Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

1HTk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTWpVN01EQV8vNDJiYWRhNzY4NWUzY2E0MzQ3ZDNiOGYxZjlhZDRhYTkuanBlZ5GTAs0C5ACBAAE

(ВИДЕО) Ѓоковиќ самоуверен и сигурен за одбрана на титулата на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ со нова победа ја стартуваше одбраната на титулата на Вимблдон Тој славеше во првото коло во Лондон на германецот Филип Колшрајбер.Сигурен во себе со 3:0 во сетови . Многу поквалитетен и подобар од негоивот противник и дојде до новиот 11 триумф од вкупните 13 меѓусебни пресметки.Во вториот меч ќе се соочи со  Денис Кудла

Спорт | пред 6 години

lisici

На Скопјанец не му дозволувале да си оди од угостителски објект, поради нерасчистени должничко-доверителни односи

На 30.06.2019 година околу 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека Б.В.(29) од Скопје бил однесен од А.М.(29) и К.П.(29), во угостителски објект во Скопје и не му дозволувале да си оди поради нерасчистени должничко-доверителни односи. По превземени мерки, полициски службеници го пронашле лицето Б.В. во угостителскиот објект, го лишиле од слобода А.М. и го привеле во полициска станица, а К.П. сам се пријавил во Полициската станица Карпош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

tepacka1

Физичка пресметка во Струга, се работи на расчистување на случајот

На 30.06.2019 година во 19.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во населба Плитишта во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ф.(36), И.Ф.(64), А.Ф.(41) и Д.Ф.(18), сите од с.Лабуништа, струшко и А.М.(28) од Струга. По преземени мерки лицата биле приведени во Полициската станица Струга и по целосно расчистување на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 6 години

policija-123

Пронајдено 83 годишно починато лице, телото предадено на обдукција

На 30.06.2019 година во 17.00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека во с.Кучевиште било пронајден починат, без траги на насилство, П.Л.(83) од Скопје, кој беше пријавен дека се оддалечил од домот на 28.06.2019 година. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Македонија | пред 6 години

tepacka-222

Нападнат спасувач на Црвен Крст во Аква Парк

На 30.06.2019 година во 19.30 часот во СВР Скопје, Д.С.(21) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 14.25 часот во Аква Парк кај Спортски центар „Борис Трајковски“, каде бил вработен преку Црвен Крст како спасувач, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Сообраќајни контроли во Битола, Велес, Струмица и Штип, констатирани низа прекршоци

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, биле контролирани 1150 возачи од кои 25 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 14 возила, брзината ја надминале 30 возачи, на мобилен телефон разговарале тројца возачи, а додека шест други не користеле сигурносен појас.На 30.06.2019 година на подрачјата на СВР Велес, СВР Струмица и СВР Штип извршена е контрола на возачите за непрописно престигнување, при што изречени се вкупно 24 казни.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Со мотоцикл удрил во паркирано патничко моторно возило, едно лице повредено

На 01.07.2019 година во 02,15 часот било пријавено дека во Неготино на булеварот „Маршал Тито“ Ј.Ј.(21) од Неготино управувајќи мотоцикл „Кимко“ без регистарски ознаки удрил во паркирано патничко моторно возило „Рено“ со неготински регистарски ознаки паркирано од Д.Б.(26) од Неготино. Возачот на мотоциклот се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствениот Дом-Кавадарци за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кучето од соседот ја каснало на ногата

На 01.07.2019 година во 00.10 часoт во Полициската станица Тетово, 48- годишната Д.В. од Тетово пријавила дека претходниот ден околу 22.30 часот на улица „Истра“ во Тетово била касната од куче во пределот на левата нога, сопственост на лицето М.Н., кој живее на улицата. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

piton-1

(ФОТО) Во Кембриџ шета триметарски питон

Мрежест питон, долг околу 3 метри, кој може да изеде човек, му побегнал на својот сопственик во Кембриџ и сега слободно скита по универзитетот.Овој вид питон расте и до 10 метри во должина, што го прави најдолгата змија на светот. По потекло, ова животно е од Југоисточна Азија.Мрежестите питони не се отровни и ретко напаѓаат луѓе, но една возрасна единка може својата вилица да ја отвори дотолку широко, за да може да проголта човек.https://twitter.com/roadpoliceBCH/status/1123537409516482560

Магазин | пред 6 години

65649710_2700568086624317_7113920161052098560_n

IV Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“

Успешно идание на IV Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ која се одржа викендов во манастирскиот комплекс „Св. Спас“ во Горно Лакочереј.Манифестацијата со својата благородна мисија има цел афирмирање, пренесување и зачувување на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Сите љубители на поезијата по претходно објавен конкурс имаа можност да станат дел од промоторите на пишуваниот поетски, македонски јазик и литературата воопшто. Од над стотина пристигнати поетски творби жири-комисијата одлучи на манифестацијата да настапат 70-тина поети од Македонија и странство.На манифестацијата беа доделени следните награди:1 место најубава песна - „Загубена“ од Јован Миноски2 место „Фенерот на татко ми“ од Гордана Бохулски-Кароловска3 место „Само ние не знаеме“ од Блажо П. СтојаноскиНајдобар млад автор - Ана Томоска и Исидора Костовска , Најдобар странски автор - Татјана Томиќ, Најдобра интерпретација на песна - Мери Арсовска со „Молитва“,Награда за животно дело - Анастас ЌушкоскиПокрај доделените награди на добитниците, за победникот (прва награда) е обезбеден викенд за двајца во „Апартмани Ристак“ - Охрид.За сите учесници и гости организаторот обезбеди коктел со закуска во манастирскиот комплекс.Организатори на фестивалот се Мирко Томовски, Митре Мангоски Радождански, Перчо Божиновски, Трифун Ѓорѓиоски и Наум Трајчески.Спонзор на наградите е познатиот бренд на Охридски бисер, Климент Талев, а покровител на поетската манифестација е општина Охрид.

Македонија | пред 6 години

65423365_2440153452872846_8705042318282981376_o-Copy

Николовски официјално ја предаде функцијата на новиот министер Димковски

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска официјално ја предаде функцијата на новиот министер Трајан Димковски. На прес-конференција Николовски посочи дека новиот министер Димковски ќе ги продолжи започнатите процеси во секторот и отворената комуникација со сите чинители во земјоделството. Посочи дека дека што се вети 2016 година, веќе се заокружуваме, како што е редовна и целосна исплата на субвенциите, „зелена нафта“, ослободување од персонален данок, инвестиции во капитални проекти за наводнување, нови закони и измени на постојните „Сите одлуки ги носевме заедно со земјоделците, ги следевме нивните потреби и создававме услови за развој на секторот. Го отворивме Министерството за соработка со сите релевантни чинители и ги поттикнавме професионалците.Работев посветено, вложувајќи се максимално, со сиот мој капацитет, иако можеби можеше многу повеќе и подобро. Ми беше голема чест и задоволство овие две години да ја извршувам функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и да придонесам во политиките и мерките за развој на овој сектор. Заедно со сега новиот министер Димковски и со целиот мој тим посветено и неуморно работевме за да донесеме трајни решенија за наследените проблеми, да создадеме услови за развој на едно модерно и современо земјоделство, за зголемено производство и за повисоки приходи за нашите земјоделци. Јас сум убеден дека Димковски успешно ќе ги продолжи започнатите мерки и процеси, затоа што е човек којшто директно заедно со мене учествуваше во креирањето на политики и затоа што доаѓа од земјоделскиот сектор“, изјави Николовски.При тоа, Николовски го презентираше дел од мерките и политиките кои се преземаа во изминатите две години за развој на земјоделството и справување со заткенатите проблеми.Две години по ред, земјоделците ги добиваат субвенциите тогаш кога им се потребни, пред почетокот на новата производствена сезона. Исплатени се наследените долгови за субвенции од 2013, 2014 и 2015 година, а парарлено редовно се исплаќаат тековните субвенции. По овој основ досега се исплатени близу 290 милиони евра.За прв пат се воведе нова мерка за поекономично земјоделското производство, а тоа е зелената нафта. МЗШВ финансира 30% од трошоците за набавка на гориво за земјоделската механизација. Со оваа мерка се враќаат 200 милиони денари кај 55.000 земјоделци. Се воведе нов модел за повисока поддршка на тутунот, а фокусот меѓудругото како што појасни Николовски се стави на младите фармери и на правилната распределба на државното земјоделско земјиште.Николовски потенцираше дека се започнати крупни капитални инвестиции во водостопанската инфраструктура. Минатата недела започна изградбата на модерниот систем за наводнување на јужната долина на реката Вардар втора фаза. Само со овој систем се овозможува навремена достапност на вода за наводнување на над 2.000 хектари. Со сите започнати капитални инвестиции ќе се овозможи наводнување на вкупно 32.500 хектари нови земјоделски површини. Николовски посочи дека најголем доказ дека земјоделството започна да се движи во вистинска насока и дека политиките на МЗШВ и на Владата на РСМ даваат позитивни резултатите, е зголеменото учеството на земјоделството во вкупната економија во првиот квартал од годинава е 13,6 отсто.Новиот министер Димковски, потенцираше дека во изминатите две години, се воспостави секојдневна отворена комуникација со земјоделците, со цел да носиме соодветни решенија од интерес на земјоделците, а секогаш кога беше потребно, кога земјоделците се соочува со проблеми во пласманот, ниски откупни цени, штети од временски непогоди, во комуникација со земјоделците навремено се носеа мерки со цел да се надомести загубата, но и мреки за стабилизирање на пазарот. Уште првата година од преземањето на мандатот, ја изменивме Програмата за директна поддршка во земјоделството и Програмата за рурален развој 2017 година, со што се обезбедија НОВИ 10 милиони евра за поддршка за земјоделците. Димковски, потенцираше дека изминатите две години се започнаа процеси за реформи во секторот, преку измена и носење на нови закони, во корист на земјоделството, како што е .комплетно новиот Закон за тутун и тутунски производи, изманите на Законот за државно земјоделско земјиште и измените на Законот за вино.„Овие мерки и политики што ги презентиравме денеска со Николовски, се само дел од нашата тимска работа изминатите две години. Јас, како нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, одговорно и со задоволство ја преземам обврската успешно да ги продолжам сите започнати мерки и проекти, и она што е нјаважно овој период подготвките на целокупниот сектор за отворањето на поглавјата за земјоделство важни за прептристапниот дијалог со ЕУ. За крај би сакал јавно на Николовски да му изразам благодарност за укажаната доверба да го водам овој важен сектор“, изјави новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димквовски.

Македонија | пред 6 години

medicinski-sestri

Рокот за пријавување на јавниот повик за патронажна дејност за медицински сестри е продолжен до 10 јули

Информираме дека рокот за пријавување на јавниот повик за изразување интерес за работа во службите на патронажна дејност за медицински сестри е продолжен до 10 јули.Министерството за здравство ги поканува сите заинтересирани медицински сестри да се пријават со доставување писмо за интерес до Министерството за здравство.Согласно Законот за здравствената заштита, на јавниот повик можат да се пријават медицински сестри со завршено средно, вишо или високо образование во траење од три години, пробна работа и положен стручен испит.Работата во траење од шест месеци ќе се спроведува во јавните здравствени установи - здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности од примарна здравствена заштита и во единиците во кои се врши дејноста.За пријавување на јавниот повик потребно е да се достави писмо за интерес, во кое задолжително треба да се наведат: име и презиме, адреса на живеење, контакт-телефон и адреса на електронска пошта (мејл-адреса), копија од дипломата за завршено образование, копија од положениот стручен испит и јавната здравствена установа за која се изразува интерес според местото на живење.Пријавата, заедно со документацијата потребно е да се достави во писмена форма до архивата на Министерство за здравство, ул. „50 Дивизија“ бр.14, 1000 Скопје, најдоцна до 10.07.2019 година, со назнака: ЈАВЕН ПОВИК за изразување интерес за работа во службите за патронажна дејност за медицински сестри.Оваа мерка се спроведува со цел зајакнување на службите за патронажна дејност во рамки на здравствените домови и општите болници со проширена дејност на територијата на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов: Посветени сме на владеење на правото, неприфатлива е амнестија на криминалци и криминал

Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник, на денешната пресс конференција даде свој став околу СЈО и најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека подготвува нов закон за Основното јавно обвинителство вклучувајќи го и СЈО.Костадинов истакна:„Наш принципиелен став е и она на кое што сме силно посветени и работиме како Влада и секако како владејачка партија е владеење на правото и воспоставување на правната држава. Во исто време кога опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлага закони, предлага решенија, измени на закони коишто се во однос на амнестија на криминалот направен од сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, претходната власт, секако дека тоа за нас е неприфатливо. Амнестија на криминалци, амнестија на криминали не прифаќаме“. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов:ВМРО ДПМНЕ да одговори - дали намерно не се потпишувал договорот, само во обид да предизвика проблем на сегашната Влада?

Откако издиша лажната вест смислена од кујните на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, и се покажа дека нема никаков скандал со местење тендер се отворија низа прашања на кои токму ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да одговорат:Каква е врската меѓу Јанакиески, Мисајловски, Јанушев и Климент - дали овој разговор се објавува за да ги покрие криминалите на Јанушев и Јанакиески?Дали некој намерно не се потпишувал договорот, свесно загрозувајќи ја безбедноста, само во обид да предизвика проблем на сегашната Влада?Зошто три дена после состанокот од кој потекнува и снимениот разговор Климент Чепуњовски заминал на пат за Русија?Овие и други прашања ќе треба засегнатите да одговорат пред јавноста но и пред судските органи, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е спремна да шурува со луѓе кои биле подготвени да ја загрозат безбедноста на граѓаните.Со својот однос ВМРО-ДПМНЕ покажа дека освен лажни вести за друго и не ја бидува, дека воопшто не ги познава процедурите.ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека Леонардо е сериозна државна компанија од Италија и дека целата процедура била под надзор на ЕБОР.Сите тендерски постапки завршиле во 2016 година, но некој одлучил до 2018 година да не го потпишува договорот и со тоа да ја загрози безбедноста на македонското небо, секако и безбедноста на граѓаните на Република Северна Македонија, истакна Костадинов.

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Членството на ВМРО-ДПМНЕ да го врати Мицкоски на нормалното и прифатливото

Единствена Македонија и целото искрено членство на ВМРО-ДПМНЕ се силно изненадени од раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои не се спротиставија и не ја осудија т.н. парада на гордоста која има за цел рушење на традиционалните семејни вредности, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Членството на ВМРО-ДПМНЕ наивно верувало дека Мицкоски ја дели спремноста да се оди до крај во поткрепа на традицијата, бракот и семејството оти е лидер на ВМРО-ДПМНЕ како демохристијанска партија и партија со силна верба во Бог.Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ застанаа во одбрана и промоција на либералните западни вредности како што се дрога, хомосексуализам, проституција... Членовите на ВМРО- ДПМНЕ имаат обрска тоа да не им го дозволат и да работат Мицкоски да се врати на нормалното и прифатливото.За Единствена Македонија нема дилема. Заедно со македонскиот народ и државјаните на Република Македонија остануваме на првата линија во борбата да ја засведочиме вистината за животодавното разбирање за тоа што е брак, семејство, род, пол, вера, благослов, смисла, сопруг, сопруга, деца, внуци, баба, дедо, радост, живот, се вели во соопштението од Единствена Македонија. 

Македонија | пред 6 години

konj-3

(Вознемирувачко фото) Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола

На магистралниот пат А3 Битола-Прилеп се удрил во коњ. По оваа собраќајна несреќа уште еднаш се отвора прашањето колку се безбедни македонските магистрални и регионални патишта. Прашање кое се наметнува е дали ќе понесе некој одговорност што животни трчаат на патиштата низ државава?„На магистралниот пат А3 Битола-Прилеп кај ромската населба Баир, синоќа околу 21:00 имав сообраќајна несреќа со удар во коњ кој беше на главниот пат. За среќа поминавме без последици со сопатниците. После случката на главниот пат поминаа уште два коњи!Во прилог слики од настанот.Министерство за внатрешни работиMakedonijaPat одговорност од вас се чека“, објави возач на ѕидот на сообраќајниот срам.  https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10217596581522970&set=pcb.1620444248086999&type=3&theater&ifg=1

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Петмина осомничени за разбојништво – претепале мигранти и им одзеле 75.000 денари

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.4 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Осомничените, на 28 јуни, во село Трубарево, во непосредна близина на една бензинска станица, со употреба на сила нападнале врз животот и телото на двајца мигранти од Пакистан. Тие ги забележале мигрантите и им понудиле да ги превезат до граничниот премин Табановце за 200 евра. Откако оштетените се согласиле со сумата, ги намамиле и ги однеле во затемнетиот дел на една од блиските ниви, со употреба на физичка сила ги совладале и им одзеле пари и други подвижни предмети во вкупна вредност од 75.000 денари.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за петте осомничени лица. 

Македонија | пред 6 години

ivanka-vasilevska

Иванка Василевска: Со цел непречено одвивање на истрагата потребно е Јавното обвинителство веднаш да побара мерка притвор за Рашковски

Јавното обвинителство под контрола на Зоран Заев трет ден молчи во врска со сомнежите и доказите излезени во јавноста за 7 милионскиот криминал сторен од страна на Драги Рашковски при набавка на систем за летање, истакна Иванка Василевска–член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Информациите кои излегоа во медиумите укажуваат дека Рашковски доделува тендер на италијанската компанија Леонардо за набавка на систем за управување со воздушниот простор во вредност од 7 милиони евра, иако важноста на тендерската документација е истечена, спротивно на заклучокот на владата, како и во спротивност со одредени законски решенија, за кои како што се вели во снимките требало да бидат сменети.Постојат сериозни индиции дека Рашковски сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 според кое му се заканува казна затвор од најмалку 5 години.Јавното обвинителство треба да се ослободи од притисокот на Зоран Заев и да поведе постапка за расчистување на овој случај во кој постојат сериозни индиции дека е оштетен Буџетот на Република Македонија.Со цел непречено одвивање на истрагата потребно е Јавното обвинителство веднаш и неодложно да побара определување на мерка притвор за Драги Рашковски и другите вмешани со цел непречено одвивање на истрагата.Јавното обвинителство треба да побара притвор затоа што постојат сериозни можности Рашковски од позицијата на Генерален секретар на Владата да влијае врз текот на постапката, сведоците, вештаците, соучесниците и прикривачите.Имајќи во предвид дека се работи за државен функционер од висок ранг , кој има сериозен број на контакти во земјава и странство можно е и бегство на истиот.Дополнително Јавното обвинителство треба да побара мерка притвор затоа што постојат оправдани сомнежи дека Рашковски може да го продолжи кривичното дело и да стори ново дело, особено ако се земат во предвид обвинувањата на поранешниот директор на Клинички центар Скопје, Ваљон Беља кој тврди дека Рашковски бил вмешан и во местење тендери и земање провизии и од тендери во министерството за здравство.Очигледно е дека случајот Рашковски добива нови и досега невидени размери. Токму затоа Јавното обвинителство треба веднаш да се позанимава со овој функционер, десна рака на Заев и да ги истражи како овие, така и други случаи во кои е вмешан Рашковски. ВМРО-ДПМНЕ му ги поднесе денес материјал на Републичкиот Јавен обвинител, и доколку тој не ги има видено од медиумите, може да биде запознаен со случајот денес.Доколку Јавното обвинителство сепак подлегне под притисокот на Заев и не отвори случаи, истите ќе бидат процесуирани по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, кога ќе има одговорност како за сторителите, така и за прикривачите низ институциите, истакна Иванка Василевска–член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

DSC_9038

(ФОТО) Од денеска, поефтини цени за услуги во роаминг во земјите од Западен Балкан до 99%

Граѓаните на Северна Македонија од денеска, при секое патување во земјите од регионот, односно во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора ќе можат да користат интернет, да испраќаат СМС пораки да добиваат повици и примаат повици за цени пониски дури и до 99%. Ова денеска го најави министерот за информатичко општество и администрција Дамјан Манчевски.Во прилог интегралното обраќање на министерот Манчевски, со претставување на новите цени за услуги во роаминг.Граѓаните на Северна Македонија од денес:Ќе можат да вршат повици кон земјите од Западен Балкан по цена од 5,05 денари по минута (со ДДВ). Досегашната цена во просек беше 75,4 денари.Ќе можат да примаат повици во било која од земјите од Западен Балкан по цена од 2,9 денари по минута (со ДДВ). Досегашната цена во просек беше 30,2 денари.Ќе можат да праќаат СМС пораки од било која од земјите од Западен Балкан по цена од 2,6 денари (со ДДВ). Досегашната цена во просек беше 16,1 денар.Ќе можат да користат интернет во земјите од Западен Балкан по цена од 1,9 денари (со ДДВ).Цените се линеарни, односно важат за сите земји и за било кој оператор.Намалувањето на цените изразено во проценти значи:За Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора 68% за појдовни повици 31% за дојдовни повици 71% за СМС и 89% за користење на интернет. Процентуалното намалување за сите услуги во Албанија и Косово е над 93%.Разликата во намалувањето на цените изразено во проценти се должи на тоа што во првата група се земји со кои што претходно имавме потпишано спогодба за намалување на цените на роамингот (Босна, Србија и Србија), додека во втората група се земји каде што цените на роаминг услугите не беа регулирани претходно (Албанија и Косово).Намалувањето на цените на услугите во роаминг, произлезе како заклучок од првиот Дигитален Самит што се одржа во Скопје, по што следуваше потпишувањето на договор помеѓу сите 6 држави на самитот во Белград.Во изминатата година активно се работеше на реализација на овој договор. Во процесот беа вклучени регулаторите и мобилните оператори од земјите од Западен Балкан. Имаше и проблеми. Дел беа предизвикани од бизнис интереси, дел од техничка природа, а дел беа и политички. Сепак на крајот со голема поддршка пред се од владите на сите земји од регионот, на ЕК и на РЦЦ, успеавме. Тука сакам да ја истакнам и заложбата на АЕК, Телеком и ВИП како претставници од страна на нашата држава кои дадоа поддршка и помогнаа да се заврши овој процес. Сите заедно се обединивме со една цел а тоа е конечно граѓаните на Северна Македонија слободно да ги користат услугите кога патуваат во земјите од регионот.Сигурен сум дека ова ќе придонесе и за развој и олеснување на комуникцијата за тие кои редовно патуваат поради работни обврски, но и за оние граѓани кои туристички патуваат особено сега во летниот период.Но, тука не застануваме. Одиме понатаму. На следната табела е прикажана динамиката на намалување на цените.Како што може да се забележи на 1ви јули 2021 година, корисниците воопшто нема да плаќаат за користење на роаминг услугите во шесте земји на Западен Балкан. Тогаш во сила ќе стапи целосно „Роаминг како дома“, по примерот наземјите од Европската Унија.Овој договор беше предуслов за почеток на процесот за намалување на цените за роаминг и со ЕУ. Разговорите ќе ги иницираме веднаш, а целта ќе биде набрзо после 1 јули 2021 година да дојде и до вакво драстично намалување и на крајот укинување на роамингот помеѓу Западен Балкан и ЕУ.Како што веќе имам повеќе пати кажано, 2019 година е година на реализација на крупни стратешки проекти за Владата и МИОА. Зборот е збор.Продолжуваме понатаму, во интерес на граѓаните на Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Почна реконструкцијата на улицата Лазар Трпковски

Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата Лазар Трповски во Општина Чаир. Увид во градежните работи на оваа делница денеска изврши градоначалникот Петре Шилегов.- Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на главните сообраќајници во нашиот град. Пред неколку дена ја започнавме реконструкцијата на оваа улица Лазар Трповски, на потегот од кружниот тек со улица Втора македонска бригада до крстосницата со улицата Петар Ичко. Предвидено е да се заврши во рок од 20 дена, така што очекуваме по реконструкцијата на овој потег граѓаните да добијат безбедни сообраќајници, што е и наша цел. За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 2,5 милиони денари со пресметан ДДВ - рече Шилегов.Со реконструкцијата е предвидено стружење на коловозот и поставување на нов асфалт на површина од 2.400 квадратни метри.Во текот на летото ќе продолжат реконструкциите на повеќе булевари и улици во надлежност на Град Скопје. Реконструкциите на сите улици оваа градежна сезона завршувааат со рекордно кратки рокови, се со цел да се обезбедат услови за одвивање на сообраќајот без создавање сообраќаен метеж.Шилегов, повторно ги замоли граѓаните, за разбирање додека траат градежните активности. Исто така, тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Во тетовско Желино татко ранил син со остар предмет

Татко со остар предмет го ранил својот син по расправија откако го нашол во друштво со друго момче во тетовско Желино. Тетовската полиција инфомира дека настанот се случил вчера после 20 часот, а повредениот е задржан на болничко лекување во Скопје.-Таткото Ф. Р. (56) во семејна расправија со остар предмет му нанел убодна рана на синот Р. Р. (23). Според пријавеното, додека Р. Р. бил во друштво со Ф. А.(19) од село Боговиње во своето возило, наишол таткото заедно со роднината Е. Р. (31) од село Желино, по што започнала расправија па физички напад. Таткото во еден момент на расправијата го удрил синот по раката и со остар предмет му нанел убодна рана. 23-годишниот син потоа е однесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“–Скопје, информираат од СВР Тетово.Потоа на местото увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа при СВР Тетово. Таткото и роднината биле приведени и задржани во СВР Тетово, а по целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

IMG_5223

(ФОТО) ТАВ го пречека првиот лет на „Еуровингс“ од Штутгарт на аеродромот во Охрид

Со традиционалното авијациско добредојде - воден мост за авионот Ербас А 320 на авиокомпанијата Еуровингс и слатки за патниците, ТАВ Македонија го пречека првиот лет од Штутгарт на аеродромот „Свети Апостол Павле“ - Охрид, утринава, по повод отворањето на двете нови сезонски дестинации - Штутгарт и Дизелдорф, како и влезот на Еуровингс како нова авиокомпанија на македонскиот пазар.’’Многу сме среќни што ги поздравивме првите патници од Штутгарт на охридскиот аеродром утринава, дојдени со Еуровингс, дел од групацијата Луфтханза. Од денеска, 1 јули, Еуровингс ќе лета на дестинацијата Штутгарт-Охрид два пати неделно, секој понеделник и петок, до 9 септември, а од 17 јули авиокомпанијата ќе ја отвори својата втора сезонска дестинација од охридскиот аеродром - Дизелдорф, на која ќе лета секоја среда до крајот на август. Очекуваме овие две нови дестинации, Штутгарт и Дизелдорф, да го зголемат бројот на патници на аеродромот во Охрид, како и бројот на германските туристи на прекрасното Охридско Езеро. Во исто време, двете нови дестинации ќе отворат нови можности за локалното население кое ќе може да го избере Еуровингс за нивните патувања и да ги искористат поволностите од широката мрежа на 210дестинации низ целиот свет, вклучувајќи и далечни дестинации до Северна Америка, Јужна Америка и Азија’’, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.Од денеска, авиокомпанијата лета од Штутгарт до Охрид, секој понеделник, со време на пристигнување во Охрид во 09:25 часот и време на полетување за Штутгарт во 10:15 часот. Во петок, летовите ќе пристигнуваат на охридскиот аеродром во 10:15 часот и ќе заминуваат за Штутгарт во 11:05 часот. Летовите до Дизелдорф, како втора нова дестинација од аеродромот во Охрид, што ги воведе Еуровингс ова лето, од 17 јули, ќе бидат секоја среда, пристигнувајќи на аеродромот во Охрид во 18:10 часот, со заминување за Дизелдорф во 18:50 часот. “Многу сме задоволни што можеме да им ги понудиме на патниците новите дестинации од Охрид до Штутгарт и Дизелдорф во текот на ова лето. Авио-билетите се достапни веќе од 29,99 евра за лет во една насока", вели Оливер Вагнер, Главен комерцијален директор на Еуровингс.Охридскиот аеродром Свети Апостол Павле во моментов опслужува 20 дестинации, од кои 8 се редовни нисокобуџетни авиолинии преку целата година: Цирих, Базел, Виена, Лондон, Малме, Милано, Меминген и Дортмунд. Останатите 12 дестинации од охридскиот аеродром се сезонски, од април до октомври: Амстердам, Брисел, Истанбул, Талин, Тел Авив, Варшава, Ајндховен, Катовице, Мастрихт, Адана, Штутгарт и Дизелдорф.Авиокомпаниите што во моментов летаат од аеродромот во Охрид се: Виз Ер, Еделвајс, Германија Флуг, Пегасус, Онур ер, Корендон, Брисел ерлајнс, ТУИ флај, Нордика, Ентер ер, ЛОТ, Хелветик и Еуровингс.Охридскиот аеродром е рангиран од Airports Council International (ACI) како еден од првите три аеродроми во Европа, според стапката на најголем раст на бројот на патници во првиот квартал од 2019 година, која е 63,9%, што е значително повисоко од просекот на ЕУ од 4,4%.ТАВ Македонија продолжува да забележува зголемувањето на бројот на патници во првите месеци од 2019 година. Од јануари до мај 2019 година, преку Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, патувале вкупно 914.759 патници, што е зголемување за 11% во споредба со истиот период од 2018 година. ТАВ Македонија ја заврши 2018 година со 2,3 милиони патници на двата аеродроми и годишен пораст од 16%. 

Македонија | пред 6 години

orce-za-mvr

Орце Ѓорѓиевски: Спасовски го третира МВР како партиски огранок на СДСМ, само што штетата ја плаќаме сите и со нарушената безбедност

Оливер Спасовски е скоро три години на чело на МВР, а нема реализирано ниту една поголема акција за заплена на наркотици или сузбивање на насилен и организиран криминал. Убиствата, запалените автомобили и грабежите станаа редовна појава во Македонија, а полицијата е парализирана заради политичките преместувања во службата. Спасовски врши чистка во МВР и ја партизира службата истакна Орце Ѓорѓиевски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Спасовски ги крие податоците за процентот на реализација на кривичните дела, но затоа повикува долгогодишни професионалци кои со усна наредба се шиканирани и прераспоредувани, па сега ги принудува сами да се деградираат и да потпишат да бидат спуштени на пониско ниво во хиерархијата во службата.Имаме сознанија дека 24 припадници на полицијата во изминативе неколку дена се подложени на тортура за да се самодеградираат. Уценети се сами да бараат прераспоредување на пониско ниво или како што им кажувале ќе виделе што ќе им се случи.Спасовски го третира МВР како партиски огранок на СДСМ, само што штетата ја плаќаме сите и со нарушената безбедност и со парите на државата кои ќе треба да ги исплати за незаконските, политички смени и одлуки.Имено ако во 2018 година бројот на тужби на вработени кон МВР по разни основи изнесувал 1200, само за првите 5 месеци во 2019 година бројот на тужби изнесува дури 3500. Тоа е скоро 1/3 од вработените во МВР.Кој ќе сноси одговорност за ова? Колкава ќе биде штета што ќе треба да се исплати од Буџетот на Република Македонија, заради личните хирови на Спасовски?Спасовски и Заев ја понижија полицијата и за тоа мора да има одговорност.Спасовски и Заев мора да си заминат. Ова е вистински режим и тој треба час поскоро да биде сменет. Апелираме до полициските професионалци кои се под закана ги охрабруваме да не подлегнат на притисоците, да побараат правна заштита и да ги документираат незаконските постапки на Спасовски.Одговорност ќе има кога ќе се врати правната држава, истакна Орце Ѓорѓиевски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

nesreka-prvi-momenti

Поднесени обвиненија против шест лица за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против шест лица осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот кои резултираа со тешката сообраќајна несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ во која 16 лица го загубија животот, а вкупно 38 патници се здобиja со тешки телесни и телесни повреди.Во временскиот период од 02.07.2018 година до 13.02.2019 година, обвинетиот сопственик на фирмата превозник  и обвинетото одговорно лице за возниот парк на превозникот, не се придржувале кон прописите за безбедност на автобускиот сообраќај за масовен јавен превоз. Иако биле свесни дека може да настапи штетна последица, предизвикале опасност за животот и телото на луѓето кои се превезувале во автобусот на критичниот ден на релација Скопје-Гостивар. Имено, сопственикот на компанијата превозник единствено поседувал задолжителен сертификат за професионална компетентност во патниот сообраќај, како услов за добивање лиценца за вршење превоз на патници. Сепак, иако бил должен како одговорно лице, тој не организирал ниту пак трајно вршел контрола над исполнувањето на пропишаните услови за работа на возачите и на техничката исправност на возилата, со што постапил спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во исто време, тој не организирал ниту вршел контрола над целокупното работење на превозникот, не ги запознал возачите за придржување кон одредбите од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај, не обезбедил редовно преземање на податоците од тахографот и не водел евиденција и проверка на времето на управување со возилата за секој возач посебно. Иако знаел дека не смее, раководењето со возниот парк го препуштил на вториот обвинет, кој не поседувал сертификат за професионална компетентност во патниот сообраќај. Притоа, во превозникот не се водела соодветна евиденција на поправките на автобусите, на работното време, паузите и одморите на возачите, а возачите биле оставени сами меѓусебно да го организираат возењето и да водат сметка за сите обврски кои се должност на одговорното лице во превозникот. Сопственикот на фирмата-превозник не водел сметка за исправноста на аналогниот тахограф и дозволил да се изврши манипулација на овој уред за да не ја регистрира правилно брзината на движење на автобусот. Обвинетиот раководител на возниот парк, пак, давал насоки на возачите каде да го однесат автобусот за да се изврши манипулација на тахографот со цел да избегнуваат казни за сообраќајни прекршоци. Свесни за континуираната техничка неисправност на автобусот, двајцата обвинети не презеле дејствија за поправка на битните делови од системот за сопирање на автобусот, знаејќи дека и во таква состојба автобусот ќе биде прогласен за технички исправен, затоа што техничките прегледи се вршеле во здружение во кое првиот обвинет исто така е одговорно лице-управител. На овој начин двајцата се обвинети дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 во врска со чл.297 ст.2 од Кривичниот законик.Три други лица, вработени во станицата за технички преглед, се обвинети дека во соизвршителство сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 во врска со чл.299 ст.1 од Кривичниот законик. Ним им бил доверен надзорот врз состојбата и исправноста на автобусот, но заеднички, со несовесно вршење на должноста при задолжителен технички преглед, предизвикале опасност за животот и телото на патниците. На 02.07.2018 година, при редовен периодичен шестмесечен технички преглед, воочиле дека е неисправен ABS системот и дека постои недоволна ефикасност на кочењето од 32%, како и разлика од 56% меѓу силите на кочење меѓу левото и десното тркало на втората кочница од втората (погонска) оска. Сепак, во записникот за технички преглед не ги навеле овие неисправности и со свој потпис и печат го завериле записникот за технички преглед, прогласувајќи го возилото за технички исправно. При следниот технички преглед на 18.12.2018 година тие воопшто не го прегледале уредот за сопирање, за кој претходно знаеле дека е неисправен. Повторно изготвиле записник за технички преглед и потврда во кои навеле дека возилото е технички исправно.Со обвинителниот акт е опфатен и возачот на автобусот на критичниот ден, 13.02.2019 година, кој е обвинет дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 во врска со чл.297 ст.1 од Кривичниот законик. Тој го управувал автобусот со 55 патници во него, по средната сообраќајна лента од автопатот „Мајка Тереза“, во правец од Скопје кон Тетово. Кога дошол во близина на селото Ласкарци, при изминување на благ свиок во десно, возел со недозволена брзина од 99 км/час. Притоа брзината не се регистрирала правилно на тахографот, бидејќи обвинетиот го управувал автобусот со вклучен прекинувач за неправилно бележење на брзината. Заради преголемата брзина, изгубил контрола над управувањето со автобусот, започнал лачна траекторија на движење во лево, преминал на левата сообраќајна лента и со предниот лев страничен дел од автобусот удрил во металната заштитна ограда. Преминал преку оградата и продолжил неконтролирано да се движи најпрвин преку средишното зеленило кое ги раздвојува двете сообраќајни ленти, преминал преку заштитната ограда за сообраќајната лента во спротивна насока и преку коловозот во спротивна насока. За ова време успеал да ја намали брзината на автобусот на 67 км/час пред да удри во последната заштитна ограда, но поради недозволената брзина и недоволно ефикасниот систем за кочење, излетал со автобусот 5,5 метри под нивото на автопатот, се излизгал преку регионалниот пат Скопје-Тетово и се превртел на покрив на земјена и тревна површина покрај патот.Притоа, ценејќи дека постои опасност од бегство на осомничените и дека нивното присуство во текот на кривичната постапка не би можело да се обезбеди со поблага мерка, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и Посебен предлог на шесттемина обвинети, кои во моментов се наоѓаат во куќен притвор, да им биде определена мерка притвор.Основното јавно обвинителство Скопје, во врска со истиот настан, денеска поднесе и Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека извршило кривично дело – Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Овој обвинет, како одговорно лице во правното лице задолжено да врши проверка и контрола над работата на тахографот во автобусот, иако утврдил дека постои вграден уред за манипулација на апаратот, издал потврда и пополнил налепница со која ја потврдил исправноста и сообразноста со законски пропишаните барања. На овој начин тој очигледно несовесно постапил при вршењето на своите овластувања и овозможил на фирмата-превозник и на одговорното лице во неа да поседуваат доказ за исправноста на тахографот. 

пред 6 години

Нема фотографија

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за денар односно за 1,5 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се зголемува за 1,50 денари за литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар.Цените на еуросупер БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за еден денар за литар.Новата цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 70,5 денари за литар, на дизелот 61,5 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51 денар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,612 денари за килограм и новата цена ќе изнесува 34,849 денари.Покачувањето на цените на бензините се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период.  

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања