Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

DSC_1807

Општина Кисела Вода во соработка со УНДП го реализираше проектот „Се грижиме и ги воспитуваме најмладите“

Општина Кисела Вода во соработка со УНДП четвртта година по ред во рамки на програмата Општинско - корисна работа 2018 година, успешно го реализираше проектот „Се грижиме и ги воспитуваме најмладите“.Денеска секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски заедно со раководителот на Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт при Општината, Марјан Спасески на сите ангажирани лица во проектот им доделија потврди за успешно реализиран работен ангажман во рамките на програмата Општинско корисна работа 2018.Имено, врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2018 година, Општина Кисела Вода преку програмата Општинско – корисна работа, во  јавните детски градинки и општински основни училишта ангажираше вкупно 27 невработени лица, од кои 10 негуватели, 1 личен асистент и 16 образовни асистенти. Избраните лица во период од 6 до 9 месеци вршеа работни активности преку кои имаа можност да се стекнат со практични искуства и вештини за нивно постепено вклучување на пазарот на трудот.Носители на активностите на овој голем проект се: Секторот за локален економски развој, Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт, Агенцијата и Центарот за вработување.Ви благодарам за соработката, имајте убав ден. 

Скопје | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Злосторничко здружување меѓу Заев, амбасадата на САД и Тодевска, сквернавење на химната е кривично дело

Единствена Македонија најостро го осудува синоќешното сквернавење на македонската химна на прославата во американската амбасада со бришењето на имињата на апостолите на македонското револуционерно движење од текстот на химната.Според Кривичниот законик, во главата кривични дела насловена како „Повреда на угледот на Република Македонија“, јавното изложување на подбив на Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна е пропишано како кривично дело.Американската амбасада, Зоран Заев и пеачката Тамара Тодевска излегоа со усогласено тврдење дека станува збор за грешка. Да се тврди во еден глас дека пеачката направила грешка е крајни индикативно и упатува на меѓусебна координација во ова злосторство спрема Република Македонија.Земајќи предвид дека изложувањето на подбив ан химната е кривично дело, надлежните органи покрај иницирањето на кривична постапка имаат обврска да испитаат и дали во случајот има и злосторничко здружување меѓу пеачката Тамара Тодевска, американската амбасада и нивната марионета Зоран Заев во рамките на геноцидниот проект за уништување на македонскиот народ и македонската држава.

Македонија | пред 6 години

133474234-105843-207971

Утре во Општина Аеродром, ќе биде воведен и времен сообраќаен режим

Град Скопје известува дека утре на 05.07.2019 година (петок) поради градежни активности за формирање прекоп за подземни инсталации на дел од булевар АСНОМ во Општина Аеродром, ќе биде воведен и времен сообраќаен режим.Сообраќајот ќе се одвива според времено решение од 7 часот наутро до 14 часот попладне, па од крстосницата со булевар Србија до крстосницата со булевар Васко Карангелевски, за сообраќај ќе се користи сервисната улица помеѓу Хотел Хилтон и Хотел Русија.Во сабота на 06.07.2019 години во период од 07 до 18 часот поради градежни активности на булевар АСНОМ во близина на мостот Тодор Александров, сообраќајот ќе се одвива во неколку сообраќајни ленти во двете насоки и овој времен режим на сообраќај ќе важи до завршување на активностите.Градот апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, воедно почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација.

Скопје | пред 6 години

zaev-vo-ohrid

Заев: Стопирани се двете дивоградби во Охрид

Со решение на инспектор, стопирани се двете градби во Охрид, едната сред брегот на езерото и другата во центарот на градот, зад кои стои советник од Општината, истакна премиерот Зоран Заев.„Стопирани се двете градби, со решение на соодветен инспектор. Во постапувањето на самото решение, ќе следува процес на извршување. Законот мора да важи еднакво за сите. Ние ќе постапиме. Ако не постапи општината, ќе постапи државата. Тоа не е само заради УНЕСКО, туку заради законите во државата кои треба да се почитуваат. Ако некој не го почитува решението, тогаш следува кривична одговорност за непочитување на решението“, рече денес премиерот Заев.Според него, сѐ уште можеби се гради зашто институциите треба да постапат по решението, но ако некој  не го почитува решението, ќе следува кривична одговорност.„Досега нема кривична одговорност, затоа што институциите на системот треба да постапат. Да формираат тим, да изберат фирма-извршител на тендер, која постапува со булдужери“, додаде Заев.Премиерот додаде дека не се доволни парите, ама ќе се надополнат.  Толку имаат предвидено во програмата. Еден дел од дивоградбите и сами се отстрануваат, зависи дали е шупа, дали е куќа или слично. Така што се постапува“, заклучува премиерот Заев.

Македонија | пред 6 години

20190608_210114

(ВИДЕО) 1 милијарда евра за изолација за да се спаси Чернобил

 Нова структура која вреди 1,4 милијарди евра за да го изолира атомскиот реактор во Чернобил кој што во 1986 година екплодираше и направи голем пустош. Челични панели и поликарбонат  и конструкција долга 256 метри која тежи над 36.000 тони , со цел да ја спречува радијацијата која зрачи од реакторот број 4.Тој експлодира  и во северниот дел во Украина ослободи 100 пати повеќе зрачење од бомбите во Хирошима и Нагасаки

Свет | пред 6 години

ognen-janeski

Леле, аман некој нека го исклучи светлото во државава!

Новинарот Огнен Јанески се огласи на социјалната мрежа фејсбук и даде свое гледање на последните случувања во земјава. Јанески на ФБ напиша:Леле, аман некој нека го исклучи светлото во државава!Правдата од достижна, стигна до скоро непостоечка! Грешни Химни, грешни знамиња на држави, никаков протокол, срамови на сите страни. Мислат дека со извинувања до небо можат да се избават од гревовите! Но, тоа е се' последица на многугодишната неказнивост! Небото не е ни граница за човековата глупавост! Никој не понесува одговорност, никој никого не почитува. Секој се меша каде што не му е местото. Влада пушта соопштение за пејачка која пеела грешна Химна на приватен настан на странска амбасада, чиниш државна службеничка е. Се' е тргнато по ѓаволите.Никогаш нема да зажалам за километрите изодени по протести и за спринтовите истрчани поради бесни „желки“ и полицајци кои ме бркале и ме тепале по улици само затоа што сум сакал да се променат нештата и сум успеал во тоа. И повторно би го правел тоа! Нит ме интересира кој е на власт - нит ме интересира кого познавам од тие што се или биле на власт. Во претходната имав роднини и блиски пријатели, а во оваа само пријатели, без роднини. Но, се' тоа ќе заборавам за миг, штом ми чепкате, копате и роварите постојано кон личното, кон семејното, кон најблиското, само поради локални, селски и кооперациско-шерифски политики на анонимуси изветвени уште пред да го видат Сонцето. Вие мене најблиското - семејството, а јас вам најљубеното - парите и функциите. И повторно ќе ве победиме. И вие ќе паднете. И следните ќе паднат. Се' додека не се научи некој дека оваа крава молзница не може млеко да дава постојано за истите, а на мнозинството да им го шутира копитото.Можете до утре да ни прекинувате струја и да ни сечете цевки за доток на вода со надеж дека ќе ја уништите уметноста и културата, но, тоа не значи дека некој ќе не' уплаши. Уплашени сте само вие, зашто сте нискофреквентни, неизреализирани, мали луѓе.Ars longa - vita brevis!

Македонија | пред 6 години

triatlon

Викендов во Охрид по втор пат Триатлон

На 6 и 7 јули во Охрид втора година по ред ќе се одржи Јуниорски еврипски триатлон куп и Национално првенство во организација на Триатлон федерација на Македонија во соработка со Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“. На триатлонот настанот ќе учествуваат 150 натпреварувачи од 20 земји, а бројката на пријавени  ќе достигне до 200 учесници.-Сакам да изразам голема благодарност до Општина Охрид која повторни ни ја даде довербата и ни дозволи да организираме нов Триатлон со меѓународен карактер. Исто така сакам да се заблагодарам до СВР Охрид, Агенцијата за млади и спорт, Македонскиот олимпискио комитет (МОК) кои ни помогнаа овој настан да го организираме на многу високо ниво. Над 150 натпреварувачи од 20 земји ќе бидат дел од вториот Триатлон. Очекуваме до в сабота кога завршува пријавување да достигне 200, но и вака е добро со оглед на периодот во кој се одржува. – рече претседателот на македонската триатлон федерација, Иван Михајлоски.Севкупната оценка од новото издание на Јуниорски еврипски триатлон куп и Национално првенство ќе ја даде делегатот на Европската триатлон унија, Људмила Медан.-Ова не е мое прво доаѓање во Охрид, туку второ бидејќи минатата година на Триатлонот бев во улога на селектор на српската триатлонот репрезентација. Триатлонот успеа повторно да не зближи сите земји од поранешната југословенска република. Кога дојдов вчера осети топлина и воопшто не чуствував како гостинка, тукуа како домаќин и дел од организацијата. Охрид има фантастични предуслови, во некои други градови копнеат по вакви услови и ги измислуваат се со цел да ја доловат природата и нејзината убавина, нешто што Охрид го има изобилство. Верувам дека викендот во знакот на Триатлонот ќе помине во најдобар ред и сите заедно ќе уживаме во натпреварувачкиот дел. – изјави Медан.Во име на Општината Охрид до јавноста се обрати секретарот Игор Бежески. Тој рече дека Општина Охрид секогаш ќе поддржува врвни спортски манифестации кои го презентираат Охрид во нашата земја и пошироко.-Општина Охрид ги препозна заложбите на Македонската триатлон федерација и асоцијацијата „Спорт за сите – сите за спорт“ и оваа година несебично го поддржа одржувањето на овие натпревари, кои го поставуваат нашиот град на мапата на врвни спортски настани, не само во нашата земја, туку и пошироко. Со организацијата на ваквите спортски манифестации, Охрид испраќа една силна порака за поголема афирмација и промоција на спортот и здравите навики. Очекуваме овогодинешното издание на триатлон викендот, да донесе вистинско спортско доживување за сите учесници и дека ќе биде интересно искуство за сите љубители на спортот, кои ќе бидат дел од публиката. Се надеваме дека овој спортски настан ќе продолжи да се одржува и во иднина, со уште поголем број на учесници и дека значително ќе придонесе за промоција на потенцијалите за развој на спортскиот туризам во Охрид. На сите учесници на Триатлон викендот им посакуваме пријатни временски услови, успешен натпревар и одлични резултати.- истакна секретарот на Општина Охрид, Игор Бежоски.Околу техничкиот дел зборуваше Иван Цветкоски од Асоцијацијата за спортови. Цветкоски го презентираше сообраќајниот режим и побара разбирање и помош од граѓаните и туристите во организацијата на триатлонот.-Пред се би сакал да побарам разбирање од граѓаните на Охрид и туристите во нашиот град околу режимот на сообраќај кој ќе го има в недела од 7:30 до 16:30 часот. Патот од кружниот тек пред СРЦ „Билјанини Извори“ до кружниот тек пред влезот за Хотелот Инекс Олгица ќе биде затворен. Сообраќајот во тој сегмент од патот ќе се одвива на другиот пат двонасочно, што значи дека автомобилите и јавните превози ќе можат да се движат кон плажите. Во неколку наврати заедно сме покажале дека можеме да функционираме како еден и да направиме настан по светски терк а верувам дека можеме и сега. Безбедноста на натпреварувачите ни е на прво место а за тоа да биде се спроведено сите ќе мора да ги почитуваат наредбите од изработени од наша страна со СВР Охрид. – истакна Цветкоски.Во недела официјалниот почеток на Триатлонот е во 8 часот а тековно потоа ќе стартуваат трките поделени во возрасни категории. 

Спорт | пред 6 години

NUMB-Cuba-Libre-1024x576

Пуштени во продажба билетите за NUMB - Tribute to Pink FLoyd

Од денес се пуштени во продажба билетите за проектот кој е најавен како вистинско интимно  музичко задоволство, NUMB - Tribute to Pink Floyd.- Музиката се врати дома. Билетите по рекламна цена од само 300 денари од денес се продаваат  во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, Music Shop ZZ Top, тезга „Аждер“ градска чаршија и  плажата Cuba Libre. Цената на билетите на врата, вечерта на самиот настан ќе биде 400 денари.Затоа побрзајте и бидете дел од овој фантастичен настан. Резервации на билети на 075/453-294,  резервации на маси во Cuba Libre 075/357-545, додаваат организаторите.Проектот NUMB - Tribute to Pink Floyd во Охрид ја имаше премиерата минатата година на сцената „Долни сарај“ и според многумина, беше еден од настаните кои го одбележаа летото.Во полн состав, на 18-ти овој месец, на популарната плажа Cuba Libre ќе бидат изведени 16 од најголемите хитови на Pink Floyd, пропратени со спектакуларно видео и лајт шоу. Ќе се изведат „Shine on your crazy diamond“, „Learning to Xy“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште 12 ремек дела од опусот на групата.Зад проектот NUMB - Tribute to Pink Floyd стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга: Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владомир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (клавијатури), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали. 

Магазин | пред 6 години

adadasdadasdadsadasdadad

На Грција и требаат сезонски работници- плати од 800€ до 1000€

Грција бара келнерки, помошнички, собарки каде што работното време е од 8 до 10 часа.Се бараат работници за Крит, Лефкада, Лезбос, Санторини .Поголем дел од заинтересираните се од Македонија, Србија, Албанија, Бугарија. Се бараат сезонски работници, тоа се 6 месеци и е напорно, но потоа следи и опуштање на плажа. Англискиот јазик е многу важен особено за келнерките, а доколку сте на полесно работно место доволно е да се разберете .

Магазин | пред 6 години

naum-MNR

Стоилковски: Се чини изведбата на химната, од страна на Тамара беше начин да е удоволи на погрешните политики на Зоран Заев

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.Наум Стоилковски, на денешната пресс конференција на која како што кажа обелодени уште еден скандал, овој пат во МНР, според кој трет месец македонската дипломатија не е здравствено осигурана, одговараше и на новинарски прашања.Еве што кажа Стоилковски, во врска со пропустот на Тамара кога пеејќи ја националната химна изостави стихови...Прашање новинар: Во врска со вчерашниот настан на Денот на независноста на САД, беше испеана химната без имињата на Гоце Делчев,Питу Гули и Даме Груев Сандански, како го коментирате ова?Наум Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ целосно го осудува нецелосното интонирање на македонската химна и изоставувањето на македонските херои кои што ги содржи оригиналниот текст на химната. Се чини дека изведбата на химната, односно нејзиното интонирање од страна на Тамара беше начин да е удоволи на погрешните политики на Зоран Заев креирани изминатиот период а на сметка на државните и националните интереси, а овој пат на македонско-американското пријателство кое што е од стратешко значење за долгорочниот развој на Република Македонија. Ова е неприфатливо и е пример што се може да произведе кога премиерот си поигрува со нашата историја, со чувствата, со националните и идентитетските обележја. Добро е што во моментот што Тамара од своја страна се извини, но она што е за вистинска осуда е атмосферата креирана од страна на власта и на премиерот а која во подолг период на срамен начин се доведуваат во прашање сите идентитетски обележја важни за Македонија и за народот. Со оваа влада за жал станавме општество кое што на дневна основа се доведуваат под прашање најсветите чувства на македонскиот народ.Новинарско прашање: Дали го гледате ова како некое мерење на пулсот на јавноста за некоја нова можна верзија без овие имиња?Наум Стоилковски: Како што слушнавме Тамара се извини, извинување пристигна и од власта меѓутоа многу извинувања пристигнуваат од страна на членови на владата и од „Илинденска“ бр.2, извинувања имаше и од Американската Амбасада. Реков станува збор можеби за грешка но, за осуда е нецелосното интонирање на химната и сето тоа токму во овој период на една креирана атмосфера каде што сите идентитетски прашања се доведуваат под знак прашање.Новинарско прашање: Претседателот Мицкоски вчера на емисија во интервју кажа дека истакнат е рокот којшто ВМРО-ДПМНЕ му го дал на власта да се обработува за процесот на добивање на датум. Што ова конкретно значи и дали некои закони што се значајни за овој процес нема да ги поддржите?Наум Стоилковски : Не станува збор за закони, станува збор за цела низа на законски и подзаконски акти, но и за имплементирање на закони за функционирање на државата. ВМРО-ДПМНЕ посочуваше постојано дека нема датум за преговори, немаше ниту лани кога лажеше премиерот и половина влада сликани нели креваа атмосфера дека Македонија добила датум за почеток на преговори. Датум немаше ниту во јуни кога исто така посочуваа дека еве го датумот еве само што не е добиен. Веднаш беше понудена рака за соработка за формирање на различни тимови и комисии кои заеднички би работеле за да се постигнат оние барани, потребни промени ви општеството, реформи за да може граѓаните да не бидат жртва на ова криминално владеење на Зоран Заев и неговото криминалниот клан, односно, Македонија конечно да добие датум и да отпочне преговори за онаму каде што и природно припаѓа во европското семејство.Подолг временски период оваа подадена рака, нема одговор од страна на власта. Така што оваа подадена рака не е без краен рок, времето минува, власта ништо не прави во насока да ги исполни условите за добивање на датум. Таа улога ја презема ВМРО-ДПМНЕ која што и досега покажала дека кога станува збор за интересите на државата била конструктивна, се сеќавате и кога е добиена препораката е добиена препораката по основа на тоа што имаше работни групи и заедно работеа, се донесоа законски решенија кои што беа заедно изготвени заедно изгласани. Сега ВМРО-ДПМНЕ прави она што е во нејзини моќи во рамки на семејството на европските народни партии за да не се пропушти шансата и Македонија сепак да добие датум за отпочнување на преговорите, а граѓаните на Република Македонија да не бидат жртва на погрешните политики на Зоран Заев.

Македонија | пред 6 години

MNR

Стоилковски : Нов скандал во МНР -Со месеци се без здравствено осигурување

Нема ден Македонија да мине без нов скандал предизвикан од власта која што тоне. И повторно во центарот на вниманието е МНР под Никола Димитров! Почитувани, трет месец македонската дипломатија не е здравствено осигурана. Трет месец, македонските дипломати, амбасадорите, целата дипломатија, службите, вработените во ДКП-ата, не им се покрива здравственото осигурување, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Замислете, македонската дипломатија и вработените во МНР, кои што се државни службеници, администрација, повеќе месеци земаат плата од државата, од буџетот, ама немаат здравствено осигурување.Ова е скандал од огромни размери кој што отвора повеќе скандалозни прашања.Прво, како е можно министерство, особено МНР, македонската дипломатија да дели плата, а вработените да немаат здравствено осигурување?Како е можно Министерство, дел од Влада, да не уплаќа здравствено осигурување? Каков пример дава Владата, МНР до македонското стопанство, до бизнисмените, со тоа што може да исплатува плата, а вработените да немаат здравствено осигурување?Втор  аспект на проблемот е каде е Синдикатот на МНР? Каде се членовите на Синдикатот на македонската дипломатска служба, чија што веројатно последна активност беше да се повикаат вработените на таканаречениот марш за Европска Македонија, односно за поддршка на референдумот за промена на државното име? Посебен аспект на проблемот е Каде се овие месеци претставниците на Синдикатот на МНР, Синдикатот на македонската дипломатска служба, водени од звучни „борци“ како Сашко Тодоровски  и други видни Амбасадорски имиња, каде се да го повторат преседанот, како што се посочуваше и повторно да организираат протест, но овој пат за вистинско синдикално прашање, за состојба во која повеќе месеци се доведени македонските дипломати?Како е можно синдикалци да не изустат ни збор за тоа што дипломатите и службениците во МНР немаат здравствено осигурување од министерувањето на Никола Димитров, ниту за ниеден друг скандал кој што го тресе МНР?Скандалите кои го следат МНР и работењето на Никола Димитров не само што не згаснуваат туку и се посилно удираат врз делот што треба да биде репрезент на македонската држава. Димитров знае „среде ноќ“ да среди Комисија за неговата ќерка да добие стипендија, ама не знае или не сака да го реши проблемот на вработените дипломати кои повеќе месеци не се здравствено осигурани.Никола Димитров го претвори МНР во приватно гранапче на СДСМ! Ова е срамно, жално и ништо помалку од намерно девастирање на македонската државата, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

DSC-3

Мицковски и Муцунски се сретнаа со Жбогар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски денеска оствари средба со Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија Самуел Жбогар.На средбата се разговараше за актуелната политички ситуација, стратешките приоритети како и реформските процеси кои се клучни за остварување на стратешките цели на Република Македонија.Наш стратешки интерес и приоритет е членство во Европската унија. Но, изразуваме загриженост бидејќи имаме најслаб резултат во полето на реформите кои што се од суштинско значење за интегрирање на државата во ЕУ, затоа што оваа влада нема капацитет да ги спроведе потребните реформи, додаде Мицкоски.Мицкоски посочи дека Владата и Заев не покажуваат суштински интерес за отстранување на недостатоците поради кои државава не доби датум за преговори, и наместо реформи гледаме криминал, прогон и закани врз новинарите, опозицијата и сите неистомисленици на власта, истакна Мицкоски.Претседателот Мицкоски посочи дека политичкиот прогон врз опозицијата е со цел да се дефокусира јавноста од вистинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните, криминалните скандали кои се случуваат како и дека на Македонија и се потребни суштински реформи и функционирање на обвинителскиот и правосудниот систем според начелата на непристрасност и законитост.Фрапантна е незаинтересираноста на обвинителството за криминалот на власта посочи Мицкоски, кој подвлече дека подеднакво загрижувачка е и економската состојба на граѓаните кои секојдневно се осиромашуваат од неодговорната влада, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

tamara

Радио Кавадарци нема да емитува песни од Тамара Тодевска, велат ненамерно се избришаа од архивата

Главната уредничка на Радио Кавадарци, Трајанка Ѓорчева Митрова на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук порача дека песните на Тамара Тодевска ќе бидат избришани, по вчерашниот скандалот со македонската химна, кога пеејќи ја, во америкснаката амбасада ги изостави стиховите каде се спомнуваат Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански...-Сите песни што ги испеала Тамара Тодевска ненамерно се избришаа од архивата од Радио Кавадарци. Затоа им се извинуваме на нејзините фанови доколку сеуште ги има, што поради оваа ненамерна грешка нема да бидат емитувани на програмата на Радио Кавадарци, напиша Митрова на социјалната мрежа фејсбук. 

Македонија | пред 6 години

Summerland-4

Богата програма на „Самарленд“ во Градскиот парк

Градот Скопје ова лето, во текот на топлите јулски денови и вечери, нуди интересни забавни содржини и активности за сите возрасти во Градскиот парк.-После доброто искуство што Скопје го имаше со Винтерлендот, еве не денеска да го најавиме вечерашното отворање на Самрленд на Школка во Градскиот парк – рече Шилегов.Тој додаде дека за таа цел почнувајќи од денеска, па се до 28-ми јули секојдневно ќе се организараат дружења во Градски парк, односно дека е обезбедена богата програма со добра музика на Школка, Chill & Fun Зона каде што граѓаните ќе можат да се забавуваат со board игри, флипери, фудбалче, табла и Playstation.-За најмалите имаме детско катче со забавни активности кои ќе бидат вистинско уживање и за децата и за родителите. Секако, неизоставен дел ќе бидат и хуманитарните и едукативни настани, изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, кино на отворено и многу други забавни содржини кои ќе го направат ова лето во Скопје незаборавно- истакна Шилегов.Скопје ова лето ќе понуди нешто што никогаш досега не било организирано во овој период од годината. Освен за жителите на Скопје очекуваме дека овие содржини ќе бидат атрактивни и за туристите и другите посетители коишто природно во летниот период се помногубројни.-Ги повикувам сите љубители на добра забава без разлика на возраста да ни се придружат овој јули во Градскиот парк и заедно да се дружиме и да се разладуваме во најубавиот дел од нашето Скопје. Нека летниот период во Скопје биде забавен за сите! - порача Шилегов на крајот од своето обраќање пред Школка во Градскиот парк.

Скопје | пред 6 години

Foto-5

(ФОТО) Пендаровски ги посети армиските единици ангажирани кај транзитниот центар за мигранти во Гевгелија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги посети припадниците на Армијата, ангажирани на јужната граница.Пред претседателот Пендаровски беше презентирана моменталната безбедносна состојба, како и тактичките мерки и процедури кои ги спроведуваат армиските единици за спречување на нелегални минувања на јужната граница.Претходно, претседателот Пендаровски го посети транзитниот центар за мигранти во Гевгелија, каде во моментов се сместени триесетина мигранти. Претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната состојба во транзитниот центар.„Од она што го слушнав на брифингот од надлежните старешини, и овде и во транзитниот центар, нема никакви индикатори дека бројката на илегални мигранти и бегалци се зголемува. Меѓутоа добро е што сме подготвени, и ако има зголемување на таа бројка, да ги пречекаме, се разбира низ процедура и низ соработка со меѓународната организација за миграции. Значи како што Република Северна Македонија беше една од најважните алки во тој синџир за време на големата бегалска криза на т.н. Балканска рута и како што добивме највисоки можни оценки, најдобри квалификации за пречекот и прифатот на тие бегалци, така сме и сега подготвени ако затреба да постапиме на сличен начин. Значи само можеме да ги пофалиме припадниците на нашата Армија и се разбира и припадниците на МВР кои работат овде веќе четврта година редовни ротации, во различни временски услови, со цел ние да бидеме безбедни, нашите граници да бидат безбедни. Притоа, се разбира секое илегално поминување да помине во рамките на меѓународните правила и прописи за државата да добие највисоки можни оценки, и од аспект на почитувањето на правото на тие луѓе кои имаат право да бидат прифатени и имаат право да бидат третирани на достоиствен начин“, изјави претседателот Пендаровски при посетата на армиските сили на јужната граница. 

Македонија | пред 6 години

struga

Млада холанѓанка пронајдена почината во хотел во Струга

На 03.07.2019 година, во соба во хотел во Струга, почината била пронајдена В.С.(27) од Кралството Холандија, која бил дел од група туристи. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција

Македонија | пред 6 години

galicka-svadba

Избрани овогодинешните младенци на Галичка свадба

Традиционалната културно-туристичка манифестација „Галичка свадба“ 2019-та, годинава ќе се одржува од 12 до 14 јули. За зет и невеста, Месната заедница Галичник ги избра Огнен Караѓозовски , по потекло галичанец и Марина Петровска.Избраниот пар денес, изјавија дека се особено среќни што се избрани за невеста и младоженец, на најавтентичната и најтрадиционална свадба на сите простори. Караѓозовски, кој влече галички корени, вели добро се подготвил и ги научил свадбарските обичаи кои се карактеристични за галичката свадба.Инаку, Галичката свадба со години е прогласувана за најуспешна туристичка манифестација кај нас, а од Њујорк Тајмс и Нешнл Џиографик за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа.

Македонија | пред 6 години

St-Ephraim-Mail-Choir

Унгарскиот Машки хор на Свети Ефрем, на 13 јули ќе настапи во Охрид

На 13 јули во Охрид ќе настапи Унгарскиот Машки хор на Свети Ефрем. Овој хор е попознат по сирискиот светец кој беше наречен "харфа на Светиот Дух", кој користеше музика за да ја шири љубовта кон Бога. Основната цел на машкиот хор "Св. Ефрем" лежи на три главни столба; еден е за истражување, присуство и ширење на вокалното наследство на византиско-ритуалната христијанска музика, и во Унгарија и во странство. Второ, да ја негува богатата унгарска музичка литература за машки хори (Liszt, Bartok, Kodály, Ligeti) и трето, за популаризација на вредни современи хорски дела.Од 2002 година, хорот порасна за најпопуларната вокална група на Унгарија. Основачот и уметнички директор, Тамаш Бубно, е добитник на Liszt наградата, како и добитник на Унгарскиот уметник за заслуги во 2017 година. Заедно како хорски ансамбл, машкиот хор на Св Ефраим му беше доделен наградата на унгарското наследство, како и наградата за наградата Будимпешта. Многу очекуваната годишна концертна серија Orientale Lumen (Светлината на Истокот), беше основана од страна на хорот од 2011 година, поканувајќи за соработка со меѓународни гости кои претставуваат различни елементи на византиската и светската музика, за секој концерт.Меѓународниот успех на хорот започна во 2006 година на Меѓународниот музички фестивал Хајновка во Полска, каде машкиот хор на Св. Ефрема ја освоил првата награда во категоријата професионален камерен хор, станувајќи првиот и последниот хор кој не победил од словенско потекло. Оваа престижна награда го отвори патот кон меѓународни настапи, откако беше поканет на вакви реномирани фестивали, како што се Фестивалот Алдебург во Велика Британија, фестивалот Фез во Мароко, фестивалот Свети света музика - Кетеван, Индија, Шлезвиг-Холштајн музички фестивал - Германија, Донауфест -Улм - Германија, MusikFestspiele Saar - Германија, Фестивал на Ројамонт - Франција, Фестивал на Ауверс на Оиза - Франција, Фестивал во Равена - Италија, Фестивал на Јанацек мај - Чешка, фестивал Дворјак - Чешка, Фестивал Сакранеј Гдиња - Полска, Гдањск Пролетен фестивал - Полска, фестивал Концентус Моравјае - Чешка, пролетен фестивал во Санкт Петербург - Русија.Хорот, исто така, редовно настапи на најпрестижните фестивали во Унгарија, како постојани учесници на Фестивалот на фестивалот во Будимпешта, фестивалот Arcus Termporum, серијата Bartok Rádió ArTrium, фестивалот Арс Сакра, долината на уметноста, фестивалот Земплен како и редовниот гостин на серијалот за маратонски фестивал на фестивалот во Будимпешта. Хорот негува цврста врска со црквата, која често се појавува на маси и религиозни музички настани. 

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Заев во одбрана на Тамара: Химната се пее секој ден и секаде, станува збор за ненамерна грешка

Премиерот Заев во одбрана на Тамара. Тој вели дека грешката на Тамара при вчерашниот настап на прославата на 4ти јули во американската амбасада во Скопје, е ненамерна.„Нашата ѕвезда се извини на Фејсбук, амбасадата на САД исто. Тоа е пропуст. Химната се пее секој ден и секаде. Тоа потврдува дека е ненамерна грешка“, рече премиерот Зоран Заев.Само за потсетување Тамара вчера на прославата го изостави стихот каде што се споменуваат македонските револуционери, Гоце Делче, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански. 

Македонија | пред 6 години

tornado-kina-1

(ВИДЕО) Смртоносно торнадо во Кина

Најмалку шест лица загинаа , а над 200 се повредени во налетот на силно торнадо кое ја погоди провинцијата Лјаонинг на североистокот на Кина.Како што пренесуваат локалните медиуми, станува збор за ретко силно торнадо кое околу 17:15 часот по локално време го погодило градот Кајуан. Повеќе од 290 луѓе биле евакуирани од своите домови, а во ударот на торнадото била предизвикана голема материјална штета.Кинеската државна телевизија објави десетици снимки со пустошот што го прави силното торнадо. 

Свет | пред 6 години

ambasada

Американска амбасада: Во емотивни моменти ненамерно може да се случат грешки

Американската амбасада во Скопје се огласи на социјалните мрежи по серијата негативни критики упатени кон Тамара, која испушти стих од националната химна, изведувајќи ја на синоќешната прославата на Денот на независноста, 4 Јули.„Имаме длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Разбираме дека во емотивни моменти ненамерно може да се случат грешки, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, објавија од амбасадата на „Твитер“.https://www.facebook.com/USEmbassySkopje/posts/10156361479952157

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Побаран притвор за лице осомничено за неовластено пуштање во промет на хероин

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 02 јули, во својот дом на улица „Јајце“ во Скопје, осомничениот неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин со вкупна нето тежина од 99,15 грама. При претресот на неговиот дом била пронајдена и сива дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.Ценејќи дека постојат околности кои го оправуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. 

пред 6 години

Нема фотографија

Поднесено обвинение за неовластено држење марихуана во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 13 јуни, во својот дом во Студеничани, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во вкупно количество од 137 грама. Дрогата била спакувана во црна полиетиленска кеса.Бидејќи надлежниот јавен обвинител ценеше дека и натаму постојат законските основи заради кои на обвинетиот претходно му беше определена мерка куќен притвор, до Судот беше доставен и предлог за продолжување на оваа мерка. 

пред 6 години

22

Се чисти кејот на Вардар

Општинската комунална служба заедно со ЈП „Паркови и зеленило“ од вчера почнаа да го расчистуваат кејот покрај реката Вардар, и тоа од мостот „Близнаци“ во Ново Лисиче кон улицата „Тодор Чангов“.Активностите за почисти јавни површини продолжуваат и во наредниот период.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Две лица повредени во сообраќајна несреќа

На 03.07.2019 година во 07.15 часот на локалниот пат с.Кондово- с.Свиларе, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од с.Долно Свиларе, скопско и патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(47) од с.Долно Свиларе.Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот К.С., а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од неговото возило И.С.(31). Тие биле пренесени во Градската општа болниица “8-ми Септември“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања