Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

stop-policija

СВР Битола „ловеше“ несовесни возачи

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 01 јули извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, биле контролирани 395 возачи, од кои пет возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле шест возила, брзината ја надминале двајца возачи и на мобилен разговарале четири возачи.

Македонија | пред 6 години

sobranie

Ќе расправа ли комитетот за предлог измените на Законот за празници?

Членови на Комитетот за односи меѓу заедниците бараат Комитетот да расправа за предлог измените на Законот за празници откако Владата доставила негативно мислење за измени на тој закон. Пратеникот Рубин Земон денеска писмено побарал од претседателот на Собранието, Талат Џафери парламентот да не расправа за таа точка иако законот е ставен на дневен ред на пленарната седница закажана за 9 јули.Инаку Плусинфо неодамна објави дека ќе се воведат десет нови празници за заедниците кои во Преамбулата на Уставот се наведени како „други“. Свој ден за славење ќе добијат Словенците, Унгарците, Полјаците, Балканските Еѓипќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија.Засега е неизвесно дали претседателот на Комитетот ќе свика седница и дали Џафери ќе ја одложи расправата за законот додека за него не се изјасни Комитетот.Текстот во целост на: plusinfo.mk

Македонија | пред 6 години

izgre-avtomobil

ВИДЕО: Изгоре автомобил кај скопска обиколница

На скопската обиколница на клучката кај Радишани изгоре автомобил.Како што објави 1ТВ, целосно е опожарено патничко возило фиат, а пожарникарите немале можност навремено да интервенираат.Не се знае дали има жртви.

Скопје | пред 6 години

Fevuarski-pohod-rekonstrukcija-2

Се реконструира улицата Февруарски поход

Градот Скопје ја започна реконструкцијата на коловозот на улицата Февруарски поход во скопската Општина Аеродром. Увид во градежните работи на оваа делница денеска изврши градоначалникот Петре Шилегов.-Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на главните сообраќајници насекаде низ нашиот град. Денеска ја почнавме реконструкцијата на оваа фреквентна и оштетена улица Февруарски поход во населбата Ново Лисиче. Реконструкцијата на коловозот ќе се изведува во должина од 720 метри, а предвидено е да се заврши, како што стана традиција, за рекордно кратко време, во рок од 20 дена - рече Шилегов.Тој додаде дека императив на Градот е да се обезбедат безбедни сообраќајници за сите учесници во сообраќајот, без создавање сообраќаен метеж.-За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 7,49 милиони денари- кажа Шилегов.Градоначалникот Шилегов, повторно ги замоли граѓаните, за разбирање додека траат градежните активности. Исто така, тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.

Скопје | пред 6 години

mile-janakieski

Јанакиески штрајкува со глад во „Шутка“

Миле Јанакиески од саботата штрајкува со глад. Информацијата за ТВ24 ја потврди неговиот адвокат, Еленко Миланов.  Како што се наведува Јанакиески отпочнал со штрајкот како знак на револт поради тоа што судот повторно го врати во притвор, а во истовреме за друг случај односно за 27-ми април веќе има мерка куќен притвор. За штрајкот со глад испратил и писмо до Кривичниот суд со кое бара да одлучат по закон и да дадат причини зошто за едното дело може да се смета дека ќе бега, за другото не.   

пред 6 години

Foto-1-1

Средба на претседателот Пендаровски со рускиот амбасадор Баздникин

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација и беа разгледани можностите за поинтензивни контакти на сите полиња од заеднички интерес.Заеднички беше констатирана потребата од унапредување на економските односи меѓу двете држави со оглед на фактот дека Руската Федерација е значаен економски и трговски партнер на Република Северна Македонија.На средбата беа споделени информации за актуелните случувања во двете држави и регионот.На овие земјоделци треба да им се помогне , оставени се сами на себе , ова е повеќе од алармантно со оглед дека се неспособни, некадарни и незаинтересирани за македонското земјоделство време е да си поднесат оставки. Време е институциите и Владата да остават на луѓе коишто сакаат , знаат и можат да се грижат за македонскиот земјоделец. Ако ова продолжи ситуацијата ќе биде повеќе од катастрофална, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

orizvovi-polinja-vmro

Цветан Трипуновски: Оризовите полиња во општина Чешиново Облешево се суви нема вода во оризовите полиња

Денеска се наоѓам во општина Чешиново Облешево , овдека сум за да направам увид на фактичката состојба со проблемот со кој што се соочуваат македонските земјоделци поточно оризопроизводителите. Од она што може да го видам на лице место и во разговор со земјоделците е дека оризовите полиња се суви односно вода, доток на вода во оризовите полиња нема . Во моментот водата е најпотребна за раст и развој на оризовите полиња и дека оваа ситуација ќе значи драстично намалување на приносот и една катастрофална ситуација со оризопроизводството, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Ние како партија и јас неколку пати изминатиов период укажував на проблемите сол кои што се соочуваат македонските земјоделци во делот на водоснабдувањето. Потенциравме дека АД Водостопанство е со блокирана сметка , вработените немаат земено повеќе од два месеци плата а од денеска мислам дека немаат ни здравствено осигурување.Укажав дека раководството на АД Водостопанство со одобрение на Зоран Заев и ресорниот министер зима енормно високи плати на сметка на македонскиот земјоделец. Додека земјоделците молат и плачат за вода власта Зоран Заев и ресорниот министер се тотално глуви за нивните барања.Уживаат во нивните климатизирани канцеларии во скапите луксузни возила , прават скапи коктели уживаат се дружат додека македонскиот земјоделец моли и плаче за помош. Оваа ситуација е повеќе од алармантна . Повикуваме веднаш и сега да се излезе на терен состојбата со водоснабдувањето е алармантна , земјоделските култури не трпат ниту еден ден без вода а камоли неколку дена . Ова што се случува сега на терен е повеќе од очајна ситуација.Исто така од овој крај сакам да потенцирам дека Зоран Заев , Љупчо Николовски како тогашен министер и целата влада на земјоделците од Кочанскиот регион во предизборието им вети дополнителни 5 денари по килограм предадена оризова арпа денеска сме втори Јули од тие пари нема ниту траг ниту глас.Повеќе од очигледно е дека македонските земјоделци се на дното на ранг листата на Зоран Заев. Ветуваа живот , ветуваа субвенции повисоки, ветуваа загарантиран откуп и повисоки откупни цени од тоа денеска нема ништо. Да не ја заборавиме и зелената нафта , се фалеа дека во првите 100 дена од нивното владеење ќе ја донесат зелената нафта , поминаа повеќе од 700 дена владеење , од зелената нафта нема ни трага ни глас.Од ова место ги повикувам новиот министер , Зоран Заев и целата влада како што се сликаа во предизборието во 2016 да се појават овде помеѓу земјоделците , овде каде што се вади лебот на македонскиот граѓанин.

Македонија | пред 6 години

tepacka-1

9 годишно дете нападнато на спортско игралиште во охридското село Горно Лакочереј

На 01.07.2019 година, во СВР Охрид, Н.С.(34), пријави нарушување на јавниот ред и мир со физички напад извршен од В.Р. врз нејзиниот девет годишен син. Според пријавеното, физичкиот напад се случил на 30.06.2019 година околу 19 часот на спортско игралиште во охридското село Горно Лакочереј. По целосно расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Христијан лажни вести Мицкоски да им се извини на граѓаните за лагите што ги шири!

Христијан лажни вести Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да им се извини на граѓаните за лагите што тој и ВМРО-ДПМНЕ ги шират.Последна лага од кујната за лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ е сценариото за јавната набавка за М-Нав која денеска падна во вода. Мицкоски уште еднаш потврди дека освен одбрана на криминалот на неговиот ментор Никола Груевски и ширење лажни вести, не може да понуди ништо што е во интерес на граѓаните и државата.ВМРО-ДПМНЕ е симбол за лажни вести, измислици и невистини на штета на државата, граѓаните и нивните интереси, се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

raskoski

(ВИДЕО) Генералниот секретар Рашковски најави кривични пријави против повеќе лица и портали

Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата на прес-конференција ги објаснува деталите околу случајот во М-НАВ што произлезе по објавен разговор. Тој им се извини на сите држави и националности што се нашле повредени во објавениот разговор. Според него, е несериозно да се објават само 15-тина минути од разговорот кој што траел околу еден час.Рашковски објави дека утре ќе поднесе кривична пријава против т.н. „свиркач“ од Македонска навигација, Климент Чепуњовски, и го потсети дека му се заканува затворска казна, бидејќи договорот со италијански „Леонардо“ за АТМ систем е потпишан во согласност од Живко Поповски, тогашниот претседател на УО на М-НАВ, инаку татко на министерот за надворешни работи Никола Поповски. Најави и пријави за Ваљон Беља, Ирена Радовановиќ, Миленко Неделковски и Љупчо Златев, новинарите кои ја пренесоа веста со објавениот разговор и транскрипт, според кој опозицијата тврдеше дека Рашковски влијаел „Леонардо“ да го добие тендерот иако нудел повисока цена.„Потпишан е на 14 декември од страна на Живко Поповски, претседателот на Управниот одбор. Тој ја донесе одлуката. Значи минатата власт од нивен член, а не од Драги Рашковски“, вели владиниот генерален секретар.Рашковски додаде дека во верзијата на аудио-разговорот има тотално елементарно непознавање на процедурите на Европската банка за обнова и развој и дека на 28 ноември 2018 кога требало да биде постигнат договорот со „Леонардо“, Климент Чепуњовски не сакал да го потпише договорот.„За моето присуство на ваков состанок, жално е да не се знаат ингеренциите на генералниот секретар. Многу желно да не се знае кога некој ќе добие задолженија од Влада. Многу е жално што после 11 години слушнавме со што се занимавал нивниот генерален секретар (Кирил Божиновски). Тој се занимавал со други документчиња, а не со владини активности. Пет и пол години имаа непотрошени пари од ЕБОР. Треба да се испита зошто е тоа така. М-НАВ изборот го направил во јуни 2017 и избран е „Леонардо“. Од ЕБОР на 31 јули 2017 кој е давател на заемот е испратено писмо дека се е во ред и дека треба да се пристапи кон договор со „Леонардо“. Сите пречки се отстранети, но писмото М-НАВ не го испраќа. Новата власт затекна четири години доцнење на оваа набавка“, рече генералниот секретар на Владата.https://www.facebook.com/VladaMK/videos/321013682179583/

Македонија | пред 6 години

orce-za-veting

Орце Ѓорѓиевски преку 5 прашања посочи од каде да почне ветингот на Спасовски

Се што СДСМ прави е една обична лага и измама. Проблемот е што цената на нивните измами ја плаќаме ние граѓаните, а Република Македонија е блокирана во отпочнувањето преговори со Европската Унија. Последната измама е процесот на ветинг кој што го најавуваше Оливер Спасовски. Има ли поголема иронија кога вака сериозен процес се најавува на прес конференција со професор чија сопруга е неодамна вработена. Еве за почеток на ветингот Оливер Спасовски нека каже кога, каде и по кои услови е вработена сопругата на Никола Дујовски? Дали е точно дека таа е вработена пред неколку месеци во МВР како што пишуваа медиумите за тоа? Доколку е така, дали реално може да се очекува објективен став и критика за катастрофалното работење на Спасовски, истакна Орце Ѓорѓиевски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Ветингот на Спасовски има само една цел. Пресметка со професионалците и оние кои не се под партиска и политичка контрола на Спасовски а истовремено и отварање на простор за лична заработка на неговите соработници и послушници.Еве еден предлог од каде да почне ветингот.прашање број 1. Дали Никица Петрушевски од Куманово е вработен во МВР во Октомври 2018 како советник за комуникации во кабинетот на Оливер Спасовски?прашање број 2. Дали Никица Петрушевски е син на Добрин Петрушевски, финансиер на СДСМ во Куманово и сопственик на Пин Петрол?прашање број 3. Дали МВР пред еден месец издало одобрение на Пин Петрол за станица за технички преглед по што фирмата на неговиот татко ја проширува дејноста?Прашање број 4. Дали имал влијание и какво влијание имал советникот на Спасовски при носењето на одлуката ?И конечно прашање број 5. Доколку Спасовски е загрижен за интегритетот на полициските службеници и нивното богатење во службата да одговори за колку ќе го зголеми семејното богатство неговиот советник откако е вработен во МВР до денес?Спасовски го претвара МВР во филијала на СДСМ со една единствена цел, лично богатење. Еве класичен пример за судир на интереси. Неговиот советник за комуникација на социјалните мрежи е позаинтересиран за огласи за вработување во приватната фирма отколку за безбедноста на граѓаните и борбата со криминалот за кои што и зема пари од граѓаните на Република Македонија.Време е да се вклучи и антикорупциската комисија и да преземе мерки за да го санкционира конфликтот на интереси, истакна Орце Ѓорѓиевски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

gjorcev-1

Ѓорчев: Фијаско на владата на Заев, 2018 година има најлош наталитет и демографија во историјата

За време на оваа влада Зоран Заев и Мила Царовска 2108 година, минатата година е година со убедливо најлош, најкатастрофален наталитет и демографија во историјата на Македонија. Никогаш, никогаш во историјата на Македонија немало помалку бебиња, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Во 2018 година одени се 21. 333 бебиња тоа е најлош резултат откако има статистика и демографија во Македонија наназад 70 години. Ако направите споредба на 2016 година последната година ан владата на ВМРО-ДПМНЕ со минатата 2108 година ќе дојдете до податокот дека бројот на бебиња, на живородени деца во Македонија е намален 23.002 бебиња на 21.333.Уште еднаш бројот на живородени бебиња, бројот на бебиња за време на оваа влада на Зоран Заев и Мила Царовска е намален од 2106 година од 23.002 бебиња на 21.333. Тоа е фрапантен пад, рецесија од 7,3 проценти.Внимавајте, кога во економијата би имало рецесија од 7,3 проценти сите ѕвона на тревога би биле вклучени, а ова, ова е доказ, ова е врвен доказ дека во Македонија не дојде живот, дека она што демагошки Заев и превенцијата на СДСМ велеа за живот во Македонија, стана парола за живот во Шведска, за живот во Германија, Канада, секаде низ белиот свет.Ова е пораз и фијаско на политиките на Зоран Заев и Мила Царовска кој што го укинаа надоместокот за трето дете, кој што водат антисемејни политики, кој што на крајот на краиштата придонесуваат преку иселувањето и економската катастрофа да имаме невидена катастрофа во Македонија и егзодус каков што немало 200 години наназад.Ете тоа е она кое што сакаме да го порачаме од оваа прес конференција. Навистина бројките се фрапантни и загрижувачки и тоа го гледаме исто така почитувани присутни и со падот на бројот на учениците во уписите.Гледате дека деновиве имаме уписи во прво одделение, имаме упис во гимназиите, имаме уписи на Универзитетите и секаде бројките паѓаат затоа што имаме масовно иселување и егзодус во Македонија. Тоа е директен доказ дека едноставно Македонија имплудира, Македонија исчезнува, Македонија се сели и Македонија умира со ваквите политики на Зоран Заев и неговите 28 министри, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

tomislav-kezaroski

Судењето за „Ликвидација“ одложено за 3 септември

Поради остсутво на еден член на поротата, повтореното судење за предметот „Ликвидација“ е одложено за 3 септември.Судијата Осман Шабани рече дека рочиштето во кое обвинетите беа осудени за прекршување на законот за кривична постапка и на законот за заштитен сведок во случајот за убиство на старецот од Ореше, се одлага поради здравствени проблеми на еден поротник.Новинарот Томислав Кежаровски кој беше обвинет во предметот, рече дека од судењето очекува правилност и правичност и дека се надева дека ќе ја извојува победата. Неговиот адвокатот Филип Медарски рече дека делото за Кежаровски е застарено и очекува обвинителството да реагира на тоа.Во 2013 година обвинетиот Валентин Зафиров доби казна од пет и пол години за неовластено оддавање информации и податоци за сведоците и противправно посредување, како и новинарот Томислав Кежаровски – четири и пол години затвор, бидејќи според пресудата тој во 2008-тата година во два последователни броеви на ревијата „Репортер 92“ го оддал идентитетот на заштитениот сведок во предметот „Ореше“. Сабедин Џини-Хофман, Сашко Лазаров и Јане Павловски „Тица“, добија казни затвор од една до една и пол година.Во 2015 година по одлуката на Апелација по жалба Кежаровски доби две години затворска казна,  адвокатот Воислав Зафиров , кој беше осуден на пет и пол доби 2 и пол години затвор, судијата во случајот „Ореше“ ,  Илија  Танев му е намалена казната на година и пол, на јавниот обвинител Ивица Ефремов на 3 години , а поранешните судии Борис Николовски и Сашо Лазаровски добија условни казни од една година доколку не го повторат делото во наредните три години.  

пред 6 години

latas

СЈО: Латас бил свесен за кривичното дело, градел куќи во Зелениково без одобренија

Oбвинетите Драган, Срѓан и Звездан Павловиќ ги извршиле кривичните дела за кои се обвинуваат со умисла, бидејќи биле свесни дека ги градат куќите во Зелениково без одобренија за градење, но сепак продолжиле со градење на истите, рече обвинителката Елизабета Јосифовска на денешните завршни зборови за случајот „Тревник“.„Свесно, во барањата за одобренија за градење кои ги поднеле до општина Зелениково на 12.12.2012 година го прикриле фактот дека куќите, за кои барале одобренија за градење, се веќе изградени. Формално правно добиле одобренија за градење на нови објекти, според кои требало да започнат со градба на објектите во рок од две години по правосилноста на издадените одобренија за градење. Според изведените докази, во времето на издавањето на овие одобренија, 24.01.2013 година, куќите биле веќе изградени“, рече Јосифовска.Одбраната во текот на постапката повеќе пати потенцираше дека во државата постојат голем број бесправно изградени објекти за кои не се поведени кривични постапки. На ова обвинителката изјави дека во никој случај тоа не може да биде основ за неказнување на обвинетите во овој случај ниту пак да биде оправдување за нивното постапување.Драган Павловиќ Латас, Срѓан Павловиќ и Звездан Павловиќ, се обвинети за бесправно градење. Според обвинението на Специјалното јавно обвинителство, обвинетиот Латас со правното лице Диз Оил Групација Скопје, како изведувач, во текот на месеците мај и јуни 2011 година склучил три договори за изведување на градежно занатски работи на објект во Зелениково.  

пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ избра претседатели на повеќе комисии, еве кои членови се избрани...

На вчерашната редовна седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени неколку кадровски решенија. По одлука на ИК, а по предлог на комисиите за селекција на претседатели и кандидати избрани се членови и претседатели на повеќе комисии.За претседател на комисија за надворешни работи е избрана доц. д-р. Христина Рунчева Тасев, доцент на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, доктор на правни науки, насока Уставно право. Рунчева Тасев има објавено 30- тина трудови во домашни и странски списанија од областа на правото и политичкиот систем. Рунчева Тасев говори англиски и германски јазик.За претседател на комисијата за здравство е избран доц. д-р. Синиша Стојаноски, доцент на Медицински факултет - Скопје, насока патофизиологија и нуклеарна медицина. Стојаноски во минатото бил и претседател на здравствена комисија на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, како и претседател на комитетот.За претседател на комисијата за култура е избран Зоран Љутков, вработен во Драмски театар - Скопје. Љутков глуми во повеќе театарски претстави, а учествува и во телевизискиот серијал „Петко“. Љутков е и Селектор за драмската програма на Меѓународниот Фестивал „Охридско лето“.За претседател на комисијата за локална самоуправа е избран Марјан Ристески, дипломиран економист, поранешен градоначалник на општина Прилеп во период од 2005 година до 2017 година. Ристески е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1993 година, бил претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, член на ЦК и ИК на ВМРО-ДПМНЕ во минатото.За претседател на комисијата за спорт е избран доц. д-р. Влатко Неделковски, доцент на Факултетот за физичко образование спорт и здравје.Неделковски бил тренер на многу ракометни клубови во Скопје, предавач на центар за едукација на ракометни тренери на РФМ, како и спортски директор во Академија Пандев Струмица 2017/2018.Покрај претседателите, се избрани и членови на истоимените комисии. ИК на ВМРО-ДПМНЕ дискутираше и за моменталната економско-политичка ситуација во државата. Нотирано е дека власта врши политички реваншизам и ги злоупотребува институциите. Најстрого е осудено апсењето и притворање на Димовски, Митески и другите гонети во политичкиот процес од страна на власта, кој има за цел дефокусирање на јавноста од реалните проблеми.Беше констатирана и лошата економска ситуација во државата и стагнацијата која ни се случува на секое поле. ИК на ВМРО-ДПМНЕ нотира дека државата нема просперитет со СДСМ на власт и потребно е нивно итно заминување.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

„Фејсбук“ евакуираше четири згради поради сомнителна пратка

Четири згради на „Фејсбук“ беа евакуирани поради сомнение дека нивни колеги биле изложени на нервен гас. Нервниот гас сарин бил спакуван во поштенска пратка адресирана до седиштето на Сликонската долина.Џон Џонсон, претставник на противпожарната служба на калифорнискиот град Менло Парк, изјави дека вработените кои биле изложени на сомнителниот пакет, засега не покажуваат никакви симптоми.Според него, компанијата секојдневно ја тестира секоја пошта заради можно присуство на несакани материи, а откако е откриено дека една пратка е сомнителна, стандардна процедура била прекината.Портпаролот на компанијата Ентони Харисон рече дека по откривањето на сомнителната пратка, четири згради на „Фејсбук“ биле евакуирани и дека полицијата во моментов води истрага.Засега, како што рече тој, три од четирите евакуирани згради биле темелно истражени и дадено е зелено светло вработените да се вратат во нив.Долготрајната изложеност на моќниот боен отров сарин, кој исто така се користи како хемиско оружје, може да биде фатална. 

Свет | пред 6 години

internet

По брзината на интернет државава е на 78 место во светот

Државава според брзината на интернет е рангирана на 78 место во светот од страна на специјализираниот британски сајт за споредба на телекомуникациски услуги Cable.co.uk. Просечната брзина на интернет во државава изнесува 7,97 мегабити во секунда (Mbps), а за преземање 5 GB филм се потребни 1 час 25 минути и 38 секунди. Лани бевме на 68. позиција со просечна брзина на интернет од 8,82 мегабити во секунда.Од државите во регионот Словенија е на 27 место, Србија е 44-та, Хрватска на 49, Бугарија на 50, Грција на 57, Косово на 60. позиција…  Најбрз интернет во светот има во Тајван, по што следат Сингапур, Шведска, Данска, Јапонија… На дното на листата, на 208. позиција, е Јемен.Од топ 50-те држави со најбрз интернет, 37 се во Европа.Просечната глобална брзина на широкопојасен интернет, измерена во мај лани до мај годинава изнесува 11,03 Mbps, што претставува раст за 20,65 проценти во однос на мерењата за претходната година. – Со просечната брзина преземање  HD филм со големина од 5GB во Тајван би требало да трае осум минути и две секунди, а над 30 часа во Јемен, покажува истражувањето на Cable.co.uk. 

Македонија | пред 6 години

severna-mitrovica-prodavnica

(ВИДЕО) Продавниците во Северна Митровица остануваат под клуч

Продавници, дуќани и трафики со стока за широка потрошувачка на северот на Косово се затворени во знак на протест поради трговската блокада и царината од 100 отсто кои Приштина ги воведе на стоката од Србија.Граѓаните во последните денови правеа залихи, а претседателот на здружението на претприемачи на северот на Косово, Радош Петровиќ, кажа за РТС дека оваа мерка ќе биде на сила сѐ додека Приштина не ги укине царините.„Предупредувавме дека не можеме да работиме вака со царините и еве што се случува. Додека се на сила царините, додека не можеме нормално да набавуваме стока и да работиме како нормалниот свет, ова ќе трае“, кажа Петровиќ за РТС.Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека на северот на Косово нема хуманитарна криза, туку дека тоа е ,,импровизација на Србија за да ги претстави Србите од северот на Косово како жртви”.

Свет | пред 6 години

sveti-naum-64178

Денеска и утре сите патишта водат кон Св. Наум

Според календарот на МПЦ, утре е Преподобен Наум Охридски Чудотворец. Дебарско–кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 2 јули, вторник, во манастирот „Свети Наум Охридски“, со почеток 19.00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св. Наум Охридски“.На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.Света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј ќе се одржи и на 3 јули, среда, со почеток во 08:45.По повод верскиот празник Св.Наум Охридски – Чудотворец, во вторник, 2-ри јули, бродовите Александрија 1 и 2 ќе пловат до манастирот „Св.Наум“ по симболична цена од 300 денари за повратен билет.Преподобниот Наум Охридски – Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиопт период и се празнува на 5 јануари/23 декември, а другиот во летниот период на 3 јули/20 јуни. Поради тоа што во зимскиот период одењето на манастир било отежнато поради временските услови, а и поради тоа што празникот е непосредно пред големиот празник Рождество Христово – Божик кога верниците се подготвуваат да го празнуваат Рождеството Христово со одлука на Светиот синод е решено празнувањето да се префрли на овој термин.Ако свети Климент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други корисни работи, свети Наум остана запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од разни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и народност. Но свети Наум остана запаметен и по заштитата на манастирот, по наградувањето на оние што со добра мисла доаѓале во кругот на манастирот и казнувањето на оние што иделе со намера да направат некоја штета, да го испоганат објектот или да го навредат светителот. Култот на свети Наум зрачел на поширок простор не само во охридскиот крај, туку и во преспанскиот, па дури до Корча, каде што манастирот имал свои имоти. Но култот кон свети Наум бил раширен и во Унгарија и Романија каде што имало иселеници од овие краишта.За животот и дејноста на свети Наум Охридски малку се знае, иако со свети Климент Охридски се најпознатите и најзначајни ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Се знае дека учествувал во Моравската мисија, дека во Рим, кон крајот на 867 или почетокот на 868, бил посветен во духовен сан и дека по смртта на Методиј во 885 година преку Бугарија дошол во Македонија. На брегот на Охридското Езеро изградил манастир што го носи неговото име. Умрел во 910 година и наскоро по смртта бил прогласен за светец. Неговите ученици за него напишале житија и служба.

Македонија | пред 6 години

policaec-1

(УЖАС) Српски полицаец со месеци обљубувал 13-годишно девојче, другарка на неговиот син

Полицаецот В.Ж. од Србија бил уапсен и одреден му е притвор до 30 дена поради сомнение дека обљубил 13-годишно девојче, другарче на неговиот син. Полицаецот од март годинава, па се до моментот на апсење го намамувал девојчето, користејќи ја нејзината незрелост, а потоа сексуално ја искористувал.,,Станува збор за маж на околу 40 години, кој и самиот е родител на три малолетни деца, од кои и син на 13 години, соученик со силуваното девојче. “ , се наведува во полициското соопштение.Токму пријателството со неговиот син, полицаецот го искористил за да се поврзе со неа преку Фејсбук, да ги научи нејзините семејни проблеми и да ја стекне неговата доверба .Девојчето на сослушување изјавило дека е вљубено во обвинетиот со кој е во емотивна врска веќе неколку месеци, како и дека доброволно стапила во сексуални односи со него.Полицаецот истакнал дека во последните неколку месеци се гледал со девојчето во околина на Мионица.-Девојчето го возел во својот автомобил и го носел на скриени места, надвор од населението, а потоа со неа имал сексуални односи.Дека се случува нешто чудно забележала мајката на девојчето, која наводно ве нејзиниот телефон пронашла и пораки. Кога ја притиснала ќерка си таа признала дека е во врска со 42- годишниот полицаец од март- вели соговорник за Курир.рс.Уапсениот полицаец се брани со молчење.Доколу се докаже вина на суд, иако нема да се работи за силување, тој може да заработои казна затвор од 12 години поради обљуба над дете.фото: www.espreso.rs 

Свет | пред 6 години

darinos

Македонскиот учесник за победничката на Гранд: И одржав час по пеење

Дарко Коцевски-Даринос – еден од македонските финалисти во 13-тата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, по завршување на шоуто се огласи на Фејбук.Тој индиректно ја прозва Џејла и порача дека и одржал час по пеење, а публицитетот и квалитетот се две различни работи.- Едно големо благодарам до сите што гласаа за мене (3900) гласови, со оглед на тоа дека воопшто не се замарав со тоа кој ќе гласа за мене(не креирав штабови за гласање и слично) зашто веќе се знаеше победникот уште не самиот почеток на ова натпреварување за жал, а сите бевме свесни за тоа… На тој „победник“ јас лично му одржав час по пеење така да публицитет и квалитет се две различни работи, но неважно… Јас лично сум презадоволен од освоеното 10-то место, се надевам и вие кои што гласавте за мене од мојот настап вечерта. А тоа што се случува со мене понатака само Бог ќе одлучи, во суштина одлучува за сите нас без разлика колку ние луѓето форсираме некој за било што во животот… А мене ми преостанува да ви пеам на сите и да ја споделувам мојата емоција со вас драги мои. Како и да е, честитки за победникот, напиша тој.

Магазин | пред 6 години

Korica-Povtorno-roden

Oбјавен романот „Повторно роден“ од Маргарет Мацантини

Повторно роден е интернационален бестселер, убедлива слика на мајчинството, стравотната војна и загубата, но и на надежта и искупувањето.Џема, главниот лик во романот, прогонувана од сеќавањата на четиригодишната опсада на Сараево, неочекувано се качува на авион заедно со шеснаесетгодишниот син Пјетро до градот разорен од неодамнешната војна. Таа се надева дека Пјетро ќе дознае за градот на нејзиното детство и за Диего, таткото кого тој никогаш го нема запознаено. На аеродромот во Сараево ги пречекува Гојко, босански поет и стар пријател на Џема, со кого таа се запознала во 1984 година, во екот на Зимските олимписки игри, додека работела на својата теза за Иво Андриќ, и преку кого ја сретнала љубовта на својот живот – фотографот од Џенова што слика врапчиња. Штом ќе стигнат во Сараево, Џема останува зграпчена помеѓу сегашноста и минатото и во главата ги оживува љубовната врска со Диего, нивната решеност да засноваат семејство и длабоката поврзаност со Сараево и во услови на војната што се заканува да го уништи сето она што ги опкружува.Овој „прогонувачки роман“ е софистицирано дело на Мацантини преку кое таа ја испитува емотивната територија на она што значи семејството – конкретно што значи да се биде мајка. Како што судбината на градот Сараево се припојува со желбата на Џема да има дете, дознаваме колку таа е навистина силна и понесена, особено кога ќе се соочи со едно зачудувачко откритие што истовремено е и катарзично и срцепарачко.Маргарет Мацантини e родена во Даблин, а живее во Рим. Била филмска, телевизиска и театарска актерка, но меѓународно е позната како писателка. Авторка е на Не помрднувај се (2001), Зоро (2002), Повторно роден  (2008), Moрето наутро (2011), Сјај (2013) и други книги, за кои ги добила наградите „Рапало-Кариџе“ и „Кампиело“, но и Орденот за заслуги на Република Италија.По објавувањето на Повторно роден, Мацантини добила голем број писма и пораки од луѓе што го преживеале хоророт на босанската војна – социјални работници, свештеници, доктори и членови на невладини организации, и сите тие изјавувале дека книгата ги предизвикала интимно одново да поминат низ трауматичните искуства од минатото.Македонското издание на книгата е преведено од Калина Јанева, графички уредено од Марко Трпески, а финансиски поддржано од програмата Креативна Европа на Европската Унија и Министерството за култура на Република Македонија.

Магазин | пред 6 години

svr

И ова лето ќе работи полициска канцеларија во населбата Пештани

Со цел зајакнување на партнерскиот однос со граѓаните, излегување во пресрет на нивните потреби од безбедносен карактер и навремено решавање на безбедносните предизвици и состојби, СВР Охрид, за работа ја отвори полициска канцеларија во населбата Пештани.Полициската канцеларија се наоѓа во близина на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, истата ќе биде отворена секој ден во времето од 11 до 19 часот. Во овој временски интервал, граѓаните од Пештани и околните населени места ќе можат да остварат директен контакт со полициските службеници и непосредно да поразговараат за одреден безбедносен настан, , да изнесат свои ставови за подигнување на степенот на безбедноста на подрачјето и да добијат навремена и точна информација што е предмет на нивниот интерес.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Исклучени возачи од сообраќај, нерегистрирани автомобили , преминување на црвено светло – што затекна МВР?

Во текот на изминатиот ден (01.07.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 21 возач од кои: четворица затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 16 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи 17 биле нерегистрирани, а едно возило поради претовар. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, седум возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 21 возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 37 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 89 мандатни платни налози и 67 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. Изминатиот ден се случиле 10 сообраќајни незгоди во кои осум лица се здобиле со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Сообраќајна несреќа, 15 годишно момче со тешки телесни повреди

На 01.07.2019 година во 23.55 часот на булевар „Видое Смилески-Бато“ во Тетово, Р.Р.(23) од Тетово, управувајќи патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 15 – годишен сопатник од с.Камењане, кој бил пренесен во болницата во Тетово. Со телесни повреди се здобиле сопатниците А.Б.(24) од с.Синиче и М.У.(24) од с.Вешала. Тие, исто така, биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања