Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

soobrakajna-nesreka

Изгубил контрола и излетал од патот, повредени три лица

На 02.07.2019 во 08 часот на регионален пат село Волковија- Тетово, Р.А.(32) од село Гургурница, управувајќи патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Р. и била пренесена во болницата во Тетово каде и била укажана помош. Сопатниците И.А. и Х.А. се здобиле со телесни повреди и на нив им била укажана помош во болницата во Тетово. Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.

Македонија | пред 6 години

pretepan

Нападнат контролор на ЈСП

На 02.07.2019 година во 17.20 часот во СВР Скопје, Н.И.(38) од с.Грчец, скопско, пријавил дека истиот ден околу 16,00 часот во автобус на ЈСП бр.50 на улица „Благоја Стефковски“ физички бил нападнат од лицето И.Р.. Според пријавеното, додека Н..И. извршувал работни задачи во автобусот - контролирал билети на патниците, бил физички нападнат од И.Р.. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 6 години

tutun-1

Во „Фолксваген голф“, полицијата открила 120 килограми сецкан тутун без контролни марки

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Е.Ј.(20) од село Љуботен, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза“, казниво по член 279-б од Кривичниот законик.На 01.07.2019 година, при контрола на патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициските службеници пронашле и одзеле 100 кутии сецкан тутун со натпис „GREECE SUPER KAMELIA VIRGINIA“ и 100 кутии сецкан тутун со натпис „GREECE TOBACCO VIRGINIA“, или вкупно 120 килограми сецкан тутун без контролни марки. На тој начин пријавениот избегнал плаќање на акциза на која е обврзан со Законот за акцизите.

Македонија | пред 6 години

ivanka-11

Василевска: Заев денеска докажа дека Драги Рашковски работел по негови инструкции и за негови цели

Зоран Заев денеска наместо да го повика на одговорност, го заштити Драги Рашковски. Заев денеска докажа дека Драги Рашковски работел по негови инструкции и за негови цели. Дека Зоран Заев е директно одговорен за сомнителниот тендер од 7 милиони евра за набавка на АТМ системот за потребите на М-НАВ кажа и самиот Драги Рашковски вчера, кој посочи дека настапувал по овластување токму на Зоран Заев, истакна истакна Иванка Василевска–член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Колега Драги Рашковски дали сте само извршител на Зоран Заев кој е лицето кај кого треба да легнат парите од 7 милионската аванта? Охрабрете се и не го штитете човекот кој бесрамно ја лаже македонската јавност со години наназад.Зоран Заев - човекот што сака да се заборави криминалот со бишкарникот на Мирчо и митото од 200.000 евра нормално е да сака да се заборави и криминалот од 7 милиони евра.Исто како и кај Заев, кој бараше евро по метар квадратен, така и за Рашковски постојат аудио снимки од кои се слуша „Leonardo will win the tender“. Што тука е неразбирливо, уште пред да се склучи договорот со Леонардо, се знаело кој ќе го добие овој тендер.Јавното обвинителство треба само да испита, дали кажаното во снимката коинцидира со настаните кои следат потоа. Едноставно е. Оттука уште еднаш го повикуваме Јавното обвинителство да преземе мерки и да побара притвор, како за Рашковски, така и да го повика на разговори токму господинот Зоран Заев. Или пак не смее затоа што тие се луѓето на кои им реферираат, дали ВМРО-ДПМНЕ поднело или не некој поднесок.За крај, едно обраќање до сите оние чесни членови на СДСМ и приврзаници на таканаречената „Шарена револуција“: - Навистина ги жалиме оние кои одеа месеци по улици и викаа „нема правда нема мир“, а сега мора да молчат и да не смеат да изустат ни збор за сомнеж за криминал вреден 7 милиони евра, кој го амнестира лично премиерот на државата, а нивен тогашен водач.Времето на правдата ќе дојде. Правната држава мора да профункционира. Одговорност ќе има за сите,истакна Иванка Василевска–член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Паднаа маските, Мицкоски призна дека се откажува од името - Република Македонија

Паднаа маските! Христијан Мицкоски денеска се отвори пред македонскиот народ и конечно собра храброст да признае дека се откажува од името - Република Македонија.Во денешната честитка до Урсула Гертруд вон дер Лејен за нејзината номинација за нов претседател на Европската комисија, Мицкоски се откажува од името - Република Македонија и ја користи формулацијата „мојата земја“ и „европската иднина на мојата земја“, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Денеска дојде потврдата за она што Единствена Македонија подолго време го пишува. Мицкоски и Заев се на исти позиции за бришење на името, не го признаваат светото македонско име. За волја на вистината, Мицкоски подмукло глумеше лажен патриотизам додека Заев и не се крие и отворено го брише името на државата.Македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледа единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политката да бидеме на првата линија во одбрана на националните интереси. Ќе го поништиме договорот со Грција и Македонија ќе го оствари своето неотуѓиво и со ништо неограничено меѓународно правно-признато право да го носи името - Република Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.    

Македонија | пред 6 години

Foto-3-1

Средба на претседателот Пендаровски со унгарскиот амбасадор Дукс

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Унгарија, Ласло Иштван Дукс.На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Унгарија, актуелните состојби во регионот, како и за аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Европската унија и во НАТО.Претседателот Пендаровски на средбата истакна дека Република Северна Македонија високо ја цени поддршката од Унгарија за добивање на датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија и поддршката за членство во НАТО. Во тој контекст, Претседателот изрази задоволство од ратификацијата на протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО од страна на Националното Собрание на Унгарија.Амбасадорот Дукс на претседателот Пендаровски му упати честитки по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во вршењето на должноста. 

Македонија | пред 6 години

kosta-intervju

Георгиески: Ги презентиравме фактите и моменталните состојби за Охридскиот регион, конечна одлука до крајот од неделава

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески деновиве присуствува на Конференцијата на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. Георгиески е дел од македонската делегација составена од владините претставници Едмонд Адеми и Андреј Жерновски и од градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Предмалку на социјалната мрежа фејсбук Георгиески напиша:На 43-та сесија на Комитетот за светско наследство во Баку, Азербејџан ги презентиравме фактите и моменталните состојби за Охридскиот регион, како и сите активности, кои беа во насока на исполнување на препораките од мониторинг мисијата на УНЕСКО од 2017 година.Од голем број земји членки на Комитетот, кои денес имаа свои излагања, е констатиран напредокот во реализацијата на препораките. До крајот на оваа седмица се очекува да се донесе конечна одлука поврзана со нашиот регион.Се надеваме на поддршка и шанса, да продолжиме посветено и одговорно со реализација на мерките за заштита на Охрид и заедно да го зачуваме ова Светско наследство, напиша градоначалникот Георгиески на ФБ.Инаку голема е веројатноста Охридскиот регион да биде ставен на листата региони  за светско наследство во опасност, но тоа не значи дека тој целосно ќе го загуби статусот на подрачје на УНЕСКО.Минатата година, владата ги запре проектите на претходната влада за ски-центар и за експресен пат до Пештани, но од задачите што требаше да се сработат досега не исполни ниту една. Напротив, продолжи деградацијата со зголемен број дивоградби, палење трска, несправување со контроверзни објекти, како хотелот во Лагадин и дивоградбата кај Чинарот итн.Поради сето тоа, две години откако УНЕСКО ги објави забелешките, го стави на дневен ред и предлогот за охридскиот регион да се прогласи за светско наследство во опасност. 

Македонија | пред 6 години

DSC_0598

Костадинов: Мицкоски се профилираше како главен извор на лажни вести и невистини

Последната конструкција нарачана и спроведена од кујните во белиот дворец и нивните курири, e целосно разоткриена, нема никакво местење тендер за опремата на М-Нав, тоа е уште една од многуте лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ . Фактите за овој случај ги потсетија граѓаните за неспособноста на ВМРО-ДМННЕ, непотизамот и нивните сомнителни шеми, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.Над пет и пол години ВМРО-ДПМНЕ не била способна да обезбеди нова опрема за македонското небо. Се одело до таму во неодговороноста, да биде загрозена безбедноста на граѓаните, безбедноста на нашето небо.Меѓу оние коишто директно се поврзани во овој случај е и таткото на Никола Поповски, поранешниот министер за надворешни работи на ВМРО-ДПМНЕ, кој воедно е и потписник на јавната набавка. Денес, истата таа ВМРО-ДПМНЕ шурува со луѓето кои ја ставиле на ризик безбедноста на граѓаните, креира случаи и шири лажни вести.По сите искажани невистини, по сите демантирани лаги, по сите измислици, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и јавно да се извини за сите изнесени невистини.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште должат одговори:Каква е поврзаноста меѓу Јанакиески, Мисајловски, Јанушев и Чепуњоски?Зошто не се потпишувал договорот со компанијата која била избрана на тендерот?Почитувани,Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ. Немаат план, немаат идеја, ништо добро или конструктивно за граѓаните.Тоа e истата партија заглавена во одбрана на криминалот на Никола Груевски и ширењето лажни вести, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.  

Македонија | пред 6 години

pistol-vperen

Три лица обвинети за насилство во Чаир - нападнале едно лице со тупаници по лицето и телото, по што бил застрелан во ногата

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против три лица за сторено кривично дело – Насилство од чл. 386 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Обвинетите на 20.12.2018 година, на паркингот позади маркет во Чаир, во група извршиле грубо насилство врз едно лице и во јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв.Тие му се приближиле на оштетениот и го нападнале удирајќи го со тупаници по лицето и телото. За сите тројца на сила се мерки на претпазливост определени со Решение на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје: забрана за напуштање на престојувалиште, повремено јавување кај службено лице во Судот, привремено одземање на патната исправа, односно забрана за нејзино издавање и забрана за напуштање на државата, како и забрана за приближување и одржување каков било контакт со оштетениот.На критичниот ден, од страна на непознато лице кое било заедно со обвинетите, на оштетениот му била нанесена и огнострелна повреда во десната потколеница, но сторителот не е идентификуван. Во текот на кривичната постапка, Министерството за внатрешни работи лиши од слобода едно лице како евентуален сторител на кривичното дело. Во присуство на јавен обвинител, согласно Законот за кривична постапка, беше извршено препознавање, но оштетениот не го препозна тоа лице како лицето кое му ја нанело повредата со огнено оружје.Доколку Министерството за внатрешни работи, како овластен орган за утврдување на идентитетот на сторителите на кривични дела, го утврди идентитетот на лицето кое пукало во оштетениот, Основното јавно обвинителство Скопје ќе отвори постапка и против тоа лице.   

пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Обид за убиство - вработена во угостителскт објект со нож му нанела убодни рани на колегата

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Обидот за убиство за кој обвинителството ја поведе постапката се случил на 2 јули околу 4.30 часот во угостителски објект во село Неготино, полошко. Осомничената,  вработена во угостителскиот објект, пред да го изврши делото  била  вознемирувана од страна на оштетениот – нејзин колега. Откако и по нејзините повици да престане, оштетениот продолжил со дејствијата, таа се упатила кон шанкот, зела нож и му нанела неколку убодни рани во пределот на стомакот.Ценејќи дека се исполнети законските одредби, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор за осомничената. Предлогот беше прифатен и на осомничената судот и определи притвор во траење од 30 дена.

пред 6 години

ojo

Отфрлена кривична пријава против три лица за несовесно работење во Министерството за финансии

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава против три лица за кривично дело – Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Станува збор за кривична пријава поднесена од Министерството за финансии – Управа за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, која подоцна беше доставена на надлежно постапување до Основното јавно обвинителство Скопје.Во пријавата се наведуваше дека тројцата пријавени, во својство на министер за култура, заменик министер за култура и раководител на Сектор за финансиски прашања во Министерството за култура, во периодот од јули 2009 година до февруари 2017 година, со пропуштање должен надзор несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности. Притоа, тие спротивно на чл.581 од Законот за трговски друштва, според кој странски друштва не можат да вршат дејност на територијата на државава се додека не организираат подружница, примиле времени ситуации – фактури од странски правен субјект „Светлост театар“ ДОО Белград, Р. Србија, во кои незаконски бил вкалкулиран данок на додадена вредност од 18%. На овој начин била извршена исплата во странство врз основа на 11 договори за извршување на услуги, стоки и работи реализирани во државава, при што Управата за финансиска полиција проценила дека била нанесена штета на Буџетот во износ од 2.770.640 евра.Постапувајќи по кривичната пријава, надлежниот јавен обвинител изврши распит на пријавените и на претставник од Министерството за култура, а беше извршен и увид и анализа во ревизорските извештаи за работата на Министерството за култура за наведените години. Во сите наведени извештаи не се констатирани неправилности во активностите и финансиските трансакции кон наведениот субјект. Дополнително, целокупната документација за исплатите кон „Светлост театар“ ДОО Белград, Р. Србија одела и до Министерството за финансии и до Народната банка, преку која се вршела исплатата кон странство, и од каде во ниту еден момент не биле констатирани неправилности.По наредба на јавниот обвинител, од страна на Бирото за судски вештачења беше изготвено економско-финансиско вештачење со кое се утврди дека за извршување на договорените работи со Министерството за култура, претпријатието „Светлост театар“ ДОО Белград, Р. Србија, основало подружница во земјава со назив „Светлост театар“ ДОО Белград, Р. Србија – Подружница „Светлост театар“ Скопје, запишана во Централниот регистар на 15.07.2009 година со сопствен матичен број, даночен број и приоритетна дејност. Материјалите кои како изведувач требало да ги вгради се увезувале од матичната компанија, а увозните декларации гласеле на име на подружницата. При увозот бил пресметуван ДДВ кој бил плаќан од страна на подружницата како увозник. Вештото лице констатирало дека фактурите доставувани од „Светлост театар“ ДОО Белград, Р. Србија до Министерството за култура биле искажани во евра со посебно искажан ДДВ и со наведена сметка на која треба да биде исплатена сумата. Притоа функцијата на подружницата не била реализирана во целост, со оглед на тоа што фактурите биле изготвувани и доставувани од страна на матичната компанија, наместо од подружницата. На овој начин е создаден неправилен тек на парите. Меѓутоа, со исклучок на определени веќе констатирани неправилности од Управата за јавни приходи во пресметаниот ДДВ на подружницата за извршените работи, други неправилности не се утврдени. За констатираното од УЈП се составени записници, врз основа на кои се изготвени решенија со кои подружницата била задолжена со ДДВ во точен износ и тој износ веќе е наплатен. Со самото тоа не постои штета на Буџетот на државата, ниту каква било друга штета, утврди вештиот наод и мислење.Имајќи ги предвид сите овие факти, надлежниот јавен обвинител донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава, бидејќи не постои основано сомнение дека пријавените го сториле наведеното или друго кривично дело кое се гони по службена должност.

пред 6 години

beton

Oтворена е стечајна постапка за Штипски „Бетон“ – компанијата должи над над 1. 233.000 евра

На барање на три фирми, Основниот суд во Штип отвори стечајна постапка за штипски Бетон. Трите фирми кои доставија барање за покренување на стечајна постапка за компанијата Бетон побарауваат вкупно 76.760.000 денари или над 1. 233.000 евра. Но листата на доверители веројатно ќе биде подолга бидејќи во рок од 15 дена своите побарувања треба да ги пријават сите компании на кои им должи Бетон. Стечајниот управник Драги Димовски сега ќе мора да направи и попис на имотот со кој располага компанијата, но и листа на оние што имаат неподмирени обврски кон  Бетон.Вкупната заработка на Бетон од седумте објекти на проектот Скопје 2014 изнесуваше 55 милиони евра. Оваа фирма за јавноста беше интересна и по тоа што во сопственичката структура се споменуваа и познати бизнисмени и политичари,  а нејзиното име се слушаше и во бомбите, кои се најдоа во доказните материјали на Специјалното јавно обвинителство.   

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Почна реконструкцијата на улицата Московска

Екипите на Градот Скопје денеска ја започнаа реконструкцијата на коловозот на улицата Московска во општина Карпош. Увид во градежните работи на оваа делница изврши градоначалникот Петре Шилегов.-Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на инфраструктурата под надлежност на Градот. Денеска сме на улицата Московска, каде што ја почнавме реконструкцијата на коловозот во должина од 690 метри, предвидено е да не чини околу 8,2 милиони денари и да се заврши во рок од 20 дена – рече Шилегов.Реконструкциите на сите улици оваа градежна сезона Градот ги завршува со рекордно кратки рокови со цел да обезбеди услови за одвивање на сообраќајот без создавање на сообраќаен метеж.-Вечер ќе го затвориме мостот Гоце Делчев од 17 часот до 22 часот од ТЦ Мавровка во правец кон Владата, а утре во истиот период ќе го затвориме во обратен правец за да извршиме реконструкција на мостот - кажа Шилегов.Во текот на изминатите месеци целосно беа реконструирани улиците Димитија Чуповски, Љубљанска и Антон Димитров, а реконструкцијата е во тек на улиците Февруарски поход, Лазар Трповски, Ѓорче Петров, Лазар Личеноски, Московска и булеварот Партизански одреди.Градоначалникот Шилегов, повторно ги замоли граѓаните, за разбирање додека траат градежните активности, бидејќи целта е на крајот во Скопје да имаме функционален, модерен и безбеден сообраќај кој целосно ќе ги задоволува потребите на граѓаните. Исто така, тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.

Скопје | пред 6 години

patarina1

Пуштен контролниот пункт во Петровец – 24 часа ќе се следат наплатни станици, и сообраќајот на автопатната мрежа во земјава

Пуштен во употреба контролниот пункт во Петровец.  Овој контролен центар за патарини и патишта ќе врши мониторинг на сите наплатни станици, како и регулирање на сообраќајот на автопатната мрежа во земјава.Наскоро, овој контролен центар ќе биде поврзан со тој во Неготино кој го мониторира движењето по новиот автопат до Гевгелија.Од тука ќе се следи сообраќајот и на новиот автопат до Штип. На пуштањето во употреба на пунктот присуствуваат премиерот Заев, министерот Сугарески и директорот на ЈПДП, Зоран Китанов.Центарот е дел од проектот за модернизација на патарините и претствува инвестиција од околу 18,6 милиони евра. 

Македонија | пред 6 години

ohrid-12

Унеско утре ќе одлучува за Охрид – Ќе се прогласи ли за светско наследство во опасност?

Ако охридскиот регион се прогласи за светско наследство во опасност, тој статус може да се надмине за неколку години или за неколку децении, покажуваат искуствата од локалитетите што ги надминале ризиците и биле вратени на незагрозената листа на УНЕСКО.Конференцијата на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО е во тек веќе четири дена, а од македонската делегација составена од владините претставници Едмонд Адеми и Андреј Жерновски и од градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, очекуваат дека одлуката за охридскиот регион ќе се донесе утре, објави prizma.mk.Прогласувањето на регионот за светско наследство во опасност не значи дека тој целосно ќе го загуби статусот на подрачје на УНЕСКО.Минатата година, владата ги запре проектите на претходната влада за ски-центар и за експресен пат до Пештани, но од задачите што требаше да се сработат досега не исполни ниту една. Напротив, продолжи деградацијата со зголемен број дивоградби, палење трска, несправување со контроверзни објекти, како хотелот во Лагадин и дивоградбата кај Чинарот итн.Поради сето тоа, две години откако УНЕСКО ги објави забелешките, го стави на дневен ред и предлогот за охридскиот регион да се прогласи за светско наследство во опасност. Текстот во целот на: prizma.mk

Македонија | пред 6 години

penzioneri

КБ прв пензиски фонд веќе управува со над 600 милиони евра на идните пензионери

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје кое управува со КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд, стана првото пензиско друштво во Република Северна Македонија кое управува со капитално финансиран пензиски фонд поголем од 600 милиони евра, средства што се во сопственост на членовите на Фондот.Во текот на досегашното работење од 2005 година па наваму, во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд Скопје, вклучени се 254.199 ( * извор  www.mapas.mk  ) членови и времено распределени лица, чиишто уплати заедно со остварениот принос од инвестиции придонесоа за остварување на респектабилен износ на пензиски заштеди што членовите ќе можат да ги користат во иднина.Средствата со коj управува Друштвото се инвестираат под постојан надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.Друштвото и во иднина ќе продолжи со највисок степен на грижа за средствата на членовите на Фондовите.

Македонија | пред 6 години

gjorcev

Ѓорчев: Рецесија на наталитетот од шокантни 13 отсто во првтиот квартал, Македонија изчезнува и се иселува

Вчера имавме можност вам, на македонската јавност да ви ги соопштиме податоците за најлошата демографска година во историјата на Македонија, со најмал наталитет откако има статистика и бројки во Македонија. Ви соопштивме податок, дека падот на родените бебиња во минатата 2018-та година, со оваа влада на Зоран Заев, во однос на 2016-та година – последната година од владата на ВМРО-ДПМНЕ е фрапантни 7.3 проценти, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Значи ова е само водед, а бројките кои што ќе ги кажам се уште полоши, уште позагрижувачки и уште поразителни. Значи она што уште еднаш ќе речам пред малку и вчера го кажавме, тоа е дека 2018-та година беше убедливо најлоша демографска година, најлоша година за наталитетот и родените бебиња во историјата на Македонија.Е сега, после 2018-та година доаѓа 2019-та година и ова е најважниот дел од оваа прес конференција.Почитувани присутни, во првиот квартал од оваа 2019-та година имаме шокантен и катастрофален невиден до сега пад на родени бебиња во Македонија, од шокантни 13 проценти. Имаме рецесија на наталитетот од 13 проценти во првиот квартал споредено со историски најлошата 2018-та година.Значи внимавајте за која катастрофа, за кое иселување, за кој егзодус од Македонија станува збор поради политиките на Зоран Заев и неговите 28 министери. Значи 2018-та година имаме најлошата демографска година во историјата на Македонија, 70 години наназад, а на таа најлоша демографска година во првиот квартал на 2019-та година имаме пад од фрапантни, невидени, шокантни 13 проценти. Тоа е поразително. Тоа е буквално поразително.Уште еднаш тоа значи дека Македонија умира и Македонија се иселува. Сите. Од сите националности и региони. Си заминуваат луѓето од Скопје, си заминуваат луѓето од Полог, си заминуваат луѓето од источна Македонија, од Пелагонија, Битолско, Прилепско, Охридско, си заминуваат луѓето од Кумановско и Липковско, си заминуваат сите, а најмногу си заминуваат младите. Тоа го гледаме како резултат на драстично паднатиот упис во основните и средните училишта, падови невидени до сега.Јас ќе ви прочитам само неколку бројки. Значи внимавајте во 2018 година минатата година во првиот квартал бројот на родени бебиња бил 5255, значи уште еднаш во првиот квартал во 2018 година бројот на бебиња бил 5255, во првиот квартал на оваа 2019 година бројот на родени бебиња е 4555. Пад од 13,3 проценти.Значи на оној најлош историски резултат од минатата година имаме дополнителен пад, дополнителна рецесија на наталитетот од 13 проценти. Ова е резултат и пораз на политиките на Зоран Заев и неговите 28 министри.Македонија секогаш имало иселување, 200 години наназад, нема дилема околу тоа. Но, ваков егзодус докажан со бројки со статистика, никогаш немало и тоа секој кој што се разбира во бројки може да го потврди.Ова е историски одговорност на Зоран Заев и Мила Царовска и сите 28 министри во оваа најнеуспешна и најкатастрофална влада во историјата на Македонија. Никогаш полоша влада сме немале.Ова се трајни штети кои што кој знае како оваа држава ќе ги надомести. Кога губите олку население, кога се губат цели семејства како тоа подоцна ќе се надомести.За жал имаме ситуација која што главна тема помеѓу граѓаните на Македонија и младите е иселувањето. Онаа потрошена парола за живот во Македонија, буквално преку бројки и статистики се претвори за живот во Германија, за живот во Шведска, за живот во Австрија, за живот во Канада.Залудни се сите реченици и демагогии на Зоран Заев кога уште еднаш ќе речам и со ова ќе завршам на демографски најлошата 2018 година во историјата на Македонија имаме дополнително пад од 13 проценти. Тоа никогаш не се случило, ужас.За жал политиките на Зоран Заев и оваа влада и неговите 28 министри резултираат со огромен егзодус и на Македонците и на Албанците и на сите останати.Си заминуваат луѓето и од Источна Македонија, но исто така и од Полог, Липковско, Тетовско, Струшко, Дебарско, од секаде. Исто онака како што ги излажа Македонците, Зоран Заев ги излажа и Албанците, тоа се гледа преку овие бројки кои пред малку ви ги соопштив затоа паѓа довербата и расте разочарувањето кон СДСМ и Зоран Заев кај албанската популација, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

zeleznica

Стоилковски: Наместо ветениот посигурен и побрз железнички транспорт, за жал зголемен е бројот на железнички несреќи

Го видовте Зоран Заев и неговите ветувања. Вели во првите две години комплетно ќе го обновел и развиел железничкиот сообраќај, па ветува пруги, линии, возови, транспорт до секое село, исто како со 600-те км автопати, така поминува и ова ветување. Поминаа повеќе од две години владеење на Зоран Заев а железничкиот сообраќај во државата за жал е во тотален колапс, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Железничкиот превоз е небезбеден. Наместо ветените посигурен и побрз железнички транспорт, за жал зголемен е бројот на железнички несреќи. Се почести се незгодите на патните премини, се почести се исклизнувањата на локомотивите и на вагоните од пругите. Вчера се случи една од досега најголемите железнички несреќи во нашата држава, во која за голема среќа немаше жртви, но се предизвика огромна материјална штета. Се поставува прашањето, што ако на местото на товарниот воз беше патнички воз полн со патници? Колкава ли ќе беше трагедијата? Но дали некој ќе ја преземеше одгворноста? Кој ќе ја преземе одговорноста за цунамито во железничкиот сектор во Република Македонија?Причините за катастрофалната состојба на железниците во Македонија лежат исклучиво во  тоталната незаинтересираност на Владата за овој важен сектор за економијата. Нема никакви нови проекти, нема никакви инвестиции и вложувања во железничкиот сектор. Нема инвестиции за одржување и ремонт на пругите, ниту на возовите. Имаме министер за транспорт и врски за кој што гледаме дека предизвикот на овој сектор му е преголем залак.Секојдневно се намалува расположливоста на локомотивите и патничките возови, а со тоа се доведува во прашање и безбедноста на железничкиот сообраќај. За само 2 години преполовен е бројот на исправни возови и локомотиви. Во овој момент целиот патнички железнички сообраќај го вршат новите возови кој што беа набавени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.Застоите на товарниот железнички сообраќај се сериозен проблем за тековното работење на компаниите-корисници на железнички услуги, што негативно се одразува на економијата во целина. А негативно се одразува и на работењето на двете железнички претпријатија МЖ Транспорт АД и ЈП МЖ Инфраструктура кои што нижат милионски загуби, а тука е ФШВ Колска Велес на чии вработени им се должат дури 5 плати.Очигледно оваа Влада на Зоран Заев со Министерот Горан Сугарески ниту имаат капацитет ниту волја да се справат со предизвиците на железничкиот систем. Негрижата создава непоправливи штети и го загрозува безбедното одвивање на железничкиот сообраќај. Македонија никогаш не била во полоша состојба во делот на железничкиот транспорт. Ова уништување што поскоро мора да запре и ќе запре само со промена на власта.Наместо да парадираат помеѓу вагони и локомотиви, Зоран Заев Анѓушев и Сугаревски мора што побрзо да си заминат за добро на железничкиот сообраќај, за добро на економијата за добро на Македонија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

mickoski-3

Мицкоски и ја честита номинацијата за нов претседател на Европската Комисија на Урсула Гертруд вoн дер Лејен

Мицкоски испрати честитка до Урсула Гертруд вoн дер Лејен. Во неа се вели:До: г-ѓа Урсула Гертруд вoн дер Лејен:Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ сакам да Ви ја честитам номинацијата за нов претседател на Европската Комисија која треба да ја предводи Европската Унија во наредниот период.Убеден сум дека со Вашите човечки и професионални квалитети ќе оставите значаен белег во развојот на Унијата, надминувањето на предизвиците како и поблиско интегрирање на државите базирано на европските вредности.Потпирајќи се на моите позитивни впечатоци од нашата средба во Скопје, убеден сум дека со истиот жар и посветеност ќе работиме за интегрирање на мојата земја во семејството на Европската Унија поради европската перспектива на целиот регион и создавање на оптимизам кај граѓаните и покрај сериозните пропусти, недостатоци во функционирањето на системот кои мора да се надминат.Ќе продолжиме со несмалена енергија да соработуваме и во рамките на сестринската Европска Народна Партија која со Вашето номинирање добива уште еден значаен сегмент и обврска во градењето на Европската перспектива на сите држави од Европа.Очекувам во блиска иднина да имаме можност за наша заедничка средба, која ќе даде силен импулс во односите и ќе биде во интерес на европската иднина на земјата.

Македонија | пред 6 години

apsenje-4

(ВИДЕО + ФОТО) Уапсен дечко на Рекорд, еве зошто...

На социјалните мрежи се појавија видео и фотографии на кои се гледа како полицијата апси момче. Образложението на социјлните мрежи е следново:„На Рекорд еден дечко си протестира против цајкани, со напишан графит на земја. Дојдоа три цајкани на точаци. Дечкото почна да ги снима и се обиде да избега. Кога почна да трча, еден друг човек (не еден од цајканите) му се фрли и го струполи дечкото. Кукавиците цајкани одлучија во тој момент да му се фрлат на земја и да го задржат. (Тој што го нападна си отиде без едно чао да му кажат цајканите.) После го држеа на земја и му ставија лисици, чекајќи да дојде поддршка за овој еден протестант. Дојдоа две коли и го ставија во една од нив. Кога ги прашав што направил дечкото за да заслужи апсење, тврдеа дека биле нападнати од него.Фала што нѐ штитите од тие кои вистински ја загрозуваат македонската безбедност: демонстрантите!(И се разбира дека моментот кога едноставно се приближи едно зачудено и мирно ромско дете, еден од кукавиците му се раздра „Бегај бе!“)(И кога еден од страна им кажа нешто во стил на „Срам да ви е!“ беше заканет со апсење.)“, стои во објавата на ФБ.  https://www.facebook.com/borjan.gagovski.1/videos/pcb.2320618764844848/2320618658178192/?type=3&theater

Скопје | пред 6 години

03072019_PVRSM-Zaev_Konferencija-na-NATO_3

Премиерот Заев на средба со помошник генералниот секретар на НАТО за безбедносни предизвици, Мисироли

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Антонио Мисироли, помошник генерален секретар на НАТО за безбедносни предизвици. Потоа, премиерот Заев и помошник генералниот секретар на НАТО Мисироли имаа и обраќања на Конференцијата на НАТО  во Скопје, за дигитализација на Системот за управување со кризи преку имплементацијата на NICS - Next Generation Incident Command System – NATO SPS NICS Project  (Следна генерација на Систем за управување со инциденти) во Република Северна Македонија.Помошник генералниот секретар на НАТО за безбедносни предизвици, Мисироли, во обраќањето изрази поддршка за евро-атлантските интеграции на Република Северна Македонија. Тој порача дека Република Северна Македонија е добредојдена 30-та земја членка на НАТО, како и дека се надева, дека целосната интеграција, може да се случи до Самитот на Алијансата во Лондон, кога ќе биде одбележана 70-годишнината од основањето на НАТО.Дипломатот од НАТО, Мисироли ја охрабри нашата земја да продолжи со реформите во областа на безбедноста и владеењето на правото, а најави и практична соработка со Република Северна Македонија и поддршка, каков што е проектот за дигитализација на Системот за управување со кризи преку имплементацијата на NICS - Next Generation Incident Command System – NATO SPS Project  (Следна генерација на Систем за управување со инциденти), којшто има за цел побрза размена на информации меѓи институциите, а со тоа и резултати како во мирот и безбедноста, така и во спасувањето животи на граѓаните.Премиерот Заев изрази благодарност за целосната поддршка на дигитализација на системот за управување со кризи којашто се реализира  со финансиска поддршка преку Програмата на НАТО „Наука за мир и безбедност“, без финансиски импликации за институциите во Република Северна Македонија. „Тоа е посебно ветар во грбот за нас како држава, да одговориме со сериозност во динамиката на реализација на проектот.Проектот е целосно поддржан од Владата, донесовме одлука на 26.06.2019 година, и ги задолживме сите институции да учествуваат за да обезбедат успешна имплементација пред крајниот рок за реализација.НАТО значи мир, значи стабилност, значи безбедност за целиот свет, со тоа и за Република Северна Македонија.И ние, сакам да нагласам на самиот почеток, дека како следна 30-та земја членка на Алијансата, сме сериозни во намерите да бидеме достоинствена членка, со тоа што, со ваша помош и поддршка одговорно се поставуваме во чекор и со најновите и најсовремените безбедносни системи“, рече премиерот Заев во обраќањето.Тој изрази посебна благодарност до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за НАТО интеграциите на нашата земја.„Посебно сум благодарен за личниот ангажман на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во конечната реализација на определбата на големото мнозинство граѓани на нашата држава и на сите досегашни влади во нашата земја, Република Северна Македонија да се интегрира како рамноправна членка на најголемиот безбедносен сојуз во светот, НАТО Алијансата. Само пред еден месец имавме голема посета и успешен состанок со Северно-Атлантскиот Совет (НАК) во Скопје.Иако, како нова земја членка на НАТО ќе се приклучиме формално и целосно се надевам, до крајот на годината, години наназад учествуваме во реализацијата на НАТО целите и мировните мисии.А денес, оваа Влада, тврдам, го прави потребното, преку Програма за продолжување на реформите, за да постигнеме целосна и фактичка интеграција во НАТО.Тоа, знаеме дека подразбира и подготвеност на институциите за функционирање на безбедносните и одбранбените системи, согласно највисоките НАТО стандарди“, додаде премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, соопшти дека со владина одлука, на 26.06.2019 година, задолжени се сите институции да учествуваат и да обезбедат успешна имплементација на проектот со којшто се зајакнуваат капацитетите на Центарот за управување со кризи, меѓуресорската координација, соработка и комуникација помеѓу институциите ангажирани на справувањето со инцидентите, кризите и кризните состојби, размената на податоци и информации во форма на текст, слика и видео содржина во реално време. И сето тоа ќе придонесе во донесувањето соодветни одлуки и подготовка на извештаи поддржани со мапи, во согласност со најсовремените стандардни оперативни процедури.„Утврдивме дека целосната имплементација на проектот ќе се реализира до 01. декември 2020 година, што практично значи дека Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО ќе  има современ дигитален систем за управување со кризи. За нас е значајно што преку активностите што ги поддржуваме и преземаме, даваме причини повеќе за поддршка на целосната интеграција на Република Северна Македонија во НАТО“, рече премерот Заев кој дополни дека е задолжен Центарот за управување со кризи, да ги интензивира активностите и за нив редовно да биде информирана Владата, на секои 6 (шест) месеци.

Македонија | пред 6 години

Levica

Левица до Рашковски: Тужи нѐ – побрзо ќе напишеш тужба од твојот втор докторат!

Скандалот за генсекот Рашковски кој периодов одекна во Републиката и ја разоткри корумпираноста на социјалдемократите и нивните непотистички поставени функционери, воедно е ништо повеќе ни помалку од јасен доказ за тоа што на народот му е одамна јасно: СДСМ е новото ДПМНЕ, на стереоиди! Не ни треба никаква евтина интелектуалност, ниту еден и пол докторат – се што ни треба е да не бидеме на платен список на социјалдемократското „министерство за вистина“, за да не се правиме при очи слепи и да ја увидиме едноставната вистина која ни стрчи на сите пред носот: сите бизнис партии се исти, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото тие додаваат:СДСМ се ништо повеќе од уште една тендер-партија, чии денови на владеење се избројани после флагрантното негирање на волјата на народот јасно искажана на референдумот за промена на името на Републиката и на бројните референдуми против отворањето на рудниците на смртта. Во залезот на нивното владеење, силеџиството кое пред пола деценија стана главно обележје и двигател на отпорот против груевизмот, полека станува одлика и двигател на отпорот против новокомпонираниот груевизам за граѓанството, попознат како заевизам.Како и останатите социјалдемократски функционери, кои немаат ништо заедничко ниту со социјализмот, ниту со демократијата, така и човекот одликуван со еден и пол докторат ја злоупотребува својата моќ, заканувајќи се со тужби за оние кои ја споделија веста за неговото местење на милионски тендери. По некои ефтини апологии за „сечени, лепени и монтирани“ бомби, во стил на познатиот „независен“ културен „работник“, Петрит Сарачини, зачинети со видна изнервираност и анксиозност кон новинарите, заканите на Рашковски доаѓаат нешто како очекуван шлаг на СДСМ-ДПМНЕ-овската торт(ур)а врз народот. Влевањето страв во народните маси, подривањето на народниот отпор и заробувањето на државата се чекори кои не се туѓи на ниту една ненародна власт, а претходниве година дена станаа чести како „добро утро“ за коалицијата СДСМ-ДУИ.Затоа, Драг(и) Рашковски, меѓу останатите сега и нас ни дојде редот да ти кажеме: тужи нѐ слободно! Тужи нѐ веднаш – веројатно побрзо ќе напишеш тужба од твојот втор докторат! Нема да си ниту прв, ниту последен! Нека види народот дека кога вистината и обединетоста е на негова страна, силата на елитистичкото бизнисменско малцинство не му може ништо! Биди немилосрден, бидејќи кога ќе дојде нашиот ред, нема да се извинуваме за народната немилосрдност кон тебе, велат од Левица. 

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Што затекна МВР во 24 часа и колку возачи добија казна?

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 51 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 21 возач од кои: двајца затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 18 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник.Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, пет возачи поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, четири возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 54 мандатни платни налози и 68 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. Изминатиот ден се случиле 10 сообраќајни незгоди во кои четири лица се здобиле со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Работник додека извршувал градежни работи во трговски центар, се здобил со тешки телесни повреди

На 02.07.2019 година во 11.00 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека со тешки телесни повреди кај нив бил донесен С.Р.(33) од с.Св.Петка,скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повреди во трговски центар додека извршувал градежни работи на деловен објект. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

0000traktor

Почина тракторист откако изгубил контрола и се превртел

На 02.07.2019 година во 11.30 часот било пријавено дека на локалниот пат за с.Корешница, демиркаписко, Е.Е.(62) од с.Корешница, управувајќи трактор без регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел. Е.Е.починал на местото на настанот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања