Аеродром, по краткиот но интензивен дожд. Вистински хаос во 10 минути настана откако се исклучија и семафорите.Поплавените улици се постојан проблем и при најмало невреме во Скопје. До сега, локалната власт не најде решение за санација на овој проблем.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2089438444512680/ 

Скопје | пред 6 години

policija-11457250074.-680x365_c-400x240

Кривична пријава за двајца тинејџери за тешка кражба

СВР поднесе кривична пријава против А.О. (19) И Ј.Б.(18), од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „кражба на дрзок начин". На 29.06.2019 година на ул.Коце Металец едниот од нив со употреба на физичка сила и одзлемал златно  ланче на оштетената, додека другиот кој го управувал возилото го собрал и побегнале од местото на злочинот. По истрага возилото било пронајдено со двете обвинети лица.

Скопје | пред 6 години

sajt-bp

Тешко повредено 7 годишно дете во сообраќајка на патот Неготино-Демир Капија

Денес во раните утрински часови на патот Неготино - Демир Капија џип    „тојота РАВ 4“ излетал од патот .МВР вели возилото од австриски ознаки било управувано од 34 годишен Германец .Во незгодата детето се здобило со телесни повреди кое било сопатник во возилото и итно било пренесено во клиниката    „Мајка Тереза“  -  Скопје .Полицијата извршила увид и ги гледа дополнителните причини за несреќата .

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

И АРМ го смени името, станува АРСМ

Врховниот командант претседателот Стево Пендаровски вчера ја потпишал уредбата за ознаките на армиските униформи со што отсега АРМ се преименува во Армија на Република Северна Македонија (АРСМ) .Претседателот информираше и дека се прават обиди да се најде решение и за повлекување на, како што рече, незаконските укази на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.Инаку денеска Пендаровски  беше во посетата на воените единици ангажирани на јужната граница на земјава и посетата на транзитниот центар за мигранти во Гевгелија. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пазарел со фалсифукувана банкнота, приведено едно лице

На 03.07.2019 во 10.40 часот во Полициската станица Пробиштип, вработен во маркет пријавил дека непознат сторител платил артикли во маркетот со банкнота која била фалсификувана. По преземени мерки, во врска со настанот, во Полициската станица Пробиштип бил приведен С.Т.(56) од Свети Николе. Кај него биле пронајдени и одземени две банкноти кои биле дадени на вештачење. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

granata

Во двор пронашол пет гранати од Првата светска војна

На 03 јули во Полициското одделение Новаци, Н.Т.(52) од с.Црничани пријавил дека во дворното место пронашол пет гранати од 75мм, една од 65мм и една од 105мм од Првата светска војна. Гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. Увид извршила екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 6 години

raskoski

Антикорупциска отвори предмет за Рашковски и Леонардо

Комисијата за спречување на корупцијата одлучи да  отвори предмет во врска со сомневањата за местење на тендер, во која беше замешан генералниот секретар Драги Рашковски. Антикорупциоенрите ќе проверуваат дали Рашковски се вмешал во изборот на оператор кој треба да постави нов радарски систем на скопскиот аеродром.Генералниот секретар на владата Рашковски веќе изјави дека не чувствува одговорност и дека нема да поднесе оставка затоа што ги исполнувал задолженијата дадени од владата да го убрза процесот за купување на нов радарски систем.Рашковски и премиерот Заев тврдат дека во случајот не е барано никакво мито и дека фирмата Леонардо е избрана уште во 2016-та од во тоа време претседателот на УО на М-НАВ Живко Попоски, татко на тогашниот министер за надворешни работи Никола Попоски.

пред 6 години

77331-101697

Полицијата во потрага по малолетникот од „Ранка Милановиќ“

 На 03.07.2019 година во 01.15 часот во Полициската станица Гази Баба, социјален работник во домот „Ранка Милановиќ“ пријавил дека нивниот штитеник М.А.(17) се оддалечил од установата. Претходно неколку пати се оддалечувал и бил враќан во установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.Вчера на 03.07.2019 година во 01.15/30 часот во Полициската станица Гази Баба работник од домот  „Ранка Милановиќ“ пријавил дека   М.А (17) се оддалечил од установата при што долго време го немало.Претходно неколку пати  се оддалечувал, но се враќал. Се работи на случајот за пронаоѓање на малолетникот.  

Скопје | пред 6 години

11

(ВИДЕО и ФОТО) Нухиу и Тимоние следеа вежба „Техники на интервенција со употреба на јаже во урбани и природни средини“

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска присуствуваа на завршната вежба на припадниците на алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи - Техники на интервенција со употреба на јаже во урбани и природни средини. Обуката, како дел од билатералната техничка соработка меѓу министерствата за внатрешни работи од двете држави беше реализирана во периодот од 24 јуни до 5-ти јули 2019 година, како втор модул што го следеа 17 припадници на оваа единица и тоа осум од напредно ниво и девет од основно ниво, Обуката и оваа година, како и минатата, ја реализираат обучувачи од CNEAS - Националниот центар за обука, алпинизам и скијање во Шамони, кој припаѓа на ЦРС службите ( Републички компании за безбедност) Жером Дардулија и Алексадар Пулак. За поуспешна реализација на нивните активности придонесоа донациите во опрема на Француската амбасада во Скопје како и донациите на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. 

Македонија | пред 6 години

ilovica

Одбиено барањето за издавање дозвола за „Иловица“ - компанијата не ги исполнила законските услови за вршење експлоатација

Министерството за економија на денешната седница на Владата на Република Северна Македонија информираше дека се исполнети законските услови за донесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово на ЕУРОМАКС Ресоурцес ДОО Скопје.Во информацијата којашто денеска пред Владата ја презентираше Министерството за економија, утврдено е дека компанијата не ги доставила сите потребни документи кои се бараат согласно Законот за минерални суровини за добивање на дозвола за експлоатација.По истекот на задолжителниот рок за жалба од 15 дена, Владата на Република Северна Македонија ќе може да донесе и конечна одлука за едностран раскин на Договорот за концесија со ЕУРОМАКС Ресоурцес ДОО Скопје.

Македонија | пред 6 години

48355602_2325087317503323_649044917921775616_n

СДСМ воведе нов систем на работа – од сега редовни средби со граѓаните, на терен

Се обврзавме пред граѓаните за промени и нов начин и модел на делување на работење, но и на забрзување  забрзување на напредокот на општеството.За нас, зборот важи!Како генерален секретар на СДСМ,  партијата носител на промените и на напредокот, ја информирам јавноста: СДСМ ги заокружува промените и воведува нов систем на работа и делување, во интерес на граѓаните. Промените продолжуваат, истакна Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.Со почетокот на овој месец, јули, започнуваме и со теренски активности и средби со граѓаните, на терен, во маалата, во селата, во урбаните заедници, низ сите градови и општини.Тимови на СДСМ на централно и локално ниво, придужувани од партиски носители на функции, советници, нашите градоначалници, директори ќе се сретнат со граѓаните ширум републиката во текот на летото.На маалски и урбани со граѓаните ќе разговараме за нивните потреби, за отворените прашања, за работата на локалната самоуправа и градоначалниците, за работата на централната власт и на институциите, но и за начинот на решавање на проблемите. Ќе го забележиме она што ќе го посочат граѓаните и итно ќе делуваме низ нашиот систем. Што е добро сработено во изминатите 2 години, што треба да се подобри.Започнуваме од утре во Пробиштип и во сабота од Штип. Продолжуваме секој ден на терен со граѓаните. Со вас сме, на ваша страна, приклучете се, бидете гласни, вашиот став, вашето мислење за нас е важно и битно. Како што ветивме пред изборите, н ема да бидеме на терен само за изборен период или за време на кампања. Токму затоа, почнуваме со активности.Секој ден, континуирано, со граѓаните, до граѓаните, за нив постоиме. Нашите нови претседатели на општински организации, нашите нови тимови заедно со градоначалниците ќе бидат заедно со вас. Уште во следните денови започнуваме со средбите, а сите теренски активности ќе бидат прилагодени на летниот период, по интензитет, време и по карактер. Постепено ќе засилуваат и нашите средби ќе бидат системски и во континуитет.Новиот систем на СДСМ значи редовно оценување на политиките, програмите и проектите на сите можни нивоа. Овој процес е започнат и во овој процес се воведени сите наши градоначалници, директори и претседатели на општинските организации.Затоа, паралелно со теренските активности, во тек е длабински процес на опсежна анализа и истражувања за реализацијата на програмите, проектите и мерките на  централната, но и на локалната власт. Се прави целосна евалуација на досега сработеното, се евиденира степеност на реализација на проектите и задоволството на граѓаните, и од политиките и од носителите на истите. Ова ќе го вкрстиме заедно со информациите од граѓаните од терен.Преземаме обврска, преку координирана акција да се надминат сите предизвици во реализацијата на она што е ветено пред граѓаните.  За се она што е значајно за граѓаните, целата структура на СДСМ се става во функција за нивното успешно решавање. Токму затоа, ќе бидам тука, деноноќно да работиме во тој правец.Заедно со граѓаните ги донесовме промените, заедно со граѓаните победивме петти пат, заедно со граѓаните продолжуваме да го забрзаме напредокот, за подобар живот на сите наши граѓани низ целата земја, истакна Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.  

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања