Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

NUMB-Cuba-Libre-1024x576

NUMB – Tribute to Pink Floyd на плажа Куба Либре – Охрид

Музиката се врати во градот!Во пресрет на шпицот на летната сезона, подгответе се за интимно музичко задоволство и вистинско уживање за сите сладокусци.Повторно е време за најголемите хитови на култната англиска четворка, во рамките на проектот NUMB – Tribute to Pink Floyd, настанот кој го одбележа минатото лето во Охрид.По „Долни сарај“, локацијата е плажата „Cuba Libre“, во четврток, на 18-ти јули 2019 година, со почеток по 21:00 часот.Ноќ посветена на еден од најголемите и највлијателните рок бендови воопшто во музичката историја, легендарните Pink Floyd. Ќе уживаме сите заедно во 16 безвременски хитови на Pink Floyd, пропратени со спектакуларно видео и лајт шоу.Зад проектот стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга: Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владомир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (сајзери), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали. Ќе се изведат некои од највредните дела на култните Pink Floyd како „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште 12 од најголемите хитови, кои го одбележаа музичкиот карактер и насока на една цела генерација.Pink Floyd е една од највлијателните и најуспешни рок-групи на сите времиња. Со својата квалитетна мелодика и извонредна хармонија си обезбеди почесно место во историјата на рокот, и е на самиот врв на светската музика. Ако за некоја музичка група може да се каже дека ги премостила психоделичниот рок од 60-тите години на 20 век и електронските рок-експерименти од 70-тите години, сигурно, тоа се секако култните Pink Floyd.18-ти јули, плажа Куба Либре – ОхридСосема интимно музичко задоволство – NUMB – Tribute to Pink FloydМузиката се врати дома!NUMB – Tribute to Pink Floyd во Охрид 

Магазин | пред 6 години

marihuana2

Кај 26 годишен стружанец пронајдена марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.А.(26) од село Октиси, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.08.2018 година во Струга полициски службеници кај него пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

30 годишна кавадарчанка се здобила се тешки телесни повреди во фабриката во која работела

На 02.07.2019 година во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во фабрика во Кавадарци работничката Е.П.Д. (30) се здобила се тешки телесни повреди додека извршувала работни задачи. Таа била пренесена во болницата во Кавадарци каде и била укажана помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

tamara

(ФОТО) Авалон бришеше негативни коментари за концертот на Тамара, па се откажа

Евровизиската претставничка Тамара Тодевска на 27 ми треба да настапи во Охрид на античкиот театар. Најавата за концертот не поминува баш најдобро. На социјлните мрежи низа негативни и навредливи коментари. Ова беше причина Организаторот на концерот, Авалон продукција, на оние кои оставаат негативни коментари за Тамара и за нејзиниот настап во Охрид, да ги замоли да не пишуваат, во спротивно им се закани дека ќе им ги брише коментарите. Но, оваа забрана за кратко време ја укина сопственикот на Авалон, Бобан Милошевски, кој напиша дека била воведена без негово одобрение од страна на администраторите на Фејсбук профилот на продукцијата.Преписката за настапот на Тамара е со политика конотација.https://www.facebook.com/AvalonProdukcija/photos/a.240053666022668/2702509289777081/?type=3&theater

Магазин | пред 6 години

migranti-tripoli

Најмалку 40 мигранти убиени во прифатен центар во Триполи

Во воздушниот напад на прифатен центар за мигранти во предградието на либискиот главен град Триполи, загинаа најмалку 40, а се повредени 80 лица соопшти либиското Министерство за здравство.Владата за бомбардирањето ја обвини таканаречената Либиска национална армија (ЛНА) под водство на Халифа Хaфтaр.Обвинувањата доаѓаат откако еден од генералите на ЛНА и близок соработник на Хафтар, Мохамед Ал-Манфур, предупреди дека неговите сили ќе ги интензивираат воздушните напади на главниот град Триполи. 

Свет | пред 6 години

paridenari1

СДСМ: Зголемени платите на сите вработени во градинките, јунската плата повисока за 16 отсто

Владата предводена од СДСМ продолжува со креирање и имплементација на политики и реформи кои носат повеќе пари за сите граѓани.Со измените на Законот за заштита на децата, јунската плата на сите вработени во градинките е повисока за 16 отсто, се вели во соопштението од СДСМ.Зборот важи, за нас секој е важен!Владата предводена од СДСМ заедно со Министерството за труд и социјала продолжуваат посветено да ги подобруваат условите за децата кaко и секојдневните услови во градинките каде започнува развојот на  децата, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ:Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се главен извор на лажни вести

Христијан Мицкоски да им се извини на граѓаните за лагите што тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ ги шират секојдневно. Последната лага од кујната за лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ, сценариото за јавната набавка за М-Нав вчера беше целосно разоткриена, се вели во соопштението од СДСМ.По којзнае кој пат се покажа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се симбол за лаги, конструкции и измислици. Освен одбрана на криминалот на неговиот ментор Никола Груевски и ширење лажни вести, Мицкоски не може да понуди ништо што е во интерес на граѓаните и државата.Со таквото однесување, граѓаните го препознаваат Христијан Мицкоски како извор на лажни вести, а ВМРО-ДПМНЕ како извор на деструктивно однесување спротивно на интересите на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

sv-naum-6

(ФОТО) За многу години Св. Наум Охридски Чудотворец

Според календарот на МПЦ, денска е Преподобен Наум Охридски Чудотворец. Од синоќа колони возила и река од народ и преку цела ноќ се упатија кон манастирот Св Наум да се поклонат пред моштите на светецот. Празничната вечерна богослужба по повод празникот „Св. Наум Охридски“, започна синоќа во 19.00, а со неа чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.Света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј има и утрово со почеток во 08:45.Преподобниот Наум Охридски – Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиопт период и се празнува на 5 јануари/23 декември, а другиот во летниот период на 3 јули/20 јуни. Поради тоа што во зимскиот период одењето на манастир било отежнато поради временските услови, а и поради тоа што празникот е непосредно пред големиот празник Рождество Христово – Божик кога верниците се подготвуваат да го празнуваат Рождеството Христово со одлука на Светиот синод е решено празнувањето да се префрли на овој термин.Ако свети Климент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други корисни работи, свети Наум остана запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од разни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и народност. Но свети Наум остана запаметен и по заштитата на манастирот, по наградувањето на оние што со добра мисла доаѓале во кругот на манастирот и казнувањето на оние што иделе со намера да направат некоја штета, да го испоганат објектот или да го навредат светителот. Култот на свети Наум зрачел на поширок простор не само во охридскиот крај, туку и во преспанскиот, па дури до Корча, каде што манастирот имал свои имоти. Но култот кон свети Наум бил раширен и во Унгарија и Романија каде што имало иселеници од овие краишта.За животот и дејноста на свети Наум Охридски малку се знае, иако со свети Климент Охридски се најпознатите и најзначајни ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Се знае дека учествувал во Моравската мисија, дека во Рим, кон крајот на 867 или почетокот на 868, бил посветен во духовен сан и дека по смртта на Методиј во 885 година преку Бугарија дошол во Македонија. На брегот на Охридското Езеро изградил манастир што го носи неговото име. Умрел во 910 година и наскоро по смртта бил прогласен за светец. Неговите ученици за него напишале житија и служба.

Македонија | пред 6 години

vmro-1

ВМРО ДПМНЕ: Во една нормална држава, човек кој договарал тендери, кој навредил граѓани и кој упатил навреда кон држава пријател, ќе беше експресно сменет

Со Република Македонија раководи криминална банда на чело со аболицираниот криминалец Зоран Заев. Од ден во ден се зголемува бројот на корупциски скандали во кои се вмешани високи претставници на оваа криминална влада, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Буџетот на Република Македонија, народните пари служат за исплата на криминални тендери и грантови, за партиски и непотистички вработувања.Државните и национални интереси претставуваат монета за поткусурување, начин на кои Зоран Заев ќе остане на власт и ќе ги исплаќа концесиите кон своите доверители.По кој знае кој пат се покажа дека функционерите на оваа криминална влада не работат во интерес на граѓаните, туку за свое лично богатење и остварување на теснопартиски интереси на штета на граѓаните.Во една нормална држава, човек кој договарал тендери, висок владин претставник кој навредил голем број граѓани на државата која ја претставува, и кој упатил класична навреда кон држава пријател, ќе беше експресно сменет.Само во Македонија на Зоран Заев, Драги Рашковски и натаму може да остане недопирлив. Само во држава со која владее криминална влада овој човек може се уште да биде висок државен функционер.Неговата недопирливост, овозможена од Рускоска обвинителство и Кацарска судството му дава за право уште и да се заканува на новинари.Кочо Анѓушев работи само за себе и за своите бизниси. Меѓународната еколошка организација Бенквоч го посочи Анѓушев дека влијаел во донесување на закони со цел да може да гради мали хидроцентрали.Криминалната банда на власт ќе одговара за стореното. Секој еден кој се огрешил пред законот ќе одговара за своите поставки, но ќе одговараат и оние кои сега го аминуваат криминалот на власта. Во Македонија ќе се врати правдата, ќе се врати денот кога Зоран Заев и неговите пајташи ќе заминат во политичка пензија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

gdu

ГДУ: Зошто Рашковски се извинуваше до небо, а не се повлече од функцијата?

Оставка од генералниот секретар нема, одговор на новинарските прашања нема, само закани со тужби против новинари и медиуми. Зошто Рашковски се извинуваше до небо, а не се повлече од функцијата?Прашањата кои ги поставува јавноста за скандалот со тендерот во М НАВ останаа без одговор. Со заканите со тужби Рашковски прави директен притисок врз медиумите. Актуелната власт кога беше опозиција жестоко го критикуваше притисокот врз медиумите и заканите уаптени кон новинарите, а денеска го гледаме Рашковски како од позиција на моќ го прави истото, се вели во соопштението од ГДУ.Дали  се точни наводите за нелегални активности врзани за тендер на италијанската фирма „Леонардо“ за опрема за модернизација на М НАВ Рашковски нека докажува пред надлежните институции. Но Рашковски се поврзува со скандалозен тендер и дури и италијанските медиуми пишуваат за тоа. Затоа сметаме дека од етички причини Рашковски требаше да си поднесе оставка. Една Влада чиј генерален секретар се поврзува со местење на тендери и кој навредува нации и држави, со кој образ ќе оди и бара датум за почеток на преговори? Притоа ова не е единствениот скандал со кој се поврзува Рашковски. Неговото име го следат бројни скандали за непотизам, злоупотреба на моќ, криење на документи од јавен интерес.Зошто премиерот Зоран Заев молчи? Ве повикуваме да се одважите и да излезете во јавноста со став за скандалите кои го следат вашиот човек од доверба. Дали Рашкоски ќе остане на позицијата генерален секретар на Владата? Дали е етички Рашковски да остане на функцијата после се, се вели во соопштението од ГДУ.

Македонија | пред 6 години

straza-111

МВР: Времениот сообраќаен режим за тешките товарни возила кон Охрид ќе трае до 1 септември

Со цел одбегнување на застој во сообраќајот односно овозможување на побрз проток на возила на магистралниот пат А2 делница : Скопје-Охрид-Скопје од 01.07 до 01.09.2019 се воведува привремен сообраќаен режим за време на летниот период со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, информираат од МВР.Временските интервали кога важи забраната се следниве:петок : 15:00 – 22:00 часот, сабота : 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и недела : 07:00 – 22:00 часот.

Македонија | пред 6 години

toplo-vreme-768x556

Денеска сончево и многу топло со температура до 39 степени

Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. УВ=9 Температурата денеска ќе се дужи од 13 минималаната до 39 максималната температура.За утре метеоролозите најавуваат претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи. УВ=8. Максималната температура утре на места до 38 степени.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_4

Во експлозија на цистерна загинаа околу 50 лица

Во нигиерската држава Бенуе во експлозија на цистерна загинаа најмалку  50 лицаПортпаролот на Владата изјавил дека цистерната која била со гориво се превртела, а потоа луѓето почнале да го собираат остатокот при што избувнал пожар

Свет | пред 6 години

10-secrets-eye-doctor-eyeglasses

Пушењето предизвикува слепило

Истражувањата на Здружението офталмолози на Велика Британија вели дека многу мал број од пушачите знаат дека пушењето може да доведе до слепилоПушачите имаат поголем ризик за оштетување на видот отколку непушачите.Чадот од цигарите содржи токсини и хемикалии кои ги иритираат очите.Метали како олово и бакар се наталожуваат во леќата и предизвикува катаракт .Големи се шансите пушачите да развијат дегенерација, губење на способноста за читање и на гледање ситни детали.

Магазин | пред 6 години

tutun-ljuboten

Еден осомничен за избегнување да плати акциза за тутун

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Избегнување на плаќање акциза од чл.279-б ст.1 од Кривичниот законик.Осомничениот 20-годишен жител на Љуботен, со намера да избегне целосно плаќање на акцизата на која е обврзан со Законот за акцизи, на 01.07.2019 година од непознато лице набавил акцизни тутунски добра без контролни маркици. Со намера да го продава тутунот на зелениот пазар Бит Пазар, го натоварил во патничко моторно возило Фолксваген голф. При обидот да го превезе тутунот, осомничениот бил сопрен од  страна на полициски службеници. При контрола на возилото биле пронајдени 100 кутии од по 600 грама тутун со натпис на кутиите “GREECE SUPER KAMELIA VIRGINIA” и 100 кутии од по 600 грама тутун со натпис на кутиите “GREECE TOBACCO VIRGINIA” или вкупно 120 килограми фино сецкан тутун. За овие тутунски добра осомничениот избегнал и не платил акциза во вкупен износ од 162.000 денари.Заради обезбедување на осомничениот во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница. 

пред 6 години

880x495_cmsv2_849a7058-da30-58e6-a247-39a9c5f5af2a-3864996

Проблем со основниот радар на аеродромот при слетувањето на Папата

Со самата посета на Папата Франциск во Македонија се функционираше по договореното и немало место за било какви промениСе било во ред освен основниот радар на аеродромот кој служи за полетување и слетување на авионите.Радарот не функционирал во месец мај и април бил заменуван со полуисправен радар.Прочитајте повеќе: telma.com.mk 

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е симбол за лажни вести и злоупотреби на институциите, затоа е против процесот на ветинг во МВР

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на лажните вести треба да се извини за лагите што секојдневно ги шири.Опозициската партија вчера бесрамно лажеше дека бројот на тужби на вработени кон МВР по разни основи изнесува 3500, додека во реалноста бројката е далеку помала.Во скапоцениот дворец немаат никаков кредибилитет да зборуваат за професионални институции, ВМРО-ДПМНЕ е заробена во матрицата на злоупотреби и притисоци кон институциите и затоа оваа партија е против процесот на ветинг во полицијата, против професионализација на институциите.Наместо по навика да лажат, ВМРО-ДПМНЕ треба да се помират дека довербата во МВР се зголемува, а полицијата функционира како вистински пријател и заштитник на граѓаните, с евели во соопштението од СДСМ.  

Македонија | пред 6 години

ivanka-za-raskovski

Василевска: Господине Рашковски многу сте јасен во снимката која ја слушнавме во медиумите кога велите : Leonardo will win

Тенко, многу тенко. Денес видовме како изгледа човек кој лаже, кој не ја говори вистината.Како изгледа човек кој дополнително заглибува во сопствената кал. А нема одговори за авантата од 7 милиони евра. Рашковски не одговори на прашањето што значи „Leonardo will win“, како што даде одговор на „Latter of award“ . Господине Рашковски многу сте јасен во снимката која ја слушнавме во медиумите кога велите : Leonardo will win. Господине Рашковски, ова индицира дека апла местите кој треба да го добие тендерот, истакна Иванка Василевска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Денес е јасно дека Драги Рашковски преговарал во својство на лице задолжено од премиерот Зоран Заев. Денес се дозна нарачката дека зад скандалозниот тендер стои лично Зоран Заев.Имаше и признание дека Чепуновски не потпишал незаконски тендер за кој постои сомневање за криминал. Туку тоа го направиле лица од актуелната власт. Договорот е склучен на 14.12.2018 година, кога премиер е Зоран Заев, а Драги Рашковски е Генерален секретар на Владата на Република Македонија.Рашковски не одговори на следново:Кога ќе си дадете оставка?Како главен преговорач со М-НАВ ќе преземете ли одговорност за инцидентот кога два лета од интернационални лета минатиот септември ќе направиле судар над македонското небо?Како е можно да биде доделен тендер на компанија со истечена тендерска документација? Го повлековте ли господине Рашковски заклучокот на владата за кој претседателот на М-НАВ ви укажува дека е спорен?Кои закони и подзаконски акти Сугарески и неговиот шеф на кабинет ги испратиле во Собранието за изменување и што се требаше да се смени за да можете да го доделите тендерот на фирмата која ја посакувате?Зошто го криете од компаниите учеснички на тендерот наодот на Бирото за судски вештачења?Денеска уште еднаш Рашковски ја покажа и ја докажа поврзаноста помеѓу СДСМ и Јавното обвинителство. Рашковски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема поднесено кривична пријава во обвинителството, па се прашувам како Рашковски ги има информации, што ВМРО-ДПМНЕ има или ги нема поднесено?Дали господине Рашковски Јавното обвинителство ви реферира вам и на вашиот шеф, Зоран Заев?Господине Рашковски наместо да се расправате со новинари по прес конференции од позиција на моќ, треба веднаш да си поднесете неотповиклива оставка, како знак на морална одговорност.Дополнително очекуваме од Јавното обвинителство да побара притвор за вас, како би се отклониле сите опасности од ваше неприсуство пред органите на прогонот.И за крај лично обраќање до мојот колегата Драги Рашковски. Колега вашето лично обраќање до мене, како ваша колешка од Правен факултет, е неиздржано бидејќи вие од мене барате да ви се извинам јавно за да не ме тужите. Колега вие можете слободно да ме тужите. Јас не се плашам од вашите закани. Во Македонија според Уставот важи пресумпцијата на невиност, не се плашете да докажете што и како сте правеле вршејќи јавна функција пред надлежните истражни органи. Мојата цел е да се избориме за правна држава, а главниот постулат на моето политичко дејствување не е желбата за пари и власт, туку за спроведување на економска лустрација со која ќе добиеме колега конечно шанса да побараме прием во европското семејство, истакна Иванка Василевска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Во стан во Скопје пронајден починат 38 годишен маж, телото е предадено на обдукција

На 01.07.2019 година во 18.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на бул.„АВНОЈ“ во Скопје пронајден е починат Н.Ѓ.(38). Од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Аеродром. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Жена прободела Гостиварец во кафеана - Завршил на Ургентен

На 02.07.2019 година околу 06.05 часот во Полициската станица Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен Ш.Ј.(42). По преземени мерки било констатирано дека тој бил повреден од страна на Р.Н. во угостителски објект во село Неготино, гостиварско. Р.Н. била приведена и задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 6 години

tepacka-4

Нападнати вработени пред угостителскиот објект каде работеле

На 01.07.2019 година во 21.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден околу 21.20 часот пред угостителски објект на улица „Перо Наков“, В.М.(47) и И.Т.(36) двајцата од Скопје, вработени во објектот, биле физички нападнати од непознато лице. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

tepacka-222

Скопјани физички се пресметувале на булевар „Кочо Рацин“

На 01.07.2019 година во 21.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Кочо Рацин“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(18), Ф.О.(53) и С.С.(31), сите од Скопје. Сочинети записници за констатиран прекршок по член 11 Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 6 години

voz-soobrakajka

Судар помеѓу воз и патничко возило, повредени нема, но причинета е голема материјална штета

На 01.07.2019 година во 19.10 часот било пријавено дека помеѓу железничката станица Маџари и железничката станица Илинден се случила железничка незгода помеѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Табановце, управуван од В.Б.(35) од Скопје и патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.Б.(41) од Скопје. Во незгодата била причинета материјална штета, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

seca

Пронајдени исечени букови огревни дрва, сторителот на ова дело не успеал да си ги земи

На 01.07.2019 година во 16.00 часот во Полициската станица Гостивар, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Шар – Гостивар, пријавил дека во село Падалиште, гостиварско, пронашол исечени букови огревни дрва. Според пријавеното, дрвата биле исечени од непознато лице и оставени покрај патот. Пронајдените огревни дрва се одземени. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

kompjuter

Скопјанец преку е- маил влегол во компјутерски систем и избришал целата подготовка за печатење на две списанија

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против А.К.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во ноември 2018 година, преку е- маил на правен субјект-печатница, пријавениот навлегол во компјутерскиот систем и го избришал графичкиот дизајн и целата подготовка за печатење на изданија на две списанија, при што го оневозможил користењето на електронските податоците за списанијата. Со наведените дејствија, пријавениот причинил материјална штета на правниот субјект во износ од 336.000 денари.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Д.Б.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и навлегување во компјутерски систем“. На 19.06.2019 година во Неготино, во просторија од приватна фирма, пријавениот одзел паричници на две вработени, во кои имало парични средства и електронски картици. Истиот ден ги употребил електронските картици и направил 13 трансакции, со што се стекнал со противправна имотна корист.  

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања