Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Без вода дел од Долно Лисиче

Жителите од Долно Лисиче денеска од 9:20 часот ќе бидат без вода за пиење.Како што информира ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради дефект на улицата „9″ бр.2 во населбата Долно Лисиче.Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Во автомобил пронајдени: кокаин, марихуана и хашиш смола

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.А.(33) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 02.06.2018 година во Радовиш, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин, марихуана и хашиш смола.

Македонија | пред 6 години

1900423rusls

(ВИДЕО) Најмалку 12 починати во поплавите во Русија

Големи поплави ја зафатија Русија. Брoјот на жртви од поплавите како што соопштија властите се искачил на 12.Надлежните на владина седница соопштија дека се трага по исчезнати,153 лица се хоспитализирани во околните болници а вкупно повредени во поплавите досега се 751 лице, пренесуваат медиумите од регионот.Виталиј Мутко, заменик на рускиот премиер кажа дека и понатаму се отсечени четири села од врнежите, но според него, имаат доволно основни намирници.Поплавите погодија 55 градови и села а над 4.000 куќи се полавени.Инаку, Претседателот Владимир Путин вчера ги посети настраданите подрачја.

Свет | пред 6 години

marihuana2

Гостиварец заработи кривична, во возилото му пронашле марихуана

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.И.(21) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.10.2018 година во Гостивар, полициски службеници извршиле прелед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 6 години

raskoski

Рашковски по обвинувањата за случајот М-НАВ ќе се обрати на прес-конференција

Денеска точно на пладне во 12 часот во Владата, прес-конференција ќе одржи генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски за случајот со тендер за набавка на радарски систем за летање за потребите на Македонска навигација (М-НАВ).За овој случај се појави „бомба“ во која тој наводно мести тендер вреден 7 милиони евра. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ низ неколку прес-конференција побара Рашковски да си поднесе оставка.

Македонија | пред 6 години

20190702093223

(ФОТО) Воз кај Куманово излета од шините

Воз од железничката линија Куманово-Скопје, во раните утрински часови излегол од шините, јавува Алсат М.Несреќата се случила во селото Черкезе, Куманово.Покрај материјалната штета, нема дополнителни информации за други штети. Возот е од карго категорија, а пренесувал тежок челик.

Македонија | пред 6 години

mrezi

Полицијата пронајде рибарски мрежи со пастрмка на 4000 метри од брегот на езерото

На 01.07.2019 година, во периодот од 09.00 до 14.00 часот, при вршење на патролна дејност во водите на Охридското езеро, на околу 4000 метри од брегот на езерото, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско езеро“ пронашле рибарски мрежи со риба пастрмка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

minister-za-obrazovanie-arbr-ademi_22

Биљали во одбрана на Адеми: Тој беше еден од моите најдобри студенти

Професорот на Државниот тетовски универзитет Аслан Биљали, кој бил ментор на докторскиот труд на министерот за образование Арбер Адеми, испрати јавно писмо во одбрана на Адеми откако просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски констатираше дека изборот на министерот за образование во доцент на универзитетот бил незаконски, бидејќи, според него, тој истовремено вршел јавна функција.„Колегата Арбер Адеми бил еден од моите најдобри студенти во редовните и докторските студии, за што говорат не само неговиот просечен успех туку и неговиот докторски труд со наслов: „Решавањето на трговските спорови пред меѓународната трговска арбитража, како особен научен придонес во меѓународно-правната наука на албански Јазик“. Не му е прв пат, на државниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски јавно да се занесе со лични ставови и тоа пред окончување на постапките, за наводни нерегуларности со нецелосно утврдена фактичка состојба, а кои не се официјален став на институцијата во која е вработен како просветен инспектор, при што, во ова пригода, сосема кратко треба да се посочат, изборите во звања на колеги од другите правни факултети додека биле функционери, а во кои случаи, личните и самоиницијативните ставови на посочениот инспектор биле спротивно окончани од МОН. Но за тоа, поопширно во друга пригода. Во ова пригода, сосема кратко, на моите преставки поднесени порано (кога на власт беше друга политичко-партиска гарнитура) до оваа институција за законски контроли на предвремено стекнати професорски звања, посочениот “самостоен” инспектор, писмено ме информирал да барам “мислење и автентично толкување од Собранието”. Затоа, и ќе привршам со констатацијата дека, во нашата држава, во високото образование доминира политиката, и во зависност од тоа кој е на власт, случаите не се расчистуваат, а посочениот “самостоен” инспектор кој работел на мои преставки, не ме убедил воопшто дека “е силен” пред законите“, се наведува во писмото на Биљали.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: До 90 отсто пониски цени за услуги во роаминг во земјите од Западен Балкан

Од денеска, при секое патување во Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора, граѓаните на Република Северна Македонија ќе можат да испраќаат и добиваат СМС, да прават и добиваат повици и да користат интернет за цени пониски до 90 отсто, се вели во соопштението од СДСМ.За споредба досегашната просечна цена за извршен повик во земјите од Западен Балкан беше 75,4 денари, а од денеска, просечната цена ќе биде 5,05 денари по минута со вклучен ДДВ.Цените се линеарни и важат за секој оператор и секоја земја.Со ова се намалуваат трошоците за граѓаните и се олеснува комуникацијата.Дополнително, од 1ви јули 2021 на сила се очекува да стапи и "Роаминг како дома" по примерот на земјите од ЕУ,  со што граѓаните нема да плаќаат воопшто било какви роаминг услуги, било да се тоа повици, пораки или интернет.Владата предводена од СДСМ останува посветена на креирање и имплементација на мерки кои ги намалуваат трошоците на граѓаните и враќаат се повеќе пари во семејните буџети, се вели во соопштението од СДСМ.  

Македонија | пред 6 години

italijanski-vesnik

Ла Верита: Скандал во Скопје, Тендер за „Леонардо“, циганите како нас

Италијанскиот весник на Ла Верита во денешниот број излезе со наслов : Скандал во Скопје, Тендер за „Леонардо“, циганите како нас, посветен на аферата за договарање тендер во М-НАВ во кој, според „протечена“ аудио-снимка, е вмешан и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. Весникот одлучил текстот да го илустрира со фотографија од Зоран Заев, но не со опис како премиер туку како економист.Весникот Ла Верита ја пренесуваат содржината на разговорот, па додаваат дека во Македонија се пуштаат тајни аудио снимки од разговори за „порамнување на сметките“.Генералниот секретар Рашковски, денеска се очекува да се обрати на прес-конфренција за случајот со тендер за набавка на радарски систем за летање за потребите на Македонска навигација (М-НАВ).За овој сличај на руски мрежи се појави „бомба“, по што опозицијата веднаш бараше одговорност, а вчера и поднесоа кривична пријава барајќи Рашковски да добие притвор.

Македонија | пред 6 години

sistem-vraboteni

(ВИДЕО) Електронска евиденција на работно време во Генералниот секретаријат на Владата

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија донесе Правилник за утврдување на распоредот на работното време и за начинот на водење на електронска евиденција на работно време и реализацијата на работните задачи.Правилникот за електронска евиденција на работно време и прекувремената работа, освен уредувањето на правилата за максимална ефикасност на работното време на службениците, наложува и стручно, професионално, навремено и уредно извршување на работните задачи, особено во делот на сервисирањето на услугите кон граѓаните, кон останатите институции од јавниот сектор, како и кон компаниите.За исполнувањето на своите работни обврски, службениците во Генералниот секретаријат на Владата на РСМ, се должни редовно да ги пополнуваат извештаите за работните активности, врз основа на кои ќе се проценува нивното исполнување и ефикасност.Согласно генералните принципи на Владата на РСМ за отворени, достапни и ефикасни услуги за граѓаните, Правилникот има за цел да постигне поголема одговорност во работењето на службениците вработени во Генералниот секретаријат на Владата.Системот ќе ја подобри ефикасноста и квалитетот на услугите, а има за цел и да воспостави вредносен, мерит систем, за наградување на административните службеници за дополнителното ангажирање надвор од работното време, за награда за квалитетно извршената услуга во интерес на граѓаните и на правните лица, како и да определи мерки за неисполнување на задачите или за исполнување под предвидените стандарди за ефикасност и квалитет.

Македонија | пред 6 години

vmro-1

ВМРО ДПМНЕ: Откако СДСМ е на власт јавниот долг надмина неверојатни 5 милијарди евра или околу 50% од БДП

Зоран Заев расипнички ја управува државата. Министерството и владата со која управува Заев ќе ја задолжат Република Македонија за 10 милиони евра. Секое четиричлено семејство ќе биде задолжено за нови 20 евра. Откако СДСМ е на власт јавниот долг надмина неверојатни 5 милијарди евра или околу 50% од БДП, а Заев има намера да го крене на 60%, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Никој не знае на што и како се трошат милионите за кои е задолжена државата. Задолжувањата се и по неколку пати во месец, а ништо од парите кои се позајмени не се прави. Нема инвестиции, нема проекти. Нивото на реализација на капитални инвестиции за 5 месеци од оваа година е само 13.7%.Поголем доказ за неработата и незнаењето на власта нема. Не можат да ги инвестираат ни парите кои самите се обврзале дека ќе ги инвестираат со гласањето на Буџетот.Заев мора најитно да одговори:Каде завршија половина милијарда евра нов долг, задолжен откако СДСМ е на власт?Колку пари треба да врати државата со пресметана камата за овие половина милијарда евра кон домашните и странски кредитори и за колку време?Кој е ефектот кој државата го има од тоа задолжување? иДали од потрошените пари државата има додадена вредност?Бегањето од одговори нема да го спаси Заев од одговорност. Одговори мора да има. Потребни се оставки и промени. Власта на СДСМ мора да си замине.Граѓаните заслужуваат да тргне напред државата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

zarko

Познатиот прилепски адвокат Стеваноски јавно се откажа од членството во СДСМ

Познатиот прилепски адвокат, член на СДСМ и еден од можните кандидати на СДСМ за градоначалник во Прилеп на последните локални избори, Жарко Стеваноски, јавно се откажа од понатамошно членство во СДСМ.По последните турбуленции и внатрепартсики избори, Стеваноски, кој воедно беше жесток критичар на владата на Никола Груевски, пишува дека во локалните ограноци на СДСМ нема никаква можност за напредување во партиската хиерархија и не постои волја за соработка и имплементација на нови стратегии:-Уставно загарантирано право на секој граѓанин на оваа држава е правото на слободата во изразувањето и поради самопочитта кон сопствените политички убедувања,сметам дека пред сѐ етички и морално е на ваков начин да се дистанцирам од партиското делување на огранокот на СДСМ во Прилеп и да можам своите лични политички ставови да ги изнесувам јавно без да нанесам политичка штета на партијата како нејзин член.Стеваноски беше член на СДСМ од 2004 година.Текстот во целост на: ako.mk 

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Казнети 40 возачи поради брзо возење

Четириесет возачи изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје возеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени четворица возачи под дејство на алкохол и 16 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување моторно возило.Според билтенот на СВР Скопје, во изминатите 24 часа се случиле вкупно 10 сообраќајки од кои во четири има полесно повредени осум лица, а во шест е причинета материјална штета.Од сообраќај се исклучени 17 нерегистрирани возила, а сообраќајната полиција сакционирала 37 возачи кои зборувале на мобилен телефон и 21 возач кои не носеле сигурносен појас. Издадени се и 89 мандатни казни, додека со специјалното возило „пајак“ подигнати се 67 возила заради непрописно паркирање.

Скопје | пред 6 години

fiskalni333

Ако келнерот ви ја скенира сметката, побарајте сторнирање

Управата за јавни приходи предвидела дел од манипулациите кои можат да се случат со спроведување на проектот „Мој ДДВ“, каде граѓаните ќе добиваат поврат на ДДВ-то така што ќе ги скенираат сметките со своите паметни телефони.-УЈП при креирање на самиот проект обрна посебно внимание да нема манипулации. Не можеме да гарантираме доколку фискалната сметка граѓаните ја предадат или ја остават и не го искористат своето право. Имаше прашања што доколку при издавање на фискалните сметки келнерот претходно ја скенира, начинот на разрешување е исто како да добиете невалидна сметка со повеќе искуцани артикли. Значи треба да се скенира сметката. Доколку видите дека вашата сметка е искористена, треба да побарате сторнирање на сметката и издавање на нова – изјави Ивана Дончевска од УЈП за ТВ21.Во УЈП има поставено бар код скенери кои што можат да прочитаат сметка која е оштетена, а која одреден телефон не може да ја прочита.Апликацијата се уште не може да се симне на ајфоните затоа што УЈП бара одобрение од „Епл“.

Македонија | пред 6 години

123-1

Mајката на Пино поднесе тужба против МВР

Пино Секондо, момчето кое беше исчезнато шест месеци и убиено на свиреп начин, беше пронајдено пред околу 30-тина дена во атарот на Љуботен. Неговата мајка, Маја Трпковска, семејството и блиските пријатели беа во потрага целото време, но за жал случајот заврши трагично.Од голем револт, непрофесионалност и многу други причини, кои за сега нема да ги открие во јавноста, Маја Трпковска поднесе тужба против секторот за потраги и исчезнати лица, а тоа го соопшти на својот фејсбук профил.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2859659504108003&id=100001919445500

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево и многу топло со температура до 39. степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер претежно од источен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 12 и 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Температурата ќе се движи од 19 до 39 степени.Под влијание на топол бран утре и во среда максималните температури насекаде ќе бидат над 30, а на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Од среда до петок во попладневите часови ќе има локален пороен дожд и грмежи.

Македонија | пред 6 години

trajko-slaveski

Славески: Мерката за повраток на ДДВ може да предизвика пораст на цените

Мерката за повраток на ДДВ кај граѓаните ќе ја има истата судбина како и онаа мерка што ја гледавме и пред неколку години кога илјадници фискални сметки се извлекуваат во базени полни со коверти со фискални сметки, една популистичка мерка која што мислам дека не вроди своевремено со плод, анализираше професорот и поранешен министер за финансии Трајко Славески вчера вечер во 24 анализа на 24 телевизија.-Сакам да укажам, а тоа и ќе се случи, дека оние пресметки што ги има Владата, наводно дека 50 милиони евра ќе биле вратени кај граѓаните ни оддалеку нема да се случат, затоа што за некои купувачи со помали сметки тоа не се исплатува, а може и да има инфлаторен ефект односно пораст на цените, рече Славески.За себепоставувањето на премиерот Заев за министер за финансии, Славески потенцираше дека функцијата министер за финансии е контролна функција, односно од таму треба да доаѓа контролата за отварање на нови работни места во државната администрација.-Јас очекувам дека сега од наесен ќе видиме нови вработувања без предупредување до премиерот. Сепак мислам дека се подготвува нешто поголемо од ова, рече Трајко Славески.

Македонија | пред 6 години

kontrola-za-letanje

(ВИДЕО) За малку избегнат судир на македонското небо

Два авиони за малку ќе се судреле на македонското небо, на осми мај, поради негрижа на македонската контрола за летање, која не успеала да ги координира авионите, па снаодливоста на пилотите спречи огромна трагедија – дознава Економски Лидер.Како што дознава Лидер, претходно, 7 до 8 минути пред инцидентот авионот на „Туркиш ерлајнс“ од кај Качаник, Косово влегол во воздушниот простор на Македонија и уредно се јавил на македонската контрола на летање. Бил лоциран и препознаен од контролорот на летање со помош на радарскиот систем и од тогаш бил под водство на македонската контрола на летање. Кога авионот на „Туркиш ерлајнс“ бил близу до излезот од македонското небо над Дојран на врска на македонската контрола на летање се јавил авионот на „Трансавиа“ кој пак требал да влезе во македонскиот воздушен простор над Дојран. Уредно е лоциран и препознаен со помош на радар од истиот контролор на летање. Од тогаш и „Трансавиа“ е под водство на македонската контрола на летање, т.е. истиот контролор на летање. Авионот на „Трансавиа“ доставил барање до контролорот за повисоко ниво на лет.Лидер го провери настанот на интернет страницата www.flightradar24.com и може да се заклучи дека во критичниот момент, над македонското небо немало гужва. Нејасно е како дошло до инцидентот. Освен на оваа страница, постојат и снимки од настанот во М-НАВ.Текстот во целот и видеото на овој линк.

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka-10

(ВИДЕО) Сообраќајка во Карпош 3: Возило се заби во дрво, другото целосно демолирано

Предмалку се случи тешка сообраќајна несреќа на булеварот „ Партизански одреди“ , наспроти т.ц Лептокарија. Во несреќата учествуваа две возила, Нисан и такси.Неофицијално Нисанот откако преминал преку жардињери е забиен во дрво. Стакло има на сите страни.Засега не е познато е дали има повредени.Наскоро повеќе...

Скопје | пред 6 години

demonstranti-3

(ВИДЕО) Демонтранти влегоа во парламент во Хонг Конг - полицијата се повлекла

Демонстранти со маски на лицата, со метални шипки го скршија влезот и упаднаа во зградата на парламентот во Хонг Конг. Илјадници луѓе излегоа на насилни демонстрации. Демонстрантите  попладнево неколку часа го држеа парламентот на Хонгконг под опсада.Во Хонгконг веќе некое време има масовни протести поради воведувањето на новиот закон за екстрадиција. Измените на законот треба да ја поедностават процедурата за одобрување на екстрадиција на осомничени во други земји, вклучувајќи ја и Кина, Макао и Тајван. Освен со овие три земји, Хонгконг има договор за екстрадиција и со други 20 земји. 

Свет | пред 6 години

avion-boing

(ВИДЕО)Оштетениот Боинг со повеќе од 150 патници успешно слета во Тел Авив

На аеродромот во Тел Авив успено слета тешко оштетен авион Боинг со 152 патници. Точно во 15,25  авионото безбедно слетал , а ниеден од патниците и екуипажот не биле повредени.Во Боингот 737 на бугарскиот превозник Електра Ер имало 152 патници , кои преживеаја невидена драма , додека на аеродромот ,,Бен Гурион “ го очекувале стотина возила на итна помош и пожарникари . Сите биле максимално подготвени за најлошотио сценарио на еден час пред слетувањето на авиониот со тешко оштетебн долен трап и без тркала.Оштетениот авион кружеше низ израелскиот воздушен простор за да изгуби што е можно повеќе гориво за да биде полесен при слетувањето. При влезот во воздушниот простор на Израел ги пресретнале два воени авиони Ф-16. Авионот го испуштил горивото, за да не се запали во случај на инцидент.Авионот тргнал од Келн , Германија кон Тела Авив . Но веднаш по полетувањето му експлодирала задната лева гума , но пилотите решиле да го продолжат летот зашто немало други оштетувања. Експлозијата го оштетила долниот трап .  

Свет | пред 6 години

IMG_2850-01-07-19-18-14

Францускиот амбасадор Тимоние, се сретна со Донев и Милошевски

Во текот на денешната посета на неговата екселенција, амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние, на наше големо задоволство беше остварена средба и со нашите претставници Сашо Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид и Митре Милошевски, кандидат за градоначалник од нашите редови на неодамнешните избори за градоначалник на општина Охрид.Во пријателска и конструктивна атмосфера беше разговарано на повеќе теми од кои би издвоиле две, на кои се осврнавме со посебно внимание.Прво, поразговаравме за текот на неодамнешните избори за градоначалник на општина Охрид, на кои победи кандидатот на нашите политички опоненти. Се осврнавме на одредени појави кои се’ уште претставуваат предизвик за нашите изборни процеси и можностите за елиминирање на појави кои го компромитираат овој највисок демократски чин.Друга значајна тема на која подолго се задржавме, се секако, настаните поврзани со можноста да добиеме статус на загрозено природно и културно светско наследство наредниве денови во Баку. Констатиравме дека препораките кои ги добивме пред повеќе од една година треба најсериозно да се сфатат и најдоследно да се импламентираат. Предочивме на нашата загриженост заради многубројните активности и состојби кои сериозно го загрозуваат како езерото и природата, така и автентичноста на Охрид и неговото културно наследство.Импресионирани сме од степенот на информираност на амбасадорот Тимоние за состојбите во нашиот и светски бисер Охрид. Изразивме благодарност за заинтересираноста и желбата да добиеме помош во справување со овој, во моментот најголем предизвик за градот.ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и во иднина ќе ја користи секоја можност за конструктивни средби со претставници на дипломатскиот кор и други истакнати членови на меѓународната заедница на кои ќе ги афирмираме своите заложби за развиен, просперитетен и космополитски Охрид со зачувано природно и културно наследство, се вели во соопштението од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид. 

Македонија | пред 6 години

direktor-1

(ФОТО) Директорот на Корчагин уништи тревник за да се паркира додека е на работа

Директорот на Корчагин повторно ќе паркира под сенка, но не во тревник – од денеска на истото место доби асфалтиран паркинг .„Се сеќавате на директорот на Корчагин и како тоа си паркираше под сенка во тревник и некој го сликаше и го стави на ѕидот на сообраќајниот срам?Викендов работеа со механизација и оп.... од денес директорот ќе има обезбедено паркинг место под сенка. Да не се секирате, сега директорот Драган Арсовски има кај да паркира и нема да паркира веќе во тревник. Се надевам дека паткинг местото не е дивоградба и има дозвола од Град Скопје и општина Центар“, стои во објава на социјалната мрежа фејсбук.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2579686595409807&set=pcb.1620540908077333&type=3&theater&ifg=1

Скопје | пред 6 години

policija-5

Кривична пријава за 50 годишен Тетовец - од патничко возило одзел торба со пари

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Е.(50) од с.Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,разбојништво’’. На 21.06.2019 година околу 22.00 часот во с.Форино И.Е. извршил разбојништво над У.А.(38) од с.Желино, при што од патничко возило „Мерцедес“, сопственост на У.А., одзел торба со пари.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања