Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

soobrakajna-nesreka

Сообраќајна несреќа на патот Битола-Прилеп, има повредени

На 03.07.2019 година во 08.15 часот на патот Битола-Прилеп, во близина на с.Вашареица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од П.К.(75) од с.Кривогаштани и патничко возило „Шевролет спарк“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(73) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Ј.Ј и сопатниците од истото возило, Ј.Б.(47), Г.Ј.(69) и 17-годишник, сите од Битола. Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кривична пријава за осомничените кои нападнаа и ограбија мигранти од Пакистан

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.В.(27), К.М.(24), А.Ј.(31), Н.М.(33) и И.М.(22), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 28.06.2019 година во село Трубарево, скопско, пријавените извршиле разбојништво над Ј.У.Д.(23) и M.Ј.(25), двајцата од Пакистан, при што им одзеле околу 920 евра, мобилен телефон, два ранци и лични документи. На тој начин се стекнале со противправна имотна корист од 75.000 денари.

Македонија | пред 6 години

granata-1

Во нива во Битола пронајдена граната од Првата Светска Војна

На 02 јули во СВР Битола, Б.Ј.(55) од Битола пријавил дека во нива кај „Св.Недела” во Битола пронашол граната 75 мм од Првата Светска Војна. Граната била безбедно подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување.

Македонија | пред 6 години

heroin-111

Кај скопјенец пронајдени: хероин, мешавина од земја и хероин, мешавина од парацетамол и кофеин

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривичнa пријавa против С.К.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 02.07.2019 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории кај пријавениот на улица „Јајце“ во Скопје. С.К. е приведен и задржан во Полициската станица Бит Пазар. При претресот биле пронајдени и одземени хероин, мешавина од земја и хероин, мешавина од парацетамол и кофеин и дигитална вага со остатоци од хероин.

Скопје | пред 6 години

pesevski

Пешевски: Во законот за химната на Република Македонија во член 2 е утврден и нејзиниот текст

Не запираат реакциите на граѓаните, но и на добро информираните, по пропустот на Тамара про изведувањето на националната химна. Познатиот адвокат Драган Пешевски на својот Фејсбук го посочи Членот 5 од Уставот на Р.М. според кој државни симболи на Р.М. се: грб, знаме и химна. Пешевски додава дека законот за химната на Република Македонија во член 2 е утврден и нејзиниот текст... Еве што објави Пешевски на својот Фејсбук профил.-Член 5 од Уставот (највисок правен акт) на Р.М предвидува дека државни симболи на Р.М. се: грб, знаме и химна. Грбот, знамето и химната на Република Македонија се утврдуваат со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.Понатаму во Законот за употребата на грбот, знамето и химната на Република Македонија член 4 вели: Грбот и знамето на Република Македонија можат да се употребуваат само во формата и содржината што се утврдени со закон.Во грбот и знамето на Република Македонија не може ништо да се впишува, односно испишува, ниту тие можат да се менуваат.Понатаму во законот за химната на Република Македонија во член 2 е утврден и нејзиниот текст во сликата објавена подоле (преземено од законот) https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10219112259298599&set=a.1712744379673&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

tamara

Тамара призна дека ја згрешила химната: Бев понесена од еуфоријата и емоциите

Тамара Тодевска се огласи на социјлната мрежа фејсбук, по огромниот пропуст кој го направи изведувајќи ја националната химна во амбасадата на САД синоќа. Таа вели дека грешката била ненамерна и дека изоставила стих од песната бидејќи била понесена од емоции и од целокупната еуфорија. Еве што Тамара напиша на ФБ:Почитувани,Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка.Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД.Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната.Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната.Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите.Со почит, Тамара

Македонија | пред 6 години

latas

СЈО ќе поднесе жалба за ослободителната пресуда за Латас

Обвинителката од Специјалното обвинителство Елизабета Јосифовска, по ослободителната пресдуа од Судот,  рече дека тие остануваат на ставот дека обвинението за бесправно изградените три викендички во Зелениково е издржано и најави дека тие ќе поднесат жалба за пресудата.„Ние остануваме на ставот дека обвинението е издржано. Тоа што институциите не реагирале не може да биде основ тие да се ослободат од кривично гонење“ рече обвинителката на СЈО Јосифовска.Инаку Латас и неговите браќа се гонеа од СЈО за градење на три викенд куќи во Зелениково, кои според обвинителството почнале да ги градат во 2011 година, а одобренијата за градба ги добиле во 2013 година. Според судијката Марија Клетничка обвинетите се ослободуваат од обвинение за бесправо градење, односно не се виновни, бидејќи како што рече не сториле кривично дело според закон. 

пред 6 години

stop-policija

Привремен сообраќаен режим на мостот Гоце Делчев за време на престојниот викенд

Градот Скопје ги информира граѓаните дека поради изведување комплексни градежни активности во сабота и во недела на мостот Гоце Делчев ќе биде воведен привремен сообраќен режим.Во сабота (06.07.2019 година) поради изведување градежни активности за реконструкција на дилатационите фуги на мостот во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне, ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на мостот во правец од Мавровка кон Влада (исток-запад). А во недела (07.07.2019 година) поради изведување на истиот градежен зафат на мостот во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне, ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на мостот во правец од Влада кон Мавровка (запад- исток).За време на привремениот сообраќаен режим ќе има пренасочување на сите автобуски линии кои поминуваат на овој потег.Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Скопје | пред 6 години

telohraniteli

Како се одбирaат телохранителите на Ким Џонг Ун и зошто трчаат по автомобилот?

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун специфичен по многу нешта. Неговото појавување во јавноста привлекува посебно внимание. Едно од специфичностите е тоа што неговите телохранители трчаат околу неговиот автомобил и во движење влегуваат во него, или во околните кои го пратат. Тие мора да се облечени во костуми.Дописникот на Вашингтон пост, Ана Филфилд во својата книга "Божествената совршена судбина на брилијантниот друг Ким Јонг-на", открива дека "Ким ја добил идејата за ваков човечки штит од Клинт Иствуд". Според неа тој како дете го гледал филмот „На огнената линија“во кој Иствуд глуми агент на американска шпиунска агенција која го чува Џон Кенеди, Иствуд и други агенти трчаат околу автомобилот на претседателот “објаснува авторката на книгата.Инаку многу е тешко да се стане телохранител на севернокорејскиот лидер. Кандидатите се бираат од редовите на војската и мора да положат многу тестови, за да влезат во потесен избор. Потоа се оценува видот, изгледот, семејната историја и личноста. Агентите мора да имаат слична висина како Ким и да се сметаат за личностии кои смеат да носат оружје во негова близина. Тие треба да бидат одлични стрелци, да знаат таиквондо, да имаат вештина за фрлање ножеви и да бидат лојални.https://twitter.com/motokorich/status/1101006090890670080?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1101006090890670080&ref_url=https%3A%2F%2Fskopje1.mk%2Farchives%2F29219

Магазин | пред 6 години

zatemnuvanje

(ВИДЕО) Целосно помрачување на Сонцето ја воодушеви Јужна Америка

Целосното затемнување на сонцето помина како спектакуларно и ги фасцинира жителите на Јужна Америка, а феноменот го следеа илјадници луѓе кои се собраа за да бидат сведоци на истиот.Сателитските камери го следеле прекрасното затемнување на Сонцето додека преминувало преку Аргентина и Чиле на 2 јули, а фатиле и голем ураган во Тихи Океан.Патеката на помрачувањето беше од југоисточен Нов Зеланд, до крајбрежјето на Чиле и на крај низ Аргентина.https://twitter.com/NWSLittleRock/status/1146161232032018432?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1146161232032018432&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fnauka-i-tehnologija%2Fneverojatna-satelitska-snimka-od-ogromen-uragan-i-istovremeno-zatemnuvanje

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Честитка од претседателот Пендаровски до Трамп по повод Денот на независноста на САД

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, упати честитка до Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.Почитуван господине Претседателе,По повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, ми претставува особена чест и задоволство, во мое лично име и во име на граѓаните на Република Северна Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки и искрени желби за севкупен просперитет на Вашата држава, како и за благосостојба на пријателскиот американски народ.Воедно, би сакал да ја искажам својата длабока увереност дека во претстојниот период нашите билатерални односи ќе се развиваат со уште посилна динамика, отворен и конструктивен дијалог, и дека ќе градиме уште поцврсти и поинтензивни економски релации.Заложбите за полноправно членство на Република Северна Македонија во НАТО и во Европската Унија се фокусните точки на нашето континуирано политичко делување. Благодарни за сета досегашна голема поддршка од Соединетите Американски Држави во остварувањето на нашите стратешки цели, граѓаните на мојата земја очекуваат несебичната поддршка да продолжи и во претстојниот исклучително важен период.Господине Претседателе, и во оваа пригода дозволете ми да потенцирам дека Република Северна Македонија високо ја цени глобалната улога на Соединетите Американски Држави во зачувувањето на нашите заеднички вредности – мирот, безбедноста и демократијата. Во таа смисла, сакам да Ве уверам дека целосно сме посветени на јакнење и содржинско збогатување на стратешкото партнерство со Вашата држава. Бидете уверени дека сме подготвени за уште потесна, конструктивна соработка на тој план, во годините што доаѓаат.Со такво уверување и со најискрени желби за Ваша натамошна успешна работа, добро здравје и лична среќа, Ви упатувам, господине Претседателе, изрази на мое највисоко почитување, се вели во честитката од Пендаровски. 

Македонија | пред 6 години

latas

Судот го ослободи Латас, нема да одговара за ниту едно кривично дело

Кривичниот суд одлучи Драган Павловиќ-Латас да биде ослободен од обвинение за предметот „Тревник“ на СЈО, што се однесува на бесправната градба на куќи во Зелениково, каде тој беше првообвинет. Судијката рече дека делото за кое е обвинет Латас, не е кривично дело, односно дека инспекторите требале да ја спречат изградбата, а ако проценат дека не е испочитуван Законот за градење да изречат прекршочни сакнции.За истите дела се товареа и Ѕвездан Павловиќ и Срѓан Павловиќ кои исто така се ослободени.Сомнението кое судот го потврди е дека три лица за изградба на викенд куќи во Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење.Три викенд-куќи биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени.

Македонија | пред 6 години

svekrva-snaa

Бремена снаа во Србија ја убила свекрвата, па си ги шетала децата

31-годишната Кристина Кулчар ја измасакрирала мајката на својот сопруг, 59-годишната Ибоја Варга, во дворот од нивната куќа во Србија, па со насмевка на лицето ги шетала децата по селото, пренесува „ Курир.рс “.Стравичното злосторство ги потресе вчера селаните во Полјаница, кога Кристина  бремена во шестиот месец, ја убила својата свекрва во дворот од нивната куќа, после кавгата поради ручек.Кристина на Ибоја најпрво ѝ зарила нож во грбот. Ранетата Ибоја се обидувала да избега на улица во потрага по помош, но снаата ја стигнала и ја докрајчила со вила, пишува Курир.рсЗолтан Варга, син на убиената Ибоја и сопруг на уапсената Кристина, за медиумите вели дека не може да поверува што му се случило. Тој бил информиран од пријателка за тоа што се случило додека бил на работа.„На лулашките, лоцирани недалеку од нашата куќа, ја најдов Кристина со нашите синови, кои имаат две и четири години. Ја прашав што направи. Таа само се насмеа и рече: „Ја убив мајка ти“. Ги зедов децата и ѝ реков дека не вреди да бега. Тогаш полицијата дојде и ѝ стави лисици”, вели Золтан.Тој додава дека пред злосторството ништо не укажувало дека ќе се случи такво нешто. Пред да замине на работа, тие две разговарале заедно и пиеле кафе, па се сложиле и заеднички за ручекот за тој ден. Тој додал дека неговата сопруга имала психички тегоби, поради што три пати лежела  на невропсихијатрија во Нови Сад, а се лекуваше и во Специјална болница за психијатриски болести, каде престојувала 6 месеци.„Кога од болницата бараа да потпишам за да ја пуштат, одбив, велејќи дека не сакам да одговарам за неа, затоа што повеќе пати беше агресивна. Меѓутоа, нејзините родители дадоа согласност во болницата“, истакнал Золтан. 

Свет | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мицкоски инсистира да поскапи струјата, но нема да го гледа тој филм

 Христијан Мицкоски вчера неколку пати соопшти дека е против цената на струјата да остане иста и инсистира таа да биде значително поскапа.Очекувано од човекот кој додека му бил советник на Никола Груевски електричната енергија поскапе за 100 отсто, а укината беше евтината дневна тарифа на струјата со што граѓаните добива повисоки сметки за електрична енергија, се вели во соопштението од СДСМ.Сега Мицкоски повторно сака струјата да поскапи, а граѓаните да имаат повеќе трошоци. Тој филм Мицкоски нема да го гледа. Цената на електричната енергија нема да се зголеми, граѓаните нема да добиваат повисоки сметки за електрична енергија.СДСМ останува посветена на политиките што обезбедуваат пониски трошоци за живот и повеќе пари во семејните буџети. Само со воведувањето на евтината тарифа на струјата годишно кај семејствата остануваат околу 11 милиони евра, а со останатите мерки, се создваат сериозни заштеди кај граѓаните.СДСМ е определена да враќа што повеќе пари кај граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се определени само да земаат од граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

1-6

Мицкоски:Понудата до Заев за помош за евроинтеграциите не е со неограничен период, повеќе не важи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Алфа, рече дека на премиерот Зоран Заев му понудил помош во евроинтеграциите но, како што кажа лидерот на ВМРО ДПМНЕ, со олгед на тоа што дека досега не добил одговор, понуда престанува да важи.– Му рековме „не ни треба да влеземе во Влада да делиме Влада со тебе, но да ви помогнеме до октомври заеднички да успееме да ја донесеме Македонија пред добивање датум“. Неколку недели поминаа и немаме повратен одговор, оваа понуда не е со неограничен период, таа престанува да важи – рече Мицкоски.Инаку Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да лобира кај сестринските партии за добивање на датум за преговори со Унијата.

Македонија | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Криминалните тендери, партиски vработувања се валутата со која Зоран Заев тргува за да остане на власт

заложник ги држи нејзините граѓани. Криминалните тендери и грантови, се главна одлика на оваа криминална влада. Додека граѓаните се борат да го преживеат месецот, нивните чесно заработени пари преку давачките кон државата завршуваат во џебовите на партиски и државни функционери кон кои Зоран Заев исплаќа концесии, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Криминалните тендери и грантови, партиските и непотистичките вработувања се валутата со која Зоран Заев тргува за да остане на власт, на штета на граѓаните.Само последен во низата е корупциски скандали е оној на со тендерот за набавка на радарска опрема за потребите на М-НАВ. На граѓаните од денот кога свиркачи го разоктрија овој скандал им одекнуваат зборовите на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски ,,Leonardo will win’’.ОЈО мора да реагира и покрај огромниот притисок од криминалната власт на чело со аболицираниот Заев.Очигледно е дека криминалната Влада ги кочи реформите во државата и дека со оваа власт нема да има ниту п од правдата која ја ветуваше Заев. Не важи повеќе понудата на ВМРО-ДПМНЕ за помош на Владата за наше побрзо интегрирање во Европската Унија со оглед на криминалот и корупцијата во кој е заплеткана оваа власт. ВМРО-ДПМНЕ само ќе лобира за добивање датум за преговори час поскоро во интерес на граѓаните.Она што е добра вест за граѓаните е дека сите анкети укажуваат на тоа дека следната Владата ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е сигурен победник на следните парламентарни избори кога и да тие се случат. Кога Зоран Заев ќе си замине од власт, во Македонија ќе се врати правдата и ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот и оние кои во овие моменти го штитат криминалот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

tamara-himna

(ВИДЕО) Случајно или намерно? - Тамара ја отпеа химната во Амбасадата на САД без Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули, Сандански

На синоќешната прослава на Дeнот на нeзaвиcностa на САД, 4 Јули, што се одржа во дворот на американската амбасадата во Скопје, Тамара Тодевска беше избрана да ја испее македонската химна. Таа химната ја отпеа, но го исфрли стихот „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“, кој во последната официјална верзија на химната од 1991 годона се повторува четири пати.Инаку вчера во амбасадата се одржа прием по повод националниот празник на САД, 4 Јули. Меѓу присутните гости беа и претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претставници на Владата, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени...https://www.facebook.com/USEmbassySkopje/videos/344116652896613/

Македонија | пред 6 години

vreme

Времето денеска претпладне сонце, попладне дожд

Времето денеска претпладне сончево и топло, попладне со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. УВ=8За утре метеоролозите најавуваат претпладне сончево, oколу пладне и попладне со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Локално во источните делови ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме. УВ=8

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Во Македонија има 183 амбулантни возила, просечната старост на овие возила се 11 години, а 53 отсто добиени како донација

Центарот за граѓански комуникации ја објави базата на податоци на сите амбулантни и санитетски возила која е изработена врз основа на податоци обезбедени од здравствените институции во земјава.Во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, со кои располагаат 47 здравствени институции.„Просечната старост на овие возила се 11 години и дури 53 отсто се добиени како донација или на користење од друга здравствена институција. Најмногу амбулантни возила има во Скопје, 30 и во Охрид и Битола по 12. Следат Велес и Куманово каде што има по 8 амбулантни возила. Двете најстари возила се од 1988 година, а најупотребуваното има поминато дури еден милион и 360.000 километри“, се вели во соопштението.Најмногу амбулантни возила има во Скопје 30, како и во Битола и Охрид по 12. Најголемиот процент се донации од Министерството за здравство, дел се купени од сопствен буџет на установата, некои пак  ги добиле од други  донации. Просечната старост им е по 11 години, најстарите две комбиња се постари од 30 години, а имаат поминато огромна километража.Ако се направи споредба со возилата за службени потреби, за министерствата или општините - разликата е драстична. Тие располагаат со 2645 возила, што значи 15 пати повеќе превозни средства отколку за потребите на брзата помош. 

Македонија | пред 6 години

velosiped

11 годишно девојче велосипедист повредено во сообраќајна несреќа

На 02.07.2019 година во 19,25 часот на крстосница од улиците „Билбил камен“ и „Кирил Вангелов“ во Битола, М.А.(24) од Битола, управувајќи патничко возило „Форд ескорт“, удрил во велосипед управуван од 11-годишно девојче од Битола, кое било пренесено во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

При соседска рсправија, едно лице заврши во болница - повреден со остар предмет

На 02.07.2019 во 20.26 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен М.М.(53) од с.Инџиково, скопско. По преземени мерки било утврдено дека М.М. бил повреден со остар предмет при расправија со соседот Љ.С. од с.Инџиково. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

policija

Охриѓанец агресивно се однесувал и навредувал полициски службеник

На 02.07.2019 година во 19.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на градскиот плоштад во Охрид, Љ.Ј., кој управувал патничко возило „Фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки агресивно се однесувал и навредувал полициски службеник при вршење службени дејствија. По документирање на случајот против Љ.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Нови пријави за каснување од куче, 56 годишен маж и 7 годишно дете

На 03.07.2019 година во 02.30 часот во Полициското одделение Галате, 56-годишниот Ј.К. од село Добридол пријавил дека пред неговата куќа во село Добридол бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.На 02.07.2019 година во 22.40 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во Злетово седумгодишно дете од Злетово било каснато од куче скитник во пределот на левата нога.

Македонија | пред 6 години

napadnata

Кумановец ја нападнал сопругата, но и членовите на семејството кои ја бранеле

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Ф.(36) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил продолжено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 22.06.2019 година околу 20.00 часот во Куманово, при семејна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга М.Ф.. Нејзиниот татко, кој бил присутен во домот, се обидел да го спречи, по што пријавениот упатил закани и кон него и кон членовите на семејството.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Судар помеѓу ,,Ауди А6“ и мотоцикл, повредени 16 годишно момче

На 02.07.2019 во 18.15 часот на регионален пат Јегуновце- Желино, во село Сиричино, се случило сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,Ауди А6“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(32) од село Голема Речица и мотоцикл „Јонваи“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од село Јанчиште. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Тетово каде му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово .

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања