Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

zolta-faza

Земјава со температури од жолта (алертна) фаза еве ги советите од министертсво за здравство

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и во наредните два дена, целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.Под влијание на топол бран утре (вторник, 02.07.2019 година) и во среда (03.07.2019 година) максималните температури насекаде ќе бидат над 30, а на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Зголемената влажност на воздухот ќе допринесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените.Од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури:- Заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот- Носење светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината)- Консумирање лесна храна и течности, посебно да се внимава при подготовка и консумирање на храната, како и избегнување термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца и внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.- Потребно е внесување поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.- При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.- Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.- На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Се чистат депониите во Аеродром

Со зголемен интензитет се чистат депониите на повеќе локации низ Општина Аеродром. Моментално екипите работат на расчистување на мини депонијата во близина на бул. „Февруарски поход“. Во наредниот период вакви акции ќе бидат преземени околу паркот „Бановина“, покрај Усјански канал, во близина на Воениот базен и во Мичурин околу Железничката станица.Со тоа ја продолжуваме кампањата „Аеродром нека блеска! Чиста околина за секого!“ Со реорганизирана комунална служба, со дополнителна механизација и со зголемен број сезонски работници обезбедуваме почисти јавни површини на целата територија на Општината, велат од општина Аеродром.

Скопје | пред 6 години

65929220_1290439061133714_23528346243563520_o

Промовирано возобновеното научно списание на МВР „Безбедност“

Денеска  во Домот на Армијата во Скопје се одржа промоција на првиот број од возобновеното научно списание на МВР „Безбедност“. Возобновувањето на списанието, сега како меѓународно научно списание „Безбедност“ доаѓа по повеќе од две децении во кои Министерството за внатрешни работи немаше свое научно ниту стручно списание. Меѓународниот уредувачки одбор ги запази процедурите на издавање и ги доби потребните согласности да се продолжи традицијата од поранешното списание на МВР, па возобновеното списание ќе ја продолжи долгата традиција и ќе продолжи да излегува во 59 година од објавувањето.„Свесни за потребата од поконкретно поврзување на теоријата и практиката, во сфера исклучителна по важност - како што е безбедноста, после неколкумесечни подготовки, сега имаме готов производ, кој што како дополнителна и корисна алатка треба не само да ги презентира овдешните, но и светските искуства во разните области од безбедноста и полициското работење туку истовремено, да биде и медиум преку кој што ќе се промовираат новите научни, стручни, професионални идеи и достигнувања  отворени како за домашната и меѓународна академска јавност, така и за широката читателска публика“, рече министерот Спасовски, додавајќи дека овој издавачки потфат, меѓу другото, има за цел да ја демонстрира отвореноста и подготвеноста на Министерството за внатрешни работи кон конкретно ангажирање на стручната мисла, искуства и практики во своето секојдневно работење. Дотолку повеќе што следењето на научните трендови од областа на безбедноста, со сета нејзина интердисциплинарост, е особено важно во процесот на востановување на ефикасен функционален континуитет на секоја безбедносна служба.На промоцијата се обрати и поранешниот претседател на уредувачкиот одбор на Ревијата за криминалиситика, криминологија и кривично право, пензионираниот професор Љупчо Арнаудовски, кој се присети на времињата во кои списанието „Безбедност“ беше едно од најчитаните научно-стручни изданија и имаше силно влијание во министерството, особено во годините пред и по осамостојувањето од поранешната СФРЈ.Главниот и одговорен уредник проф. д-р Никола Дујовски зборуваше за идејата за возобновување на списанието, се заблагодари на членовите на Меѓународниот уредувачки одбор и на раководството на министерството за отворената и професионална соработка и издржаните предлози кои доведоа до тоа да имаме издание со кое сите ќе се гордееме. Според одлуката на уредувачкиот одбор, првиот број на списанието има ревијален карактер и ги претставува различните организациони единици во министерството, со бројни предлози и идеи за подобрување на функционирањето во министерството. На овој начин го доближуваме списанието до вработените во МВР кои ќе имаат можност и во иднина да објавуваат, но и да прочитаат за значајни активности поврзани со полициските активности. Исто така, списанието дава многу корисни информации за пошироката читателска публика и претставува одлична можност за доближување до јавноста која ќе има можност постојано да се информира за новините и приоритетите на министерството.Покрај печатеното, списанието ќе има и електронско издание, кое е веќе објавено на веб страната на министерството и кое ќе биде лесно достапно за сите заинтересирани читатели.

Македонија | пред 6 години

1-1-1

Галичник во летниот период добива патронажна служба од лекар и медицинска сестра

Министерството за здравство информира дека Галичник од 5 јули добива патронажна служба составена од лекар и медицинска сестра.Во наредните 3 месеци, па се до крајот на летната сезона, овој мобилен сервис ќе ротира секој петок во Галичник од Здравствен Дом Ростуше, во периодот од 09 до 14 часот, во една од просториите во Вила Доста.Досега, жителите од Галичник за преглед се упатуваа во Гостивар и Маврово, а од 5 јули тие ќе можат да добијат здравствена заштита и услуга поблиску до домот.

Македонија | пред 6 години

moj-ddv

Апликацијата „Мој ДДВ“ може да ја превземете тука

Апликацијата „Мој ДДВ“ преку која граѓаните ќе може да ги скенираат фискалните сметки, со цел поврат на 15 проценти ДДВ е достапна за преземање од веб-страницата на Управата за јавни приходи, информираа денеска од таму. Корисниците на „епл“ телефоните во моментов не можат да ја користат, и таа ќе биде достапна за преземање за краток период.Можноста за поврат на 15 отсто од ДДВ ќе биде достапна за сите граѓани со наполнети 15 години што се регистрирани во системот на Управата за јавни приходи. Тие ќе треба да ги земат фискалните сметки на продажните места и да ги скенираат со помош на мобилен телефон и да ги испратат на апликацијата.Апликацијата може да ја преземете ТУКА.

Македонија | пред 6 години

mraz-2

(ВИДЕО)Силна бура со град во Мексико, шест предградија оковани во мраз висок 1,5 метар

Шест предградија на мексиканскиот град Гвадалахара се прекриени со дебел слој на мраз откако градот го погоди силна бура со град. На одделни места слојот на градот беше дебел 1,5 метар, а одделни автомобили беа до половина затрупани, јави Би-Би-Си.Цивилната одбрана распореди машини за да ги исчистат улиците на тој петмилионски град.https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/311027702945981/?v=311027702945981

Свет | пред 6 години

smilkovsko

Како нови докази за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, во судница ќе се пуштаат телефонски разговори

Како нов доказ на судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро кое треба да се одржи на 22 август ќе бидат вештачењето на 31 телефон. Во судницата ќе бидат пуштени прислушувани разговори, таканаречени „бомби“ кои се поврзуваат со петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година,пренесе Фокус.Неделникот „Фокус“ веќе објави дека „бомби“ во кои се споменува убиството се 38.000 на број, но останува неизвесно колку од нив се важни за случајот, односно колку ќе одекнат во судница.За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење. 

пред 6 години

Avionska-dezinsekcija-prva-faza-4

Среда и четврток дезинсекција против комарци во Скопје

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против комарци ќе се одвива в среда и в четврток, 3 и 4 јули, во раните утрински часови, информира Регионалниот центар за управување со кризи.Терестичната дезинсекција против комарци ќе почне на 3 јули и ќе заврши најдоцна до 6 јули, од среда до сабота, во период од 23 до 4 часот наредниот ден.Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестичната дезинсекција.Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Скопје | пред 6 години

ohrid-12

„Охрид СOС“: Градоначалникот не ги разбира препораките на УНЕСКО

„Охрид СOС“на својата фФејсбук страна сподели статус каде нагласува дека градоначалникот на Охрид Константин Георгиески не ги разбира препораките на УНЕСКО, па оттука не разбира што е НЕлегално градење, нелегална урбанизација покрај крајбрежјето на езерото, ниту пак покажува искрена намера да се справи со нив.-Денес почнува 43. Седница на Комитетот за светско наследство. Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески – официјална страна, спремен за Баку, неспремен да ги спроведе препораките на UNESCO!Македонска делегација отпатува на 43. Седница на Комитетот за светско наследство за да издејствува политичка одлука на Комитетот и побара поправен испит. Но, дали има намера за поправка?Од интервјуто со градоначалникот Георгиески, може да се заклучи следното:1.Градоначалникот не разбира што значи НЕлегално градење. Имено, тој не го третира како криминал туку само како „тип на градба“. Исто така не прави ни разлика помеѓу објекти за кои е издаден налог за рушење и објекти кои се идентификувани како бесправно изградени.Градоначалникот не гледа никаков проблем во (нелегална) урбанизација во строго заштитениот крајбрежен појас.Градоначалникот наместо храброст и одлучност, покажува дека нема искрена намера да се справи со насилната и нелегалната урбанизација со што остава простор за истата несметано да продолжи.Ваквиот став е во директна колизија со препораките од Реактивната мисија на УНЕСКО за кои македонската влада се обидува да купи време во Баку за да ги исполни.Нелегалната урбанизација не е од вчера, ама градоначалникот тукушто ни кажа дека сигурно ќе е и утре, стои во нивниот пост на Фејсбук.https://www.facebook.com/OhridSOS/posts/2372639943014649

Македонија | пред 6 години

55225

ВИДЕО: Талентираниот Христијан со кавер верзија на балканскиот хит

Пејачот Христијан Тришоски на својот официјален Јутјуб канал ја објави првата од вкупно три преработки на големи регионални хитови со кои после година дена пауза од медиумскиот простор, повторно се враќа со нов материјал.Првата преработка во новиот проект е на песната „Нека боли“ од Предраг Пеџа Меденица, а на неа работеа Зеки Бекироски (обработка на музика) и Христијан Ѓорѓиевски (микс и мастер), додека видеото е снимено од Медиа Рекордс по идеја на Христијан.Во продолжение погледнете ја преработката на „Нека боли“ во изведба на Христијан.

Магазин | пред 6 години

Ana-Karenina-3

Балетската претстава „Ана Каренина“ повторно во МОБ

Поради голем интерес на публиката, балетската претстава во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски повторно на сцената на Националната опера и балет на 5 јули (петок) , со почеток во 20.00 часот.Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.Во повеќе од два часа, балетските уметници на НОБ, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Марија Кичевска Шокаровска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин, ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…Моќна, динамична, емотивна...!Настапуваат: истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.

Магазин | пред 6 години

sela-2

Села: Нема да влеземе во Влада без предвремени парламентарни избори

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вели дека реконструкцијата на владата се свела на обична козметика и голтање на зборовите и ветувањето на премиерот Заев со кое сакал да ги мотивира Албанците да гласаат за неговиот кандидат.Во интервју за Алсат, Села ги отфрла шпекулациите дека преговара за влез во владата на Заев по излегувањето на Весел Мемеди.„Не. Имаше шпекулации. Социјалните мрежи ја прават својата работа, кружат шпекулации од типот дека Алијанса ќе влезе во Влада и така натаму. Алијанса за Албанците беше во Влада и излезе. По кој пат сме изјавиле пред јавноста дека ние не влегуваме во Влада без предвремени парламентарни избори и без добивање на легитимитет од Албанците. Ниту сме размислувале за тоа. Тоа што се случи со г. Мемеди е едноставно… беше искористен и не беше веќе од корист за г. Ахмети и г. Заев. Реално, дали се сеќавате која беше неговата задача? Неговата задача беше тој да биде 61-от пратеник за да ја извади од коалиција Алијанса за Албанците. Ова не беше проблем за нас, нели? Но, ете работите се повторуваат. Поговорката вели – што ќе сееш тоа ќе жнееш“, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во интервјуто.

Македонија | пред 6 години

proektil-696x376

Залутан проектил падна во близина на Никозија

Залутана ракета се сруши утрово во близина на престолнинаната на Кипар, Никозија, соопштија турските претставници на островот.Екепслозијата се случи околу 1 часот во регионот Ташкент, познат како Воуно, на 20 километри североисточно од Никозија, пренесе „Ројтерс“.Брдото на кое паднал проектилот се запалило.Претседателот на непризнаениот северен дел од Кипар, Мустафа Акинџи оцени дека инцидентот е поврзан со воените операции на Блискиот Исток, но додаде дека воената истрага ќе утврди што е во прашање.„Очигледно е дека тоа не потекнува од нашите територии. Ова е една од лошите страни на војната“, изјави Акинџи.

Свет | пред 6 години

stevac-3

Игор Стевковски-Стевац добитник на признанието за најдобар карикатурален стрип „МИВЕЛ“

Познатиот илустратор и стрип цртач Игор Стевковски-Стевац е добитник на признанието за најдобар карикатурален стрип „МИВЕЛ“ од страна на 21 Балканска смотра на млади стрип автори во Лесковац, соседна Србија, наречена по реномираниот  Миодраг Величковиќ, познат српски новинар, сликар, карикатурист и стрип автор.Оваа смотра е организирана изминатиов викенд , од страна на Училиштето за стрип „НИКОЛА МИТРОВИЌ КОКАН “ .Интересно е дека првите мегусебни контакти со овој реномиран стрип фестивал се остварени за време на ланскиот Интернационален стрип салон во Велес ,кадешто му се додели Годишното признание за развој и афирмација на македонскот стрип „Љупчо Филипов“„Оваа смотра е посебно ценета од страна на македонската стрип сцена ,бидејки претставуваше и се уште претставува најпогодно место за остварување на контакти и идна соработка ,како и презентирање на актуелните изданија од македонски автори и издавачи. Освен мене , учесници од нашата земја   беа ; Ласко Џуровски, Златко Крстевски, Никола Темков и младите Томи Џуровски и Никола Панов.Морам да го истакнам квантитетот, но и квалитетот на изложените стрипови ,посебно од страна на младите автори од земјите на Балканот.Уште еднаш се потврди дека со зголемена поддршка кон младите автори од нашата земја ,посебно во полето на едукацијата,тие ќе чекорат „рамо до рамо “ со своите врсници од странство“, изјави Ване Трајков,извршен директор на Стрип центар на Македонија-Велес и учесник на смотрата во Лесковац.

Магазин | пред 6 години

ohrid-12

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ќе одлучува за статусот на Охрид

Делегација на Владата на Република Македонија учествува на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, Азербејџан, на која ќе се дискутира за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион.Делегацијата, што ја предводи министерот без ресор Едмонд Адеми, а во која уште се и заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, за време на сесијата на Комитетот, делегацијата ќе оствари средби со високи претставници на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, со делегациите на земјите членки меѓу кои Кина, Бразил, Босна и Херцеговина, како и со претседавачот на Комитетот Др. Абулфас Гарајев, министер за култура на Азербејџан.Делегацијата на Република Македонија ќе оствари средби и со колегите од Република Албанија, во насока на заедничко делување и управување со Охридското Езеро и неговотo опкружување.За време на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО , Владата на Република Македонија ќе го нагласи и афирмира ставот дека e комплетно посветенa на зачувување на статусот на Светско културно наследство на Охридскиот регион, кој не ѝ припаѓа само на Македонија, туку на целиот свет.

Македонија | пред 6 години

mobilen-telefon

Од денес поевтин роаминг во регионот

Македонците, Албанците, граѓаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина од денес ќе можат да зборуваат со 90 отсто помали цени во роаминг. Доколку праќате СМС порака на број во некоја од овие земји ќе ве чини само 2,1 денар по порака. А доколку се јавите во некоја од земјите од Западен Балкан минута за појдовен повик ќе ве чини 4,3 денари.Договорот на политичко ниво помеѓу земјите од Западен Балкан беше донесен на почетокот на месец април.Според директорот на АЕК, Сашо Димитровски целта е во јули 2021 година роамингот да биде целосно укинат и да се наплаќа како потрошен домашен сообраќај, како што е во моментов во Европа. Се очекува намалување и на роаминг услугите со нашиот јужен сосед Грција до крајот на годината.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Две лица тешко повредени во судир на автомобил и мотор

На 30.06.2019 година во 14,10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кочани-Пониква, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.М. (42) од Штип и моторцикл „Зонгшен“ без регистарски ознаки управуван од 17 годишно лице од с.Бели каде сопатник бил Ј.К.(69) од с.Бели.Во незгодата  со тешки телесни повреди се здобиле моторциклистот и сопатникот кои биле пренесени во Јавната здравствена установа-Кочани.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Кочани.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Загина млад моторциклист, со мотор удрил во камион

На 30.06.2019 година во 22,50 часот било пријавено дека на раскрсницата со локалниот пат Богданци-с.Стојаково, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Баотиан 125“ без регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(30) од с.Стојаково, и товарно моторно возило “Мерцедес Актрос“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(42) од Валандово.Во незгодата на местото на настанот починал Ѓ.В.Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен сопственик на угостителски објект кој нелегално вработил странски државјани

На 29.06.2019  во 22:00 часот на подрачјето на СВР Тетово извршена е акциска контрола во угостителски објекти за превземање на мерки со цел откривање на прекроши по ЗППЈРМ како и други кривични дела.Во еден угостителски објект е приведено едно лице за утврдување на идентитет, а при контрола во угостителскиот објект лоциран на улица ,,Илинденска“, сопственост на лицето Ф.Б. (41) од село Добридол, во ПС Гостивар приведен е сопственикот поради сомнение за нелегално вработување на странски државјани или злоупотреба на туристички престој.Поради пречекорување на туристички престој во ПС-Гостивар  приведени се странските државјанки: .А.Д. (42) и В.Д. (17)   и двете од Молдавија, кои се задржани за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

133474234-105843-207971

Изменет сообраќаен режим на патот Ресен-Битола

На автопатот А3, на патниот правец Ресен – Битола денеска ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки, соопшти Автомотосојузот на Македонија.Активностите ќе се изведуваат во текот на целиот дем, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Македонија | пред 6 години

rama

Рама: Победи Албанија и европската иднина

Премиерот на Албанија, Еди Рама, по затворањето на гласачките кутии одржа прес конференција каде изјави дека на локалните избори победила иднината, а изгубила опозицијата.Опозициските партии инаку ги бојкотираа изборите.-Изминативе месеци на политички поделби беа инспирирани, охрабрени и организирани со цел да се спречи напредокот кон Европа, кон демократско обединување и кон интегрирање на Албанците. Иднината, државата и надежта победија денеска. Албанија и европската иднина победија денеска – рече Рама.Тој и се заблагодари на меѓународната заедница, а испрати и порака на извинување. Според Рама, претставници од меѓународната заедница биле навредени од опозицијата.-Ви благодарам САД, ЕУ, ОБСЕ и сите други од демократскиот свет кој придонесоа за оваа битка. Не само благодарам, туку имам и извинување до пријателите од странство кои беа предмет на срамен напад. Тие напади не посрамотија како земја и како народ. Нов ден ќе се роди сега и ќе ја најде Албанија ослободена од кошмарите – рече Рама.Инаку, излезноста на изборите е 21,6 отсто, односно гласале 771.863 гласачи.

Свет | пред 6 години

struja

Од денес сметките за струја чекајте ги од „ЕВН хоум“

Сметките за струја за домаќинствата и малите потрошувачи што останаа на регулираниот пазар, почнувајќи од први јули, ќе доаѓаат од „ЕВН хоум“. Тоа е новата компанија која ќе ги снабдува со електрична енергија потрошувачите што останаа на регулираниот пазар.Како што објави во петекот Регулаторната комисија за енергетија (РКЕ), цената на струјата нема да се менува до 1 јули следната година.ЕВН хоум е избрана за универзален снабдувач на домаќинствата согласно со обврските од целосната либерализација на пазарот на електрична енергија на почетокот на годинава.Единствена новина е што домаќинствата ќе добиваат сметки на кои ќе пишува ЕВН хоум.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

СДСМ: Преку проектот „Мој ДДВ“ околу 50 милиони евра завршуваат кај граѓаните

Една од клучните мерки на Владата предводена од СДСМ со која се враќаат парите кај граѓаните, започнува со реализација , велат од СДСМ.„Фискалните сметки во рака, за поврат на 15% од ДДВ. Преку проектот „Мој ДДВ“ вкупно околу 50 милиони евра завршуваат  кај граѓаните на крајот на годината.Повратот на ДДВ од 15 отсто значи доход плус во семејниот буџет.Едноставноста на постапката при користење на  оваа мерка ја прави широко достапна. При тоа, секоја фискална сметка преку купување или користење на услуга граѓаните ја скенираат преку мобилниот телефон и ја испраќаат  преку соодветна апликација направена за таа намена.По низата мерки преку кои граѓаните веќе ги чувствуваат придобивките, Владата предводена од СДСМ продолжува со заложбите за  поголем економски раст, повеќе пари во семејниот буџет на граѓаните и повисок животен стандард“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

metalni-rabotnici

ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на работници во индустријата е за 2,5% помал од истиот период лани

Откако СДСМ и Заев се на власт, економијата тоне. Голем број на граѓани  едвај врзуваат крај со крај, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Се намалува бројот на работници во индустријата. Имено во месец мај 2019 бројот на работници во индустријата е за 2.5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец во 2018 година.Поради лошите политики на Анѓушев државата се соочува со катастрофални бројки во доменот на капиталните инвестиции. На заслуга на Анѓушев нивото на капиталните инвестиции заклучно со мај 2019 изнесува катастрофални 13,74%.Планот на Заев и Анѓушев се сведува на целосно окупирање на министерството за финансии и реализација на концептот на зголемување на задолжувањето на државата.Ова само покажува дека ниту Заев, ниту Анѓушев немаат визија и знаење со кои ќе придонесат државата да се развива и граѓаните да живеат убаво.Време е оваа криминална власт да си замине што поскоро. Време е Заев да си поднесе оставка и да остане во историјата како најлош премиер на Република Македонија досега“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

sela

Села: Груби има среќа што не бев во Собрание

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Алсат М“ рече дека владината реконструкција била само козметика и дека не биле „изметени“ функционери во институции кои биле најскандалозни. Според него очекувањата на граѓаните не биле исполнети.-Почнувајќи од вицепремиерот за евроинтеграции, Министерството за образование, транспорт и други министерства. Еден министер кој беше најскандалозниот во текот на овој период на владеењето, односно г.  Дураку. Тој сега беше награден – вели Села.Тој ги отфрла шпекулациите дека преговара за влез во владата на Заев по излегувањето на Весел Мемеди.Во врска со изјавата на пратеникот на ДУИ, Артан Груби, кој од собраниска говорница го нарече Села кукавица и дека затоа добил „ќотек“, како што рече на 27 април, Села возврати дека Груби имал среќа што во тој момент не бил во Собранието.-Тој има такво однесување, како маже е, и сакаше Господ јас да не бидам таму, иако тој знае да глуми и да посочува со прст, еве го избега. Во моментот кога тој држел говор јас сум го поминал Кичево на пат кон Струга. Но, знаете што, мислам дека не вреди да се коментира политичкото однесување на еден човек што го знае целата јавност. Дека кога се ангажирал во политиката, Муса Џафери и Али Ахмети мерката не му ја земале од главата туку од друго место – рече Села.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања